Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Кристијан Ландов

media-libraryonns35rivjtp1on1dLa

Се собрале четири кавадарчани за да крадат ламинат од магацин, ама ги уапсија

Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Кавадарци, на 9 јануари 2026 година, во периодот од 16:00 до 19:35 часот, лишиле од слобода четири лица од Кавадарци, осомничени за сторено кривично дело кражба. Станува збор за Е.О. (32), И.С. (28), К.Ј. (26) и Ѓ.К. (26), кои, според полициските информации, одзеле ламинат од магацински простор во сопственост на правно лице од градот.Дел од одземениот материјал бил пронајден и вратен на сопственикот. По приведувањето, осомничените биле задржани во полициска станица, а за настанот бил известен надлежен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Македонија | пред 2 месеци

media-library99bujg1h2rtbbLdZcp7

(Видео) Активистика објави снимка: Гори една од најголемите џамии во Иран

На социјалните мрежи се прошири видео-снимка на која се гледа оган и густ чад во близина на верски објект, а која ја објави иранската активистка и новинарка Масих Алинеџад на платформата Икс. Во објавата таа тврди дека за време на актуелните протести во Иран горела „една од најголемите џамии во земјата“, објавувајќи ја снимката со силна политичка порака насочена против исламскиот режим.Во нејзината објава се наведува дека настанот не треба да се гледа како хаос, туку како израз на децениски гнев, тврдејќи дека по речиси пет децении репресија, протестите се директен одраз на насобраното незадоволство кај граѓаните. Пораката предизвика бројни реакции и коментари, а видеото за кратко време беше споделено илјадници пати и на други платформи.Сепак, во моментов не постои независна потврда за точната локација, времето и околностите под кои е направена снимката. На видеото не се забележуваат јасни ориентири, натписи или други визуелни елементи што би овозможиле сигурна геолокациска проверка или идентификација на објектот. Поради тоа, не може со сигурност да се утврди дали навистина станува збор за џамија, ниту дали снимката е поврзана со актуелните протести.Иранските власти досега не се огласија со официјален став во врска со видеото, а ниту релевантни меѓународни медиуми не објавија потврда дека за време на сегашните немири дошло до пожар во некој од поголемите верски објекти во земјата. Дел од корисниците на социјалните мрежи во коментарите тврдат дека станува збор за голема џамија во Техеран, но овие наводи засега не се поткрепени со проверливи извори.Единствено што може со сигурност да се потврди во овој момент е дека снимката ја објави Масих Алинеџад, која со години е една од најгласните критичарки на иранскиот режим, и дека истата е придружена со политичка интерпретација на случувањата во земјата. Надлежните институции и медиумите сè уште не излегоа со официјални информации што би ги потврдиле или демантирале тврдењата, поради што повиците се информациите од социјалните мрежи да се примаат со зголемена претпазливост.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryuu8v0mkkac7fcDx4VBr

Научен пресврт: Откриен механизам што може да го врати мозокот и кај напреднат Алцхајмер

Повеќе од сто години во медицината преовладуваше уверувањето дека оштетувањата во мозокот предизвикани од Алцхајмеровата болест се неповратни. Токму поради тоа, најголемиот дел од научните истражувања досега беа насочени кон превенција или кон забавување на болеста, а не кон можноста за опоравок. Ова гледиште сега е сериозно доведено во прашање со нова студија објавена во научното списание Cell Reports Medicine, која отвора перспектива дека дури и тешко оштетен мозок може да покаже знаци на обновување.Истражувачки тим од University Hospitals, Case Western Reserve University и медицинскиот центар Louis Stokes Cleveland VA Medical Center анализирал мозочни ткива од лица заболени од Алцхајмер и спровел експерименти на глувчешки модели со напредната форма на болеста. Резултатите покажале дека еден од клучните фактори за развојот на Алцхајмерот е нарушената рамнотежа на NAD+, молекула од суштинско значење за енергетскиот метаболизам на клетките.Нивото на NAD+ природно опаѓа со стареењето, но кај лицата со Алцхајмерова болест овој пад е значително поизразен. Истото било утврдено и кај лабораториските животни. Кога рамнотежата на оваа молекула е нарушена, клетките постепено ја губат способноста да ги извршуваат основните функции неопходни за нивно преживување. Научниците утврдиле дека одржувањето на стабилни нивоа на NAD+ не само што може да го запре напредувањето на болеста, туку и да доведе до функционален и патолошки опоравок.Во рамки на истражувањето биле користени два различни глувчешки модели со генетски мутации поврзани со Алцхајмеровата болест, еден поврзан со амилоидните наслаги, а другиот со тау-протеинот. Кај двата модели се развиле сериозни оштетувања на мозокот, нарушување на заштитната бариера, хронична воспалителна состојба, губење на нервни врски и сериозни проблеми со меморијата и учењето, слични на симптомите кај луѓето.Научниците потоа ја обновиле рамнотежата на NAD+ со соединение наречено P7C3-A20, развиено во нивната лабораторија. Резултатите биле, како што наведуваат авторите, изненадувачки. Кај животните кај кои терапијата била применета превентивно, болеста воопшто не се развила, а кај оние со веќе напреднат Алцхајмер, бил забележан значителен опоравок на мозочните функции. Во двата случаи, глувците целосно ги повратиле когнитивните способности.Дополнителна потврда за вистинскиот пресврт на болеста бил и падот на нивото на тау-протеинот 217 во крвта на нормални вредности, биомаркер што кај луѓето е директно поврзан со Алцхајмеровата болест. Главниот автор на студијата, Ендрју А. Пипер, изјави дека обновувањето на енергетската рамнотежа во мозокот довело до реален функционален и структурен опоравок, што отвора сериозна надеж и за примена кај луѓето.Иако на пазарот, особено во САД, веќе постојат додатоци во исхраната кои се прекурсори на NAD+, научниците предупредуваат на претпазливост. Во некои случаи тие можат да доведат до опасно високи нивоа на оваа молекула, што може да поттикне и несакани процеси, вклучително и развој на канцер. Пристапот со P7C3-A20, според авторите, овозможува прецизна регулација на рамнотежата без ризик од прекумерно зголемување.Според дел од експертите, ова истражување е значајно бидејќи покажува дека подобрувањето на симптомите не мора нужно да значи враќање на изгубените неврони, туку може да се должи на зголемена отпорност и приспособливост на мозокот. Тоа подразбира запирање на понатамошното оштетување, подобрување на комуникацијата меѓу нервните клетки и поефикасно користење на новоформираните неврони.Авторите на студијата најавија дека следниот чекор ќе бидат клинички испитувања кај луѓе. Доколку резултатите се потврдат, ова откритие би можело да означи историски пресврт во третманот на Алцхајмеровата болест, болест која со децении се сметаше за неповратна и прогресивна без реална можност за опоравок.

Магазин | пред 2 месеци

Screenshot-2025-08-15-at-22.40.57

Иран врие, Трамп се заканува, ама Путин ќути

Иран во изминатите години беше сцена на повеќе народни бунтови, но масовниот протестен бран што ја зафати земјата кон крајот на 2025 година сè почесто се оценува како најсериозната закана досега за опстанокот на автократскиот режим. Актуелните демонстрации се најголеми и најнасилни во последните неколку години, со запалени државни објекти, судири со безбедносните сили и пароли со директни повици за уривање на власта, меѓу кои и извици против врховниот водач Али Хамнеи.Во видеообраќање на 9 јануари, Хамнеи порача дека протестите ќе бидат задушени, по што властите воведоа речиси целосна блокада на интернетот. Состојбата внимателно ја следат и меѓународните актери, пред сè Соединетите Американски Држави и Русија, додека независна проверка на информациите е речиси невозможна поради ограничениот пристап до комуникациските мрежи.Протестите започнаа на 28 декември како реакција на високата инфлација и драматичниот пад на вредноста на иранскиот ријал, но за кратко време прераснаа во отворено политичко движење со барање за соборување на режимот. Немирите се проширија во повеќе од 100 градови и населени места, што претставува географски опфат без преседан. На улиците излегоа десетици, а според тврдењата на опозицијата и стотици илјади луѓе, кои влегоа во директни конфликти со полицијата и паравоените формации.Клучен момент беше 8 јануари, кога на протестите им даде дополнителен импулс повикот на Реза Пахлави, син на последниот ирански шах соборен во Исламската револуција во 1979 година. Пахлави, кој се залага за демократија и почитување на човековите права, за дел од јавноста претставува обединувачка фигура, а меѓу демонстрантите се појавија и повици за обновување на монархијата. Опозицијата тврди дека протестите се најмасовни од 1979 година наваму, со милиони луѓе на улиците, но овие бројки не можат да се потврдат поради информативната блокада.Според податоците на организацијата „Iran Human Rights“, најмалку 62 демонстранти се убиени, стотици се повредени, а повеќе од 2.000 лица се уапсени. Дел од аналитичарите сметаат дека протестите се без преседан бидејќи, за разлика од претходните бранови, не се ограничени само на големите градови, туку се проширија и во руралните средини, создавајќи атмосфера слична на Арапската пролет.Експертите се поделени околу прашањето дали режимот навистина е пред колапс. Некои оценуваат дека сегашните немири се поопасни за власта од претходните, бидејќи целат кон целосно уривање на системот, а не кон ограничени реформи, и затоа што во нив се вклучени пошироки општествени слоеви подготвени на радикални чекори. Други, пак, предупредуваат дека иранскиот режим, иако ослабен, сè уште располага со силен репресивен апарат и лојални безбедносни структури кои можат да ја задржат контролата.Во меѓувреме, се отвори и прашањето за можна странска интервенција. Американскиот претседател Доналд Трамп јавно се закани дека Иран ќе биде „жестоко погоден“ доколку режимот отвори оган врз демонстрантите, оставајќи простор за различни сценарија. Дел од аналитичарите сметаат дека ограничен удар врз клучни безбедносни структури би можел да предизвика распад на лојалноста во рамки на режимот, додека други предупредуваат дека странска интервенција може да има спротивен ефект и да го обедини населението околу власта под изговор на надворешна закана.Посебно значајна е и позицијата на Русија, еден од главните сојузници на Техеран. Москва засега молчи за случувањата во Иран, а аналитичарите оценуваат дека падот на режимот би значел сериозен геополитички удар за Кремљ, вклучително и губење на важен партнер. Сепак, се смета дека Русија веројатно нема активно да интервенира, туку евентуално би можела да понуди засолниште за иранските лидери, како што тоа го направи во други слични случаи.Иран, според многумина, влегува во најнеизвесната фаза од својата понова историја. Дали протестите ќе доведат до вистински политички пресврт или режимот повторно ќе успее да се одржи со сила, останува отворено прашање, чии одговори ќе зависат од одлуките на безбедносните структури, однесувањето на меѓународната заедница и истрајноста на граѓаните на улиците.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryhkosigcurnedbW9Wm5B

Гостивар, Маврово и Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа на поправен за избор на градоначалник

Утре жителите на Гостивар, Маврово и Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа, на повторено гласање ќе бираат градоначалник.Изборите за градоначалник во овие четири општини се повторуваат бидејќи на Локалните избори 2025 во октомври, таму немаше доволен број граѓани излезени на гласање.На повторените избори, според законот, не е потребна излезност од една третина на гласачите туку за да се избере градоначалник треба за еден од кандидатите да гласаат повеќе од половината од излезените избирачи.Денеска гласаат болните и изнемоштените лица, како и притворените и затворениците кои се жители на овие општини.Во Гостивар за гласање се пријавени 146 болни и изнемоштени лица, а во затворите 81 лице.Во Маврово и Ростуше ќе гласаат 69 болни лица и двајца затвореници.Во Врапчиште пријавени се 32 болни и изнемоштени, а во затворите се пријавени 11 жители од оваа општина.Во Центар Жупа пријавени се само двајца болни.Гласањето утре започнува во 7:00 часот, а завршува во 19:00 часот.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryaoattkbje6hqagWV6fk

Пансионот „Ав ав хепи догс“ ќе си продолжи да работи, АХВ не провери присуство зараза туку даде препораки за чистење и тестирање

Агенцијата за храна и ветеринарство по вонреден инспекциски надзор во пансионот за кучиња „Ав, ав хепи догс“ донела решение само препорачала на сопствениците итно да си ги преземат своите миленици и да ги тестираат за евентуално присуство на заразна болест. Тие наредиле механичко чистење и темелна дезинфекција на целиот објект, кој ќе остане времено затворен само во период од 21 ден, колку што изнесува инкубацискиот период за сомнителната болест. Оттаму велат дека законот не им дозволува, а ниту наложува тие да проверат присуство на парво болест, од која угинало куче кое претходно било оставено на чување во овој пансион.Од Агенција за храна и ветеринарство за „Скопје1“ информираат дека досега ниту еден сопственик на домашен миленик не пријавил појава на болест кај своето куче по преземањето од пансионот, иако имаше јавни сведоштва од сопственици на кучиња.Надзорот, како што појаснуваат, бил спроведен исклучиво од аспект на здравствената заштита на животните и спречување евентуално ширење на заразни болести, а не во насока на утврдување одговорност за конкретниот смртен исход.„Со постоечките закони за здравствена заштита и за благосостојба на животните правно не е регулирана работата на пансиони и хотели за домашни миленици односно АХВ не ги регистрира/одобрува и не издава дозволи за нивно работење“, велат од АХВ на прашањето дали утврдиле од што угинало кучето кое претходно било сместено во пансионот.Од пансионот уште на 31 декември самите се пофалија дека инспекцискиот надзор не се однесувал за присуство на болеста, туку администрациска проверка.Случајот стана јавен по сведоштвото на Ана Пејковска, која објави дека нејзиното куче Мајло починало по престој во пансионот, тврдејќи дека било заразено со парвовироза и вратено во тешка здравствена состојба. По нејзините објави следуваа и други сведоштва од сопственици и поранешна практикантка, кои изнесоа сериозни наводи за условите и односот кон животните во објектот, додека пансионот во реакција негираше присуство на парвовирус и најави правни чекори против, како што велат, лажно информирање.Од АХВ апелираат до сопствениците на кучиња да бидат одговорни, редовно да ги вакцинираат своите миленици, да ги тестираат доколку има сомнеж за заразна болест и да ги следат исклучиво официјалните информации од надлежните институции, додавајќи дека јавноста ќе биде навремено информирана по завршување на целосната постапка.

Скопје | пред 2 месеци

sneg-5

Зимски сообраќај низ државата: Влажни коловози, снег на Попова Шапка и внимателно возење

Сообраќајот на државните патишта во земјава се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, информира Автомото сојузот на Македонија во утринскиот билтен од 10 јануари 2026 година, објавен во 06:30 часот. Слаби врнежи од снег се бележат на подрачјето на Попова Шапка, додека на останатите патни правци состојбата се следи континуирано.На граничниот премин Ники, односно Меџитлија, воведена е забрана за движење на товарни возила која ќе трае до денеска во 10:00 часот. Сообраќајот за патничките моторни возила на овој премин се одвива непречено и без ограничувања. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен. Од АМСМ потсетуваат дека од 15 ноември 2025 година е на сила законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во сите возила, без оглед на моменталните временски услови, и таа ќе важи до 15 март 2026 година.Автомото сојузот апелира до возачите да ја приспособат брзината на движење кон условите на патот, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да управуваат внимателно, особено на делниците кои минуваат низ котлини, речни долини и клисури, каде постои зголемена можност од појава на одрони. Како критични се издвојуваат правците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.Патниот правец Охрид – Ресен преку Националниот парк Галичица е затворен за сообраќај за сите видови возила и ќе остане затворен до 31 март 2026 година, согласно сезонскиот режим на сообраќај.Во тек се и повеќе градежни активности на патната мрежа. На Коридор 10, на делницата Прилеп – Битола, сообраќајот е пренасочен по регионалниот пат Р1101. На скопската обиколница, на државниот пат А2, се изведуваат рехабилитациони работи во должина од 250 метри меѓу клучките Волково и Кондово, при што е затворена левата лента за претекнување, а сообраќајот се одвива по средната и десната лента.На експресниот пат Крива Паланка – Страцин, кај село Петралица, сообраќајот се одвива со времен режим поради градежни активности, со рачна регулација во текот на денот и семафорска сигнализација во ноќните часови. Времени измени на режимот на сообраќај се применуваат и на регионалниот пат Косоврасти – Мелнички Мост, како и на мостот Здуње на делницата Гостивар – Стража, каде сообраќајот се одвива наизменично со семафорска регулација.АМСМ апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ги следат најновите информации за состојбата на патиштата, со цел безбедно и непречено патување.

Македонија | пред 2 месеци

media-library928rb7fvg2d00Q6SeWy

Ирански функционер со закана кон Трамп: Да постапиме со него како со Мадуро

Висок ирански функционер и идеолог, Хасан Рахимпур Азгади, синоќа изнесе крајно остра и провокативна изјава во која оцени дека Иран, како одговор на ставот на Вашингтон кон протестите во земјата, треба да постапи со американскиот претседател Доналд Трамп „на ист начин како што тој постапил со Мадуро“.Азгади, кој е член на Врховниот совет за културна револуција на Иран, изјави дека, според него, поради политиките и јавните изјави на Трамп, би била „дозволена секоја форма на операција на територијата на Соединетите Американски Држави, во сите сојузни држави и градови“, вклучително и, како што рече, „деструктивни операции од типот на оние што тие ги спроведуваат тука“.„Иран мора да му го направи на Трамп она што тие му го направија на Мадуро“, изјави Азгади, алудирајќи на постапките на САД кон венецуелскиот лидер. Во продолжение на својата изјава тој додаде дека американскиот претседател „мора да ја плати цената за своите постапки, за време или дури и по завршувањето на неговиот претседателски мандат“, изразувајќи и лична надеж дека Трамп „треба да биде фатен“.Изјавата доаѓа во период на сериозни тензии меѓу Техеран и Вашингтон, по заканите од американскиот претседател дека САД ќе реагираат „многу силно“ доколку иранските власти започнат со убиства на демонстранти за време на актуелните масовни протести во земјата. Реториката од иранска страна дополнително ја заострува веќе кревката дипломатска состојба и отвора сериозни прашања за натамошната ескалација на односите меѓу двете држави.

Свет | пред 2 месеци

IMG_6878

Иран ги обвини САД и Израел за немирите, писмо доставено до Советот за безбедност на ОН

Иран во писмо доставено до Советот за безбедност на Обединетите нации ги обвини Соединетите Американски Држави и Израел дека стојат зад немирите и насилните настани во земјата. Постојаниот претставник на Иран при ОН, Амир Саид Иравани, во писмото наведува дека, според Техеран, САД се „директно одговорни за немирите и насилните дејствија“, преку, како што тврди, закани, поттикнување и намерно охрабрување на насилството, како и преку нарушување на мирот и стабилноста.Иравани дополнително го осуди однесувањето на Вашингтон, наведувајќи дека американските активности се одвиваат во координација со Израел, што, според иранската страна, претставува директно мешање во внатрешните работи на Иран. Во писмото се истакнува дека ваквите дејствија се спротивни на меѓународното право и на Повелбата на Обединетите нации.Протестите во Иран траат веќе 14 дена и започнаа на големата пазарна зона во Техеран, по што се проширија и во други делови на земјата. Иранските власти во последните денови сè почесто повикуваат на разграничување меѓу мирните демонстранти и, како што ги нарекуваат, „изгредниците“, иако тој термин, според бројни реакции и извештаи, режимот го користи и за самите учесници во протестите.Состојбата во Иран и натаму предизвикува зголемено внимание кај меѓународната заедница, додека официјален Техеран инсистира дека надворешни фактори ја поттикнуваат нестабилноста и ја користат внатрешната социјална и економска криза за свои геополитички цели.

Свет | пред 2 месеци

media-library7qe988vfjftr21quKOM

Нови тензии на Корејскиот Полуостров: Северна Кореја тврди дека соборила јужнокорејски дрон

Армијата на Северна Кореја денеска ја обвини Јужна Кореја дека во текот на неделата со беспилотни летала го нарушувала воздушниот простор над границата, предупредувајќи дека Сеул ќе се соочи со последици поради, како што наведуваат, „неопростива хистерија“. Јужна Кореја брзо ги отфрли обвинувањата, но новиот инцидент дополнително ги намалува шансите за обновување на дијалогот меѓу двете земји, оценуваат аналитичарите.Во соопштение објавено преку државните медиуми, Генералштабот на Корејската народна армија наведе дека севернокорејските сили во неделата употребиле специјални средства за електронско војување за да соборат јужнокорејски дрон кој летал над пограничен град. Според тврдењата од Пјонгјанг, леталото било опремено со две камери и снимало неидентификувани области.Во истото соопштение се наведува дека Јужна Кореја уште на 27 септември минатата година испратила друг дрон во севернокорејскиот воздушен простор, кој наводно бил принуден да се урне по електронски напади. Севернокорејските власти тврдат дека и тој дрон содржел видеоматеријали од значајни објекти во земјата.„Остро го осудуваме сериското и дрско нарушување на нашиот суверенитет и отворените провокации“, се наведува во соопштението, со порака дека „воените хушкачите од Република Кореја ќе платат висока цена“.Министерството за одбрана на Јужна Кореја соопшти дека не управувало беспилотни летала на датумите што ги наведува Северна Кореја, а претседателот Ли Џе-мјунг наложил темелна истрага за наводите од Пјонгјанг.Од преземањето на функцијата во јуни минатата година, владата на претседателот Ли вложи напори за повторно отворање на преговорите и намалување на тензиите со Северна Кореја, но Пјонгјанг досега ги одбиваше сите повици за дијалог. Претседателот Ли неодамна изјави дека на самит побарал посредништво од кинескиот претседател Си Џинпинг за смирување на состојбите, при што Пекинг повикал на трпение.Северна Кореја ги избегнува разговорите и со Сеул и со Вашингтон уште од пропаѓањето на нуклеарната дипломатија меѓу Ким Џонг-ун и американскиот претседател Доналд Трамп во 2019 година, поради несогласувањата околу санкциите. Оттогаш, Пјонгјанг се фокусира на зајакнување на нуклеарниот арсенал и официјално прогласи непријателски „систем на две држави“ на Полуостровот, со што практично ги прекина односите со Јужна Кореја.Дроновите и претходно беа извор на тензии меѓу двете Кореи, кои со години меѓусебно се обвинуваат за нарушување на воздушниот простор. Во октомври 2024 година, Северна Кореја тврдеше дека јужнокорејски дронови го прелетале Пјонгјанг и фрлале пропагандни летоци, што Сеул тогаш не го потврди. Од друга страна, Јужна Кореја во декември 2022 година објави дека подигнала борбени авиони и испукала предупредувачки истрели поради, како што наведе, првиот упад на севернокорејски дронови по пет години.Новите обвинувања уште еднаш ја потврдуваат кревката безбедносна состојба на Корејскиот Полуостров и ограничените изгледи за брзо смирување на долгогодишното ривалство.

Свет | пред 2 месеци

media-librarynnshbt96p51b6MiXHZU

ЦУК со најнова вонредна информација: Интервенции низ земјата по поројните дождови

Обилните врнежи од дожд во изминатиот период предизвикаа излевања на реки, поплави на земјоделски површини и локални оштетувања на инфраструктурата на повеќе локации низ Република Македонија, информира Центарот за управување со кризи, според состојбата регистрирана до 9 часот утрово.Во кочанскиот и штипскиот регион, кај Оризарска река во селото Грдовци е забележано излевање, при што ЈП Водостопанство „Брегалница“ интервенира со багер гасеничар, а механизацијата сѐ уште е на терен. Од понеделник е најавен почеток на чистење на речното корито од Грдовци кон Оризари, со цел спречување на идни несакани последици. Сообраќајот на патниот правец Кочани – Грдовци е нормализиран, додека на повеќе патишта во источниот дел се појавуваат одрони кои екипите на „Македонијапат“ континуирано ги расчистуваат.Во Битола, во населбата Стрчин, КЈП „Нискоградба“ интервенира со механизација за отстранување на нанос од чакал и земја. Во селото Кравари има заезерени земјоделски површини, но без опасност по објектите, додека во Жабени и Породин се евидентирани поплавени ниви, при што ЈП Водостопанство интервенира на Жабјанска река. Елешка река исто така е излеана, со поплавени земјоделски површини, а надлежните служби информираат дека нивото на водата во реките е во опаѓање.Во ресенскиот регион, поплавени се земјоделско земјиште, дворови, куќи, помошни објекти и магацини за складирање јаболка. Нивото на Голема река е значително намалено, од 2,20 на 1,40 метри, а екипи од локалната самоуправа, „Македонијапат“ и ЈКП „Пролетер“ вршат обиколка и проценка на терен. Според ЦУК, состојбата таму е нормализирана.Во Крушево, поради поројните врнежи, водата за пиење е заматена и на граѓаните им се препорачува истата да се преврива најмалку 10 минути. Нивото на Црна река кај селото Бучин е покачено, но водата се повлекла од местата каде што претходно била излеана. Екипи од ЈП „Комуна“, Територијалната противпожарна единица, општината и други надлежни служби работат на зајакнување на насипите кај критичните точки.Во Демир Хисар, локалниот пат кон селото Мренога е затворен за сообраќај поради оштетување на мост на Боишка река, а надлежните служби ја обезбедуваат локацијата. Во прилепските села Лажани и Пешталево се пријавени поплавени дворови и приземни простории, како и штети на тутун, при што интервенираше градежна механизација за расчистување на неисчистените канали.Во тетовскиот регион, патот кон Бање Тетово е исчистен, но сообраќајот е забранет од страна на СВР Тетово од безбедносни причини. Патиштата кон селата Жерма и Бродец се проодни, а состојбата во селото Стримница, општина Желино, континуирано се следи од надлежните служби.Од Центарот за управување со кризи информираат дека состојбата на теренот постојано се следи и дека институциите остануваат во подготвеност за навремено реагирање доколку се појават нови ризици.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryn1m9e81qf70jfkAb9QI

Трамп се закани на Иран: Ако почнат убиства на демонстранти, ќе удриме силно

Американскиот претседател Доналд Трамп упати остро предупредување до иранските власти, порачувајќи дека Соединетите Американски Држави внимателно ја следат состојбата со масовните протести во Иран и дека ќе реагираат „многу силно“ доколку режимот почне да ги убива демонстрантите.Изјавата Трамп ја даде по состанок со раководители на американски нафтени компании во Белата куќа, нагласувајќи дека Иран се наоѓа во „голема неволја“ и дека протестите се шират и во градови каде што, како што рече, до пред неколку недели никој не можел да замисли дека е можно граѓаните да излезат на улица.Трамп истакна дека САД будно ги следат случувањата и дека веќе јасно ставил до знаење оти нема да останат пасивни доколку дојде до крвопролевање. Според него, доколку иранските власти применат смртоносна сила врз учесниците на протестите, САД ќе возвратат со силен удар „таму каде што најмногу ги боли“.Претседателот притоа појасни дека ваквата најава не значи испраќање американски копнени трупи во Иран, туку употреба на други форми на силен притисок. Тој нагласи дека Вашингтон не посакува ескалација, но дека нема да дозволи повторување на сценарија од минатото кога, според него, иранските власти без последици се пресметувале со сопствениот народ.Трамп направи и споредба со претходни американски администрации, оценувајќи дека во минатото имало случаи кога САД целосно се повлекувале од вакви ситуации. Сегашните случувања во Иран, како што рече, се „неверојатни за гледање“ и се директна последица на лошото и репресивно постапување на режимот кон граѓаните.Изјавата на американскиот претседател доаѓа во момент кога протестите во Иран продолжуваат да се шират, а меѓународната заедница сè погласно реагира на насилството, прекините на интернетот и обидите на властите да ја задушат јавната побуна.

Свет | пред 2 месеци

media-library9arb689eolvd77EsFTi

Масовни протести во Иран: Граѓаните бараат крај на режимот и враќање на Пахлави

Масовните протести во Иран продолжуваат втора недела по ред, при што илјадници граѓани излегуваат на улиците на Техеран и на бројни други градови во земјата, изразувајќи незадоволство од владеењето на ајатоласите и од тешката економска состојба. Снимките што се појавуваат на социјалните мрежи сведочат за најголемите демонстрации против клерикалниот режим во последните неколку години, со протести што се проширија во повеќе од 100 градови низ Иран.Немирите се поттикнати од колапсот на националната валута, растечката сиромаштија и општото чувство на безизлезност, а дел од демонстрантите јавно бараат враќање на синот на прогонетиот шах, Реза Пахлави. Тие сметаат дека промената на политичкиот систем е единствениот излез од длабоката криза во која се наоѓа државата.Иранските државни медиуми се обидуваат да ги минимизираат или целосно да ги негираат протестите, објавувајќи снимки од наводно празни улици и тврдејќи дека состојбата е под контрола. Истовремено, властите посегнаа по ригорозни мерки, па надзорната организација „НетБлокс“ соопшти дека во земјата е регистриран „национален прекин на интернетот“, со цел да се оневозможи комуникацијата и координацијата меѓу демонстрантите.Ситуацијата во Иран будно ја следи и меѓународната заедница. По повод протестите се огласи и врховниот верски лидер, ајатолахот Али Хамнеи, кој во говор пренесуван на државната телевизија порача дека редот мора да се зачува и дека државата нема да дозволи дестабилизација.Дополнителен импулс на протестите им даде и јавниот повик на прогонетиот принц Реза Пахлави, кој живее во Вашингтон. Тој ги повика граѓаните на Иран да излезат на улиците и, како обединет фронт, гласно и јасно да ги изнесат своите барања, порачувајќи дека моментот за промени е сега.И покрај засилените безбедносни мерки и обидите за замолчување на јавноста, протестите не стивнуваат, а неизвесно е дали иранските власти ќе успеат да го задржат целосниот контролен механизам врз состојбата што сè повеќе се заканува да прерасне во најсериозна политичка криза во последната деценија.

Свет | пред 2 месеци

avstralija

Катастрофални пожари во Викторија: Илјадници пожарникари се борат со најтешката огнена стихија од „Црното лето“

Илјадници пожарникари денеска со натчовечки напори се обидуваат да ја стават под контрола огнената стихија во австралиската сојузна држава Викторија, каде што шумските пожари оставија зад себе уништени домови, изгорени огромни површини со ниска вегетација и прекинато снабдување со електрична енергија за десетици илјади жители. Поголемиот дел од пожарите избувнаа во средината на неделата, во екот на интензивен топлотен бран што го зафати југоистокот на Австралија.Според информациите на надлежните служби, досега се изгорени повеќе од 300.000 хектари грмушки и нискостеблеста шума, а на територијата на целата држава и понатаму се активни најмалку десет големи пожари. Уништени се над 130 објекти, меѓу кои и станбени куќи, додека околу 38.000 станбени и деловни простори останаа без електрична енергија. Властите оценуваат дека станува збор за најтешките пожари во Викторија по таканареченото „Црно лето“ во периодот 2019–2020 година, кога огнот зафати површина голема колку Турција и однесе 33 човечки животи.Премиерката на Викторија, Џасинта Алан, изјави дека илјадници пожарникари се распоредени на терен и дека се вложуваат максимални напори за запирање на ширењето на огнот. Таа нагласи дека каде и да е возможно, службите ќе настојуваат пожарите да бидат ставени под контрола, иако условите се исклучително тешки.Австралискиот премиер Ентони Албанезе претходно предупреди дека земјата се соочува со ден во кој може да се очекуваат „екстремни и опасни“ пожари, особено во Викторија, каде што голем дел од територијата е прогласен за зона на катастрофа. Во телевизиско обраќање од Канбера, тој порача дека мислите му се со жителите на погодените регионални заедници.Еден од најголемите активни пожари беснее во близина на градот Лонгвуд, на околу 112 километри северно од Мелбурн, каде што досега изгореле околу 130.000 хектари. Во тој регион се уништени триесетина објекти, како и бројни лозја и земјоделски површини. Десетици населени места во близина на пожарите се евакуирани, а голем број државни паркови и кампови се затворени од безбедносни причини.Метеоролозите издадоа ново предупредување за топлотен бран за големи делови од Викторија, додека предупредувања за пожари се активни и за соседната сојузна држава Нов Јужен Велс и за Територијата на австралиската престолнина, што дополнително ја зголемува загриженоста за наредните денови.

Свет | пред 2 месеци

grenlan

Гренландските партии обединети против Трамп: Не сакаме ни Америка ни Данска, сакаме Гренланд

Сите водечки политички партии во Гренланд во петокот испратија заедничка и недвосмислена порака како одговор на повторените претензии на американскиот претседател Доналд Трамп за преземање контрола врз големиот арктички остров. Во заедничка изјава, потпишана од пет партии застапени во гренландскиот парламент Инатсисартут, се нагласува дека иднината на Гренланд може и мора да биде одлучена исклучиво од гренландскиот народ.„Не сакаме да бидеме Американци, не сакаме да бидеме Данци, сакаме да бидеме Гренланѓани“, се наведува во пораката со која партиите јавно ги отфрлаат амбициите на Вашингтон. Во изјавата тие ги повикаа Соединетите Американски Држави да престанат со, како што го нарекоа, односот на потценување кон нивната земја и јасно порачаа дека каква било одлука за политичкиот статус на островот не може да се носи надвор од Гренланд.Реакцијата следува откако Доналд Трамп повторно ги засили изјавите дека САД мора да дејствуваат во врска со Гренланд, тврдејќи дека во спротивно островот би можел да падне под влијание на Русија или Кина. На настан во Белата куќа, Трамп изјави дека Вашингтон „ќе направи нешто во врска со Гренланд, сакале тоа другите или не“, додавајќи дека неговата администрација би претпочитала договор „по полесен пат“, но не ја исклучи можноста за поостар пристап.Американскиот претседател и во минатото јавно изразуваше желба Гренланд, кој формално е дел од Кралството Данска и сојузник во НАТО, да дојде под контрола на САД, повикувајќи се на неговата стратешка важност и на, како што тврди, зголеменото присуство на руски и кинески бродови во арктичкиот регион. Овие изјави предизвикаа сериозна загриженост во Европа, особено затоа што Трамп не ја исклучи употребата на воен или економски притисок.Данската влада остро ги отфрли американските тврдења. Премиерката Мете Фредериксен предупреди дека евентуален американски напад или присила врз Гренланд би значеле крај на НАТО и на безбедносниот поредок воспоставен по Втората светска војна. Гренланд, кој е претежно покриен со мраз и има околу 57.000 жители, повторно се најде во фокусот на големите геополитички интереси, но овој пат со јасен и редок политички консензус внатре во самата земја.

Свет | пред 2 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-08-1140PM

Заладување и снег низ целата земја, следуваат температури под нулата

Времето денеска претпладне ќе биде променливо облачно, со повремени врнежи од дожд и снег во пониските предели, додека на повисоките места и на планините ќе врне снег. Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, во попладневните часови и во текот на ноќта врнежите насекаде ќе преминат исклучиво во снег.Пообилни врнежи се очекуваат во западните делови од земјата, каде што снежната покривка на планините ќе се зголеми за околу 20 сантиметри, додека во останатите региони се очекува зголемување од 5 до 10 сантиметри. Минималните температури ќе се движат во интервал од -3 до 3 степени, а максималните ќе достигнат од 3 до 8 степени Целзиусови.Во Скопје, претпладне ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег, кои попладне и во текот на ноќта ќе преминат во снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2 степени, а максималната ќе достигне околу 4 степени Целзиусови.Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи, утре ќе има локални врнежи од снег, а ќе дува засилен северен ветер кој ќе продолжи и во понеделник. Од почетокот на следната седмица, на повеќе места утринските температури ќе се спуштат и под -10 степени, додека дневните ќе останат под нулата.Во изминатите 24 часа најмногу врнежи се регистрирани во Крушево, каде што до 7 часот утрово наврнаа 25 литри на метар квадратен. Утрово, особено во западните предели, на пониските места врне дожд, додека на планините врне снег и снежната покривка продолжува да се зголемува. Во текот на следните часови се очекува постепено спуштање на снежната граница.Утрото донесе релативно студено време низ целата земја, при што на повеќе места температурите беа околу или неколку степени под нулата, што е најава за изразено зимски услови во наредните денови.

Македонија | пред 2 месеци

cigari

Нов закон за пушење, стар проблем – ќе има ли еднаква примена за сите?

Ина Многуфина реагираше на најавите за новиот, построг закон за забрана на пушење, посочувајќи дека вистинскиот проблем во Македонија не е донесувањето на законите, туку нивната примена на терен. Според неа, искуството досега покажува дека и постојните одредби масовно се прекршуваат без речиси никакви санкции, што ја доведува во прашање ефективноста на новите најавени мерки.Многуфина потсетува дека и во моментов голем дел од терасите на угостителските објекти не ги исполнуваат законските услови за пушење, но ретко кој е казнет. Таа нагласува дека забраната за рекламирање на цигари формално постои со години, но во пракса лесно се заобиколува, па така производите често се промовираат преку флаери и визуелни материјали поставени токму на касите во маркетите.Според неа, клучното прашање е дали новиот закон ќе значи вистинска промена или само уште еден документ без реална примена. Таа укажува дека правилата мора да важат подеднакво за сите и насекаде, а не селективно. Како пример ја посочува состојбата во јавната администрација, каде, како што вели, пушењето во канцелариите често се толерира, додека контролите се насочуваат исклучиво кон угостителските објекти, и тоа претежно во одредени скопски општини.Таа смета дека ваквата нерамномерна примена создава чувство на неправда и го подрива кредибилитетот на институциите. Според неа, доколку државата навистина сака да го заштити јавното здравје, тогаш законот мора да се спроведува доследно – од јавната администрација, преку сите угостителски објекти во државата, до трговските објекти – без исклучоци и без „лабаво“ толкување.Во спротивно, предупредува таа, новиот закон за пушење ризикува да заврши како и многу други претходно – добро напишан на хартија, но игнориран во секојдневниот живот.

Коментари | пред 2 месеци

media-libraryfa6e7c18k7un6eOLwQD

СДСМ со остар став кон Мицкоски: Нема дијалог со криминалци, техничката влада мора да остане

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија соопшти дека нема да прифати никаков „консензус“ со, како што наведуваат, политички структури вмешани во криминал и корупција, нагласувајќи дека техничката влада мора да остане како клучен механизам за заштита на изборниот процес. Од партијата оценуваат дека актуелната власт и ВМРО-ДПМНЕ не се заинтересирани за вистински дијалог, туку бараат алиби и покритие за сценарио кое, според нив, веќе е разобличено во јавноста.Според СДСМ, повиците за предвремени избори се дел од поширока стратегија зад која се крие обид за бегство од одговорност за криминалот и корупцијата, а токму поради такви политики државата, како што велат, останува изолирана и надвор од европските интеграции. Во реакцијата се наведува дека „подадената рака“ за договори и соработка била прифатена од други политички субјекти, што, според СДСМ, резултирало со т.н. тендер коалиција и купување политичка поддршка.Од опозициската партија потенцираат дека не можат да учествуваат во договори од таков тип од две причини: затоа што не сакаат Македонија да биде изолирана од Европската унија и затоа што, како што нагласуваат, не се на иста страна на законот со оние што ги обвинуваат за криминал. „Нема подавање рака на криминалци, на криминалците им се знае местото“, порачуваат од СДСМ.Во соопштението се истакнува дека техничката влада е неопходна и дека таа претставува последна линија на одбрана од целосна злоупотреба на најважниот демократски принцип – слободната волја на граѓаните за време на изборите. Според нив, актуелната власт се спротивставува на постоењето на техничка влада затоа што со влез на министер од опозицијата се овозможува увид во, како што тврдат, сите злоупотреби и целиот коруптивен систем, што за владејачките структури би значело отворање на „Пандорината кутија“.СДСМ оценува дека техничката влада е институционално вето и контролен механизам против воспоставување авторитарен режим и единствена реална можност за одржување чесни, фер и демократски избори. Од партијата најавуваат дека ќе продолжат да ја бранат оваа позиција, сметајќи дека секое друго решение директно ја загрозува демократијата и изборниот интегритет во државата.

Македонија | пред 2 месеци

pusenje

Радикален пресврт во политиката за пушење: Целосна забрана за сите затворени јавни простори

Македонија е на чекор до донесување на најрестриктивниот закон за заштита од пушење досега. Новиот закон, кој е изработен од Министерството за здравство и наскоро треба да биде објавен на платформата ЕНЕР за јавна расправа, предвидува целосна забрана за пушење во сите затворени простори од јавен карактер, без исклучоци, како и драстично ограничување на увозот, продажбата и изложувањето на цигари и електронски уреди.Според нацрт-верзијата на законското решение, забраната за пушење ќе важи за сите угостителски објекти за исхрана, вклучувајќи ресторани, барови, меани и кантини. Дополнително, пушењето ќе биде забрането и на терасите на кафеаните и рестораните доколку тие не се целосно отворени од најмалку три страни, што значи дека голем дел од досегашните полуотворени тераси повеќе нема да можат да се користат за оваа намена.Законот предвидува и проширување на забраната на низа други локации и ситуации, меѓу кои и пушење во автомобил доколку во него се наоѓа дете, како и на автобуски и железнички станици, пазари и други јавни простори. Со ова, државата првпат директно навлегува и во приватниот простор, со цел заштита на малолетниците од изложеност на чад и штетни материи.Истите забрани ќе важат и за сите типови електронски цигари и вејп-уреди, а предвидена е и целосна забрана за ароматизирани цигари и никотински производи. Во предлог-законот јасно се наведува дека се забранува производство, увоз, дистрибуција, продажба и ставање во промет на тутунски и никотински производи кои содржат ароми или вкусови, мерка која директно е насочена кон намалување на привлечноста на овие производи кај младитеСпоред новите правила, и обичните и електронските цигари нема да смеат да бидат видливо изложени на рафтовите во маркетите и продажните места, туку ќе бидат целосно тргнати од видното поле на купувачите.Од Министерството за здравство оценуваат дека ваквите мерки се неопходни и дека целта е спречување на сериозна здравствена криза. Со предложените измени, Македонија се позиционира меѓу земјите со најстроги законски решенија во оваа област.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryikqov6kcgh3sd52KFU4

Македонецот кој загина во Кран-Монтана бил во барот со својата сестра, таа излегла на воздух за момент и се спасила

Шеснаесетгодишниот Стивен Ивановски, по потекло од делчевскиот регион, кој трагично го загуби животот во пожар во бар во Швајцарија за време на новогодишната ноќ, вчера беше погребан. Последното збогување се одржа на гробиштата во Орон-ла-Вил, соопшти македонското друштво „Пианец“.Стивен Ивановски имаше само 16 години. Како и многу други млади, тој замина во Кран-Монтана со својата постара сестра за да го прослави дочекот на Новата година — момент на радост, безгрижност и надеж. Таа ноќ, судбината удри со незамислива сила. Стивен го загуби животот во тој бар. Неговата сестра, која излезе малку на воздух, за среќа преживеа. Трагичен сплет на околности. Случајност. Страшната судбина на ова братство. Отсуство што ќе остави огромна и неизбришлива празнина, објавија од Пианец.„Стивен имаше само 16 години. Зад себе остави семејство скршено од болка, засекогаш обележано од оваа брутална и неразбирлива загуба. Живот прекинат премногу рано и празнина што никогаш нема да се пополни“, наведуваат од „Пианец“.Со цел да му се помогне на семејството во овие тешки моменти, отворена е и сметка за донации. Хуманитарната акција има за цел покривање на погребните трошоци и обезбедување финансиска поддршка за семејството, кое покрај длабоката тага се соочува и со дополнителни материјални грижи. Од друштвото изразуваат благодарност до сите кои веќе донирале и истакнуваат дека секој, дури и најскромен гест, значи многу за најблиските на Стивен.Во пожарот што избувна во барот за време на новогодишниот дочек, животот го загубија над 40 млади лица, а повеќе од 100 беа повредени. Според првичните информации, пожарот бил предизвикан од употреба на пиротехника – фонтани-прскалки, кои го запалиле плафонот, по што огнот брзо се проширил низ објектот.

Свет | пред 2 месеци

media-library5puansjnjfku9GWcG2m

(Видео) Апокалиптични снимки од Кичево снимено од дрон

Катастрофална е состојбата по поплавите на улицата „Прилепска“ во Кичево, каде што домовите на жителите беа поплавени откако реката Зајаз, која минува покрај населбата, излезе од своето корито. Жителите со загриженост и револт ги чистат своите куќи исполнети со вода и кал, стравувајќи дека ваквите сцени може повторно да се повторат.По евакуацијата, дел од погодените граѓани беа сместени во спортската сала, каде што ги посети и градоначалникот на Кичево. Тој информираше дека на граѓаните им се обезбедени душеци, греење и храна, како и основни услови за престој. Поради големото количество вода на терен, надлежните служби засега не можат да интервенираат со механизација за целосно расчистување.Формиран е кризен штаб кој ќе ја координира состојбата на терен. Според најавите, лекарски тимови ќе ги посетуваат евакуираните лица двапати дневно, а ќе бидат ангажирани и хигиеничарки од општината за одржување на хигиената во прифатните простории.Од општината информираат дека, штом ќе се повлече нивото на реката, ќе се пристапи кон изградба на траен заштитен насип, со цел да се спречи идно излевање при обилни врнежи. Жителите од овој дел на Кичево со години се соочуваат со истиот проблем, бидејќи нивните домови се наоѓаат во непосредна близина на речното корито.Обилните врнежи од дожд во изминатите денови предизвикаа сериозни поплави, одрони и сообраќајни проблеми низ целата држава. Поплавени се домови, подруми и магацини, а уништени се и значителни земјоделски површини. Освен Кичево и Охрид, како една од покритичните точки се издвојува и Ресен, каде што надојдената вода предизвика големи материјални штети и го загади системот за вода за пиење.Од Управата за хидрометеоролошки работи предупредуваат дека и натаму најкритични остануваат реките Вардар, Треска, Црна Река, Крива Река и Пчиња, апелирајќи до граѓаните на претпазливо движење покрај речните корита и суводолиците.

Македонија | пред 2 месеци

skopje-sneg-2021

Обилните врнежи предизвикаа поплави и евакуации: критична состојба во Охрид, Кичево и Гостиварско

Поради обилните врнежи од дожд што ја зафатија земјата, на повеќе локации се евидентирани поплави, излевања на реки и отежнато одвивање на сообраќајот, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Состојбата се следи континуирано, а надлежните служби се на терен.Во тетовскиот и гостиварскиот регион, локалниот пат помеѓу селата Форино и Тумчевиште, во Општина Гостивар, е тешко прооден поради големото количество дожд. За состојбата се известени локалната самоуправа и полициската станица во Чегране. Забележани се и излевања на Лакавичка Река во селото Мало Турчане и на Сушечка Река во селото Горна Бањица. Надлежните институции и службите за итно дејствување ја следат состојбата на терен.Најкритично е во охридскиот и кичевскиот регион. Во Општина Охрид се поплавени подруми, гаражи и дворови на повеќе локации во градот, а реката Далјан е излеана од коритото на повеќе места, при што се поплавени голем број куќи. Локалната самоуправа и Кризниот штаб на Општина Охрид се известени и веќе постапуваат по пријавите, додека екипите за итна интервенција се распоредени на терен.Во Општина Кичево, на улицата „Прилепска“, поплавени се повеќе стамбени објекти. Извршена е евакуација на околу 100 лица, кои се сместени во спортската сала „Христо Узунов“. Во акцијата интервенирале екипи на Црвениот крст, Дирекцијата за заштита и спасување, Регионалниот центар за управување со кризи, Територијалната противпожарна единица, ЈП „Комуналец“ и Општина Кичево. На евакуираните им се обезбедени храна, вода, кревети, душеци и ќебиња.Дополнително, регистрирани се излевања на Зајашка Река во реонот над стадионот „Влазрими“ и кај новото училиште „Санде Штерјоски“, како и излевање на реката Треска на земјоделско земјиште во атарите на селата Бигор Доленци, Вранешти и околината.Во битолскиот и преспанскиот регион, поради зголемениот водостој на реките и излевањето на повеќе водотеци, поплавени се бројни куќи и дворни места. За 09:00 часот е закажан состанок на Кризниот штаб на Општина Битола, со цел утврдување на приоритетите и подобра координација на активностите на терен.Од ЦУК информираат дека состојбата и понатаму внимателно се следи, а граѓаните се повикуваат на претпазливост и почитување на препораките на надлежните служби.

Македонија | пред 2 месеци

ahmeti-grubi

Со измените на Кривичниот законик СДСМ и ДУИ си обезбедија самоамнестија, вели Мицкоски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, оцени дека правосудниот систем во државата е делумно контаминиран како резултат на постапките на поранешната влада на СДСМ и ДУИ, посебно преку измените на Кривичниот законик, со кои, според него, е создадена правна основа за самоамнестија на поранешни функционери.Во гостување на телевизија Алфа, Мицкоски истакна дека најголемиот проблем произлегува од можноста одредени лица да се повикуваат на поповолен закон, што, како што рече, претставува директен удар врз правдата и владеењето на правото.„Генерално, луѓето во правосудството се чесни. Но има еден мал дел кој е контаминиран и кој, за жал, го контаминира целиот систем. Тоа се најчесто партиски послушници, рецидив од поранешната влада на СДСМ и ДУИ, кои жестоко се борат оние што ги поддржале да добијат бенефиции, позиции и слично“, изјави Мицкоски.Тој посочи дека распадот на довербата во правосудството, според него, произлегува од два клучни моменти. Првиот е начинот на избор на судии во Собранието во периодот кога ВМРО-ДПМНЕ била во парламентарна опозиција, а вториот – измените на Кривичниот законик донесени од владата на СДСМ и ДУИ непосредно пред заминувањето од власт.„Првото е изборот на судии во парламентот во 1996 година, кога ВМРО-ДПМНЕ беше во опозиција. Второто е сегашниот момент, кога владата на СДСМ и ДУИ практично пред заминување ги донесе измените на Кривичниот законик и избриша значаен дел од членот 353, тој фамозен член“, рече Мицкоски.Според него, бришењето на овој член имало две цели. „Првата беше да се амнестираат самите себе, а втората – да се амнестира некој што би можел да ѝ нанесе штета на тогаш најсилната опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ. Во првото успеаја, во второто не. ВМРО-ДПМНЕ денес е поголема од сите политички партии заедно“, истакна тој.Мицкоски нагласи дека поранешните функционери од СДСМ и ДУИ и понатаму ќе се повикуваат на поповолниот закон, без разлика на идните законски измени.„Тие секогаш ќе се повикуваат на законот кој за нив е поповолен – а тоа е сегашниот, со кој е избришан членот 353 став 5 и други делови од Кривичниот законик. Без разлика какви измени ќе направиме во иднина, тие ќе велат: се повикуваме на законот што важел во тој период. Токму тука е најголемиот проблем“, оцени Мицкоски.

Македонија | пред 2 месеци

media-library8pughneo8lnsaAkiUrJ

Крвава вечер пред црква во Јута: Двајца убиени, шестмина ранети во пукање пред црква во Солт Лејк Сити

Две лица се убиени, а шестмина се ранети во пукање што гледа вчера вечерта пред црквата „Исус Христос на светците од последните денови“ во Солт Лејк Сити, каде во тој момент се одржувала комеморација. Од шесте ранети, тројца се во критична состојба, потврди локалната полиција, пренесува „Солт Лејк Трибјун“.Состојбата на останатите три повредени лица засега не е позната, бидејќи до болниците биле пренесени со приватни возила, изјави портпаролот на полицијата Глен Милс. Сите жртви се возрасни лица. Пукањето се случило околу 19:30 часот пред црковниот објект на улицата „Редвуд Роуд“.Напаѓачот или напаѓачите побегнале од местото на настанот, изјави началникот на полицијата на Солт Лејк Сити, Брајан Ред, додавајќи дека до доцна вечерта никој не бил уапсен. Тој потврди дека сите осум жртви биле застрелани пред црквата и дека полицијата не смета дека станува збор за случаен напад, но ниту за напад насочен против верската заедница.Истражителите ги прегледуваат снимките од надзорните камери од околните објекти и читачите на регистарски таблички. Неколку лица биле приведени на информативен разговор, но ниту едно од нив засега нема статус на осомничен.„Ги следиме сите дојави и траги“, изјави Ред. „Нашите службеници работат посветено и ќе работат сè додека овие лица не бидат изведени пред лицето на правдата“, додаде тој. Улицата „Редвуд Роуд“ била затворена за сообраќај до доцна во ноќта, а граѓаните биле замолени да го избегнуваат подрачјето.Црквата во која се случил нападот најчесто ја посетуваат верници со потекло од Тонга.Градоначалничката на Солт Лејк Сити, Ерин Менденхол, остро го осуди нападот на прес-конференција. „Ова никогаш не смеело да се случи“, изјави таа.Се огласи и Црквата на Исус Христос на светците од последните денови. Портпаролот Сам Пенрод потврди дека црквата е „свесна за сериозниот инцидент“, дека целосно соработува со полицијата и им се заблагодарува на итните служби за нивниот ангажман.„Се молиме за сите погодени од оваа трагедија и изразуваме длабока загриженост што било кој свет простор наменет за богослужба бил изложен на насилство од каков било вид“, се наведува во соопштението на црквата.Во сојузната држава Јута живее голема заедница на пацифички островјани, која според пописот од 2020 година брои околу 60.000 луѓе, од кои дури 39 проценти се Тонганци. Во округот Солт Лејк тие сочинуваат околу 2,4 проценти од населението.По пукањето, на блискиот паркинг се собрале дваесетина вознемирени граѓани кои чекале нови информации, додека полицијата го обезбедувала подрачјето. На местото на настанот пристигнале и американски маршали кои се нашле во близина, но не се вклучени во истрагата.

Свет | пред 2 месеци

hag-sud

Повлекувањето на САД од Хашкиот механизам отвора прашања за иднината на пресудите за воените злосторства

Соединетите Американски Држави се повлекоа од Меѓународниот механизам за кривични судови во Хаг, институцијата која го наследи Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија и судот за Руанда.Овој потег е дел од поширока одлука на Вашингтон да се повлече од вкупно 66 меѓународни организации и механизми, врз основа на претседателски меморандум со кој се наложува прекин на учеството и финансирањето на тела за кои е проценето дека не се усогласени со американските интереси.Меѓу институциите опфатени со оваа одлука се најде и Меѓународниот механизам за кривични судови, заедно со бројни тела на Обединетите нации и нивни специјализирани агенции. Иако во меморандумот не се наведени поединечни образложенија за секоја организација, фактот што механизмот задолжен за процесуирање на воени злосторства е ставен во иста група со политички и развојни форуми укажува на промена во односот на САД кон меѓународната кривична правда.За Босна и Херцеговина оваа одлука има особено значење. Механизмот го чува правниот континуитет на пресудите за геноцид и воени злосторства извршени за време на војните во деведесеттите години, води жалбени постапки и управува со архивите кои се од клучно значење во борбата против негирањето на злосторствата.Во рамките на својата надлежност, овој судски механизам донесе правосилни пресуди против Ратко Младиќ и Радован Караџиќ, кои се осудени на доживотен затвор за геноцидот во Сребреница и други злосторства против човештвото. Правосилна пресуда беше изречена и против Јовица Станишиќ и Франко Симатовиќ, поранешни челници на Службата за државна безбедност на Србија, со што повторно беше отворено прашањето за улогата на Белград во војната во Босна и Херцеговина.Повлекувањето на САД, една од клучните држави што стоеја зад основањето и работата на Хашкиот трибунал, дополнително го ослабува меѓународниот рамковен механизам кој ги штити овие пресуди од политичко оспорување и релативизирање.Иако Меѓународниот резидуален механизам формално продолжува да функционира под покровителство на Обединетите нации, без целосната политичка и финансиска поддршка од Соединетите Американски Држави, неговиот авторитет и оперативни капацитети остануваат сериозно намалени.

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања