Промени тема
Контакт

Најнови вести

1 мес.
media-libraryjlkrl227bpj5fgpWK4M

Тешко повреден 39-годишен мопедист по пад на патот Џепчиште – Једоарце

39-годишен жител на тетовско Џепчиште е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила на локалниот пат меѓу Џепчиште и Једоарце.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека несреќата била пријавена вчера околу 15:30 часот во СВР Тетово.Според пријавеното, Е.Џ. управувал мопед со скопски регистарски ознаки, кога од засега непознати причини изгубил контрола над возилото и паднал на коловозот.При падот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Клиничката болница

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-library9rdrrl87i5108rSVih5

Бројот на жртви во Непал се искачи на 270 по катастрофалните поплави

Бројот на жртвите во катастрофалните поплави во Непал нагло се зголеми, откако спасувачките екипи пронајдоа уште десетици тела во погодените подрачја.Непалската полиција соопшти дека досега се пронајдени 270 тела, што е за 93 повеќе од претходно објавената бројка од 177 загинати.Спасувачките операции продолжуваат во исклучително тешки услови, а властите очекуваат бројот на жртвите дополнително да расте со напредувањето на потрагата.Катастрофалните поројни поплави и свлечишта го погодија погранич

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryud02umlrg509fTjNQtW

(Видео) Алкарас се насмеа на предлогот на Серена: „Татко ми би добил срцев удар“

По подолгата пауза поради повреда, Карлос Алкарас се врати на тениските терени, а на почетокот на настапите на УС Опен повторно привлече внимание и со своето расположение надвор од теренот.Шпанскиот тенисер заедно со Серена Вилијамс, со која настапуваше во мешани двојки, даде интервју за „Vogue“, а еден од интересните моменти бил разговорот за неговата фризура.Серена решила да му даде и конкретен предлог – следниот пат Алкарас да се појави со фризура позната како „мохок“.Предлогот го насмеал 22-

Спорт | пред 1 месец

1 мес.
media-library97nbejeldv7reBtp2Qd

Маларија се појави на аеродром во Германија: шестмина заразени, двајца починати

Необична појава на маларија предизвика загриженост во Германија, откако шестмина вработени на аеродромот во Франкфурт се заразиле со оваа болест, а двајца од нив починале.Германските здравствени власти истражуваат како дошло до заразувањето, а една од главните претпоставки е дека заразени комарци можеби биле внесени во земјата со авион.Првите случаи биле регистрирани во јули, кога било потврдено дека четворица работници заболеле. Во меѓувреме, бројот на заразени се зголемил на шест, а во средата

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-library4bb6t509i29t0ECHASx

(Видео) Жесток руски напад врз Киев: Дрон падна во срцето на украинската престолнина

Украинската престолнина Киев утрово повторно беше цел на жесток руски напад со беспилотни летала, при што се регистрирани директни удари и пад на остатоци од соборени дронови во повеќе делови од градот.Според градоначалникот Виталиј Кличко и градската воена управа, украинската противвоздушна одбрана активно дејствувала додека руските дронови прелетувале над различни квартови.Во Печерскиот округ, во централното градско подрачје, остатоци од соборен дрон паднале на нестамбена локација и оштетиле с

Свет | пред 1 месец

1 мес.
20230503092858

„Мандатот е истечен, избори нема – да ја прогласиме Калина за доживотен претседател?“, вели докторот Лазаров со остри обвинувања за Лекарската комора

Остри критики кон раководството на Лекарската комора упати докторот Ненад Лазаров, кој преку јавна објава го постави прашањето зошто не се распишуваат избори иако, според него, мандатот на актуелното раководство е истечен.Лазаров реагира дека состојбата во Комората трае предолго и со ироничен тон предлага промена на статутот со која актуелната претседателка Калина би била прогласена за доживотен претседател, заедно со делегатите.„Мандатот е истечен, избори не се распишуваат, ако не, па да сменим

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-library003hjrcgltll3uCGe3p

(Видео) Нова опасност на Хималаите: Езеро од два милиони кубни метри вода се заканува да ја пробие природната брана

Опасноста во Хималаите не завршува по разорните поплави што ги погодија Непал и Тибет. Кинеските власти предупредуваат дека во областа Ѓиронг и понатаму постои сериозна закана од свлечишта, поројни поплави и нови наноси од кал, особено поради дождовите што се очекуваат во следните три дена.Дополнителна опасност е забележана на непалската страна од границата, недалеку од преминот Ѓиронг. Снимките направени со дрон и објавени од кинеската државна телевизија CCTV покажуваат дека зад одроните се фор

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryqlrpd0b966978v1Kf15

Водата во Скопје е безбедна за пиење, покажуваат резултатите од испитаните 44 примероци

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје продолжува со секојдневните контроли на квалитетот и безбедноста на водата за пиење, а последните анализи покажуваат дека водата од скопскиот водоснабдителен систем ги исполнува пропишаните стандарди.Во текот на 26 август, Секторот за санитарна контрола при претпријатието зел 44 примероци од водоводната мрежа на град Скопје, од кои четири биле од бунарскиот потег Нерези–Лепенец.Од „Водовод и канализација“ информираат дека мониторингот се спроведува согласно П

Скопје | пред 1 месец

1 мес.
media-library43a3fp3nvvsc29P6LA4

„Зошто и по шест недели по труењето во Гостивар, извештај за водата не се објавува?“, велат од СДСМ

Шест недели по труењето во Гостивар, СДСМ преку соопштение бара од надлежните институции да го објават целосниот извештај за состојбата со водата за пиење, како и сите направени анализи и документација поврзана со случајот.Од опозициската партија посочуваат дека во текот на кризата повеќе од 5.000 граѓани побарале медицинска помош, но и натаму, како што велат, јавноста нема увид во целосните резултати од испитувањата на водата.СДСМ прашува зошто граѓаните не можат да ги видат резултатите, анализ

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryanliv07mt9v61z4aaO6

(Видео) Слонот немаше нерви за бавно одење: Го зеде чуварот со сурлата и го помести настрана

Бавното одење на еден чувар очигледно не му се допаднало на слонот кој бил со него, па животното решило само да го „реши“ проблемот. Во необичен момент снимен со камера, слонот внимателно го кренал својот чувар и го поместил настрана, оставајќи ги присутните изненадени и насмеани.Снимката брзо се проширила на социјалните мрежи, каде што корисниците се пошегувале дека слонот едноставно го изгубил трпението и решил да ги преземе работите во свои „раце“, односно со сурлата.Други, пак, биле воодушев

Вирално | пред 1 месец

1 мес.
ali-ahmeti

ДУИ: Не еден, туку вкупно пет тендери за братучедот на директорот на ВЛЕН во „Бардовци“

ДУИ преку соопштение обвинува дека случајот со јавните набавки во Психијатриската болница „Бардовци“ е поширок од првично објавеното и тврди дека компанијата „Индиго Инц“ ДООЕЛ Скопје, која ја поврзува со братучедот на директорот Иса Авдулаи, добила вкупно пет тендери откако тој ја презел функцијата.Од партијата посочуваат дека првиот договор бил склучен на 15 октомври 2024 година, три месеци откако Авдулаи бил именуван за вршител на должноста директор. Според ДУИ, договорот бил во вредност до 6

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryv6ei2si0hg9n1VlSshW

Го грабнале и тепале за да признае силување: Двајца кавадарчани осудени на вкупно 10 години затвор

Двајцата обвинети за грабнување на 21-годишно момче од Неготино признале вина пред Кривичниот совет при Основниот суд Кавадарци, кој им изрече вкупно 10 години затвор.Б. М. (37) е осуден на шест години затвор, додека Ќ. С. (30) доби четиригодишна затворска казна. На двајцата им е продолжен притворот до правосилноста на пресудата.Пресудата е првостепена, што значи дека странките имаат право на жалба до Апелацискиот суд. Од Основното јавно обвинителство Кавадарци веќе најавија дека ќе поднесат жал

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
komarci-960x621-1

Западнонилската треска се шири во Грција: 232 заразени и 19 починати

Бројот на случаи на западнонилска треска во Грција продолжува брзо да расте, а најголем број заразени се регистрирани во поширокото подрачје на Атина. Од почетокот на годината досега во земјата се потврдени 232 случаи, при што 19 лица починале од последиците на болеста, соопшти Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ).Станува збор за значителен пораст во краток период. На крајот на јули биле регистрирани 42 случаи, додека пред една недела бројката изнесувала 157. Со најновите податоци,

Балкан | пред 1 месец

1 мес.
media-library51bbtg2c7kaa8ggtITP

Извозот на гас од Катар падна за 96 отсто: Земјата загуби 24 милијарди долари

Катар претрпе огромни финансиски загуби поради нарушувањата во поморскиот сообраќај низ Ормускиот Теснец, откако извозот на течен природен гас (ЛНГ) во период од шест месеци падна за дури 96 отсто. Според проценките на „Ројтерс“, земјата останала без околу 24 милијарди долари приходи од продажбата на гас.Станува збор за износ што Катар би го остварил за приближно пет месеци, според приходите од 2025 година. Поради својата силна зависност од извозот на ЛНГ, земјата е меѓу најголемите економски гу

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryjs99c1mk31qr8CbFl1A

„Филипче се фали со одлуки на обвинител кој слепо следи партиски насоки што е сосема спротивно од европските стандарди“, вели ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение реагира на изјавите на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, во врска со одлуката на обвинителството да не поведе обвинение против него за случајот со 19 модуларни болници, меѓу кои и болницата во Тетово каде во пожарот загинаа 14 лица.Од партијата велат дека Филипче сега се повикува на одлуката на Ислам Абази како потврда дека нема одговорност за случајот, иако токму системот на правосудството што, како што наведуваат, го создавале СДСМ и ДУИ додека биле на власт, го довел

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-library0r6i399ijv7jfxkwNhH

За три дена регистрирани 1.621 сообраќаен прекршок, 43 лица уапсени

Полициските службеници во изминатите три дена регистрирале 1.621 сообраќаен прекршок на патиштата низ државата, а 43 лица биле лишени од слобода поради безобѕирно управување со возило, соопшти Министерството за внатрешни работи.Контролите биле спроведени на 24, 25 и 26 август од страна на полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи. Од вкупниот број издадени платни налози, 456 се однесуваат на возачи кои ја надминале дозволената брзина.Од 43-те лица лишени од слобода поради безобѕ

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-library5jtjd07rgr419JapC03

„Штетата за Државната лотарија со своето толкување ја прават МВР и ЈО“, вели професорот Калајџиев за случајот за Груби

Професорот на Правниот факултет, Гордан Калајџиев, смета дека случајот поврзан со набавката на апарати за Државната лотарија не треба да се третира како кривичен спор и дека постапувањето на институциите може да ѝ нанесе штета токму на државната компанија.Калајџиев во својата оценка посочува дека МВР и Јавното обвинителство, со начинот на кој го толкуваат случајот и набавката на апаратите, можат да предизвикаат штета за Државната лотарија.Според него, постапките за кои се товарат обвинетите всуш

Коментари | пред 1 месец

1 мес.
Sobranie-zgrada

Од безбедноста во сообраќајот до борбата против корупцијата: Пет собраниски комисии денеска заседаваат

Пет собраниски комисии денеска ќе одржат седници на кои ќе се разгледуваат предлог-закони, национални стратегии, извештаи за работата на правосудните институции, како и предлози за избор и именување функционери.Комисијата за одбрана и безбедност ќе ја одржи 49. седница, со една точка на дневен ред – Предлог-националната стратегија за безбедност на сообраќајот на патиштата за периодот 2026-2030 година.На 190. седница ќе заседава и Законодавно-правната комисија. Покрај стратегијата за безбедност н

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-library723urhnqge1f2Uj7BaD

Се мијат улиците, булеварите и просторот околу контејнерите во Скопје

Екипите на ЈП „Комунална хигиена-Скопје“ продолжуваат со редовно одржување на хигиената на јавните површини во сите скопски општини, со посебен акцент на просторот околу садовите за комунален отпад.Микролокациите на кои се поставени контејнерите секојдневно се мијат рачно, најчесто во доцните вечерни часови, откако ќе заврши празнењето на садовите. На овој начин, како што информираат од претпријатието, се одржува чистотата на просторот околу контејнерите.Покрај овие активности, продолжува и маши

Скопје | пред 1 месец

1 мес.
media-library006733a94g0e1RsM7NS

„До 30 септември училишен прибор по пониски цени од 10 до 15%,Владата трета година по ред со училишна кошничка на почеток на учебната година“, вели ВМРО-ДПМНЕ

До 30 септември годинава ќе важат намалени цени на училишниот прибор, откако Владата донесе мерка со која трговците на големо и мало се задолжуваат да ги намалат цените на производите потребни за почетокот на учебната година.Според ВМРО-ДПМНЕ, трговците на големо треба да ги намалат цените за најмалку 10 отсто, додека кај трговците на мало намалувањето треба да изнесува најмалку 15 отсто.Мерката опфаќа голем број производи што им се потребни на учениците, меѓу кои ранци и ташни, тетратки, блоков

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-library8cd0jpv0aak195JEOFQ

Во Србија регистрирани 11 случаи на западнонилска треска, 10 со потешка форма

Во Србија од почетокот на сезонското следење до 23 август се регистрирани вкупно 11 случаи на западнонилска треска, соопшти Институтот за јавно здравје на Србија „Д-р Милан Јовановиќ Батут“. Кај 10 од заразените се развила потешка, односно невроинвазивна форма на болеста.Случаите се потврдени во шест окрузи откако на 1 јуни започнало сезонското следење. Три случаи се регистрирани во Среднобанатскиот округ, додека во Белград, Јужнобанатскиот и Јужнобачкиот округ има по два случаи. По еден случај

Балкан | пред 1 месец

1 мес.
media-library5vkk4o9572aj27AOPkZ

Лола Радивојевиќ елиминирана по голема драма во квалификациите за УС Опен

Српската тенисерка Лола Радивојевиќ не успеа да стигне до третото коло од квалификациите за главниот турнир на УС Опен, откако по голема борба загуби од руската тенисерка Кристина Љутова со 2:1 во сетови.Љутова славеше по два часа и 19 минути игра со 6:2, 5:7, 6:4, со што ја прекина надежта на Радивојевиќ за пласман во завршната рунда од квалификациите.Мечот донесе големи пресврти, особено во вториот и третиот сет. Радивојевиќ имаше одлична можност да направи целосен пресврт откако во вториот се

Спорт | пред 1 месец

1 мес.
media-library0m4sqnslod543wLRbOE

Продолжениот викенд носи гужви: Се очекуваат долги колони кон Грција

Патувањата за продолжениот викенд, во комбинација со вообичаената смена на туристите на крајот од август, се очекува да предизвикаат значително зголемување на сообраќајот на патиштата и подолги задржувања на граничните премини со Грција.Во петок и сабота се очекува најголем број возила да се движат кон јужниот сосед. Неработните денови ќе ги искористат голем број граѓани за патување кон грчките туристички места, додека дополнителен сообраќаен притисок ќе создаваат и странските туристи кои во ово

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-library4p18jn9maob39SFldnK

Северна Кореја се закани со „силен и итен одговор“ по американската продажба на оружје за Јужна Кореја

Северна Кореја ја осуди одлуката на Соединетите Американски Држави да ѝ одобрат на Јужна Кореја можна продажба на ракети и друга воена опрема, оценувајќи дека Вашингтон зазема „отворено непријателски став“ кон Пјонгјанг.Севернокорејската државна агенција KCNA ја пренесе изјавата на портпарол на Министерството за надворешни работи, според која Пјонгјанг ќе одговори „сериозно, веднаш и силно“ на, како што ги нарекува, непријателските постапки на САД.Реакцијата следува во период кога американскиот

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryv06a0t2fep237FmrqfK

Миграцијата во ЕУ во пад: 37 отсто помалку незаконски преминувања во првите седум месеци

Бројот на лица кои незаконски ги преминале надворешните граници на Европската Унија во првите седум месеци од 2026 година е намален за 37 отсто во споредба со истиот период минатата година. Според прелиминарните податоци на европската агенција за гранична и крајбрежна стража Фронтекс, од јануари до јули биле регистрирани околу 61.000 незаконски преминувања.Намалување е забележано на речиси сите главни миграциски правци. На источномедитеранската рута биле регистрирани 20.232 незаконски влегувања,

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања