Промени тема
Контакт

Најнови вести

1 мес.
media-librarym1rjbtb3q3p70Zxt4aC

Тим Кари, ѕвездата на „Rocky Horror Picture Show“ и „It“, почина на 80 години

Британскиот актер Тим Кари, познат по култните улоги во „The Rocky Horror Picture Show“, „It“ и „Annie“, почина на 80-годишна возраст.Кари починал мирно во својот дом во Толука Лејк, Лос Анџелес, на 25 август, потврдил неговиот претставник за „People“. Полицијата во Лос Анџелес соопшти дека била повикана во домот во текот на ноќта и спровела истрага за смртта на маж во осмата деценија од животот.Кари беше особено познат по улогата на доктор Френк-Н-Фертер во култниот филм „The Rocky Horror Pictu

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-library3v1okngkog6c9sWWKQp

Голем пожар во Албанија: Огнот се приближува до куќи

Голем пожар попладнево избувна на ридскиот појас над Саранда, во јужна Албанија, при што огнената линија се шири низ борова шума и нискостеблеста вегетација во близина на Манастирот на 40-те Светители.Поради сувото време и силниот ветер, огнот се шири со голема брзина и се приближува кон неколку станбени објекти на периферијата на Саранда. Над крајбрежниот град се издига густ облак чад, кој е видлив од централното градско подрачје и од плажите.Противпожарните екипи од Саранда веднаш излегле на т

Балкан | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryabpnnkvkudne1DUDhMZ

САД ја прекинаа кинеската хакерска операција: На мета биле НАСА, Сенатот и други институции

Американските власти соопштија дека прекинале кинеска хакерска операција преку која биле извршени упади во системите на Министерството за правда, НАСА, Федералните резерви, Сенатот и други владини институции.Министерството за правда соопшти дека ги запленило домените користени од две хакерски платформи, „QScan“ и „QTRouter“, кои, според американските власти, биле дел од поширока сајбер-кампања.Меѓу целите биле и Министерството за енергетика, Министерството за здравство, Националните институти за

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryupvb09rnl8b69zo3ZVb

Бројот на жртви во Непал расте: Најмалку 157 загинати во поплавите

Најмалку 157 лица загинаа во разорните поплави и одрони што го погодија Непал, соопшти локалната полиција. Се стравува дека бројот на жртви дополнително ќе расте.Најмногу загинати, 64, се регистрирани во областа Читван, 27 во Дадинг, 22 во Источен Навалпараси и 19 во Горка. Во Нувакот се потврдени 13 смртни случаи, во Танахун девет, а во Расува три.На погодените подрачја досега се испратени повеќе од 3.300 полицајци, додека 49 повредени лица се згрижени во болниците.Снимките од погодените делови

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryc2f7s1r22pj82VK4d4u

Во Бугарија потврдена примарна епидемија на антракс на сточарска фарма

Бугарската агенција за безбедност на храната потврди појава на антракс во сточарска фарма со 205 говеда во селото Стефаново, во областа Ловеч. Болеста лабораториски е потврдена на 26 август.Сомнежот се појавил откако сопствениците на фармата, кои биле примени во здравствена установа, пријавиле симптоми. Еден од нив претходно забележал знаци на болест кај говедо, по што го заклал и месото го складирал во замрзнувач.Фармата веднаш е ставена под карантин, а спроведена е дезинфекција на просторот, м

Балкан | пред 1 месец

1 мес.
media-librarymq408sfbvekv546rBpL

Голем пресврт во Унгарија: Новата влада ја прогласи Русија за закана

Премиерот на Унгарија, Петер Маѓар, потпиша насоки за унгарската делегација на Генералното собрание на ОН, во кои Русија е оценета како закана за Унгарија, Европа и светскиот поредок.Во документот, Будимпешта ја осудува руската воена агресија и го поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во меѓународно признатите граници, како и нејзиното право на самоодбрана.Унгарија истовремено ги поддржува напорите за преговори за траен мир и долгорочни безбедносни гаранции за Украина.П

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryun9tb9jchivtaakxn0Q

Песков потврди: Шефот на ЦИА имал контакти со руските разузнавачи, но не се сретнал со Путин

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, потврди дека директорот на ЦИА, Џон Ратклиф, за време на вчерашната посета на Москва имал контакти со руски разузнавачки претставници, но категорично ги отфрли информациите дека се сретнал со Владимир Путин.Песков изјави дека рускиот претседател бил информиран за контактите, но засега нема планирани нови средби на ниво на Кремљ со американски претставници.„Имало контакти преку разузнавачките служби. Можам да ве уверам дека немало средби со рускиот претседате

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-library9g7kmr1cetu3eRXzKB2

Бугарија го регистрира првиот случај на западнонилска треска годинава

Првиот случај на западнонилска треска годинава е регистриран во Бугарија, соопшти Националниот центар за борба со заразни болести.Станува збор за 63-годишен пациент од Пловдив, кај кого по летниот одмор на Црното Море се развиле невролошки компликации. Инфекцијата официјално била регистрирана во периодот од 17 до 23 август.Мажот кон крајот на јули побарал медицинска помош поради болки во мускулите, кашлица и треска. Една недела подоцна бил хоспитализиран поради симптоми слични на грип, а кон сре

Балкан | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryjg74nbu0m8ovfnJnzrF

Маж во САД убил пет лица по расправија со девојката

Пет лица се убиени во крваво злосторство во Орегон, САД, а за убиствата е осомничен 36-годишен маж, соопшти полицијата.Според истрагата, Бенџамин Чарлс Паркер прво ја убил својата 26-годишна девојка, Стела Џејд Кимси. Нејзината 60-годишна мајка, Рован Карла Кимси, пристигнала на имотот откако нејзината ќерка престанала да одговара на повици, а потоа била убиена и таа.На имотот подоцна пристигнале и најдобрата пријателка на Стела, 26-годишната Линси Меј Харладсен, нејзиниот 27-годишен партнер, Ал

Свет | пред 1 месец

1 мес.
bez-voda

Проверете дали сте на листата: Утре прекин на водоснабдувањето на две улици

Поради изведување на водоводен приклучок со профил од 200 милиметри на улицата „Воин Драшкоци“, утре, 27 август, без водоснабдување ќе останат корисниците од улиците „Воин Драшкоци“ и „Исаија Мажовски“.Прекинот на водоснабдувањето ќе започне во 9 часот и ќе трае до завршување на работните активности, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Скопје | пред 1 месец

1 мес.
struja-1

Утре без струја во делови од Скопје: Проверете дали сте на листата

Поради планирани технички интервенции на ЕВН Македонија, утре, 27 август, без електрична енергија ќе останат повеќе локации во Скопје.Во периодот од 5 до 7 часот, прекин ќе има на улиците „Беаз Куле“, „Гостиварска“ и околината во Општина Ѓорче Петров.Од 9 до 12 часот, без струја ќе биде ТС „Подстаница“ во село Драчево, на улица „Сердарот“, во Општина Аеродром.

Скопје | пред 1 месец

1 мес.
media-librarymbv4bsofplgr8TBXYVf

До 18 часот регистрирани 19 пожари на отворено, пет се активни

До 18 часот денеска во земјава се регистрирани 19 пожари на отворен простор, од кои пет се активни, три се ставени под контрола, а 11 се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).Активни пожари има во општините Студеничани и Зелениково, на подрачјето на Гостивар и Македонски Брод, во селото Тисовица во Зелениково, над Нежилово во Општина Чашка и на депонијата во Ново Село.Три пожари се под контрола – во Тајмиште во Кичево, на градската депонија „Мелци“ во Кавадарци и на

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-librarygmmni58ahu569B2b2rM

Доли Партон остави песна која ќе биде отклучена на нејзиниот 100-ти роденден

Доли Партон уште пред повеќе од една деценија открила која песна сакала да биде изведена на нејзиниот погреб, но оставила и музичка порака која јавноста ќе ја слушне дури во 2046 година.Кантри-легендата, која почина во вторник на 80-годишна возраст по кратка битка со рак, во интервју во 2014 година изјавила дека на нејзиниот погреб сака да биде изведена госпел-песната „If We Never Meet Again“. Песната била омилена на нејзиниот татко, а била изведена и на неговиот погреб во 2000 година.Партон пре

Сцена | пред 1 месец

1 мес.
media-librarypmcm6mhedpo9aULCyw2

Бил Гејтс предупредува: „Можеме да ја изгубиме контролата врз вештачката интелигенција“

Вештачката интелигенција мора да биде подложена на строги ограничувања, бидејќи ризиците од нејзиниот развој би можеле да ги надминат потенцијалните придобивки, предупреди коосновачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс.Во текст објавен на неговата страница „Gates Notes“, Гејтс оцени дека одлуките што се носат во овој момент ќе бидат клучни за тоа дали вештачката интелигенција ќе стане алатка за поголема еднаквост или ќе создаде нови форми на неправда.Тој предупреди на можноста за масовна загуба на работ

Технологија | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryqk9pqkn2kc5o8KfsDyx

Клековски: Подготвивме нова страница на МЗ и ИЈЗ со податоци за западнонилската треска, издадено и ажурирано упатство до матичните лекари

Министерот за здравство, Сашо Клековски, денес одржа прес-конференција на која информираше за последните новости за епидемијата на западнонилска треска.Во моментот има вкупно 53 пациенти кои прележале, имаат или се сомнителни за западнонилска треска, од кои 50 се потврдени, а тројца се сомнителни и се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести. Вкупно 52 пациенти се со невроинвазивна форма. Од Клиниката за инфективни болести, 25 пациенти се излекувани и пуштени на домашно лекување, за жа

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-librarynto4oka2v40k6J0up9B

Грција издаде над 32 илјади „златни визи“, речиси половина се за кинески државјани

Речиси половина од активните дозволи за престој во Грција издадени преку програмата „Златна виза“ им припаѓаат на кинески државјани, покажуваат официјалните податоци на грчкото Министерство за миграција и азил.Заклучно со јуни 2026 година, активни се 32.702 дозволи за престој добиени преку инвестиции во недвижности, без да бидат вклучени членовите на семејствата на инвеститорите. Од нив, 11.921 дозвола или 47,7 отсто се издадени на кинески државјани.На второ место се Турците со 4.543 дозволи, а

Балкан | пред 1 месец

1 мес.
SeKXr-

Нафтата поевтинува, пазарите се надеваат на повторно отворање на Ормускиот Теснец

Цената на нафтата на светските пазари падна кон 86 долари за барел, поттикната од надежите дека напредокот во разговорите меѓу Иран и Оман може да доведе до повторно отворање на Ормускиот Теснец и олеснување на нарушувањата во поморскиот сообраќај.На лондонскиот пазар, цената на барелот брент околу пладне изнесуваше 86,70 долари, што е пад од 1,88 долари во однос на претходното затворање. На американскиот пазар, нафтата поевтини за 1,61 долар, на 80,75 долари за барел.Во центарот на вниманието с

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryumbu21pcj1j54KMMoFP

Трамп за средбата на шефот на ЦИА во Москва: „Можеби нешто ќе произлезе од тоа“

Американскиот претседател Доналд Трамп ја оцени како „полурутинска“ ненадејната посета на директорот на Централната разузнавачка агенција (ЦИА) Џон Ретклиф во Москва, каде што вчера разговарал со руски разузнавачки претставници.Ретклиф со американски воен авион пристигнал во рускиот главен град и по само неколку часа ја напуштил земјата. Причината за посетата не беше официјално соопштена, што предизвика бројни шпекулации.Трамп не откри детали од разговорите, но порача дека од средбата „можеби не

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-library3lp5aqc3s2v192BIUrY

Иран и Оман договорија привремен коридор за бродовите низ Ормускиот Теснец

Иран и Оман се договорија да работат на воспоставување привремен навигациски коридор низ Ормускиот Теснец, со цел постепено да се овозможи нормализирање на бродскиот сообраќај низ овој стратешки важен воден пат.Договорот бил постигнат на средбата во Техеран меѓу министрите за надворешни работи на двете земји, Бадр Албусаиди и Абас Арагчи. Предвидено е, покрај привремениот коридор, да се работи и на расчистување на мини и воспоставување траен навигациски коридор.Иранскиот заменик-министер за надв

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-library51m729tdhvl9be9kmSU

(Видео) Кавадарци се подготвува за Тиквешкиот гроздобер: богата програма, карневал и гости од Македонија и странство

Кавадарци и годинава се подготвува за традиционалниот Тиквешки гроздобер, една од најголемите културни манифестации во земјава, која од 4 до 6 септември ќе понуди музичка, културна и забавна програма за посетителите од Македонија и странство.Претседателот на Советот на Општина Кавадарци, Стојанчо Рамов, на прес-конференција истакна дека Тиквешкиот гроздобер претставува дел од идентитетот на градот и традиција која датира од 1964 година.Според него, интересот за манифестацијата од година во годин

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryrbpl0k4nr6d7aHpYJiY

403 лица исчезнати во Непал, властите во Индија се подготвуваат за можни поплави

Властите во Непал продолжуваат со потрагата по стотици исчезнати лица, додека соседна Индија презема превентивни мерки поради опасност од поплави предизвикани од надојдената река Гандак.Според податоците на Туристичката управа на Непал, 403 лица и натаму се водат како исчезнати, од кои 341 се странски државјани. Меѓу исчезнатите има 203 мажи и 200 жени, а странските државјани доаѓаат од 26 земји.Најголем број од исчезнатите странски државјани се од Индија – 133 лица. Следуваат САД со 47 и Велика

Свет | пред 1 месец

1 мес.
lopta-fudbal

Ласери, пиротехника и предмети на теренот: УЕФА го казни Хајдук со 56.000 евра

УЕФА изрече високи парични казни за два хрватски клуба поради инциденти предизвикани од нивните навивачи во плеј-офот од квалификациите за Конференциската лига.Највисока казна доби Хајдук, кој ќе мора да плати вкупно 56.000 евра поради случувањата на натпреварот против полскиот Раков во Сплит, одигран на 20 август и завршен со резултат 2:2.Дисциплинската комисија на УЕФА го казнила клубот поради употреба на ласери, фрлање предмети на теренот, блокирање на премините и користење пиротехнички средс

Спорт | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryupvb09rnl8b69zo3ZVb

Расте бројот на жртви во Непал: 31 загинат, 93 повредени и 384 исчезнати

Најмалку 31 лице го загубило животот, а 93 се повредени во разорните поплави и свлечишта што го погодија Непал. Според тамошната полиција, како исчезнати се пријавени уште 384 лица.Особено загрижува фактот што меѓу исчезнатите има 291 странски државјанин. Најголем број се државјани на Индија – 105 лица, а како исчезнати се водат и 37 индиски државјани кои не живеат во Индија.Според досегашните податоци, исчезнати се и 17 државјани на Малезија, 12 британски државјани, четворица државјани на Јужна

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryj6tam3guo0b5a71RSJt

Србија до крајот на годинава почнува со изградба на нафтоводот кон Унгарија

Србија планира до крајот на годинава да ја започне изградбата на новиот нафтовод што ќе ја поврзува границата со Унгарија со Нови Сад, а завршувањето на проектот се очекува за околу две и пол години.Министерката за рударство и енергетика на Србија, Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ, изјави дека првичниот план бил работите да започнат наесен, но дека почетокот зависи од тековните процедури.Новиот нафтовод треба да обезбеди дополнителен правец за снабдување со сурова нафта и да ја намали зависноста од е

Балкан | пред 1 месец

1 мес.
media-librarylnp7728v5ve9elvnVCF

(Видео) Хит-снимка од зоолошка градина во Кина: Пандата го имитира чуварот како оди

Необична сцена од зоолошка градина во Кина го привлече вниманието на јавноста, откако панда почнала да го имитира својот чувар додека тој се движел низ просторот.На снимката се гледа како животното оди исправено зад работникот, притоа имитирајќи ја неговата положба на телото и држејќи ги предните шепи наназад. Пандата внимателно го следи чуварот, создавајќи симпатична сцена што брзо се прошири на интернет.Откако го завршила краткото „прошетување“, пандата седнала и почнала да очекува внимание и

Вирално | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања