Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

media-library8u9op29k8lk696xy88l

Николоски во Подгорица: На регионот му се потребни партнерства, поврзаност и економска соработка

Заменик-претседателот на Владата, Александар Николоски, во рамки на работната посета на Црна Гора, денеска во Подгорица се сретна со црногорскиот вицепремиер Филип Ивановиќ, задолжен за европски и надворешни работи.На средбата биле разменети мислења за унапредување на билатералната соработка, продлабочување на добрососедските односи и можностите за интензивирање на партнерството во областите од заемен интерес.Посебен акцент бил ставен на европската интеграција, регионалната соработка и заедничка

Македонија | пред 3 седмици

media-library34t0dhu9v5f6548eTp0

Пецаков: Охрид и Дебрца имаат важна страница во народноослободителната борба

Со пригодна свеченост во Културниот дом во Лескоец беше одбележана 85-годишнината од 11 Октомври – Денот на народното востание, под мотото „Од востание до независност – 85 години борба, 35 години независност“.Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, потсети дека на 11 октомври 1941 година македонскиот народ ја започнал борбата за слобода, нагласувајќи дека овој историски датум оставил траен белег во националната историја.Тој посочи дека Охрид и Дебрца имаат значајно место во народноослободителна

ОО | пред 3 седмици

media-library5mtdru4pmu0ne1yoNRe

Трамп се надеваше на Нобелова награда за мир, но признанието заврши кај поранешната комесарка на ОН

Јужноафриканската правничка Нави Пилај е овогодишната добитничка на Нобеловата награда за мир, одлука што доаѓа во период на засилени тензии околу улогата на меѓународното право и институциите што ги штитат човековите права. Изборот повторно ги остави без признание очекувањата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој повеќепати тврдеше дека заслужува Нобелова награда за мир.Од враќањето во Белата куќа на почетокот на 2025 година, Трамп се повикува на сопствените тврдења дека решил осум кон

Свет | пред 3 седмици

media-librarye9d0qqtdkbk03Ee2GvW

Пецаков: Да го чуваме споменот на хероите кои се жртвуваа за слободна Македонија

Со свечен настан во Културниот дом во Лескоец беше одбележана 85-годишнината од Денот на народното востание – 11 Октомври, под мотото „Од востание до независност – 85 години борба, 35 години независност“.Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, истакна дека 11 Октомври е денот кога македонскиот народ ја избрал храброста и ја претворил надежта за слобода во одлучна борба, оставајќи траен белег во историјата.Тој нагласи дека Охрид и Дебрца имаат значајно место во народноослободителната борба и дек

ОО | пред 3 седмици

Screenshot-2024-01-28-at-14.21.29

Ѓоковиќ елиминиран уште на стартот во Шангај: „Не бев ни блиску до своето ниво“

Новак Ѓоковиќ го заврши настапот на мастерс-турнирот во Шангај уште по првиот натпревар, откако загуби од Полјакот Хуберт Хуркач со 6:4, 6:3. Српскиот тенисер призна дека не бил на вообичаеното ниво, посочувајќи го заморот и тешкотиите со приспособувањето на условите за игра.По успешната недела во Пекинг, Ѓоковиќ не успеа да ја повтори истата игра во Шангај. Тој истакна дека се чувствувал поуморно и дека немал доволно свежина, додека Хуркач одиграл одлично на сервис.„Не бев ни блиску до нивото н

Спорт | пред 3 седмици

media-library2p1cse6h17gsdhDQeAo

Украдени 30.000 шишиња вино вредни околу пет милиони евра од италијанска винарија

Од магацин на познатата италијанска винарија „Маркизи Антинори“ биле украдени околу 30.000 шишиња врвно вино, чија вредност се проценува на пет милиони евра. Компанијата соопшти дека грабежот се случил изминатиот викенд и ги предупреди купувачите да бидат внимателни со понудите што не доаѓаат од официјалните продажни канали.Винаријата, чие производство датира од 1385 година и чии производи денес се извезуваат во 170 земји, се надева дека украдените шишиња ќе бидат пронајдени и вратени.Според соо

Свет | пред 3 седмици

media-librarynm1sgglmh0ov1siMlrw

Николоски во Подгорица на средба со премиерот Спајиќ: Силно политичко партнерство меѓу Македонија и Црна Гора и засилена економска соработка за развој на регионот

Зголемување на трговската размена, подобрување на транспортната поврзаност и забрзување на европската интеграција беа дел од темите на средбата меѓу вицепремиерот Александар Николоски и црногорскиот премиер Милојко Спајиќ, одржана во рамките на работната посета на Николоски на Црна Гора.Соговорниците разговарале за можностите за продлабочување на политичките и економските односи меѓу двете земји, како и за регионалниот развој и заедничките предизвици на патот кон Европската Унија.На средбата бил

Македонија | пред 3 седмици

media-library2h6ls2otr4ub4w7WSdS

Украина пријави 78 загинати и 215 ранети во руските напади, Зеленски ги обвини САД за недоволна помош

Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара поголема поддршка од САД за одбраната на земјата, откако соопшти дека во руските напади во текот на два дена загинале 78 лица, а 215 биле повредени. Тој оцени дека Вашингтон не покажува доволна подготвеност да ѝ помогне на Украина, пренесе Ројтерс.За време на разговор со новинарите во Прилуки, на 8 октомври, Зеленски побара проширен пристап до сателитската услуга „Старлинк“, за украинските сили да можат да ги гаѓаат руските лансери за балистички

Свет | пред 3 седмици

Marta-Kos

Марта Кос: Слободата на медиумите, правата на ЛГБТИ-заедницата и локалната демократија во Турција дополнително го продлабочува јазот меѓу Анкара и Европската Унија

Состојбата со слободата на медиумите, правата на ЛГБТИ-заедницата и локалната демократија во Турција дополнително го продлабочува јазот меѓу Анкара и Европската Унија. Ова го изјави еврокомесарката за проширување, Марта Кос, предупредувајќи дека најновите случувања негативно влијаат врз европските амбиции на земјата.Кос говореше во турскиот град Едрене, во близина на границата со Бугарија, каде што посочи дека состојбите во овие области ја оддалечуваат Турција од нејзината цел за членство во ЕУ.

Свет | пред 3 седмици

media-libraryngq2nnf8rjgk4UVUFhE

161 прекршок при контроли на велосипедисти, мотоциклисти и возачи на тротинети

Вкупно 161 прекршок биле утврдени при засилените сообраќајни контроли што Министерството за внатрешни работи ги спровело на 8 октомври на територијата на целата држава. Контролите биле насочени кон возачите на велосипеди, велосипеди со помошен мотор, мотоцикли, трицикли, четирицикли и електрични тротинети.Акциските контроли ги спровел Секторот за сообраќајни работи при МВР, во периодот од 11 до 17 часот. За утврдените прекршоци биле преземени соодветни мерки согласно законските прописи.Најголем

Македонија | пред 3 седмици

market-pari

Потрошувачката кошница на Министерството изнесува 58.475 денари, а синдикалната околу 69.000 денари

Колку средства му се потребни на едно четиричлено семејство за да ги покрие основните месечни трошоци, според пресметката на Министерството за економија и труд, во август биле потребни 58.475 денари, додека синдикалната минимална кошница за септември достигнала 69.432 денари.Од вкупната сума пресметана од Министерството, 21.132 денари биле наменети за храна и пијалаци, а 1.429 денари за здравствени услуги.Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, ја претстави методологијата според која е из

Македонија | пред 3 седмици

1111-1

Од јули 2024 година до сега спречен влез на 246 мигранти во земјава

Вкупно 246 илегални мигранти биле спречени да влезат во земјава од јули 2024 година до денеска, а царинските мобилни тимови и единиците К9 годинава учествувале во 41 акција на Министерството за внатрешни работи. Овие резултати, според директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, ја потврдуваат важноста на меѓуинституционалната соработка во справувањето со илегалната миграција и организираниот криминал.Николовски ова го истакна на денешниот оперативен состанок на Заедничката група за миграц

Македонија | пред 3 седмици

media-library1gnqhtm9pp11eXgOeC1

Доживотен затвор доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане за четири убиства и два обида

Казна доживотен затвор му изрече судот во Куманово на 25-годишниот Трајко Бојковски од Старо Нагоричане, кој беше обвинет за четири убиства и два обида за убиство на жени во кумановскиот регион.Обвинението се однесува на шест напади извршени во периодот од јануари 2025 до февруари 2026 година, во повеќе села во Општина Старо Нагоричане. Четири жени ги загубиле животите, додека две преживеале.Според Обвинителството, жртвите главно биле повозрасни и немоќни жени, кои биле нападнати кога биле сами.

Македонија | пред 3 седмици

media-library3i20nhhgf8a46Z9a23V

Марихуана, хероин, амфетамин и муниција пронајдени при полициски претреси низ државата

Министерството за внатрешни работи информира за повеќе кривични пријави поднесени против лица од неколку градови, поради сомнение за недозволена трговија со дрога и поседување оружје и пиротехнички средства.СВР Скопје поднело кривична пријава против 25-годишниот М.С. од Скопје, откако на 2 октомври при контрола на автомобил „сеат леон“ што го управувал била пронајдена марихуана. Дрога била пронајдена и при подоцнежен претрес во домот во кој живее.СВР Велес поднело пријава против 35-годишниот Т.Т

Македонија | пред 3 седмици

uapsen

МВР уапси 12 возачи за безобѕирно управување, десетмина возеле без возачка дозвола

Во текот на изминатото деноноќие, полициски службеници на различни локации низ државата лишиле од слобода 12 возачи поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“, согласно член 297-а од Кривичниот законик.Според Министерството за внатрешни работи, десетмина од нив управувале возила без положен возачки испит. Меѓу нив се лица од Скопје, Гостивар, гостиварското село Чегране, Битола и Велес, а меѓу осомничените има и двајца 16-годишници.Дополнително, полицијата го лишила о

Македонија | пред 3 седмици

media-library3uu5pn10bdbl0OoSSYU

(Видео) Пекинг отвори воена база во Лаос, на локација што некогаш ја користела американската ЦИА

Кина официјално отвори нова воена база во северозападниот дел на Лаос, на локација што за време на Виетнамската војна ја користела компанијата „Ер Америка“, управувана од американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА).Според Си-ен-ен, комплексот се наоѓа на околу 64 километри северно од главниот град Виентијан и на приближно 40 километри од најблиската граница со Тајланд. Во него се сместени Заедничкиот центар за поддршка и обука на Кина и Лаос на аеродромот Бан Кеун, како и Воздухопловната

Свет | пред 3 седмици

media-libraryuorm5rg4lhh68fwu8X9

Од понеделник „Безбеден град“ се активира и во Охрид

Системот за видеонадзор „Безбеден град“ од понеделник, 12 октомври, официјално ќе започне со работа и на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Охрид, соопшти Министерството за внатрешни работи.По завршувањето на техничките проверки и финалните тестирања, камерите поставени на клучните сообраќајници во охридскиот регион ќе бидат целосно ставени во функција.Од МВР наведуваат дека со активирањето на системот се очекува да се овозможи постојана контрола на сообраќајот, побрзо откривање и санкци

Македонија | пред 3 седмици

media-library4ghbfu3jjeog3jeI9vv

ПЕТ центарот ќе работи за викенди и празници

ПЕТ центарот ќе продолжи да работи и за време на викендите и празниците, почнувајќи од претстојниот продолжен викенд, со цел да се намалат листите на чекање и пациентите побрзо да добијат пристап до потребната дијагностика.Министерството за здравство, во соработка со ПЕТ центарот, информира дека работата за викенди ќе продолжи и во наредниот период, согласно утврдениот план.Директорката на ПЕТ центарот, д-р Невена Маневска, изјави дека реорганизацијата има цел да го намали времето на чекање и да

Македонија | пред 3 седмици

media-librarylmp23k4nm4765OCGy2c

Косел трева со косилка, па предизвикал пожар што зафатил куќа

Против 38-годишен жител на Македонски Брод е поднесена кривична пријава поради сомнение за предизвикување општа опасност, откако при косење трева избил пожар во селото Брезница.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 5 септември 2026 година, кога мажот косел трева околу својата куќа. Од искрење од моторот на косилката настанал пожар, кој зафатил површина од околу 2.000 квадратни метри.Во пожарот била зафатена куќа, а целосно изгорел и просторот во кој с

Македонија | пред 3 седмици

media-library1bm0jdblcp44fiPxk3i

Автомобил излетал од патот кон Нов Дојран, двајца тешко повредени

Двајца млади жители на Гевгелија се здобиле со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила на локалниот пат од селото Црничани кон Нов Дојран.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена на 8 октомври во 20:40 часот во Полициската станица во Гевгелија. Патничко возило „Хјундаи“, со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од 21-годишниот А.Ж. од Гевгелија, излетало надвор од патот.Во несреќата тешко биле повредени возачот и неговиот 18-годи

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryjv8lc12fih1edM58h0e

Тешка сообраќајка на крстосницата кај Кале, повреден 54-годишен мотоциклист

Возач на мопед на возраст од 54 години се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила на крстосницата на улиците „Самоилова“ и „Прохор Пчински“, кај паркингот Кале во Скопје.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена на 8 октомври во 10:30 часот во СВР Скопје. Во неа учествувале патничко возило „опел“, управувано од 68-годишниот С.Н. од Скопје, и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од З.С. од селото Стајковци.Во судиро

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryelnsls13q2tubid3wIc

Мотоциклист тешко повреден во судир со „голф“ во Делчево

Триесет и осумгодишен жител на селото Турија се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила на улицата „Маршал Тито“ во Делчево.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена на 7 октомври околу 21 часот во Одделението за внатрешни работи Делчево. Во неа учествувале мопед, управуван од Г.Ц. (38) од Турија, и патничко возило „фолксваген голф“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од 23-годишниот М.М. од Делчево.Во судирот тешко

Македонија | пред 3 седмици

media-librarytq9r1brts74h697dUC3

Кражба на ореви и бадеми во Кавадарци, следуваат кривични пријави

Двајца мажи од Кавадаречко биле лишени од слобода под сомнение дека украле поголема количина ореви од нива во сопственост на правно лице, а полицијата разговарала и со уште едно лице осомничено за кражба на бадеми.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 8 октомври во 13:30 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода С.Ј. (64) од селото Марена и И.Б. (57) од селото Мајден. Тие се сомничат дека од нива на местото викано „Краиште“ одзеле поголема количина

Македонија | пред 3 седмици

media-librarygan6kj3hhkpp8ltitPV

Пет малолетници нападнале момче на игралиште во Карпош

Малолетник бил физички нападнат од пет други малолетници на детско игралиште во скопската општина Карпош, а полицијата презема мерки за расчистување на случајот.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, нападот се случил на 3 октомври околу 18:30 часот. Настанот бил пријавен во СВР Скопје на 8 октомври во 11:20 часот.Од петтемина малолетници кои го нападнале, двајца му биле познати на нападнатиот.Полицијата презема мерки за утврдување на околностите и целосно расчистување на слу

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryef6f0du6rpf9e7EEeSZ

Акција на границата кај Гевгелија: Спречен влез на 40 мигранти, 15 уапсени

Полициски службеници спречиле група од околу 40 мигранти да влезе илегално во Македонија во близина на границата со Грција, во атарот на гевгелиското село Моин.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 8 октомври околу 17:30 часот, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица ја забележале групата на местото викано „Ќупот“.При преземањето на мерките, полицајците испукале неколку предупредувачки истрели во воздух. Петнаесет мигр

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања