Промени тема
Контакт

Најнови вести

1 мес.
lopta-fudbal

Ласери, пиротехника и предмети на теренот: УЕФА го казни Хајдук со 56.000 евра

УЕФА изрече високи парични казни за два хрватски клуба поради инциденти предизвикани од нивните навивачи во плеј-офот од квалификациите за Конференциската лига.Највисока казна доби Хајдук, кој ќе мора да плати вкупно 56.000 евра поради случувањата на натпреварот против полскиот Раков во Сплит, одигран на 20 август и завршен со резултат 2:2.Дисциплинската комисија на УЕФА го казнила клубот поради употреба на ласери, фрлање предмети на теренот, блокирање на премините и користење пиротехнички средс

Спорт | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryupvb09rnl8b69zo3ZVb

Расте бројот на жртви во Непал: 31 загинат, 93 повредени и 384 исчезнати

Најмалку 31 лице го загубило животот, а 93 се повредени во разорните поплави и свлечишта што го погодија Непал. Според тамошната полиција, како исчезнати се пријавени уште 384 лица.Особено загрижува фактот што меѓу исчезнатите има 291 странски државјанин. Најголем број се државјани на Индија – 105 лица, а како исчезнати се водат и 37 индиски државјани кои не живеат во Индија.Според досегашните податоци, исчезнати се и 17 државјани на Малезија, 12 британски државјани, четворица државјани на Јужна

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryj6tam3guo0b5a71RSJt

Србија до крајот на годинава почнува со изградба на нафтоводот кон Унгарија

Србија планира до крајот на годинава да ја започне изградбата на новиот нафтовод што ќе ја поврзува границата со Унгарија со Нови Сад, а завршувањето на проектот се очекува за околу две и пол години.Министерката за рударство и енергетика на Србија, Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ, изјави дека првичниот план бил работите да започнат наесен, но дека почетокот зависи од тековните процедури.Новиот нафтовод треба да обезбеди дополнителен правец за снабдување со сурова нафта и да ја намали зависноста од е

Балкан | пред 1 месец

1 мес.
media-librarylnp7728v5ve9elvnVCF

(Видео) Хит-снимка од зоолошка градина во Кина: Пандата го имитира чуварот како оди

Необична сцена од зоолошка градина во Кина го привлече вниманието на јавноста, откако панда почнала да го имитира својот чувар додека тој се движел низ просторот.На снимката се гледа како животното оди исправено зад работникот, притоа имитирајќи ја неговата положба на телото и држејќи ги предните шепи наназад. Пандата внимателно го следи чуварот, создавајќи симпатична сцена што брзо се прошири на интернет.Откако го завршила краткото „прошетување“, пандата седнала и почнала да очекува внимание и

Вирално | пред 1 месец

1 мес.
HDevgnkNxU-sokriena-plaza-vo-crna-gora-koja-izgleda-kako-da-ste-na-karibite

Забрана за капење во Тиват: Во морето пронајдени бактерии над дозволените граници

Капењето е забрането на купалиштето „Доња Ластва 01“ во Тиват, откако последните анализи покажале дека морската вода не ги исполнува пропишаните стандарди за квалитет.Јавното претпријатие за управување со морското добро на Црна Гора соопшти дека редовните анализи биле направени на 18 август, а дополнителни вонредни примероци биле земени на 21 и 24 август.Резултатите покажале зголемено присуство на индикаторски бактерии, меѓу кои E. coli и цревни ентерококи, над дозволените гранични вредности утв

Балкан | пред 1 месец

1 мес.
media-librarythfbgro7rjoublxvx8b

Две лица загинаа откако мало летало удрило во кабли, се запалило и се урнало

Две лица загинаа денеска во тешка несреќа со мало летало во северниот дел на Италија.Несреќата се случила околу 11:30 часот во регионот Пиемонт, во близина на браната Кампичоли, во областа Вербано-Кузио-Осола. Во падот на леталото животот го загубиле 60-годишен маж и 63-годишна жена, соопшти италијанската служба за итна помош.На местото на несреќата веднаш биле испратени спасувачки екипи, меѓу кои и хеликоптерската служба.Според првичните информации, станувало збор за жироплан со две седишта. Ле

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-librarydr7ri81h3r038V5zICp

Скопскиот аеродром воведува ново правило од 1 септември: Бесплатното застанување пред терминалот ќе важи еднаш во 24 часа

Патниците и оние кои ги пречекуваат или испраќаат од Меѓународниот Аеродром Скопје треба да внимаваат на новите правила за користење на зоната „Hug & Fly“, кои стапуваат во сила од 1 септември 2026 година.ТАВ Македонија соопшти дека зоната пред терминалната зграда и понатаму ќе овозможува бесплатно кратко застанување до 10 минути за оставање или преземање патници. Сепак, според новиот режим, едно возило ќе може да ја користи оваа можност само еднаш во текот на 24 часа.Со автоматското препозн

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-library9l0d1fddlu9p5vAQVd0

Исчезнат Злате Дургутовски: Последен пат се јавил од Штип и рекол дека е со повредена ногата и нема пари за да се врати

Семејство од Битола трага по Злате Дургутовски, кој е пријавен за исчезнат откако на 21 август излегол од домот и оттогаш не се вратил. Неговата сопруга Јована Ралевска апелира до сите кои можеби го виделе во Штип или на друга локација да помогнат во неговото пронаоѓање.Според нејзиното сведоштво, Злате на 21 август околу 19:05 часот излегол од домот без телефон и без пари. Два дена подоцна, на 24 август, тој контактирал со сопругата преку телефон на друго лице и ѝ кажал дека се наоѓа во Штип, д

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryl85o3cek89n79Kn961t

„Горивата се 100 денари, минималната плата најниска – Владата нема ниту една мерка за граѓаните“, вели Филипче

Растот на трошоците за живот и ниската куповна моќ се доказ дека Владата не презема доволно мерки за да им помогне на граѓаните, оцени претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција.Тој посочи дека цената на горивата надминува 100 денари, додека минималната плата, според него, останува најниска во споредба со земјите од регионот.„Над 100 денари се горивата. Ни една мерка нема за ниту еден граѓанин, за ниту една загрозена категорија на граѓани. Така се оставени луѓето“, рече

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
opshtina-gazi-baba

„СДС се мајстори за изигрување на закон“, велат од Општина Гази Баба

Општина Гази Баба преку соопштение реагира на денешната изјава на координаторот на советничката група на СДСМ во општината, Александар Велјановски, оценувајќи ја како невистинита и насочена кон создавање немир меѓу граѓаните.Од Општината велат дека за разлика од периодот кога со неа управувал СДСМ, денес се работи согласно Законот за урбанистичко планирање и Генералниот урбанистички план на Град Скопје.„Денешната изјава на координаторот на советничката група на СДС во Општина Гази Баба Александа

Скопје | пред 1 месец

1 мес.
media-library7thikieu6j2a3vq7YAJ

(Видео) Филипче: Кој ќе ја плати струјата за дата-центрите – ќе има ли ново поскапување и дополнителен увоз?

Потрошувачката на електрична енергија од планираните дата-центри отвора сериозни прашања за цената на струјата, потребата од дополнителен увоз и расположливите капацитети за идни инвестиции, предупреди претседателот на СДСМ, Венко Филипче на денешната прес-конференција.Тој побара од власта да одговори како ќе се обезбеди потребната електрична енергија за дата-центрите и дали нивната голема потрошувачка би можела да доведе до зголемување на цената на струјата или до поголема зависност од увоз.„Ов

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-library7kafgtnue3t2a3bRHDL

„Власта ги става во ризик водата, полињата и егзистенцијата на земјоделците“, вели Филипче

Изградбата на дата-центри во земјава може да има сериозни последици врз водните ресурси и земјоделството, предупреди претседателот на СДСМ, Венко Филипче, поставувајќи прашања за тоа колкави количества вода ќе се користат за нивно ладење и како тоа би се одразило врз земјоделците.Филипче оцени дека земјоделскиот сектор, кој и досега се соочува со низа проблеми, не смее дополнително да биде изложен на ризик поради потенцијално пренасочување на водните ресурси кон дата-центрите.„Дали тоа значи дек

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-library43a3fp3nvvsc29P6LA4

(Видео) Филипче: Владата под маса договара дата-центри и ги става во ризик водата и струјата

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција ја обвини Владата дека без доволно информации за јавноста договара изградба на дата-центри кои би имале голема потрошувачка на електрична енергија и вода, предупредувајќи на можни последици врз водните и енергетските ресурси, како и врз земјоделството.Како аргумент, Филипче објави документ од компанија, објавен пред три месеци, во кој, според него, се наведува дека за дата-центар што треба да се развива во земјава е обезбеден е

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
carsija

Скопјанец физички нападнат со метален предмет во Старата скопска чаршија

Расправија во Старата скопска чаршија прераснала во физички напад, при што 36-годишен скопјанец бил нападнат со метален предмет.Од МВР информираат дека на 25 август во 19:25 часот во СВР Скопје, А.М. од Скопје пријавил дека околу 18 часот, пред продажно место во Старата скопска чаршија, по претходна расправија бил физички нападнат од машко лице.Според пријавеното, напаѓачот употребил метален предмет.Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
jasp

Се обидел да влезе во автобус во движење, потоа го нападнал возачот

Возач на автобус на ЈСП Скопје пријавил дека бил физички нападнат на автобуска станица во скопската општина Центар, откако претходно едно лице се обидело небезбедно да влезе во автобусот додека бил во движење.Од МВР информираат дека на 25 август во 20:20 часот во СВР Скопје, 49-годишниот С.С. од Скопје пријавил дека додека ги извршувал работните задачи како возач на автобус на ЈСП Скопје, на автобуска станица на подрачјето на Центар бил физички нападнат од едно лице.Според пријавеното, лицето пр

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-library9d1221373vnl9jipQTa

Жена нападнала 45-годишен скопјанец по расправија за паркинг место

Недоразбирање околу паркинг простор прераснало во физички напад во скопската општина Центар, при што 45-годишен скопјанец го пријавил случајот во полиција.Од МВР информираат дека на 25 август во СВР Скопје, З.В. од Скопје пријавил дека околу 12:30 часот, на подрачјето на Центар, поради претходно недоразбирање за паркинг простор, бил физички нападнат од женско лице.Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryv6ei2si0hg9n1VlSshW

Насилно ја внел својата 17-годишна девојка во автомобил, приведен 21-годишник од Чашка

Полицијата во Велес приведе 21-годишен жител на Чашка по пријава дека без согласност ја внел својата поранешна 17-годишна девојка во автомобил.Од МВР информираат дека на 26 август во 1 часот по полноќ, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Б.О. од Чашка.Според пријавеното од очевидци, тој ја внел 17-годишната девојка во патничко возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки, без нејзина согласност.Возилото набрзо било запрено од полициски службеници, по што 21-годишнико

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-library1onc2mgg2ldi1XN3EgN

Агресивно се однесувал кон поранешната сопруга и нејзиното семејство, приведен 41-годишен маж

Полицијата приведе 41-годишен жител на валандовско село по пријава за агресивно однесување кон неговата поранешна сопруга и членови на нејзиното семејство.Од МВР информираат дека на 25 август во 23 часот, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Валандово го лишиле од слобода мажот, по пријава дека се однесувал агресивно кон поранешната сопруга и нејзини роднини.За случајот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија.По целосното документирање на настанот, против не

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryhdh8o20jc2549qJ0jim

Малолетници консумирале алкохол во угостителски објект на охридска плажа, кривична пријава за скопјанец и фирма за точење алкохол на малолетни лица

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 37-годишен скопјанец и правно лице од Скопје, чиј сопственик е, поради сомнение за овозможување консумирање алкохолни пијалаци на малолетници.Од МВР информираат дека Н.С. и правното лице се пријавени за кривично дело „точење алкохолни пијалаци на дете“ согласно со член 204 од Кривичниот законик.При полициска контрола во угостителски објект на плажа во Охрид, извршена на 29 јули 2026 година, било утврдено дека во објектот, со кој стопанисувале пријавените

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-library2ic3h82itg505H8rGXl

Трипати предизвикал пожар кај прилепските гробишта и во Варош, кривична за 58-годишен прилепчанец

СВР Битола поднесе кривична пријава против 58-годишен жител на Прилеп, поради сомнение дека намерно предизвикал повеќе пожари.Како што информира МВР, против И.Ч. е поднесена пријава за кривично дело „предизвикување општа опасност“.Според пријавеното, на 13 август 2026 година, осомничениот во три наврати предизвикал пожари на локацијата „Бараките“, во близина на новите градски гробишта во Прилеп, како и во населбата Варош.По целосно документирање на случајот, надлежните органи ќе постапуваат согл

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryrma6p80la9q02W8QA5l

Гранати од Првата светска војна пронајдени при гаснење на пожар кај Новаци

Две артилериски гранати заостанати од Првата светска војна биле пронајдени при гаснење на пожар во близина на селата Арматуш и Мегленци, во Општина Новаци.Од МВР информираат дека на 24 август во 21:30 часот во Полициското одделение Новаци било пријавено дека при гаснењето на пожарот во атарот на двете села биле пронајдени две гранати.На 25 август, гранатите биле безбедно подигнати од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување. По извршената проверка било утврдено дека станува збор за две

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-librarysg8c8o6i5fqmciQu9mr

Закани и агресивно однесување во семејниот дом: приведен 42-годишен охриѓанец

Полицијата во Охрид приведе 42-годишен жител на градот по пријава за закани и агресивно однесување кон членови на неговото семејство.Од МВР информираат дека на 25 август во 20:20 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода В.К. од Охрид, постапувајќи по претходно поднесена пријава дека во семејниот дом упатувал закани и се однесувал агресивно кон членови на семејството.По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
siluvanje-1-640x432-163518

48-годишен прилепчанец во повеќе наврати ја силувал малолетната поќерка

СВР Битола поднесе кривична пријава против 48-годишниот З.С. од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“, соопшти Министерството за внатрешни работи.Според пријавата, во повеќе наврати во текот на август 2026 година, пријавениот извршил обљуба врз својата малолетна поќерка.Од МВР не соопштуваат дополнителни детали за случајот, а по целосното документирање на настанот ќе следува соодветна постапка.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
vardar-3

Тело на 83-годишен скопјанец извлечено од Вардар

Тело на 83-годишен скопјанец било пронајдено во водите на реката Вардар на подрачјето на Гази Баба, информира Министерството за внатрешни работи.Случајот бил пријавен на 25 август во 06:10 часот во СВР Скопје, по што екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје го извлекла телото од реката.По извршеното препознавање од страна на семејството било утврдено дека се работи за Т.Г. (83) од Скопје. Неговиот син Г.Г. (46) претходниот ден пријавил дека татко му се оддалечил од домот.На местото бил

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-library0ei121508a0gap2GWl8

„Да бидеш против дата центар денес е исто како да си против хидроцентрали и енергетска мрежа пред 100 години“, вели претседателот на комисијата на АЕК

Дата-центрите стануваат една од клучните инфраструктури на современата економија, а нивната изградба може да има значајно влијание и врз развојот на Македонија, оценува Орце Симов, професор и претседател на комисијата на Агенцијата за електронски комуникации.Според него, денес спротивставувањето на изградба на дата-центри може да се спореди со противењето на хидроцентрали и енергетската мрежа пред еден век, бидејќи станува збор за инфраструктура без која не можат да функционираат голем дел од со

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања