Промени тема
Контакт

МВР

media-libraryh6657etpgbs67I2pDZY

Марихуана пронајдена кај 26-годишник во Тетово

Полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода 26-годишен жител на селото Копанце, општина Желино, откако кај него била пронајдена марихуана.Како што информира Министерството за внатрешни работи, акцијата била спроведена на 26 јули на улицата „Илинденска“ во Тетово. При извршениот преглед, кај В.А. (26) била пронајдена и одземена марихуана.По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 2 месеци

media-library92lrdbfjqo6ja0Rr6Lu

16-годишник возел нерегистриран мопед без возачка и предизвикал сообраќајка

Шеснаесетгодишен малолетник од Гостивар бил лишен од слобода откако управувал нерегистриран мопед без положен возачки испит и учествувал во сообраќајна незгода.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека настанот се случил на 26 јули околу 23:00 часот на улицата „Браќа Блажевски“ во Гостивар, каде што полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај го привеле малолетникот.Мопедот му бил одземен, а по целосното документирање на случајот против него ќе б

Македонија | пред 2 месеци

media-library80ut1svb25vc0HZ0iWD

Голем пожар кај Прилеп: Изгоре викендичка и насад со лешници

Голем пожар избувнал вчера попладне во местото викано „Заград“ кај Прилеп, при што биле зафатени сува трева, викенд-куќа и околу 25 декари земјиште засадено со лешници.Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 26 јули во 16:16 часот во ОВР Прилеп.На местото интервенирала екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп, која успеала да го локализира пожарот. Во тек се активности за негово целосно гаснење.Засега не се соопштени информации за причини

Македонија | пред 2 месеци

media-librarycso53fn6hcrs2YTI7Rc

Подметнувал пожари на трактор и автомобил, кривична пријава за 41-годишен маж од Струмица

СВР Струмица поднесе кривична пријава против 41-годишниот В.К. од Струмица, поради сомнение дека сторил кривични дела „предизвикување општа опасност“ и „тешки дела против општата сигурност“, соопшти Министерството за внатрешни работи.Според информациите, осомничениот на 25 јули околу 22 часот подметнал пожар на трактор во сопственост на 70-годишен струмичанец, а неколку часа подоцна, на 26 јули околу 1 часот, запалил и патничко возило „Киа“, сопственост на друго лице од Струмица.Двата пожара бил

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryldtg3q5cfvbs2nicno6

21-годишник паднал од автомобил во движење, завршил со тешки повреди

Дваесет и едногодишен жител на Штип се здобил со тешки телесни повреди откако паднал од отворен прозорец на автомобил во движење, информира Министерството за внатрешни работи.Несреќата се случила на 27 јули околу 1:35 часот на крстосницата меѓу улиците „Сремски Фронт“ и „Солидарност“ во Штип. Според МВР, од отворен прозорец на патничко возило „ауди“ со штипски регистарски ознаки, управувано од 22-годишниот Б.С. од Штип, паднал сопатникот Н.А. (21), исто така од Штип.Во инцидентот, 21-годишникот

Македонија | пред 2 месеци

media-library361ic5plrg5k889hIIq

Пронајдена поголема количина кокаин во Скопје, уапсен 23-годишник

Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија, во координација со Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, денеска извршиле претрес во дом и други простории што ги користел С.Б. (23) од скопското село Брест.При претресот била пронајдена и одземена поголема количина кокаин.По преземените мерки, С.Б. бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Гази Баба поради сомнение за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик.По целосното документирање на случајот,

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryuvk0bpfirsha3SYLv78

Осум лица уапсени во акција на полицијата, пронајдена дрога во Скопје и Тетово

Осум лица биле лишени од слобода во текот на изминатото деноноќие во одделни полициски акции спроведени во Скопје и тетовско, откако кај нив била пронајдена дрога, соопшти Министерството за внатрешни работи.Во Скопје, на повеќе локации, полициски службеници од СВР Скопје ги привеле Ј.Ч. (47), А.Б. (19), Ф.Р. (27), Н.К. (19), М.О. (26), сите од Скопје, како и В.М. (35) од селото Морани. При преглед кај нив биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја, бела прашкаста материја и марихуана.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryoj0e0n8hasp6dG6Kzlq

Драма во струмичко село: Насилно влегле во куќа, претепале семејство и се обиделе да одведат жена против нејзина волја

СВР Струмица поднесе кривични пријави против шест лица од селото Просениково поради сомнение дека сториле кривични дела „насилство“, а дел од нив се товарат и за противправно лишување од слобода и напад врз службено лице.Како што информира Министерството за внатрешни работи, пријавени се Б.Д. (22), Т.Ј. (49), С.Д. (47), В.М. (36), Г.Т. (42) и М.Т. (21), сите од село Просениково.Според истрагата, на 24 јули околу 21:20 часот тие насилно влегле во домот на К.Ѓ. во селото Сарај, струмичко, каде физ

Македонија | пред 2 месеци

ambulanta

Почина 16-годишно момче, колабирало додека било на гости

Шеснаесетгодишно момче од селото Кондово починало откако било донесено во бессознание на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, информира Министерството за внатрешни работи.Според МВР, случајот бил пријавен на 25 јули во 16:22 часот од Клиничкиот центар. Малолетникот бил донесен во бессознание, а и покрај напорите на лекарите, за кратко време починал.Според првичните информации, момчето заедно со својата мајка било на гости кај роднини во селото Сингелиќ, кога во еден момент му се слошило

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryief9kqn5744o2qY0VQy

Пожар зафати куќа во Скопје, изгоре дел од покривот

Пожар избувнал во семејна куќа на булеварот „Словенија“ во Скопје, при што била зафатена кровната конструкција, информира Министерството за внатрешни работи.Според МВР, случајот бил пријавен на 25 јули во 14:17 часот. Опожарена била куќа во сопственост на Б.М. (84) од Скопје.На местото интервенирала екипа на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, која го локализирала и изгаснала пожарот.Во инцидентот нема повредени лица, а увид извршила увидна екипа.

Македонија | пред 2 месеци

media-library8p1l5u9oighe78qAFuD

Ја фатил мајка му низ прозорецот од автомобилот и ја влечел 20 метри

Дваесет и четиригодишен жител на скопско село во општина Петровец е приведен под сомнение дека со автомобил ја влечел својата 42-годишна мајка, при што таа се здобила со повреди, соопшти Министерството за внатрешни работи.Според информациите, инцидентот се случил на 25 јули околу 18:50 часот. Осомничениот, управувајќи патничко возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, преку отворениот прозорец ја фатил својата мајка и ја влечел околу 20 метри, по што го напуштил местото.Повредената жена била

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryp3d0u4fehc2raPK0ffr

Косовски државјанин се обидел да влезе во Македонија со туѓа лична карта

Косовски државјанин е приведен на Граничниот премин Долно Блаце откако при пасошка контрола се обидел да влезе во државата користејќи лична карта на друго лице, соопшти Министерството за внатрешни работи.Според информациите, на 25 јули околу 20:30 часот, при влез во земјава, полициски службеници го лишиле од слобода М.Б. (39) од Косово. При извршените проверки било утврдено дека на увид приложил туѓа лична карта, претставувајќи се со документ што не му припаѓал.По приведувањето, лицето било пред

Македонија | пред 2 месеци

media-library1lvdvc5b1dijdKUHYRS

Тешко повреден мотоциклист во сообраќајка на патот Скопје–Тетово

Мотоциклист е тешко повреден во сообраќајна несреќа што вчера претпладне се случила на крстосницата меѓу регионалниот пат Скопје–Тетово и сервисната улица што води кон селото Глумово, информира Министерството за внатрешни работи.Според МВР, несреќата била пријавена во 11:20 часот, а во неа учествувале патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.П. (59) од селото Шишево, и мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управуван од К.Х. (46) од Скопје.Во судирот, мотоци

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryelnsls13q2tubid3wIc

Мопедист тешко повреден по судир со „мерцедес“ во Скопје

Возач на мопед се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила вчера претпладне на крстосницата меѓу улиците „Лука Геров“ и „Лазо Димовски Ошенски“ во Скопје, информира Министерството за внатрешни работи.Според МВР, несреќата била пријавена околу 11:30 часот, а во неа учествувале патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 19-годишниот Б.Т. од Скопје, и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.Ѓ. (29) од селото Волково.Во судирот, в

Македонија | пред 2 месеци

media-library3i20nhhgf8a46Z9a23V

Претрес во Куманово: Пронајдени дрога и метадон, уапсени четири лица

Четири лица од Куманово се лишени од слобода по полициска акција во која биле пронајдени дрога, метадон и предмети поврзани со употреба и подготовка на наркотични супстанции, информира Министерството за внатрешни работи.Според МВР, на 25 јули полициски службеници од СВР Куманово ги привеле Д.И. (55), М.И. (26), Р.А. (50) и А.П. (46), сите од Куманово.При претрес во домот на Д.И., извршен со судска наредба, сопственикот не бил затекнат, но во куќата биле неговиот син М.И., како и Р.А. и А.П. При

Македонија | пред 2 месеци

pari-1

Вработен во АВРСМ Прилеп земал поткуп од примател на социјална помош за да не биде укината

На 24.07.2026 во 17:15 часот во Прилеп, полициски службеници го лишија од слобода Д.Т.(50) од Прилеп, вработен во АВРСМ, поради сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп".Според пријавеното, тој на 47-годишно лице од Прилеп, невработено и примател на социјална помош, од април до јули во неколку наврати побрал и примил поткуп за да не му ја укинат социјалната помош затоа што од здравствени разлози одбил работно место во фабрика во Битола.При претрес во неговиот дом, извршен со судска

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryuv02ob277vl9cvGB1hd

Турчинки нападнале полицајци во Скопје

На 24.07.2026 во 23:40 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар ги лишија од слобода Б.Д.(23) и Е.Д.(54), двете од Турција, со регуилиран престој во Скопје, затоа што физички нападнале полициски службеници кои извршувале службени дејствија.Двете биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Скопје | пред 2 месеци

media-librarysfb0mrdknnhr8ORrY5B

Со германски мерцедес, не застанал на знак од службеници и удрил полицаец: уапсен 53-годишен маж

На 24.07.2026 во 16:50 часот на булевар „Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Р.А.(53) од с.Стримница, тетовско.Пријавениот, управувајќи патничко моторно возило „мерцедес“ со германски национални ознаки, не застанал на знак за запирање, даден од полициски службеници, и со возилото удрил полициски службеник.Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryf9t4pmg7msr854l6NKp

Американец пронајден починат во хотелска соба во Центар

На 24.07.2026 околу 08:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во соба од хотел на подрачјето на Центар бил пронајден починат Р.Р.Ц.(43) од САД.Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи  траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

Скопје | пред 2 месеци

media-librarymiid0t15caih9rM6JDZ

И се заканувал на 71-годишната мајка, па ја нападнал со остри предмети и и ја исекол раката: полицијата го уапси

На 25.07.2026 во 00:10 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Т.Б.(42) од Велес, постапувајќи по претходна пријава од неговата 71-годишна мајка дека во семејниот дом, по кратка расправија, ѝ се заканувал и ја нападнал со остри предмети, по што ѝ нанел расекотина на раката, а потоа фрлал и кршел предмети во домот.Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryrak8j5k24jdi5YsFe9Q

Уапсен скопјанец: Ја следел и вознемирувал поранешната партнерка, а на нејзиниот син му испраќал пораки

На 24.07.2026 во 14:10 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода К.С.(39) од скопско, постапувајќи по претходна пријава од неговата 46-годишна поранешна партнерка, дека подолг период ја следи и вознемирува, а на нејзиниот малолетен син упатувал пораки со навредлива и невистинита содржина, со што не ја почитувал одлуката од Основниот суд Скопје.По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Скопје | пред 2 месеци

media-libraryio9v3rupk110dzOqtNT

Малолетник со убодна рана донесен во болница, тврди дека бил повреден при игра

На 25.07.2026 во 01:12 часот во СВР Скопје, од Јавната здравствена установа „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со повреди од остар предмет на градниот кош бил донесен 15-годишник од Скопје.Во разговор со полициски службеници тој изјавил дека бил повреден  во населба Гази Баба од малолетник кој го познавал и дека бил повреден при игра без намера да се повредат.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 2 месеци

media-libraryt5q8j6nksm8qaorEm2w

Уапсен 18-годишен кумановец: Пронајдени бела прашкаста материја, боксирачи и пиротехника

На 24.07.2026, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода М.М.(18) од Куманово.При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени предмети со остатоци од бела прашкаста материја, боксирачи и пиротехнички средства.По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryef6f0du6rpf9e7EEeSZ

Без возачка и со туѓи регистарски таблички превезувал седум мигранти

На 24.07.2026 во 19:30 часот во близина на крстосница од локален пат с.Богородица-Гевгелија и регионален пат Гевгелија-Богданци, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица го лишија од слобода Д.К.(36) од Струмица поради основи на сомнение за сторени кривични дела по член 418-Б, член 378 и член 297-а од Кривичниот законик. Имено, при контрола во возило „фиат стило“ со австриски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени седум лица миг

Македонија | пред 2 месеци

media-library73gfoge86c3a2DFj7L5

Над два килограми марихуана пронајдени при претрес во дом во Арачиново

На 24.07.2026 од страна полициски службеници од Единицата за недозволена трговија и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје по Наредба на Основен кривичен суд Скопје извршен е претрес во дом и други простории кај Б.Н.(25) од Арачиново, скопско.„При претресот пронајдени се над два килограми наркотична дрога марихуана и дигитална вага со остатоци од марихуана.Б.Н. е лишен од слобода и по целосно документирање на случајот против истиот ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Крив

Скопје | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања