Промени тема
Контакт

АЛТА БАНКА

media-librarygvjkn3rgmo1q7gRNdgY

Обвинителството ја следи состојбата со Алта банка, но сè уште е рано за истрага, тврди Савески

Државното јавно обвинителство ја следи состојбата поврзана со Алта банка, но засега не може да потврди дали ќе отвори истрага. Државниот јавен обвинител Ненад Савески вели дека институцијата ќе реагира доколку се утврдат индиции за кривично дело, но оценува дека е прерано за конкретни најави.Савески ова го изјави денеска по седницата на Советот на јавните обвинители, одговарајќи на новинарски прашања за случувањата околу Алта банка АД Битола, чиј мнозински сопственик е Алта банка АД Белград од С

Македонија | пред 1 седмица

media-library7713o7fs38p0ft7IdTv

Народна банка ги демантира наводите за големи парични трансфери од Алта банка кон Србија и Русија

Народната банка соопшти дека нема евидентирано трансакции во поголеми износи кон Србија и Русија преку „Алта банка“ АД Битола, демантирајќи ги наводите што се појавија во јавноста.Од Централната банка информираат дека деталната анализа на податоците за 2025 година и периодот заклучно со октомври 2026 година не покажала такви трансакции.Според објавените податоци, приливите од Србија во 2025 година изнесувале 2,2 милиони евра, а одливите 5,3 милиони евра. Во периодот до октомври 2026 година, прил

Македонија | пред 1 седмица

media-library4pbhlern6kbb1x9PMgE

Мицкоски ги повика штедачите на Алта банка да бидат спокојни: Нема да останат без своите пари

Премиерот Христијан Мицкоски ги повика штедачите и доверителите на Алта банка да не подлегнуваат на, како што рече, шпекулациите и обидите за создавање паника, уверувајќи дека државата го следи случајот и дека граѓаните ќе бидат обештетени доколку банката замине во стечај.Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски ја обвини опозицијата дека намерно создава страв кај граѓаните и дека случајот со Алта банка го користи за политички цели. Тој направи споредба со претходните реакции на опозицијата в

Македонија | пред 1 седмица

media-library93a7o87canrk2qtvUrZ

Гужви пред „Алта банка“ во Битола, Брзата помош интервенирала неколкупати

Со полициско обезбедување, денеска повторно беа отворени шалтерите на „Алта банка“ АД Битола, но исплатата на средствата и натаму се одвива со ограничувања, а пред експозитурата повторно се создадоа долги редици, пренесува сдк.мк.Како што пренесува сдк.мк, претпладнево беа услужувани само клиенти без платежни картички кои добиле СМС-порака, со можност да подигнат најмногу 20.000 денари. Иако беше најавена и исплата на социјална помош, средствата сè уште не беа пристигнати. Брзата помош интервени

Македонија | пред 1 седмица

media-library6t5fhc729b0n9vjGUcZ

Министерката за финансии негира дека Славески ја консултирал за влезот на „Алта банка“ во Македонија

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска тврди дека Министерството за финансии не било информирано за преговорите за влез на „Алта банка“ на македонскиот пазар, ниту за заинтересираните институции за преземање на Стопанска банка Битола.Таа ги отфрли тврдењата дека била меѓу лицата со кои гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, се консултирал за ова прашање. Славески неодамна изјави дека, иако Народната банка е независна институција, сепак разговарал и со Владата.Кочоска, пак,

Македонија | пред 1 седмица

media-library4ej5g05e0o6q6bvmDEQ

(Видео) Наместо оставка, Славески го заташкува скандалот со Алта банка, вели Димитријевиќ

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, го обвини гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, дека наместо да преземе одговорност за случајот со „Алта банка“, носи одлуки со кои, според него, се прикриваат пропустите во работењето на институцијата.На прес-конференција, Димитријевиќ посочи дека привремениот администратор на банката, Илија Андоновски, претходно бил вклучен во процесот на одобрување на нејзиното влегување на македонскиот пазар. Како што наведе, Андоновски ги

Македонија | пред 1 седмица

media-library93a7o87canrk2qtvUrZ

„Алта банка“ почна со исплата на готовина во Битола, клиентите без картички можат да подигнат до 20.000 денари

Клиентите на „Алта банка“ АД Битола кои имаат платежни сметки, но не поседуваат платежни картички, од денеска, 5 ноември, можат да подигнуваат готовина на шалтерите во главната филијала во Битола.Граѓаните ќе можат да подигнат најмногу 20.000 денари, што е дозволениот износ за период од две недели. Исплатата се врши на повеќе шалтери во филијалата на улицата „Добривое Радосављевиќ“ бр. 21, а мерката особено ги опфаќа пензионерите и примателите на социјална помош кои немаат платежни картички.Клие

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryevo17e9u5cdf3RGgiO6

Пратеникот Стојаноски бара утре да се одржи надзорната расправа за „Алта банка“

Надзорната расправа за случајот со „Алта банка“ да се одржи утре во 11 часот, без дополнително одложување, побара пратеникот и претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Ѓорче Петров, Бојан Стојаноски.Тој информира дека се обезбедени потребните потписи согласно Деловникот и дека барањето е доставено до претседателката на Комисијата за финансирање и буџет.Стојаноски оценува дека случувањата поврзани со „Алта банка“ не треба да се претвораат во политичко надмудрување, туку дека е неопходн

Македонија | пред 1 седмица

LDPlogo-620x360

ЛДП: Народна банка бара нов сопственик за Алта Банка, народот бара одговорност

Либерално-демократската партија (ЛДП) преку соопштение бара целосна финансиска ревизија и политичка одговорност за состојбата со „Алта банка“, откако Народната банка презеде мерки за воведување привремена администрација и започна да бара нов сопственик за банката.Од партијата оценуваат дека банкарската криза е последица на, како што наведуваат, политички влијанија и сомнителни деловни зделки, за кои одговорност треба да понесат и претставниците на актуелната власт.ЛДП ја обвинува Владата дека се

Македонија | пред 1 седмица

media-library93a7o87canrk2qtvUrZ

Независната советничка група „Поинаку“, СДСМ, Левица и ЛДП бараат вонредна седница за средствата на јавните претпријатија во „Алта банка“

Независната група на советници во Советот на Општина Битола „Поинаку“, заедно со советничките групи на СДСМ, Левица и ЛДП, поднесе барање за свикување вонредна седница на Советот на Општина Битола поради состојбата со „Алта банка“ во Битола.Од „Поинаку“ информираат дека барањето содржи една точка на дневниот ред, со која се бара градоначалникот да достави информации за тоа кои јавни претпријатија и општински институции имаат депонирани средства во „Алта банка“, од кога се нивни депоненти и со ко

Македонија | пред 1 седмица

media-librarym8r9lbkk7n75fPyq66c

Народна банка не открива дали Алта банка-Битола има институции како свои клиенти, оти тоа е банкарска тајна

Народната банка не евидентирала милионски трансфери од Србија кон Алта банка АД Битола во периодот по 26 октомври, ниту располага со податоци што би ги потврдиле тврдењата за перење пари преку такви трансакции. Во одговор на прашања од Скопје1, централната банка открива дека приливите од Србија во Македонија во овој период изнесувале околу 16.000 евра, додека одливите во обратна насока биле приближно 180.000 евра.Одговорот следува по информациите и обвинувањата во јавноста за можни трансфери на

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„Не им дозволуваат на граѓаните да си ги земат парите за да го спасат капиталот на криминалната банка“, обвини Филипче зборувјќи за „Алта“

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, упати сериозни обвинувања за потеклото на капиталот на Алта банка и побара одговорност од гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, и премиерот Христијан Мицкоски. Тој тврди дека најавената продажба на македонската банка не може да се реализира толку брзо како што се најавува и дека граѓаните се соочуваат со ограничен пристап до своите средства.„Една година укажуваме дека на нашиот финансиски пазар влегува несоодветен субјект, со сомнителни финансии. С

Македонија | пред 1 седмица

media-library6kk99rncb9hveaqKaiy

Притвор од 30 дена за сопственикот на „Алта банка“, осомничен за стекнување противправна имотна корист од околу 45 милијарди динари

Сопственикот на „Алта банка“, Давор Мацура, доби 30-дневен притвор со одлука на Вишиот суд во Белград, во рамките на истрага за сомневање за злоупотреба на положбата на одговорно лице.Одлуката е донесена на 4 ноември 2026 година, а со неа притвор им е одреден и на Г. М. и И. П., кои се осомничени во истиот предмет. Како причини се наведуваат опасност од влијание врз сведоци и повторување на кривичното дело, додека за Мацура е утврдена и опасност од бегство.Според обвинителството, Мацура е осомни

Балкан | пред 1 седмица

media-library93a7o87canrk2qtvUrZ

Од утре клиентите на „Алта банка“ без картички ќе можат да подигнат до 20.000 денари, шалтерите ќе работат и во сабота

Од утре, 5 ноември, клиентите на „Алта банка“ АД Битола кои имаат платежни сметки, но не поседуваат платежни картички, ќе можат да подигнат готовина на шалтерите во главната филијала во Битола. Максималниот износ што ќе можат да го повлечат е 20.000 денари во период од две недели, информира Народната банка.Исплатата ќе се врши на повеќе шалтери во филијалата на улицата „Добривое Радосављевиќ“ бр. 21, а услугата првенствено е наменета за пензионерите и примателите на социјална помош кои средстват

Македонија | пред 1 седмица

media-librarylh9n83eane2o4ZccMgW

Српската „Алта банка“ има три дена да одлучи за продажба на акциите во Битола, потоа постапува Народната банка

Српската „Алта банка“ има рок од три дена да се изјасни дали самостојно ќе ги понуди на продажба акциите што ги поседува во „Алта банка“ АД Битола. Доколку тоа не се случи, постапката ќе ја преземе Народната банка на Македонија, која најави дека акциите ќе бидат понудени преку Македонската берза.Гувернерот Трајко Славески соопшти дека до надлежниот регулатор во Србија е испратено известување со барање за одговор во рок од три дена. Тој најави дека, независно од одговорот, по истекот на десет ден

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryg73ocqr6mh89dqUtXin

Вучиќ: Десетици илјади луѓе останаа без пари во Алта банка, најмногу Руси

Александар Вучиќ во интервју за Информер изјави дека нема доволно информации за случајот со Алта банка и повтори дека лично немал никаква врска со оваа банка. Тој наведе дека, според неговите тврдења, меѓу оние кои останале без пристап до своите пари има голем број руски државјани кои живеат во Србија.„Сè ми е чудно. Немам доволно знаење, не сум експерт, ако ме прашате мене, сè ми е чудно. А што се однесува до мене, секако, немам апсолутно никаква врска со таа банка“, рече Вучиќ.Тој истакна дека

Свет | пред 1 седмица

media-libraryufbadqlok815az6qNa2

По реакциите, Славески се извини: Зборував за медиумите во Србија, не за македонските новинари

Гувернерот на Народната банка на Северна Македонија, Трајко Славески, преку објава на социјалната мрежа Икс (X) се извини доколку неговата изјава во емисијата „Топ тема“ на Телма била погрешно разбрана и предизвикала навреда кај македонските новинари.Славески појаснува дека во делот од емисијата во кој изјавил дека „медиумите ја урнаа банката“, мислел исклучиво на медиумските објави во Србија, поврзани со работењето на Алта банка од Белград, шпекулациите и непроверените информации за одливот на

Македонија | пред 1 седмица

media-librarylpfbpa13i34b52NkC3X

Отворена стечајна постапка над АЛТА банка во Србија: Доверителите имаат 90 дена да ги пријават побарувањата

Стопанскиот суд во Белград отвори стечајна постапка над АЛТА банка и ги повика сите доверители да ги пријават своите обезбедени и необезбедени побарувања во рок од 90 дена од денот на објавување на огласот за отворање на стечајната постапка во „Службен гласник“.Агенцијата за осигурување на депозити, која е именувана за стечаен управник, има обврска во рок од 60 дена да изврши попис на имотот и да подготви почетен стечаен биланс, со хронолошки преглед на значајните трансакции во последните шест м

Свет | пред 1 седмица

media-libraryc7acemm09ffcftQKcUK

Левица: Во ек на хаосот со АЛТА банка, Владата на ДПМНЕ го намалува буџетот за финансиско разузнавање за 1,7 милиони денари 

Случајот со АЛТА банка Битола отвори сериозни прашања за ефикасноста на финансискиот надзор, навременото препознавање на ризиците и заштитата на граѓанските депозити. Додека штедачите се соочуваат со драстично ограничен пристап до сопствените средства, на површина излегува уште еден загрижувачки податок од последниот ребаланс на Буџетот. Имено, Владата на ДПМНЕ ги намалува средствата за Управата за финансиско разузнавање од 55,4 на 53,7 милиони денари, односно за 1,7 милиони денари, велат од пол

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryu6ulb9uva4h010xVPmW

(Видео) „Филипче и СДС со притисокот кон НБРМ и Алта банка, создаваат терен бизнисмен близок до нив да ја купи банката за ниска сума“, вели Петрушевски

На прес-конференција, заменик-генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, Бране Петрушевски обвини дека СДСМ создава паника околу состојбата со АЛТА банка со цел да се отвори можност близок бизнисмен до Венко Филипче и Зоран Заев да ги купи акциите во банката по ниска цена.Петрушевски оцени дека зад реакциите на СДСМ не стојат политички мотиви, туку, како што тврди, деловни интереси на партиското раководство и негови блиски соработници.Како пример го посочи барањето на генералниот секретар на

Македонија | пред 1 седмица

media-library4ej5g05e0o6q6bvmDEQ

„Нема милионски одливи од „АЛТА банка“, трансакциите со Србија се редовни плаќања на клиентите“, тврди Славески

Вкупно 180.000 евра се префрлени од АЛТА банка АД Битола кон Србија по 26 октомври, додека приливите од Србија во истиот период изнесуваат околу 16.000 евра. Според гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, станува збор за редовни плаќања на клиентите, а не за милионски трансфери или сомнителни одливи.Во гостувањето во емисијата „Топ тема“, Славески посочи дека Народната банка ги проверила трансакциите и утврдила дека тие се поврзани со редовното работење на клиентите, меѓу кои и мали дома

Македонија | пред 1 седмица

media-library33an4rud3lsh4WXzvne

ЛДП: Славевски и Владата тотално забегаа! Сѐ уште мислат дека со 10.000 денари неделно народот живее луксуз

Либерално-демократската партија (ЛДП) преку соопштение упати критики до гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, и Владата поради ограничувањето од 10.000 денари неделно за клиентите на АЛТА банка. Од партијата оценуваат дека оправдувањето оти оваа сума е доволна, бидејќи е усогласена со просечните плати и пензии, ги занемарува реалните трошоци и секојдневните потреби на граѓаните.Од ЛДП посочуваат дека граѓаните се соочуваат со ограничен пристап до сопствените средства, додека треба да г

Македонија | пред 1 седмица

media-librarycro1mkrq6isd8cdtyZm

Пензионерите без картички од Алта банка ќе може да подигнат до 20.000 денари на шалтер

Народната банка подготвува посебен начин за исплата на пензиите на околу 3.500 пензионери кои примаат пензија преку АЛТА банка АД Битола, но немаат платежни картички. Се разгледува можноста тие еднократно, преку шалтер, да подигнат до 20.000 денари, со што би се избегнале повеќекратни посети на банката.Ова го соопшти гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, во интервју за „Топ тема“ на ТВ „Телма“. Од вкупно 11.500 пензионери кои примаат пензија преку банката, околу 3.500 немаат платежни к

Македонија | пред 1 седмица

dui

ДУИ за случајот со Алта банка: Колку јавни средства се изложени на финансиски ризик?

Демократската унија за интеграција (ДУИ) преку соопштение бара целосно институционално испитување на случајот со Алта банка, оценувајќи дека тој отвора сериозни прашања за управувањето со јавните средства, финансиската сигурност на државните институции и можните политички влијанија врз банкарските одлуки.Од партијата посочуваат дека воведувањето привремена администрација и ограничувањата во располагањето со средствата од страна на Народната банка ја наметнуваат потребата да се утврди колкав дел

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryc7acemm09ffcftQKcUK

„ДПМНЕ и Славески им одредија џепарлак на граѓаните дури и од нивните сопствени пари во АЛТА банка“, велат од Левица

Левица преку соопштение ја критикува одлуката за ограничување на пристапот до средствата на клиентите на „Алта банка“ Битола, оценувајќи дека мерките несразмерно ги погодуваат граѓаните, особено пензионерите и семејствата кои располагаат со сопствените заштеди.Од партијата посочуваат дека, и покрај уверувањата на гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, дека банката е ликвидна и високо капитализирана, физичките лица имаат неделен лимит од 10.000 денари, експозитурите се затворени, а елект

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања