Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

media-library7nhu60fgp79c2yUNxkl

„Скопје1“ дознава: Цуната повторно уапсен, по бегството од полициската станица во Кочани тој е пронајден во Скопје

Александар Лазаров – Цуна, кој пред четири дена избега преку прозорец од полициската станица во Кочани, доцна вечерва е пронајден и приведен, дознава „Скопје1“ од свои извори во Министерството за внатрешни работи.Според информациите, Лазаров бил лоциран во Скопје, каде што бил уапсен од полициски службеници, со што заврши потрагата по него. Иако по бегството беше распишана и меѓународна потерница, тој е пронајден на територијата на државата.Лазаров беше приведен поради сомнение за кривичното дел

Македонија | пред 3 месеци

media-library8r82lkod90a67RcAhAO

Хонда најави нов мотор за Астон Мартин во Формула 1

Астон Мартин наскоро ќе добие нова погонска единица од Хонда, која би требало да дебитира на Големата награда на Холандија во Зандворт. Ова го потврди главниот инженер на јапонскиот производител, Шинтаро Орихара, пред трката за Големата награда на Белгија на патеката Спа-Франкоршамп.Орихара изјави дека на тимот му е потребно уште малку време за финализирање на новиот мотор, нагласувајќи дека искуствата од сегашната верзија се важни за понатамошниот развој на силата и ефикасноста.„Мора да продолж

Спорт | пред 3 месеци

media-librarylmna0cvl2a06bXjgH39

Овие седум знаци покажуваат дека е време за реновирање на бањата

Бањата е една од најкористените простории во домот, но најчесто почнуваме да размислуваме за нејзино реновирање дури кога ќе се појават поголеми проблеми. Иако понекогаш се доволни неколку помали промени, експертите велат дека постојат јасни знаци кога целосната обнова е неизбежна.Еден од најочигледните показатели се испуканите плочки, оштетените фуги и санитарните елементи кои, и покрај редовното чистење, изгледаат истрошено. Таквите оштетувања можат да бидат знак и за посериозни проблеми, како

Магазин | пред 3 месеци

media-libraryliljdpgsfe5t9LLCgfw

Ако земате антидепресиви, бидете особено внимателни во топлите денови

Лекарите предупредуваат дека лицата кои користат одредени лекови за ментално здравје, особено антидепресиви и антипсихотици, треба да бидат особено внимателни за време на високите температури, бидејќи овие медикаменти можат да ја намалат способноста на организмот да се разладува.Како што пренесува „Индепендент“, меѓу лековите што бараат дополнителна претпазливост се и селективните инхибитори на повторното преземање на серотонин (ССРИ), кои спаѓаат меѓу најчесто препишуваните антидепресиви.Д-р Ни

Магазин | пред 3 месеци

media-libraryrhh5pr6f37ot6QyFYqQ

Овие три хороскопски знаци ги очекува ненадејно патување викендов

Претстојниот викенд, 18 и 19 јули, според астролозите, ќе донесе енергија што ќе поттикне спонтани одлуки и желба за промени. Додека некои ќе го поминат викендот дома, три хороскопски знаци би можеле неочекувано да заминат на патување.Најголема желба за авантура ќе ја почувствуваат Стрелците. Според хороскопот, доволен ќе биде еден телефонски повик или порака за да ги спакуваат најнеопходните работи и да тргнат на пат. Токму ваквите спонтани одлуки би можеле да им донесат незаборавни спомени и н

Магазин | пред 3 месеци

media-libraryd9eo1lt3cbkf0VtbIgs

Ирански проектили погодија два нафтени танкера во Ормускиот Теснец, загина член на екипажот

Еден член на екипажот, индиски државјанин, загина, а осум лица се повредени откако ирански крстосувачки проектили погодија два нафтени танкера на Обединетите Арапски Емирати додека пловеле низ Ормускиот Теснец.Компанијата ADNOC L&S потврди дека танкерите „Момбаса Б“ и „Ал Бахјах“ претрпеле значителни оштетувања во нападот.Според Министерството за одбрана на Обединетите Арапски Емирати, четворица од повредените се здобиле со тешки повреди. Шестмина се индиски, а двајца украински државјани.Ома

Свет | пред 3 месеци

amerikanski-vojnici

Голем пресврт: Американските сили го напуштаат Ирак до крајот на септември

Американските воени сили ќе го напуштат Ирак до 30 септември, изјави денеска ирачкиот премиер Али ал Заиди, оценувајќи дека односите меѓу Багдад и Вашингтон влегуваат во нова фаза, во која акцентот ќе биде ставен на економската соработка.„На 30 септември американските сили ќе го напуштат Ирак, а американските компании ќе влезат во Ирак“, изјави Ал Заиди за време на заедничкото обраќање со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа.Ова е прва официјална посета на ирачкиот премиер во СА

Свет | пред 3 месеци

media-libraryd22sdoe5go5eeBvnHXj

Балогун: Интервенцијата на Трамп внесе немир во американската репрезентација

Американскиот репрезентативец Фоларин Балогун призна дека контроверзната одлука на ФИФА да му ја укине суспензијата, донесена по интервенцијата на американскиот претседател Доналд Трамп, негативно влијаела врз атмосферата во репрезентацијата пред поразот од Белгија на Светското првенство.Во интервју за „CBS“, напаѓачот изјави дека целата ситуација предизвикала нервоза кај неговите соиграчи и внела дополнителен притисок пред осминафиналниот натпревар.Балогун првично беше суспендиран по црвениот к

Спорт | пред 3 месеци

media-libraryjlm2k9n752rr8DXTVzI

Ако сакате повеќе протеини, диететичарка го препорачува овој производ

Диететичарката Келси Куник открива дека грчкиот јогурт е еден од производите што речиси секојдневно ги консумира, поради неговите бројни здравствени придобивки и богатата хранлива вредност.Во изјава за EatingWell, таа вели дека грчкиот јогурт секогаш го има во својот фрижидер и го користи како дел од главните оброци и меѓуоброците. Според неа, овој млечен производ е богат со протеини и пробиотици, а воедно е и многу разновиден во исхраната.Куник објаснува дека грчкиот јогурт се добива со цедење,

Магазин | пред 3 месеци

media-libraryr7roa88vb2n92eO0WQU

Трамп ја повлече идејата за наплата на преминот низ Ормускиот Теснец

Американскиот претседател Доналд Трамп се откажа од предлогот за воведување 20-процентна такса за бродовите што пловат низ Ормускиот теснец и наместо тоа најави склучување трговски и инвестициски договори со земјите од Персискиот Залив.Во објава на социјалната мрежа „Трут соушал“, Трамп соопшти дека САД повторно ќе воведат блокада на иранските пристаништа, но нема да ја спроведат претходно најавената такса за поморскиот сообраќај.Само еден ден претходно, Трамп тврдеше дека Соединетите Американск

Свет | пред 3 месеци

media-libraryvkdtumdu5euo4clUftW

Сашо Клековски ја презеде функцијата министер за здравство

Во Министерството за здравство денеска беше извршено примопредавање на министерската функција, при што досегашниот министер Азир Алиу му ја предаде должноста на новоименуваниот министер Сашо Клековски.За време на средбата двајцата разговарале за досегашните проекти, како и за тековните процеси и активности што во изминатиот период биле во фокусот на работата на Министерството за здравство.Со примопредавањето, Сашо Клековски и официјално ја презеде функцијата министер за здравство.

Македонија | пред 3 месеци

media-library06n17o41rd039MbAVnX

Нафтата поскапе по блокадата на иранските бродови во Ормускиот Теснец

Цената на нафтата денеска значително порасна, откако американскиот претседател Доналд Трамп повторно воведе блокада за иранските бродови што минуваат низ Ормускиот Теснец.Глобалниот репер Брент надмина 85 долари за барел, што претставува раст од повеќе од 10 проценти во текот на оваа седмица. Во исто време, американската сурова нафта WTI се тргуваше меѓу 79 и 80 долари за барел.Блокадата, која Трамп ја најави во понеделникот, требаше да стапи во сила истиот ден во 16 часот по источноамериканско

Свет | пред 3 месеци

media-libraryb835rircma243iihIbL

Бојковска: Блокада на ИЗ од СДС, ДУИ и Левица доаѓа токму во моменти кога на Македонија и се дава шанса за напредок во ЕУ

Членката на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и пратеничка, Драгана Бојковска, оцени дека блокадата на Изборниот законик претставува директна блокада на европската агенда на државата и на реформите што, според неа, треба да донесат подобри европски стандарди за граѓаните.Во гостување во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија, Бојковска изјави дека Владата и парламентарното мнозинство покажале конструктивност и биле подготвени да ги прифатат барањата на опозицијата со цел да се усвојат препор

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryhhf52su6gg3q16c9gma

(Видео) Аргентинците запалија погрешно знаме – Англичаните им се потсмеваат

Аргентинските навивачи станаа предмет на потсмев на социјалните мрежи откако, во пресрет на полуфиналниот натпревар против Англија, го запалија знамето на Обединетото Кралство, наместо знамето на Англија.На снимката, направена во градот Ескобар во покраината Буенос Аирес, се гледа група навивачи како го палат знамето „Јунион Џек“, додека пеат и слават пред големиот натпревар.Иако „Јунион Џек“ е знаме на Обединетото Кралство, англиската фудбалска репрезентација настапува под знамето со Крстот на

Свет | пред 3 месеци

media-libraryuofscva08itreSkqDcV

Ен Хатавеј: Бевме во шок кога дознавме дека чекаме трето дете

Холивудската актерка Ен Хатавеј откри дека таа и нејзиниот сопруг Адам Шулман биле целосно изненадени кога дознале дека го очекуваат своето трето дете, иако бременоста била планирана.Во гостување во емисијата „Late Night with Seth Meyers“, 43-годишната добитничка на „Оскар“ низ смеа признала дека станува збор за бременост која ја нарекла „во последен момент“.„Бевме во целосен шок што успеа. Знаевме што правиме, но сепак останавме изненадени од исходот“, изјавила Хатавеј.Водителот Сет Мајерс, кој

Магазин | пред 3 месеци

media-library6bj48e9kcll68t10U4R

(Видео) Голем пожар во Брисел: Пронајдени јагленосани тела, има и исчезнати

Неколку јагленосани тела се пронајдени по големиот пожар што избувна во зграда во центарот на Брисел, додека најмалку шест лица сè уште се водат како исчезнати, јавуваат белгиските медиуми, повикувајќи се на локалните власти.Според првичните информации, телата биле пронајдени во еден од лифтовите во зградата, која била во фаза на реконструкција. Пристапот до вториот лифт првично бил невозможен, поради што спасувачките екипи не ја исклучуваат можноста таму да има уште жртви.Во пожарот се повреден

Свет | пред 3 месеци

media-libraryc52uertl99a455HFExt

Украинските напади ја намалија преработката на нафта во Русија

Бранот на украинските напади врз руската енергетска инфраструктура ја намали преработката на сурова нафта во Русија на најниско ниво во последните повеќе од 21 година, продлабочувајќи го недостигот на гориво на домашниот пазар и создавајќи дополнителен притисок врз глобалниот пазар на нафтени деривати.Според податоците на компанијата EA Analytics, руските рафинерии овој месец во просек преработувале 3,91 милиони барели сурова нафта дневно, што е најниско ниво од март 2005 година. Тоа е за повеќе

Свет | пред 3 месеци

media-librarynfoninapgqpkdStdocW

До 18 часот регистрирани девет пожари, два сè уште се активни

Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека до 18 часот денеска на територијата на државата се регистрирани вкупно девет пожари на отворен простор. Од нив, два се активни, еден е ставен под контрола, а шест се изгаснати.Активни се пожарите кај селото Бајково во Општина Струмица, каде што гори шума, како и кај селото Гарани во Општина Кичево, каде што се зафатени ниска вегетација и стрништа.Под контрола е пожарот кај селото Мокриево во Општина Ново Село, каде што горела ниска вегетација.Во

Македонија | пред 3 месеци

media-library2gu06alo7o1j0odtx6Q

Ѓорѓиевски: Ќе работиме на чистење на речните корита и критичните точки во Скопје

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека заедно со министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, одржал работен состанок посветен на унапредувањето на животната средина во главниот град.Според Ѓорѓиевски, на состанокот биле утврдени конкретни предизвици и приоритети на кои во наредниот период ќе работат заеднички и координирано.Посебен акцент, како што наведува тој, бил ставен на довршувањето на пречистителната станица, проект за кој оценува дека ќе придон

Скопје | пред 3 месеци

media-libraryul882s127qtf02ptL4l

Герасимовски: Наместо луксузни апартмани, на запленетата парцела во ДУП-от Барутана е планиран дом за стари лица

„На местото на конфискувана парцела, која била наменета за резиденцијално домување, предвидуваме пренамена и изградба на дом за стари лица. Плацовите на Водно конечно ќе добијат намена за обичните граѓани, а не за луксузни апартмани“, порача градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски на продолжението на 9. Седница, образложувајќи го нацрт планот за Градска четврт Ј 05-Барутана.Со ова, како што посочува Герасимовски, нацрт планот не отвора нова урбанизација, туку коригира постојно решен

Скопје | пред 3 месеци

microsoft

Шефот на Microsoft: „AI ви ги презема податоците, а вие плаќате за тоа“

Извршниот директор на Microsoft, Сатја Надела, предупреди дека компаниите кои користат вештачка интелигенција ризикуваат да ја изгубат контролата врз своите највредни деловни информации, доколку безрезервно се потпираат на големите AI-модели.Во објава на својот блог, Надела истакна дека корисниците на системите за вештачка интелигенција, како оние развиени од OpenAI и Anthropic, не плаќаат само за користење на технологијата, туку потенцијално им откриваат и вредни деловни податоци на компаниите

Свет | пред 3 месеци

media-librarynedo6bj77csd8XzEiFN

(Фото) Голем шумски пожар избувна во атарот на селото Бајково

Шумски пожар избувна денеска околу 16:30 часот во атарот на селото Бајково, во Општина Ново Село, на падините на планината Огражден.Поради опасноста пожарот да се прошири и да ја загрози црквата „Св. Петар и Павле“, во гаснењето ќе се вклучат два ер трактора на Дирекцијата за заштита и спасување.На терен веќе интервенираат струмичките пожарникари, доброволците од Доброволното противпожарно друштво „Рис“, како и повеќе граѓани кои помагаат во заштитата на црквата од огнената стихија. Според инфор

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryjb22uj89fjatf4Fi7Fb

Фолиите во кои беа пронајдени 350.000 евра не се контаминирани, тврди вештак на МВР

На денешното рочиште во предметот против апелацискиот судија Ѓоко Ристов, обвинет за прикривање имот и перење пари, вештак на Министерството за внатрешни работи изјави дека ДНК-материјалот пронајден на фолиите во кои биле завиткани 350.000 евра, пронајдени во ѕид од куќата на родителите на Ристов, не е контаминиран.Со ова, вештакот ги отфрли тврдењата на одбраната, која претходно посочи дека при вештачењето на еден од експертите му се скинала ракавицата, поради што, според нив, дошло до секундар

Македонија | пред 3 месеци

media-library4f208hufi1p62q3Zk6T

Условна казна затвор од една година за поранешната претседателка на ДКСК

Основниот кривичен суд Скопје ѝ изрече условна затворска казна од една година на поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, откако ја прогласи за виновна за кривичните дела одавање службена тајна и компјутерски фалсификат.За кривичното дело одавање службена тајна, поврзано со споделување информации од предмет во ДКСК со поранешниот директор на ТЕЦ „Неготино“, Небојша Стојановиќ, обвинет во предметот „Адитив“, судот ѝ изрече казна зат

Македонија | пред 3 месеци

brane

Петрушевски: Падна монтираниот случај за политички прогон против ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, преку објава на социјалните мрежи реагираше по денешната судска одлука, оценувајќи дека со неа, како што наведува, „паднал монтираниот случај за политички прогон против ВМРО-ДПМНЕ“.Петрушевски тврди дека предметот бил отворен од тогашното Специјално јавно обвинителство (СЈО) како дел од, според него, политички прогон насочен кон ВМРО-ДПМНЕ, со цел промена на името на државата.Тој посочува дека судската одлука е последица на измените на Кривичниот зако

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања