Промени тема
Контакт

Најнови вести

2 ден.
media-library8qfqilso0lmiaeqULbz

16-годишна девојка изгубила контрола со електричен тротинет и паднала, тешко повредена сопатничка

Во дворно место на куќа во Гостивар се случила сообраќајна незгода во која биле повредени две малолетнички.Како што информира МВР, на 22 септември во 12:50 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека 16-годишна малолетничка од Гостивар, управувајќи со електричен тротинет, изгубила контрола и паднала.При падот, 14-годишната сопатничка од Гостивар се здобила со тешки телесни повреди, додека 16-годишната малолетничка се здобила со телесни повреди. Повредите биле констатирани во болницата во Гостивар.

Македонија | пред 2 дена

2 ден.
media-library577hhli61p5p2vQMqQP

Работник загина во Колосеумот во Рим, паднал од височина од десетина метри

Трагедија се случила во римскиот Колосеум, каде што 22-годишен техничар го загубил животот при пад од височина од околу десет метри.Несреќата се случила додека работникот поставувал нов систем за осветлување во античкиот амфитеатар. Неговата смрт ја потврдило италијанското Министерство за култура.По несреќата, дел од Колосеумот денес е затворен за посетители. Управата на Археолошкиот парк „Колосеум“ соопшти дека, во знак на жалост, ќе биде затворен дел од вториот прстен, каде што се случила неср

Свет | пред 2 дена

2 ден.
IMG_6878

Хутите стануваат клучна сила на Блискиот Исток, Иран сè повеќе се потпира на нив

Последните случувања на Блискиот Исток повторно го свртеа вниманието кон јеменските Хути и нивната улога во таканаречената „оска на отпорот“, која ги поврзува вооружените групи поддржани од Иран во регионот. Во Ирак неодамна беа забележани припадници на шиитска паравоена група со транспаренти на кои пишувало „Смрт за Америка“, со пораки слични на оние што ги користат Хутите во Јемен.Ирачките паравоени формации и Хутите се дел од пошироката мрежа во која се вбројуваат и Хезболах во Либан и Хамас

Свет | пред 2 дена

2 ден.
media-library41ji43kvqb3jcna5ThH

Приведен тетовец баран со потерница за издржување затворска казна од 18 месеци

Полицијата во Тетово лишила од слобода 39-годишен жител на градот, кој бил баран со потерница за издржување затворска казна од една година и шест месеци.Од МВР информираат дека Ѓ.С. (39) бил приведен на 22 септември 2026 година во 12 часот од страна на полициски службеници од СВР Тетово.Тој бил баран врз основа на наредба од Основниот суд Тетово, за издржување казна затвор во траење од 18 месеци за сторено кривично дело по член 396 од Кривичниот законик.По лишувањето од слобода, лицето било спро

Македонија | пред 2 дена

2 ден.
media-library3i20nhhgf8a46Z9a23V

Претрес во Тетово, пронајдена кафеава прашкаста материја и дигитална вага, приведено едно лице

Полициски службеници во Тетово привеле 34-годишен жител на градот, откако при претрес во неговиот дом и помошните простории биле пронајдени кафеава прашкаста материја и дигитална вага.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека А.Ј. (34) бил лишен од слобода на 22 септември 2026 година од страна на полициски службеници од СВР Тетово.Претресот бил извршен со судска наредба, при што биле пронајдени и одземени кафеавата прашкаста материја и дигиталната вага.Од МВР соопштија дека по целос

Македонија | пред 2 дена

2 ден.
media-libraryq3823t9651499RRxtqD

(Видео) Цветаноски: Арамијата Мицкоски ги турна земјоделците во длабока криза - мерките на СДСМ се спас

СДСМ преку членката на Извршниот одбор Симона Цветаноски соопшти дека поднела Закон за финансиска поддршка на земјоделците, оценувајќи дека земјоделскиот сектор се соочува со сериозни проблеми со откупот и ниските откупни цени.Цветаноски на прес-конференција изјави дека земјоделците се соочуваат со потешкотии да ги покријат трошоците за производство, додека дел од родот останува неоткупен. Таа состојбата ја поврза со, како што наведе, политиките на Владата предводена од Христијан Мицкоски.Според

Македонија | пред 2 дена

2 ден.
media-libraryh980amj5l5aeagxC1Dx

(Видео) Го бакна холандското знаме мислејќи дека е српското и крена три прста: Српска водителка направи невиден гаф

Српска водителка го бакна холандското знаме и покажа три прста мислејќи дека бакнува српско знаме.Снимката предизвика бројни реакции на социјалните мрежи. Првично дел од медиумите објавија дека станува збор за српската амбасадорка во Шпанија, Ирена Шарац, но подоцна беше откриено дека жената на снимката е српската водителка Јелена Димитријевиќ.Димитријевиќ учествувала како претставник на Србија на голем меѓународен настан во Белградската арена, на кој присуствувале повеќе од 12.000 гости од 90 з

Настани | пред 2 дена

2 ден.
media-library7hfluvanadlp0wIGaWm

Младите Европејци сè потешко до сопствен дом: цените на становите растат побрзо од приходите

Сè поголем број млади Европејци го одложуваат купувањето сопствен дом, а податоците покажуваат дека помладите генерации имаат пониски стапки на сопственост на недвижности во споредба со нивните родители на иста возраст. Според анализата на ОЕЦД, комбинацијата од раст на цените на становите, поскапи станбени кредити и побавен раст на приходите значително го отежнува патот до сопствен имот.Податоците за 20 земји од ЕУ покажуваат дека 60 отсто од генерацијата родена околу 1975 година поседувале дом

Свет | пред 2 дена

2 ден.
media-librarygre7am5lvpkoewqLKUb

(Видео) Масовно празнење на салата од делегатите на Генералното собрание на ОН пред обраќањето на Нетанјаху

Делегати од повеќе земји ја напуштија салата во пресрет на обраќањето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на Генералното собрание на Обединетите нации.

Свет | пред 2 дена

2 ден.
media-library9qbtljc2acd6fLTwf8O

Откриена плантажа на канабис кај Секирник, одземени стебла тешки околу 680 килограми

Две лица од Општина Ново Село биле лишени од слобода откако полицијата открила нелегална плантажа на канабис во атарот на селото Секирник, струмичко. При акцијата биле одземени повеќе стебла со вкупна тежина од околу 680 килограми.СВР Струмица поднела кривична пријава до Основното јавно обвинителство Струмица против З.М. (34) и А.Т.Г. (30), поради сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по член 21

Македонија | пред 2 дена

2 ден.
1-1

Пиштол и муниција пронајдени при претрес во дом во Куманово

Пиштол и муниција биле пронајдени при претрес во дом во Куманово, по што едно лице било лишено од слобода.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 22 септември, во 13:40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода И.Д. (26) од Куманово.При претресот, кој бил извршен со судска наредба, во неговиот дом биле пронајдени и одземени пиштол „Екол“ и куршуми.Лицето било приведено во полициска станица, а од МВР соопштуваат дека по целосното документирање на случајот

Македонија | пред 2 дена

2 ден.
media-libraryupkemip8cmltdz32GrA

Дрога и фалсификувани пари пронајдени при претрес во Скопје

Полициски службеници во Скопје лишиле од слобода 46-годишен скопјанец, при претрес во неговиот дом биле пронајдени марихуана, дигитална вага и фалсификувани банкноти.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 22 септември, во 23:10 часот, Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишила од слобода Е.К. (46) од Скопје.Претресот бил извршен со судска наредба, при што биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага, како и 20 фалсификувани банкноти во апоени од 100 де

Македонија | пред 2 дена

2 ден.
media-libraryi2nbk0dp8v207ugjdIR

За пет часа 75 возачи санкционирани за непочитување на првенството на минување

Седумдесет и пет прекршоци за непочитување на правилата за првенство на минување биле констатирани при акциска контрола што ја спроведе Министерството за внатрешни работи на територијата на целата држава.Контролата била реализирана на 22 септември, во периодот од 7 до 12 часот, од страна на Секторот за сообраќајни работи, а била насочена кон возачите кои не ги почитуваат правилата за првенство на минување.За констатираните прекршоци биле преземени соодветни мерки согласно законските прописи. Во

Македонија | пред 2 дена

2 ден.
media-libraryatthslbbe2qid9UTCXV

Утре терестрична дезинсекција против ларви од комарци во Скопје

Град Скопје информира дека во четврток, 24 септември 2026 година, во текот на денот ќе се спроведува терестрична дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на градот.Од Градот посочуваат дека доколку временските услови не дозволат реализација на активностите, дезинсекцијата ќе биде извршена во првиот нареден ден со поволни временски услови.Од Град Скопје воедно ги повикуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Скопје | пред 2 дена

2 ден.
media-librarydlgo1jq0qmqk1nmVXcz

(Видео) Ана Стојаноска со песната „Идната Јас“ ќе ја претставува Македонија на Јуниорскиот Евросонг

Подготовките за македонскиот настап на Јуниорскиот Евросонг 2026 продолжуваат, откако Македонската радио-телевизија ги претстави песната „Идната Јас“ и нејзиниот официјален видеозапис. Со оваа песна Ана Стојаноска ќе ја претставува Македонија на музичкиот натпревар што годинава ќе се одржи во Малта.„Идната Јас“ е посветена на детските соништа, самодовербата и храброста младите да го следат сопствениот пат и да останат верни на себе додека растат.Музиката ја потпишува Николче Мицевски, а автор на

Сцена | пред 2 дена

3 ден.
media-libraryqi30l476mcdgbSfldvM

Сопругата на премиерот, Рози Мицкоска на прием кај Меланија Трамп за сопругите на светските лидери

Сопругата на премиерот Христијан Мицкоски, Рози Мицкоска, синоќа присуствуваше на приемот што во Њујорк го организираше првата дама на САД, Меланија Трамп, за сопругите на светските лидери кои учествуваат на 81. Генерално собрание на Обединетите нации.Приемот се одржа во рамките на иницијативата „Заедничко градење на иднината“ (Fostering the Future Together), која има за цел да обезбеди поддршка за децата и младите и да создаде нови можности за нивниот развој и образование.Обраќајќи им се на при

Македонија | пред 3 дена

3 ден.
media-library8t0vpoac23pncs70GXV

Општина Охрид започнува чистење на речните корита и критичните точки

Општина Охрид започнува со активности за машинско и рачно чистење на речните корита, дивите депонии, одроните и останатите критични точки на територијата на општината.Како што информира градоначалникот Кирил Пецаков, активностите се насочени кон превенција од поплави и подобрување на протокот во речните корита.Од Општина Охрид посочуваат дека со активностите продолжува работата на уредување и одржување на просторот, со цел подобрување на условите на територијата на општината.

ОО | пред 3 дена

3 ден.
media-libraryc9oo147jvpld0qgcbAH

Масакр на домашна забава во Јужна Африка: Тројца вооружени мажи упаднале на забавата, 11 лица загинаа, меѓу нив и бремена жена

Најмалку 11 лица загинаа, а три се повредени во вооружен напад на домашна забава во населбата КваМахута, на околу 30 километри јужно од Дурбан во Јужна Африка.Нападот се случил во вторникот вечерта, кога тројца вооружени мажи упаднале во куќата во која биле собрани повеќе лица и отвориле оган. Полицијата потврди дека меѓу загинатите има и бремена жена.Според јужноафриканската полиција, десет лица, меѓу кои и една жена, починале на местото на нападот. Уште четворица повредени биле пренесени во бо

Свет | пред 3 дена

3 ден.
media-libraryq8kd7cf4684mfd6mYkY

Киев и Вашингтон сакаат војната да заврши пред зимата, Зеленски бара посилна воздушна одбрана

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека Русија подготвува нов масовен напад врз Украина и ги повика сојузниците да продолжат со зајакнувањето на украинската воздушна одбрана.„Разузнавачките податоци сега покажуваат дека Русија подготвува нов масовен напад врз Украина“, напиша Зеленски на „Телеграм“ по средбата со британскиот премиер Енди Бернам на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации.Според Зеленски, Украина е во постојан контакт со своите сојузници во обид д

Свет | пред 3 дена

3 ден.
media-libraryis110mvrlqd15RmF96W

Маларијата пристигна во Франкфурт со авион; инфекцијата ги загрижува експертите: Како дојде до три смртни случаи?

Три лица починаа од маларија во Франкфурт, иако ниту едно од нив не престојувало во подрачја каде што оваа болест е вообичаена. Случаите се регистрирани во населбата Шванхајм, на околу пет километри од аеродромот, поради што надлежните служби ја разгледуваат можноста инфекцијата да ја пренел заразен комарец што пристигнал со авион.Последната жртва починала на 17 септември. Два дена претходно биле пријавени два случаи на маларија во Шванхајм, од кои едниот пациент подоцна починал. На овие случаи

Свет | пред 3 дена

3 ден.
media-libraryefjuv031ajk575HyM6x

(Видео) Ердоган одржа говор во ОН, Израелци станаа и излегоа

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во обраќањето пред Генералното собрание на Обединетите нации остро ги осуди постапките на Израел во Газа и на окупираниот Западен Брег, при што порача дека ОН не ја исполнило својата обврска за зачувување на мирот и безбедноста.За време на неговото обраќање, израелската делегација ја напушти салата, додека палестинските претставници реагираа со аплауз. Ердоган зборуваше за, како што наведе, „воени злосторства што продолжуваат во Газа“, како и за сè почести

Свет | пред 3 дена

3 ден.
Screenshot_3-Copy-32

Доларот на највисоко ниво во последните два месеца, еврото ослабе

Американскиот долар продолжи да зајакнува на светските валутни пазари и денеска достигна највисоко ниво во последните два месеца. Во исто време, еврото ослабе на најниската вредност од крајот на јули, под влијание на очекувањата за идното движење на каматните стапки во САД.Индексот на доларот, кој ја мери вредноста на американската валута во однос на шест големи светски валути, порасна за 0,16 отсто, достигнувајќи 100,71 поен. Еврото се спушти на околу 1,143 долари, што е негово најниско ниво од

Свет | пред 3 дена

3 ден.
apasiev

„Од ветувања за најниски цени на горивата во регионот, до 104,50 денари за дизел - Левица бара намалување на давачките за горивата, маржите и патарините“, вели Левица

Дизелот достигна цена од 104,50 денари за литар, откако Регулаторната комисија за енергетика повторно ја зголеми максималната малопродажна цена. Од Левица преку соопштение реагираат дека на 11 август дизелот чинел 91,50 денари, што значи дека за нешто повеќе од еден месец поскапел за 13 денари.Од партијата посочуваат дека дизелот е значаен трошок за транспортот, земјоделството, градежништвото, дистрибуцијата и производството, поради што повисоките цени на горивото може да влијаат и врз цените на

Македонија | пред 3 дена

3 ден.
271787595_328121882584149_6492718723763509819_n

Пристигна есента, ноќите стануваат подолги, а деновите пократки

Есента пристигна на северната полутопка, вклучително и во Македонија. Астрономски, новото годишно време настапи ноќеска во 2:05 часот, во моментот на есенската рамноденица. Во истиот момент на јужната полутопка започна пролетта.Денеска, 23 септември, е првиот есенски ден и 266-тиот ден во годината. Во Скопје Сонцето изгреа во 6:22 часот, а ќе зајде во 18:30 часот, па денот ќе трае 12 часа и 7 минути.За време на есенската рамноденица Сонцето се наоѓа над екваторот, поради што денот и ноќта се при

Македонија | пред 3 дена

3 ден.
media-libraryrhep47p69eqk3DdBtNU

(Видео) Ова е првиот гостин во четвртата сезона од „Претрес“

„Претрес со Ландов“ вечерва ја отвора четвртата сезона, а прв гостин ќе биде пратеникот и функционер на ДУИ, Блерим Беџети. Емисијата почнува во 21 часот и ќе се емитува во живо на landov.mk.Разговорот ќе биде посветен на повеќе од две децении политичко влијание на ДУИ, период во кој партијата учествуваше во формирањето влади и во изборот на министри и раководители на институции.Една од централните теми ќе биде тврдењето на ДУИ дека партијата и Албанците во Македонија се цел на политички удари,

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања