Промени тема
Контакт

МУЦУНСКИ

media-libraryqpmpg25idh2ofgY9MQo

Муцунски од Даблин: Ирска останува силен поддржувач на македонскиот пат кон ЕУ

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, за време на работната посета на Даблин, оствари средба со ирската министерка за надворешни работи, трговија и одбрана Хелен Мекенти, при што во фокусот на разговорите беа билатералната соработка и европската интеграција на земјата.На средбата беше потврдена подготвеноста на двете држави за натамошно унапредување на политичките, економските и трговските односи, како и за продлабочување на соработката во повеќе области од заемен

Македонија | пред 3 месеци

media-librarya1ves2onsakm8HoFwni

Средба на министерот Муцунски со шефицата на британската дипломатија, Ивет Купер

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Лондон оствари средба со државниот секретар за надворешни работи, Комонвелт и развој на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Ивет Купер.На средбата беше потврдена заедничката заложба за натамошно унапредување на стратешкото партнерство меѓу двете земји, како и за продлабочување на соработката во повеќе области од заемен интерес, со посебен акцент на економските односи, трговијата и инвестициите

Македонија | пред 3 месеци

media-library75qq5tt2vjvt7K7vU7c

Македонија и Северна Рајна-Вестфалија потпишаа декларација за соработка во економијата, образованието и културата до 2030 година

Република Македонија и германската сојузна покраина Северна Рајна-Вестфалија потпишаа нова Заедничка декларација за намери за соработка за периодот 2026–2030 година, со која се отвора нова фаза во билатералните односи и се потврдува заложбата за натамошно продлабочување на партнерството.Документот беше потпишан во рамки на средбата меѓу министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и министерот за федерални, европски, меѓународни работи и медиуми на Северна Рајна-Вестфалиј

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryvgs6qigtcqqhfioQvPM

Нова рунда економска дипломатија: Муцунски најави посети на три европски држави

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во периодот од 15 до 18 јуни 2026 година ќе оствари работни посети на Сојузна Република Германија, Обединетото Кралство и Ирска.„Следната недела фокусот ќе биде на економската дипломатија, политичкиот дијалог и билатералните односи, јакнењето на стратешките партнерства и европската интеграција. Нашата цел е јасна: повеќе економски можности, посилни партнерства и конкретни придобивки за државата, економијата и граѓаните“, напи

Македонија | пред 3 месеци

media-librarymk80967fh3g65RW62VE

Муцунски од Истанбул: Силните политички односи мора да се преточат во уште посилна економска соработка

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски од Истанбул порача дека одличните политички односи меѓу Македонија и Турција треба да се преточат во уште посилна економска соработка, поголема трговска размена и нови инвестиции.Муцунски учествуваше на Бизнис форумот меѓу Република Турција и Република Северна Македонија, кој се одржа во Истанбул, а беше отворен заедно со турскиот министер за трговија, Омер Болат. На настанот присуствуваа претставници на институциите, стопански

Македонија | пред 3 месеци

media-library7cssjs6p6h671Q4zACe

(Видео) „Силните идентитети не напаѓаат други идентитети“ – порака на Муцунски од Софија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, порача дека во Европа на 21. век идентитетите не треба да се градат преку негирање и напади врз другите, туку преку меѓусебна почит и прифаќање на различностите.Говорејќи за односите меѓу Македонија и Бугарија, Муцунски истакна дека силните идентитети немаат потреба да се потврдуваат на сметка на туѓите.„Јас сум цврсто убеден, како човек, дека силните идентитети немаат потреба да се градат преку напади на туѓите идентитети. Н

Настани | пред 3 месеци

media-librarynb3el5g6e11kbvKaUBA

Муцунски се сретна со бугарската министерка за надворешни работи

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Софија се сретна со министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Надежда Нејнски. Средбата е прва од низата билатерални разговори што се одржуваат на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ).Муцунски учествува на министерскиот состанок што се одржува во рамки на бугарското претседавање со иницијативата и е посветен на одбележувањет

Македонија | пред 3 месеци

media-library5u54ori503bsaY390HA

Повторно актуелна идејата за директна авиолинија меѓу Скопје и Сараево

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска во Сараево оствари средба со министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Елмедин Конаковиќ, на која беше потврдена одличната билатерална соработка и конструктивниот политички дијалог меѓу двете земји.На заедничката прес-конференција по средбата, Муцунски истакна дека Македонија и БиХ одржуваат редовен политички дијалог на сите нивоа и дека немаат отворени билатерални прашања.Двајцата министри разговараа за а

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryaid127tg2cic1trOluV

„Дигиталната трансформација, иновациите и ИКТ секторот треба да станат посилен дел од економската агенда со Грција“, вели Муцунски

Дигиталната трансформација, иновациите и информатичко-комуникациските технологии треба да добијат многу позначајно место во економската соработка меѓу Македонија и Грција, порача министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на Бизнис форумот на ИКТ компании што се одржа во Скопје.Обраќајќи се пред претставници на компаниите и стопанските организации од двете земји, Муцунски истакна дека форумот претставува важен чекор кон градење нов модел на партнерство заснован на еконо

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryo2vipiguk6i267m7bA3

„Македонија останува на европскиот пат, но без услови за уставни измени“, вели Муцунски

Македонија останува цврсто посветена на членството во Европската Унија, но во моментот не постојат предуслови за отворање на процесот на уставни измени, оцени министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.Тој посочи дека евентуалното создавање услови за таков процес зависи од градењето меѓусебна доверба и обезбедувањето институционални гаранции, нагласувајќи дека очекувањата за внесување на бугарското малцинство во Уставот треба да бидат придружени со исполнување на обврск

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryo2vipiguk6i267m7bA3

„Нашите граѓани даваат поддршка на европскиот пат, но не и да се продолжи по патот на отстапки во низа“, вели Муцунски

Граѓаните силно го поддржуваат членството на Македонија во Европската Унија, но истовремено не сакаат земјата да продолжи по патот на нови отстапки без јасни гаранции дека процесот ќе има завршница, изјави министерот за надворешни работи и надворешна трговија и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, во гостување на Сител телевизија,Муцунски оцени дека идејата за референдум во овој момент нема ниту практична, ниту политичка логика и не може да придонесе за надминување на актуелн

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryb39kumub1v8s3kkgZFN

Муцунски: „Бугарија има очекувања кои не се поврзани единствено со уставните измени“

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, гостуваше во емисијата „Тема на денот“ на Сител телевизија, каде говореше за европската интеграција на државата, односите со Бугарија и очекувањата од претстојните разговори со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.Во контекст на посетата на Кошта, министерот Муцунски изрази очекување во фокусот на разговорите да бидат реформската агенда и евроинтегративниот процес, како и можностите за надминување на пречките кои

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryo2vipiguk6i267m7bA3

„Толеранцијата е сила, а не слабост. Мирот е избор што мора да се прави секој ден“, порача Муцунски

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска се обрати на 14. пленарна сесија на Меѓународниот парламент за толеранција и мир, која се одржа во Собранието на Република Северна Македонија, нагласувајќи ја важноста на дијалогот, толеранцијата и меѓународната соработка во услови на глобални предизвици.Во своето обраќање, Муцунски истакна дека светот се соочува со војни, поделби, дезинформации и растечка недоверба меѓу народите, поради што потребата од дијалог и сор

Македонија | пред 3 месеци

media-librarya7sqgpbtrnfrccQkLR4

Муцунски: Водиме кредибилна надворешна политика што ги штити националните интереси и достоинството на државата

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во рамки на седницата за пратенички прашања во Собранието, истакна дека Владата води кредибилна и одговорна надворешна политика, заснована на заштита на националните интереси, достоинството на државата и стратешките приоритети.Одговарајќи на пратеничко прашање поврзано со евроинтегративниот процес и надворешната политика, министерот Муцунски потенцираше дека Владата води аргументиран и принципиелен пристап во комуника

Македонија | пред 3 месеци

media-library9kcm2sh9d4fve9xaliN

Муцунски: „Културната дипломатија е сериозен инструмент за градење доверба, партнерства и долгорочно влијание“

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска се обрати на отворањето на 4. Форум за културна дипломатија „Скопје 2026“, што се одржува под мотото „Од крстопати кон поврзувања: Културната дипломатија и иднината на глобалниот дијалог“.Во своето обраќање, Муцунски истакна дека во современиот свет влијанието на државите не се мери само преку нивната економска или воена моќ, туку и преку способноста да создаваат доверба, идеи и партнерства.„Културната дипломатија често

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryo2vipiguk6i267m7bA3

Муцунски од состанокот на НАТО: Западен Балкан мора да остане во фокусот на Алијансата

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, изминатите две дена учествуваше на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО, што се одржа во Хелсингборг, Кралството Шведска.Во рамки на состанокот беа разменети мислења за повеќе актуелни глобални безбедносни предизвици, со посебен акцент на подготовките за Самитот на НАТО во Анкара, што ќе се одржи во јули оваа година.Фокусот на дискусиите беше ставен на имплементацијата на одлуките донесени н

Македонија | пред 3 месеци

media-librarya7sqgpbtrnfrccQkLR4

Муцунски од Хелсингборг - Во фокусот на разговорите инвестициите во одбраната, Украина и Западниот Балкан

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска учествува на министерскиот состанок на НАТО што се одржува во Хелсингборг, во Шведска.Пред почетокот на состанокот, Муцунски изјави дека средбата претставува важна можност, речиси една година по Самитот во Хаг, да се направи пресек на постигнатото и да се разговара за подготовките за претстојниот самит во Анкара.Тој посочи дека во фокусот на разговорите ќе бидат инвестициите во одбраната, развојот на одбранбените индуст

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryifj7namj2f1n0svrrZY

СДСМ: Муцунски се фали со пари кои ги добија сите кандидати од ЕУ – прашањето е колку пари губиме?

СДСМ обвини дека Владата, предводена од Христијан Мицкоски, не ги спроведува потребните реформи за напредок кон Европската Унија, и покрај тоа што Европската комисија стави на располагање 65,7 милиони евра за земјава преку Планот за раст за Западен Балкан.Од партијата посочуваат дека средствата ги добиле сите земји кандидати од регионот, освен Србија, за која тврдат дека со години ги блокира реформите и е во конфронтација со Европската Унија.СДСМ оценува дека слична политика води и актуелната ма

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryo2vipiguk6i267m7bA3

,,Европската комисија стави на располагање 65,7 милиони евра за државата – највисок износ во регионот", вели Муцунски

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски соопшти дека Европска комисија ставила на располагање 65,7 милиони евра за Македонија во рамки на Инструментот за реформи и раст.Според Муцунски, станува збор за највисок износ во регионот, во споредба со 49 милиони евра за Албанија и 44,2 милиони евра за Црна Гора.Тој оцени дека ова претставува потврда за посветеноста на Владата кон реформите, исполнувањето на обврските од Планот за раст и имплементацијата на европските станда

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryn4vishdjudef99FvFd1

Министерот Муцунски повика на политичка зрелост и поддршка за реформите што се директно поврзани со европската агенда

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на прес-конференција во Владата, порача дека членството во Европската Унија останува стратешка цел на државата и еден од клучните столбови на македонската надворешна политика.На прес-конференција во Владата, Муцунски истакна дека европската интеграција бара сериозност, одговорност и национален консензус околу најважните државни прашања.„Ова не е процес на една Влада. Ова не е процес на една политичка партија. Ова е процес што

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryckc7ndl1hd605hA6NoZ

Муцунски во Братислава: Потребна е забрзана интеграција на Западен Балкан во ЕУ

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски учествуваше на Министерскиот состанок на Групата „Пријатели на Западен Балкан“, што се одржа во Братислава, стои во соопштението од Министерството за надворешни работи.Состанокот бил организиран на покана на словачкиот министер за надворешни и европски работи Јурај Бланар.Групата „Пријатели на Западен Балкан“ ја сочинуваат Италија, Австрија, Грција, Чешка, Словачка, Хрватска и Словенија, а нејзина цел е забрзување на евроинтегр

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryo2vipiguk6i267m7bA3

Муцунски за Euronews: „Не сме проевропска држава само во реториката, туку и во вредностите што ги спроведуваме“

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во интервју за Euronews изјави дека Македонија останува цврсто посветена на европскиот пат и покрај предизвиците и застојот во евроинтегративниот процес.„Ние сме држава што се гордее со својата проевропска ориентација, не само во реториката, туку и во вредностите што ги спроведуваме во нашето општество“, истакна Муцунски.Во интервјуто за емисијата „12 Minutes With“, министерот посочи дека регионот се соочува со сериозни хибридн

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryk1vdio0pusf05Dg0hsy

Муцунски до бугарската министерка: Македонците се Македонци, „северномакедонски“ е несоодветен термин

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски реагираше на изјавата на неговата бугарска колешка Весислава Петрова Чамова, посочувајќи дека меѓу нив немало официјална билатерална средба, туку само кратка размена на зборови на маргините на настан.„Во однос на изјавата на мојата нова бугарска колешка, Весислава Петрова Чамова, би сакал да појаснам дека денес немавме официјална билатерална средба. Имавме кратка размена на зборови на маргините на настан, во присуство на повеќе колеги. Ако едноминут

Македонија | пред 4 месеци

media-library7mlf9jinpagg7XBtfhQ

Муцунски: „Обновата на Украина не значи само реконструкција на инфраструктурата, туку и обновување на животите, довербата и надежта“

Во рамки на работната посета на Брисел, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска учествуваше на Состанокот на високо ниво на Меѓународната коалиција за враќање на украинските деца, кој се одржа на маргините на Советот за надворешни работи на Европската Унија.Во своето обраќање, министерот Муцунски ја реафирмираше поддршката на државата за Украина, нејзиниот суверенитет и територијален интегритет, нагласувајќи дека повеќе од три години Украина се соочува со н

Македонија | пред 4 месеци

media-library29p5jtei0a5b4zwJdPD

Муцунски од Брисел: Проширувањето е императив и за ЕУ и за Западен Балкан

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска во Брисел учествуваше на Советот за надворешни работи на Европска Унија, со кој претседаваше високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас.Во изјава пред почетокот на состанокот, Муцунски порача дека проширувањето е императив и за Европската Унија и за земјите кандидати, нагласувајќи дека Западен Балкан не смее да остане „сива зона“ на Европа.Тој истакна дека Македонија постигнала конкр

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања