Две лица приведени во Центар – кај нив пронајдени бела прашкаста материја и таблета
На подрачјето на општина Центар во Скопје, во текот на ноќта меѓу 25 и 26 септември, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода две лица.Станува збор за 49-годишниот Н.С. од Скопје и 20-годишниот Ј.П., кај кои при полициската проверка биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и таблета.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосното документирање на случаите, против двете лица ќе следуваат соодветни поднесоци.
Македонија | пред 1 месец