Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

media-library46cj7qooqalm5YLnHmr

Мојсоска до Алиу: Лекот за хемофилија доцни повеќе од шест месеци - кој ќе ја сноси одговорноста за нарушеното здравје на овие лица?

„Кога точно, односно кога надоцна, лицата со хемофилија ќе го добијат лекот Фактор 8 и чија ќе биде одговорноста доколку здрастената состојба на овие лица се влоши затоа што се принудени да лежат во кревет поради тендер шемите на вашите директори?“ беше првото прашање што пратеничката Јована Мојсоска од Левица го упати до министерот за здравство, Азир Алиу на денешната седница за прашања од опозицијата во Собранието.Мојсоска алармираше за сериозната состојба со пропусти во набавката на овој лек кој е од клучна важност за лицата со хемофилија А.„Се работи за доцнење на тендерот за набавка на лекот фактор 8 повеќе од шест месеци. Ќе пренесам лично сведоштво на пациент со хемофилија А кој за да може нормално да функционира мора да прима 30000 единици на фактор 8 секој месец. Но, од мај минатата година поради раскинување на тендерот воведени се рестрикции за овој лек, па пациентот наместо потребните 30000 единици прима само 5000 единици месечно“, рече Мојсоска. Таа додаде дека ваквите рестрикции ги врзуваат пациентите за кревет и сериозно ја загрозуваат нивната здравствена состојба. „И ова не е само еден пациент на кого сериозно му е загрозено здравјето поради неодговорноста и немарноста на одговорните лица во институциите. Верувам дека ќе се согласите со мене дека и да е само еден живот и еден пациент во прашање, државата е должна да обезбеди достоинствен живот, а не живот врзан за кревет поради бирократски процедури или можеби преговори за провизии од тендери“, посочи пратеничката. Мојсоска се осврна и на институционалната одговорност посочувајќи дека и претходно имало вакви рестрикции но, тоа никогаш не било повеќе од два месеца. Исто така посочи дека со години трае руинирање на здравствениот систем, а сега под водство на ДПМНЕ дополнително се деградира. „Дајте да лоцираме каде е одговорноста. Со институтот за трансфузиона медицина раководи директорот Амир Ељези, поставен од оваа владејачка коалиција. Во интервју вие потврдивте дека сте во комуникација со директорот и дека лекот ќе биде набавен. Информациите кои јас ги имам е дека директорот Ељези вооопшто не бил расположен да ги прими докторите од установата кои барале средба со него токму заради алармантата ситуација за овој лек“, рече Мојсоска. Пратеничката Мојсоска истакна дека Левица и претходно го спорела изборот на овој директор бидејќи со Законот за безбедност во снабдување со крв предвидува дека за директор може да се постави специјалист трансфузиолог со најмалку две години работно искуство. „Ељези не е транзфузиолог, а очигледно не е ни менаџер кога за прв пат во негово директорување доцни лек половина година“, заврши Мојсоска.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarydpnicq8ibi208QQpSMW

Како истражителите ги најдоа парите во ѕид: „Се потрудивме да не кршиме, ама дупката се појави одма, а низ неа парите“

Во домот на родителите на судијата Ѓоко Ристов биле извршени два претреси на иста локација, при што првиот обид завршил без пронаоѓање пари, иако истражителите наишле на тазе бетон и дупка под него. Дури при вториот претрес, кога тимовите на Министерството за внатрешни работи со истражителите на ОЈО-ГОКК влегле со повеќе опрема и засилени истражни капацитети, биле откриени скриени пари.При вториот влез во куќата, истражителите ги прашале родителите на судијата дали поседуваат пари, на што тие одговориле негативно.„Имало потазе цемент, а ги прашувате дали сте поправале нешто, а тие велат дека не поправале“, посочи обвинителката.Како клучен сомнителен детал при вториот претрес се појавиле плочките во просторијата, кај кои било забележано дека фугата не е иста како кај другите плочки. Дополнително, истрагата располагала и со оперативни сознанија кои упатувале на можност дека парите се кријат токму таму.„Испокршени биле плочките на местото каде се криеле парите, на рачно тропкање давале друг звук. Нас нѐ обврзуваат прописите да не растураме и кршиме.. Па се потрдувиме што поелегантно. Но, при мало кршење се појави дупка, а низ дупката се појавија пари“, рече обвинителката Искра Хаџи Василева, предметен обвинител.Таа појасни дека биле направени проверки на имотната состојба, недвижностите и приходите, вклучително и анализи на примањата од судиската плата, која, како што нагласи, е лесно проверлива.„Беа направени проверки, на недвижност, имот, како и што можете од државна плата што е многу лесно, бидејќи ние не смееме да имаме дополнителни примања. Направени претреси на три локации претходно, не беа најдени средства. Не е лесно да најдете пари. При првиот обид не беше најдено ништо, па си велите по сознанијата да се провери пак. Отидовме поспремни со технологија“, изјави обвинителката.Во овој момент, според обвинителството, пронајдените пари не се директно поврзани со конкретен судски предмет. Сепак, контурите на случајот, како што беше наведено, почнале да се исцртуваат во контекст на предметот поврзан со адвокатот Фехми Стафа кој го застапува обвинетиот Љупчо Пецов-Ѓаволот. Стафа кој беше фатен при примање пари, за кои Обвинителството тврди дека биле наменети за подмитување судија.„Со наводи и докази кои беа доставени по однос на Љупчо Пецов (Ѓаволот) кој е осомничен во една постапка на Обвинителството... Тогаш се добиваше поконкретни контури. Нему му се барани пари, за да мерката се укине. Ама знаете, кога имате активно решение, тешко е да не влезете во притвор барем еден ден, два, за да образлагате потоа зошто да не влезете. И оттука тргнуваат жалбите, враќање на жалби...“, изјави обвинителката.Таа посочи дека во повеќе случаи, лицата фатени со мито ја поставуваат истата прашалник-реакција.„Кој ме намести“, ова било прво нешто што го кажувале во повеќе случаи, лица кои биле фатени со мито, рече обвинителката, додавајќи: „Како може некој да ве намести, ако вие сте барале и ви дале мито?“.Обвинителката Хаџи Василева ја оцени постапката како сложена уште од самиот почеток.„Комплексна и интересна истрага беше од самиот старт“, рече таа.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryf80tj7ah7kaufWqMifA

Путин побара средба со специјалниот пратеник на Трамп

Специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, најави дека ќе оствари разговор со рускиот лидер Владимир Путин, но не откри детали за средбите одржани во Давос.„Треба да се сретнеме со него (Путин) во четврток. Русија побара одржување на состанок“, изјави Виткоф.Тој истакна дека е постигнат значителен напредок во разговорите меѓу САД и Русија за Украина, но во интервју за Си-Ен-Би-Си призна дека територијалното прашање и понатаму останува главната пречка.Специјалниот пратеник на Трамп додаде дека САД им предложиле и на Русија и на Украина да се приклучат на Советот за мир и дека очекуваат согласност од двете страни.Се очекува Виткоф во Москва да пристигне заедно со зетот на американскиот претседател, Џаред Кушнер.Да потсетиме, вчера специјалниот претставник на рускиот претседател, Кирил Дмитриев, разговараше со Виткоф во Давос, но за таа средба беа објавени многу малку информации. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, одби да открие детали, објаснувајќи дека разговорите биле приватни и доверливи и дека сите прашања поврзани со украинското решение се разгледуваат зад затворени врати.И руските и американските претставници ги оценија средбите како позитивни. Дмитриев изјави дека руско-американските разговори се одвиваат конструктивно, додека Виткоф ги опиша како „многу позитивни“.

Свет | пред 3 месеци

media-libraryu78f64mjrs99cB9z72U

Минчев: Крај на злоупотребата на в.д.-позициите, меритот станува правило во администрацијата

Министерството за јавна администрација денес ја започна јавната дискусија по нацрт-верзијата на Законот за високи раководители во органите на државната управа и фондовите - реформски закон со кој првпат се воспоставува единствена, јасна и мерит-базирана рамка за уредување на највисоките раководни функции во администрацијата.Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, истакна дека законот се носи преку отворен, транспарентен и инклузивен процес, со активно учество на институциите, стручната јавност, синдикатите, граѓанскиот сектор и граѓаните. Нацрт-законот е јавно објавен на ЕНЕР од 31 декември 2025 година, што ја потврдува определбата реформите да се креираат преку дијалог.Во своето обраќање, министерот Минчев истакна дека предложениот закон воведува суштински промени во начинот на избор, именување и отчетност на високите раководни кадри во јавната администрација.„Воведуваме појасни и унифицирани критериуми за избор на директори, државни секретари и членови на колегијални органи на државната управа, но и за членови на управни одбори, за кои досега речиси и да не постоеја правила. Принципот на мерит станува правило, а не исклучок – оној што раководи ќе мора да знае, да може и да одговара“ нагласи министерот Минчев.Посебен акцент во законот, како што посочи министерот, е ставен на реформата на управните одбори.„Со овој закон воведуваме воедначени услови и јасни критериуми за избор и именување на членовите на управните одбори, а нивниот состав го намалуваме на три члена. Наместо бројност, воведуваме квалитет. Наместо формално учество, воведуваме реална одговорност“ истакна Минчев.Тој додаде дека управните одбори повеќе нема да бидат нефункционални и проширени структури, туку компактни и ефикасни тела составени од лица со соодветни професионални квалификации, знаење и интегритет.Министерот се осврна и на една од значајните новини – строгото ограничување на институтот „вршител на должност“.„Со овој закон ставаме крај на злоупотребата на ‘вршител на должност’. Свесни сме дека привремените решенија со години беа правило, а не исклучок, што ја поткопуваше институционалната стабилност и одговорност. В.Д. станува исклучок – строго временски и правно ограничен“ нагласи тој.Дополнително, законот предвидува воспоставување систем за следење и оценување на резултатите од работата на високите раководители.„Позицијата повеќе не е титула, туку одговорност за резултати. Нема доживотни функции, нема недопирливи позиции. За првпат, работата на раководителите системски ќе се мери и ќе се врзува со учинок, а не со статус“ истакна министерот Минчев.На јавната дебата се обрати и генералниот секретар на Владата на Република Македонија, Игор Јанушев, кој ја истакна важноста од јакнење на професионализмот, отчетноста и институционалната стабилност во јавната администрација.Настанот беше организиран од страна на Министерството за јавна администрација во соработка со Центарот за управување со промени во рамки на Проектот „Преосмислување на управувањето“, кој го имплементира ЦУП, со поддршка од Владата на Обединетото Кралство, а во соработка со Владата на Република Македонија.

Македонија | пред 3 месеци

Screenshot-2022-05-14-at-21.34.51

Кобна ноќ кај Деве Баир: Камион излета во провалија, возачот загина на лице место

Тешка сообраќајна несреќа со смртен исход се случила рано утринава на магистралниот пат од Граничниот премин Деве Баир кон Крива Паланка, во атарот на селото Узeм.Како што информираат од полицијата, на 21 јануари 2026 година околу 04:50 часот, товарно возило марка „Сканиа“ со косовски регистарски ознаки, управувано од 56-годишниот Н.Х. од Косово, излетало од коловозот и паднало во длабока провалија.Возачот се здобил со тешки телесни повреди и починал на самото место. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.На местото на несреќата бил извршен увид, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција. Причините за несреќата се утврдуваат.

Македонија | пред 3 месеци

media-library8rbk0brmvdnv4wziuyT

Маж од Виница од лажен профил испраќал експлицитни фотографии на малолетничка

СВР Велес поднесе кривична пријава против П.А. од Виница поради основано сомнение за сторено кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“.Според информациите од полицијата, на 20 ноември 2025 година пријавениот, користејќи лажен профил на социјална мрежа, испраќал пораки со недозволена содржина, вклучително и експлицитни фотографии и видеоснимки, на профил на малолетничка.По преземените мерки и активности, со П.А. бил извршен службен разговор во полициска станица, при што тој го признал кривичното дело. Случајот е документиран и доставен до надлежното јавно обвинителство за понатамошна постапка.Од МВР нагласуваат дека ваквите дела претставуваат сериозно кршење на законот и директна закана за безбедноста и интегритетот на малолетните лица, поради што институциите ќе продолжат со решително постапување против вакви појави.

Македонија | пред 3 месеци

media-library4bal9nem50nd1iuSgCr

Граѓанин лажно пријавил „малтретирање“ од полицајци, камерите ја разоткрија измамата

Одделот за внатрешна контрола при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство во Велес против граѓанинот П.М., поради основано сомнение за сторено кривично дело „лажно пријавување на кривично дело“.Според информациите од МВР, на 23 септември 2025 година П.М. во СВР Велес, во својство на оштетен, пријавил двајца полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Велес, обвинувајќи ги за „малтретирање во вршење на службата“ за време на сообраќајна контрола.Меѓутоа, постапувањето на полициските службеници било целосно документирано со мобилниот систем за снимање со камери, при што било утврдено дека настанот не се одвивал на начинот прикажан во пријавата. Снимките недвосмислено покажале дека полицајците не извршиле никакво кривично дело.Од МВР наведуваат дека П.М. и покрај тоа што бил јасно предупреден за последиците од лажно пријавување, свесно и злонамерно поднел пријава, иако како директен учесник знаел дека полицајците не сториле ништо незаконско. Со ваквата постапка, тој предизвикал неоснована интервенција на органите на прогонот и сериозно ги загрозил честа, угледот, како и личните слободи и права на пријавените полициски службеници.Кривичната пријава е поднесена по член 366 од Кривичниот законик, а понатамошната постапка е во надлежност на обвинителството.

Македонија | пред 3 месеци

Screenshot-2024-12-05-at-15.57.12

Трагедија на патот кај Русјаци: Автомобил се преврте, жена загина на лице место, дете и уште две лица повредени

Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера попладне на локалниот пат кај селото Русјаци, во општина Македонски Брод, при што животот го загуби 41-годишна жена од Кичево.Според информациите, патничко возило „цитроен“ со кичевски регистарски таблички, управувано од нејзиниот сопруг, излетало од коловозот и се превртело. Жената, идентификувана како К.С.С., починала на самото место како последица на тешките повреди, а смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.По наредба на јавен обвинител, телото на починатата е предадено на обдукција.Во несреќата телесни повреди здобиле уште три лица – С.С. (69), М.С. (62) и шестгодишно дете. Тие биле итно пренесени во Општата болница во Прилеп, каде им била укажана соодветна медицинска помош.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryu38oa7greq2telYjcyF

Трамп тврди дека САД имаат тајно оружје, Москва бара објаснување

Соединетите Американски Држави поседуваат тајно оружје кое е непознато за остатокот од светот, изјави американскиот претседател Доналд Трамп, по што Русија веднаш се огласи со јасно барање за појаснување.Трамп за телевизијата „Њуз нејшн“ изјави дека тоа тајно оружје и понатаму треба да остане во тајност.„Имаме оружје за кое никој не знае и сметам дека веројатно е добро да не се зборува за тоа. Но, имаме некои неверојатни видови оружје“, рече Трамп.Прашањето од новинарите, по кое Трамп се пофали со постоењето на тајно оружје, било поврзано со американската операција во Венецуела.Набргу по оваа изјава се огласи и портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, кој порача дека очекува објаснување за тоа што точно мислел американскиот претседател кога зборувал за тајно оружје.„Во овој случај, веројатно ќе треба да слушнеме појаснување за тоа што точно имал предвид американскиот претседател“, изјави Песков за новинарите, пренесува агенцијата РИА Новости.

Свет | пред 3 месеци

media-library2h7328lt783640HaCUr

Европа на итен самит во Брисел: ЕУ-лидерите се собираат поради тензиите околу Гренланд

Лидерите на Европската унија и на земјите членки утре навечер ќе се сретнат во Брисел на неформален состанок на Европскиот совет, поради зголемените тензии поврзани со Гренланд.„Ќе разговараме за најновите случувања во трансатлантските односи и нивните импликации врз Европската унија, како и за координација на натамошните чекори. Состанокот ќе го започнеме со размена на мислења со претседателката на Европскиот парламент“, напиша претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, во писмото со кое ги повика учесниците.Состанокот е закажан да започне во 19 часот.Кошта пред два дена најави дека, поради тензиите околу Гренланд, во наредните денови ќе свика вонредна седница на Европскиот совет.„Со оглед на значењето на последните случувања и потребата од понатамошна координација, одлучив да свикам вонреден состанок на Европскиот совет во наредните денови“, напиша тој на социјалната мрежа Икс.Тој истакна и дека, по консултациите со земјите членки, е потврдено оти Европската унија е „единствена во поддршката и солидарноста со Данска и Гренланд“.

Свет | пред 3 месеци

media-library0pf801r4fk9fdofjZSX

Петрушевски: Заев и Филипче му нуделе на Жан Митрев – болницата по багателна цена во замена за помош во судскиот процес

Заев и Филипче му нуделе помош за судска постапка на др. Жан Митрев во замена за неговата болница, вели Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ„Преку државните институции и инсталациите во правосудството, Заев и Филипче вршеле притисок врз др. Жан Митрев за да на легален начин и по релативно ниска цена да ја откупат болницата.Откако биле замрзнати личните сметки на др. Жан Митрев, како и сметката на истоимената болница, тој бил спречен да продава удели од болницата додека траела судската постапка.Но, Заев и Филипче тоа не ги спречило. Користејќи ја својата политичка моќ како власт во државата, ургирале да се тргне забраната за продажба на удели во болницата и му дале предлог на др. Жан Митрев, да им ја продаде болницата по багателна цена, а тие да му помогнат во судската постапка.Овој однос и начин на функционирање на СДС, за нас не е непознат, но одговорност мора да има. Само да потсетиме, болницата Жан Митрев, не е прва болница за која во јавноста се лиферуваа информации дека Заев и Филипче сакале да ја откупат.Изјавите на др. Жан Митрев за односот на минатата криминална и корумпирана власт предводена од СДС, Заев и Филипче, кон него и неговата болница ЈО треба да ги истражи, а одговорност мора да има“, додава Петрушевски.

Македонија | пред 3 месеци

mark-rute-1

Руте: Нема да ги коментирам тензиите меѓу САД и Европа околу Гренланд

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска изјави дека нема јавно да ги коментира тензиите меѓу Соединетите Американски Држави и нивните европски сојузници, кои произлегоа од барањето на американскиот претседател Доналд Трамп САД да го преземат Гренланд.„Можете да бидете сигурни дека работам на ова прашање зад сцената, но не можам тоа да го правам јавно“, изјави Руте за време на панел-дискусија на Светскиот економски форум во швајцарскиот град Давос, пренесува Ројтерс.Руте истакна дека Трамп е во право кога зборува за потребата Арктикот да биде заштитен од руско и кинеско влијание.„Претседателот Трамп и другите лидери се во право. Мораме да направиме повеќе таму. Мораме да го заштитиме Арктикот од руско и кинеско влијание. Работиме на тоа да обезбедиме колективна одбрана на арктичкиот регион“, нагласи Руте.

Свет | пред 3 месеци

media-librarynd6llucqglrr9ivMpHS

Оперскиот бисер „Кавалерија рустикана“ од Пјетро Маскањи на сцената на МОБ

Трагичната приказна за љубовта, страста, честа и одмаздата, раскажана преку операта „Кавалерија рустикана“ од Пјетро Маскањи, повторно ќе оживее на сцената на Националната опера и балет на 28 јануари 2026 година, со почеток во 19.30 часот. Ова оперско дело претставува едно од најзначајните остварувања на италијанскиот композитор Маскањи и останува еден од најизведуваните наслови на светските, како и на домашната оперска сцена.Изведбата ќе биде под диригентската палка на Иван Еминовиќ, во режија на Џандоменико Вакари (Италија). Сценографијата е на Зоран Николовски, костимографијата на Елена Дончева, концерт-мајстор е Верица Ламбевска, а хор-мајстори се Ѓурѓица Дашиќ и Јасмина Ѓоргеска.Во солистичката екипа настапуваат: Благица Поп Томова во улогата на Сантуца, Зоран Сотиров како Туриду, Ристе Велков во улогата на Алфио, Александра Лазаровска Василевски како Лола и Марика Поповиќ во улогата на мајка Лучија, заедно со хорот и оркестарот на Националната опера и балет.„Кавалерија рустикана“ е оперски бисер во кој човечките страсти и неминовната судбина се прикажани со директна драматичност и силна музичка моќ, оставајќи длабок впечаток кај публиката уште од својата премиера до денес.

Магазин | пред 3 месеци

media-libraryrj6ddib1r4ba8AjOLJ2

(ВИДЕО) Запалена статуата на Кристијано Роналдо во неговиот роден град

Статуата на фудбалската ѕвезда Кристијано Роналдо беше запалена во неговиот роден град Фуншал, а полицијата трага по мажот кој го извршил инцидентот и го објавил на социјалните мрежи со пораката: „Ова е последното Божјо предупредување“.Инцидентот се случил пред музејот посветен на легендарниот фудбалер. На видеоснимката се гледа млад човек кој најпрво ја полева статуата со запалива течност, а потоа ја пали со запалка.Ова не е првпат статуата на Роналдо да биде мета на напад. Во 2016 година таа беше осквернавена од навивачи на Лионел Меси.Бронзената статуа, висока околу 3,3 метри, беше откриена во Фуншал кон крајот на 2014 година, а на свеченоста присуствуваше и самиот Кристијано Роналдо заедно со своето семејство.

Спорт | пред 3 месеци

media-librarya9p2vij21ilueHjaCnz

ЈП Комунална хигиена интензивно го расчистува снегот и мразот низ сите скопски општини

ЈП Комунална  спроведува активности за рачно и машинско чистење на снегот и мразот на булеварите и поголемите улици во сите скопски општини, со цел да се овозможи безбедно движење на пешаците и одвивање на сообраќајот. Активности за расчистување на снегот и мразот беа реализирани и во централното градско подрачје, плоштадот и улицата Македонија, помалите плоштади Филип Втори, Мајка Тереза и Богородица, како и Старата чаршија.Екипите на Претпријатието го расчистуваа реонот и околу Градската болница, Владата и Собранието на РМ. Спроведени се и активности за фрлање сол на пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев“, и „Слобода“, како и на сите пешачки мостови.ЈП Комунална хигиена-Скопје ќе продолжи со активностите за расчистување на снегот и мразот во текот на денов и претстојната ноќ, во согласност со состојбата на терен.

Скопје | пред 3 месеци

media-librarykat43j8s3rs52ZPHIjC

Пластиката се распаѓа дури 450–600 години – важноста на селекцијата и рециклирањето

Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ потсетува дека отпадот фрлен на земја или во вода не исчезнува, туку ја загадува животната средина за сегашните и идните генерации. Пластичната амбалажа, која се распаѓа дури 450–600 години, има особено штетно влијание.Правилната селекција и рециклирање на пластиката ја намалуваат загаденоста, ја штедат енергијата и природните ресурси и ја зачувуваат животната средина.„Отпадот е прашање кое нѐ засега сите. Селектирајте правилно!“ апелираат од ЈП „Охридски Комуналец“.

ОО | пред 3 месеци

media-librarybhh8c91k30f39P9emXC

(ФОТО) Сите државни патишта проодни, надлежните служби во целосна подготвеност поради снежните врнежи

Ве информираме дека сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење, велат од Министерство за транспорт.„Екипите на  ЈП Македонија пат се целосно екипирани, ставена е на располагање потребната механизација и работна сила и во континуитет на терен се врши расчистување на снегот.  Во соработка со ЈП за државни патишта и Министерство за транспорт се вршат координирани активности со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.Покрај внимателно и совесно управување со возилата, се препорачува задолжително употреба на зимска опрема,  почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодена брзина согласно условите на патните правци.Исто така се препорачува навремено информирање од страна на сите информативни центри за условите и сообраќајот на државните патишта.Кооридинираните активности на надлежните институции продолжуваат  и во текот на наредниот перидод,  со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 месеци

432224-720x340-1

Левица обвинува за „октопод“ во ДКСК: Архивата како механизам за прикривање предмети блиски до ДПМНЕ

До Левица пристигнуваат сериозни пријави за незаконско политичко влијание, судир на интереси и злоупотреба на функцијата во Државната комисија за спречување на корупцијата. Во центарот на овие сомнежи е членката на Комисијата - Цвета Ристовска, велат од партијата„Според пријавата, станува збор за воспоставена мрежа на контрола врз текот и исходот на предметите, врз документацијата и внатрешното функционирање на ДКСК - мрежа која служи на интересите на владејачката структура предводена од ДПМНЕ и Мицкоски. Имено, преку сомнително ангажирање на лицето Татјана Наќева во архивата со договор за дело, и покрај тоа што архивата веќе била кадровски екипирана, се воспоставувал филтер врз влезната и излезната пошта. Преку овој механизам, ангажираната Наќева ја алармирала членката Цвета Ристовска по што таа ги известувала предметните лица, селектирала предмети, ја забавувале или „заглавувале“ постапката - зависно од тоа дали се однесуваат на луѓе блиски до власта.Татјана Наќева инаку е сопруга на новинарот Љупчо Наќев, кој воедно е и предавач на Универзитетот Скопје кај Аце Миленковские, кој отворено важи за испостава на ДПМНЕ. На истиот универзитет е вработен и нејзиниот син - Филип Наќев. А за потсетување, и самата Цвета Ристовска била ангажирана како предавач на истиот универзитет.Ова е мрежа во која се преплетуваат антикорупциска институција, партиски блиски медиумски кругови и универзитетска инфраструктура - октопод на власта на ДПМНЕ.Да потсетиме Цвета Ристовска беше известувач по предметот за директорот на АНБ, Бојан Христовски, каде што ДКСК утврди дека нема ништо спорно во неговото назначување и факултетската диплома од универзитетот каде Ристовска била професорка.Преку ваквата мрежа, ДКСК систематски ги претвора флагрантните нерегуларности во аминувани и невидливи, а јавноста ја убедува дека е при очи слепа.Дополнително, на овој начин и бројни предмети поврзани со структури на власта остануваат без каков било исход. Таков е примерот со незаконски именуваниот началник на Генералштаб генерал-мајор Сашко Лафчиски за кого и после повеќе од една година нема никаква одлука!Ова е само почеток. Левица во наредниот период ќе продолжи да обзнанува и други информации за оваа мрежа, функционирањето на ДКСК, но и други информации за партиска вмреженост и коруптивно влијание, без разлика колку високо водат пипците.Во таа насока, ги повикуваме сите граѓани, вработени во институции, кои располагаат со информации, документи, сознанија, трпат притисоци, сведочат на незаконитости, да ги достават до Левица, а ние им гарантираме анонимност.Само со разобличување, јавност и солидарност може да се скрши ѕидот на страв и молк и да се спречи државата целосно да биде заробена од партиско-коруптивниот октопод“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarycg304ltam9em9UeFE4j

Екипите на Општина Бутел од рано утрово на терен, исчистени критичните точки и главните улици

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски информираше дека екипите за зимско оддржување, заедно со општинскиот кризен штаб од рано утрово се на терен.Тој нагласи дека навремено се исчистени сите критични места во општина Бутел како и главните улици.„Тимови од Општина Бутел работат на расчистување на сите пристапни патеки до градинките, училиштата, автобуските постојки и тротоарите“, посочи Костовски.Додаде дека Општина Бутел ја следи целата ситуација и ќе продолжи со навремено реагирање.

Скопје | пред 3 месеци

media-library3lp5aqc3s2v192BIUrY

Иран ѝ се закани на Америка: „Ќе возвратиме со сè што имаме“

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи упати отворена закана кон Соединетите Американски Држави, по крвавата пресметка на властите во Техеран со демонстрантите.Арагчи предупреди дека Иран „ќе возврати со сè што има доколку повторно биде нападнат“, во момент кога американска ударна група со носач на авиони се движи од Азија кон Запад, односно кон Блискиот Исток.Шефот на иранската дипломатија оваа порака ја упати преку авторски текст објавен во весникот „Волстрит џурнал“. Во него тој повтори дека „насилната фаза на немирите траела помалку од 72 часа“ и ги обвини демонстрантите за ескалацијата на насилството.„За разлика од воздржаноста што Иран ја покажа во јуни 2025 година, нашите моќни вооружени сили немаат проблем да возвратат со сè што располагаат доколку повторно се најдеме под напад“, напиша Арагчи, алудирајќи на дванаесетдневната војна што Израел ја започна против Иран.Тој нагласи дека неговите зборови „не се закана, туку реалност“, додавајќи дека, иако како дипломат и ветеран го презира војувањето, чувствува обврска тоа јасно да го каже.Според него, евентуален конфликт би бил жесток, би го зафатил поширокиот регион и би имал последици врз обичните луѓе низ целиот свет.Поради состојбата во земјата, учеството на Арагчи на Светскиот економски форум во Давос е откажано. Од Форумот соопштија дека, иако бил поканет уште минатата есен, трагичната загуба на цивилни животи во Иран во изминатите недели прави оваа година иранската влада да не биде соодветно претставена во Давос.

Свет | пред 3 месеци

media-libraryh2m78745ueka3zsRAbb

Нова судска драма: Уапсен вработен во Основниот суд Гостивар под сомнение дека примил мито

Вработен во Основниот суд во Гостивар е лишен од слобода поради сомнение дека сторил кривично дело „примање поткуп“, информираа од Министерство за внатрешни работи.Според информациите, на 20 јануари 2026 година во 20:10 часот, полициски службеници од Полициското одделение Ростуше го уапсиле А.Ј. (49) од селото Присојница, Општина Маврово и Ростуше. Приведувањето следувало по пријава од Н.А. од селото Калиште, Општина Врапчиште, кој навел дека осомничениот, како вработен во Основниот суд во Гостивар, преку заеднички пријател му понудил за паричен надомест од 100 евра да избрише судска казна од 200 евра и изречена забрана за управување со моторно возило во траење од шест месеци.Како што е пријавено, А.Ј. тврдел дека предметната документација пристигнала кај него на извршување и дека може да „заврши работа“. По договор, Н.А. стапил во контакт со осомничениот и средбата била закажана во угостителски објект во Гостивар. По нивната средба, пријавителот го информирал А.Ј. дека е новинар и дека разговорот се снима, по што осомничениот се обидел да се оправда дека се работи за шега и се обидел да побегне.Осомничениот е задржан во полициска станица, а по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryfa6e7c18k7un6eOLwQD

ВМРО-ДПМНЕ со реакција: СДСМ го дозакопаа Филипче правдајќи го неговиот гаф со Милорад Додик

Не ја разбираме возбудата на СДС и нивните српски тутори, да шират изјава од Милорад Додик, велат од ВМРО-ДПМНЕ во реакција на соопштението на СДСМ.„Веројатно соопштението го пишувале во придружба на песната Ко то каже, ко то лаже или Над краљевом жива ватра сева..и можеби Грегоријанецот Венко кој е изгубен меѓу неколку календари, а веројатно и три четири држави, наоѓа некаква логика, но навистина не ја гледаме возбудата да одговориме на глупаво соопштение на СДС каде шират изјава на Милорад Додик.Ниту едно соопштение не може да го оправда Венко Филиповиќ, во неговите лудории и гафови“, се вели во реакцијата

Македонија | пред 3 месеци

media-library9cegrhgq09cna6qwMog

Највисоко ниво на тревога: Украина предупредува на можен руски удар со два проектили „Орешник“

Украинските разузнавачки служби предупредуваат дека во наредните пет дена постои можност Русија да лансира два хиперсонични проектили од типот „Орешник“. Информацијата е објавена на профилот „Military Observer“ на социјалната мрежа Икс, а алармот, според наводите, важи за периодот од денес, 21 јануари, до 26 јануари.Истото предупредување се појави и на Телеграм-канали кои ги следат безбедносните случувања во Украина, по што земјата е ставена во состојба на висока готовност. Засега, украинските служби немаат прецизни податоци дали станува збор за тестирање на ракетите или за реален напад врз цели на украинска територија.Русија последен пат ги употреби ракетите „Орешник“ во масовен напад врз клучни цели во Украина во ноќта меѓу 8 и 9 јануари, што беше потврдено и од руското Министерство за одбрана. Тогаш беа погодени значајни инфраструктурни и енергетски објекти во Киев и Лавов, оставајќи стотици илјади граѓани без електрична енергија во ек на зимските студови.Украинската служба за безбедност соопшти дека евентуалниот напад со ракети „Орешник“ врз западните делови на земјата го третира како воено злосторство.Проектилот „Орешник“ е хиперсонична ракета со среден дострел, способна да ги избегне повеќето современи противвоздушни системи, поради што најновото предупредување се оценува како исклучително сериозно.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryn1dn1p38llk9fWdCRaE

Герасимовски: Општина Центар го расчистува снегот, фрлени 15 тони сол, механизацијата е на терен

Службите на Општина Центар од утринава се на терен и интензивно работат на расчистување на снегот. Фрлени се 15 тони сол на коловозите, со приоритет на најкритичните точки. Механизацијата интервенира на пристапите кон Водно, каде што се расчистува снегот и се фрла сол.Паралелно се чистат тротоарите и пешачките патеки, како и просторот околу здравствените установи,  училиштата и градинките, за безбедно движење на граѓаните и учениците.Општина Центар ги повикува граѓаните да пријавуваат критични точки  со цел службите веднаш да интервенираат и да го расчистат теренот, на телефоните: 075 219 068, 076 313 381 и 075 476 768.„Нашите служби се постојано на терен. Имаме доволни залихи на сол, а механизацијата го расчистува снегот на местата кои се под наша надлежност“,  рече градоначалникот Горан Герасимовски.

Скопје | пред 3 месеци

media-librarylmjjohg7e51cb4eGzeh

Судиското здружение бара почитување на презумпцијата на невиност на Ѓоко Ристов и заштита на угледот на чесните судии

Здружението на судии на Република Северна Македонија соопшти дека внимателно ги следи настаните поврзани со приведувањето на судија од Апелациониот суд во Скопје и изрази јасна поддршка за надлежните институции во борбата против организираниот криминал и корупцијата, вклучително и сузбивањето на корупцијата на највисоко ниво.Во соопштението се наведува дека се очекува надлежните органи да спроведат темелна, прецизна и транспарентна истрага, со целосно утврдување на сите релевантни факти и околности, како и евентуалната инволвираност на други лица, доколку таа постои. Од Здружението нагласуваат дека истрагата мора да се води без селективност и со доследно почитување на законските процедури.Здружението јасно и недвосмислено се оградува од секој корумпиран судија или носител на судска функција кој со незаконско постапување го нарушува угледот и интегритетот на судскиот систем. Воедно, се потенцира дека ваквите појави не смеат да се генерализираат и да се поврзуваат со судиите кои чесно, професионално и одговорно ја извршуваат својата функција, а кои, како што се наведува, претставуваат огромно мнозинство во судството.Од Здружението бараат целосно почитување и заштита на угледот и достоинството на чесните судии и повикуваат на воздржаност од генерализации кои дополнително ја поткопуваат довербата на граѓаните во правосудниот систем. Се оценува дека истиот принципиелен и одговорен пристап треба да важи и за сите други општествени чинители и функционери склони кон коруптивно однесување, бидејќи токму ваквите појави со години придонесуваат за ерозија на довербата во институциите и во системот во целина.Здружението на судии нагласува дека останува посветено на јакнењето на владеењето на правото, независноста и интегритетот на судството, како и на враќањето на довербата на граѓаните во правдата и институциите. Во соопштението се потсетува и на уставното начело на презумпција на невиност, кое мора доследно да се почитува во секоја постапка, како еден од темелните принципи на правната држава.Во актуелниот момент, според Здружението, на граѓаните не им е потребен сензационализам, ниту од страна на органите на прогонот, ниту од политичките структури, туку достоинствен пристап, неселективност, отчетност и целосно почитување на човековите права и европските вредности кон кои се стреми државата.

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања