Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

aerodrom-ohrid

Охридскиот аеродром добива нов изглед: Денеска се пушта во употреба реконструираниот дел

Во Охрид денеска ќе биде пуштен во употреба реконструираниот дел на Охридскиот аеродром.На свеченото отворање ќе присуствуваат извршниот директор на ТАВ Аеродроми, Серкан Каптан, премиерот Христијан Мицкоски и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.Со реконструкцијата е извршено проширување на патничкиот терминал за 30 до 40 проценти, како и зголемување на капацитетот на шалтерите за патници и багаж за 100 квадратни метри.Дополнително, проширена е зоната за безбедносна контро

Македонија | пред 2 месеци

media-library4pocmijiu8dh4llDPog

Полн стадион, жестоки пораки и бојкот - „Комити“ удрија по Управата на Вардар: „Злото мора да замине веднаш!“

Навивачката група „Комити“ по вечерашниот натпревар на Вардар упати остри критики кон Управата на клубот, предводена од Миленко Неделковски, при што најави бојкот и повика на обединување на сите навивачи.На трибините навивачите истакнаа транспарент со порака: „Квази вредности, рекет, хаос, страв. Вардар не заслужува свиња туку лав“.Потоа беше истакнат уште еден транспарент, директно упатен кон Миленко Неделковски, со натпис: „Гори под нозете, не држи ни простата. Наскоро ќе ја добиеш последната

Спорт | пред 2 месеци

media-libraryft467tdbij778lCmUy2

Ѓорѓиевски на AERO Street Food Festival: Скопје е најубаво кога улиците се исполнети со музика, насмевки и заедништв

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вечера присуствуваше на AERO Street Food Festival во Општина Аеродром, кој се одржува под покровителство на Град Скопје.Ѓорѓиевски, кој на фестивалот присуствуваше заедно со градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, оцени дека големата посетеност, богатата гастрономска понуда и разновидната музичка програма покажуваат дека Аеродром е препознатливо место за современи урбани настани и дружење на сите генерации.Тој упати честитки до Митески и не

Скопје | пред 2 месеци

media-libraryhlqseqcc0e156FpSMbX

„Со секое заминување се прекинува нишка во нашето ткиво“: Сиљановска повика младите да останат и тука да ја градат иднината

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод 8 Септември – Денот на независноста, упати честитка до граѓаните во која порача дека независноста не е завршено минато, туку трајна обврска на секоја генерација да ја чува, гради и надградува државата.Сиљановска-Давкова потсети дека пред 35 години, со референдумот од 8 септември 1991 година, македонските граѓани го заокружиле делото на илинденците и асномците и создале свој национален и заеднички граѓански дом, без оглед на етничката и верскат

Македонија | пред 2 месеци

vmro-dpmne-sediste1

ВМРО-ДПМНЕ: Нека Македонија биде земја во која младите ќе остануваат и ќе ја градат иднината

ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани им го честита 8-ми Септември, Денот на независноста на Република Македонија.„Пред 35 години не обедини сонот за слободна и независна Македонија. Македонскиот народ покажа дека има храброст да чекори по својот пат, со крената глава и со вера во сопствената иднина. Нека и денес не обединува љубовта кон Македонија.Независноста е чувство на припадност, љубов кон татковината и одговорност кон иднината. Таа е обврска да го зачуваме она што ни е оставено и со достоинство да г

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryl85o3cek89n79Kn961t

Филипче со порака за 8 Септември: Нашите предци се бореа за држава, наша обврска е нашите деца да сакаат да живеат во неа

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, по повод 8 Септември – Денот на независноста, порача дека македонската државност е создавана низ генерации и дека денешната генерација има обврска да продолжи со нејзиното градење.„Денес одбележуваме 35 години од историската одлука на македонските граѓани за независна, суверена и демократска држава“, напиша Филипче.Тој во својата објава потсети на историскиот континуитет на македонската државност – од Илинден, преку одлуките на АСНОМ, до референдумот од 8 Се

Македонија | пред 2 месеци

media-library9auut7hudn7n4CVeGTO

Летото 2026 меѓу најтоплите во Грција во последните шест децении

Летото 2026 година беше шесто најтопло лето во Грција од 1960 година, при што сезонските температури низ целата земја ги надминаа вообичаените вредности, објавија научници од Националната опсерваторија во Атина.Според „Екатимерини“, повикувајќи се на meteo.gr, просечните температури во летото 2026 година биле еден степен Целзиусов над просекот за периодот 1991–2020 година. Од вкупно 92 летни денови, дури 68 биле со температури над сезонскиот просек.Јуни бил 10-ти најтопол, јули 12-ти, додека авг

Свет | пред 2 месеци

kanada

Стапија на сила царините што Канада ги воведе за увоз на американска стока во вредност од околу 20 милијарди долари

Канада воведе царини за Соединетите Американски Држави кои се однесуваат на увоз на американска стока во вредност од околу 20 милијарди американски долари (17,2 милијарди евра), соопшти канадското Министерство за финансии.Новите царини се однесуваат на речиси 700 американски производи, по стапки во распон од 15 до 50 отсто. Воведените царини се однесуваат на производи од челик и алуминиум, како и на земјоделска опрема и производи за домаќинство, како што е тоалетната хартија, пренесува CBC.Одлук

Свет | пред 2 месеци

media-library2uluffv3g07i9AwtOV3

По ерупцијата на вулканот „Анак Кракатау“ повторно отворени аеродромите во Џакарта

Индонезија денеска повторно го отвори својот главен аеродром во Џакарта, како и уште четири аеродроми кои беа затворени поради вулканската пепел од ерупцијата на вулканот Анак Кракатау.Пепелта од вулканот, кој се наоѓа меѓу островите Јава и Суматра, го прекри главниот град Џакарта и околните подрачја по првата ерупција што се случи пред четири дена.Министерот за сообраќај Дуди Пурваганди соопшти дека главниот аеродром во Џакарта, „Сукарно-Хата“, повторно е отворен откако ветерот ja однел вулканс

Свет | пред 2 месеци

media-librarynri8ec573k3n4jAwGjT

Зголемена фреквенција на патиштата, нема подолги задржувања на границите

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено и по суви коловози, информираат од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, пак, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.Од АМСМ апелираат до возачите да ја прилагодат брзината на движење, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и внимателно да управуваат со возилата.Посебно внимание се препо

Македонија | пред 2 месеци

media-librarypml6ukdnav9d2uZvuNS

(Видео) Apple подготвува нови бои за iPhone 18 Pro – се појави видео од уредите

Само неколку дена пред очекуваното претставување на новата iPhone генерација, на интернет се појави видео на кое наводно се прикажани iPhone 18 Pro и iPhone 18 Pro Max.На видеото се гледаат демо-уреди од двата модели во нови нијанси. Наводно, iPhone 18 Pro Max е прикажан во темноцрвена, односно Dark Cherry боја, додека iPhone 18 Pro се појавува во сина нијанса.Според досегашните информации кои кружат на интернет, серијата iPhone 18 Pro би можела да биде достапна во три бои – Dark Cherry, Black и

Магазин | пред 2 месеци

media-libraryqrfukk0a8cjmfdsbvcF

(Видео) Мицкоски со видео честитка а 8 Септември: „Среќен роденден, независна и самостојна Македонијо!“

Премиерот Христијан Мицкоски со видео од природните, културните и историските убавини на Македонија го честиташе 8 Септември – Денот на независноста.Мицкоски видеото го објави на својот профил на „Фејсбук“, а во него се прикажани дел од препознатливите македонски предели и знаменитости.Во видеото се прикажани центарот на Скопје, реката Вардар, Скопското кале, Козјак, Охрид, Струга, црквата „Св. Јован Канео“, Плаошник, Скопското Кале, Крушево и „Македониумот“, Самуиловата тврдина, како и други пр

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryq03i454uh7b6dtwWGn0

35 години од историскиот референдум – Македонија го слави Денот на независноста

Македонија денеска го одбележува 8 Септември – Денот на независноста, 35 години по историскиот референдум на кој граѓаните ја потврдија својата одлука за суверена и самостојна држава.На 8 септември 1991 година, граѓаните на тогашна Република Македонија се изјаснија на референдум за суверена и самостојна Македонија, со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија.Од вкупно 1.495.626 запишани избирачи, на гласање излегле 1.132.981 граѓанин, а 1.079.308 гласале „за“. Со над 95 про

Македонија | пред 2 месеци

maksim

„Македонија е наша татковина, иднината е наша заедничка обврска“: ЗНАМ со честитка по повод Денот на независноста

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија упати честитка до граѓаните по повод 8 Септември – Денот на независноста на Македонија, одбележувајќи 35 години од прогласувањето на независноста.Во честитката од партијата се потсетува на референдумот од 8 септември 1991 година, кога, како што наведуваат од ЗНАМ, граѓаните ја потврдиле историската одлука за суверена, самостојна и независна држава.„Денес, 35 години подоцна, независноста е наша чест, но и наша обврска“, наведуваат од ЗНАМ.Од партијата посочуваа

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryi7euruiefaci1lVfymN

36 пожари во изминатото деноноќие – 3 активни, 5 под контрола

Вкупно 36 пожари на отворен простор се регистрирани во Македонија до 07:30 часот, информира Центарот за управување со кризи.Од вкупниот број, 3 пожари се активни, 5 се под контрола, додека 28 се изгаснати.Активни се пожарите во Општина Струга, каде што е зафатена нискостеблеста шума на потегот од село Буринец кон Локов и Селце, како и два пожари во Општина Македонски Брод – кај село Белица, на потегот Кајорец кон Брезница, каде гори нискостеблеста и мешана шума, и кај село Бенче, каде е регистри

Македонија | пред 2 месеци

media-library7eb6tjv5qen8eeDBwUQ

Жешко време низ Македонија: Температурите ќе достигнат 36 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 19 степени, додека максималната ќе достигне од 30 до 36 степени.Во Скопје ќе биде сончево и топло, со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 36 степени.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarycaepsp92h77veGi6ubj

Томи Пол по поразот од Алкарас: „Разликата во нивото беше огромна, ужасно чувство“

Томи Пол не криеше дека бил целосно немоќен против Карлос Алкарас во осминафиналето на УС Опен. Американецот на „Артур Еш“ беше убедливо надигран од бранителот на титулата, а по мечот се обиде да објасни зошто не успеал посериозно да му се спротивстави на Шпанецот.„Морав многу подобро да ја погодувам бекхенд дијагоналата. Речиси по секој мој бекхенд, тој успеваше да се извлече и да нападне со форхенд. Имав чувство дека многу побрзо преминуваше во напад“, изјави Пол.Посебен проблем за Американецо

Спорт | пред 2 месеци

media-libraryd9eo1lt3cbkf0VtbIgs

Латвија сака да го запре руското жито: Најавена царина од 300 проценти

Латвија планира да воведе царина од 300 отсто за житото што пристигнува од Русија и Белорусија, изјави премиерот на балтичката земја, Андрис Кулбергс.Латвиските власти, заедно со соседна Литванија, минатата недела најавија дека разгледуваат и можност за запирање на извозот на руско жито преку нивните пристаништа.Одлуката доаѓа откако Москва го зголеми транзитот на жито преку балтичките пристаништа, како одговор на украинските напади врз руските пристаништа на Балтичкото Море.Руските извозници ко

Свет | пред 2 месеци

finska

Финска заврши со изградбата на 200 километри ограда на границата со Русија

Финска, членка на НАТО, ја заврши изградбата на 200 километри долга ограда долж границата со Русија, соопштија финските власти.Изградбата започна во август 2024 година, на делови од финско-руската граница, која е долга повеќе од 1.300 километри. Деловите биле избрани според проценката на финската гранична стража, каде што оперативната потреба била најголема, а изградбата економски најисплатлива.„Најважна задача на државата е да ја обезбеди безбедноста на своите граѓани“, изјави финската министер

Свет | пред 2 месеци

media-libraryndj2t69culr2eDwPsgY

Не паничете: Вечерва во Скопје ќе одекнат 10 плотуни за Денот на независноста

Во Скопје вечерва, 7 септември, ќе се слушнат артилериски истрели од касарната „Илинден“ во рамки на одбележувањето на 8 Септември – Денот на независноста на Македонија.Почесната артилериска стрелба ќе започне во 19 часот, кога единица на Артилерискиот баталјон на Армијата, со шест артилериски орудија, ќе испука вкупно 10 плотуни.Претходно, во 18 часот, ќе биде изведена пробна стрелба со еден плотун од истите орудија. Поради тоа, граѓаните во делови од Скопје може да слушнат силни детонации во д

Скопје | пред 2 месеци

media-libraryumbu21pcj1j54KMMoFP

Трамп објави нова карта: Канада, Мексико и Гренланд прикажани како дел од САД

Американскиот претседател Доналд Трамп објави нова карта на која голем дел од Северна Америка е прикажан под американското знаме, вклучувајќи ги Канада, Гренланд и Мексико.Картата Трамп ја сподели на својот профил на „Truth Social“, без дополнително објаснување. Објавата доаѓа само еден ден откако тој сподели графика на која американската сојузна држава Ново Мексико е прикажана како „Нова Америка“, при што зборот „Мексико“ е прецртан и заменет со „Америка“.Белата куќа нема најавено официјална ин

Свет | пред 2 месеци

101013308-147590

159 сообраќајни несреќи во Албанија за еден месец: 22 загинати и 229 повредени

Во Албанија во текот на август биле регистрирани 159 сообраќајни несреќи, во кои животот го загубиле 22 лица, а 229 биле повредени, објавуваат медиумите во Тирана.Од повредените, 32 лица се здобиле со тешки, а 175 со полесни повреди. Според податоците, лицата на возраст од 25 до 34 години најчесто биле учесници во сообраќајните несреќи, додека најголем број несреќи биле регистрирани во недела.Брзото возење, управувањето со возило под дејство на алкохол и непочитувањето на сообраќајните правила и

Балкан | пред 2 месеци

media-library3h6578enc2i58ezMeJ0

Лина Ѓорческа со убедлива победа го почна настапот во Анталија

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа со победа го започна настапот на ВТА 125 турнирот во Анталија, откако во првото коло ја совлада седмата носителка Миа Ристиќ од Србија со 2-0 во сетови, 6-1, 6-3.Ѓорческа до триумфот стигна по 86 минути игра. Во првиот сет направи два брејка и поведе со 4-0, а потоа во седмиот гем, по 16 одиграни поени, ја искористи четвртата сет-топка за 1-0.Во вториот сет македонската тенисерка направи брејк во четвртиот гем за водство од 3-1, кое го задржа до крајот за убе

Спорт | пред 2 месеци

media-libraryc2f7s1r22pj82VK4d4u

Сипаниците кај овците не стивнуваат: Во Македонија регистрирани 64 жаришта и 10.000 угинати овци

Состојбата со сипаниците кај овците и натаму е сериозна, а бројот на регистрирани жаришта во земјава достигна 64. Најголем број од нив се во Источниот регион, каде што се евидентирани 50 жаришта.Според информациите што ги презентираше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски, седум жаришта има во Североисточниот, шест во Вардарскиот и едно во Скопскиот регион.Серафимовски апелираше до сточарите доследно да ги почитуваат мерките и препораките на надлежните институ

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryip708stuismt2BzxF89

Сиљановска-Давкова: За силна држава се потребни функционални институции, не само избори

По повод 35 години од независноста на Република Македонија, под покровителство на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова беше одржана панел-дискусија „Предизвици, одлуки, решенија“, на која учествуваа политичари и непосредни учесници во процесите поврзани со осамостојувањето и создавањето на современата македонска држава.Во воведното обраќање, претседателката Сиљановска-Давкова истакна дека со стекнувањето на независноста е изграден институционален систем, но оти неговото континуирано унапре

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања