Промени тема
Контакт

Најнови вести

2 мес.
media-libraryu9hese6qkml40lntRh3

Лицето повредено во пожарот во Лознани нема изгореници за кои е потребен медицински третман

Лицето кое вчера беше пренесено на лекар поради изгореници на рацете, здобиени при гасењето на пожарот во Лознани, е пуштено на домашно лекување, соопшти Стојанче Ангелов.Стојанче Ангелов информираше дека по извршениот лекарски преглед не биле констатирани изгореници за кои е потребен медицински третман.

Македонија | пред 2 месеци

2 мес.
media-librarylbl1e1uu2fr72e5ztJJ

Маж подолг период вршел физичко насилство на поранешната вонбрачна сопруга и ѝ упатувал закани по животот.

Полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода 25-годишен жител на Тетово, откако неговата поранешна вонбрачна сопруга го пријавила за подолготрајно физичко насилство и закани.Од МВР информираат дека С.И. бил лишен од слобода на 13 август во 15:40 часот, поради постоење сомнение за кривичните дела „загрозување на сигурноста“ и „демнење“.Според пријавеното, 20-годишната жена од Тетово навела дека тој подолг период вршел физичко насилство врз неа и ѝ упатувал закани по животот.С.И. бил задрж

Македонија | пред 2 месеци

2 мес.
media-librarymsnrshskv3ga8d8PGWr

Маж ја следел сопругата и ѝ го ограничувал движењето: откако поднела тужба за развод, почнала да добива заканувачки пораки од лажни профили

Жена од тетовско село пријавила дека подолг период била следена и вознемирувана од својот сопруг, со кого е во постапка за развод.Според информациите од МВР, 44-годишната жена на 13 август во СВР Тетово пријавила дека нејзиниот 46-годишен сопруг А.Ј. ја следел на работното место, како и при нејзините посети на родителите, а воедно ѝ го ограничувал движењето.Таа навела и дека откако покренала тужба за развод, започнала да добива заканувачки пораки преку лажни профили на социјалните мрежи.Полиција

Македонија | пред 2 месеци

2 мес.
media-librarymkii53gn4r9g6qyf2BP

Уапсен жител на Желино, палел оган на сува површина покрај регионалниот пат

Полицијата лишила од слобода 61-годишен жител на Желино, откако бил затекнат како пали оган на сува површина на свој имот во близина на регионалниот пат Тетово – Групчин.Од МВР информираат дека полициски службеници од Полициското одделение Групчин на 13 август го затекнале М.З. додека го палел огнот. Пожарот бил изгаснат од самиот сопственик.М.З. бил приведен и задржан во полициска станица. По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 2 месеци

2 мес.
media-librarys8rfk8thn36bftBvx1t

На Пескара во Зрењанин важат строги правила: забранети миленици, стаклена амбалажа и палење оган

Посетителите на популарното градско капалиште Пескара во Зрењанин мора да почитуваат низа правила со кои треба да се обезбедат редот, безбедноста и пријатниот престој на сите капачи.Јавното претпријатие „Градска стамбена агенција“ поставило табла со правила за однесување на капалиштето. Според нив, домашни миленици не смеат да се внесуваат, а забрането е и внесување стаклена амбалажа.Капењето е дозволено само во обележаната зона, додека палењето оган на просторот на капалиштето не е дозволено.Од

Патувања | пред 2 месеци

2 мес.
Haker-2-620x350

Хакерски напад врз француската даночна управа: Можно е да се украдени податоци на 700.000 лица

Француското Министерство за финансии потврди дека при сајбер-напад врз системот на Даночната управа биле украдени податоци на физички и правни лица.Министерството соопшти дека напаѓачот во средата објавил дека кон крајот на јуни успеал да пристапи до системот на Даночната управа. По спроведената истрага било потврдено дека навистина дошло до неовластен пристап, како и до прегледување и кражба на податоци.Во тек се дополнителни проверки за да се утврди кои информации биле компромитирани и колку д

Свет | пред 2 месеци

2 мес.
media-libraryv641o3sc4icq92soKJ8

(Видео) Украински дрон погоди руска рафинерија на 1.300 километри од Украина: Производството запрено до шест месеци

Руска рафинерија за нафта во градот Орск, во Оренбуршката област, целосно го прекинала производството по напад со украински дрон, иако објектот се наоѓа на повеќе од 1.300 километри од украинската територија.Нападот врз „Орскнефтеоргсинтез“ се случил на 11 август, а украинскиот Генералштаб потврдил дека рафинеријата била цел на нападот. Објектот има капацитет за преработка на околу шест милиони тони сурова нафта годишно.Гувернерот на Оренбуршката област, Евгениј Солцев, соопшти дека при нападот

Свет | пред 2 месеци

2 мес.
germanija

САД ја задржаа Германија на второ ниво на ризик: тероризмот главна причина за зголемена претпазливост

Американскиот Стејт департмент ја задржа Германија на второто ниво од скалата за безбедност при патување, со препорака американските граѓани да бидат особено внимателни.Со оваа одлука Германија останува во понеповолна категорија во споредба со дел од соседните европски земји. Швајцарија, Австрија, Португалија и Полска се на првото ниво, кое не предвидува посебни предупредувања за патниците. На прво ниво е и Норвешка, чија проценка беше ажурирана во јули.На второто ниво, заедно со Германија, се н

Свет | пред 2 месеци

2 мес.
media-libraryhbjtqb2qmp6kcQalXCq

Николоски: Со новиот АТМ систем и радарот, македонското небо добива највисоко ниво на безбедност

Со воведувањето на новиот АТМ систем во М-НАВ и новиот радарски систем, контролата на воздушниот сообраќај над Македонија се подигнува на повисоко ниво, порача вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.Тој посочи дека новиот АТМ систем има особено значење за зголемување на безбедноста, сигурноста и ефикасноста во управувањето со воздушниот сообраќај.Според Николоски, потребата од модернизација е уште поголема ако се земе предвид зголемениот број прелети над земјата. Во првите ше

Македонија | пред 2 месеци

2 мес.
ali-ahmeti

„Македонија ја сакам исто колку што Мицкоски и Црвенковски ја сакаат“, вели Али Ахмети

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, порача дека Охридскиот договор не смее да биде предмет на политики што би можеле да ги загрозат правата утврдени со него, особено во однос на албанскиот јазик и правичната и соодветна застапеност.На дебатата посветена на 25-годишнината од Рамковниот договор, Ахмети ги повика политичките чинители да избегнуваат, како што рече, фолклор и емоции и наместо тоа да се насочат кон мирот, стабилноста, безбедноста и европската интеграција на земјата.Тој истакна дека Македонија

Македонија | пред 2 месеци

2 мес.
media-library76a8cgenbdoe059F8wG

(Видео) Расте бројот на жртви во Колумбија: 281 загинат, 379 луѓе сè уште се водат како исчезнати

Бројот на загинати во силниот земјотрес што ја погоди Колумбија во почетокот на неделата достигна 281, додека спасувачките екипи и натаму трагаат по стотици лица кои се водат како исчезнати.Според колумбиските власти, во земјотресот со јачина од 7,4 степени биле повредени 3.971 лица, додека 379 луѓе сè уште се водат како исчезнати, објави ЕФЕ.Земјотресот во понеделникот го погоди западниот дел на земјата и предизвика големи разурнувања во повеќе градови. Оштетени се голем број домови, училишта,

Свет | пред 2 месеци

2 мес.
media-libraryd822mp5i86b1fpABN3C

Фрлил цело легло мачиња во парк, па доби казна од 550 евра: Изречена првата казна за напуштање новородени животни во Македонија

Случај на напуштање новородени животни во Скопје заврши со парична казна од 550 евра, откако граѓанин го пријавил настанот и доставил фотографии и видеоснимки како доказ.Според информациите од Агенцијата за храна и ветеринарство, мачињата биле оставени во парк во близина на трговски центар во Скопје. Граѓанинот случајот го пријавил во ЈП „Лајка“, при што доставил материјали на кои било документирано напуштањето на целото легло.АХВ информира дека ова е првата изречена глоба за напуштање новороден

Македонија | пред 2 месеци

2 мес.
media-library1t2tav14gou61RFfcQU

ВРЕДИ: Груби е „црната кутија“ на ДУИ, од неговото сведочење може да зависи кој ќе понесе одговорност

Обвинението против Артан Груби повторно ги разгоре внатрешните политички пресметки во ДУИ, оценува ВРЕДИ, поставувајќи прашање дали актуелните случувања имаат врска со најавите на Али Ахмети за повлекување од активната политика.Од ВРЕДИ велат дека Ахмети најавува повлекување, но истовремено се создава впечаток дека неговите сопартијци не сакаат да замине. Според нив, токму случајот со Груби дополнително ја усложнува состојбата во партијата.Од коалицијата подолго време го опишуваат Груби како „цр

Македонија | пред 2 месеци

2 мес.
media-libraryvlcovd7qrkhh8btbTjp

Русија испраќа нова порака: „Ќе дејствуваме уште пожестоко“

Рускиот претседател Владимир Путин е подготвен повторно да ги прими американските пратеници Стив Виткоф и Џаред Кушнер, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.„Не одбиваме да разговараме со нив. Ако дојдат, тие знаат дека рускиот претседател Владимир Путин е подготвен повторно да ги прими. Прашањето е, сепак, со што доаѓаат“, изјави Лавров во интервју за руски медиуми.Тој истовремено рече дека Москва побарала од американскиот Стејт департмент информации за наводната вмешаност

Свет | пред 2 месеци

2 мес.
media-libraryumbu21pcj1j54KMMoFP

Израел повеќепати го предупредувал Вашингтон: Иран наводно планирал атентат врз Трамп

Американските власти во текот на изминатата година добиле повеќе предупредувања од Израел дека Иран наводно планира атентат врз американскиот претседател Доналд Трамп. Едно од најсериозните предупредувања било испратено пред неговото патување во Турција на самитот на НАТО, објави „Ројтерс“, повикувајќи се на актуелен американски и двајца поранешни американски функционери.Според изворите, израелските разузнавачки информации укажувале на можни планови за ликвидација на Трамп, вклучително и напад с

Свет | пред 2 месеци

2 мес.
voda

Последните анализи ќе ја дадат конечната одлука: Кога гостиварци повторно ќе смеат да ја пијат водата

По повеќе од пет недели од воведувањето на забраната, во Гостивар се очекува да се создадат услови за повторно користење на водата за пиење и подготовка на храна. Одлуката ќе зависи од последните лабораториски резултати, кои треба да потврдат дека водата е безбедна.Од локалниот кризен штаб во изминатите денови информираа дека состојбата значително се подобрува. Според досегашните анализи, микробиолошките параметри на водата се во границите, додека концентрацијата на хлор постепено се нормализира

Македонија | пред 2 месеци

2 мес.
bespilotni-letala

Нова тревога на источното крило на НАТО: Соборен дрон над Латвија, се сомневаат во руско електронско војување

Борбени авиони на НАТО соборија дрон кој во текот на ноќта навлегол во воздушниот простор на Латвија, соопштија латвиските национални вооружени сили. Инцидентот предизвикал краткотрајна воздушна тревога во повеќе региони во источниот дел на земјата.Според латвиската војска, дронот навлегол во воздушниот простор како последица на руско електронско војување, односно попречување на неговата навигација. По регистрирањето на леталото биле активирани борбените авиони на НАТО, кои ја извршуваат мисијат

Свет | пред 2 месеци

2 мес.
media-library6f8ovs9k31gs3H5JwD2

„Да се знае вистината“: Ава Карабатиќ објави фотографија на која е врзана гола и со модрици по лицето

Хрватската старлета Ава Карабатиќ oбјави на социјалните мрежи фотографија на која е врзана за кревет, со видлива модринка под окото и исплашен израз на лицето.Фотографијата ја објавила на Инстаграм Стори со кратката порака: „Да се знае вистината“.Објавата доаѓа само неколку дена откако Карабатиќ објави фотографии од модринките на лицето и обвини дека нејзиниот партнер Лазар Иван ја држел против нејзина волја, како и дека без нејзина согласност снимал и објавувал фотографии и видеа на интернет.Сп

Сцена | пред 2 месеци

2 мес.
media-library8oevanl13omg48SzcoG

Трамп ја враќа старата технологија: Американската морнарица повторно ќе користи парни катапулти

Американскиот претседател Доналд Трамп ѝ нареди на американската морнарица да го напушти современиот електромагнетен систем за лансирање авиони и повторно да користи парни катапулти на идните носачи на авиони од класата „Џералд Р. Форд“. Наредбата се однесува почнувајќи од идниот носач USS „Дорис Милер“.Со меморандумот, потпишан во четвртокот, Пентагон и Морнарицата добиле рок од 60 дена да подготват план за замена на системот EMALS, како и на напредните електромагнетни лифтови за оружје со парн

Свет | пред 2 месеци

2 мес.
media-libraryv6ei2si0hg9n1VlSshW

Го нападнале со тврд предмет, а потоа му го оштетиле автомобилот: Кривична пријава за три лица

СВР Скопје расчисти случај на насилство во скопското село Копаница, по што е поднесена кривична пријава против три лица.Единицата за насилен криминал при СВР Скопје поднела кривична пријава по брза постапка против С.Ј. (34), И.Ј. и С.Ј., сите од селото Буковиќ, поради сомнение за сторено кривично дело „насилство“.Според пријавеното, на 12 август во Копаница, првопријавениот со тврд предмет го нападнал 25-годишниот Х.Р. од Арнакија. Останатите две лица, исто така со тврди предмети, го оштетиле не

Македонија | пред 2 месеци

2 мес.
media-library7djgeiaegpmg21sm8O4

Загина 19-годишна девојка во судир меѓу автомобил и мотоцикл: Возачот на автомобилот имал 1,75 промили алкохол во крвта, а мотоциклистот немал возачка дозвола

Една 19-годишна девојка го загубила животот, а возачот на мотоциклот бил повреден во тешката сообраќајна несреќа што се случила синоќа на магистралниот пат Струмица–граничен премин Ново Село, кај Турново.Несреќата се случила околу 23:30 часот, кога се судриле патничко возило „сеат леон“, управувано од 29-годишниот С.Б. од Струмица, и мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од 19-годишниот А.Д. од Иловица.Во судирот, 19-годишната К.Ј., сопатничка на мотоциклот, се здобила со тешки повреди и по

Македонија | пред 2 месеци

2 мес.
media-libraryj2dhamtgveaifLZBkUY

Кинеската платформа за онлајн продажба на облека Шеин ќе ги поскапи производите во Европа поради новата такса за мали пратки

Кинеската платформа за онлајн продажба на облека Шеин планира да ги зголеми цените на своите производи во Европа за да покрие дел од дополнителните трошоци предизвикани од новата европска такса за мали пратки што пристигнуваат од земји надвор од ЕУ.Ова се наведува во документацијата што компанијата ја доставила до берзата во Хонгконг. Од Шеин предупредуваат дека повисоките цени краткорочно би можеле да доведат до намалување на продажбата, а негативниот ефект во Европската Унија би можел да биде

Свет | пред 2 месеци

2 мес.
media-libraryjphuscl4q4iubRXHkA2

„Најмалку двапати ја прогласиле загадената вода во Гостивар за безбедна - еден месец подоцна никој од здравствениот синџир не е ни разрешен“, велат од Левица

Левица преку соопштение обвинува дека водата во Гостивар најмалку двапати била оценета како безбедна, иако според подоцнежната истрага, во тој период веќе постоела контаминација на водоснабдителниот систем.Од партијата посочуваат дека на 29 јуни, Центарот за јавно здравје Тетово издал стручно мислење потпишано од Берун Мустафа, според кое водата „одговара на законските и стручните прописи“. Според Левица, спорните пумпи во тој момент веќе биле поставени и загадената вода веќе влегувала во систем

Македонија | пред 2 месеци

2 мес.
media-libraryhb97pf41t48vdAkHg4a

Москва се разбуди на само 9 степени: Најстудена ноќ во јули и август

Температурата во Москва во текот на изминатата ноќ паднала на 9,7 степени Целзиусови, што е најниска измерена вредност во рускиот главен град во текот на јули и август годинава.Метеорологот Михаил Леус соопшти дека студените воздушни маси продолжиле да се движат кон централниот дел на европска Русија, што донело невообичаено свежа ноќ во Москва.Според податоците од градската метеоролошка станица, минималната температура достигнала 9,7 степени, а Леус најави дека и претстојната ноќ ќе биде релати

Свет | пред 2 месеци

2 мес.
media-library55nfst87n4biahPWJuQ

Вчера најтежок ден во сезоната на пожари, огнот во Лознани стигнал на 50 метри од куќите, едно лице повредено

Вчера бил еден од најтешките денови во овогодишната сезона на пожари, особено поради опасноста што ја претставувале огновите за населените места, оцени директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.Во текот на денот биле регистрирани над 40 пожари на отворен простор, од кои шест и натаму се активни. Според Ангелов, тие во моментов не претставуваат директна опасност за населени места, но постои ризик да навлезат во квалитетна шума.Особено тешка била ситуацијата во селото Бого

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања