Промени тема
Контакт

Најнови вести

1 мес.
media-library22ehvslmdm22arH0l94

Жена во Кичево фрлала дрва кон две деца, потоа ги бркала со остар предмет

ОВР Кичево поднело кривична пријава против 73-годишната Ф.А. од Кичево поради сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“.Според пријавеното, на 29 август околу 18 часот, во двор во Кичево, таа фрлала дрва кон две деца кои си играле со топка. Потоа, како што е наведено во пријавата, ги бркала низ дворот со остар предмет и им ја оштетила топката.За случајот постапува ОВР Кичево.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryf6q77d8pmsbd3qHJ2EC

Приведен 34-годишен кичевец баран со потерница

Полициски службеници од ОВР Кичево на 3 септември го привеле 34-годишниот Е.А. од Кичево, кој бил баран со потерница врз основа на судска наредба.Тој требало да издржува затворска казна за сторено кривично дело „кражба“, според член 235 од Кривичниот законик.Од полицијата информираат дека лицето било спроведено во Казнено-поправната установа „Затвор Битола“ за издржување на казната.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
hrana

Светските цени на храната највисоки во последните четири години: Растат цените на житарките, шеќерот и маслата

Светските цени на храната во август достигнаа највисоко ниво од крајот на 2022 година, поттикнати од неповолните временски услови, нарушувањата во снабдувањето и воените конфликти, соопшти Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (FAO).Индексот на цените на храната на FAO, кој ги следи месечните промени на цените на група прехранбени производи со кои се тргува на меѓународниот пазар, во август во просек изнесувал 133,3 поени, наспроти ревидираните 130,8 поени во јули. Тоа е на

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-librarybb47e8uchslf7fhZQrQ

Приведен охриѓанец по пријава дека физички ја нападнал поранешната партнерка

На 3 септември во 17:35 часот, на улицата „Сирма Војвода“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода 34-годишниот З.К. од Охрид.Тој бил приведен по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата поранешна партнерка.Од СВР Охрид информираат дека по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
Marta-Kos

СДСМ: Марта Кос ја откажа посетата на Србија поради величењето на Младиќ – поради истата политика на Мицкоски и Стоилковиќ

СДСМ реагира дека откажувањето на посетата на Србија од страна на европската комесарка за проширување Марта Кос поради величењето на осудениот воен злосторник Ратко Младиќ е јасна порака дека таквото однесување е неспоиво со европските вредности.„Величењето што ја придружува неговата смрт е неспоиво со вредностите врз кои се гради патот кон ЕУ. Тој пат бара соочување со минатото, вистинско помирување и почитување на жртвите на воените злосторства“, напиша Кос на мрежата X.Од СДСМ велат дека иста

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryumbu21pcj1j54KMMoFP

Републиканците стравуваат од Трамп пред изборите: „Сè изгледа како хаос, делува деструктивно“

Сè поголем број републиканци стравуваат дека тесната политичка поврзаност со американскиот претседател Доналд Трамп би можела да им се врати како товар на ноемвриските избори за Конгресот. Падот на неговата популарност и сè позабележливиот „замор од Трамп“ кај дел од конзервативните гласачи ја зголемуваат загриженоста дека демократите би можеле повторно да ја преземат контролата врз двата дома на Конгресот, пишува „Волстрит журнал“.Во пресрет на најавениот голем настап на Трамп на републикански

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryic350l0emo3fcoupbO6

Дубаи доделува награди на оние што носат гости, досега се примени 90.000 апликации

Огромниот интерес за туристичката иницијатива „Dubai Invite“ го натера Дубаи да го прекине приемот на нови пријави, откако повеќе од 90.000 жители побарале да ги угостат своите пријатели и роднини од странство.Програмата беше започната во јули со цел жителите на Дубаи да станат своеобразни амбасадори на градот, а на учесниците им се нудат погодности и попусти во вредност од повеќе од 3.000 дирхами, односно околу 700 евра.Пакетите вклучуваат попусти за хотелско сместување, ресторани, превоз и тур

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryfqak0nlofmne1XbCJ8g

Армијата со хеликоптер Ми-8МТ гаснеше кај Грачани: Истурени 28 тони вода

Воздухопловниот ВИНГ на Армијата денеска беше ангажиран во гаснењето на активниот пожар во атарот на скопското село Грачани, со хеликоптер Ми-8МТ кој обезбеди директна воздушна поддршка за силите на терен.Хеликоптерот во текот на тричасовниот ангажман реализираше повеќе летови и изврши вкупно 14 прецизни исфрлања на вода врз критичните точки од пожарот.При интервенцијата биле истурени вкупно 28 тони вода, а воздушното дејствување било насочено кон најкритичните делови од огнената стихија, со цел

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-library6p0a8rcqjhg60w54BZu

Кривична за две лица од Струмица за даночно затајување, лихварство и перење пари: Одземени 597.500 евра

СВР Струмица поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Струмица против две физички и едно правно лице од општина Струмица поради сомнение за повеќе кривични дела, меѓу кои даночно затајување, лихварство и перење пари и други приноси од казниво дело.Според МВР, првопријавеното правно лице се товари за даночно затајување, додека второпријавената, во својство на управител на компанијата, е пријавена за истото кривично дело. Третопријавениот, кој според пријавата имал директна или ин

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
Marta-Kos

Марта Кос ја откажа посетата на Србија поради величењето на Ратко Младиќ

Европската комесарка за проширување Марта Кос ја откажа планираната посета на Србија поради, како што наведе, јавното величење на осудениот воен злосторник Ратко Младиќ по неговата смрт. Српскиот претседател Александар Вучиќ реагираше остро, оценувајќи го нејзиното образложение како „глупаво“.Кос на социјалните мрежи напиша дека враќањето на телото на Младиќ во Белград ја потсетува Европа на „најтемните страници“ од поновата историја. Таа потсети дека Младиќ беше осуден за геноцид, злосторства п

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryj7t34bpod0dq9LyhQcz

Научниците со големо откритие: Еднократен третман значително го намалил холестеролот

Нови резултати од клиничко испитување покажуваат дека еднократна доза на експериментален лек може значително да го намали нивото на „лошиот“ холестерол, а ефектот продолжил и една година по третманот.Испитувањето го предводел тим од Координативниот центар за клинички истражувања при Клиниката Кливленд, а во него учествувале 15 лица со сериозни здравствени проблеми поврзани со холестеролот или триглицеридите.На учесниците им била дадена интравенска инфузија со наночестички што го испорачувале екс

Свет | пред 1 месец

1 мес.
Voeni-brodovi

Почнува голема воена вежба во Кина: Пекинг и Сингапур со заеднички поморски операции

Кина и Сингапур на почетокот на септември ќе одржат заедничка поморска воена вежба „Поморска соработка-2026“, соопшти кинеската страна. Вежбата ќе се реализира во водите и во воздушниот простор во близина на Џанџијанг, во кинеската провинција Гуангдонг.Според најавите, целта е да се продлабочи меѓусебната доверба, да се унапреди практичната соработка и да се зајакнат способностите на двете земји за заедничко зачувување на регионалниот мир и стабилност.Кина и Сингапур досега одржале четири вакви

Свет | пред 1 месец

1 мес.
Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

„Економскиот успех не се мери според тоа колку убаво премиерот ќе ја претстави статистиката, туку според тоа дали граѓаните живеат подобро“, вели Левица

Левица преку соопштение го критикува премиерот Христијан Мицкоски поради неговото истакнување на растот на БДП од 4,3 проценти, оценувајќи дека економските показатели што ги претставува Владата не ја отсликуваат реалната состојба со која се соочуваат граѓаните.Од партијата велат дека додека премиерот зборува за статистичкиот раст, домаќинствата се соочуваат со сè поголеми трошоци за храна и основни производи. Според нив, самиот раст на БДП не е доволен показател за животниот стандард, бидејќи не

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-library79udkma0epe17GL70Xf

Пожарот кај бачило Ќирилевец во НП „Маврово“ успешно изгаснат

Брзата реакција на Службата за заштита на природата при ЈУНП „Маврово“ спречи пожарот што вчера избувнал во близина на бачило Ќирилевец да се прошири кон едно од значајните живеалишта на дивата коза во Националниот парк „Маврово“.Огнот бил навреме локализиран и целосно изгаснат, со што било спречено негово понатамошно ширење кон чувствителните природни подрачја.Од Националниот парк информираат дека ова бил вториот пожар на нивната територија во текот на истиот ден. Оттаму посочуваат дека случајо

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-library6q26qe9s2fs1cJjdpFs

МВР го менува работното време за одобренија за патување на деца во странство

Издавањето одобренија за патување во странство за малолетни деца во Скопје ќе се одвива според изменет работен распоред, информира Министерството за внатрешни работи.Од МВР соопштуваат дека шалтерот во зградата на МРТВ, надлежен за издавање „Одобренија за патување во странство за малолетни лица“ до 14-годишна возраст, ќе биде отворен од понеделник до петок.Граѓаните ќе можат да ја користат оваа услуга во периодот од 09:00 до 17:00 часот. Во сабота шалтерот нема да работи.Од Министерството ги пов

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-library47o2qshiqcsnbx9ocpk

ДУИ: 0 Албанци меѓу државните награди „8 Септември“ – и успесите на Албанците стануваат невидливи

ДУИ преку соопштение реагира на годинашната листа на добитници на државните награди „8 Септември“, посочувајќи дека меѓу наградените нема ниту еден Албанец. Од партијата бараат целосна транспарентност за критериумите и постапката според кои биле избрани добитниците.Од ДУИ велат дека меѓу наградените за највисокото признание за животно дело и финансиските награди за спортски достигнувања нема албански спортисти, тренери или други претставници.„0 Албанци. Ниту еден спортист, ниту еден тренер, ниту

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryf232if6q0k6j31GkBXk

(Видео) Украина изврши повеќе напади врз Сочи: Погодени брод и складиште за нафта

Украинските сили извршиле повеќе напади врз цели во рускиот град Сочи, при што, според украинската страна, бил погоден руски брод со поморски дрон, а пријавен е и пожар во складиште за нафта во близина на градското пристаниште.Украинската воена морнарица објави снимка на која, како што наведува, се гледа пожар по нападот врз бродот „Нефрит“. Од морнарицата соопштија дека пловилото е дел од руската поморска и енергетска инфраструктура и се користело за операции поврзани со нафта и гас, одржување

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-library8prhorqiitjh06Sa0MR

Поднесено обвинение против браќата Тејт: Обвинети за трговија со луѓе и сексуална експлоатација на малолетнички

Романските обвинители поднесоа обвинение против инфлуенсерот Ендру Тејт, кој се товари за трговија со луѓе, перење пари, сексуални односи со малолетничка и влијание врз сведоци. Во истата постапка е опфатен и неговиот брат Тристан Тејт, кој е осомничен за помагање при извршување на повеќе кривични дела.Според обвинителството, браќата Тејт преку сексуална експлоатација на малолетни жртви стекнале повеќе од 1,25 милиони долари.Ендру Тејт, според наводите во обвинението, во периодот од 2012 до 2021

Свет | пред 1 месец

1 мес.
ratko-mladic

Семејството на Младиќ обвинува за третманот во Хаг: „Мојот татко беше убиен пред моите очи“

Семејството на Ратко Младиќ бара одговори за неговиот медицински третман во Хаг, откако неговиот син и лекарот од одбраната изнесоа тврдења дека несоодветната здравствена грижа можела да придонесе за неговата смрт.Дарко Младиќ изјави дека неговиот татко бил подложен на небрежен третман и дека, според неговите тврдења, му биле давани премногу силни опијати. „Мојот татко беше убиен пред моите очи. Тој беше убиен од небрежен третман и намерно давање премногу силни опијати, што доведе до неговата см

Балкан | пред 1 месец

1 мес.
media-library95sr2l1sbd066zpYrWw

Истрага за проневера од 2,26 милиони евра преку регистрација на возила: Опфатени шест лица и две фирми

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција отвори истрага против шест физички и две правни лица поради сомнение за проневера во службата и перење пари поврзани со наплата на надоместоци при регистрација на возила.Истрагата е поведена по кривична пријава од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал. Според Обвинителството, првоосомничен е сопственик и управител на правно лице од Кучевиште, кој истовремено бил неизвршен член на Одборот на директори во

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryd7uar42eqsrv1Skd0Xg

По години на мака, доаѓа награда: За овие три хороскопски знаци почнуваат 7 години среќа

За три хороскопски знаци започнува период на големи промени и нови можности, кој, според астролошките толкувања, би можел да трае до 2033 година. По години исполнети со предизвици, Биковите, Вагите и Близнаците, наводно, влегуваат во помирна и поповолна животна фаза.Астрологот Елизабет Бробек смета дека периодот на тешкотии, кој за овие знаци трае уште од 2018 година, полека останува зад нив. Според нејзините толкувања, искуствата од изминатите години сега би можеле да се претворат во сила, успе

Магазин | пред 1 месец

1 мес.
media-librarygthq9c7omc304jnbUrj

Петмина скопјани приведени поради марихуана

Петмина скопјани се лишени од слобода откако полицијата кај нив пронашла и одзела марихуана.Од МВР информираат дека на 3 септември, на различни локации во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Д.С. (25), Ј.С. (25), Е.А. (25), Ф.А. (25) и С.П. (22), сите од Скопје.При преземените дејствија кај нив била пронајдена и одземена марихуана.По целосното документирање на случаите, против петмината ќе следуваат соодветни поднесоци.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-library92amidutjmj865s26Ra

Вучиќ: „Нема Марта Кос мене да ми држи лекции кој е воен злосторник, кој е монструм, а кој не е“

Српскиот претседател Александар Вучиќ упати остри критики кон европската комесарка за проширување Марта Кос, откако таа ја откажа најавената посета на Србија, наведувајќи ја како причина прославата на осудениот воен злосторник Ратко Младиќ.Одговарајќи на новинарски прашања за време на посетата на Мали Иѓош, Вучиќ рече дека не жали поради откажувањето на Кос, оценувајќи го нејзиното образложение како „кратко, но глупаво“. Тој праша и кој, според неа, го „величал“ Младиќ и дали очекува државата да

Балкан | пред 1 месец

1 мес.
media-librarynhi48kqsdp3daITSseD

ОУ „Братство“ добива нова спортска сала вредна 64 милиони денари, ќе има трибина со 400 седишта

Во основното училиште „Братство“ во Општина Карпош започна изградбата на нова повеќенаменска спортска сала, инвестиција вредна 64 милиони денари, обезбедени од Владата преку повикот за финансирање капитални проекти на општините.Камен-темелникот на новиот објект го поставија премиерот Христијан Мицкоски, министерката за образование и наука Весна Јаневска и градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски.Салата ќе се простира на 1.400 квадратни метри и ќе има трибина со капацитет од 400 седишта

Скопје | пред 1 месец

1 мес.
operacija

Бубрег од свиња рекордно долго функционирал во човек: 271 ден без секојдневна дијализа

Американски лекари постигнаа значаен успех во ксенотрансплантацијата, откако бубрег од генетски модифицирана свиња функционирал во телото на човек цели 271 ден, што претставува нов рекорд.Пациентот Тим Ендруз од САД живеел со трансплантираниот свински бубрег повеќе од девет месеци, без потреба секојдневно да оди на дијализа. Тој изјавил дека операцијата му дала надеж и значително го променила неговиот живот.Бубрегот на крајот престанал да функционира и бил отстранет, по што Ендруз кратко време п

Вирално | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања