Промени тема
Контакт

Најнови вести

2 нед.
media-libraryl83rfetao1pedcgre47

18 возачи лишени од слобода за безобѕирно управување, 17 возеле без возачка дозвола

Осумнаесет возачи биле лишени од слобода во текот на изминатото деноноќие поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“, соопшти МВР.Од нив, 17 возачи управувале возило без положен возачки испит. Станува збор за седум лица од Скопје, како и лица од Арачиново, Батинци, Студеничани, Стајковци, тетовско, Куманово, Кичево, битолско, Пробиштип и Велес. Меѓу приведените има и 17-годишник и 15-годишник.Меѓу лишените од слобода е и 19-годишниот П.Ѓ. од Велес, кој, според МВР, п

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-library8n5ombm3ag7c0psTIRh

(Видео) Бебе панда било одвоено од мајката поради лекување: Моментот кога повторно се сретнаа го освои светот

Емотивната средба на една мајка панда со своето бебе ги разнежни луѓето ширум светот. Бебе пандата привремено било одвоено од мајката за да добие итна ветеринарна помош, а по успешното закрепнување дошол моментот повторно да бидат заедно.Штом се отворила капијата, мајката веднаш потрчала кон своето бебе и цврсто го прегрнала. Сцената го покажала силниот мајчински инстинкт и нераскинливата врска меѓу мајката и бебето.Експертите посочуваат дека ваквите одвојувања понекогаш се неопходни за да се сп

Вирално | пред 2 седмици

2 нед.
media-library5ip0ooj8thfa6jtzlxV

ГАК формира комисија за поплаките и отфрла дел од наводите на родилката: „Во ниту еден момент не била во животозагрозувачка состојба“

Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје ги отфрла дел од наводите на медицинската сестра Љубица Шавреска за третманот што го добила таму пред нејзината бременост да заврши со загуба на плодот. Од Клиниката за „Скопје1“ велат дека пациентката добила токолитична и симптоматска терапија, дека не била во животозагрозувачка состојба и дека си заминала на сопствено барање, спротивно на советот на лекар. Истовремено, случајот ќе го разгледува интерната комисија за контрола на кв

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-library5b65qemhpef9fLYcR2q

Се поставуваат фотоволтаици и се подобруваат условите во повеќе образовни установи во Свети Николе

Подобрувањето на условите во образовните установи во Свети Николе продолжува со инвестиции во енергетска ефикасност и уредување на објектите. Во повеќе училишта и градинки се поставуваат фотоволтаици, а се реализираат и други инфраструктурни зафати.Министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска, денеска го посети Свети Николе, каде заедно со градоначалникот Дејан Владев изврши увид во тековните активности.„Драго ми е што локалната самоуправа во континуитет се труди да гради поквал

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
IMG_5572

Нов спор на судењето за „Пулс“: Одбраната тврди дека вештото лице читало однапред подготвени одговори

Одбраната на Јане Јанчески, обвинет во судскиот процес за трагедијата во дискотеката „Пулс“, отвори прашање за начинот на кој вештото лице Викторија Будимовска-Скаричева одговарало на денешното рочиште, тврдејќи дека пред судот читала од листови со однапред подготвен текст.Адвокатот Јовица Страшевски, бранител на Јанчески, кој е формален сопственик на агенцијата за обезбедување „Рубикон“, тврди дека листовите од кои читала вештакот не биле составен дел од нејзиниот наод и мислење.Според Страшевс

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-library8qnene5bqcr1aHO6zMK

(Фото) Камени мост затворен за пешаци: По години во мрак, се санира осветлувањето

Камени мост во центарот на Скопје е затворен за движење на пешаци поради интервенција на осветлувањето, кое по долгогодишен период на нефункционирање конечно се санира.Работите ги изведува Град Скопје, а додека трае интервенцијата пешаците не можат да го користат мостот за преминување од едната на другата страна на Вардар.Осветлувањето на еден од најпрепознатливите симболи на Скопје со години беше во лоша состојба. На делови од мостот останаа само кабли од украдените светилки, поради што Камени

Скопје | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryto0lfm987vvp00upgNZ

ЕУ работи на решение за деблокада на процесот за пристап на Македонија, Рокас без детали за уставни измени со одложено дејство

Амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас, не откри конкретно дали се разговара за уставни измени со одложено дејство како можно решение за деблокирање на македонскиот евроинтеграциски процес, но порача дека напорно се работи за постигнување напредок.Прашан конкретно дали има информации за можноста уставните измени да бидат усвоени сега, а да стапат во сила со одложено дејство, Рокас рече дека не може да споделува информации.„Не можам да споделам какви било информации во врска со тоа. Работ

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-library5p3mkbsoocij3Y8UIgD

Повторно одложено судењето за полициските службеници за „Пулс“: Сведоците не се појавија, судот најави казни и присилно доведување

Неприсуството на сведоците го одложи денешното рочиште во Основниот кривичен суд во Скопје во предметот против 13 полициски службеници обвинети за тешки дела против општата безбедност, поврзани со трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“.Од судот соопштија дека дел од поканите до сведоците биле вратени како неуредно доставени или со ознака „не барал“, додека за дел од останатите нема потврда дека биле примени. Обвинителката Спасенка Андонова посочи дека еден од сведоците телефонски потврдил де

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-library0av8mg16bvh6dVzxC7V

Без владините мерки дизелот ќе беше поскап за 11 до 11,5 денари за литар, посочи премиерот

Дизелот во Македонија би бил поскап за 11 до 11,5 денари за литар доколку Владата не ги намалеше акцизата и ДДВ за горивата, тврди премиерот Христијан Мицкоски.Тој денеска ги образложи ефектите од владините мерки, откако Владата донесе одлука ДДВ за горивата привремено да се намали од 18 на 10 проценти.„Доколку не се донесеше оваа одлука и претходните одлуки за намалување на акцизата, дизелот ќе беше за 11 или 11,5 денари поскап по литар од тоа што е денеска“, рече Мицкоски.Според премиерот, пор

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryrvnv9su2jj953qKCRwJ

Нови цени на горивата: бензините поскапуваат за 3,5 денари, дизелот поевтинува за 2 денари

Од 15 септември возачите ќе плаќаат поскап бензин, додека цената на дизелот ќе биде пониска. Регулаторната комисија за енергетика донесе нова одлука со која малопродажните цени на нафтените деривати во просек се зголемуваат за 2,86 проценти.ЕУРОСУПЕР БС-95 и БС-98 поскапуваат за по 3,50 денари за литар. Новата цена на бензинот БС-95 ќе изнесува 100,50 денари, додека БС-98 ќе се продава за 102,50 денари за литар.Дизелот, пак, поевтинува за два денари и од 15 септември ќе чини 99 денари за литар.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-librarykl7jqn86fed49JdeegE

Мицкоски за Костадинов и негирањето на македонскиот јазик: „Не коментирам естрадни политичари“

Премиерот Христијан Мицкоски не сака да влегува во полемика со лидерот на бугарската партија „Преродба“, Костадин Костадинов, по неговата иницијатива македонскиот јазик да биде третиран како бугарски дијалект.Прашан за најновиот потег на Костадинов, Мицкоски го нарече дел од „политичката естрада“ и оцени дека целта на ваквите изјави е токму да предизвикаат негова реакција.„Јас не би сакал да коментирам вакви естрадни изјави од политичари кои припаѓаат на политичката естрада. Тоа е нивната цел –

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-library504o2gi6mbi86sxtUpl

Матичните лекари да издаваат боледување до пет дена, а контролори да проверуваат дали пациентите се дома – ФЗО предлага нови правила за боледување

Промени во начинот на издавање и контролирање на боледувањата најави Фондот за здравствено осигурување. Предлог-измените ќе бидат доставени до Управниот одбор, а нивната цел, според директорот на ФЗО, Златко Перински, е да се заштитат средствата и да се спречат можни злоупотреби.Една од клучните промени е намалување на периодот за кој матичниот лекар може да издаде боледување – од седум на пет дена. Воедно, се предвидува олеснување на постапката за лицата кои поради здравствената состојба не мож

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryrm286518aq0h6iGDt9d

Мицкоски за заканите: „Пишувал дека сум свиња и дека ќе ме колел на плоштад, се заканувал и на моето семејство“

Премиерот Христијан Мицкоски денеска првпат јавно проговори за заканите поради кои Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против 39-годишен жител на селото Черкези.Мицкоски рече дека за случајот дознал вчера и откри дел од содржината на заканите што, според него, биле упатени кон него и неговото семејство.„И јас вчера дознав за тие закани, дека сум бил свиња и дека ќе ме колел на плоштад, и упатил пцовки кон мене и моето семејство“, рече Мицкоски.Премиерот порача дека очекува слу

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryac44130ided54tq8WN6

Емотивна сцена во Боговиње: Шерифи постигна гол и го посвети на прерано починатиот фудбалер Даниел Николовски

Фудбалскиот терен во Боговиње беше место на особено емотивен момент, кога Рамадан Шерифи, по постигнатиот гол, го посвети погодокот на својот прерано починат пријател и фудбалер Даниел Николовски.Наместо вообичаена прослава, Шерифи го покажа ликот на Даниел, со што му оддаде почит и испрати силна порака во негов спомен.Даниел повеќе не е меѓу своите пријатели и соиграчи на фудбалските терени, но споменот за него продолжува да живее кај сите што го познавале и со него ја споделувале љубовта кон ф

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-librarycnknba9drcl66ylKZAu

Во шума запалил душек врз кој ставил бакарни кабли, кривична за 43-годишен битолчанец

СВР Битола поднесе кривична пријава против 43-годишен битолчанец поради сомнение дека предизвикал општа опасност со палење предмети во шума.Како што информира МВР, К.Е. (43) се сомничи дека на 14 август 2026 година, во шума во населбата Баир во Битола, со запалка запалил душек врз кој претходно ставил бакарни кабли.Против него е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност“.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
municija-1

Контрола на автопатот Скопје-Велес откри 205 парчиња муниција во багажник на автомобил

СВР Велес поднесе кривична пријава против 60-годишен жител на Велес, поради постоење основи на сомнение за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.Како што информира МВР, на 2 септември 2026 година, полициски службеници извршиле контрола на патничко возило „ауди“ на автопатот Скопје-Велес, кое го управувал Л.Б. (60).При контролата, во багажниот простор на возилото биле пронајдени и одземени 205 парчиња муниција.Против Л.Б. е поднесена кривична

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryjlkrl227bpj5fgpWK4M

Со мопед се превртел кај Лезово, тешко повреден 16-годишник

Шеснаесетгодишник од Злетово е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила на патот Пробиштип–Крупиште, во близина на селото Лезово.Како што информира МВР, несреќата била пријавена на 13 септември во 15 часот во ОВР Пробиштип. Малолетникот управувал мопед „Априлија“ со штипски регистарски ознаки, при што во еден момент изгубил контрола над возилото и се превртел.Во несреќата 16-годишникот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Јавната здравствена установа „Нада Мих

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-librarya1vjsnk8rb711QzrCz8

Тешко повредена 56-годишна жена откако во неа удрил автомобил

Жена е тешко повредена во сообраќајна несреќа што се случила на улицата „Лука Геров“ во Скопје.Како што информира МВР, несреќата била пријавена на 13 септември во 14 часот во СВР Скопје. Патничко возило „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.П. (66) од Скопје, удрило во 56-годишната Д.В., пешак, исто така од Скопје.Во несреќата жената се здобила со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Јавната здравствена установа „Св. Наум Охридски“ во Скопје.Увид на местото на несреќ

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-library3b651hlbrs9u6sf7rRv

41-годишен маж ја нападнал сопругата

Полицијата во Ранковце привела 41-годишен маж поради сомнение дека физички ја нападнал својата сопруга.Како што информира МВР, полициски службеници од Полициското одделение Ранковце го лишиле од слобода Б.М. (41) во 2:30 часот на 14 септември. Тој е од село на подрачјето на Општина Ранковце.Според пријавеното, Б.М. физички ја нападнал својата 41-годишна сопруга.Мажот бил приведен во полициска станица, а по целосното документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryv404gi8bnm8t5CoGjfk

Тешко повреден 88-годишен велосипедист во сообраќајка во Ранковце

Осумдесет и осумгодишен велосипедист е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила во селото Ранковце, Општина Ранковце.Како што информира МВР, несреќата била пријавена на 13 септември околу 18:10 часот во ОВР Крива Паланка. Во несреќата учествувале патничко возило „бмв“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.З. (62) од Куманово, и велосипед управуван од И.С. (88) од скопското село Трубарево.Во судирот тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, кои биле констатирани во О

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryde5fptrt9iv26UVJsHt

Мајка ја нападнала ќерката со тврд предмет

Дваесет и шестгодишна жена пријавила дека била физички нападната од својата мајка во домот на подрачјето на Бит Пазар.Според МВР, случајот бил пријавен на 13 септември во 11:30 часот во СВР Скопје. Жената пријавила дека два дена претходно, на 11 септември, во домот била нападната со тврд предмет од нејзината мајка С.З. (56).Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-librarya5gic0s5pogq8sxtQIF

Крадел струја со премостена мерна опрема, направил штета од над 180 илјади денари

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднела кривична пријава против 41-годишен жител на Виница поради сомнение за кражба на електрична енергија.Според МВР, против В.М. (41) е поднесена пријава за сторено кривично дело „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“.Пријавениот, како што е наведено, во Виница извршил премостување на мерната опрема, со што преземал делумно или целосно нерегистрирана количина електрична енергија.Со тоа, според пријавата, н

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-librarykrpnitc3cavm6ovyxPr

19-годишник без возачка се обидел да побегне од полицијата, па удрил во две возила

Деветнаесетгодишен велешанец бил лишен од слобода откако, според МВР, се обидел да побегне од полицијата со мопед, при што удрил во две патнички возила.На 13 септември во 18:20 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода П.Ѓ. (19) од Велес. Претходно, на крстосницата на улиците „Костурска“ и „Љубљанска“, тој управувал мопед со велешки регистарски ознаки и, откако ги забележал полициските службеници, се обидел да побегне.Притоа, удрил во „сеат“ со велешки регистарски ознаки, упр

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
semejno-nasilstvo

Татко ја нападнал 22-годишната ќерка со дрвен предмет

Дваесет и двегодишна прилепчанка пријавила дека била физички нападната од својот татко во семејниот дом.Според МВР, случајот бил пријавен на 13 септември во 1 часот по полноќ во ОВР Прилеп. Жената пријавила дека во семејниот дом во Прилеп била физички нападната од нејзиниот татко У.О., кој при нападот употребил и дрвен предмет.По документирањето на настанот ќе следува соодветен поднесок.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryh1kupeguu06ub6wArzg

29-годишен скопјанец рекол дека ќе оди кај своите другари и веќе две недели нема никаков траг од него

Шеесетгодишен скопјанец пријавил дека повеќе од две недели нема никаков контакт со својот 29-годишен син.Според МВР, М.Ч. (60) на 13 септември околу 12 часот пријавил во Полициската станица Бит Пазар дека на 10 август неговиот син А.Ч. (29) му кажал дека ќе оди кај свои другари.Таткото навел дека со синот редовно контактирале телефонски до 1 септември, но од тој датум немале никаков контакт.Полицијата презема мерки за пронаоѓање на лицето.

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања