Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки

„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки

МВР

Screenshot-2025-08-14-at-19.27.04

Поднесена кривична против мажот што влечеше куче со автомобил

Министерството за внатрешни работи информира дека е поднесена пријава против 59-годишниот З.М. од Крива Паланка, кој на магистралниот пат меѓу селото Жидилово и Крива Паланка, со својот автомобил „Фиат Панда“ врзал куче и го влечел по коловозот.Инцидентот се случил на 13 август 2025 година, а истиот ден во 14:45 часот во ОВР Крива Паланка со него бил извршен службен разговор.Од МВР додаваат дека по целосно документирање на случајот, против осомничениот е поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 9 месеци

tepacka1

Нападнат малолетник во Кисела Вода, се обиделе да му го одземат телефонот

Малолетник бил нападнат од тројца врсници во парк во Кисела Вода, кои се обиделе да му го одземат мобилниот телефон, соопшти МВР.Денеска (14.08.2025) во 02:30 часот во СВР Скопје М.С.(43) од Скопје пријавила дека на 13.08.2025 околу 23:10 часот во парк на подрачјето на Кисела Вода нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од тројца други малолетници, кои се обиделе да му го одземат и мобилниот телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 9 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-40-9280PM

Работник тешко повреден на живинарска фарма во Гевгелија

Млад работник од Гевгелија се здобил со тешки телесни повреди при извршување работни задачи на живинарска фарма, информира МВР.На 12.08.2025 во 12.15 часот во ОВР Гевгелија од Општата болница Гевгелија е пријавено дека кај нив бил донесен со тешки телесни повреди Д.С.(22) од Гевгелија. Според пријавеното, со повредите се здобил додека извршувал работни задачи на објект во живинарска фарма во Гевгелија. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гевгелија.

Македонија | пред 9 месеци

IMG_4224

Изгореа пасат и џип во Гевгелија, истрагата во тек

Два автомобили изгореа рано утрово во Гевгелија во пожар кој избувнал пред куќа на жител од градот, соопшти МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.-Денеска (14.08.2025) во 03:03 часот во ОВР Гевгелија e пријавено дека на ул.„Апостол Петков“ во Гевгелија, настанал пожар на патничко моторно возило „пасат“ со гевгелиски регистарски ознаки и патничко моторно возило „џип“ со велешки регистарски ознаки, паркирани пред куќата на М.К.(58). Известен бил јавен обвинител, а увид на местото бил извршен од увидна екипа од ОВР Гевгелија и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР.фото: архива/Скопје1

Македонија | пред 9 месеци

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-42-4810PM

Пијан возач со мерцедес прегазил девојче во Македонска Каменица и избегал, приведен е по два часа потрага

Возач во алкохолизирана состојба со „мерцедес“ синоќа прегазил 13-годишно девојче во Македонска Каменица и побегнал од местото на несреќата. Полицијата го лоцирла и привела за помалку од два часа, информира Министерството за внатрешни работи.Несреќата се случила на 12 август, околу 23 часот, на улицата Каменичка, кога автомобил со италијански регистарски таблички удрил во малолетничката. Таа се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Клиничката болница во Штип.По кратка потрага, возачот бил пронајден во 2.10 часот на 13 август. Алкотестот покажал присуство од 1,99 промили алкохол во крвта. Тој е приведен и задржан во полициската станица до целосно документирање на случајот.Против него ќе биде поднесена кривична пријава за безобѕирно управување со моторно возило.

Македонија | пред 9 месеци

viber_image_2025-08-10_13-39-47-293

И детето пукало од автоматска пушка во Тетово - се бараат притвори, Обвинителството соопшти детали

Основното јавно обвинителство Тетово отвори истрага против четири лица – тројца возрасни и едно дете – за бруталното пукање на 10 август на улицата „Благоја Тоска“ во Тетово, при кое загина едно лице, а тројца беа тешко повредени, меѓу кои и дете.„Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице кои е осомничено дека сторило кривично дело - Убиство по член 123 став 2 точка 3, потоа Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи по член 396 и Тешки дела против општата сигурност од член 292 став 1 во врска со член 288 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.За истите дела со него како соизвршител е осомничено и едно дете за кое е поведена постапка согласно Законот за правда за децата.Наредба за спроведување истражна постапка е донесена и против две лица кои се осомничени дека како соизвршители сториле кривично дело - Убиство (во обид) по член 123 став 2 точка 3 во врска со член 19, потоа Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи по член 396 и Тешки дела против општата сигурност од член 292 став 1 во врска со член 288 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.На 10 август, на улицата „Благоја Тоска“ во Тетово, првиот осомничен и детето во судир со законот, родено во 2010 година, со умисла, како соизвршители и со употреба на огнено оружје – автоматски пушки кои на граѓаните им се забранети, лишиле од живот едно лице, а го довеле во опасност и животот и телото на други лица, вклучувајќи и еден од останатите осомничени. Со автоматските пушки тие испукале повеќе куршуми кон автомобил ’Голф’ со кои го погодиле сега покојниот, кој бил на возачкото седиште. Два проектили завршиле во градниот кош на совозачот кој се здобил со тешки телесни повреди со конкретна опасност по животот. Еден проектил завршил во десната натколеница на дете родено 2012 година кое се затекнало во непосредна близина, по што осомничениот заедно со детето во судир со законот се оддалечиле од лице-место.Иако бил ранет од престрелката, вториот осомничен и уште едно лице извадиле огнено оружје – пиштоли и почнале истовремено да пукаат кон возилото кое се оддалечувало и притоа погодиле друго лице кое се здобило со тешки телесни повреди во торакалниот дел, а куршуми завршиле и во возило на жена чија сигурност исто така била загрозена. За сите осомничени, вклучувајќи го и детето во судир со законот, јавниот обвинител предложи определување мерка притвор”, велат од Обвинителството.

Македонија | пред 9 месеци

brza-pomos-partizanska

Повреден работник во Визбегово, итно бил пренесен во болница

Педесет и седумгодишен скопјанец е повреден додека извршувал работни задачи во приватна фирма во селото Визбегово, скопско. Настанот бил пријавен од приватна болница во Скопје, а на местото излегле полиција и трудов инспектор, соопшти МВР.-На 11.08.2025 околу 09:45 часот во СВР Скопје, од приватна болница во Скопје било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен И.М.(57) од Скопје. Според пријавеното, тој со повредите се здобил додека извршувал работни задачи во приватна фирма во с.Визбегово, скопско. Известен бил трудов инспектор, а полициски службеници излегле на местото на настанот.

Скопје | пред 9 месеци

Mitko-Jancev-16.06.2023

Уапсени две лица од Росоман поради закани кон градоначалникот Митко Јанчев

Двајца жители на Росоман се уапсени откако, според пријавата, упатиле закани кон градоначалникот на Кавадарци и неговото семејство. При претрес во нивните домови биле одземени мобилни телефони. Случајот го истражува полицијата во координација со јавен обвинител, соопшти МВР.-На 12.08.2025 во 02:20 и 02:50 часот во Росоман, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода М.Д.(33) и Т.П.(34), двајцата од Росоман, постапувајќи по претходна пријава дека му се заканувале на градоначалникот на општина Кавадарци М.Ј.(43) и на неговото семејство.Подоцна, со судска наредба, биле извршени претреси во нивните домови, при што биле пронајдени и одземени мобилни телефони. Двајцата биле задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Македонија | пред 9 месеци

Нема фотографија

Повредено тримесечно бебе во сообраќајка кај Куманово, се судриле „фиат“ и „ауди“ со бугарски таблички

Тримесечно бебе и уште тројца возрасни лица се повредени, а еден возач е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила на регионалниот пат Куманово–Свети Николе. Во судирот учествувале „фиат“ и „ауди“ со бугарски ознаки, а полицијата извршила увид на местото на настанот, соопшти МВР.-На 11.08.2025 во 11:10 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Свети Николе се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Н.С.(50) од Куманово и патничко возило „ауди“ со бугарски национални ознаки, управувано од М.П.(24) од Куманово.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Н.С., а со телесни повреди се здобиле возачот М.П., две негови сопатнички М.П.(25), К.П.(22) и тримесечно бебе, сите од Куманово, констатирани во Општа болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово, наведува МВР.

Македонија | пред 9 месеци

mvr-525123

МВР: Сузбиени 14 криминални групи и спречени 6.000 обиди за илегален влез

Според податоците на Министерството за внатрешни работи, во периодот од 1 јули 2024 до 30 јуни 2025 година се сузбиени 14 организирани криминални групи во кои учествувале 201 лице и 18 правни лица. Во истиот период откриени се 64 случаи на криумчарење мигранти, спречени се 6.000 обиди за илегално транзитирање, а разоткриени се и случаи поврзани со фалсификување пари, тероризам, проституција, висока корупција, недозволена трговија со дрога и криумчарење во соработка со меѓународни криминални мрежи.Соопштението од МВР ви го пренесуваме во целост:Сузбиени 14 организирани криминални групи во кои учествувале 201 лица во период од една година, продолжуваме со бескомпромисната борба против илегалната миграција и организираниот криминалСправувањето со илегалната миграција е еден од врвните предизвици и приоритети во работата на Министерството за внатрешни работи, за што говори и статистиката на преземени дејствија и резултати во периодот од 1 јули 2024 до 30 јуни 2025 година.Во овој период сузбиени се 14 организирани криминални групи, во кои учествувале 201 физички лица и 18 правни лица. Откриени се 64 случаи на криумчарење мигранти, на околу 430 лица. Спречени се 6.000 обиди за илегално транзитирање, што претставува намалување за речиси 50% во однос на претходниот период.Во соработка со Европската агенција ФРОНТЕКС, Министерството за внатрешни работи спроведува континуирани операции за контрола на границите и справување со безбедносните ризици. Покрај миграцијата, откриени се и случаи поврзани со фалсификување пари, тероризам, проституција, висока корупција (во вредност од над 16 милијарди денари), недозволена трговија со дрога, како и нови случаи на криумчарење мигранти поврзани со меѓународни криминални мрежи.Министерството за внатрешни работи, како што посочуваат, продолжува со бескомпромисната борба против илегалната миграција и организираниот криминал, како еден од стратешките приоритети за заштита на безбедноста и правниот поредок. Преку силната меѓународна соработка и решителните домашни акции МВР испраќа јасна порака дека за криминалот нема простор во нашето општество!

Македонија | пред 9 месеци

policiska-lenta

Уапсен виничанец кој се обидел да убие сограѓанин пред кафеана, му нанел четири убодни рани со нож

Во Кочани е уапсен 32-годишен жител на Виница, осомничен за обид за убиство на 7 август пред угостителски објект во Виница.-Полициски службеници од СВР Штип/ОВР Виница по претходно обезбедени оперативни сознанија, вчера вечер (11.08.2025) во 21:15 часот во Кочани го лишија од слобода Н.В. (32) од Виница, поради основано сомнение за сторено кривично дело „Убиство во обид“ на 07.08.2025 пред угостителски објект во Виница.Имено, Н.В. по претходна вербална расправија со нож му нанел четири убодни рани на Д.С. од Виница, по што се дал во бегство.Известен е надлежен ЈО и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Македонија | пред 9 месеци

Granica-ungarija

Албанец уапсен на ГП Блато по потерница на Интерпол Германија

Полицијата на Граничниот премин Блато уапси 35-годишен државјанин на Албанија, баран со мерка „апси“ по наредба на Интерпол Германија. Лицето е предадено за понатамошна постапка.-На 10.08.2025 во 11:25 часот на Граничниот премин Блато, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода А.Ш.(35) од Р.Албанија, затоа што при гранична контрола е констатирано дека евидира со мерка „апси“ по барање на Интерпол Германија. Лицето е предадено на полициски службеници од Полициска станица Дебар за понатамошна постапка, информира МВР.

Македонија | пред 9 месеци

viber_image_2025-08-10_15-21-01-256

Детали за престрелката во центарот на Тетово: едно лице убиено, четворица повредени меѓу кои и дете

Во 12:30 часот денеска, на крстосницата меѓу улиците „Илинденска“ и „Благоја Тоска“ во Тетово, се случила вооружена пресметка меѓу лица од две возила, по што настанала и сообраќајна несреќа.Двете возила веднаш го напуштиле местото – едното, „Форд Фиеста“ со одјавени тетовски таблички, се упатило кон улица „113“, а другото во непознат правец. На друга локација, на крстосница меѓу улиците „Благоја Тоска“ и „107“, полицијата пронашла „Фолксваген Голф“ со тетовски регистарски таблички, во кој имало едно починато лице со прострелни рани.Во престрелката повредени се уште четири лица – малолетно девојче, двајца мажи (34 и 46 години) и 60-годишен пешак кој бил случаен минувач. Детето е задржано во тетовската болница на опсервација, а тројцата повредени со сериозни рани се префрлени во скопските клиники.На терен е увидна екипа на СВР Тетово и јавен обвинител. Случајот се истражува.

Македонија | пред 9 месеци

demir-hisar-pretres

МВР разрешува началник во Демир Хисар поради непрофесионално однесување

Одделот за внатрешна контрола при МВР утврди непрофесионално и неетично постапување на началник во ОВР Демир Хисар, во врска со објавеното видео од претрес во градот.Според соопштението, против него е покрената дисциплинска постапка, а заради „целосна непристрасност и објективност“ на истрагата, началникот ќе биде разрешен од функцијата.„МВР го осудува секој облик на насилство, незаконско или непрофесионално постапување. Полицијата е тука за да ги спроведува законите и да им служи на граѓаните“, стои во реакцијата на министерството.

Скопје | пред 9 месеци

trpejca-ohridsko-1

И натаму се трага по исчезнатиот Бугарин кој нуркал длабоко во Охридското Езеро, не е точно дека вчера бил најден

Исчезнатиот 52-годишен бугарски државјанин се уште не е пронајден, вели портаролот на СВР Охрид, Стефан Димовски за „Скопје1“. Тој посочи дека не се точни информациите кои биле пласирани во јавноста дека уште вчера било пронајдено безживотно тело. Тој посочи дека и во текот на денешниот ден, ќе се трага по исчезнатото лице.„Се уште се води како исчезнат. Во текот на денешниот ден ќе бидат преземени одредени активности со цел на пронаоѓање“, вели портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.По бугарскиот државјанин се трага втор ден, откако вчера околу 13 часот, исчезнал при нуркање на длабочина од 89 метри во водите на езерото. Во потрагата се вклучени Езерската полиција, Црвен крст и нуркачи од клубот „Амфора“.

Охрид | пред 9 месеци

IMG_4187

Бугарски турист исчезна при нуркање во Охридското Езеро

Денеска околу 13:15 часот во СВР Охрид и езерската полција е пријавено дека бугарски турист додека нуркал исчезнал во водите на Охридското езеро.“На 09.08.2025 годна во 13.15 часот, во СВР Охрид и езерската полиција е пријавено дека, И.Т.(52) од Република Бугарија, исчезнал при нуркање на длабочина од 89 метри во водите на Охридското езеро, над селото Трпејца. Се преземаат мерки за негово пронаоѓање кои ги спроведуваа тимови од Езерската полиција, Црвен крст со нуркачи од нуркачкиот клуб „Амфора“”, велат од МВР.

Македонија | пред 9 месеци

tepachka-deca

Тешко повреден 18-годишник од Марино, откако бил натепан во Чаир

Вчера, околу 09:03 часот, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје во СВР Скопје било пријавено дека со тешки телесни повреди бил донесен 18-годишниот М.Б. од село Марино, општина Илинден, соопшти МВР.Според пријавеното, околу 01:30 часот на подрачјето на Чаир, М.Б. бил физички нападнат од лице Д.Н., кое го познавал. Од ударите младиот маж се здобил со сериозни повреди, по што бил пренесен во болница.Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 9 месеци

Screenshot-2025-08-09-at-12.28.46

(Видео) Автобус на ЈСП гореше на Железничка

Вчера, околу 19:53 часот, на подрачјето на Транспортен центар во Скопје избувнал пожар во автобус сопственост на ЈСП Скопје, информира МВР.Во моментот на инцидентот во возилото немало патници. Од Бригадата за противпожарна заштита Скопје соопштуваат дека огнот бил изгаснат, а повредени лица нема.Увид на местото извршила екипа на СВР Скопје, а причините за пожарот ќе се утврдуваат дополнително.

Скопје | пред 9 месеци

pozarna-avtobus-nokje

Пожар во Чаир предизвикан од кражба на струја: запалена бандера, па куќа

Во скопската населба Чаир, на 8 август 2025 година, околу 19:20 часот, избувнал пожар на бандера сопственост на ЕВН Македонија и куќа во сопственост на 63-годишниот С.К.Од Бригадата за противпожарна заштита Скопје информираат дека огнот бил изгаснат навреме и нема повредени лица. Екипа од ЕВН констатирала дека пожарот бил предизвикан од кабел со кој се вршела кражба на електрична енергија.Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје, а случајот е пријавен и кај надлежен јавен обвинител. По целосно документирање, ќе следува соодветна пријава.

Скопје | пред 9 месеци

290631767_568149508353300_3194982847569814433_n

Тинејџер од Штип, под дејство ан алкохол, со мопед удри во паркирано возило – повредена малолетна сопатничка

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи ноќеска во Штип, малолетна девојка е тешко повредена, а 18-годишен возач ќе заработи кривична пријава поради возење под дејство на алкохол.Според информациите на МВР, на 9 август 2025 година, околу 00:20 часот, на улицата „Кеј Димитар Влахов“, М.С. (18) од Штип, управувајќи мопед со штипски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во паркирано возило „Ауди“ сопственост на И.Г. (47) од Штип.Од ударот, неговата малолетна сопатничка се здобила со тешки телесни повреди, потврдени во Клиничката болница во Штип. Полицискиот увид покажал дека возачот бил под дејство на алкохол, со измерени 1,00 промили.По целосно документирање на случајот, против 18-годишникот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 9 месеци

DSC_0718

Нападнат полициски началник по обид за апсење -кај напаѓачот пронајдени дрога, оружје и муниција

Полицијата во Виница вчера уапси 27-годишен жител на Кочани со живеалиште во Виница, откако физички го нападнал началникот на Надворешната канцеларија за криминалистички работи, кој се обидувал да му врачи покана за службен разговор.Според МВР, инцидентот се случил околу 10:10 часот. По нападот, со судска наредба бил извршен претрес во домот на осомничениот, при што биле пронајдени околу 100 семки од растението канабис, две дробилки со остатоци од марихуана, куршуми од различен калибар, три сабји, електрошок и други предмети за кои постои сомневање дека потекнуваат од кривично дело.Напаѓачот е задржан во полициската станица во Виница. По целосно документирање на случајот и во координација со јавен обвинител, против него ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Македонија | пред 9 месеци

IMG_5168

Кривична пријава против четири лица за тешка кражба, нанеле штета од над 10 милиони денари на ЈП за железничка инфрастрактура

СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против М.М.(39) од Ресен и И.Б.(19) од Ресен поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „тешка кражба“ и против Д.Н.(29) од Битола и М.Џ.(27) од Охрид поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „прикривање“.Прво и второпријавениот, во периодот од 01.02.2025 до 23.04.2025 во два наврати извршиле „тешка кражба“, при што на делница од Битола до село Кременица одзеле поголема количина на акумулатори, сопственост на Јавно претпријатие за железничка инфраструктура – Железници на Северна Македонија. Додека, трето и четвртопријавениот за одредена сума ги откупиле предметите и покрај тоа што знаеле дека потекнуваат од кривично дело и не го пријавиле во МВР.На тој начин пријавените предизвикале материјална штета во висина од 10.606.746 денари. На прво и второпријавениот од страна на судија на претходна постапка одредена им е мерка притвор во траење од 30 дена.

Македонија | пред 9 месеци

biometriskakarticka

Жителка на Македонска Каменица обвинета за кражба на 52.000 денари преку злоупотреба на банкарска картичка

Секторот за внатрешни работи Штип поднесе кривична пријава против 41-годишната Г.Т. од Македонска Каменица, поради сомнение дека сторила продолжено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.Како што информира МВР, во периодот од 9 до 30 јуни 2025 година, пријавената во шест наврати неовластено пристапила до електронскиот систем на банка и, користејќи банкарска картичка на друго лице од село во општина Зрновци, подигнала вкупно 52.000 денари од банкомат во истото село. Средствата ги присвоила за лична корист.Против осомничената ќе следува соодветна кривична постапка.

Македонија | пред 9 месеци

policija

Малолетници во два одделни случаи натепани во Чаир и Центар

Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на ноќта се пријавени два одделни случаи на физички напади врз малолетни лица на скопските подрачја Центар и Чаир.Првиот инцидент бил пријавен во 00:30 часот во Полициската станица Центар, каде 52-годишната М.Н.П. од Скопје пријавила дека вечерта на 6 август околу 20:30 часот, нејзиниот малолетен син бил нападнат од три лица во населбата Центар.Само седум минути подоцна, во 00:37 часот, во Полициската станица Чаир, 44-годишниот Б.П. од Скопје пријавил сличен случај – дека неговиот малолетен син бил физички нападнат околу 23:00 часот пред спортска сала на подрачјето на Чаир, и тоа од неколку други малолетници.Од МВР велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на двата случаи.

Скопје | пред 9 месеци

soobrakajka

Тешка сообраќајка на патот Гостивар – Кичево: Двајца повредени, едно возило паркирано било зафатено во судирот

Утрово околу 07:20 часот, на магистралниот пат Гостивар – Кичево, во близина на селото Строгомиште, се случила тешка сообраќајна несреќа во која биле вклучени три возила, при што две лица се повредени – едното потешко.Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, до несреќата дошло кога патничко возило „Ауди А4“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од 58-годишниот И.Л. од село Зајас, се судрило со товарно возило „Пежо“ управувано од 34-годишниот Г.Ј. од село Колари. По судирот, „Ауди А4“ продолжило и удрило во паркирано возило „Ауди А5“, сопственост на 27-годишниот К.З. од Горно Строгомиште.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на „Ауди А4“, И.Л., додека возачот на товарното возило Г.Ј. добил телесни повреди. Двајцата биле пренесени и прегледани во Медицинскиот центар во Кичево.По наредба на јавен обвинител, на местото на настанот бил извршен увид од страна на увидна екипа на ОВР Кичево. Се работи на утврдување на причините за несреќата.

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања