Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

media-library8kga55jjm1pr4aANDEw

Левица: „Ако победи Амар, Орце вети дека ВМРО-ДПМНЕ нема да го блокира Советот на Град Скопје“

Синоќешната дебата на Канал 5, Левица вели дека ќе остане запаметена по историскиот пресврт, првото директно соочување меѓу нивниот кандидат Амар Мециновиќ и кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски.Од Левица посочуваат дека дебатата за првпат по повеќе од две децении ја замени традиционалната политичка дихотомија меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, а дека највпечатлив момент бил одговорот на Ѓорѓиевски, кој, како што тврдат, признал дека хаосот во Скопје е последица на блокадите што ги спроведувала неговата партија.„Јас сметам дека не е фер што медиумите кои се блиски до вашата партија ревносно ја туркаат приказната дека Скопје повторно ќе биде блокирано и нема да функционира, дека ќе се случи нова Данела ако победи Амар Мециновиќ. Дали вие пред граѓаните на Република Македонија и Скопје можете да кажете дека доколку демократскиот процес нѐ доведе до моја евентуална победа, дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде конструктивно за јавниот интерес на граѓаните и нема да го блокира градот?“, праша Мециновиќ.На ова прашање, како што пренесуваат од Левица, Ѓорѓиевски одговорил: „Кој и да победи ќе биде конструктивен и ВМРО да победи ќе биде конструктивно“, со што, според партијата, ја побил реториката на сопствената партија која, како што наведуваат, преку наратив дека доколку не биде избран нејзиниот кандидат, Скопје ќе остане нефункционално.Од Левица нагласуваат дека дебатата го отвори прашањето за новиот политички сооднос на силите во земјава, кој, според нив, е резултат на разочараноста на граѓаните од бипартискиот систем и на нивната желба за вистинска промена.„Сега имаме други околности, втор круг каде што за првпат нема да се ВМРО и СДСМ, туку имаме натпревар меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Левица, и сметам дека со самото тоа што ги живееме првите денови од оваа нова политичка реалност во Македонија, многу граѓани ќе се охрабрат и допрва ќе излезат во вториот круг“, изјави Мециновиќ, реплицирајќи на Ѓорѓиевски, кој, според партијата, оценил дека ниската излезност е причината што не победил во првиот круг.Во остатокот од дебатата, двајцата кандидати, како што наведуваат од Левица, разговараа за темите поврзани со градскиот превоз, решавањето на проблемот со ѓубрето, загадувањето во Скопје и дивоградбите.„Вие говорите за дивоградби, а се сликате со кралот на дивоградбите, Изет Меџити. Вашиот премиер вика дека вашата визија не е да рушите дивоградби, туку да градите“, изјавил Мециновиќ.Во врска со загадувањето, еден од најгорливите проблеми на Скопје, Мециновиќ изјави дека тоа е прашање на политичка волја и дека е време да се престане со префрлање на вината врз граѓаните.Од Левица оценуваат дека дуелот меѓу двајцата кандидати симболично го потврдил крајот на долгогодишниот политички монопол и најавил промена на климата во земјата. „За првпат наспроти ВМРО не стои старата опозиција, туку нов глас на генерацијата израсната надвор од двопартиското милје“, велат од партијата.

Скопје | пред 6 месеци

media-libraryend80ae969gl1MSbXS8

(Видео) „Мелиса“ ја опустоши Јамајка, па премина во Куба!

Ураганот „Мелиса“, најсилниот во историјата, буквално ја опустоши Јамајка и други делови на Карибите. Од петта категорија премина во трета кога помина и низ Куба. Сепак штетите што ги направи допрва ќе се проценуваат.Иако беше окарактеризиран како ураган од трета категодија, ветровите на Куба достигнаа 205 километри на час. Тоа беше еден од најсилните што го погодија островот од ураганот Ирма во 2017 година, посочуваат кубанските власти.Снимките пак од Јамајка се затрашувачки.

Свет | пред 6 месеци

uciliste

МВР: Дојавите за поставени бомби во скопските и кумановските училишта се лажни

По извршените проверки, сите пријави за поставени бомби во училиштата во Скопје и во Куманово биле лажни, соопшти Министерството за внатрешни работи.– Во СВР Скопје и СВР Куманово вчера околу 18 часот пријавено е дека на емаил адресите во 30 училишта во Скопје и 17 училишта во Куманово пристигнати се пораки за наводно поставени експлозивни направи во училишта. Веднаш се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки и утврдено е дека се работи за лажни пријави – се наведува во соопштението од МВР.По дојавите за бомби исптатени на е-маил, вчера сите попладневни активности во тие училишта беа прекинати, а децата испратени дома.

Македонија | пред 6 месеци

media-libraryb8kqb92soggibMvDONr

Камчев: Валандово нема повеќе да тапка во место, со инвестициите што следат ќе се отворат 200 работни места

На телевизија Телма во емисијата „Топ Тема“ вечерва гостуваше кандидатот за градоначалник за општина „Валандово“ од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓоко Камчев.Камчев на самиот почеток истакна дека општина Валандово со години тапка во место, и не се движи во правилна насока заради лошите локални политики, и посочи дека економијата е сведена на најниско ниво и дека голем број на капацитети се затворени.„Општина Валандово во последните години тапка во место, самиот факт дека мојот противкандидат од изборите во 2021 има изгубено повеќе од 1.000 гласови, тоа е најдобриот показател дека Валандово не се движи во вистинска насока. Нека ни кажат што тие направија за општина Валандово во поглед на развој на економијата, имавте ветено уште во 2017, проект 5-50-500, еве валандовската јавност сака да знае до каде е тој проект, иако сите знаеме дека тој проект воопшто и не е започнат. Нашата економија е на најниско ниво во последните дваесетина години, имаме најмал број на регистрирани фирми во овој момент во Валандово, голем број на капацитети се затворени. Што се случи со нашето земјоделство, што се случи со нашето стопанство, зошто е на толку ниски граники?“ го запраша Камчев противкандидатот Костадинов и актуелен градоначалник на општина Валандово.Камчев истакна дел од проектите на својата изборна програма.„Лично преговарам со две компании коишто ќе инвестираат во веќе затворени стопански капацитети и очекувам да бидат вработени некаде околу 200 луѓе, локалниот економски развој е многу значаен ќе создадам тим од луѓе што имаат искуство, во мојата програма токму акцент е ставен на реконструкција на водоводните мрежи во целата општина, во однос на еколошкиот аспект секаде онаму кадешто можеме во сите општински институции ќе направиме термо фасади, ќе се обидеме сите институции да имаат добри објекти квалитетно изведени, предвидени се нови паркови, помалите населени места во општината ќе добијат содржини за децата, забавни паркови, ќе бидат финансирани сите спортски здруженија, исто така ќе извршиме реконструкција на градскиот стадион“, посочи Камчев.

Македонија | пред 6 месеци

media-libraryj995ma2jqce83FL8CRh

Мециновиќ кон Орце: Твојот мандат е окарактеризиран со пазар - дивоградба и чекате да дојдат избори за да собирате ѓубре

„Твојот мандат е окарактеризиран со дивоградбата - пазарот во Драчево. Имаш дивоградба - пазар, имаш други дивоградби", се обрати кандидатот за градоначалник од Левица за Град Скопје, Амар Мециновиќ, во дуелот на ,,Канал 5" кон противкандидатот од ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски.„Првото нешто што ти го направи како кандидат за градоначалник на Град Скопје, г. Орце Ѓорѓиевски, во вториот круг е тоа што се сретна со Изет Меџити, кој е озлогласен по дивоградбите. Вашиот премиер вели дека нема да руши дивоградби", дообјасни Амар Мециновиќ, обраќајќи се кон Орце во дуелот. „Спектакл е вие да чекате да дојдат избори, за да чистите ѓубре. Четири години не ви беа под ингеренција контејнерите! Значи, четири години ти не можеш да излезеш од своите ингеренции да им ги чистиш улиците. Но кога дојде Скопскиот маратон, тогаш можеше да бидеш ,градоначалник на Град Скопје'. Така сега со Лабудович снимате рилови во центар дека собирате ѓубре", рече Амар Мециновиќ во однос на штетата од нечистотијата што ја трпат скопјани подолг период и во однос на кампањското чистење на ѓубрето од страна на Орце на само неколку дена пред избори.

Македонија | пред 6 месеци

kocoska

Владата со еврообврзница од 950 милиони евра ќе го финансира јавниот долг за 2026 година

Владата го усвои предлог – буџетот за 2026 година кој ќе биде испратен во Собранието. Планот е да се приберат повеќе пари од даноци и придонеси, да се зајакне фискалната дисциплина. Издвоени се повеќе пари за плати, за пензии за социјални трансфери.,,Со Буџетот се обезбедува редовна исплата на плати и пензии, како и континуирана социјална заштита. Средствата за социјални трансфери се проектирани на 206,3 милијарди денари, што е раст за 6,7 проценти. Платите изнесуваат 52,6 милијарди денари, или 7 проценти повеќе во однос на оваа година, во кое е опфатено зголемување на платите со порастот на минималната плата. Транзициските трошоци уплати во вториот пензиски столб изнесуваат 19,6 милијарди денари, со раст од 22,5 проценти“, вели министерката Гордана Димитриеска Кочоска.Најголемиот предизвик за финансирањето на јавниот долг за следната година е сервисирањето или враќањето на обврзницата од 700 милиони евра. Тоа е она коешто најмногу му тежи на буџетот, порача денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска. Нагласи дека ќе се прави комбинација помеѓу странското и домашното задолжување, за, како што рече, да не ги оптоваруваме банките во земјава и да можат повеќе да го финансираат приватниот сектор.,, Има 200 милиони евра дополнителни обврски кон странство, односно долгови од претходно што треба да ги вратиме. Од таа причина, финансирањето е предвидено да оди со евро обврзница од 950 милиони евра. Можеби тој износ ќе се зголеми затоа што се предвидени уште 350 милиони евра дополнително странско задолжување и уште 400 милиони евра на домашниот пазар, рече министерката.

Македонија | пред 6 месеци

media-library3aa06colspuk2KkCjME

Ѓорѓиевски: Мециновиќ лажно се претставувал како политиколог, самиот потврди дека нема завршено високо образование

Во вечерашната емисија „На дуел кај Иван“ на Канал 5 телевизија, гостуваше кандидатот за градоначалник на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски кој се осврна на својот противкандидат од Левица, Амар Мециновиќ наведувајќи дека Мециновиќ потврдил дека нема завршено високо образование за политиколог како што се претставувал во јавноста изминатиот период.„Вие се претставувате во јавноста цел изминат период како тој во кој што треба да се идентификуваат младите, човекот којшто е високо образован, па вечерва дознаваме дека немате високо образование тоа е првата работа, втората работа дека сте дете на транзицијата, понатаму вие алудирате на тоа дека сте дете на транзицијата но вашите двајца родители работат во државни институции целиот свој живот, така да и тоа што го кажувате не кореспондира со ралноста“, вели Ѓорѓиевски.

Македонија | пред 6 месеци

media-libraryfugehmae4e3u8BUgYRr

Ѓорѓиевски: За 72 часа Скопје ќе биде чисто

На дуел кај Иван, кандидатот за градоначалник на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски потенцираше дека ветувањето за чисто Скопје во рок од 72 часа е реално и остварливо.„Јас стојам зад тоа што сум го ветил дека градот може за 72 часа да биде чист, убеден сум дека 117 камиони има, а само 17 се исправни, 46 има метлачки и камиони за перење на улици, а само 6 се исправни, имам добар план и визија како ќе го направам тоа”, појасни Ѓорѓиевски.Освен градските и општинските власти, Ѓорѓиевски рече дека и граѓаните и општествено одговорните компании ќе помогнат во овој процес.“Одговорно тврдам со општествено одговорни компании со помош на нашите колеги не само во Скопје, туку надвор од Скопје, добро ќе биде исчистен градот не само на микролокациите туку секаде, и конечно исто така после долги години за прв пат ќе ги испереме улиците“, вели Ѓорѓиевски.

Македонија | пред 6 месеци

media-library36jd3u8uvlrtaxQnxkf

Митески: За прв пат во општина Аеродром во исто време се градат основно училиште, градинка и спортска сала, нешто што до сега не се случило

Во изминатиот период, како општина сработивме многу проекти, особено во развој на инфраструктурата и за прв пат во исто време во Аеродром во еден период градиме и основно училиште, детска градинка и спортска сала. Нешто што претходно не се случило во општина Аеродром, рече актуелниот градоначалник и кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за Општина Аеродром, Дејан Митески во вечерашното гостување во централниот Дневник на телевизија Сител.„Морам да напомнам во претходниот мандат, три години имавме централна власт од СДСМ, којашто ни беше апсолутен кочничар во реализација на голем број на проекти и четири години власт на Данела Арсовска во Градот Скопје, од каде добивме нула поддршка во реализација на клучни инфраструктурни проекти кои се во надлежност на градот“, рече Митески.И покрај овие блокади и несоработка, Митески потенцираше дека изминатиот период интензивно се работеше и почнаа да се реализираат многу инфраструктурни проекти, а многу и се завршија.Во гостувањето се зборуваше и за состојбата со која се соочува градот Скопје која ја предизвика Комунална хигиена со насобирањето на сметот.„За жал, сега пред избори, имавме криза со насобирање на отпадот од страна на Комунална хигиена којашто траеше повеќе од 10 дена во делот на Аеродром и повеќе од три недели во делот Лисиче, од каде што од индивидуалните домаќинства не се собираше отпадот. Комунална хигиена е единственото надлежно претпријатие којшто е должно да го транспортира ѓубрето, зошто ние како граѓани плаќаме кон нив. Јас бев првиот градоначалник и единствениот најверојатно, којшто поднесе кривична пријава против директорот на Комунална хигиена и денес ја гледам реакцијата на Обвинителството и на министерството за внатрешни работи. Се преземаат интензивни мерки се со цел спречување, понатамошно постапување, зошто одговорноста мора да има име и конечно во Македонија да сфатиме дека кога преземаме јавна функција, преземаме и одговорност да ги исполниме нашите обврски кон граѓаните, за што сме платени од нив“, истакна Митески.

Македонија | пред 6 месеци

media-librarynl5fcil6p00qbXzItp9

Мицкоски: Без разлика на етничката, верската и политичката припадност, на 2 ноември да се обединиме во Кичево за вредностите кои ги застапува Александар

После вториот круг очекувам 59 градоначалници да има коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, со што ќе ја заокружиме највисоката бројка во историјата на демократската Македонија, по бројот на градоначалници, којашто некогаш се случила. И ако на тоа се додаде и извесната победа на Орце Ѓорѓиевски за град Скопје, којшто води 3:1 после првиот круг во однос на неговиот противкандидат, тогаш заокружуваме бројка од 60 градоначалници коишто ќе дојдат од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, вклучително и главниот град, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот мини митинг во Кичево во рамките на изборната кампања под слоган „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“ за вториот круг од локалните избори на 2 ноември во недела.Мицкоски се осврна и на победата на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за листите на советници во 58 општини, каде што оствари убедлива победа и освоија мнозинство во советите.Додаде дека не беше лесно, туку дека беше тешко но единството и поддршката на граѓаните покажа дека може да се совлада и помногуброен противник, зошто кога сме сплотени и обединети како едно, сме посилни и можеме да совладаме многу побројни и поголеми противници.„Затоа е многу важно на 2 ноември во недела да се обединиме овде во Кичево, без разлика на нашите различности, без разлика дали тие различности се етнички, верски или политички. Многу е важно да бидеме како едно, да се обединиме околу вредностите коишто ги споделуваме, да се обединиме околу цивилизацијата којашто ја застапуваме. Затоа што јас сум убеден дека против кандидатот на Александар не ги споделува нашите вредности, не ја споделува нашата цивилизација. И секој оној којшто ќе го земе пенкалото во рака и ќе застане позади гласачката кутија, со гласачкиот лист пред него, нека го слуша својот разум и своето срце и нека гледа длабоко во својата душа, од таму ќе извира бројот 9. И нека го заокружи бројот 9, нека заокружи за Александар“, повика претседателот Мицкоски во недела масовно да се гласа за кандидатот ан ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Кичево, Александар Јовановски.Понатаму додаде, секој оној кој ќе биде исправен пред предизвикот дали да го поддржи Александар или неговиот против кандидат, нека се присети на вредностите кои ги застапува Александар и вредностите кои ги застапува неговиот против кандидат.„Дали вие сакате да живеете во средина во којашто ќе владеат криминалот, блуд, разврат и уцени? Дали сакате Кичево да биде домаќин на блуд, разврат, криминал и уцени? Заборавете на етничката припадност, сетете се на вашите ќерки, на вашите внуки, дека некоја од нив може да биде жртва на овој човек. Затоа, кога ќе го имате пенкалото во рака, верувајте во вредности, не во басни, не во приказни. Заборавете на нешто што некој ви кажува дека се случило пред 4, 5, 6 децении, верувајте на оние коишто ви кажуваат што ќе се случува за четири, пет децении од денес. Заборавете на оние романтични приказни што некој ви ги кажува за некое измислено минато коешто никогаш не се случило. Верувајте на иднината којашто сите ние заедно Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци и останати ќе ја градиме. Тоа е иднината на Македонија“, упати Мицкоски обединувачка порака и повик до сите етнички заедници.

Македонија | пред 6 месеци

media-library0uas2u1cojd3epRaudE

Петрушевски: Очекувам убедливата победа на кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ уште посилно да се рефлектира во вториот круг

Пратеникот Бране Петрушевски вечерва гостуваше во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија, кој најнапред зборуваше за очекувањата од вториот круг од градоначалничката трка за локалните избори 2025 година, пришто посочи дека очекува голема, убедлива победа на кандидатите за градоначалници на ВМРО- ДПМНЕ, односно како што кажа тој можеби најуверлива победа на локални избори на една политичка партија.„Очекуваме она коешто се случи во првиот круг, а тоа е една убедлива, голема победа на кандидатите на ВМРО- ДПМНЕ, уште посилно да се рефлектира во вториот круг. Генерално онаму кадешто сме во вториот круг сме победници на прво место, со огромна разлика во гласови којашто во најголемиот дел од општини е реално ненадоместлива со било какви калкулации. Меѓутоа ние сме активни на терен, активни помеѓу граѓаните ја пренесуваме нашата визија, нашата идеја за општините, оној прием којшто го добиваме од страна на граѓаните е уште поголем, со поголема енергија, така што очекувам да ја финишираме оваа изборна трка со уште една уверлива можеби и најуверлива победа на локални избори на една политичка партија“, вели Петрушевски.Пратеникот Петрушевски ги искажа и своите очекувања од вториот круг за градоначалничката трка за градот Скопје и истакна дека очекува уверлива победа на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски за Град Скопје, бидејќи разликата во гласови е огромна и истата е во полза на Ѓорѓиевски.„Таа разлика, таа уверлива победа, па и таа енергија или бран од првиот круг ќе се пренесе сега и во вториот круг и јас очекувам солиден раст на гласовите на Орце Ѓорѓиевски во вториот круг, прашањето е само колкава ќе биде изразена таа победа и колкави ќе бидат потоа очекувањата на граѓаните, и тука мораме да испорачаме како што сме испорачувале во минатото во оние други општини кадешто имавме свои градоначалници коишто повторно го добија својот мандат. Се надевам дека Орце ќе има една низа на мандати, а тоа ќе значи една низа на реализирани проекти за скопјани што ќе им го подобри животот“, рече Петрушевски.Петрушевски посочи зошто Ѓорѓиевски е вистинскиот избор за скопјани и ја искажа својата увереност дека со доаѓањето на Ѓорѓиевски на градоначалничката позиција на градот Скопје, скопјани ќе ја почувствуваат разликата од неговото управување со градот, уште во првиот месец, споредбено со она што беше до сега.„Орце е работник, Орце е докажан како човек кој знае да реализира проекти, да работи, да решава проблеми, народен човек, човек којшто е нон стоп меѓу народот и сум цврсто убеден дека уште во првите неколку недели или месец дена од неговиот мандат ќе се почуствува огромна разлика помеѓу она што значи политичар којшто е од народот, којшто е работник и којшто знае да работи vis a vis она што сме го гледале претходно“, посочи Петрушевски.

Македонија | пред 6 месеци

0BD6D5C7-09E3-4D7C-9ECA-726723107B72_1_105_c

МВР: Во Скопје и Куманово училишта попладнево добиле дојави за поставени бомби

Министерството за внатрешни работи информира дека неколку училишта во Скопје и Куманово попладнево добиле дојави за поставени бомби.Веднаш по дојавите, училиштата биле евакуирани, а се врши увид и проверка од страна на полицијата и одделите за заштита и спасување.До сега нема официјални информации за пронајдени експлозивни направи, ниту за повредени лица.МВР апелира јавноста да пријавува сомнителни предмети и активности, и да остане смирена додека траат проверките, со цел да не се попречи работата на надлежните.

Македонија | пред 6 месеци

media-librarypruv0nj8g9k2eeLlhdZ

Јовановски: Со заокружување на бројот 9, Кичево ќе добие градоначалник кој ќе се жртвува за својот град

Александар Јовановски, кандидат за градоначалник за општина „Кичево“ од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати на денешниот настан одржан во општината, под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, во рамките на изборната кампања за вториот круг од локалните избори кои ќе се одржат 2 ноември.На самиот почеток Јовановски се заблагодари за присуството на граѓаните, и потенцираше дека кампањата која се водела за локалните избори во општина Кичево, била исклучиво позитивна.„Ви благодарам на присуството, ви благодарам на поддршката, самата ваша бројка доволно говори. Целата кампања ни се засноваше на позитивна енергија, целата кампања зрачи и ќе продолжи да зрачи после големата победа само со позитивна енергија, ќе продолжи да зрачи со надеж и среќа за сите. Сите оние коишто не веруваат, сите оние коишто сеуште се двоумат, сите оние кои мислат дека не е можно да оствариме победа, нека размислат уште еднаш“, рече Јовановски.Јовановски истакна дека Кичево заслужува за градоначалник да има чесен и трудољубив човек, кој ќе се жртвува за својот град.„Верувајте, заслуживме да имаме чесен човек, трудољубив човек и човек  којшто ќе се жртвува за овој град, а тој човек сум јас почитувани. Сакам да изразам особена благодарност до припадниците на сите политички партии во нашиот град, без разлика на кој етникум припаѓаат, без разлика на која идеологија припаѓаат, има луѓе кои увидоа со што се соочуваме, за жал сите вие сте сведоци на што се, се изнагледавме изминативе денови, какви снимки изнаслушавме и какви видеа видовме, ние како граѓани не го заслужуваме. Дојдете на 2 на истото ова место, ќе славиме заедно“, истакна Јовановски.

Македонија | пред 6 месеци

media-libraryhv46qfckuap1d7eWSKj

Сајкоски: Масовно излезете и гласајте за Александар Јовановски, за развој и напредок на Кичево

На вечерашниот мини-митинг во општина Кичево, во рамки на вториот круг од локалните избори кои ќе се одржат на 2 ноември, се обрати генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски кој упати порака за масовна излезност на 2 ноември за глас на  кандидатот Александар Јовановски, за развој и напредок на Кичево.„Почитувани, ни останаа уште неколку денови до она за коешто работевме долг период. Ни останаа уште 3-4 дена до 2, денот кога треба да излеземе масовно како што излеговме на овој плоштад, да кажеме не за не работата, не за неморалот, не за кандидатот којшто не посрамоти. И да кажеме да за оној којшто сака, којшто може и којшто треба да сработи за нашата општина, да кажеме да за Александар Јовановски за иден градоначалник на Кичево“, рече Сајкоски.Сајкоски ги повика и оние граѓани кои живеат во дијаспората да го дадат својот глас за бројот 9, за да има подобри услови, кои ќе донесат подобар живот за кичевчани.„Сакам кратко да порачам и за оние коишто сакаат и се спремаат да доаѓаат од странство. Почитувани, многу ве почитуваме и секогаш нашата врата е отворена за вас, но нашите деца 265 дена дишат нечист воздух, нашите деца 365 одат по калливи улици, нашите деца и ние со нашите автомобили се движиме низ фекалии во населбите од нашиот град. Затоа и вие придружете се кога ќе дојдете тука во Кичево, гласајте за број 9, гласајте за Александар Јовановски, гласајте за победничката опција во Република Македонија“, вели Сајкоски.

Македонија | пред 6 месеци

media-libraryqhk5l7rp3nlp0jaONnT

Тоневски: Населба за млади, бесплатен канцелариски простор за млади кои сакаат да отворат приватен бизнис

Тони Тоневски, кандидат за градоначалник за општина Пробиштип, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, денес гостуваше во емисијата Директно на Телма телевизија, при што го соопшти неговиот мотив за повторната кандидатура за градоначалник на општина Пробиштип, а тоа е што во изминатите 8 години општината, како што кажа тој тоне во апатија и безидејност, а евидентно е и отсуството на идеа, план, визија и конкретна реализација на проекти.Тоневски истакна дека во текот на неговиот мандат, главен приоритет ќе биде економскиот развој на општина Пробиштип преку отворање на нови индустриски зони, создавање на услови за отворање на нови мали и средни претпријатија како и изготвување на водич за инвеститори и истовремено ја стимулира и важноста од измената на генералниот урбанистички план како и донесувањето на нови детални урбанистички планови.„Мојот главен приоритет во мојот мандат ќе биде економскиот развој на Пробиштип, задржување на младите, да останат да живеат во Пробиштип. Токму во таа насока, најважно од се е да се направи, почетно измена на генералниот урбанистички план, донесување на нови детални урбанистички планови, отворање на индустриски зони пред се за лесна и незагадувачка индустрија со што ќе го зголемиме интересот, ќе направиме и водич за инвеститори, ќе им подадеме рака на сите коишто сакаат да инвестираат. Моја цел ќе биде да овозможиме отворање на нови помали претпријатија, мали и средни претпријатија, за што во моментот нема ниту една слободна парцела, ниту една индустриска зона“ рече Тоневски.Тоневски додаде дека неговиот фокус во текот на неговиот мандат ќе биде и задржувањето на младите во општината, најнапред преку мерката за субвенционирање на млади брачни парови до 35 години, за купување на парцели за изградба на куќи, како и бесплатно користење на општински простории за млади кои сакаат да отворат приватен бизнис.„Ќе направам населба за млади, каде што ќе им понудам да купат сопствена земја по 1 евро од квадрат, да се ослободат од комуналии плаќање, да направам комплетна инфраструктура во таа населба, да им обезбедам бесплатен канцелариски простор на сите млади коишто сакаат да отворат приватен бизнис, општински простории и нормално да се инвестира во спортот, во културата, да се направат фестивали“.Тоневски заклучи дека неговото водство во првиот круг се должи на различните концепти, а граѓаните точно ја гледаат разликата и визијата и е сигурен во убедлива победа во недела.

Македонија | пред 6 месеци

media-librarynf9pj8ufjbb8cBNTWAK

Притвор за директорот на „Комунална хигиена“ и неговиот соработник – осомничени за загрозување на животната средина

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје го прифати предлогот на Обвинителството и определи мерка притвор во траење од 30 дена за директорот на ЈП „Комунална хигиена“, Сабахадин Рустеми, и уште едно лице од раководството на претпријатието – А.С.Двајцата се осомничени за кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад“, казниво по член 230 став 1 од Кривичниот законик, за што е предвидена и затворска казна.„Судија на претходна постапка постапувајќи по предлог на ОЈО Скопје за определување мерка притвор против две лица, по нивното произнесување во присуство на јавен обвинител и нивни бранители, донесе решенија со кои го прифати предлогот и на двете лица им определи мерка притвор во траење од 30 дена,“ соопштија од Кривичниот суд.Судот ја образложи одлуката со тоа што постојат основи за опасност осомничените да ја попречат истрагата, да влијаат врз сведоци или да го повторат делото, односно по член 165 став 1, точки 2 и 3 од Кривичниот законик.Постапката против нив започна по наредба на Основното јавно обвинителство – Скопје, кога полициски службеници спроведоа акции за обезбедување докази поврзани со управувањето со отпад и постапувањето на претпријатието во делот на заштита на животната средина.„Во однос на ова, лицата се задржани и постапката е во тек. Штом имаме повеќе детали, јавноста ќе биде известена,“ изјавија од Обвинителството за Скопје1.Против решението на судот странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет на истиот суд.

Македонија | пред 6 месеци

media-libraryk8odp3o9scjg7wVQu9k

ДИК ги соопшти официјалните резултати од првиот круг на локалните избори

Државната изборна комисија (ДИК) ги објави конечните резултати од Локалните избори за вкупно 44 општини. Во недела ќе се спроведе втор круг во 33 општини.-Единаесет општини се приклучуваат на 33-те општини за кои во четвртокот објавивме конечни резултати за избор на градоначалници, каде што изборите се завршени во прв круг. Со денешнава објава на 11-те општини за избор на градоначалник во прв круг и претходните 33 од минатиот четврток каде што немаше приговори, вкупно се завршени 44 општини каде што е извршен избор на градоначалник во првиот изборен круг. Остануваат уште 33 општини кои ќе одат во втор круг, рече претседателот на ДИК, Борис Кондарко.Во однос на изборот за членови на советите на општини и Советот на Град Скопје, Кондарко соопшти дека само во Општина Шуто Оризари ќе се повтори гласањето на 2 ноември за избор на членови на Советот.По спроведеното гласање на 19 октомври, а по истекот на законските рокови за поднесување тужба до Управен суд по приговори во постапка за гласање и во постапка за утврдување и сумирање на резултати од гласање, ДИК ги објавува конечните резултати за општините во кои не се поднесени тужби до Управен суд по приговори за избори на членови на Совет на општините и членови за Совет на Град Скопје.– Остана само една општина со три избирачки места во кои се поништени резултатите од Управниот суд – во Општина Шуто Оризари. По направената симулација, утврдено е дека можно е да има теориско влијание бројот на запишаните гласачи во овие три избирачки места на распределбата на мандатите во Советот. ДИК врз основа на наведеното, согласно одлуките на Управниот суд за поништување на гласањето, одлучи гласањето во овие три избирачки места во Општина Шуто Оризари за избор на членови на Совет да биде повторено на 2 ноември, рече Кондарко.

Македонија | пред 6 месеци

canmathshelp

Скопјанец направил инцидент во казино: нападнал човек, а потоа бил агресивен кон полицајците

Инцидент во казино во Скопје – нападнат човек и полицајциЛид:Маж од Скопје е уапсен откако нападнал лице во казино и се однесувал агресивно кон полицајци, а неговата сопруга го пријавила и за семејно насилство.Текст:На 27.10.2025 во 21:40 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го приведоа Т.Ј.(35) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 21:30 часот во и пред казино со уште едно лице физички го нападнале Д.М.(53) од Струмица, со престој во Скопје, а потоа агресивно се однесувал и кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. Исто така, и неговата 29-годишна сопруга пријавила дека физички ја нападнал во домот. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Скопје | пред 6 месеци

240646547_996452591177168_8429942148345254552_n

Го натерал девојчето да проси, па ѝ ги земал парите, приведен татко во Струга

Маж од Скопје е уапсен во Струга затоа што ја користел својата малолетна ќерка за просење и ги земал парите што ги собирала.Текст:Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против С.Р.(30) од Скопје, со привремен престој во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“. На 22.10.2025 во Струга, полициски службеници во содејство со Центарот за социјални работи извршиле контрола на ул.„Маршал Тито“, при што го затекнале пријавениот како ја носи неговата малолетна ќерка да проси и потоа ги земал парите од детето. Тој веднаш е лишен од слобода и поднесена му е пријава.

Македонија | пред 6 месеци

media-library4f4gkq3t8lrlaT1hzjI

Ја заклучил во просторија, кршел предмети и ја испрскал со хемикалија: Велешанец нападнал колешка во здравствена установа

Маж од Велес, вработен во здравствена институција, е приведен откако нападнал повозрасна колешка. -На 27.10.2025 во 15:30 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода М.П.(31) од Велес, постапувајќи по претходна пријава од 55-годишна велешанка дека на работното место во здравствена установа во Велес ја заклучил во една од просториите, кршел предмети, физички ја нападнал, ѝ се заканил со остар предмет и со средство за чистење ја испрскал во очите. Тој е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, се наведува во соопштението на МВР.

Македонија | пред 6 месеци

media-librarynf9pj8ufjbb8cBNTWAK

(Фото) Директорот на „Комунална хигиена“ Рустеми и раководителот Саити со лисици спроведени во Кривичниот суд, обвинителството бара притвор

Директорот на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје, Сабахадин Рустеми, и раководителот Аки Саити денеска беа спроведени во Основниот кривичен суд поради сомнение за кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад“, казниво според член 230 од Кривичниот законик.Од Обвинителството претходно потврдија дека во тек е постапката за утврдување на степенот на одговорност и дека ќе се предлагаат мерки.Обвинителството веќе најави дека и за директорот Рустеми и за раководителот Аки Саити бараат мерка притвор.Според првичните информации, предметот се однесува на незаконито постапување со комунален отпад со што, како што се товари, е предизвикано загадување на околината и ризик по здравјето на граѓаните

Скопје | пред 6 месеци

media-librarymmabq3v150mj0Q0lZiu

Истрага против директорот Рустеми и раководителот Саити за загрозување на животната средина со отпадот во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица поради сомненија за сторено кривично дело – Загрозување на животната средина и природата со отпад од член 230 став 1 од Кривичниот законик. -Осомничените, од кои едниот в.д. директор, а другиот управител за отпад во ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, заедно постапиле спротивно на Законот за управување со отпад и на својата основна дејност за редовно собирање и транспортирање безопасен отпад на подрачјето на Град Скопје, како и на обврските предвидени во Оперативната програма за собирање и транспортирање на комуналниот отпад и на Оперативниот план за одржување на јавната чистота во Градот. Со пропуштање на целосниот надзор над собирањето и транспортирањето на комунален отпад, како и со непрописно управување со отпадот тие овозможиле во текот на месецов да се создадат мали депонии на јавни и сообраќајни површини, во близина на предвидените садови за собирање комунален отпад, со што предизвикале значително оштетување на квалитетот на почвата, воздухот и водата и го довеле во опасност животот и здравјето на луѓето од предизвикување заразни или други болести, наведува ОЈО во соопштението.Ваквите сомненија, како што информираат, се утврдени и констатирани со вонредните инспекциски надзори од овластените локални инспектори за животна средина кои излегоа на терен по насоки на јавното обвинителство, како и со експертско мислење за влијанието на отпадот врз јавното здравје и можноста за ширење заразни заболувања од ЈЗУ Институт за јавно здравје на РСМ.Поради опасност од влијание врз сведоци и можност за повторување на делото, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени.

Скопје | пред 6 месеци

media-library9tql4k1po3g60Lkorlq

Тромбот е „тивок убиец“, речиси и да нема симптоми

Пулмоналната емболија е појава на згрутчување на крвта во крвните садови што бара итна медицинска помош, а според фреквенцијата, се рангира на трето место меѓу кардиоваскуларните заболувања.Зошто тромбот се вели дека е тивок непријател, детално појаснува проф. д-р Ѓорѓе Радак, васкуларен хирург.„Тромбот е згрутчување што се јавува во крвен сад. Нашите крвни садови се исполнети со крв што треба да биде течна, но може да се згрутчи во некои состојби и повреди. Проблемот е што во некои ситуации тие се претерано изразени и формираат згрутчувања на крвта во крвните садови“, вели тој„Пулмоналната емболија е многу честа состојба, почесто отколку што можете да замислите. Голем дел од ненадејните смртни случаи се случуваат токму поради белодробна емболија, а дури потоа доаѓаат срцеви причини и руптурирани аневризми.“Симптомите обично не се чувствуваатТромбовите се многу опасни бидејќи ретко се манифестираат преку симптоми.„Ова е можно бидејќи тромбот може да биде артериски или венски и може целосно да го затвори луменот на артеријата или вената или само делумно. Ако делумно се затвори, нема начин да се почувствува, бидејќи циркулацијата останува нормална. Дури и ако целосно се затвори, ретко предизвикува директни симптоми“, објасни проф. д-р Радак, додавајќи:„Доколку се открие тромб што предизвикал емболија, треба да се отстрани, или ако нема, треба да се испита состојбата на системот за коагулација, што одредува кога ќе се појават тромби, а тоа е многу важно. Младите луѓе кои имаат необјаснета тромбоза треба да бидат подложени на дополнителна анализа на системот за коагулација. Треба да се испита и генетиката на коагулацијата, особено ако има случаи во семејната историја.“Доколку се утврди проблем, лекарот истакнува дека е потребно да се воведе терапија.

Магазин | пред 6 месеци

media-libraryvkfqvv44if9m96lrZVh

Кремљ издаде итно соопштение: Алармантно е, ги елиминираме

Информациите на Руската служба за разузнавање дека Франција има намера да испрати легија странци во Украина се алармантни, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.„Нашата армија постојано слуша странски јазици на своите радиостаници. Ова значи дека таму има странци. Ги елиминираме“, им рече Песков на новинарите, коментирајќи го соопштението на СВР, пишува Спутник.Руската служба за надворешно разузнавање (СВР) претходно објави дека, според информациите што ги добила, Франција има намера воено да интервенира во Украина.Врз основа на упатствата на францускиот претседател Емануел Макрон, францускиот Генералштаб се подготвува да испрати контингент од 2.000 војници и офицери, односно членови на Легијата на странци, во Украина.

Свет | пред 6 месеци

media-library5hegc93e08mtb8uWKBU

Вештачката интелигенција признава: Еден милион корисници на ChatGPT неделно сакаат да се самоубијат

Повеќе од еден милион корисници на платформата „ChatGPT“ покажуваат знаци на самоубиствени намери секоја недела, објави компанијата „OpenAI“ во извештај за безбедноста на својот четбот.Според официјалниот блог пост, „OpenAI“ проценува дека пораките со „експлицитни индикатори за потенцијално самоубиствено планирање или намера“ сочинуваат значителен дел од вкупните интеракции на корисниците, пишува Гардијан.Тоа е едно од најдиректните признанија на компанијата за потенцијалното влијание на вештачката интелигенција врз менталното здравје.Компанијата, исто така, соопшти дека околу 0,07 проценти од неделните активни корисници - што е приближно 560.000 луѓе од околу 800 милиони корисници - покажуваат можни знаци на психотични епизоди или манично однесување.Во соопштението се наведува дека ваквите проценки се прелиминарни и тешко се квантифицираат прецизно.За да се подобри точноста и етичките стандарди во комуникацијата, OpenAI регрутираше 170 клиничари и експерти за ментално здравје од својата Глобална мрежа на лекари.Тие анализираа повеќе од 1.800 одговори на модели во ситуации кои вклучуваат сериозни кризи на менталното здравје и помогнаа во адаптирањето на содржината поврзана со емоционална поддршка.Експертите за ментално здравје претходно предупредија дека четботовите можат ненамерно да поттикнат опасни мисли со потврдување на заблудите или негативните чувства на корисникот - феномен познат како „лизгање“.Извршниот директор на OpenAI, Сем Алтман, изјави дека компанијата „постигнала напредок во намалувањето на ризикот од сериозни проблеми со менталното здравје“ и најави олеснување на одредени ограничувања за работењето на ChatGPT.OpenAI ќе продолжи да развива механизми за побезбедна употреба на своите модели и да соработува со независни експерти и регулатори, така што, како што велат, „алатките за вештачка интелигенција ќе станат поддршка, а не закана, за корисниците во криза“.

Магазин | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања