Промени тема
Контакт

Најнови вести

1 мес.
media-libraryaso9h1af555u1wFRb0z

Мерц се закани по обидот за напад со дрон во Лајпциг: „Ќе платат за тоа“

Германската влада наскоро ќе ги објави сознанијата за тоа кој стои зад обидот за напад со дронови на аеродромот во Лајпциг, најави германскиот канцелар Фридрих Мерц, кој порача дека одговорните „ќе платат за тоа“.Инцидентот се случил на 4 август, кога дрон со експлозив бил насочен кон украински товарен авион. Според информации до кои дошле „Зидојче цајтунг“, НДР и ВДР, безбедносните служби се сомневаат дека во нападот биле користени вкупно три дрона.Мерц оцени дека случајот во Лајпциг покажува о

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryf04ibqiqk259bCmcFiy

Температури до 40 степени во Грција: Црвениот крст им дели вода и капчиња на туристите на Акропол

И покрај топлотниот бран и температурите во Атина, кои достигнуваат и до 40 степени, илјадници туристи не се откажуваат од посетата на Акропол. Поради екстремните временски услови, грчкиот Црвен крст спроведува акција за помош и информирање на посетителите, на кои им дели ладна вода, капчиња и лепези.Директорот за комуникации на грчкиот Црвен крст, Константинос Гаврилидис, за МИА вели дека дел од туристите пристигнуваат неподготвени за високите температури, особено оние кои доаѓаат од северните

Балкан | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryn1m9e81qf70jfkAb9QI

Нова ескалација во трговската војна: Канада воведува царини за американски производи

Канада воведува контрацарини за повеќе од 700 американски производи како одговор на новата ескалација на трговската војна со САД. Вкупната вредност на опфатената американска стока изнесува 27,6 милијарди долари.Мерките, кои треба да стапат во сила на 8 септември, се усогласени со американските царини и имаат цел да одговорат „долар за долар“ на давачките што ги воведе американскиот претседател Доналд Трамп за канадските производи.Канадскиот премиер Марк Карни денеска се состана со лидерите на оп

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-library6kqr1422itat7uaTfmr

До 18 часот регистрирани 23 пожари на отворен простор, осум се активни

Во текот на денот, до 18:00 часот, во земјава се регистрирани вкупно 23 пожари на отворен простор, информира Центарот за управување со кризи.Од нив, осум пожари се активни, еден е ставен под контрола, додека 14 се целосно изгаснати.Активни пожари има на територијата на општините Студеничани и Зелениково, Гостивар, Чашка, Градско, Прилеп, Македонски Брод, Кавадарци и Виница.Најсериозна е состојбата кај пожарот во атарот на селата Моране, Вртекица и Рамни Габер, со крак кон Палиград и над Вражале,

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
chatGPT

„ОпенАИ“ забрани руски профили на „Четџипити“ користени за ширење дезинформации

Компанијата „ОпенАИ“ соопшти дека забранила група профили на „Четџипити“ поврзани со Русија, кои според истрагата биле користени како дел од тајна онлајн кампања за влијание и ширење дезинформации.Случајот бил откриен во рамки на истрага за објави на социјалните мрежи, генерирани со помош на вештачка интелигенција, што ја довело компанијата до поширока операција за влијание.Според „ОпенАИ“, кампањата била организирана околу веб-страница со копирани и погрешно припишани академски трудови, како и

Технологија | пред 1 месец

1 мес.
media-librarys2ddtugcjbc6f2zmN2p

Москва и Ватикан го одржуваат дијалогот и покрај меѓународната нестабилност

Русија и Ватикан успеваат да го одржат дијалогот заснован на заемна почит и доверба и покрај сложената меѓународна ситуација, порача рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на средбата со секретарот за односи со државите на Светата Столица, Пол Ричард Галагер.Лавров истакна дека комуникацијата меѓу Москва и Ватикан овозможува да се бараат „позитивни и реалистични решенија“ во услови на бројни меѓународни кризи.Од своја страна, Галагер нагласи дека во актуелните сложени меѓународни од

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryl27fuq3774m43shC7zp

МВР со засилени контроли: 6.932 прекршоци и 503 кривични пријави за возачи на мопеди и мотоцикли

Повеќе од 6.900 прекршоци се констатирани во засилените сообраќајни контроли што Министерството за внатрешни работи ги спровело во периодот од 18 мај до 31 јули, насочени кон возачите на велосипеди со помошен мотор, мопеди, мотоцикли, трицикли и четирицикли.Од МВР информираат дека во овој период биле регистрирани вкупно 6.932 прекршоци од возачи на овие видови возила, како и дополнителни 33 прекршоци сторени од велосипедисти.Најмногу прекршоци биле констатирани на подрачјето на СВР Скопје – 2.14

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryhpici8d970m3bZwI7iH

Пожар избувна на депонијата кај Кавадарци, огнот се прошири на сувата вегетација

Пожар избувна на депонијата кај Кавадарци, а огнот излегол надвор од депонијата и зафатил сува трева и вегетација во околината. Според директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, пожарот се заканува и на околните дрвја, додека на терен интервенираат кавадаречките пожарникари.Ангелов информираше дека пожарот, според првичните сознанија, бил подметнат.„Пред малку некој подметнал пожар на кавадаречката депонија. Огнот од депонијата излезе надвор и ја зафати околната сува вегетација, сува трева. Од другата

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryplvr6vq47agj9taG7x5

„Навистина е доста!“ – Зајкова бара одговорност од градоначалниците

Пратеничката и лидерка на ЛДП, Моника Зајкова, остро реагираше на состојбите во локалните самоуправи, посочувајќи дека граѓаните секојдневно се соочуваат со проблеми со отпадот, прашината, раскопаните улици, јавниот превоз и недоволните комунални услуги.Во објава на социјалните мрежи, Зајкова вели дека не може успехот на градоначалниците да се мери според бројот на издадени одобренија за градба, додека градовите, како што наведува, се „гушат во бетон, ѓубре, прашина и хаос“.„Таму каде што вчера

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-librarytll4g4pbjp8s2RAFZht

Нов тениски бисер од Шпанија: Има само 19 години, а веќе го изедначи историскиот рекорд и го надмина Ѓоковиќ

Шпанскиот тенис добива уште еден млад талент кој со своите резултати веќе привлекува големо внимание на светската сцена. Рафаел Ходар со само 19 години го очекува своето деби на УС Опен, и тоа како 11. тенисер во светот.Младиот Шпанец, во пресрет на настапот во Њујорк, покажа дека високото место на АТП-листата не е случајност. Тој неодамна стигна до финалето на турнирот во Вашингтон, потоа играше во полуфиналето на Мастерсот во Монтреал, додека во Синсинати беше елиминиран во осминафиналето од Ф

Спорт | пред 1 месец

1 мес.
sdsm-zgrada-1-366121

СДСМ: Има ли некој што Мицкоски не го излажа – на сите пензионери им украде пари

СДСМ обвини дека Владата предводена од Христијан Мицкоски ги оштетила пензионерите со одлуката за линеарно зголемување на пензиите, наместо да продолжи методологијата за усогласување што ја воведе претходната влада.Од партијата велат дека со зголемувањата од по 1.000 денари во септември 2025 и март 2026 година, пензионерите добиле помалку средства отколку што би добиле доколку продолжела методологијата на СДСМ.Според нивните пресметки, при усогласувањето во септември 2025 година, пензионерите со

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryru9q9kqaidjvbhCW7uX

Како завесите да не се гужваат при перење? Со овој трик ќе ја заборавите пеглата

Перењето на завесите често е само половина од работата. Откако ќе излезат од машината, следува мачното пеглање, особено кога станува збор за големи и лесни ткаенини кои лесно се туткаат. Сепак, со неколку едноставни правила можете значително да го намалите гужвањето и да си заштедите време.Еден од триковите е во машината за перење да додадете обичен бел алкохолен оцет. Околу 100 милилитри може да се стави во преградата за омекнувач, за да се додаде при плакнењето. Оцетот може да помогне во отстр

Магазин | пред 1 месец

1 мес.
media-library0us547u53uk1cNKAGP7

Од утре забрана за риболов на Мавровско Езеро, ограничена и пловидбата

Привремено се забранува риболовот на Мавровското Езеро, а ќе биде ограничено и користењето на пловни објекти поради одржувањето на Светското првенство во риболов.Од Јавната установа Национален парк „Маврово“ информираат дека забраната за спортски, рекреативен и секој друг вид риболов стапува во сила од 26 август и ќе трае до 7 септември 2026 година, односно до целосното завршување на првенството.Одлуката е донесена со цел да се заштити вонредно извршеното порибување, наменето за натпреварот, кој

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryaso9h1af555u1wFRb0z

Германија наскоро ќе открие кој стои зад обидот за напад со дронови во Лајпциг: Мерц порача „ќе платат“

Германската влада наскоро ќе ги објави сознанијата за тоа кој стои зад обидот за напад со дронови на аеродромот во Лајпциг, најави канцеларот Фридрих Мерц, притоа предупредувајќи дека одговорните ќе се соочат со сериозни последици.Инцидентот се случил на 4 август и, според Мерц, претставува уште еден показател дека Германија е сè почесто изложена на хибридни закани.„Ќе платат за тоа“, порача германскиот канцелар во пресрет на седницата на Владата во Нојхарденберг, но додаде дека деталите од истр

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-library5gnfl5n1c3gm8Xbol2C

Цената на нафтата падна под 90 долари

Цената на нафтата на светските берзи падна под 90 долари за барел, откако трговците проценија дека најновите американски санкции кон Иран претставуваат помал ризик за снабдувањето со нафта отколку евентуалното проширување на вооружениот конфликт.На лондонскиот пазар, цената на барелот попладнево се движеше околу 89,46 долари, што е пад од 2,71 долари во однос на претходното затворање. На американскиот пазар, барелот поевтини за 2,56 долари и достигна 82,45 долари.Американскиот министер за финанс

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-librarybk8l23aoas933MzRiwv

Take-Two тргна по трагата на лицето што ги објавува снимките од GTA 6, побара податоци од Discord и Microsoft

Компанијата Take-Two Interactive презема правни чекори за да го открие идентитетот на лицето кое стои зад најновото големо истекување на материјали од долгоочекуваната игра GTA 6.Издавачот поднел судски барања во Сојузниот суд во Јужниот округ на Њујорк, со кои од Microsoft и Discord бара податоци поврзани со корисникот кој настапува под името „Cyberleek“. Според VGC, од Microsoft се бараат интерни деловни и истражни записи, додека од Discord се побарани податоци како идентификатор на профилот,

Вирално | пред 1 месец

1 мес.
avion-1

Американски воен авион слета во Москва: Летот предизвика внимание

Американски воено-транспортен авион „Боинг Ц-17А Глоубмастер III“ слетал на московскиот аеродром „Внуково“, покажуваат податоците од системите за следење на воздушниот сообраќај.Според достапните информации, авионот претходно полетал од американската воздухопловна база „Ендрус“ во близина на Вашингтон, а попатно застанал во Рига, Летонија.Неименуван извор од службите на Европската Унија за контрола на воздушниот сообраќај потврдил за руската агенција ТАСС дека авионот од Рига продолжил кон руска

Свет | пред 1 месец

1 мес.
Penzioneri

Крај на линеарните покачувања: Пензиите од септември повторно ќе растат процентуално

По две години на линеарни зголемувања, пензиите од септември повторно ќе се усогласуваат според законската формула, што значи дека секој пензионер ќе добие процентуално зголемување во зависност од висината на пензијата.Премиерот Христијан Мицкоски денеска потврди дека септемвриското усогласување ќе се спроведе според законскиот механизам, но точниот процент сè уште не е утврден.„Тоа ќе биде редовно нивелирање, усогласување согласно закон“, изјави Мицкоски, најавувајќи дека точниот износ ќе биде

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-library9mv8t0mam1o7eGmQbUT

Владата ги намалува цените на училишниот прибор: 10% во трговија на големо и до 15% на цените во трговија на мало

Владата донесе одлука за намалување на цените на училишниот прибор пред почетокот на новата учебна година, со цел да се намалат трошоците за семејствата.Како што соопшти портпаролката на Владата, Марија Митева, трговците на големо ќе треба да ги намалат цените на училишниот прибор за најмалку 10 отсто, додека кај трговците на мало намалувањето треба да изнесува најмалку 15 проценти.Мерката ќе важи од денот на објавувањето во „Службен весник“ до 30 септември 2026 година.Со одлуката се опфатени го

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-library43a3fp3nvvsc29P6LA4

„Мицкоски не сака да го намали ДДВ – народот со најниски плати во Европа ќе плаќа дизел над 100 денари“, вели СДСМ

СДСМ преку соопштение обвини дека Владата предводена од Христијан Мицкоски не презема мерки за да го ублажи растот на цените на горивата, откако дизелот надмина 100 денари за литар.Од опозициската партија велат дека за само шест месеци дизелот поскапел за 43 отсто, а за полн резервоар од 50 литри граѓаните сега плаќаат повеќе од 1.500 денари дополнително во споредба со пред шест месеци.СДСМ критикува дека нема намалување на ДДВ или акцизата за горивата, ниту, како што велат, мерки со кои би се з

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-library9uqtkcrot25r1DYXLyy

(Видео) Серафимовски: Договорените услови за откуп на пиперката мора доследно да се почитуваат

Откупот на ајварската пиперка во Струмичко е во фокусот на дополнителни контроли, откако производителите се пожалиле дека на дел од откупните пунктови не се почитуваат договорените услови.Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски денеска во Струмица разговараше со производителите за текот на откупот, пласманот и примената на договорените цени и класификацијата.На 13 август производителите, откупувачите и преработувачите се договориле првата класа да се откупува по

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryr8299o9obh09bOEntd7

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради посетата на косовскиот премиер Албин Курти

Поради официјалната посета на косовскиот премиер Албин Курти, во среда, 26 август, во Скопје ќе биде воведен посебен режим на сообраќај.Од СВР Скопје информираат дека Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе соодветни мерки и ќе има измени во режимот на движење на подрачјето на градот.Од полицијата апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат насоките и наредбите што ќе ги даваат полициските службеници и да имаат разбирање за евентуалните привремени ограничувања.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryup6bq39tpp3rbxCPnCm

Татко го нападнал својот син

Полицијата приведе 64-годишен жител на Кратовско по пријава дека физички го нападнал својот син.Од МВР информираат дека С.К. бил лишен од слобода синоќа околу 22:35 часот од страна на полициски службеници од ОВР Кратово, по претходно пријавениот случај.По целосното расчистување и документирање на настанот, против 64-годишникот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-librarya4m2v5agpe4j9xFAm3A

26-годишен тетовец со сила му го одзел електричниот тротинет на малолетник

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 26-годишниот Б.Ш. од Тетово поради сомнение дека сторил кривично дело „тешка кражба“.Според пријавеното, на 20 мај 2026 година во Тетово, тој со употреба на сила му го одзел електричниот тротинет на малолетно лице.По целосно расчистување и документирање на случајот, надлежните продолжуваат со постапката против пријавениот.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-library9uakem203nc88ewqwYz

Мајка агресивно се однесувала и ѝ упатувала закани на 18-годишната ќерка

Полициски службеници од СВР Куманово вчера ја лишиле од слобода 53-годишната А.И. од село во Липковско, по пријава за агресивно однесување и упатување закани кон нејзината 18-годишна ќерка.Од МВР информираат дека жената била приведена во полициска станица околу 15 часот, по претходно пријавениот случај.По целосното расчистување и документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања