Промени тема
Контакт

МИЦКОСКИ

media-libraryn690ca6rddis9kwaXZa

„Ќе разговарам и во иднина“ – Мицкоски ја брани комуникацијата со обвинителот Савески

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека не гледа ништо спорно во тоа што телефонски разговарал со републичкиот јавен обвинител Ненад Савески, откако во јавноста се отворија прашања за можен притисок врз обвинителството.Говорејќи за случајот со злоупотребите со мазут, кој беше затворен поради недостиг на докази, Мицкоски нагласи дека постои разлика меѓу судската и обвинителската власт.„Не знам што е чудно што сум се слушнал со јавниот обвинител. Друго се судиите, судската власт е сосема самостој

Македонија | пред 3 месеци

media-librarys907834jgrlj5VvA3fG

Владата размислува самостојно да инвестира 1,5 милијарди евра во Чебрен и Галиште

Државата е многу блиску до конечна одлука самостојно да го реализира проектот „Чебрен и Галиште“, најави премиерот Христијан Мицкоски, посочувајќи дека станува збор за стратешка инвестиција во водната и енергетската иднина на земјата.Одговарајќи на новинарско прашање за тоа како би се финансирал проектот, чија вредност се проценува на околу 1,5 милијарди евра, Мицкоски рече дека Владата веќе направила пресметки и разгледува можност целиот комплекс на хидроцентрали на реката Црна, над постојната

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryle430s5ob6pqajgbReX

Пушачите и конзумирачите на алкохол да не се надеваат на пониски цени, Мицкоски најавува дури и построги политики за заштита на здравјето

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција изјави дека Владата внимателно ја следи состојбата со инфлацијата и разгледува мерки кои ќе бидат во интерес на граѓаните, но засега нема да интервенира кај цените на алкохолот и тутунските производи.Одговарајќи на новинарско прашање кога може да се очекуваат нови економски таргетирани мерки, Мицкоски посочи дека просечната инфлација во првите четири месеци е под 4,5 проценти и е меѓу најниските во регионот.Според анализите на Владата,

Македонија | пред 3 месеци

media-librarys907834jgrlj5VvA3fG

Мицкоски: Следната година би почнале активностите за новиот Клинички центар кај „Борис Трајковски“, во тек се преговори за земјиштето

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека Владата веќе размислува за изградба на нов Клинички центар во Скопје, а како најсериозна опција се разгледува локацијата кај спортскиот центар „Борис Трајковски“.Тој посочи дека во моментов приоритет е завршување на проектите за клиничката болница во Штип, студентскиот дом и Факултетот за медицински науки, студентскиот дом во Кичево со проширена дејност и клиничката болница во Тетово, за кои веќе има индикативни и, како што рече, поволни понуди од потенци

Македонија | пред 3 месеци

media-librarypph65llmbrl9c4rqK3U

(Фото) Новиот Клинички центар ќе се гради кај „Борис Трајковски“, ќе биде подземно поврзан со болницата „8 Септември“, најави Мицкоски

Владата останува на ставот новиот Клинички центар во Скопје да се гради на платото пред спортскиот центар „Борис Трајковски“, потврди премиерот Христијан Мицкоски на денешниот брифинг со новинарите.Тој информираше дека земјиштето на предвидената локација е во приватна сопственост, поради што во тек се преговори со сопственикот за обезбедување услови за реализација на проектот.„Дефинитивно остануваме на ставот дека Клиничката болница во Скопје треба да се гради на платото пред базенот ‘Борис Трај

Скопје | пред 3 месеци

media-library0b8c6746947deE9ySDv

Мицкоски до опозицијата: Нека доаѓаат на работа и нека си ги заработат платите

Премиерот Христијан Мицкоски ги повика сите пратеници да учествуваат во собраниската расправа и да поднесуваат амандмани за Предлог-законот за правична застапеност, откако беше прашан за одлуката на Комитетот за односи меѓу заедниците законот да го разгледува со Бадентерово мнозинство и за најавените амандмани од опозицијата.Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски истакна дека не постои поделба на „мал“ и „голем“ Бадентер, објаснувајќи дека Бадентеровото мнозинство подразбира мнозинство од п

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryle430s5ob6pqajgbReX

Мицкоски за Бугарија: Непринципиелно е да се повикувате на човековите права, а на бирото да ви стојат 14 пресуди од Судот во Стразбур

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека нема да поддржи уставни измени доколку не постојат јасни гаранции дека тие ќе бидат последниот услов на патот кон членство во Европската Унија и дека државата нема повторно да се соочи со нови билатерални и идентитетски барања.„Додека сум јас претседател на Владата, никогаш нема да поддржам уставни измени во кои нема да имам јасен крај, дека ќе го почнеме процесот и ќе го завршиме. Додека немам јасни гаранции дека нема да има повеќе билатерални и идентите

Македонија | пред 3 месеци

media-library5irbtpuo4u8panfX0G3

Мицкоски: ИЈЗ од институција во долгови стана пример за инвестиции и развој

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Институтот за јавно здравје денес претставува пример за успешна трансформација, нагласувајќи дека од институција која се соочувала со финансиски проблеми прераснала во установа што инвестира во опрема, инфраструктура и унапредување на јавното здравје.На настан посветен на новите активности и проекти на Институтот, Мицкоски истакна дека во минатото институцијата била предмет на бројни ревизорски забелешки и, како што рече, не ја извршувала својата основна

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynn5vj08bdfkr6ULwtvp

Мицкоски задоволен од самитот во Тиват: Само јас од лидерите на Западен Балкан се сретнав и со Макрон и со Мерц

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека од самитот во Тиват се враќа задоволен и охрабрен, оценувајќи дека пораките од европските лидери биле најсилни досега кога станува збор за европската перспектива на земјите од Западен Балкан.Според него, на самитот било потврдено дека процесот на проширување на Европска Унија останува активен и дека паралелно со него се подготвува нов механизам за продлабочување на односите меѓу Унијата и земјите од регионот.Мицкоски посочи дека од разговорите со француск

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryounipmj4sptf8dlIv7a

Мицкоски по средбата со Мерц: „Процесот на проширување на ЕУ е жив“

Премиерот Христијан Мицкоски од Тиват изјави дека процесот на проширување на Европската Унија останува жив и дека Македонија треба да продолжи со реформите, но без да го загрози националното достоинство.Говорејќи по билатералната средба со германскиот канцелар Фридрих Мерц во рамки на Самитот ЕУ – Западен Балкан во Тиват, Мицкоски рече дека разговорите биле конструктивни и дека Македонија го пренела својот став за актуелните европски прашања.„Наша задача како Влада е да го зачуваме процесот на п

Македонија | пред 3 месеци

media-librarylb9udu4aqkb53Zp6508

Мицкоски по средбата со Макрон: Градиме пријателства и отвораме нови можности

Премиерот Христијан Мицкоски оствари средба со францускиот претседател Емануел Макрон, на која биле разменети мислења за актуелните состојби во регионот, европските перспективи на земјата и прашањата важни за иднината на граѓаните.Мицкоски средбата ја оцени како пријателска и срдечна, истакнувајќи дека Франција, како една од највлијателните држави во Европа, има значајна улога во процесите поврзани со европската интеграција на земјите од Западен Балкан.„Разговаравме за регионот, за прашањата важ

Македонија | пред 3 месеци

media-library15nssob6efpib4aBZdn

Мицкоски се сретна со Мерц во Тиват: Европската интеграција во фокусот на разговорите

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Тиват оствари средба со германскиот канцелар Фридрих Мерц во рамките на Самитот ЕУ – Западен Балкан.На средбата, двајцата соговорници разменија мислења за европските перспективи на регионот, актуелните предизвици со кои се соочуваат земјите од Западен Балкан и значењето на продлабочувањето на регионалната соработка и европската интеграција.Мицкоски истакна дека ваквите средби претставуваат важна можност за зајакнување на партнерствата и градење посилни врс

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryuadhpmgnnufp2w16gha

Мицкоски за Богоев: Истрагата ќе се проширува, следуваат акции и во други институции

Премиерот Христијан Мицкоски потврди дека е во тек истрага поврзана со поранешниот директор на Царинската управа и поранешен градоначалник на Карпош, Стефан Богоев, при што најави дека истрагата би можела да се прошири и на други институции.Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски рече дека предметот се однесува на работењето во институција со која раководел Богоев во минатото.„Истрага е во тек. Точно е тоа за коешто вие прашувате. Станува збор за лице кое е поранешен градоначалник на општина

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryf1l9ovfg4c6ebuW2gkz

Премиерот: Не очекувам Софија да го смени ставот, но Македонија ќе победи со аргументи

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата нема да прифати нови чекори во евроинтегративниот процес без јасен, прецизно дефиниран план и извесен крај, нагласувајќи дека Македонија нема намера повторно да влегува во процес на отстапки без гаранции.Одговарајќи на новинарско прашање за ставовите на европските лидери и позицијата на Бугарија, Мицкоски рече дека не очекува промена на ставот од Софија.„Јас не очекувам од Софија променет став. Посебно сега кога таму новата влада е во политички ме

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryn690ca6rddis9kwaXZa

(Видео) Мицкоски по пораките од Кошта: Нема цена што ќе нѐ натера да влеземе во авантура без гаранции

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека ставот на Владата останува непроменет и покрај пораките од претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, дека уставните измени остануваат услов за продолжување на евроинтегративниот процес.Мицкоски рече дека Македонија нема да влезе во процес чиј крај е неизвесен и нагласи дека нема цена што би го натерала да прифати таков пристап.„Нашиот став е јасен и непроменет. Еве да го повторам, нема цена со која ќе нѐ натераат да влеземе во авантура без да знае

Македонија | пред 3 месеци

media-library2672l82he69g0mwZWZG

СДСМ: Кошта јасно кажа - уставните измени се единствениот пат, Мицкоски ги лажеше граѓаните

СДСМ оцени дека посетата на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, потврдила дека уставните измени се единствениот услов за формално отворање на пристапните преговори на Македонија со Европската Унија.Од партијата соопштија дека пораката од Кошта била јасна и директна, обвинувајќи го премиерот Христијан Мицкоски дека со месеци ја доведувал јавноста во заблуда околу евроинтегративниот процес.„ЕУ нема никакви дополнителни услови, ниту дополнителни гаранции. Има само еден услов – уставни

Македонија | пред 3 месеци

media-librarybh8os6hnkvcnaf3EEo8

Мицкоски: Остануваме цврсто определени кон европскиот пат, бараме принципи и нормално кредибилен и предвидлив процес

Премиерот Христијан Мицкоски денеска оствари средба со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, при што главни теми на разговор биле европската интеграција на земјава, реформските процеси, економскиот развој и состојбите во регионот.На заедничката прес-конференција, Мицкоски истакна дека Македонија останува цврсто определена кон европскиот пат, но нагласи дека земјата очекува принципиелен, кредибилен и предвидлив процес на пристапување.„Не бараме привилегии, не бараме олеснети правила и

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryrm06cs09jqef0fWAITh

(Видео) Кошта до Мицкоски: Уставните измени се единствениот начин за формално отворање на преговорите со ЕУ

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, испрати јасна порака дека усвојувањето на договорените уставни измени останува единствениот начин за формално започнување на пристапните преговори на Македонија со Европската Унија.Во своето обраќање, Кошта најпрво го поздрави напредокот во спроведувањето на реформската агенда, особено во делот на владеењето на правото и реформата на јавната администрација, како и целосното усогласување на државата со заедничката надворешна и безбедносна политика

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryp1itoolue35acTNdNDS

По оставката на Фетаи, Мицкоски најави разговори за идната структура на Владата

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека во втората половина на јуни ќе се одржат разговори со коалициските партнери, на кои ќе се разгледуваат идните чекори во функционирањето на Владата и можните кадровски решенија.Одговарајќи на новинарско прашање поврзано со оставката на вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи и евентуалната реконструкција на Владата, Мицкоски рече дека конечните разговори ќе следуваат по завршувањето на тековните внатрепартиски процеси.„Во втората половина на јуни ќе се

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryp1itoolue35acTNdNDS

„Подготвени сме за разговори, но не и за нови отстапки без гаранции“, вели Мицкоски пред средбата со Кошта

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека Владата нема намера да го менува својот став во однос на уставните измени без јасни гаранции дека Македонија во иднина нема да се соочи со нови условувања на патот кон Европската Унија.Во пресрет на денешната посета на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, Мицкоски нагласи дека позицијата на Владата останува непроменета и дека нема да поддржи, како што рече, „авантура без извесен крај“.„Многу пати сме дале став по тоа прашање и нашиот став е н

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryug2l0n0vehivebXrYF2

Мицкоски за антикорупцискиот закон на СДСМ: „Помислив дека е за рубриката „Верувале или не““

Премиерот Христијан Мицкоски остро ја критикуваше најавата на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, за подготовка на нов закон за борба против корупцијата, оценувајќи ја иницијативата како несериозна и контрадикторна.Мицкоски изјави дека кога првпат слушнал за оваа идеја, мислел дека станува збор за нешто што би можело да се најде во рубриката „Верувале или не“, поради што одлучил извесен период да не ја коментира.„Гледам дека тие продолжуваат да ја туркаат оваа работа и навистина веруваат во тоа што

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryq8u6p62g14m57v5a5gU

Добрососедството е двонасочна улица, порача Мицкоски: Македонија нема да отстапи ниту милиметар без исполнување на обврските од Бугарија

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека Македонија ќе остане на своите позиции во однос на спорните прашања со Бугарија сè додека не бидат исполнети обврските од другата страна, нагласувајќи дека добрососедските односи се процес што бара ангажман од двете држави.„Добрососедските односи се двонасочна улица. Не можете да танцувате сами – или танцувате со партнер или немате партнер“, изјави Мицкоски, додавајќи дека и покрај одредената загриженост околу почетокот на мандатот на новата бугарска влад

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryna5858cteun6cpsMecN

Мицкоски најави поевтинување на дизелот за до 6,5 денари по литар

Премиерот Христијан Мицкоски најави можно поевтинување на дизел-горивото за шест до шест и пол денари по литар, додека цените на бензините би останале речиси непроменети или би се зголемиле за најмногу половина денар.Одговарајќи на новинарски прашања, Мицкоски информираше дека утре ќе се одржи онлајн владина седница на која ќе се разгледуваат мерките поврзани со цените на горивата. Според владините анализи, базирани на движењата на светските берзи во втората половина на мај и во текот на изминат

Македонија | пред 3 месеци

media-librarytdhn2kfuhbpr2E74Nvo

„Законот за пушење е подготвен по консултации со сите засегнати страни, нема да има повластени, ќе се спроведува на целата територија на државата“, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека новиот предлог-закон за пушење е изготвен по широк консултативен процес со сите засегнати страни и најави дека неговата примена ќе биде строго контролирана на целата територија на државата, без исклучоци и повластени.На средба во Владата со претставници на здруженија, организации и стопански субјекти, Мицкоски истакна дека законското решение не е донесено еднострано, туку е резултат на разговори со производители, дистрибутери, угостители, хотелиери и друг

Македонија | пред 3 месеци

media-library4r2ei7icocg038e47y2

Мицкоски: Љубопитни сме да ги слушнеме новите идеи за проширувањето на ЕУ

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата внимателно ги следи новите идеи за проширување на Европската Унија, но оцени дека е рано за коментари сè додека предлозите не добијат официјална форма.Одговарајќи на новинарско прашање за иницијативата на германскиот канцелар Фридрих Мерц за забрзување на евроинтеграциите на земјите кандидатки, Мицкоски рече дека повеќе детали очекува да бидат презентирани на Самитот на ЕУ и Западен Балкан што ќе се одржи на 4 и 5 јуни во Тиват.„Тие размислувања и

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања