Промени тема
Контакт

МВР

pistol-zapl-3

Дрога и нелегално оружје пронајдени при претреси во Куманово, уапсени три лица

Три лица се лишени од слобода во две одделни полициски акции во Куманово, при кои биле пронајдени дрога и нелегално оружје, соопшти Министерството за внатрешни работи.Во првиот случај, полициски службеници од СВР Куманово го привеле 19-годишниот Г.М. По претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. Тој е задржан во полициска станица, а по целосното документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.Неколку часа подоцна, полицијата ги привела

Македонија | пред 2 месеци

media-library9q24ke3t098m3eIMrzW

МВР со засилени контроли: 59 санкции за мотоциклисти и возачи на тротинети

Во акциска контрола спроведена вчера од 17 до 22 часот на подрачјето на Кочани и Виница, полициските службеници изрекоа вкупно 59 санкции за прекршоци сторени од возачи на мотоцикли и лесни електрични возила – тротинети.Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, најголем дел од прекршоците се однесуваат на управување мотоцикл без заштитна кацига, при што биле санкционирани 34 возачи. Евидентирана е и една санкција за возач на електричен тротинет, три за управување без соодветна возачка

Македонија | пред 2 месеци

tepacka1

Бракоразводна драма во Скопје: Прво тој ја пријавил сопругата за напад, два часа подоцна таа го пријавила него

Сопружници кои се во бракоразводна постапка меѓусебно се пријавиле во полиција за физички напад по инцидент што се случил во станбена зграда во Скопје.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 27 јули, околу 00:15 часот, 25-годишен маж од Крива Паланка пријавил дека претходната вечер, околу 21:00 часот, бил физички нападнат од неговата 31-годишна сопруга од Штип.Неколку часа подоцна, во 02:30 часот, и 31-годишната жена пријавила дека во истиот период и на истото место била физичк

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryk1ukvadfjl94cyir2gl

Узурпирал државна парцела и бесправно градел, кривична за жител на дебарско

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против 42-годишниот Е.А. од дебарското село Џепиште поради сомнение дека сторил кривични дела „узурпација на недвижности“ и „бесправно градење“.Според Министерството за внатрешни работи, во текот на мај годинава пријавениот, на катастарска парцела во државна сопственост во истото село, без одобрение од надлежен државен орган и спротивно на Законот за градење, неовластено поставил бетонска подлога и ја оградил со метални шипки.По документирањето на случајот, про

Македонија | пред 2 месеци

media-librarymiid0t15caih9rM6JDZ

Син ја нападнал својата 61-годишна мајка

Триесет и четиригодишен скопјанец е лишен од слобода по пријава дека физички ја нападнал својата 61-годишна мајка во семејниот дом.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 26 јули околу 14:40 часот, полициски службеници од СВР Скопје го привеле С.И. (34) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од неговата мајка.Според пријавата, физичкиот напад се случил на 25 јули околу 21:30 часот во семејниот дом.По целосното документирање на случајот, против осомничениот ќе биде поднесе

Македонија | пред 2 месеци

media-library3gojtdh024v31P7Z2Gq

Изгубила контрола над четирициклот и се превртела, 41-годишна битолчанка тешко повредена

Четириесет и едногодишна жена од Битола се здобила со тешки телесни повреди откако изгубила контрола над четирицикл и се превртела на регионалниот пат Битола – Пелистер.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека несреќата била пријавена на 26 јули околу 14:45 часот во СВР Битола.Според пријавата, И.Ѓ. (41) од Битола, управувајќи четирицикл, изгубила контрола над возилото, по што се превртела.Во несреќата таа се здобила со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во болницата во Б

Македонија | пред 2 месеци

media-librarytljvsfk8b6jm7xCIUCF

Возач со 1,51 промили алкохол зад волан приведен во Виница

Педесет и двегодишен жител на Виница бил лишен од слобода откако полициска контрола утврдила дека управувал автомобил под дејство на алкохол.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 27 јули, околу 02:25 часот, на улицата „Никола Карев“ во Виница, полициски службеници од ОВР Виница запреле патничко возило „пежо“ со винички регистарски ознаки, управувано од Т.С. (52) од Виница.При извршената контрола било утврдено дека возачот имал 1,51 промили алкохол во крвта, по што бил лишен о

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryv404gi8bnm8t5CoGjfk

Велосипедист тешко повреден во судир со товарно возило во скопско

Триесет и осумгодишен велосипедист од Скопје се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила на патот меѓу селата Сопиште и Горно Соње.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека несреќата била пријавена на 25 јули околу 14 часот, а во неа учествувале товарно возило „ивеко“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 31-годишниот С.Ш. од село Батинци, и велосипед управуван од М.Ј. (38) од Скопје.Во судирот велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, ко

Македонија | пред 2 месеци

media-library80jfe7218uilfQjuGU2

Тројца прилепчани уапсени на концерт во Охрид, пронајдени дрога и халуциногени печурки

Тројца жители на Прилеп се лишени од слобода во Охрид, откако кај еден од нив била пронајдена дрога, а при последователен претрес во станот што го користеле биле откриени повеќе видови наркотични и други сомнителни материи.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 26 јули, околу 01:20 часот, за време на концерт во спортскиот центар „Билјанини Извори“, полициски службеници го привеле 30-годишниот Б.Р. од Прилеп, кај кого биле пронајдени марихуана и бела прашкаста материја.Подоцна,

Македонија | пред 2 месеци

media-librarydqjqh0dult3r9QFfhty

Тројца мотоциклисти приведени за еден ден – возеле без возачка дозвола

Тројца мотоциклисти биле лишени од слобода во одвоени полициски акции во Прилеп и Маврово, откако биле затекнати како управуваат мотоцикли без возачка дозвола, а во еден случај и со нерегистрирано возило.Како што информира Министерството за внатрешни работи, на 26 јули во 11:00 часот на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп бил приведен Б.С. (35) од Прилеп. При сообраќајна контрола било утврдено дека управувал мотоцикл со прилепски регистарски ознаки без возачка дозвола.Истата вечер, односно на 27 ј

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryd0sbnv87k9iueU9y86r

Чичко ненамерно му ја прегазил ногата на својот внук со автомобил

Дваесет и седумгодишен жител на Тетово се здобил со тешки телесни повреди откако неговиот чичко ненамерно го прегазил на ногата со автомобил.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 26 јули околу 20:30 часот во СВР Тетово од Клиничкиот центар Тетово било пријавено дека кај нив е донесен повредениот М.З. (27).Во разговор со полициски службеници, тој изјавил дека околу 19:00 часот, во дворот од нивниот дом, неговиот чичко С.З. (61) од Тетово, управувајќи патничко возило наназад, н

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryh6657etpgbs67I2pDZY

Марихуана пронајдена кај 26-годишник во Тетово

Полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода 26-годишен жител на селото Копанце, општина Желино, откако кај него била пронајдена марихуана.Како што информира Министерството за внатрешни работи, акцијата била спроведена на 26 јули на улицата „Илинденска“ во Тетово. При извршениот преглед, кај В.А. (26) била пронајдена и одземена марихуана.По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 2 месеци

media-library92lrdbfjqo6ja0Rr6Lu

16-годишник возел нерегистриран мопед без возачка и предизвикал сообраќајка

Шеснаесетгодишен малолетник од Гостивар бил лишен од слобода откако управувал нерегистриран мопед без положен возачки испит и учествувал во сообраќајна незгода.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека настанот се случил на 26 јули околу 23:00 часот на улицата „Браќа Блажевски“ во Гостивар, каде што полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај го привеле малолетникот.Мопедот му бил одземен, а по целосното документирање на случајот против него ќе б

Македонија | пред 2 месеци

media-library80ut1svb25vc0HZ0iWD

Голем пожар кај Прилеп: Изгоре викендичка и насад со лешници

Голем пожар избувнал вчера попладне во местото викано „Заград“ кај Прилеп, при што биле зафатени сува трева, викенд-куќа и околу 25 декари земјиште засадено со лешници.Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 26 јули во 16:16 часот во ОВР Прилеп.На местото интервенирала екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп, која успеала да го локализира пожарот. Во тек се активности за негово целосно гаснење.Засега не се соопштени информации за причини

Македонија | пред 2 месеци

media-librarycso53fn6hcrs2YTI7Rc

Подметнувал пожари на трактор и автомобил, кривична пријава за 41-годишен маж од Струмица

СВР Струмица поднесе кривична пријава против 41-годишниот В.К. од Струмица, поради сомнение дека сторил кривични дела „предизвикување општа опасност“ и „тешки дела против општата сигурност“, соопшти Министерството за внатрешни работи.Според информациите, осомничениот на 25 јули околу 22 часот подметнал пожар на трактор во сопственост на 70-годишен струмичанец, а неколку часа подоцна, на 26 јули околу 1 часот, запалил и патничко возило „Киа“, сопственост на друго лице од Струмица.Двата пожара бил

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryldtg3q5cfvbs2nicno6

21-годишник паднал од автомобил во движење, завршил со тешки повреди

Дваесет и едногодишен жител на Штип се здобил со тешки телесни повреди откако паднал од отворен прозорец на автомобил во движење, информира Министерството за внатрешни работи.Несреќата се случила на 27 јули околу 1:35 часот на крстосницата меѓу улиците „Сремски Фронт“ и „Солидарност“ во Штип. Според МВР, од отворен прозорец на патничко возило „ауди“ со штипски регистарски ознаки, управувано од 22-годишниот Б.С. од Штип, паднал сопатникот Н.А. (21), исто така од Штип.Во инцидентот, 21-годишникот

Македонија | пред 2 месеци

media-library361ic5plrg5k889hIIq

Пронајдена поголема количина кокаин во Скопје, уапсен 23-годишник

Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија, во координација со Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, денеска извршиле претрес во дом и други простории што ги користел С.Б. (23) од скопското село Брест.При претресот била пронајдена и одземена поголема количина кокаин.По преземените мерки, С.Б. бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Гази Баба поради сомнение за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик.По целосното документирање на случајот,

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryuvk0bpfirsha3SYLv78

Осум лица уапсени во акција на полицијата, пронајдена дрога во Скопје и Тетово

Осум лица биле лишени од слобода во текот на изминатото деноноќие во одделни полициски акции спроведени во Скопје и тетовско, откако кај нив била пронајдена дрога, соопшти Министерството за внатрешни работи.Во Скопје, на повеќе локации, полициски службеници од СВР Скопје ги привеле Ј.Ч. (47), А.Б. (19), Ф.Р. (27), Н.К. (19), М.О. (26), сите од Скопје, како и В.М. (35) од селото Морани. При преглед кај нив биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја, бела прашкаста материја и марихуана.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryoj0e0n8hasp6dG6Kzlq

Драма во струмичко село: Насилно влегле во куќа, претепале семејство и се обиделе да одведат жена против нејзина волја

СВР Струмица поднесе кривични пријави против шест лица од селото Просениково поради сомнение дека сториле кривични дела „насилство“, а дел од нив се товарат и за противправно лишување од слобода и напад врз службено лице.Како што информира Министерството за внатрешни работи, пријавени се Б.Д. (22), Т.Ј. (49), С.Д. (47), В.М. (36), Г.Т. (42) и М.Т. (21), сите од село Просениково.Според истрагата, на 24 јули околу 21:20 часот тие насилно влегле во домот на К.Ѓ. во селото Сарај, струмичко, каде физ

Македонија | пред 2 месеци

ambulanta

Почина 16-годишно момче, колабирало додека било на гости

Шеснаесетгодишно момче од селото Кондово починало откако било донесено во бессознание на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, информира Министерството за внатрешни работи.Според МВР, случајот бил пријавен на 25 јули во 16:22 часот од Клиничкиот центар. Малолетникот бил донесен во бессознание, а и покрај напорите на лекарите, за кратко време починал.Според првичните информации, момчето заедно со својата мајка било на гости кај роднини во селото Сингелиќ, кога во еден момент му се слошило

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryief9kqn5744o2qY0VQy

Пожар зафати куќа во Скопје, изгоре дел од покривот

Пожар избувнал во семејна куќа на булеварот „Словенија“ во Скопје, при што била зафатена кровната конструкција, информира Министерството за внатрешни работи.Според МВР, случајот бил пријавен на 25 јули во 14:17 часот. Опожарена била куќа во сопственост на Б.М. (84) од Скопје.На местото интервенирала екипа на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, која го локализирала и изгаснала пожарот.Во инцидентот нема повредени лица, а увид извршила увидна екипа.

Македонија | пред 2 месеци

media-library8p1l5u9oighe78qAFuD

Ја фатил мајка му низ прозорецот од автомобилот и ја влечел 20 метри

Дваесет и четиригодишен жител на скопско село во општина Петровец е приведен под сомнение дека со автомобил ја влечел својата 42-годишна мајка, при што таа се здобила со повреди, соопшти Министерството за внатрешни работи.Според информациите, инцидентот се случил на 25 јули околу 18:50 часот. Осомничениот, управувајќи патничко возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, преку отворениот прозорец ја фатил својата мајка и ја влечел околу 20 метри, по што го напуштил местото.Повредената жена била

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryp3d0u4fehc2raPK0ffr

Косовски државјанин се обидел да влезе во Македонија со туѓа лична карта

Косовски државјанин е приведен на Граничниот премин Долно Блаце откако при пасошка контрола се обидел да влезе во државата користејќи лична карта на друго лице, соопшти Министерството за внатрешни работи.Според информациите, на 25 јули околу 20:30 часот, при влез во земјава, полициски службеници го лишиле од слобода М.Б. (39) од Косово. При извршените проверки било утврдено дека на увид приложил туѓа лична карта, претставувајќи се со документ што не му припаѓал.По приведувањето, лицето било пред

Македонија | пред 2 месеци

media-library1lvdvc5b1dijdKUHYRS

Тешко повреден мотоциклист во сообраќајка на патот Скопје–Тетово

Мотоциклист е тешко повреден во сообраќајна несреќа што вчера претпладне се случила на крстосницата меѓу регионалниот пат Скопје–Тетово и сервисната улица што води кон селото Глумово, информира Министерството за внатрешни работи.Според МВР, несреќата била пријавена во 11:20 часот, а во неа учествувале патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.П. (59) од селото Шишево, и мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управуван од К.Х. (46) од Скопје.Во судирот, мотоци

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryelnsls13q2tubid3wIc

Мопедист тешко повреден по судир со „мерцедес“ во Скопје

Возач на мопед се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила вчера претпладне на крстосницата меѓу улиците „Лука Геров“ и „Лазо Димовски Ошенски“ во Скопје, информира Министерството за внатрешни работи.Според МВР, несреќата била пријавена околу 11:30 часот, а во неа учествувале патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 19-годишниот Б.Т. од Скопје, и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.Ѓ. (29) од селото Волково.Во судирот, в

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања