Промени тема
Контакт

Најнови вести

2 мес.
media-libraryggiu3u7pvq536iT9E7H

(Фото) Двајца пожарникари повредени при пожар кај Струга, оштетен противпожарен камион

Фејсбук-страницата „Се молиме за Македонија“ објави дека при пожар во селото Долна Белица, Струшко, бил оштетен противпожарен камион на Територијалната противпожарна единица Струга, а двајца пожарникари биле повредени и пренесени во болница.Во објавата се наведува дека пожарникарите ги посетил градоначалникот на Струга, Менди Ќура, како и дека материјалната штета е помалку значајна во однос на нивното здравје.Од страницата тврдат и дека за случајот досега не информирале МВР, Центарот за управува

Македонија | пред 2 месеци

2 мес.
media-librarylksfts34ofog7ThuvFp

Црна Гора воведе строги правила за електричните тротинети, казни до 600 евра

Од денеска во Црна Гора стапија во сила измените на Законот за безбедност во сообраќајот, со кои се воведуваат построги правила за возачите на електрични тротинети, младите возачи и родителите. За прекршување на дел од одредбите се предвидени казни до 600 евра.Според новите правила, на деца помлади од 16 години им е забрането да управуваат со електрични тротинети на јавните патишта. Родителите или старателите кои ќе им дозволат да возат тротинет на јавен пат може да бидат казнети со парична казн

Балкан | пред 2 месеци

2 мес.
Screenshot-2025-05-08-at-19.47.27

Папата Лав XIV оди во Франција, ќе се сретне со жртви на сексуална злоупотреба

Папата Лав XIV ќе се сретне со жртви на сексуална злоупотреба од страна на свештеници за време на неговата четиридневна посета на Франција, која ќе се одржи од 25 до 28 септември, соопшти Ватикан.Од Ватикан информираа дека жртвите ќе учествуваат и во подготовката на средбата, а дополнително ќе бидат објавени времето и местото на нејзиното одржување.За време на посетата, папата ќе се сретне и со францускиот претседател Емануел Макрон, ќе одржи говор во седиштето на УНЕСКО во Париз, ќе ги посети Л

Свет | пред 2 месеци

2 мес.
media-libraryjqohdp9bsumjckdoiza

Трамп бесен откако судот ја блокира изградбата на салата кај Белата куќа

Американскиот претседател Доналд Трамп остро ја критикуваше одлуката на федералниот апелациски суд, кој ја блокира изградбата на новата сала во комплексот на Белата куќа – проект вреден 400 милиони долари.На својата социјална мрежа Truth Social, Трамп ја нарече салата „неопходна“ и „целосно безбедна“, нагласувајќи дека се гради пред предвидениот рок и во рамките на планираниот буџет. Тој тврди дека проектот се финансира со приватни донации и дека американските даночни обврзници нема да имаат ник

Свет | пред 2 месеци

2 мес.
media-library4lfq8oo179hdaG6vTdl

Во Куманово поднесени 160 барања за обештетување по невремето

До Општина Куманово се поднесени вкупно 160 барања и известувања од граѓани и правни субјекти за надомест на штетите предизвикани од невремето што го зафати градот на 20 јули.Од Општината информираат дека најголем дел од пријавите се однесуваат на оштетени фасади, откорнати кровни конструкции на семејни куќи и станбени згради, оштетени покриви, како и штети на возила предизвикани од паднати дрвја и делови од кровови. Пријавени се и поплавени објекти поради атмосферски води, како и штети на земјо

Македонија | пред 2 месеци

2 мес.
media-librarykfsk4ip1805j6DkAtlv

Министерот Ферати се сретна со турскиот амбасадор, во фокусот соработката меѓу двете земји

Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати, денеска се сретна со амбасадорот на Република Турција во Скопје, Фатих Улусој, при што разговараа за унапредување на билатералната соработка и за прашања од заеднички интерес.На средбата беше потврдена подготвеноста за натамошно зајакнување на пријателските односи и институционалната соработка, со посебен акцент на образованието, воспитно-образовниот процес и правичната застапеност на турската заедница во земјата.Ферати ја истакнал важноста од е

Македонија | пред 2 месеци

2 мес.
media-librarytqg219g7kvt2cxSkWbj

AERO Street Food Festival 2026 – Паркот „Авионче“ ќе биде центар на уличната гастрономија и музиката

Од 4 до 8 септември, Аеродром повторно ќе биде центар на добрата храна, македонска музика и урбаната забава. Второто издание на AERO Street Food Festival пристигнува во уште поголем формат, со побогата гастрономска понуда, позвучна музичка програма и содржини наменети за посетители од сите генерации.Во текот на петте фестивалски дена, посетителите ќе можат да уживаат во разновидни специјалитети подготвени од повеќе од 15 познати гастрономски брендови.Од бургери, такоси и гиро, преку суши и разно

Магазин | пред 2 месеци

2 мес.
media-libraryotp04iork40b92aI4vG

Побарувачката за „Патриот“ нагло порасна, американските залихи се речиси исцрпени

Побарувачката за американскиот противвоздушен систем „Патриот“ нагло се зголеми поради војната во Украина и конфликтите на Блискиот Исток, кои значително ги намалија залихите на ракети-пресретнувачи.Украина бара дополнителни системи за одбрана од секојдневните руски балистички напади, додека дел од европските и блискоисточните држави ги чуваат преостанатите ракети за сопствена заштита.„Патриот“ е мобилен противвоздушен систем произведен од американската компанија „Рејтеон“, способен да пресретну

Свет | пред 2 месеци

2 мес.
media-library17cmrulfmv80flLPSNQ

Камионџиите од Западен Балкан најавуваат блокада на границите: Брисел ги игнорира нивните барања

Меѓународните превозници од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора најавуваат радикални мерки и можно блокирање на граничните премини, откако, како што тврдат, Европската комисија не понудила решение за проблемот со ограничувањето на престојот на професионалните возачи во Шенген-зоната.Превозниците за 11 август во Македонија закажаа итен регионален состанок, на кој ќе одлучуваат за натамошните чекори, меѓу кои се и координирани протести и блокади на товарниот сообраќај низ Западен Б

Балкан | пред 2 месеци

2 мес.
media-library7d31875pjk7ccA0FL8W

Германски весник: Србија и Украина би можеле заеднички да произведуваат дронови

Посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Србија, која е најавена за сабота, би можела да биде вовед во договор за заедничко производство на дронови, пишува германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ (ФАЗ).Според весникот, посетата била планирана подолг период, но повеќепати била одложувана. Иако официјално ќе биде посветена на економската соработка, ФАЗ наведува дека во разговорите би можеле да бидат опфатени и теми од одбранбениот сектор, вклучително и можноста за заедн

Свет | пред 2 месеци

2 мес.
media-libraryqabc0kkn8u6qfuzfpvz

САД и Кина влегуваат во нова трка за Месечината

Ривалството меѓу САД и Кина се префрла во вселената, каде што двете сили ја засилуваат трката за освојување на јужниот пол на Месечината и за воспоставување трајно човечко присуство надвор од Земјата.Кина во последните години забележа значителен напредок со изградбата на својата вселенска станица „Тјангонг“ и со успешното враќање примероци од темната страна на Месечината. Пекинг најавува дека до 2030 година планира да испрати свои астронаути на Месечината, а до 2040 година да изгради постојана б

Свет | пред 2 месеци

2 мес.
pari

Европа со минимални плати над 2.000 евра, Македонија при дното на листата

Најновите податоци на „Евростат“ покажуваат големи разлики во висината на минималните плати низ Европа, при што Македонија и понатаму е меѓу земјите со најниски минимални примања.Според статистиката за втората половина на 2026 година, највисока минимална бруто-плата има Луксембург со 2.771 евро, пред Ирска (2.391 евро), Германија (2.343 евра), Холандија (2.338 евра) и Белгија (2.234 евра).Во регионот, Србија има минимална бруто-плата од 743 евра, Црна Гора 670 евра, додека Македонија е со 624 ев

Македонија | пред 2 месеци

2 мес.
ilon-mask

Илон Маск ја нападна француската претседателска кандидатка: „Замолчете ја“

Сопственикот на платформата X, Илон Маск, ја нападна француската претседателска кандидатка и лидерка на партијата Зелени, Марин Тонделје, откако таа изјави дека властите треба да имаат можност привремено да ги исклучат социјалните мрежи за време на избори доколку има странско мешање.„Барам да биде замолчена поради предавство на Франција“, напиша Маск на X.Тонделје остро му возврати, истакнувајќи дека на Франција не ѝ се потребни лекции за патриотизам од странски милијардер кој мисли дека може да

Свет | пред 2 месеци

2 мес.
media-library5pd0tdo7ifa77d3wbR9

(Видео) Кина пушти во употреба гигантски центар за вештачка интелигенција напојуван со зелена енергија

Кина официјално го пушти во употреба најголемиот центар за пресметки со вештачка интелигенција во светот. Индустрискиот комплекс „Envision Galaxy Campus“ е отворен во градот Уланкаб, во автономниот регион Внатрешна Монголија.Компанијата „Envision Group“, која стои зад проектот, соопшти дека станува збор за најголемиот поединечен центар за обработка на податоци за вештачка интелигенција во светот, според капацитетот за обработка на токени.Комплексот се простира на површина од 120.000 квадратни ме

Технологија | пред 2 месеци

2 мес.
media-libraryp4td1q8uuucqamn57JJ

Трамп сака флота од 15 нуклеарни бојни бродови, цената би достигнала 275 милијарди долари

Планот на американскиот претседател Доналд Трамп за изградба на флота од 15 нуклеарни бојни бродови би можел да ја чини САД околу 275 милијарди долари во следните три децении, покажува анализата на Конгресниот буџетски уред (CBO).Според проценките, за реализација на проектот американските бродоградилишта ќе треба до 2035 година речиси двојно да го зголемат производството на големи воени бродови, паралелно со исполнувањето на веќе постојните нарачки за американската морнарица.Предвидено е првиот

Свет | пред 2 месеци

2 мес.
ursula

ЕУ воведе нови санкции против петмина руски функционери

Европската Унија воведе нови санкции против пет лица поврзани со руската воена индустрија, наведувајќи дека одлуката е донесена поради засилените руски напади врз цивили и цивилна инфраструктура во Украина.Меѓу санкционираните се Рамил Бадгутдинов, кој раководи со компанија вклучена во производството на балистичките ракети „Искандер-М“, како и Александар Дјукарев, директор на фабриката „КрасМаш“, производител на балистичките ракети „Сармат“.Останатите тројца се директори на руски одбранбени комп

Свет | пред 2 месеци

2 мес.
media-librarygnqu2bjk0a52b4wUDn7

МВР со детали за трагедијата во Радишани: Мотоциклист без регистарски таблички загина на лице место

Деветнаесетгодишен мотоциклист загина во тешката сообраќајна несреќа што денеска околу пладне се случи на улицата „Радишанска“ во Скопје.Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека несреќата била пријавена во 12:12 часот, а во неа учествувале патничко возило „алфа ромео“ со италијански регистарски ознаки, управувано од С.Б. (46), и мотоцикл без регистарски ознаки, кој го управувал Н.М. (19) од скопско.„Возачот на мотоциклот починал на местото на настанот“, соопштија од МВР.Полициски еки

Скопје | пред 2 месеци

2 мес.
media-libraryuos8kjm9qv3v3r6Fxcz

Народниот правобранител бара одговори: Како граѓаните во Гостивар останаа без безбедна вода?

Народниот правобранител отвори предмет по сопствена иницијатива за загадувањето на водата за пиење во Гостивар, со цел да утврди како дошло до нарушување на правото на граѓаните на безбедна и чиста вода.Од Канцеларијата на Народниот правобранител соопштија дека веќе се побарани информации од Институтот за јавно здравје, Општина Гостивар, Јавното претпријатие „Комуналец“ и Центарот за јавно здравје.„Во текот на вчерашниот ден се добиени писмени информации од овие институции. Меѓутоа, тие не се це

Македонија | пред 2 месеци

2 мес.
media-library17hlkstfv9ij9aH3q5w

Xiaomi подготвува HyperOS 4: Познато кога би можело да започне бета-тестирањето

Xiaomi би можел наскоро да го направи првиот чекор кон претставувањето на новиот оперативен систем HyperOS 4, покажуваат најновите неофицијални информации од Кина.Според познат кинески дојавувач, компанијата во текот на оваа недела би можела да започне со најавување на системот, по што би следувало и првото бета-тестирање. Засега, Xiaomi официјално не ги потврдил овие информации.Според досегашните најави, HyperOS 4 ќе донесе освежен визуелен изглед со подобрени анимации, редизајнирани икони, нов

Магазин | пред 2 месеци

2 мес.
media-libraryjgrj1sn63jq9cPnReFx

(Видео) Пукање во училиште во Тајланд: „Стоев пред наставничката кога ја застрела“

Потресни сведоштва излегуваат на виделина по вооружениот напад во средно училиште во близина на Бангкок, во кој 14-годишен ученик уби неколку лица, а потоа си го одзеде животот.Една ученичка за Би-би-си раскажа дека разговарала со својата наставничка во моментот кога напаѓачот влегол во училницата и пукал.„Стоев пред наставничката кога ја застрела. Разговараше со мене кога тој се појави“, изјавило девојчето, додавајќи дека со своите соученици морала да избега преку училишната ограда.Според офици

Свет | пред 2 месеци

2 мес.
media-libraryqj52gku6lvqn9JkiYrZ

Стојаноски: Бројки и факти наспроти кампања на талогот и „економски експерти“ од СДСМ

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, преку објава на Фејсбук ги отфрли критиките на СДСМ за економските политики на Владата, наведувајќи дека официјалните економски показатели покажуваат позитивни трендови.Стојаноски посочува дека, според податоците на Државниот завод за статистика, годишната инфлација во јули 2026 година се намалила на 2,3 проценти, при што, како што наведува, од април до јули е забележан континуиран пад.Во објавата тој истакнува дека во првата половина од годинава извоз

Македонија | пред 2 месеци

2 мес.
media-librarymnnfa8l573bvauqXfEn

Кина отвора редовна поморска линија преку рускиот Арктик

Руската државна нуклеарна корпорација „Росатом“ соопшти дека издала дозволи за седум кинески бродови кои преку Северниот морски пат треба да пловат кон Европа.Според директорот на „Росатом“, Алексеј Лихачов, кинеската компанија Sea Legend Shipping планира во 2026 година да воспостави прва редовна контејнерска линија на оваа арктичка рута, со неделни пловидби во текот на навигациската сезона.Северниот морски пат се протега долж северниот брег на Русија низ Арктичкиот Океан и се смета за можна алт

Свет | пред 2 месеци

2 мес.
media-libraryv0f5k9eunluq0RIfGTS

Истражување: Децата што растат со кучиња имаат посилен имунитет

Децата што растат во домови со кучиња поретко се разболуваат, а ново истражување од Финска нуди можно научно објаснување за оваа поврзаност.Според студијата, кучињата внесуваат специфични микроорганизми во домот, кои можат да придонесат за подобар развој на имунолошкиот систем кај бебињата и да го намалат ризикот од респираторни инфекции во текот на првата година од животот.Истражувањето, спроведено од Финскиот институт за здравје, Универзитетската болница во Куопио и Универзитетот во Источна Фи

Трендови | пред 2 месеци

2 мес.
komarec

Седум нови случаи на вирусот Западен Нил во Македонија, тројца пациенти се во критична состојба

Министерството за здравство информира дека во текот на оваа недела во земјава се регистрирани седум нови случаи на инфекција со вирусот Западен Нил. Сите новозаболени се од Скопје – по двајца од општините Кисела Вода и Гази Баба и по еден од Илинден, Бутел и Аеродром.Станува збор за лица на возраст од 60 до 84 години и сите се хоспитализирани.Во моментов на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби се лекуваат 16 пациенти. Кај 15 од нив инфекцијата е лабораториски потврд

Македонија | пред 2 месеци

2 мес.
Screenshot-2024-01-28-at-14.21.29

Ѓоковиќ предложи пократок формат на мечевите, Клајстерс му возврати: Најубавите мечеви траат четири-пет часа

Новак Ѓоковиќ ја отвори дебатата за можни промени во тенисот, предлагајќи пократок формат на мечевите, но неговата идеја веднаш наиде на критики од поранешната светска тенисерка број еден, Ким Клајстерс.Белгијката истакна дека ги разбира аргументите за модернизација на спортот, особено од аспект на телевизиските преноси и организацијата на турнирите, но смета дека скратувањето на мечевите би одзело еден од најпрепознатливите белези на тенисот.Ѓоковиќ предложи сетовите да се играат до четири осво

Сцена | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања