Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

media-libraryfbn4cdk7n40ibfOl9JZ

Д-р Агаи за органодарителство: „Кога еден живот завршува, друг може да добие нов почеток“

Директорот на Клиниката за неврохирургија, д-р Љуљзим Агаи, упати порака за поддршка на националната кампања за органодарителство, која се реализира под мотото „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста“.Во своето видео-обраќање, Агаи истакна дека медицинските тимови секојдневно се борат за животите на пациентите, но дека понекогаш болеста е посилна од сите напори и можности на лекарите.„Се наоѓаме на нашата интензивна нега, каде што секојдневно се бориме за животите на нашите па

Македонија | пред 5 месеци

business-people-meeting-in-office-top-view-2021-08-26-16-33-05-utc-scaled-1

Германија со 160.000 помалку вработени во првиот квартал од годинава

Бројот на вработени во Германија се намалил во првото тримесечје од 2026 година, но вкупниот обем на работа останал речиси непроменет благодарение на поголемиот број одработени часови кај лицата вработени со неполно работно време и намалениот број боледувања.Според податоците на германскиот Институт за истражување на пазарот на труд и вработувањето (IAB), во првиот квартал од годинава во Германија биле вработени 45,64 милиони луѓе, што е за 160.000 помалку во споредба со истиот период лани.И пок

Свет | пред 5 месеци

media-librarylo58sl2lualj3eQ6hj9

Девет возачи приведени за безобѕирно возење, шестмина биле без возачка дозвола

Девет возачи биле лишени од слобода во текот на изминатото деноноќие на територијата на целата држава поради безобѕирно управување со моторни возила, информира Министерството за внатрешни работи.Според МВР, шестмина од приведените управувале возила без да поседуваат возачка дозвола. Двајца биле затекнати во Скопје, а по едно лице во Чашка, Гевгелија, Битола и Кичево.Дополнително, едно лице во Скопје и едно во липковскиот регион биле лишени од слобода затоа што управувале возила и покрај тоа што

Македонија | пред 5 месеци

media-library6htarhp04gpsbR82zqt

Повеќе од 40 починати од колера во Нигерија, над 3.000 заразени

Повеќе од 40 лица починале, а над 3.000 се заразени со колера во нигериската сојузна држава Борно, соопштија локалните власти, предупредувајќи дека станува збор за една од најсериозните здравствени кризи во регионот во последните години.Епидемијата е регистрирана во периодот од 1 до 28 мај и досега се проширила во 139 заедници во седум локални административни области, меѓу кои Маидугури, Џере, Мафа, Кондуга, Монгуно, Нгала и Магумери.Според извршниот секретар на државната агенција за здравствено

Свет | пред 5 месеци

media-librarypti1dbos44h6dXazp7a

Од 3 јуни стапуваат на сила нови ограничувања за пловидба на езерата

Владата, на предлог на Министерството за транспорт, донесе одлука за ограничување на пловидбата на пловни објекти на Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро, со цел зголемување на безбедноста на капачите и учесниците во водниот сообраќај.Според одлуката, пловидбата на скутери ќе биде ограничена во периодот од 1 јули до 31 август 2026 година, секој ден од 11 до 19 часот.Дополнително, се воведуваат ограничувања и за пловидбата на чамци. Од 3 јуни до 31 август, чамците нема да смеат да пловат

Македонија | пред 5 месеци

media-librarya06e2o5uvvs5aRQifKn

Сиљановска-Давкова од Братислава: „Европа е наш природен дом, бараме еднаков третман“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од Братислава порача дека Македонија останува цврсто определена кон членството во Европската Унија, но очекува да биде третирана рамноправно и да биде оценувана според Копенхашките критериуми, а не преку билатерални спорови и идентитетски прашања.На заедничката прес-конференција со словачкиот претседател Петер Пелегрини, Сиљановска-Давкова истакна дека двете земји ги поврзуваат силни историски, културни и духовни врски и изрази уверување дека посетата ќ

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryl83rfetao1pedcgre47

18-годишник од Битола фатен како управува мопед без возачка дозвола

Осумнаесетгодишен жител на Битола е лишен од слобода откако полициска контрола утврдила дека управувал мопед без да поседува возачка дозвола.Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 1 јуни во 22:40 часот на улицата „Прилепска“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола извршиле контрола во сообраќајот и сопреле мопед со битолски регистарски ознаки, управуван од В.С. (18) од Битола.При проверката било констатирано дека младиот возач не поседува возачка дозвола за управува

Македонија | пред 5 месеци

media-librarydueb8s6u6i252tkT9B6

Спречен обид за кражба во РЕК Битола, приведени две млади лица

Двајца млади мажи се лишени од слобода откако биле затекнати при извршување тешка кражба во кругот на РЕК Битола – Рудник „Суводол“, информира Министерството за внатрешни работи.Според информациите, на 2 јуни, околу 03:00 часот, полициски службеници од СВР Битола ги привеле Д.Ќ. (25) од Битола и С.А. (18) од Прилеп, кои биле фатени на дело при вршење кражба во комбинатот.Од МВР соопштија дека одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопствениците.По целосно документирање на случајот, про

Македонија | пред 5 месеци

media-library4nk71bvs461d4sLSCqF

Мила Србиновска е европска вицешампионка во хип-хоп

Македонската репрезентативка Мила Србиновска освои сребрен медал на Европското првенство на Меѓународната танцова организација (IDO) во дисциплината „All Style Battles“, кое се одржа во Клагенфурт, Австрија.Србиновска настапи како дел од репрезентацијата на Македонија и го освои второто место во категоријата „Hip Hop Battle Solo Junior“, со што се закити со титулата европска вицешампионка.Со овој успех, таа уште еднаш потврди дека е меѓу најдобрите млади хип-хоп танчерки во Европа. По титулата с

Спорт | пред 5 месеци

media-librarybj24pdckdqe25K5KxMb

ЈП „Охридски комуналец“: PET пластиката може да се рециклира речиси бесконечно

ЈП „Охридски комуналец“ упати нов апел до граѓаните за правилно селектирање на PET пластиката, потсетувајќи дека станува збор за најлесно рециклирачката пластика и единствената пластична амбалажа што може целосно да се рециклира.Од претпријатието посочуваат дека PET амбалажата е лесно препознатлива по своето лого и дека, доколку правилно се селектира, може повторно и повторно да се користи како суровина за производство на нова пластика. Според достапните податоци, рециклирањето на PET амбалажата

ОО | пред 5 месеци

media-librarybpnqc56qog9u0lYxfha

„Охридски комуналец“ со потсетување: Во четврток се подига селектираниот отпад од шест улици

ЈП „Охридски комуналец“ ги потсети своите корисници на услуги дека, согласно измените во Календарот за 2026 година за подигнување на селектиран отпад, на 4 јуни 2026 година (четврток) ќе се врши собирање на пластика, хартија и картон од кантите за селекција на повеќе локации во градот.Акцијата ќе ги опфати домаќинствата и корисниците од улиците „Железничка“, „Прилепска“, „Винковачка“, „Будва“, „Крали Марко“ и „8-ми Март“, каде што ќе се подига отпадот од жолтите садови наменети за пластика и од

ОО | пред 5 месеци

media-library0cd91uemq4nhepQRUBE

„Спорот со Бугарија треба да биде врз база на реципроцитет, а не врз база на потчинување како што сака Филипче и СДС“, вели Манасиевски

Билатералниот спор меѓу Македонија и Бугарија треба да се решава врз принципот на реципроцитет, а не преку нови отстапки и потчинување, порача портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција.На прес-конференција, Манасиевски истакна дека Владата останува на ставот дека евроинтегративниот процес мора да биде двонасочен и дека покрај Македонија, и Бугарија треба да ги исполни своите обврски.„Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ цврсто стои на ставот дека европскиот пат

Македонија | пред 5 месеци

SSM-696x419

ССМ: Македонија повторно меѓу најлошо рангираните земји за работнички права

Македонија повторно е рангирана меѓу земјите со најсериозни проблеми во областа на работничките права, покажува Извештајот за 2026 година на Меѓународната конфедерација на синдикати (ITUC), соопшти Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).Според ССМ, државата и годинава е сместена во четвртата категорија од Индексот за глобални права, која ги опфаќа земјите со систематско прекршување на работничките права. Од Синдикатот оценуваат дека во новиот извештај се нотирани дополнителни забелешки за со

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryrfuivc4dgq0e481OCGX

Разбиена криминална група во Србија: Краделе гориво од странски бродови на Дунав

Седум лица се уапсени во Србија под сомнение дека како дел од организирана криминална група краделе гориво од странски бродови кои пловеле по Дунав, соопшти српското Јавно обвинителство за организиран криминал.Акцијата е спроведена по налог на обвинителството, во соработка со припадници на Секторот за внатрешна контрола на полицијата.Уапсените се сомничат за здружување за вршење кривични дела и за продолжено кривично дело недозволен промет со акцизни производи.Според истрагата, од август минатат

Свет | пред 5 месеци

media-library361ic5plrg5k889hIIq

Приведен 37 годишен маж по пронајдена дрога во неговиот дом

Жител на Пробиштип е лишен од слобода откако кај него и во домот во кој престојувал била пронајдена наркотична материја, информира Министерството за внатрешни работи.Според информациите, на 1 јуни околу 21:20 часот на улицата „Јаким Стојковски“ во Пробиштип, полициски службеници од ОВР Пробиштип го привеле Ј.Ј. (37) од Пробиштип, откако при контрола кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја.Подоцна, врз основа на судска наредба, бил извршен претрес во домот во кој престојувал,

Македонија | пред 5 месеци

media-librarylp4j5lqvojp40tJbire

„Не се знае каде е Сотир Лукровски, СДСМ бара предвремени локални избори во Карпош“, вели Милевски

На денешната прес-конференција, претседателот на Општинската организација на СДСМ во Карпош, Панче Милевски Панта, побара одговори за отсуството на градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, оценувајќи дека општината се соочува со институционален вакуум и дека единствено демократско решение се предвремени локални избори.На прес-конференција, Панче Милевски Панта, праша каде се наоѓа Лукровски и кој во моментов ја раководи општината.„Еден месец го нема градоначалникот, а нема ниту официј

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryml8o7diat41g5EMuESm

Приведен скопјанец откако пукал кон полиција при обид за легитимирање

Скопјанец е приведен откако при полициска контрола извадил пиштол и испукал куршум кон полициски службеници, по што се обидел да избега.Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 2 јуни 2026 година околу 1:20 часот на подрачјето на Гази Баба во Скопје.Полициски службеници од СВР Скопје при обид да го легитимираат А.П. (46) од Скопје, тој извадил пиштол и испукал еден куршум кон нив. По пукањето се дал во бегство.По преземени оперативни мерки и активности, полици

Македонија | пред 5 месеци

media-library7hkmceqshsu507HQJ3p

Скопјанец приведен поради закани кон сопругата и нејзиното семејство

Полициски службеници од СВР Скопје вчера го лишиле од слобода 34-годишниот И.С. од Скопје, по пријава дека упатувал закани кон својата сопруга и нејзиното семејство.Како што информира Министерството за внатрешни работи, на 1 јуни 2026 година во 14:40 часот, на подрачјето на Бит Пазар, полициските службеници постапиле по претходна пријава според која И.С. се заканувал на својата 33-годишна сопруга и на членовите на нејзиното семејство.Осомничениот бил приведен и задржан во полициска станица, а по

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryt3em8iremk9a7hu5swm

Му ветил сигурен банкарски кредит, па му земал над 300.000 денари

Четириесет и четиригодишен жител на Скопје пријавил во полиција дека бил измамен за 309.800 денари од лице со кое се познавал од претходно.Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, на 1 јуни 2026 година во 20:40 часот во СВР Скопје, оштетениот пријавил дека во периодот од 27 мај до 1 јуни бил доведен во заблуда од лицето Д.П.Според пријавата, осомничениот му ветил дека ќе посредува при добивање кредит од банка. Под изговор дека се потребни дополнителни трошоци за реализација на кредит

Македонија | пред 5 месеци

media-librarygudonvs5m446bL7QT8B

Запалена сува трева предизвикала пожар до локал во скопско

Жител на скопското село Студеничани пријавил во полиција дека непознато лице предизвикало пожар во близина на неговиот угостителски објект кај селото Батинци.Како што информира Министерството за внатрешни работи, на 1 јуни 2026 година во 10 часот во СВР Скопје, Е.Б. (40) од Студеничани пријавил дека претходниот ден околу 11 часот бил предизвикан пожар пред неговиот угостителски објект.Според пријавата, сторителот влегол во дворно место на куќа што се наоѓа во непосредна близина на локалот и запа

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryc8phi03rp92naD1w22L

Нелегално ископале околу 5.000 кубни метри минерални суровини кај Струга, поднесени кривични пријави

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против А.З. (34) од селото Заграчани и Л.Х. (46) од селото Калишта, поради сомнение за сторено кривично дело „незаконита експлоатација на минерални суровини“.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, во атарот на селото Вишни, првопријавениот А.З., без да поседува концесија или дозвола издадена од надлежен орган за експлоатација на минерални суровини, го ангажирал второпријавениот Л.Х. за вршење и

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryoj0e0n8hasp6dG6Kzlq

Двајца кочанчани со метални предмети нападнале жител на Крива Паланка, тој возвратил со киднапирање

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против Ј.М. (24) и А.М. (21), двајцата од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 13 ноември 2025 година кај местото викано „Вила вон град“ во Кочани. Пријавените со тврди и метални предмети физички го нападнале Џ.С. (30) од Крива Паланка, при што му било оштетено и неговото патничко возило.Во врска со истиот настан, ОВР Кочани поднесе кри

Македонија | пред 5 месеци

media-library1m1h0ghc30e69qeZVO9

На излез од државата на аеродромот во Скопје откриени 20 куршуми кај 86-годишник од Косово

СВР Скопје поднесе кривична пријава против В.К. (86) од Косово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 12 мај 2026 година, на Граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје, при излез од државата, полициските службеници извршиле преглед на патникот.При контролата кај него биле пронајдени и одземени 20 куршуми со калибар 6,

Македонија | пред 5 месеци

media-librarylbl1e1uu2fr72e5ztJJ

Подолг период ја следел и вознемирувал поранешната партнерка, заработи кривична пријава

СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.А. (36) од кумановското село Черкези поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „демнење“.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, пријавениот подолг временски период вршел психичко насилство врз својата поранешна партнерка.Тој ја следел и вознемирувал користејќи различни телефонски броеви, а воедно ѝ упатувал и закани, со што предизвикал чувство на страв и несигурност кај оштетената.По преземените мерки и целоснот

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryk1ukvadfjl94cyir2gl

Срушил куќа која била заштитено културно наследство, и без дозвола си изградил нов објект

СВР Куманово поднесе кривични пријави против Ф.Ф. (52) и Л.Т. (52), двајцата од Куманово, поради сомнение за сторување повеќе кривични дела поврзани со уништување на културно наследство, бесправно градење, узурпација на недвижности и несовесно работење во службата.Според Министерството за внатрешни работи, првопријавениот во 2023 година срушил и уништил куќа која претставувала заштитен објект на културното наследство, на која била поставена спомен-плоча на народниот херој Киро Нацев Фетак.Објект

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања