Промени тема
Контакт

МВР

media-libraryelnsls13q2tubid3wIc

Мопед и „хјундаи“ се судрија во Црешево, мопедистот со тешки повреди пренесен на Клинички

Дваесет и деветгодишен мопедист се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила во скопското село Црешево.Како што информира Министерството за внатрешни работи, на 8 јуни во 12:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во селото Црешево се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од М.К. (29) од Скопје, и патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувала 40-годишната М.Т., исто така од Скопје.Во несреќата

Македонија | пред 3 месеци

traktor-1

Излетал со трактор од патот, заминал дома без лекар – два дена подоцна починал

Седумдесет и едногодишен жител на виничкото село Драгобраште починал откако им подлегнал на повредите здобиени во несреќа со трактор што се случила два дена претходно.Како што информира Министерството за внатрешни работи, на 8 јуни во 10:09 часот во Полициската станица Виница било пријавено од лекар од Итната медицинска помош дека кај нив бил донесен В.А. (71) од село Драгобраште, кој и покрај укажаната лекарска помош и извршената реанимација, починал.По наредба на јавен обвинител од Основното ј

Македонија | пред 3 месеци

reka

Безживотно тело извлечено од реката Драгор во Битола

Безживотно тело на 66-годишен битолчанец било пронајдено во реката Драгор, со што трагично завршила потрагата по него откако пред неколку дена бил пријавен за исчезнат.Од СВР Битола информираат дека на 8 јуни било пријавено дека во населбата „Кланица“, кај местото викано „Дрвено мовче“, во водите на реката Драгор било забележано безживотно тело.По извршеното препознавање било утврдено дека станува збор за В.К. (66) од Битола, за кого на 2 јуни негов роднина пријавил во полиција дека се оддалечил

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryq5u4hu2k7ibf5WxP36M

Битолчанец физички ја нападнал сопругата

Полициски службеници од СВР Битола на 9 јуни го лишиле од слобода Н.Б. (46) од Битола, поради сомнение дека извршил семејно насилство.Според информациите од полицијата, тој во семејниот дом во битолско физички ја нападнал својата сопруга.Од СВР Битола информираат дека по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 3 месеци

media-library4gqmopcchrh55VSf6bI

Нови возила, камери и детектори за полицијата – МВР ја засилува борбата против криумчарењето

Министерството за внатрешни работи доби нови возила и специјализирана опрема обезбедени преку регионалниот ИПА-проект EU4FAST, со поддршка од Европската Унија, информираше министерот Панче Тошковски.Тој посочи дека утринава во кругот на МВР било извршено примопредавањето на опремата, која веднаш ќе биде ставена во функција на македонската полиција.Станува збор за четири теренски возила, три комбиња, видеокамери, детектори за отчукување на срце и опрема за проверка на документи, кои ќе придонесат

Македонија | пред 3 месеци

media-library8vnueh28kl3mcWpHOOv

Син со тврд предмет му нанел повреди на татко му бидејќи не му дал пари

Шеесетгодишен жител на селото Гајре, со престој во Тетово, пријавил во полиција дека бил физички нападнат од својот 34-годишен син, кој претходно од него барал пари.Според информациите од СВР Тетово, случајот бил пријавен на 8 јуни во 21:50 часот. Според пријавата, инцидентот се случил околу 16:30 часот во угостителски објект лоциран во близина на бензинска пумпа на улицата „Илинденска“ во Тетово.Синот Е.М. дошол во објектот и агресивно побарал пари од својот татко. Откако бил одбиен, почнал физ

Македонија | пред 3 месеци

media-library76ee7sj98oupd7DEdih

Петгодишно дете се затруло со лековите на баба му

Петгодишно дете од гостиварското село Чегране било префрлено на Детската клиника во Скопје откако се затруло со лекови што ги проголтало во домот на своите баба и дедо.Како што информира СВР Тетово, на 8 јуни во 18:40 часот полициски службеници од Полициската станица Гостивар извршиле разговор во Педијатриското одделение при Медицинскиот центар Гостивар, каде детето било донесено поради труење со лекови.Според изјавата на мајката Н.А. (25), настанот се случил околу 17 часот додека таа била на ра

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryl83rfetao1pedcgre47

Тетовец приведен: Возел нерегистриран возило без возачка дозвола

Четириесет и едногодишен жител на Тетово е лишен од слобода откако бил затекнат како управува автомобил без возачка дозвола и со истечена регистрација.Како што соопшти СВР Тетово, на 8 јуни околу 11 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово, на крстосницата на улиците „Воденска“ и „Радован Цониќ“ запреле патничко возило „Фолксваген Голф“ со тетовски регистарски ознаки.При контролата било утврдено дека возилото, сопственост на Ц.М., имало истечен

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryc2181cn5tifo2MkVzla

Се заканувал дека ќе ги убие сопругата и децата, пуштил и куче врз нивните роднини

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 36-годишен скопјанец, осомничен за кривичните дела телесна повреда, загрозување на сигурноста и предизвикување општа опасност, по инцидент на семејно насилство што се случил синоќа во неговиот дом.Според Обвинителството, околу полноќ осомничениот физички ја нападнал сопругата и нејзината мајка, а потоа почнал да вика и да им се заканува на сопругата и на нивните две малолетни деца, на возраст од шест и четири години. Кога сопругата поба

Македонија | пред 3 месеци

media-library7hkmceqshsu507HQJ3p

Шест пријави за семејно насилство за едно деноноќие, тројца приведени

Во текот на изминатото деноноќие полицијата регистрирала шест случаи на семејно насилство, при што три лица биле лишени од слобода, соопшти Министерството за внатрешни работи.Најсериозниот случај бил пријавен во скопската населба Гази Баба, каде што 36-годишен маж бил приведен откако физички ги нападнал својата сопруга и нејзината мајка, при што употребил тврд предмет, се заканувал со остар предмет и оштетувал покуќнина. Според пријавата, тој намерно го пуштил и своето куче, кое го каснало брато

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryt02gl61tb0qfddY859l

Пензионерка нападната во влез од зграда, останала без паричник

Седумдесетгодишна скопјанка пријавила во полиција дека била физички нападната и ограбена од две лица во влез од зграда на подрачјето на Центар.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, Р.Д. (70) од Скопје на 7 јуни во 12:05 часот пријавила дека нападот се случил претходната вечер околу 21:30 часот.Како што навела, додека се наоѓала во влез од зграда во Центар, две лица физички ја нападнале, при што едниот од нив употребил тврд предмет.По нападот, сторителите ѝ го одзеле паричник

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryh6ltie0nokbt25Jths8

Индиски државјанин починал во паркот „Жена борец“ во Скопје

Седумдесет и деветгодишен државјанин на Индија починал во паркот „Жена борец“ во центарот на Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.Случајот бил пријавен на 7 јуни околу 22:20 часот, кога од Итната медицинска помош било известено дека во паркот се наоѓа починато лице.Полициски службеници од СВР Скопје веднаш излегле на местото на настанот и утврдиле дека станува збор за Х.Р.Г. (79) од Индија.Во разговор со полицијата, Т.М.Л. (43), исто така државјанин на Индија, изјавил дека д

Македонија | пред 3 месеци

media-library13gki0d3rqlk9YCRq63

Паднала со велосипед во шахта и се здобила со тешки повреди

Четириесет и четиригодишна жена од Скопје се здобила со тешки телесни повреди откако паднала во одводна шахта додека управувала велосипед.Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 7 јуни во 16:40 часот во СВР Скопје од Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив била донесена С.С. (44) од Скопје со тешки телесни повреди.Според пријавеното, несреќата се случила претходниот ден, на 6 јуни околу 21 часот на улицата „Жан Жорес“ во Скопје.

Македонија | пред 3 месеци

media-library7djgeiaegpmg21sm8O4

Излетал од патот со мотор кај Козјак, скопјанец се здобил со тешки повреди

Триесет и шестгодишен скопјанец се здобил со тешки телесни повреди откако со мотоцикл излетал од регионалниот пат Скопје – ХЕЦ Козјак, во близина на селото Нова Брезница.Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена на 7 јуни околу 16 часот. Според првичните информации, В.М. од Скопје, управувајќи мотоцикл „Сузуки“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал надвор од коловозот.Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryj38lggjsfgck0BLrwQO

Хероин пронајден при претрес во затворот Идризово

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ф.А. (37) од Скопје поради сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 28 мај годинава во Казнено-поправната установа Идризово бил извршен претрес над пријавениот, при што бил пронајден и одземен хероин.По преземените мерки и документирањето на случајот, против осомничениот е поднесена соодветна криви

Македонија | пред 3 месеци

media-library79641emu2jl5bnGZwGq

Користел стар ценовник и продавал по пониски цени: Кривична за ексдиректор на „Национални шуми“

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Делчево против 52-годишниот Валентин Груевски од Битола, поради сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, пријавениот, во својство на поранешен директор на Јавното претпријатие „Национални шуми“, во периодот од 13 февруари 2023 до 7 мај 2024 година склучил и потпишал осум договори

Македонија | пред 3 месеци

vozacka-1

Приведен возач без дозвола во Стримница, возилото одземено

Полициски службеници од Полициското одделение Групчин привеле 28-годишен жител на гостиварското село Врапчиште, кој бил затекнат како управува автомобил без возачка дозвола.Како што информира СВР Тетово, на 7 јуни околу 14:40 часот во селото Стримница бил лишен од слобода И.Б. (28) од Врапчиште.При извршената контрола било утврдено дека тој управувал патничко моторно возило „Фолксваген Голф“ со тетовски регистарски ознаки без да има положен возачки испит и без да поседува возачка дозвола.Од поли

Македонија | пред 3 месеци

media-library2e7k8t7f3spo1MNj9tR

Приведен жител на Добридол по напад со тврд предмет на наплатната станица Желино

Полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово привеле 41-годишен жител на селото Добридол, осомничен за сторено кривично дело „насилство“.Како што информира СВР Тетово, на 7 јуни околу 19 часот на автопатот Скопје–Тетово, во близина на наплатната станица Желино, бил лишен од слобода А.Р. (41).Според пријавеното, непосредно пред тоа тој физички нападнал 28-годишен жител на селото Мала Речица, при што употребил и тврд предмет.Инцидентот бил прекинат од полиц

Македонија | пред 3 месеци

media-library8tso8ildoo8k70M1b3k

Разбојништво во спортска обложувалница во Тетово, напаѓачот се заканувал со остар предмет

Полицијата во Тетово презема мерки за пронаоѓање на лице кое со закана одзело пари од спортска обложувалница во градот.Според информациите од СВР Тетово, на 8 јуни во 02:00 часот, во полиција случајот го пријавил 38-годишниот Г.С. од Тетово, вработен во спортска обложувалница лоцирана на улицата „Илинденска“.Според пријавата, едно лице со закана со остар предмет одзело пари од дневниот промет на обложувалницата, по што се оддалечило од местото на настанот.Од полицијата информираат дека се презем

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryc8de35nm46466F8a66x

Малолетник нападнат од врсници во Тетово

Полицијата во Тетово презема мерки за расчистување на случај во кој малолетник бил физички нападнат од неколку други малолетни лица.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 7 јуни во 00:40 часот во СВР Тетово, 54-годишниот М.П. од Тетово пријавил дека неговиот малолетен син бил нападнат неколку часа претходно.Според пријавата, инцидентот се случил околу 20:00 часот на улицата „Љубо Божиновски Пиш“ во Тетово, каде што малолетникот бил физички нападнат од неколку малолетни лиц

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryl83rfetao1pedcgre47

Без возачка дозвола зад волан и на мотор – четири приведувања за еден ден

Полициски службеници од Битола и Прилеп во текот на вчерашниот ден лишиле од слобода четири лица кои биле затекнати како управуваат моторни возила без да поседуваат возачка дозвола.Како што информира Министерството за внатрешни работи, првото приведување било извршено во 15:30 часот на улицата „Генерал Васко Карангелески“ во Прилеп. Полициски службеници од ОВР Прилеп го привеле Џ. Р. (26) од Прилеп, кој управувал мотоцикл „Хамачи“ со битолски регистарски ознаки, без да поседува возачка дозвола.П

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryomve0170hsuh7Rurym6

Косовски државјанин приведен кај Блаце, превезувал брендирана стока без документација

Косовски државјанин е лишен од слобода откако во неговото товарно возило била пронајдена поголема количина брендирана и разновидна стока за која не поседувал соодветна документација.Како што информира Министерството за внатрешни работи, на 7 јуни, во 19:15 часот, на патниот правец од граничниот премин Блаце кон Скопје, во близина на тунелот „Блаце“, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции го лишиле од слобода Р.Ш. (42) од Косово.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryq6a7jd848o1j6alThvY

За шест часа казнети 326 возачи: најмногу за возење моторцикл без кацига, а одземено е и едно возило

Денеска (07.06.2026) во времето од 13:00 до 19:00 часот на подрачјето на град Скопје, Единицата за безбедност на патниот сообраќај и Единицата за полициски станици од општа надлежност спроведоа зајакната акциска контрола во делот на сообраќајот, при што беа изречени 326 мерки за возачи што не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.„Од нив, 92 мерки за управување моторцикл без заштитен шлем ( кацига ), девет мерки за несоодветна категорија, четири мерки за нерегистрирани мотоцикли, шест ме

Македонија | пред 3 месеци

media-library1t41dhskauv96tipxic

Осум возачи приведени за безобѕирно возење, тројца биле под дејство на алкохол

Осум возачи биле лишени од слобода во текот на изминатото деноноќие на подрачјето на целата држава поради безобѕирно управување со моторни возила, информира Министерството за внатрешни работи.Според МВР, петмина од приведените управувале возило без возачка дозвола. Од нив, четворица биле затекнати на подрачјето на Скопје, а еден во селото Горно Јаболчиште во општина Чашка.Покрај тоа, тројца возачи биле приведени бидејќи управувале возила под дејство на алкохол. Станува збор за возачи затекнати в

Македонија | пред 4 месеци

media-library3i20nhhgf8a46Z9a23V

Шест лица уапсени за дрога во Тетово, Штип и Скопје

Шест лица, меѓу кои и малолетник, биле лишени од слобода во полициски акции спроведени во изминатото деноноќие на повеќе локации низ државата, откако кај нив била пронајдена дрога.Во Тетово, денеска околу 00:15 часот, полициски службеници ги привеле А.Ц. (19) и И.А. (50), откако при забележување на полицијата фрлиле кеса со бела прашкаста материја. Двајцата се задржани во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.Во Штип, околу 01:00 часот, б

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања