Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

media-libraryg6kv0sdr15otdy2DlCS

Над 244 илјади туристи ја посетиле Македонија во август, најбројни биле гостите од Турција

Македонија во август ја посетиле 244.513 туристи, кои оствариле над 934 илјади ноќевања, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Позитивните резултати продолжуваат и во првите осум месеци од 2026 година, кога е забележан раст и на бројот на посетители и на ноќевањата во споредба со истиот период лани.Според статистичките податоци објавени на 14 октомври, странските туристи сочинувале 53,6 проценти од вкупниот број посетители во август, додека домашните учествувале со 46,4 процент

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryjkru42gjbgoi4JPYNM5

Насилно отворал прозорци и се обидувал да провали во џамии во Тетово, уапсен 35-годишен маж

Тетовската полиција расчистува случаи на кражби и обиди за тешки кражби во верски објекти во градот. По преземени оперативни мерки, уапсен е 35-годишен жител на селото Јеловјане, кој се сомничи за кривични дела поврзани со кражба и обид за кражба.Според информациите од МВР, на 17 октомври во СВР Тетово биле пријавени три обиди за тешка кражба и една кражба во верски објекти, кои се случиле на 16 октомври.Во верскиот објект „Фирдеус“ на улицата „Ван Вардарска“, во периодот меѓу 16 и 17 октомври,

Македонија | пред 1 седмица

media-librarykrpnitc3cavm6ovyxPr

Трагичен крај на потрагата: Пронајдено телото на исчезнат 87-годишник покрај река во Пршовце

Тело на 87-годишен жител на тетовското село Пршовце било пронајдено покрај реката Бистрица, во атарот на селото, откако претходно бил пријавен за исчезнат. Лекар констатирал смрт, при што на телото не биле забележани видливи траги на насилство.Според информациите од МВР, на 17 октомври во 12:30 часот, во Полициското одделение Теарце, Џ.А. (41) од Пршовце пријавил дека пронашол тело без знаци на живот покрај реката Бистрица.Полициските службеници веднаш излегле на местото и утврдиле дека станува

Македонија | пред 1 седмица

media-library1e2st5t97kb029mmbTC

Бугарскиот амбасадор отвори сомнежи за бегството на Ива Михаилова: „Не можам да тврдам, но би бил изненаден“

Бугарскиот амбасадор во Скопје, Желјазко Радуков, изјави дека би бил исклучително изненаден доколку македонските власти не знаеле за заминувањето на Ива Михаилова од Македонија, иако нагласи дека нема информации врз основа на кои би можел да тврди дека нејзиното напуштање на државата било однапред договорено.Во интервју за бугарската телевизија bTV, Радуков отвори сомнежи околу начинот на кој Михаилова успеала да ја напушти Македонија, и покрај судските ограничувања, одземените патни исправи и п

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryaid7hh04lohg4lyBCuU

(Видео) Калиопи ја обои арената со храброста на хероите, ја натера да полета, па ја испрати со „Бато“: со публиката ги прослави јубилеите

Педесет години на сцената, шест децении живот, преполна арена, безвременски хитови, музички изненадувања и илјадници гласови што пееја заедно со неа. Калиопи приреди концерт за паметење во арената „Борис Трајковски“ во Скопје, славејќи два големи јубилеја со публиката која ја следи низ генерациите.Вечерта беше исполнета со нејзините најпознати песни, но и со лични приказни, сеќавања и моменти во кои Калиопи ја покажа својата поврзаност со сцената. Во еден од разговорите со публиката откри дека н

Магазин | пред 1 седмица

uapsen

Во Куманово пронајдени автоматска пушка и рачно изработена направа, приведен 18-годишник

Осумнаесетгодишен жител на Куманово бил приведен откако полицијата при претрес во неговиот дом пронашла автоматска пушка, муниција и рачно изработена направа поврзана со тајмер и батерија.Како што информира Министерството за внатрешни работи, Р.Д. бил лишен од слобода на 17 октомври 2026 година, во 19:15 часот, од страна на полициски службеници од СВР Куманово.Претресот бил извршен со судска наредба, при што биле пронајдени автоматска пушка, рамки за автоматска пушка со 44 куршуми, испукана чаур

Македонија | пред 1 седмица

media-librarybgedujf762ol4a5xlZL

(Видео) Спектакуларно деби на Бобан Илиоски во „Глори 110“, три нокдауни за само 69 секунди

Македонскиот кикбоксер Бобан Илиоски на спектакуларен начин го започна настапот во престижната светска организација „Глори“, откако на настанот „Глори 110“ во Антверпен, Белгија, го нокаутираше Мароканецот Ајмане Латифи уште во првата рунда.Илиоски настапи во средна категорија и го совлада фаворизираниот противник, кој пред борбата имаше професионален биланс од 21 победа и четири порази.Македонскиот борец од самиот почеток наметна силно темпо и со прецизни удари трипати го испрати Латифи на подо

Македонија | пред 1 седмица

izbori

Излезноста во Брвеница 2,46 отсто до 9 часот, двојно помала од првиот круг во 2025 година

Мал број избирачи го искористиле своето право на глас во првите часови од предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница. До 9 часот утринава на гласање излегле 400 граѓани, односно 2,46 отсто од запишаните избирачи, соопшти портпаролката на Државната изборна комисија (ДИК), Радица Тодоровска-Алексовска.Утринската излезност е двојно помала во споредба со првиот круг од локалните избори во 2025 година.Според информациите од ДИК, гласањето се одвива непречено.Право на глас на овие избор

Македонија | пред 1 седмица

gradinka-2

Со токсична боја ја разубавувале храната во градинка, отруени повеќе од 200 деца и вработени во Кина

Сопственичка на градинка во кинеската покраина Гансу е осудена на доживотен затвор откако повеќе од 200 деца и вработени биле затруени со храна загадена со олово. Затворски казни добиле и петмина други вработени во установата.Ли Хуифанг, која раководела со градинката „Хекси Пеисин“ во градот Тјаншуи, е прогласена за виновна за производство и продажба на токсична и штетна храна. Судот во Ланџоу наредил и конфискација на нејзиниот имот, проценет на 500.000 јуани, односно околу 66.500 евра, објави

Свет | пред 1 седмица

media-libraryj6o23ihotpbfbtPmmdx

(Видео) Повредено 21 лице во протестите во Тирана, Рама предупреди: Оние што уништуваат имот ќе сносат одговорност

Жестоки судири меѓу демонстрантите и полицијата ја одбележаа петтата вечер од студентските протести во Тирана. Полицијата употреби солзавец, гумени куршуми и водени топови за да ја стави ситуацијата под контрола, додека демонстрантите фрлаа камења и други тврди предмети кон полициските службеници и зградата на Министерството за образование.Според полициското соопштение, во претходните инциденти биле повредени осум полицајци, а била причинета материјална штета на зградата на министерството и на с

Настани | пред 1 седмица

media-library7dbgd91l4fk4cfJuqRg

Протекоа личните податоци на повеќе од 3.600 корисници на мобилната мрежа на телефоните на Трамп

Личните податоци на повеќе од 3.600 корисници на мобилната мрежа Trump Mobile завршиле на темната мрежа, откако нова хакерска група со име BYOD објавила дека упаднала во системот на услугата поврзана со брендот на американскиот претседател Доналд Трамп.Според првичните проверки, протечената база содржи имиња, адреси, телефонски броеви, адреси на електронска пошта и податоци за нарачките. Дел од корисниците веќе ја потврдиле точноста на објавените информации.Безбедносни експерти наведуваат дека х

Свет | пред 1 седмица

media-libraryg2mndvf1mc674A7MgsL

Ескалација на протестите: Дрон со екскплозив требало да ја погоди зградата на Владата во Тирана, тврди Рама

Албанскиот премиер Еди Рама тврди дека пред два дена бил неутрализиран дрон со експлозив, со кој наводно се планирало да биде нападната зградата на албанската влада и да се предизвика пожар во внатрешниот двор.„Пред два дена беше неутрализиран дрон со експлозив, со кој се планираше да се погоди зградата на владата и да се запали внатрешниот двор“, изјави Рама во обраќање во живо на својата страница на Фејсбук.Тој оцени дека ниту еден студент не би помислил да спроведе ваков план и посочи дека за

Балкан | пред 1 седмица

srbija-protesti

Србија пред избори: Поддршка за Вучиќ, студентски маршеви и нови потреси во медиумите

Предвремените избори во Србија, закажани за 25 октомври, влегуваат во последната недела од кампањата, во која се засилуваат политичките судири, студентското движење најавува голем собир во Белград, а медиумската сцена е потресена од заминувањето на десет новинари и водители од телевизијата Н1.Владејачката Српска напредна партија (СНС) доби поддршка од словачкиот премиер Роберт Фицо, кој на митинг во Нови Сад го поддржа Александар Вучиќ, носител на изборната листа на партијата. Фицо, говорејќи на

Балкан | пред 1 седмица

media-librarym6jdm66mog2la3xreoX

(Видео) Катастрофален пожар во воена база во Канада, има загинати и повредени

Голем пожар во канадската воена база Вејнрајт однел човечки животи и предизвикал голем број повредени, потврди канадскиот министер за одбрана Дејвид Мекгинти. Засега не се соопштува точниот број на загинати, а пожарот сè уште не е целосно изгаснат.Пожарот избувнал во воената база во источниот дел на провинцијата Алберта и брзо се проширил поради силниот ветер. Повикот за помош бил примен околу 16 часот, соопшти Кралската канадска коњичка полиција во Вејнрајт.Надлежните служби продолжуваат со гас

Свет | пред 1 седмица

media-libraryjcev6r72ts504Vi5aUj

Пробиена ограда на аеродром во Германија, северната писта е затворена

Инцидент на аеродромот во Лајпциг, Германија, предизвикал прекин на воздушниот сообраќај на неговиот северен дел, откако во текот на ноќта била откриена дупка во заштитната ограда. Полицијата се сомнева дека непознато возило ја пробило оградата и влегло во аеродромскиот простор, во близина на паркирани руски товарни авиони „Антонов“.Оштетувањето било откриено во саботата околу 23 часот, соопшти полицијата. Портпаролката Тереза Леверенц изјавила дека по инцидентот биле прекинати летовите на север

Свет | пред 1 седмица

media-libraryj863qim01k3i5jVqpb0

Италијанка загина во сообраќајна несреќа, се истражува нејзиниот поранешен партнер, кого претходно го пријавила за прогонување

Италијанските истражители проверуваат дали смртоносната сообраќајна несреќа во која загинала 69-годишна жена била намерно предизвикана од нејзиниот 73-годишен поранешен партнер. Жената претходно го пријавила за прогонување, а нејзиното семејство бара да се утврдат сите околности на трагедијата, објави „Скај ТГ24“.Несреќата се случила завчера наутро на обиколница во покраината Варезе, во Италија. Првичните сомнежи биле дека на жената ѝ се слошило додека возела, но понатамошната истрага отворила м

Свет | пред 1 седмица

media-libraryb7i1t8fqsuhp6T2QA0i

(Видео) Голем украински напад врз Санкт Петербург: погодени нафтен терминал, центар за податоци и мост

Украинските сили извршиле голем ноќен напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург, при што биле погодени нафтен терминал, центар за податоци на руската социјална мрежа „ВКонтакте“ и мост, објави „Киев индепендент“.Гувернерот на Ленинградската област, Александар Дрозденко, соопштил дека во регионот биле соборени 127 украински дронови. Пријавени се пожари, а остатоци од едно беспилотно летало оштетиле четири автомобили на паркинг. Нападот, според украинските канали за следење, започнал во 2:50

Свет | пред 1 седмица

gradeznistvo-1024x448

Младите во Европа сè потешко до сопствен дом: Цените на становите пораснале за 60,5 отсто

Сè повисоките цени на становите и кириите го отежнуваат осамостојувањето на младите во Европа. За многумина купувањето сопствен дом станува недостижно, додека други се принудени да останат кај родителите, да живеат со цимери или да издвојуваат голем дел од своите приходи за изнајмување стан.Според податоците на Евростат, цените на станбените недвижности во Европската Унија се зголемиле за 60,5 отсто од 2010 година до вториот квартал од 2025 година, додека кириите пораснале за 28,8 отсто. Станува

Свет | пред 1 седмица

nafta-mazut

„Погрешија што се откажаа од руската нафта“ – Новак предупредува и на нов раст на цените

Сè повеќе политичари и земји во светот признаваат дека направиле грешка со откажувањето од руската нафта и нафтените деривати, изјави рускиот вицепремиер Александар Новак. Тој истакна и дека испораката на гас преку гасоводот „Северен тек“ би можела да продолжи доколку европските партнери го посакаат тоа.На маргините на конференцијата „Руска енергетска недела“, Новак изјави дека оштетените делови од гасоводите би можеле да бидат обновени доколку се донесат соодветни одлуки.„Во моментов, три од че

Свет | пред 1 седмица

media-librarykgmpt2m96iale0c5eWN

(Видео) Тони Михајловски нема да настапи, ќе има други изненадувања, соопшти Стефан Николовски пред двете арени со стенд-ап шоуа во декември

Тони Михајловски нема да настапи на стендап-шоуто на Стефан Николовски во декември, иако претходно беше најавен како специјален гостин кој требаше да се врати на стендап-сцената со дваесетминутен настап.Николовски ја соопшти промената преку кратко видео снимено во лифт, во кое ја информираше публиката дека Михајловски нема да биде дел од програмата закажана за 12 декември.„На 12 декември, на првиот датум, требаше да ми биде гостин и Тони Михајловски. Требаше да направи некој камбек од дваесетина

Македонија | пред 1 седмица

Screenshot-2021-10-16-at-18.48.00

Жителите на Брвеница денеска избираат градоначалник, право на глас имаат 16.256 избирачи

Жителите на Општина Брвеница денеска избираат нов градоначалник на предвремените локални избори, на кои учествуваат шест кандидати. Во избирачкиот список се запишани 16.256 гласачи, кои можат да гласаат на 24 избирачки места.Изборите се одржуваат по смртта на градоначалникот Јовица Илиевски, кој почина на 23 јуни годинава, на 58-годишна возраст. За неговата функција се натпреваруваат четворица кандидати предложени од политички партии и коалиции, како и двајца независни кандидати.За победа во прв

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryplu3hboraqqm6znTlK5

(Видео) Протестите во Франција ескалираат: Запалено Градското собрание во Лимож, историска зграда стара 143 години

Историското градско собрание во францускиот град Лимож е речиси целосно уништено во пожар за време на насилните протести поради високите трошоци за живот. Според локалниот префект Морис Бара, архитектонскиот споменик стар 143 години е „во најголем дел изгубен“.Пожарот избувнал откако група маскирани демонстранти запалила паркирано полициско возило, а потоа упаднала во зградата, кршејќи ги прозорците. Огнот предизвикал сериозни оштетувања на објектот, при што покривот и историската камбанарија се

Свет | пред 1 седмица

media-libraryjevo9r6b952v5NGVwTO

(Видео) „Сакам да бидам покрај мојата ќерка“ – По седум хемотерапии, туморот на Ивана е намален за 85 отсто, но ѝ треба помош за да продолжи со лекувањето

По седум примени хемотерапии, туморот кај 32-годишната Ивана е намален за околу 85 отсто, но нејзината борба за живот продолжува. За да го продолжи лекувањето, на младата мајка ѝ се потребни дополнителни финансиски средства, поради што повторно упати апел до граѓаните за помош.Во емотивно видео, Ивана им се заблагодари на сите што досега ѝ помогнале и придонеле за постигнатиот напредок. Таа признава дека не ѝ е лесно јавно да бара помош, но желбата да живее и да биде покрај својата ќерка ѝ дава

Македонија | пред 1 седмица

media-librarym2ek0etm92b2duAXKSo

„Некои луѓе никогаш не заминуваат“: Митко Јанчев со емотивна порака и заеднички фотографии од минатото се присети на неговиот другар Тоше Проески

Деветнаесет години по прераното заминување на големиот музичар Тоше Проески, спомените за него и неговото дело продолжуваат да живеат. По тој повод, градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, упати емотивна порака, потсетувајќи се не само на уметникот што го сакаше целиот Балкан, туку и на блискиот другар и човек со големо срце.„Кога зборувам за тебе, не зборувам само за големиот уметник што го сакаше целиот Балкан, туку пред сè, за блискиот другар, за човекот со големо срце, искрена насмевка и

Македонија | пред 1 седмица

media-librarykr8hik32amhla2RiMGa

Сончево време со мала до умерена облачност, температурите до 23 степени

Сончево време со мала до умерена локална облачност се очекува во текот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а минималните температури ќе се движат од 0 до 8 степени. Максималната дневна температура ќе достигне од 12 до 23 степени.Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 7 степени, а дневната ќе достигне до 21 степен.

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања