Двајца 18-годишници физички нападнале 23-годишна девојка во Тетово
СВР Тетово поднесе кривична пријава против двајца 18-годишници од Брвеница поради сомнение дека сториле кривично дело „насилство“.Според пријавеното, А.Ј. и Н.П. на 12 април 2026 година во Тетово физички ја нападнале 23-годишната П.Т. од село Туденце, општина Јегуновце.При нападот, на 23-годишната жена ѝ биле нанесени повреди. Полицијата продолжува со постапката во рамки на поднесената кривична пријава.
Македонија | пред 1 месец