Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

media-libraryli4gnrsm1cgjcrNB0YW

EES повторно заглави: Девет земји од Шенген-зоната ја одложија целосната примена на биометриските проверки

Целосната примена на европскиот систем за влез/излез (EES) повторно се соочува со проблеми, откако девет земји од Шенген-зоната, меѓу кои Франција, Германија и Италија, ја одложија целосната примена на биометриските проверки.Станува збор за системот преку кој граѓаните на земји надвор од ЕУ, меѓу кои и Македонија, треба да бидат евидентирани при влез и излез од Шенген-зоната, со земање отпечатоци од прсти и скенирање на лицето, зависно од конкретната ситуација.Покрај Франција, Германија и Италиј

Свет | пред 1 месец

media-library6qjfqdevu3o39AJNWkz

Вештак за „Пулс“: Полиетиленскиот сунѓер поставен на објектот не ги исполнувал условите за заштита од пожар

На денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, градежните вештаци од Градежниот факултет при УКИМ одговараа на прашања за градежните зафати, вградените материјали и исполнувањето на условите за функционирање на објектот.Судскиот вештак и професор Горан Марковски посочи три надворешни елементи кои, според вештачењето, директно укажуваат на пренамена на објектот – надворешните скали, настрешницата над нив и информативната табла над влезот. Тој нагласи дека за поставување на табла

Македонија | пред 1 месец

media-library01t308amkupk2jI5x9T

Директорот на охридската болница за случајот со родилката од Охрид: Двапати одбила хоспитализација, а невистина е дека имало недоличен однос

Директорот на Општата болница во Охрид и доктор на Одделението за гинекологија и акушерство, д-р Горан Маркоски, ги отфрла наводите на медицинската сестра Љубица Шавреска за недоличен телефонски разговор во ноќта кога таа побарала лекарска помош, а за „Скопје1“ тврди и дека на пациентката во два наврати ѝ била предложена хоспитализација, која таа ја одбила со своерачен потпис.Маркоски достави до „Скопје1“ хронологија на прегледите на Шавреска во охридската болница, откако таа јавно го опиша трет

Македонија | пред 1 месец

media-libraryqurl59lj3o3v4fEtFJJ

Адвокатката на Деко подготвува гаранција: „Имам впечаток дека има притисок да се најде што било за да му се продолжи притворот“

Одбраната на Дејан Јованов-Деко, првообвинет во судскиот процес за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, подготвува гаранција со која ќе бара неговото присуство во понатамошниот тек на судењето да биде обезбедено без притвор, изјави неговата адвокатка Ивана Коцевска.Јованов може да остане во притвор најдоцна до 3 октомври годинава, кога истекува максималниот законски рок од една година од оценката на обвинителниот акт.Коцевска вели дека одбраната подготвува гаранција токму за да се обезбеди д

Македонија | пред 1 месец

media-library43a3fp3nvvsc29P6LA4

(Видео) Филипче: Да се укине акцизата за горивата и ДДВ да се намали на 5%

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција предлага укинување на акцизата за горивата и намалување на ДДВ-то од 18 на 5 проценти, мерки за кои вели дека би донеле поголемо намалување на трошоците за граѓаните.Филипче оцени дека мерките што ги најавува Владата се задоцнети и недоволни и порача дека треба да се преземат посуштински чекори за намалување на цените на горивата.„Да се укине акцизата на горивата и ДДВ-то да се намали од 18 на 5 проценти“, рече Филипче на денеш

Македонија | пред 1 месец

media-librarysppls27t93q7erLwKvf

25 мигранти исчезнати откако потона брод кај Грција, спасени 52 лица

Спасувачката операција продолжува во водите јужно од грчкиот остров Гавдос, откако синоќа потона брод со мигранти. Според грчката крајбрежна стража, 25 лица се водат како исчезнати, додека 52 странски државјани досега биле спасени од бродови што се наоѓале во близина.Според исказите на преживеаните, на бродот имало вкупно 77 лица, поради што потрагата по исчезнатите продолжува.Во операцијата учествувале четири блиски бродови и два брода на Фронтекс, граничната агенција на Европската унија. На ме

Балкан | пред 1 месец

media-libraryume37h0e4tda2shAPm6

Николоски: Државите кои инвестираат во стратешки проекти напредуваат во 21 век

Министерот за транспорт Александар Николоски вели дека развојот на една држава во 21 век зависи од реализацијата на големи, стратешки и долгорочни инвестиции.„Оваа Влада води политика за иднината“, порача Николоски, осврнувајќи се на капиталните проекти реализирани во изминатата седмица.Тој ги издвои новата когенеративна централа, изградбата на најголемиот ветерен парк и реконструираниот аеродром „Св. Апостол Павле“ во Охрид.Според Николоски, овие проекти не се само инфраструктурни градби, туку

Македонија | пред 1 месец

media-libraryl83rfetao1pedcgre47

18 возачи лишени од слобода за безобѕирно управување, 17 возеле без возачка дозвола

Осумнаесет возачи биле лишени од слобода во текот на изминатото деноноќие поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“, соопшти МВР.Од нив, 17 возачи управувале возило без положен возачки испит. Станува збор за седум лица од Скопје, како и лица од Арачиново, Батинци, Студеничани, Стајковци, тетовско, Куманово, Кичево, битолско, Пробиштип и Велес. Меѓу приведените има и 17-годишник и 15-годишник.Меѓу лишените од слобода е и 19-годишниот П.Ѓ. од Велес, кој, според МВР, п

Македонија | пред 1 месец

media-library5ip0ooj8thfa6jtzlxV

ГАК формира комисија за поплаките и отфрла дел од наводите на родилката: „Во ниту еден момент не била во животозагрозувачка состојба“

Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје ги отфрла дел од наводите на медицинската сестра Љубица Шавреска за третманот што го добила таму пред нејзината бременост да заврши со загуба на плодот. Од Клиниката за „Скопје1“ велат дека пациентката добила токолитична и симптоматска терапија, дека не била во животозагрозувачка состојба и дека си заминала на сопствено барање, спротивно на советот на лекар. Истовремено, случајот ќе го разгледува интерната комисија за контрола на кв

Македонија | пред 1 месец

media-library5b65qemhpef9fLYcR2q

Се поставуваат фотоволтаици и се подобруваат условите во повеќе образовни установи во Свети Николе

Подобрувањето на условите во образовните установи во Свети Николе продолжува со инвестиции во енергетска ефикасност и уредување на објектите. Во повеќе училишта и градинки се поставуваат фотоволтаици, а се реализираат и други инфраструктурни зафати.Министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска, денеска го посети Свети Николе, каде заедно со градоначалникот Дејан Владев изврши увид во тековните активности.„Драго ми е што локалната самоуправа во континуитет се труди да гради поквал

Македонија | пред 1 месец

IMG_5572

Нов спор на судењето за „Пулс“: Одбраната тврди дека вештото лице читало однапред подготвени одговори

Одбраната на Јане Јанчески, обвинет во судскиот процес за трагедијата во дискотеката „Пулс“, отвори прашање за начинот на кој вештото лице Викторија Будимовска-Скаричева одговарало на денешното рочиште, тврдејќи дека пред судот читала од листови со однапред подготвен текст.Адвокатот Јовица Страшевски, бранител на Јанчески, кој е формален сопственик на агенцијата за обезбедување „Рубикон“, тврди дека листовите од кои читала вештакот не биле составен дел од нејзиниот наод и мислење.Според Страшевс

Македонија | пред 1 месец

media-library8qnene5bqcr1aHO6zMK

(Фото) Камени мост затворен за пешаци: По години во мрак, се санира осветлувањето

Камени мост во центарот на Скопје е затворен за движење на пешаци поради интервенција на осветлувањето, кое по долгогодишен период на нефункционирање конечно се санира.Работите ги изведува Град Скопје, а додека трае интервенцијата пешаците не можат да го користат мостот за преминување од едната на другата страна на Вардар.Осветлувањето на еден од најпрепознатливите симболи на Скопје со години беше во лоша состојба. На делови од мостот останаа само кабли од украдените светилки, поради што Камени

Скопје | пред 1 месец

media-libraryto0lfm987vvp00upgNZ

ЕУ работи на решение за деблокада на процесот за пристап на Македонија, Рокас без детали за уставни измени со одложено дејство

Амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас, не откри конкретно дали се разговара за уставни измени со одложено дејство како можно решение за деблокирање на македонскиот евроинтеграциски процес, но порача дека напорно се работи за постигнување напредок.Прашан конкретно дали има информации за можноста уставните измени да бидат усвоени сега, а да стапат во сила со одложено дејство, Рокас рече дека не може да споделува информации.„Не можам да споделам какви било информации во врска со тоа. Работ

Македонија | пред 1 месец

media-library5p3mkbsoocij3Y8UIgD

Повторно одложено судењето за полициските службеници за „Пулс“: Сведоците не се појавија, судот најави казни и присилно доведување

Неприсуството на сведоците го одложи денешното рочиште во Основниот кривичен суд во Скопје во предметот против 13 полициски службеници обвинети за тешки дела против општата безбедност, поврзани со трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“.Од судот соопштија дека дел од поканите до сведоците биле вратени како неуредно доставени или со ознака „не барал“, додека за дел од останатите нема потврда дека биле примени. Обвинителката Спасенка Андонова посочи дека еден од сведоците телефонски потврдил де

Македонија | пред 1 месец

media-library0av8mg16bvh6dVzxC7V

Без владините мерки дизелот ќе беше поскап за 11 до 11,5 денари за литар, посочи премиерот

Дизелот во Македонија би бил поскап за 11 до 11,5 денари за литар доколку Владата не ги намалеше акцизата и ДДВ за горивата, тврди премиерот Христијан Мицкоски.Тој денеска ги образложи ефектите од владините мерки, откако Владата донесе одлука ДДВ за горивата привремено да се намали од 18 на 10 проценти.„Доколку не се донесеше оваа одлука и претходните одлуки за намалување на акцизата, дизелот ќе беше за 11 или 11,5 денари поскап по литар од тоа што е денеска“, рече Мицкоски.Според премиерот, пор

Македонија | пред 1 месец

media-libraryrvnv9su2jj953qKCRwJ

Нови цени на горивата: бензините поскапуваат за 3,5 денари, дизелот поевтинува за 2 денари

Од 15 септември возачите ќе плаќаат поскап бензин, додека цената на дизелот ќе биде пониска. Регулаторната комисија за енергетика донесе нова одлука со која малопродажните цени на нафтените деривати во просек се зголемуваат за 2,86 проценти.ЕУРОСУПЕР БС-95 и БС-98 поскапуваат за по 3,50 денари за литар. Новата цена на бензинот БС-95 ќе изнесува 100,50 денари, додека БС-98 ќе се продава за 102,50 денари за литар.Дизелот, пак, поевтинува за два денари и од 15 септември ќе чини 99 денари за литар.

Македонија | пред 1 месец

media-librarykl7jqn86fed49JdeegE

Мицкоски за Костадинов и негирањето на македонскиот јазик: „Не коментирам естрадни политичари“

Премиерот Христијан Мицкоски не сака да влегува во полемика со лидерот на бугарската партија „Преродба“, Костадин Костадинов, по неговата иницијатива македонскиот јазик да биде третиран како бугарски дијалект.Прашан за најновиот потег на Костадинов, Мицкоски го нарече дел од „политичката естрада“ и оцени дека целта на ваквите изјави е токму да предизвикаат негова реакција.„Јас не би сакал да коментирам вакви естрадни изјави од политичари кои припаѓаат на политичката естрада. Тоа е нивната цел –

Македонија | пред 1 месец

media-library504o2gi6mbi86sxtUpl

Матичните лекари да издаваат боледување до пет дена, а контролори да проверуваат дали пациентите се дома – ФЗО предлага нови правила за боледување

Промени во начинот на издавање и контролирање на боледувањата најави Фондот за здравствено осигурување. Предлог-измените ќе бидат доставени до Управниот одбор, а нивната цел, според директорот на ФЗО, Златко Перински, е да се заштитат средствата и да се спречат можни злоупотреби.Една од клучните промени е намалување на периодот за кој матичниот лекар може да издаде боледување – од седум на пет дена. Воедно, се предвидува олеснување на постапката за лицата кои поради здравствената состојба не мож

Македонија | пред 1 месец

media-libraryrm286518aq0h6iGDt9d

Мицкоски за заканите: „Пишувал дека сум свиња и дека ќе ме колел на плоштад, се заканувал и на моето семејство“

Премиерот Христијан Мицкоски денеска првпат јавно проговори за заканите поради кои Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против 39-годишен жител на селото Черкези.Мицкоски рече дека за случајот дознал вчера и откри дел од содржината на заканите што, според него, биле упатени кон него и неговото семејство.„И јас вчера дознав за тие закани, дека сум бил свиња и дека ќе ме колел на плоштад, и упатил пцовки кон мене и моето семејство“, рече Мицкоски.Премиерот порача дека очекува слу

Македонија | пред 1 месец

media-libraryac44130ided54tq8WN6

Емотивна сцена во Боговиње: Шерифи постигна гол и го посвети на прерано починатиот фудбалер Даниел Николовски

Фудбалскиот терен во Боговиње беше место на особено емотивен момент, кога Рамадан Шерифи, по постигнатиот гол, го посвети погодокот на својот прерано починат пријател и фудбалер Даниел Николовски.Наместо вообичаена прослава, Шерифи го покажа ликот на Даниел, со што му оддаде почит и испрати силна порака во негов спомен.Даниел повеќе не е меѓу своите пријатели и соиграчи на фудбалските терени, но споменот за него продолжува да живее кај сите што го познавале и со него ја споделувале љубовта кон ф

Македонија | пред 1 месец

media-librarycnknba9drcl66ylKZAu

Во шума запалил душек врз кој ставил бакарни кабли, кривична за 43-годишен битолчанец

СВР Битола поднесе кривична пријава против 43-годишен битолчанец поради сомнение дека предизвикал општа опасност со палење предмети во шума.Како што информира МВР, К.Е. (43) се сомничи дека на 14 август 2026 година, во шума во населбата Баир во Битола, со запалка запалил душек врз кој претходно ставил бакарни кабли.Против него е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност“.

Македонија | пред 1 месец

municija-1

Контрола на автопатот Скопје-Велес откри 205 парчиња муниција во багажник на автомобил

СВР Велес поднесе кривична пријава против 60-годишен жител на Велес, поради постоење основи на сомнение за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.Како што информира МВР, на 2 септември 2026 година, полициски службеници извршиле контрола на патничко возило „ауди“ на автопатот Скопје-Велес, кое го управувал Л.Б. (60).При контролата, во багажниот простор на возилото биле пронајдени и одземени 205 парчиња муниција.Против Л.Б. е поднесена кривична

Македонија | пред 1 месец

media-libraryjlkrl227bpj5fgpWK4M

Со мопед се превртел кај Лезово, тешко повреден 16-годишник

Шеснаесетгодишник од Злетово е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила на патот Пробиштип–Крупиште, во близина на селото Лезово.Како што информира МВР, несреќата била пријавена на 13 септември во 15 часот во ОВР Пробиштип. Малолетникот управувал мопед „Априлија“ со штипски регистарски ознаки, при што во еден момент изгубил контрола над возилото и се превртел.Во несреќата 16-годишникот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Јавната здравствена установа „Нада Мих

Македонија | пред 1 месец

media-librarya1vjsnk8rb711QzrCz8

Тешко повредена 56-годишна жена откако во неа удрил автомобил

Жена е тешко повредена во сообраќајна несреќа што се случила на улицата „Лука Геров“ во Скопје.Како што информира МВР, несреќата била пријавена на 13 септември во 14 часот во СВР Скопје. Патничко возило „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.П. (66) од Скопје, удрило во 56-годишната Д.В., пешак, исто така од Скопје.Во несреќата жената се здобила со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Јавната здравствена установа „Св. Наум Охридски“ во Скопје.Увид на местото на несреќ

Македонија | пред 1 месец

media-library3b651hlbrs9u6sf7rRv

41-годишен маж ја нападнал сопругата

Полицијата во Ранковце привела 41-годишен маж поради сомнение дека физички ја нападнал својата сопруга.Како што информира МВР, полициски службеници од Полициското одделение Ранковце го лишиле од слобода Б.М. (41) во 2:30 часот на 14 септември. Тој е од село на подрачјето на Општина Ранковце.Според пријавеното, Б.М. физички ја нападнал својата 41-годишна сопруга.Мажот бил приведен во полициска станица, а по целосното документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања