Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

media-library22ehvslmdm22arH0l94

По семејна расправија ја нападнал сопругата и ѝ ги зел парите и клучевите од автомобилот

Полицијата во Гостивар приведе 34-годишен маж, откако неговата сопруга пријавила дека физички ја нападнал и ѝ одзел пари и клучеви од автомобилот.Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 31 јули околу 02:20 часот на улицата „18 Ноември“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Х.С. (34) од Гостивар.Претходно, неговата 36-годишна сопруга пријавила дека околу 23:00 часот, по кратка семејна расправија, тој физички ја нападнал во нивниот дом, по шт

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygan6kj3hhkpp8ltitPV

Расправија за паркинг во Тетово завршила со тепачка

Полицијата работи на расчистување на случај на физички напад што се случил по расправија за паркинг простор во Тетово.Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 30 јули во 16:25 часот во СВР Тетово, 27-годишниот К.Ј. од Тетово пријавил дека на улицата „Димо Гавровски Кара“, по претходна расправија околу паркинг место, бил физички нападнат од И.И. (54) од селото Боговиње.Од МВР соопштија дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

Македонија | пред 3 месеци

Kursum

Заталкан куршум оштетил автомобил во Гостивар

Во Гостивар е пријавен необичен инцидент, откако заталкан куршум оштетил паркиран автомобил, информираат од Министерството за внатрешни работи.Според полицијата, случајот бил пријавен на 30 јули во ОВР Гостивар. Во периодот меѓу 22:00 часот на 29 јули и 09:40 часот на 30 јули, заталкано зрно од огнено оружје удрило во покривот на патнички автомобил „мерцедес“ со германски регистарски таблички, паркиран на улицата „Гоце Делчев“. Возилото е сопственост на С.А. од Гостивар.Во инцидентот нема повред

Македонија | пред 3 месеци

media-librarytltk8vkr8lfp8EL652W

(Фото) Вандализам во струшко: Искршени надгробни споменици на гробиштата во Боровец

Непознати сторители оштетиле повеќе надгробни споменици на селските гробишта во струшкото село Боровец, објави „Шило Магазин“ на социјалните мрежи.По информацијата се бара итна реакција од Министерството за внатрешни работи, со цел откривање на сторителите и нивно соодветно санкционирање.Од таму посочуваат дека ваквиот вандалски чин и сквернавењето на гробиштата се недозволиви и мора да бидат најостро осудени, а надлежните институции да преземат брзи мерки за целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynb44ogip0afq1g7dFWl

Одмор со неизвесност: Војната силно го погоди туризмот во Русија

И покрај тоа што плажите во Анапа на брегот на Црното Море се исполнети со туристи, летната сезона во Русија е далеку од вообичаена. Во петтата година од војната во Украина, безбедносната состојба, нападите со дронови и недостигот од гориво значително влијаат врз туризмот и угостителството, а само на анектираниот Крим до крајот на јуни биле откажани околу еден милион резервации.Туристите велат дека при изборот на дестинација сè почесто ја земаат предвид безбедноста. Пред да отпатуваат, проверува

Свет | пред 3 месеци

media-library66eb1p67r19sbC6iECY

(Фото) Едно лице загина, меѓу повредените и 10-годишно дете во тешка сообраќајна несреќа во Лазаревац

Едно лице загина, а три лица се повредени, меѓу кои и 10-годишно дете, во тешка сообраќајна несреќа што ноќеска, кратко по полноќ, се случила во местото Степоевац, во општина Лазаревац.Во несреќата учествувале два автомобила, а повредените веднаш биле пренесени и згрижени од екипи на Итната медицинска помош.Полициски екипи извршиле увид на местото на несреќата за да ги утврдат причините и околностите под кои дошло до судирот.Поради интервенцијата на службите и увидот, сообраќајот на оваа делница

Балкан | пред 3 месеци

media-librarymf97nsu8or4d2FigFpG

Најмалку 34 рудари загинаа во експлозија во рудник за јаглен во Пакистан

Најмалку 34 рудари загинаа во експлозија што во четвртокот го погоди комплексот на рудник за јаглен во пакистанската покраина Балучистан, соопштија локалните власти.Спасувачката операција сè уште е во тек, а екипите трагаат по уште двајца рудари кои останале затрупани под земја, изјави директорот за операции на Покраинската управа за управување со катастрофи, Мухамед Фахад.Покраинскиот министер за рударство и минерални ресурси, Шоаиб Ношервани, претходно соопшти дека во моментот на несреќата во

Свет | пред 3 месеци

media-library7thikieu6j2a3vq7YAJ

„Пола Македонија отруена а одговорни сè уште нема“, велат од СДСМ

СДСМ преку соопштение обвини дека институциите сè уште не утврдиле одговорност за загадувањето на водите, иако, како што велат од партијата, последиците ги чувствуваат граѓаните во повеќе делови од земјата.Од партијата посочуваат дека, според неофицијални информации, во реките Лепенец и Вардар завршила хемикалија што се користи при производство на детергенти, додека, како што наведуваат, од Државниот инспекторат за животна средина сè уште нема конечни резултати од анализите.„Колку време е потреб

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykcllr158e0d42v8Bf6i

Десетмина алпинисти исчезнаа по лавина на Броуд Пик во Пакистан

Десет алпинисти, меѓу кои и светски познатиот непалски алпинист Нирмал Пурџа, исчезнаа по лавина што ја зафати нивната експедиција на планината Броуд Пик во Пакистан. Во потрагата се вклучени воени хеликоптери, беспилотни летала и спасувачки екипи, кои се обидуваат да стигнат до местото на несреќата.Спасувачите успеале да лоцираат сигнал од уредите за следење на четворица од алпинистите, но засега не е познато дали тие се живи. Според информациите, сигналите се неподвижни и до нивната локација,

Свет | пред 3 месеци

media-libraryr56r1q7n5kdifYa7wdm

Нова класа офицери денеска ќе положи заклетва на Воената академија

Во касарната „Гоце Делчев“ во Скопје, каде што е сместена Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“, денеска ќе се одржи свечена промоција на питомците од 26. класа, кои ќе бидат произведени во чин потпоручник, како и на слушателите што успешно го завршиле курсот за офицери и ќе го добијат чинот поручник.Според најавата од Министерството за одбрана, пред присутните ќе се обратат министерот за одбрана Владо Мисајловски и деканот на Воената академија, полковник Ненад Танески.На свеченоста се

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryh1l6dnfdaet87IkPYpr

Пацифичката држава Науру го промени името во Република Наоеро

Пацифичката островска држава Науру официјално го промени своето име во Република Наоеро, враќајќи се на традиционалниот назив во обид да го зацврсти националниот идентитет и да го зачува културното наследство.Промената следува откако парламентот во мај усвои уставен амандман со кој се предвидува новото име на државата. Иако првично беше најавено дека за ова прашање ќе се одржи национален референдум, претседателот Дејвид Адеанг соопшти дека од таа постапка се откажува.Тој објасни дека не постои п

Свет | пред 3 месеци

media-library5ha2ehn9ce426F4pd6t

(Фото) Пастрмка за 3.720 денари во Охрид, Чомбе со порака: Ги корегираа цените и одма фул Охрид, наредно лето ќе седат само Холанѓани дедовци и баби

Поранешниот директор на Зоолошката градина во Скопје и долгогодишен член на СДСМ, Ѓорѓи Галетановски – Чомбе, преку објава на социјалните мрежи иронично ги коментираше цените во Охрид, откако објави сметка од ресторан на која за пастрмка платил 3.720 денари.Во својата објава тој напиша:„Ги корегираа цените и одма фул Охрид. Наредно лето ни децава од Ск нема да ви одат, ќе седат само Холанѓани дедовци и баби.“Објавата предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, каде повторно се отвори дебатат

Коментари | пред 3 месеци

hrana1-770x475

Температурите до 40 степени носат поголем ризик од труење со храна, предупредува АХВ

Поради најавените температури кои во наредните денови ќе достигнуваат и до 40 Целзиусови степени, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) апелира до граѓаните да бидат особено внимателни при купување, транспорт, складирање и подготовка на храната, бидејќи значително се зголемува ризикот од труење.Од АХВ предупредуваат дека екстремно високите температури претставуваат опасност не само за луѓето, туку и за животните, па затоа е потребно навремено да им се обезбедат доволно свежа вода и безбедна

Македонија | пред 3 месеци

media-library8nbn985udqtt8ntW5yR

Уапсен жител на Равен, при претрес во неговиот дом пронајдени дрога и куршуми

Педесет и осумгодишен жител на гостиварското село Равен е лишен од слобода откако при претрес во неговиот дом и помошните простории биле пронајдени дрога и муниција, соопшти Министерството за внатрешни работи.Полициски службеници од ОВР Гостивар денеска околу 07:30 часот го привеле Д.С. (58), поради сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.При претресот, извршен врз основа на судска наредба, биле пр

Македонија | пред 3 месеци

media-librarymkii53gn4r9g6qyf2BP

63-годишник со 2,04 промили алкохол во крвта предизвикал пожар во струмичко село

Шеесет и тригодишен жител на струмичкото село Габрово е лишен од слобода откако предизвикал пожар во својот двор, кој потоа се проширил и на улицата, соопшти Министерството за внатрешни работи.Настанот се случил на 30 јули околу 22 часот, кога полициски службеници од СВР Струмица го забележале Б.К. (63) од Струмица, со престој во селото, како предизвикува пожар во дворното место.Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Струмица, а во инцидентот нема повредени лица.О

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryd2s8jpmr55prdeOSNW0

ВМРО-ДПМНЕ: Околу 400 анализи за неисправна вода во време на СДС, Министерството за здравство знаело но Филипче како министер молчел, ја прекршил и Хипократовата заклетва

ВМРО-ДПМНЕ во партиско соопштение тврди дека во периодот кога Венко Филипче беше министер за здравство, Министерството располагало со стотици анализи кои укажувале на неисправна вода за пиење, а јавноста не била навремено информирана за потенцијалните ризици.Од партијата наведуваат дека станува збор за околу 400 анализи во кои биле утврдени различни неправилности во квалитетот на водата, при што, според нив, не биле преземени соодветни мерки ниту граѓаните биле предупредени да не ја користат вод

Македонија | пред 3 месеци

media-librarylrv45hih648s97WYHag

„Ребалансот на Буџетот за 2026 обезбедува рекордни инвестиции во општините и инфраструктурата“, вели ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение соопшти дека со ребалансот на Буџетот за 2026 година се предвидени дополнителни средства за капитални инвестиции, локален развој, инфраструктура и проекти од областа на животната средина.Според партијата, средствата се насочуваат кон проекти што треба да донесат конкретни резултати за граѓаните, при што капиталните расходи се зголемуваат за 14,5 проценти и достигнуваат речиси 46 милијарди денари. Истовремено, капиталните дотации за општините се повисоки за околу 1,683

Македонија | пред 3 месеци

media-librarysdf7kol50cdjbsB7axH

Грчки државјанин на Табановце изјавил дека носи 60.000 евра, цариниците при контрола откриле повеќе од 124.000 евра

Царинските службеници на граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегален внес на девизи во земјава, при што заплениле 64.250 евра пронајдени кај грчки државјанин кој патувал со автомобил со германски регистарски таблички.Според Царинската управа, против лицето е поведена прекршочна постапка пред надлежниот суд поради непријавување на целокупниот износ на готовината.При влезот во државата, патникот изјавил дека носи 60.000 евра и приложил образец за пријава издаден при влез во Република Ср

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryg65gl6mol4o9cKY61DX

(Видео) Илјадници се обидуваат да влезат во Шпанија, најмалку 18 загинати

Илјадници мигранти во текот на ноќта се собраа во мароканскиот пограничен град Фнидек во обид да влезат во шпанската енклава Сеута, создавајќи силен притисок врз границата и покрај засилените безбедносни мерки.Според шпанската државна телевизија ТВЕ, во текот на четвртокот меѓу 2.000 и 3.000 лица успеале да влезат во Сеута, а жителите на Фнидек тврдат дека најголемиот дел од нив ја преминале границата пред пладне.Агенцијата ЕФЕ објави дека најмалку 18 лица го загубиле животот за време на мигрант

Свет | пред 3 месеци

media-libraryp0h8ngh9jbk0fOOtTHu

ЕУ инвестира 10 милијарди евра во седум гигафабрики за вештачка интелигенција

Европската комисија објави дека ќе инвестира 10 милијарди евра за изградба на седум гигафабрики за вештачка интелигенција, како дел од стратегијата на Европската Унија за забрзување на развојот на сопствената AI инфраструктура и намалување на технолошкиот јаз во однос на САД и Кина.Од Комисијата очекуваат јавните инвестиции да поттикнат дополнителни најмалку 20 милијарди евра приватен капитал, со што вкупната вредност на проектот би достигнала околу 30 милијарди евра.Првичниот план предвидувал и

Свет | пред 3 месеци

media-libraryl85o3cek89n79Kn961t

СДСМ: Зошто владата на Мицкоски не објавува документ за водата во Гостивар?

СДСМ преку соопштение ја повика Владата јавно да ги објави сите извештаи и анализи за квалитетот на водата за пиење во Гостивар, оценувајќи дека граѓаните добиваат спротивставени информации, наместо јасни и проверливи податоци.Од партијата потсетуваат дека министерот за здравство Сашо Клековски најавил дека до крајот на неделата водата во Гостивар ќе биде безбедна за пиење, додека, според нив, премиерот Христијан Мицкоски подоцна изјавил дека во водата биле откриени „нови бактерии“.„Секој излегу

Македонија | пред 3 месеци

begalci

Мигрантската криза предизвика нов спор меѓу Шпанија и Италија

Шпанскиот министер за надворешни работи, Европската Унија и соработка, Хозе Мануел Албарес, соопшти дека го повикал италијанскиот амбасадор на разговор по изјавите на неговиот италијански колега Антонио Тајани, кој побара суспензија на Шенгенскиот договор со Шпанија поради мигрантската криза во Сеута.Албарес оцени дека ваквите пораки не се соодветни за министер за надворешни работи на пријателска и партнерска земја.„Од Италија очекуваме европска солидарност, а не страначка демагогија. Денешните

Свет | пред 3 месеци

woman-using-smartphone-technology

Забраната не даде резултат: повеќе од 80% од австралиските тинејџери сè уште користат социјални мрежи

И покрај законската забрана за користење социјални мрежи за лица помлади од 16 години, повеќе од 80 проценти од австралиските тинејџери продолжиле да ги користат овие платформи и три месеци по стапувањето на мерката во сила, покажува истражување на австралискиот регулатор за интернет-безбедност eSafety.Според извештајот, најголемата причина е тоа што технолошките компании не вовеле доволно ефикасни механизми за проверка на возраста на корисниците.Истражувањето покажува дека во март, поголемиот д

Свет | пред 3 месеци

media-library3hjbkoupue3f1Q5psDW

Антропик вели дека Клод, вештачката интелигенција, хакирала три организации за време на сајбер тестовите

Американската технолошка компанија „Антропик“ соопшти дека нејзините модели со вештачка интелигенција, поради погрешна конфигурација на системот, успеале да навлезат во системите на три организации за време на тестирања за сајбер безбедност, објави Би-би-си.Ова следува само неколку дена откако „ОпенАИ“ откри дека нејзините модели ги пробиле системите на други компании, меѓу кои и платформата „Хагинг фејс“. По тие настани, „Антропик“ спровела детална проверка за да утврди дали и нејзините модели

Свет | пред 3 месеци

media-libraryhgevo332isba8jXMWHR

Голем шумски пожар се шири во близина на американската Зона 51

Голем шумски пожар што избувна во близина на Зона 51, тајниот воен објект на американските воздухопловни сили во Невада, продолжува брзо да се шири. Според американското Биро за управување со земјиштето (BLM), досега под контрола се ставени само седум проценти од пожарот.Пожарот, наречен „Quail Springs Fire“, избувнал по удар од гром и гори речиси една седмица. До овој момент зафатил површина поголема од 54 квадратни километри, а неговото ширење го поттикнуваат високите температури, сувите ветро

Свет | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања