Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

media-libraryjevo9r6b952v5NGVwTO

(Видео) „Сакам да бидам покрај мојата ќерка“ – По седум хемотерапии, туморот на Ивана е намален за 85 отсто, но ѝ треба помош за да продолжи со лекувањето

По седум примени хемотерапии, туморот кај 32-годишната Ивана е намален за околу 85 отсто, но нејзината борба за живот продолжува. За да го продолжи лекувањето, на младата мајка ѝ се потребни дополнителни финансиски средства, поради што повторно упати апел до граѓаните за помош.Во емотивно видео, Ивана им се заблагодари на сите што досега ѝ помогнале и придонеле за постигнатиот напредок. Таа признава дека не ѝ е лесно јавно да бара помош, но желбата да живее и да биде покрај својата ќерка ѝ дава

Македонија | пред 1 седмица

media-librarym2ek0etm92b2duAXKSo

„Некои луѓе никогаш не заминуваат“: Митко Јанчев со емотивна порака и заеднички фотографии од минатото се присети на неговиот другар Тоше Проески

Деветнаесет години по прераното заминување на големиот музичар Тоше Проески, спомените за него и неговото дело продолжуваат да живеат. По тој повод, градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, упати емотивна порака, потсетувајќи се не само на уметникот што го сакаше целиот Балкан, туку и на блискиот другар и човек со големо срце.„Кога зборувам за тебе, не зборувам само за големиот уметник што го сакаше целиот Балкан, туку пред сè, за блискиот другар, за човекот со големо срце, искрена насмевка и

Македонија | пред 1 седмица

media-librarykr8hik32amhla2RiMGa

Сончево време со мала до умерена облачност, температурите до 23 степени

Сончево време со мала до умерена локална облачност се очекува во текот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а минималните температури ќе се движат од 0 до 8 степени. Максималната дневна температура ќе достигне од 12 до 23 степени.Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 7 степени, а дневната ќе достигне до 21 степен.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryc842e50rdj4k8TZBza0

(Видео) Масовни протести во Франција, вандализирано градското собрание во Марсеј

Илјадници луѓе излегоа на улиците во повеќе француски градови поради високите трошоци за живот и влошената состојба на јавните услуги, а протестите во саботата прераснаа во судири со полицијата, која употреби солзавец. Станува збор за едни од најнасилните протести во Франција во последните години, објави „Ројтерс“.Француските власти соопштија дека до пладне, надвор од Париз, биле регистрирани 140 протести со вкупно 32.800 учесници. За немирите ги обвинија групите што ги опишуваат како „екстремна

Свет | пред 1 седмица

media-libraryicmitj1vonp4dIjQv64

Фотографијата од собирот во Нови Сад на мета на критики, се тврдеше дека е генерирана со вештачка интелигенција

Фотографија од масовниот собир на листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“ во Нови Сад предизвика полемики на социјалните мрежи откако противниците на собирот почнаа да тврдат дека е создадена со вештачка интелигенција.Според објавата на српскиот портал Б92, повод за сомнежите било тврдењето дека на фотографијата недостасува споменикот на Светозар Милетиќ. Сепак, споменикот се наоѓа на Плоштадот на слободата, среде толпата, и е видлив на фотографијата.Во текстот се наведува дека со тоа биле

Балкан | пред 1 седмица

media-library8ud7rds13skn3MIu41z

Иран повторно објави дека Ормускиот Теснец е затворен: Забранет е преминот за странски бродови

Иранската револуционерна гарда повторно соопшти дека Ормускиот Теснец е затворен и дека на странските бродови им е забрането да минуваат низ овој стратешки поморски премин.„Ормускиот Теснец е затворен и забранет е преминот за странски бродови“, се наведува во соопштението на морнарицата на Корпусот на исламската револуционерна гарда (ИРГЦ).Од ИРГЦ предупредуваат дека безбедноста на пловидбата ќе биде загрозена за бродовите што ќе ги прекршат иранските прописи во теснецот, пренесува агенцијата ИР

Свет | пред 1 седмица

media-libraryrt2ov254j4kkfGp2wkC

(Видео) По молотовите коктели и судирите во Тирана: 30 уапсени, четворица остануваат во притвор, други добија забрана за приближување до институции

Судот во Тирана одлучи четворица од вкупно 30 уапсени по насилните протести во албанската престолнина да останат во притвор, додека за останатите се определени поблаги мерки, меѓу кои куќен притвор, задолжително јавување кај надлежните органи и ограничување на движењето.Со одлуката донесена на 17 октомври, Основниот суд во Тирана ги оцени апсењата како законски, по барањата на обвинителството во постапката за сомневања за уништување имот, организирање и учество во незаконски собири и напади врз

Свет | пред 1 седмица

media-librarylrb4nu8ij0edczNXGP6

(Видео) Марсеј во пламен и судири: Демонстранти упаднаа во градското собрание, ограбени продавници и нападната полицијата

Насилни судири, запалени барикади, ограбени продавници и упад во градското собрание го одбележаа денешниот протест во Марсеј, додека демонстрации против високите трошоци за живот се одржуваат во повеќе француски градови.Според АФП и француските медиуми, група демонстранти насилно ја пробиле влезната врата на градското собрание во Марсеј, влегле во објектот и оштетиле дел од инвентарот. Во внатрешноста била соборена и биста на Маријана, симболот на Француската Република.На улицата Канебиер биле и

Свет | пред 1 седмица

tajvan-voeni-avioni

Романија собори две беспилотни летала над Црното Море

Романски борбени авиони Ф-16 соборија две беспилотни летала што навлегле во воздушниот простор на Романија, членка на НАТО. Според германскиот весник „Билд“, повикувајќи се на романското Министерство за одбрана, леталата биле уништени над романските територијални води во Црното Море.Романските радари откриле група воздушни цели на околу 120 километри источно од Змискиот Остров, кои се движеле кон југозапад. Два авиона Ф-16 полетале од воздухопловната база Борчеа во 17:43 часот. Првото беспилотно

Балкан | пред 1 седмица

media-libraryf3be4kctdlhaaagFQTV

(Видео) Ескалираа протестите во Тирана: Запален објект на Банката на Албанија, автомобил изгоре до темел

Булеварот „Дешморет е Комбит“ во Тирана остана покриен со камења, искршени плочки, црвена боја и остатоци од молотови коктели по жестоките судири меѓу демонстрантите и полицијата пред зградата на албанската Влада.Полицијата употребила големи количества солзавец и успеала да ги растера демонстрантите, по што на терен пристигнале и припадници на специјалната полициска единица РЕНЕА.За време на протестот бил запален влезот на поранешниот хотел „Дајти“, во кој денес се сместени канцеларии на Банката

Свет | пред 1 седмица

media-libraryces6q7uc2gr6aK9gLH4

(Видео) Хаос во Тирана, нови протести: полицијата претепала и демонстрант кој паднал на земја

Демонстрант бил повреден за време на протестот пред зградата на Владата на Албанија во Тирана, откако, според известувањето на албанската телевизија News24, бил удрен од полициски службеник додека лежел на земја.Инцидентот се случил во моментите кога тензиите на протестот се зголемиле, а ситуацијата ескалирала. Демонстрантот почувствувал здравствени проблеми и паднал на земја, по што, според News24, следувал удар од полицаец.Поради повредите, на местото пристигнала екипа на итната медицинска пом

Свет | пред 1 седмица

media-library95279p65c48756Klqmm

Петти ден протести во Албанија, демонстрантите се судрија со полицијата

Студентските и средношколските протести против владата на Албанија влегоа во петтиот ден, по неколку вечери исполнети со тензии, судири со полицијата, оштетување имот и апсења.Студентите по медицина се собраа во близина на факултетот, а потоа се упатија кон Министерството за образование. Неколку маскирани лица ја урнаа оградата, а демонстрантите фрлаа јајца и камења кон полицијата, која возврати со солзавец. Во дворот на Министерството бил фрлен запален куфер, како симбол на иселувањето.Засилени

Балкан | пред 1 седмица

media-libraryq8kd7cf4684mfd6mYkY

Зеленски ја осуди одлуката на Трамп за пауза на санкциите против Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја оцени како „несреќна“ одлуката на Соединетите Американски Држави привремено да ги запрат новите санкции против Русија. Неговата реакција доаѓа по новиот бран руски напади врз украинската енергетска инфраструктура, објави „Њујорк пост“.Зеленски денеска на платформата Икс предупреди на, како што го опиша, „неумоливиот ритам“ на руските напади. Неговата објава беше објавена само неколку часа откако американскиот претседател Доналд Трамп од Мар-а-Лаго не

Свет | пред 1 седмица

media-libraryio3jm88ks09qdTwwYBA

Илјадници домови загрозени од шумските пожари во Калифорнија, двајца пожарникари повредени

Околу 4.600 домови и најмалку 16.000 луѓе се загрозени од шумските пожари што беснеат во јужна Калифорнија. Во повеќе области се издадени наредби за евакуација, а стотици пожарникари се борат со огнената стихија.Пожарот „Норте“, во близина на Сан Клементе, на околу 90 километри јужно од Лос Анџелес, за само неколку часа зафатил површина од околу два квадратни километри. На терен се околу 400 пожарникари, а уште толку се упатени кон местото. Двајца пожарникари се повредени и пренесени во болница.

Свет | пред 1 седмица

ebola

Четири нови случаи на ебола во Кенија, расте загриженоста во регионот

Кенија потврди четири нови случаи на ебола, со што вкупниот број заразени во земјата се зголеми на седум, соопшти Министерството за здравство.Првиот случај беше објавен на 6 октомври, откако кениски државјанин кој живеел во Демократска Република Конго починал во болница во Најроби. Тоа беше првиот смртен случај поврзан со ебола, регистриран во Кенија.Во ДР Конго е во тек 17. епидемија на ебола во историјата на земјата. Според податоците на здравствените власти, регистрирани се повеќе од 9.000 сл

Свет | пред 1 седмица

media-libraryerpc1s3c44b56GFNOFP

Јандроковиќ ги осуди скандирањата на Торцида: „Тоа беше грда порака од Хрватска“

Претседателот на Хрватскиот сабор, Гордан Јандроковиќ, ги осуди скандирањата на навивачката група Торцида пред натпреварот меѓу Хајдук и Ајакс, оценувајќи дека извикувањето на името на Адолф Хитлер и нацистичкиот логор Аушвиц е целосно неприфатливо.„Тоа беше грда порака од Хрватска и Сплит. Тоа не ни требаше, а сега е на државните органи да го санкционираат“, изјави Јандроковиќ во Новиград.Тој нагласи дека станува збор за екстремен случај, кој не треба да се припишува на сите навивачи, бидејќи,

Балкан | пред 1 седмица

media-librarymtlsu4737qfn3Jch51H

Македонија има светски шампион во карате: Марко Џорлев освои злато со пет победи

Македонскиот каратист Марко Џорлев освои златен медал на Светското кадетско првенство во Полска, станувајќи светски шампион во категоријата до 63 килограми. До титулата стигна со пет победи, а во финалето го совлада Унгарецот Адам Баги со 4:1.Џорлев до финалето ги победи Алехандро Перез од Куба со 10:6, Хозе Андрес Гарсија од Гвајана со 6:1, Леонс Акоповс од Латвија со 6:0 и Јан Мата од Панама со убедливи 8:0.Со вкупен резултат од 34:8 во поени, младиот македонски каратист го заокружи настапот с

Спорт | пред 1 седмица

media-libraryp6rje5uv3ftnfCezgky

Трамп сакал океан да го носи неговото име, но „Гугл“ го одбил предлогот

Американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека предложил Атлантскиот или Тихиот Океан да го добијат името „Океан на Трамп“, но претставниците на „Гугл“ ја одбиле идејата. Тој ја раскажал случката на предизборен митинг во Џорџија, иако не е потврдено дали разговорот навистина се случил.Според Трамп, од „Гугл“ му одговориле дека не можат да преименуваат океан бидејќи тој опфаќа територии на многу земји. Претседателот подоцна рекол дека се шегувал, но оценил дека идејата не била толку лоша.Трамп

Свет | пред 1 седмица

Screenshot-2023-10-01-at-09.41.58

БИРН: Над 111.000 евра од Србија за здруженија во Македонија чии претставници го поддржуваат Вучиќ

Најмалку 111.700 евра од државни институции на Србија завршиле кај три здруженија во Македонија чии претставници јавно го поддржуваат српскиот претседател Александар Вучиќ и неговата Српска напредна странка (СНС), покажува истражувањето на Балканската истражувачка репортерска мрежа (БИРН).Парите биле доделени преку Управата за дијаспора при Министерството за надворешни работи на Србија, главно за проекти поврзани со културата, православната вера, зачувувањето на кирилицата и српскиот идентитет.М

Свет | пред 1 седмица

media-library9koslqe3kft46YQcnlY

„Бев подготвен да умрам“: 17-годишник погоден со гумен куршум на протестите во Тирана

Протестите во албанската престолнина Тирана ескалираа, откако полицијата употреби солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите кои се приближија до зградите на Министерството за економија и Владата. Во текот на судирите биле забележани и приведувања, а 17-годишен демонстрант изјавил дека бил погоден со гумен куршум во вратот.Откако демонстрантите се упатиле кон Министерството за економија, полицијата испукала големи количества солзавец. Подоцна, пред владината зграда, полициските воз

Балкан | пред 1 седмица

media-librarybeoq1r3hnar07xnPXZi

Ѓорѓиевски: За моите сограѓани секогаш има време – и оваа сабота со отворени врати и искрен разговор

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска во својот кабинет оствари средби со повеќе од 50 граѓани, со кои разговарал за нивните секојдневни проблеми, потреби и можностите за побрзо решавање на отворените прашања.Ѓорѓиевски истакна дека секое барање заслужува внимание и почит, бидејќи зад него стојат луѓе и семејства на кои им е потребна помош. Тој посочи дека средбите му носат нови сознанија, предлози и идеи за подобрување на животот во градот, нагласувајќи ја и важноста на советите о

Скопје | пред 1 седмица

media-library0i0ndt5r8qsl2MQnw8C

Центрите за податоци стануваат воени цели, Европа предупредена да ги преиспита плановите за вештачка интелигенција

Нападите врз центрите за податоци во Русија и Украина покажуваат дека овие објекти стануваат сè поважни воени цели, чие уништување може да предизвика сериозни последици за економијата и клучните јавни услуги. Русија напаѓала центри во Киев, додека Украина возвратила со напади со беспилотни летала врз повеќе вакви објекти на руска територија.Киев ги опиша украинските напади како удари врз локации што обезбедуваат приходи за финансирање на руската војна. Според „Еуроњуз“, новата состојба треба да

Свет | пред 1 седмица

media-library3fja55atpeuk0VXa23j

Атлетико Мадрид со гол во 89. минута го победи Еспањол во Барселона

Атлетико Мадрид освои три бода на гостувањето кај Еспањол, откако со голот на Алекс Баена во 89. минута славеше минимална победа од 1:0 во Барселона.Гостите уште од почетокот ја презедоа иницијативата и се обидоа да стигнат до водство. Веќе во втората минута Канг-ин Ли шутираше покрај стативата, а четири минути подоцна и Џонатан Дејвид имаше можност да ја затресе мрежата, но не беше прецизен.Еспањол возврати во 33. минута преку Роберто Фернандес, чиј удар заврши покрај голот. Најдобрата можност

Спорт | пред 1 седмица

Screenshot-2023-09-28-at-23.51.03

Американска десничарска активистка со порака до Србите: „Гласајте за Вучиќ или подгответе се земјата да ви биде запалена“

Американската десничарска активистка Валентина Гомез, која на социјалните мрежи ја следат околу 700.000 луѓе, испрати порака до граѓаните на Србија пред изборите закажани за 25 октомври, отворено поддржувајќи го претседателот Александар Вучиќ.Во објава на Икс, Гомез ја спореди листата на студенти и блокадерите со екстремистичката организација Антифа во САД. Таа ги обвини за насилство, блокади и заплашување на граѓаните, а истовремено ги пофали политиките на Вучиќ.„Србија ги одржува најважните из

Свет | пред 1 седмица

media-libraryefiekqqslt0beS8OCQ5

(Видео) „Не, не, не“ – д-р Барбов категорично ја отфрли опасноста Ива Михаилова да остане трајно неподвижна

Професорот д-р Иван Барбов во „Претрес со Ландов“ откри дека една од главните причини поради кои ѝ предложил на Ива Михаилова да го продолжи лекувањето во Бугарија била тоа што таа имала бугарско, но не и македонско здравствено осигурување.Неврологот објасни дека во моментот кога ја дал препораката не знаел дека на Михаилова ѝ биле одземени патните исправи и дека не смеела да ја напушти Македонија.„Главната причина беше дека јас знаев дека таа има два пасоша, има осигурување во Бугарија и логичн

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања