Промени тема
Контакт

РУСИЈА

Dmitry-Medvedev-2016

Медведев: Европа ќе се соочи со „неприфатливи загуби“ ако дојде до конфликт

Во напис објавен во пресрет на 81-годишнината од победата над нацистичка Германија, заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Димитриј Медведев, упати остри пораки кон Германија и Европската Унија, предупредувајќи на, како што наведе, последици доколку дојде до нова воена конфронтација со Русија.Медведев во текстот тврди дека само „животински страв“ од неприфатливи загуби може да ги спречи Германија и пошироката „обединета Европа“ од евентуална агресија кон Русија. Тој ја обвини Запа

Свет | пред 4 месеци

izbori-britanija

Британија воведе санкции за регрутирање мигранти за војната во Украина

Обединето Кралство воведе санкции против 35 лица и организации поврзани со регрутирање ранливи мигранти за учество во војната во Украина, како и за производство на дронови користени во конфликтот, пренесува Ројтерс.Според соопштението на британскиот Форин офис, воведени се 17 мерки во рамки на режимот на санкции за нерегуларни миграции. Тие се однесуваат на мрежи за трговија со луѓе кои, како што наведуваат британските власти, организираат префрлање луѓе на фронтот во Украина.Дополнителни 18 сан

Свет | пред 4 месеци

Telegram-4567543

Русија го казни Телеграм со нова парична казна поради неотстранување на забранети содржини

Судот во Москва ја казни компанијата Телеграм со седум милиони рубљи, односно околу 80 илјади евра, поради тоа што не бил отстранет содржински материјал кој во Русија е означен како забранет.Одлуката ја донел Таганскиот суд, кој утврдил дека платформата сторила административен прекршок според член од рускиот закон за административни прекршоци поврзан со ограничување на пристапот до информации.Ова не е прв ваков случај, бидејќи истата платформа претходно веќе била казнета со околу 112 илјади евра

Свет | пред 4 месеци

media-librarye3snl9via0i37iJaDjQ

(Видео) Русија на колена, „Фламинго“ напаѓа – има мртви

Украинските сили извршиле серија ракетни напади врз цели во Русија, вклучително и објекти од воено-индустрискиот комплекс во градот Чебоксари, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски.Во објава на социјалните мрежи, Зеленски наведе дека станува збор за крстосувачки ракети со долг дострел, познати како „Фламинго“, кои прелетале повеќе од 1.500 километри и погодиле фабрика што, според него, произведува компоненти за руската воена индустрија, вклучувајќи опрема за морнарицата, авијацијата

Свет | пред 4 месеци

putin

Русија предупредува на „можен директен судир“ со НАТО поради активностите во близина на Колскиот Полуостров

Рускиот амбасадор во Норвешка, Николај Корчунов, изјави дека зголемените активности на НАТО во близина на стратешки руски објекти на Колскиот Полуостров претставуваат ризик од директна воена конфронтација.Во интервју за руската агенција ТАСС, дипломатот оцени дека приближувањето на воената инфраструктура и распоредувањето офанзивни системи на земјите членки на Алијансата кон руските граници ја засилува, како што рече, заканата по националната безбедност на Русија.Корчунов нагласи дека „конфронта

Свет | пред 4 месеци

Rusija-ruska-policija-1-620x350

Дел од студентски дом се урна во Русија, тројца повредени

Три лица се повредени откако делумно се урнале кровот и два ѕида од студентски дом во градот Малојарославец, соопштија локалните власти.Според првичните информации, инцидентот се случил на третиот кат од објектот, а како можен причинител се наведува истекување на гас, изјавил локалниот функционер Вјачеслав Парфенов.Една жена била затрупана под урнатините, но спасувачките екипи успеале да ја извлечат жива. Таа се здобила со повреди на главата и нозете и е пренесена во болница. Повредени се уште д

Свет | пред 4 месеци

media-librarys7md6oanq0m4cYzWlhE

(Видео) Експлозии во внатрешноста на Русија: нападнати воени цели

Украинските сили извршиле обемен ноќен напад со дронови и ракети врз повеќе региони во Русија, при што, според локални извори и објави на социјалните мрежи, биле погодени објекти поврзани со воено-индустрискиот сектор.Еден од главните удари бил насочен кон државниот институт „ВНИИР-Прогрес“ во градот Чебоксари, во Чувашката Република, лоциран на околу 1.200 километри од украинската граница. Станува збор за капацитет што развива компоненти за високопрецизно оружје и системи за електронско војувањ

Свет | пред 4 месеци

putin-094091

Русија се закани со голем напад врз Украина: „Цивили и странски дипломати, напуштете го Киев“

Рускиот претседател Владимир Путин денеска прогласи дводневен прекин на огнот со Украина на 8 и 9 мај, по повод годишнината од поразот на нацистичка Германија во Втората светска војна, соопшти руското Министерство за одбрана.Во соопштението се наведува дека Русија очекува украинската страна да го почитува истиот чекор, но истовремено се предупредува дека Москва ќе изврши масовен ракетен напад врз Киев доколку дојде до обид за нарушување на одбележувањето на Денот на победата.Министерството посоч

Свет | пред 4 месеци

VOJSKA-RUSIJA

Пронајден мртов руски генерал: бил клучна фигура за хемиското оружје

Рускиот генерал-полковник Станислав Петров, поранешен командант на руските сили за радијациска, хемиска и биолошка заштита (РКБО), е пронајден мртов во неговиот стан во Москва, јавуваат странски медиуми, повикувајќи се на првични информации.Според извештаите, 87-годишниот пензиониран генерал бил пронајден од своите блиски во раните утрински часови на 2 април, во стан во познатата зграда „Куќа на насипот“. Полициски извори за руските медиуми навеле дека покрај телото бил пронајден пиштол, а првич

Свет | пред 4 месеци

avstrija

Австрија протера тројца руски дипломати поради наводна шпионажа

Австриските власти протераа тројца руски дипломати поради наводна шпионажа, потврди Министерството за надворешни работи на Австрија.Според наводите на австриските власти, споменатите службеници се осомничени дека спроведувале разузнавачки активности користејќи сателитска опрема поставена на покривите на руските дипломатски згради во Виена, пренесува бриселскиот портал Politico.Во средината на април, рускиот амбасадор во Виена, Андреј Јурјевич Грозов, бил повикан на разговор во австриското Минист

Свет | пред 4 месеци

media-libraryv976lcddvf0dcbWI1B6

(Видео) Напад со дронови врз руската престолнина пред Парадата на победата

Дрон погодил зграда во Москва, соопшти градоначалникот Сергеј Собјанин, при што наведе дека нема повредени лица. Инцидентот се случил во текот на ноќта на 4 мај, а руските власти тврдат дека станува збор за напад изведен од украински дронови.Според извештаи на руски Телеграм-канали и објави на социјалните мрежи, погоден бил висок станбен комплекс во западниот дел на градот. На снимки и фотографии се гледаат оштетувања на горните катови, како и остатоци од дрон расфрлани на улицата, додека итните

Свет | пред 4 месеци

putin124

Драстично засилено обезбедување на Путин – Кремљ стравува од атентат и удар

Кремљ драстично ја засили личната безбедност на рускиот претседател Владимир Путин, воведувајќи нови и строги мерки поради страв од можни атентати и обиди за државен удар, покажува извештај на европска разузнавачка служба, до кој дошле повеќе медиуми.Според документот, на лицата кои се во непосредна близина на Путин – вклучително и неговиот персонал – им е ограничено движењето и комуникацијата. Забрането е користење јавен превоз, а дозволени се само телефони без интернет. Посетителите, пак, мора

Свет | пред 4 месеци

media-librarysife146nvhir2ATzNGt

Ескалација на нападите: десет жртви во Украина, погодени руски танкери и воени бродови

Во руски напади со дронови и ракети низ Украина во изминатите 24 часа загинаа десет лица, а најмалку 76 се повредени, соопштија украинските власти. Жртви се регистрирани во пет региони, додека Москва продолжува со редовни напади врз украинските градови.Украинското воено воздухопловство информира дека Русија во текот на ноќта лансирала 269 дронови, од кои 249 биле соборени или електронски попречени. Потврдени се 19 директни погодоци од дронови и еден од балистичка ракета на 15 локации, а штети се

Свет | пред 4 месеци

sergej-lavrov

Лавров: САД веројатно нема негативно да реагираат на посетата на Арагачи на Москва

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров оцени дека постои мала веројатност САД негативно да реагираат на неодамнешната посета на иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи на Москва и неговата средба со рускиот претседател Владимир Путин.Арагчи кон крајот на април престојуваше во Москва, каде што одржа разговори со Путин и Лавров, кои биле оценети како конструктивни, со нагласена подготвеност за понатамошно продлабочување на билатералната соработка.За време на средбите, руск

Свет | пред 4 месеци

media-libraryi0j97542m3pa0FpvVDe

(Видео) Нафтена дамка од серија украински напади врз рафинеријата во Туапсе се приближува до подрачјето каде што се наоѓа резиденцијата на Путин

Нафтена дамка што настанала по серија украински напади врз рафинеријата во Туапсе се движи долж брегот на Црното Море кон подрачјето на Геленџик, при што се приближува и кон областа каде што се наоѓа резиденцијата на рускиот претседател Владимир Путин, позната како „Путинова палата“.Според медиумските извештаи, дамката моментално се наоѓа на околу 30 километри од комплексот на ртот Идокопас. Сателитските снимки покажуваат дека загадувањето се шири по крајбрежјето по серија експлозии и пожари во

Свет | пред 4 месеци

803_dmitrij-peskov-shutterstockcom-id1974_f

Русија најавува раст на цените ако се намали извозот на нафта

Намалувањето на понудата на руска нафта на светскиот пазар ќе доведе до дополнително зголемување на цените, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.Според него, состојбата на глобалниот енергетски пазар веќе е нарушена поради ограничувањата во клучните транспортни рути, при што понудата на нафта е значително намалена. Тој посочи дека секое дополнително намалување на руските количини би имало директно влијание врз цените, кои веќе надминуваат 120 долари за барел.Песков оцени дека ваквиот разв

Свет | пред 4 месеци

media-libraryuidl2tpvr50v4M7V5Sd

Русија откажува дел од воените паради поради безбедносни ризици

Руските власти во повеќе региони се откажуваат од традиционалните големи воени паради по повод Денот на победата на 9 мај, поради зголемени безбедносни ризици и страв од можни напади со беспилотни летала. Наместо масовни манифестации со прикажување на воена техника, годинава се најавуваат значително поскромни одбележувања.Според информации на независни медиуми, локалните власти во неколку градови веќе започнале со отстранување на сцените и инфраструктурата предвидена за парадите. Во некои регион

Свет | пред 4 месеци

media-library9ugod1c6gi7ieQ4yjBs

(Видео) Украински поморски дронови погодиле руски танкери кај Новоросијск

Украинските поморски дронови онеспособиле два руски нафтени танкери во близина на пристаништето Новоросијск на Црното Море, потврди украинската страна. Претседателот Володимир Зеленски соопшти дека станува збор за дел од поширока операција насочена кон руската таканаречена „флота во сенка“, која се користи за транспорт на нафта.Зеленски објави и видеоматеријал на кој се гледа приближување на поморски дрон кон еден од танкерите, наведувајќи дека двете пловила по нападот се надвор од употреба. Тој

Свет | пред 4 месеци

ruski-vojnik-rusija-

Руските сили се приближуваат кон стратешкиот град Константиновка во Донецк

Руските сили постепено се приближуваат кон Константиновка, стратешки важен град во источниот дел на украинската област Доњецк, во обид да воспостават поцврсти позиции во близина на силно утврденото подрачје. Според највисокиот украински воен командант, градот е дел од таканаречениот „појас на утврди“, кој претставува клучна одбранбена линија на украинските сили на истокот на земјата.Началникот на украинската војска Олександр Сирски изјави дека украинските сили продолжуваат да ги одбиваат обидите

Свет | пред 4 месеци

media-librarye4qv4hk7n5ck3xF03iH

Русија предупредува за можна најголема енергетска криза во историјата

Специјалниот претставник на претседателот на Руската Федерација за инвестиции и економска соработка со странство и шеф на Рускиот фонд за директни инвестиции, Кирил Дмитриев, изјави дека светот се движи кон, како што рече, најголема енергетска криза во историјата. Тој наведе дека причините се рекордно високите цени на нафтата и глобалните геополитички тензии, додека Европската Унија и Обединетото Кралство, според него, не реагираат соодветно на ситуацијата.Дмитриев на социјалната мрежа X напиша

Свет | пред 4 месеци

media-librarygamvkeqfpgps7meYHs5

Еколошка катастрофа во Туапсе по нападите врз рафинеријата

Во рускиот крајбрежен град Туапсе на Црното Море се развива сериозна еколошка катастрофа по серија украински напади со дронови, при што настанале големи пожари и истекување на нафта, пренесуваат светски медиуми.Според извештаите, градската рафинерија, која е клучен центар за преработка и извоз на руска нафта, била погодена четири пати во последните две недели. Пожарите што избувнале по нападите се гаселе со денови, додека густ и токсичен чад се шири низ регионот.Сателитски снимки и видеоматерија

Свет | пред 4 месеци

h_57503169

Норвешки министер за одбрана: Русија нема шанси против НАТО

Норвешкиот министер за одбрана Торе О. Сандвик во интервју за ТВР Ворлд изјави дека Русија „нема никакви шанси“ во евентуален воен конфликт со НАТО, нагласувајќи дека воената надмоќ на Алијансата, особено во воздухопловните сили, би била одлучувачка.Тој истакна дека, за разлика од ситуацијата во Украина, каде што ниту една страна нема целосна контрола врз воздушниот простор, НАТО би воспоставил воздушна доминација многу брзо во секој можен конфликт. „НАТО има импресивна сила. Би имале целосна ко

Свет | пред 4 месеци

media-library4tnm9iaectbgb2sYMha

Украински дронови погодија руски борбени авиони

Украинските сили со беспилотни летала извршиле напад врз руска авиобаза во Чељабинск, при што биле оштетени повеќе борбени авиони, соопштија украински воени извори. Според нив, меѓу погодените летала има два авиони од типот Су-57, еден Су-34 и уште еден чиј модел не е прецизиран.Првичните информации од Генералштабот на Украина укажуваа на уништување на два авиони, но подоцнежните податоци покажуваат дека штетата е поголема. Наводно, леталата се наоѓале на околу 1.700 километри од украинската гра

Свет | пред 4 месеци

media-library5s6i1pvjavs689E8oxn

(Видео) Црно небо, нафта паѓа од небото, луѓе бесни на Путин – катастрофа го погоди Туапсе

Во градот Туапсе на брегот на Црното Море се развива сериозна еколошка криза по нов напад со дронови, кој предизвикал пожар во морскиот терминал и дополнително ја влошил состојбата во нафтената инфраструктура во регионот.Според локалните служби за итни ситуации, во гаснењето на пожарот биле ангажирани над сто лица, а дел од жителите од околните куќи биле евакуирани и сместени во хотели. Властите соопштија дека ситуацијата е под контрола, но медиумските извештаи укажуваат дека претходните напади

Свет | пред 4 месеци

media-library0kogufeo6tqh5VBB7TN

(Видео) 12 години од трагедијата во Одеса - Русија кон Украина: „Никогаш нема да простиме“

Леонид Слуцки, претседател на Комитетот за меѓународни прашања во руската Државна дума, изјави дека Русија „никогаш нема да ѝ прости“ на Украина за трагедијата во Домот на синдикатите во Одеса.Тој нагласи дека на 2 мај 2014 година во тој објект загинале 48 проруски учесници во протестите, опишувајќи го настанот како „сурово и варварско убиство“. Според неговите тврдења, учесниците се засолниле во зградата по судири со украински националисти, по што објектот бил запален.Слуцки оцени дека одговорн

Свет | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања