Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

media-libraryu63u6oua2oucbBKdWGE

Европејците ќе работат подолго: Се зголемува возраста за пензионирање во ЕУ

Возраста за пензионирање во Европската Унија ќе продолжи да се зголемува во наредните децении, а до крајот на 2060-тите години просечната старосна граница ќе достигне 66,9 години за мажите и 66,6 години за жените, покажува анализата на „Евроњуз“, повикувајќи се на податоците на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).Според извештајот „Пензиите на прв поглед 2025“, околу две третини од европските земји ќе ја зголемат старосната граница за пензионирање на мажите, додека кај жените т

Свет | пред 3 месеци

nafta

Цената на нафтата над 90 долари поради тензиите меѓу САД и Иран

Цените на нафтата на меѓународните пазари повторно пораснаа и ја надминаа границата од 90 долари за барел, откако трговците останаа загрижени поради намалениот поморски сообраќај низ Ормускиот Теснец и новите тензии меѓу САД и Иран.На лондонскиот пазар цената на барел нафта достигна 90,16 долари, што е за 1,13 долари повеќе во однос на претходниот ден. На американскиот пазар, пак, барелот се тргуваше по цена од 85,34 долари.Пазарите внимателно ја следат состојбата во Ормускиот Теснец и во Црвено

Свет | пред 3 месеци

media-librarycpcdcuujs6rvdaLLCZF

(Видео) Ако тргнувате кон Охрид, бидете подготвени дека патот ќе трае

Зголемениот број возила предизвика големи гужви и долги колони на патот кон Охрид, каде што сообраќајот на повеќе делници се одвива забавено.Поради интензивниот сообраќај, возачите се соочуваат со подолго време на патување.Се очекува фреквенцијата на возила да остане зголемена и во текот на денот, особено поради продолжениот викенд и засилениот број туристи кои се упатуваат кон Охрид.

Македонија | пред 3 месеци

media-library4j1aqtn427ha7lGPOvi

Почина легендарниот Франко Барези, симболот на Милан и италијанскиот фудбал

Легендарниот италијански дефанзивец и почесен претседател на Милан, Франко Барези, почина на 66-годишна возраст.Барези целата своја играчка кариера, од 1977 до 1997 година, ја мина во дресот на Милан, каде што настапи на 719 натпревари, постигна 33 гола и 15 сезони беше капитен на „росонерите“. Со клубот освои шест титули во Серија А, три европски шампионски титули, четири Суперкупа на Италија, два европски Суперкупа и два Интерконтинентални купа. Неговиот легендарен дрес со број 6 беше повлечен

Спорт | пред 3 месеци

media-library2672l82he69g0mwZWZG

СДСМ: Мицкоски повторно – „груба манипулација за Борче Марковски“ – секогаш некој друг е крив

СДСМ преку соопштение реагираше на денешната изјава на премиерот Христијан Мицкоски во врска со случајот со бизнисменот Борче Марковски, во која тој оцени дека станува збор за „груба манипулација“.Од опозициската партија тврдат дека Мицкоски повторно се обидува вината да ја префрли на други, наместо да преземе одговорност.„Повторно некој друг е виновен. Повторно не е тој“, наведуваат од СДСМ, обвинувајќи го Мицкоски дека има влијание врз правосудниот систем.Во реакцијата СДСМ изнесува низа обвин

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryaa97n0sak8l9aQ5cBLt

Амазон инвестира над 300 милиони евра во логистички центар во Германија, ќе отвори стотици нови работни места

Американската компанија „Амазон“ ќе инвестира повеќе од 300 милиони евра во проширување и модернизација на својот логистички центар во германскиот град Пфорцхајм.Компанијата очекува до крајот на 2029 година бројот на вработени во овој центар да надмине 2.000, што е речиси двојно повеќе од сегашниот број.Со реконструкцијата, логистичкиот центар ќе биде прилагоден за складирање на помали и средни производи, наместо досегашниот фокус на поголеми артикли. Новите капацитети ќе можат да примат околу 2

Свет | пред 3 месеци

business-people-meeting-in-office-top-view-2021-08-26-16-33-05-utc-scaled-1

Невработеноста во Германија повторно над три милиони лица

Бројот на невработени во Германија во јули повторно ја надмина границата од три милиони, покажуваат најновите податоци на Федералната агенција за вработување со седиште во Нирнберг.Во текот на јули биле регистрирани 3,007 милиони невработени, што е за 71.000 повеќе во споредба со јуни и за 28.000 повеќе во однос на истиот месец минатата година.Истовремено, стапката на невработеност се зголемила за 0,2 процентни поени и сега изнесува 6,4 проценти.Членот на Управниот одбор на Федералната агенција

Свет | пред 3 месеци

media-libraryojnammhdvtbb9HvB7NS

Турција ја посетиле 25,8 милиони туристи во првата половина од годината

Министерот за култура и туризам на Турција, Мехмет Нури Ерсој, ги претстави резултатите од туристичкиот сектор за првата половина од 2026 година, истакнувајќи дека земјата ја посетиле 25,8 милиони странски туристи, а приходите од туризмот достигнале 25,8 милијарди американски долари.Ерсој посочи дека регионалните тензии на Блискиот Исток и глобалната неизвесност влијаеле врз туристичката побарувачка во првите шест месеци од годинава.Иако Турција не беше директно вклучена во конфликтите, а аеродр

Свет | пред 3 месеци

media-libraryfdttt9q7nmpl2PSv9s1

Дали се отвора нов фронт? Иран се закани по украинскиот напад во Каспиското Море

Нападот со беспилотни летала врз ирански товарен брод во Каспиското Море дополнително ги зголеми тензиите меѓу Техеран и Киев и отвори прашања дали конфликтот меѓу Русија и Украина би можел да добие нова димензија.Украина тврди дека бродот превезувал воена опрема за Русија, додека иранските медиуми, повикувајќи се на официјални извори, објавија дека пловилото „Ана“ било погодено додека било закотвено во близина на влезот во реката Волга. Во нападот загинал еден морнар.Техеран го оцени нападот ка

Свет | пред 3 месеци

evro

Просечната плата во Црна Гора достигна 1.033 евра

Просечната нето-плата во Црна Гора во мај 2026 година достигна 1.033 евра, што е за четири евра повеќе во однос на април, покажуваат најновите податоци на Управата за статистика – Монстат.Просечната бруто-плата во истиот период изнесувала 1.234 евра. На месечно ниво, нето-платата номинално пораснала за 0,4 проценти, додека во споредба со мај минатата година е повисока за 1,9 проценти, односно за 19 евра.Сепак, поради тоа што потрошувачките цени во мај исто така се зголемиле за 0,4 проценти, реал

Балкан | пред 3 месеци

media-libraryl83rfetao1pedcgre47

15-годишник возел „ленд ровер“ без возачка дозвола

Петнаесетгодишник од Скопје е лишен од слобода откако полициски службеници го затекнале како управува патничко возило, иако нема право за управување.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот се случил ноќеска околу 1:10 часот на улицата „Ѓорѓи Капчев“ во Скопје. При редовна сообраќајна контрола било запрено патничко возило „ленд ровер“ со скопски регистарски ознаки, при што било утврдено дека зад воланот се наоѓал 15-годишник.За настанот бил известен јавен обвинител за

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryc4mkpcsuh8pr0ErJgZD

Во Грција четири жртви од западнонилска треска, бројот на заразени расте

Грчките здравствени власти регистрираат нов пораст на бројот на случаи на западнонилскиот вирус, а од почетокот на годината четири лица починале како последица на инфекцијата.Според Националната организација за јавно здравје на Грција (EODI), сите починати биле постари од 65 години, што уште еднаш покажува дека повозрасните лица се најизложени на ризик од тешки компликации.Заклучно со 29 јули, во земјата се потврдени вкупно 42 случаи на инфекција. Кај 37 пациенти се развиле сериозни невролошки к

Балкан | пред 3 месеци

media-librarylk6kmpj780a7741ItyH

„Во мое време немаше труење, ниту во Гостивар“, вели Филипче

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, ги отфрли обвинувањата на премиерот Христијан Мицкоски дека за време на неговиот мандат како министер за здравство јавноста не била информирана за случаи на неисправна вода за пиење.Според Филипче, во периодот кога тој бил на чело на Министерството за здравство немало труење со вода, ниту епидемија во Гостивар.„Во мое време немаше труење со вода, ниту епидемија во Гостивар. Мицкоски вчера мавташе со некакви документи, но освен што постојано се повикува на об

Македонија | пред 3 месеци

fon-der-lajen

ЕУ реагира на кризата во Сеута: Незаконските преминувања мора веднаш да запрат

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, оцени дека сцените од шпанската ексклава Сеута се неприфатливи и порача дека Европската Унија нема да дозволи нелегални влегувања на својата територија.„Не можеме да дозволиме кој било да влегува во Унијата без да ги почитува нашите правила. Опасните илегални преминувања на границите мора веднаш да престанат, а мрежите за криумчарење луѓе мора да бидат разбиени. Враќањето на лицата кои немаат право да останат треба да биде брзо и во с

Свет | пред 3 месеци

media-libraryp6dltn2judkv6reoduI

ЈП „Охридски Комуналец“ со максимален ангажман во пресрет на Илинден

Во пресрет на големиот православен празник Свети Илија, оперативните служби на ЈП „Охридски Комуналец“ се со засилен ангажман за одржување на јавната хигиена и зеленилото на повеќе локации во Општина Охрид.Се уредуваат и одржуваат местата каде што во рамки на празничната програма се очекуваат поголеми посетеност и активности, меѓу кои селото Рамне, Прентов Мост, како и Велгошти, каде се опфатени речното корито, црквата „Свети Илија“ и централниот дел од селото. Со активности се опфатени и селата

ОО | пред 3 месеци

media-library0ascd24iobs579YYNjq

Научниците предупредуваат: Се развива еден од најсилните Ел Нињо во историјата

Најновите океански мерења и климатски прогнози укажуваат дека во тропскиот дел на Тихиот Океан забрзано се развива силен Ел Нињо, кој би можел да достигне рекордни размери кон крајот на есента и почетокот на зимата 2026/2027.Според анализата на Severe Weather Europe, веќе во јули биле забележани атмосферски обрасци во Северна Америка кои наликуваат на оние од претходните силни епизоди на Ел Нињо. Прогнозите за август покажуваат натамошно засилување на феноменот, кој постепено ќе влијае врз глоба

Свет | пред 3 месеци

media-libraryj61haa5vc1i8cKYUxJs

Пожарите во Грција однесоа три животи, продолжува битката со пламените јазици на Крит

Грчките пожарникари и во текот на ноќта продолжија со гаснењето на големиот пожар на островот Крит, додека земјата ја потресе трагедија во која загинаа тројца припадници на противпожарната служба.Двајца пожарникари ги загубија животите на Крит откако биле заробени од огнената стихија во близина на местото Неа Крија Вриси, во регионот Ретимно. Нивните тела биле пронајдени во службеното возило. Едниот бил сезонски пожарникар, а другиот пет години работел во противпожарната станица Агиа Фотини.„Ден

Балкан | пред 3 месеци

media-libraryg65gl6mol4o9cKY61DX

Што се случува во Сеута? За еден ден пристигнаа речиси 50.000 мигранти

Речиси 49.000 мигранти ја преминале границата од Мароко кон шпанската ексклава Сеута во последните 24 часа, покажуваат првичните проценки на шпанското Министерство за внатрешни работи. Меѓу нив има и стотици деца, од кои дел тргнале на пат без знаење на своите родители.Во обидите за преминување на границата загинале најмалку 27 лица. Според локални извори, дел од жртвите се удавиле, додека други го загубиле животот во стампедо.Поради драматичната состојба, Шпанија испрати дополнителни полициски

Свет | пред 3 месеци

media-library0nltfoj32ido4dcA2GO

(Видео) Започна целосна реконструкција на мостот „Естакада“ во Скопје

Градоначалникот на Гази Баба, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека започнала целосна реконструкција на мостот „Естакада“, една од најважните сообраќајни врски за општината и за Скопје.Како што посочи, мостот се наоѓа на еден од најфреквентните влезови и излези од главниот град и секојдневно го користат илјадници граѓани, како и голем број товарни возила.Реконструкцијата опфаќа санација на пристапните рампи на површина од околу 10.000 квадратни метри, при што ќе се отстрани постојниот асфалт и ќе се

Скопје | пред 3 месеци

media-libraryrfuivc4dgq0e481OCGX

Дунав кај Бездан се доближува до историскиот минимум, прогласена вонредна состојба

Дунав кај Бездан достигна исклучително низок водостој од минус 133 сантиметри, со што се доближува до најниското ниво измерено во 1909 година. Според прогнозите на Републичкиот хидрометеоролошки завод на Србија, веќе во првите денови од следната недела нивото на реката може да се намали до рекордни минус 147 сантиметри.Поради повлекувањето на водата, на повеќе локации се појавија песочни наслаги и делови од речното корито кои долго време биле под вода. Жителите на Бездан велат дека не паметат ва

Балкан | пред 3 месеци

media-librarylmokijtkrg4p6MVhGbG

„Има груба манипулација од локален јавен обвинител, соучесник во процесот, постои поинаков извештај од приложениот“, Мицкоски за враќањето на пасошот на Марковски

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција изјави дека случајот со враќањето на пасошот на обвинетиот за злоупотреби Борче Марковски ќе биде предмет на истрага, оценувајќи дека постојат сериозни неправилности во постапката.Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски рече дека, според него, станува збор за груба манипулација од страна на локален јавен обвинител, за кого тврди дека е соучесник во целиот процес.„Мислам дека тука има груба манипулација од еден локален јавен обвините

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryg65gl6mol4o9cKY61DX

Во Сеута влегле 60.000 мигранти, бројот на загинати се искачи на 34

Бројот на мигранти кои од вчера влегле во шпанската енклава Сеута се искачи на околу 60.000, изјави локалниот гувернер за „Sky News“.Тој потврди дека во обидите за преминување на границата загинале 34 лица. Претходно беше објавено дека бројот на жртви изнесува 27.Шпанските власти претходно проценија дека во изминатите 24 часа во Сеута влегле околу 50.000 мигранти, но најновите информации укажуваат дека бројката дополнително се зголемила.Привремениот колапс на граничната контрола предизвика остри

Свет | пред 3 месеци

media-librarypeu1u1rdt5f5cn71SaP

Филипче: Кој гарантира дека „техничката вода“ во Гостивар е безбедна?

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, оцени дека институциите задоцниле со реакцијата по загадувањето на водата во Гостивар и побара одговори за безбедноста на таканаречената техничка вода.На денешен брифинг, Филипче изјави дека препораките на Министерството за здравство за рано откривање на симптомите на жолтица доаѓаат предоцна, кога, според него, епидемијата веќе земала сериозен замав.„Водата во Гостивар е показател дека сите реакции задоцнија. Дури денес Министерството за здравство носи преп

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryk9bg46ospo8339z0mxX

Мицкоски: Како Влада сме ориентирани да направиме современо здравство, оваа година имаме рекордно издвојување од над милијарда евра

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција изјави дека здравството е еден од главните приоритети на Владата и најави продолжување на инвестициите за модернизација на здравствениот систем.Тој посочи дека за здравството годинава се издвоени рекордни повеќе од една милијарда евра, нагласувајќи дека обновата на системот е процес што бара време, финансиски средства и континуирана работа.„Тоа што со години, па и со децении се уништувало, не може да се исправи преку ноќ. Ќе направиме с

Македонија | пред 3 месеци

media-librarycso53fn6hcrs2YTI7Rc

Запалено возило со косовски регистарски таблички во Скопје

Патничко возило „Фолксваген Кеди“ со косовски национални ознаки било опожарено рано утринава на улицата „Павле Илиќ“ во Скопје, информира Министерството за внатрешни работи.Според МВР, случајот бил пријавен денеска (31 јули 2026 година) околу 01:00 часот во СВР Скопје. Возилото е сопственост на правно лице од Косово.Во пожарот нема повредени лица, а огнот бил локализиран од соседи пред да се прошири.Полициски екипи извршиле увид, а се преземаат мерки за утврдување на причините за пожарот.

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања