Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Скопје1.мк

Oliver-Spasovski

Спасовски: Со неуставна интепелација Власта го руши уставниот поредок

Со кршење на уставот и неуставна интепелација парламентарното мнозинство го руши уставниот поредок. Тоа е удар за правосудниот систем и напад на владеењето на правото, рече пратеникот на СДСМ и координатор на пратеничката група, Оливер Спасовски, на денешната собраниска седница за интерепелација на членовите на Судскиот совет.Овде се повикувате на реформи во правосудниот систем, кој што се потребни во државата , кои се потребни да се врати довербата во судството, и наместо реформа се започнува со операционализацијата на една неуставна интерпелација, додаде тој.-Зошто е неуставна? Затоа што, член 68 ст1 алинеја 15 од Уставот предвидува интерпелација на оние кои одговараат пред Собранието, Владата, поедини членови на владата и др. носители на јавни функции кои се одговорни пред Собранието. На членовите на Судскиот совет одговорност може да утврдува само Судскиот совет, бидејќи тој е уставна категорија и претставува самостојно и независно тело во судството. Затоа поднесените интерпелации како механизам за политичка контрола на Собранието над субјектите од горе цитираниот член е преседан и недозволен акт во една демократска држава, упад во судството, кој ја руши темелната вредност на уставниот поредок на поделба на државната власт, во член 8 ст1 алинеја 4 од Уставот. И повреда на основното начело на еднаквост на членовите на Сускиот совет, создавајќи дискриминација помеѓу членовите, рече Спасовски.Понатаму, потенцираше Спасовски, Уставот со членовите 104 и 105 го регулира статусот, составот, мандатот на членовите, условите и постапката за избор и разрешување на членовите и надлежностите на Судскиот совет.-Поконкретно разработени во законот за Судскиот совет како lex specialis и е гаранција за независноста и непристрасноста на судската власт во однос на законодавната и извршната власт, но и во однос на политичките партии, органите на државната управа и на другите др институции. Затоа поднесената интерпелација е антипод на ваквата интенција која што е предвидена со Уставот, рече пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски.Поради овие причини Спасовски најави дека пратеничката група на СДСМ нема да учествува во понатамошната расправа на собраниската седница.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-03-11-at-13.49.21

(Видео)Студентите ја блокираа РТС откако водителката ги нарече „џган“

Пред зградата на РТС во Белград, синоќа се случи инцидент кога полицијата проби жив ѕид од студентите што ги блокираа влезовите на јавниот сервис.Некои медиуми објавија дека полицијата со палки удира студенти, а министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека не е точно дека полицијата ги нападнала студентите, туку дека било обратно.Студентите рекоа дека излезите ќе бидат достапни за сите вработени, но дека никој нема да влезе сѐ додека РТС не се ослободи.Ова беше предизвикано од однесувањето на водителката и на претседателот Александар Вучиќ, кои за време на програмата во живо ги нарекоа студентите „џган“, а употребуваа и други погрдни термини.РТС денеска од адресата Таковска 10 ќе се пресели на Кошутњак, каде што имаат канцеларии.А на социјалните мрежи се појавија снимки од група вработени кои преку прозор во подрумските простории успеваат да стигнат на своите работни места во зградата во Таковска 10.Од подрумските простории претходно беа исечени железни решетки и беа поставени капаци.

Свет | пред 1 година

tanja

Чачарова – Илиевска: Интерпелација на член на Судски совет е противуставен акт

Во Собранието во тек е седница, на чиј дневен ред се петте интерпелации за работата на членовите на Судскиот совет избрани од Собранието:Весна Дамева, Павлина Црвенковска, Миљазим Мустафа, Тања Чачарова-Илиевска и Селим Адеми.Зад иницијативата застанаа 67 пратеници од владејачкото мнозинство, но за нивното заминување од функциите ќе треба да одлучат самите со давање оставка.,,Интерпелацијата против петте членови на Судскиот совет, кои што ги избира Собранието е недозволена и овој акт претставува преседан во досегашната парламентарна демократија на Република Северна Македонија. Повеќе од 30 години досега ниту еднаш не се случило Собрание да поднесе интерпелација на член на Судскиот совет”, изјави членот на Судскиот совет Тања Чачарова – Илиевска.Таа рече дека нема да присуствува на собраниската седница.,, Интерпелација на член на Судски совет е недозволена и противуставен акт. Гледам во интерпелацијата подносителите на истата се повикуваат, а и по медиуми постојано тоа го слушаме, на нивното уставно загарантирано право да поднесуваат интерпелација, во смисла на член 72 од Уставот на Република Северна Македонија. Меѓутоа, одредбата од членот 68, став 1, алинеја 15, има поинакво уставно решение. Таму стои дека интерпелација може да биде поднесена спрема секој носител на јавна функција којшто одговара пред Собранието. Синоќа случајно на една од телевизиите имав прилика да слушам еден од пратениците којшто рече во дебатна емисија дека било „природно право“ тој што те бира и да те разрешува. Видете во правото немаме природно право, во правото имаме нормирани состојби, нормирани прашања, нормирани права и одговорности, така што Уставот посветил доволно одредби во членот 104 и 105 заменети со амандман 28 и 29, точно се уредени клучните прашања што се однесуваат за Судскиот совет, децидно доразработени во Законот за Судски совет и пратениците, за жал, немаат уставно право на ваков чин”, рече Чачарова – Илиевска.Според неа, Законот за Судски совет не прави разлика помеѓу членовите во зависност од тоа дали се избрани од редот на судиите или се избрани од Собранието, а со тоа се прави дискриминација помеѓу членовите на Судскиот совет што е недозволиво.

Македонија | пред 1 година

11032025_Mickoski_2

Мицкоски: Владата донесе одлука да додели премија на ракометарите во висина од 3 милиони денари

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски заедно со министерот за спорт Борко Ристовски ги прими македонските ракометни репрезентативци кои настапија на Светското првенство во ракомет што се одржа во Република Хрватска. Премиерот Мицкоски им честита за борбеноста, пожртвуваноста и претставувањето на Македонија на ова престижно натпреварување.„Во име на Владата и во мое лично име, сакам од срце да им честитам на нашите ракометари за одличниот настап и за гордоста што ни ја донесоа со своите храбри игри во Хрватска! Вие повторно покажавте дека со борбен дух, посветеност и заедништво можеме да ги поместиме границите на можностите и да ја претставиме Македонија во најдобро светло.За таа цел Владата донесе одлука да додели премија на ракометарите во висина од 3 милиони денари, како резултат на достоинственото претставување и пожртвуваноста на македонските спортисти во Хрватска.„Секој ваш натпревар беше доказ за силата на македонскиот спортски дух. Борбата на теренот, срцето што го оставивте за нашиот дрес и поддршката што ја добивте од македонските навивачи се вистински пример за тоа што значи љубов кон татковината“, истакна пред ракометарите премиерот Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-03-06-at-16.07.19

Ништо од „Ѓока Констракшн“ – за паркингот на Клинички две можни решенија

Министерот за здравство Арбен Таравари го поништи огласот за катните гаражи на кои се пријави само фирмата Ѓока Констракшн од Албанија.Ресорниот министер понуди две опции за стопанисување со паркингот.Првата е ЈП Градски паркинг да изгради две катни гаражи и да ги управува, а втората е тоа да го направи Службата за општи и заеднички работи при Клинички центар.

Македонија | пред 1 година

policija

Малолетничка со тешки повреди во болница, удрена од автомобил управуван од млад скопјанец

„На 10.03.2025 околу 18.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Козле“ со ул.„Нерешка“ во Скопје, патничко возило „опел астра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.А.(25) од Скопје, удрило во малолетничка-пешак.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје“, велат од МВР.

Скопје | пред 1 година

policacec-ohrid

Судир меѓу мопед и автомобил: малолетничка е со тешки повреди

На 10.03.2025 во 19.30 часот во СВР Охрид било пријавено дека во с.Велгошти, охридско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.Ш.(24) од с.Велгошти и мопед „лонгиа“ со охридски регистарски ознаки, управуван од малолетник од село Лешани, општина Дебрца.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка од мопедот, а со телесни повреди се здобиле малолетникот кој го управувал мопедот и возачот Д.Ш., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид и Општата болница - Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

Охрид | пред 1 година

soobrakajka-bitola

(Видео) Трагедија: Возач и сопатник загинаа на патот Битола-Прилеп

На 10.03.2025 во 11.55 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола – Прилеп, кај надвозникот за с.Кукуречани, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „дачиа" со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.И.(37) од Битола и товарно возило „ивеко" со битолски регистарски ознаки, управувано од Б.К.(29) од с.Обршани, општина Кривогаштани.Од здобиените повреди, на местото на несреќата починале возачот на патничкото возило Е.И. и сопатникот К.С.Д.(42) од Велика Британија, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Битола.Додека, сопатникот во патничкото возило С.К. од Индија се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увид, во присуство на јавен обвинител, извршила увидна екипа на СВР Битола.

Македонија | пред 1 година

rusija-ukraina

Русите тврдат дека зазеле повеќе од 100 км2 територија во Курск

Руското Министерство за одбрана објави дека нивните сили зазеле повеќе од 100 квадратни километри територија во Курск, пренесува Sky News.Украинските сили го нападнаа рускиот регион Курск минатиот август, делумно за да го оттргнат вниманието на Москва од бојното поле на исток. Оттогаш, Украина успеа да се задржи на таа територија, вклучувајќи го и клучниот град Шужа, но во последниве недели нејзините војници почнаа да губат земја.Ова го потврдуваат отворени извори кои покажуваат нагло влошување на позицијата на Украина во регионот.Руските сили дури користеа напуштени гасоводи за да се обидат да ги опколат украинските војници во Курск, како што беше објавено во текот на викендот.Сепак, Олександр Сирски, украинскиот врховен командант, оваа недела на социјалните мрежи изјави дека ситуацијата во регионот е „под контрола“.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2025-03-06-at-10.06.31

Украинската и американската делегација сега се состануваат за да разговараат за преговорите за ставање крај на војната

Американските и украинските претставници денеска се состануваат во Саудиска Арабија за да разговараат за заврстување на односите и да проценат дали Украина е подготвена да направи отстапки како дел од напорите на претседателот Доналд Трамп за брзо завршување на војната меѓу Русија и Украина.Вашингтон, кој беше главен сојузник на Киев пред инаугурацијата на Трамп во јануари, ја промени својата политика кон конфликтот и сега бара брз крај на борбите. Трамп воспостави директни контакти со Москва, ја запре воената помош за Киев и го прекина споделувањето разузнавачки информации со Украина, која беше нападната со полна сила од руските сили во 2022 година.Минатиот месец во Белата куќа се случи драматична конфронтација меѓу Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски, што сериозно ги наруши односите меѓу двете земји.Ова, исто така, го остави под сомнеж договорот за минералните ресурси, кој Трамп го претстави како клучен услов за континуирана американска поддршка и компензација за воената помош од околу 65 милијарди долари што САД и ги обезбедија на Украина од почетокот на руската инвазија пред три години.Под силен притисок од САД, Зеленски се обидува да покаже колку е посветен Киев да стави крај на војната, и покрај тоа што не успеа да обезбеди американски безбедносни гаранции како дел од договорот за минерали, кој Украина го смета за клучен за секој мировен договор.„Треба да ја разбереме позицијата на Украина и да добиеме општа слика за тоа какви отстапки се подготвени да направат, бидејќи не може да има прекин на огнот и крај на војната доколку двете страни не направат одредени компромиси“, рече американскиот државен секретар Марко Рубио во понеделникот, на пат за Џеда.На средбата на Рубио ќе му се придружи американскиот советник за национална безбедност Мајк Волц, а украинската делегација ја предводи Андриј Јермак, еден од најблиските соработници на Зеленски. Зеленски, кој во понеделникот беше во Саудиска Арабија на средба со престолонаследникот Мохамед бин Салман, нема да присуствува на разговорите.Иако Рубио беше повнимателен во своите изјави, специјалниот пратеник на Трамп за Блискиот Исток, Стив Виткоф, кој се занимава со дипломатија околу Украина, изрази оптимизам дека договорот за минерали меѓу САД и Украина ќе биде потпишан.Според дипломатски извори, Виткоф планира да ја посети Москва и да се сретне со претседателот Владимир Путин, по средбата со рускиот лидер минатиот месец, пренесува Ројтерс.

Свет | пред 1 година

vucic-policaec

(Видео) Вучиќ ги обвини студентите дека натепале полицаец, снимките покажуваат дека е натепан од колеги

Српскиот претседател Александар Вучиќ ги обвини студентите дека тие нападнале полицаец кој заврши со тешки повреди, односно раскрварено око. Но снимките на социјалните мрежи покажуваат дека токму полицаец го удрил полицаецот кој бил во цивинла облека и стоел на страна.„Лазар Бачиќ, полицаец, нападнат од страна болните пленумци пред зградата на РТС. Има тешки телесни повреди“, напиша Вучиќ.Сепак, снимките покажуваат друго. Тој бил повреден од кордонот полиција, односно еден припадник кој го удира.Исто така, тој бил во цивилна облека и не се легитимирал како полицаец.

Свет | пред 1 година

03012025-Mickoski-9

Мицкоски: Ова не е само ден на тага и сеќавање на страдањето на македонските Евреи, туку и ден на предупредување во кој ние потврдуваме дека никогаш нема да дозволиме историјата да се повтори

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска присуствуваше и се обрати на настан по повод 82 години од депортацијата на македонските Евреи, каде беше оддадена почит на една од најголемите трагедии во историјата на нашата земја.Тој во своето обраќање рече дека ова не е само ден на тага и сеќавање на страдањето на македонските Евреи, туку и ден на предупредување, ден во кој ние, како народ и човештво, потврдуваме дека никогаш нема да дозволиме историјата да се повтори.„Пред Втората светска војна, во Македонија живееше динамична, просперитетна и богата еврејска заедница. Евреите беа не само граѓани, туку и значаен дел од културниот, економскиот и социјалниот живот. Нивното присуство беше дел од нашата историја со векови. Таа година во март, тогашната фашистичка бугарска окупациска власт, во координација со нацистичките власти, наредија апсење и депортација на сите Евреи од тогашната Вардарска Македонија. 7.144 мажи, жени и деца беа присилно собрани и одведени во привремениот логор во Скопје, во објектот на тогашниот „Монопол“. Цела една заедница, цели семејства, цели генерации беа загубени“, истакна Мицкоски.Премиерот Мицкоски подвлече дека кога злото се шири, кога неправдата се врши, кога насилството станува правило, ако луѓето молчат тогаш злото победува и затоа според него, наша обврска денес, како и секој ден, е да зборуваме, да не дозволиме нови генерации да пораснат без да ја знаат вистината, да не дозволиме омразата да најде ново тло за да никне, да се бориме против секоја форма на антисемитизам, дискриминација и омраза, да ги учиме нашите деца дека толеранцијата, хуманоста и солидарноста се темелите на едно праведно општество и да не молчиме пред неправда.„Македонија е земја на различности, земја која отсекогаш била дом за многу култури, религии и народи. Тоа е нашето богатство, нашата сила. Еврејската заедница, иако речиси уништена за време на Холокаустот, останува дел од нашата историја, нашето секојдневие, нашата иднина, нашето културно наследство и нашата совест. Затоа, денес, додека стоиме овде, нека нашето сеќавање не биде само минато, туку и повик за иднината. Нека нивната трагедија ни биде лекција, нека нивните животи ни бидат потсетник, нека нивната болка ни биде опомена“, истакна премиерот Мицкоски во своето обраќање и повтори: „Никогаш да не се заборави! Никогаш повеќе!“

Македонија | пред 1 година

filipce

Филипче: Сакам да им се обратам на работниците, ВМРО-ДПМНЕ со оцрнувања бега од одговорноста да обезбеди повисоки плати

„Сакам да им се обратам на сите граѓани и посебно на работниците, во моментов, ВМРО-ДПМНЕ се служи со секојдневни оцрнувања на прес конференции за да избега од одговорноста да ви овозможи вам работниците повисоки плати. Сведоци сме на гнасна кампања на ВМРО-ДПМНЕ против секој кој чесно работи, заработува и заслужува достоинствен приход“, објави Венко Филипче, претседател на СДСМ и пратеник и додава:„ВМРО-ДПМНЕ има проблем со вас работниците, не со синдикатот. Вие со право барате пристојна плата со која може да се живее, а тие смислуваат подмолни приказни за ве обивнат дека сте политички мотивирани.На ВМРО-ДПМНЕ му пречи секој што бара праведен приход. Праведно и чесно е да се бараат повисоки плати во услови кога ни три минимални плати не се доволни да се покријат основните трошоци за живот. Праведно и чесно е да се бараат повисоки плати кога владата не прави ништо да го спречи ненормалниот раст на цените. Ова не е политичко прашање, но ВМРО-ДПМНЕ сака да го направи токму тоа, партиска пресметка за да избегне од одговорност.Но, зошто кога беа во опозиција, го поддржуваа синдикатот? Зошто тогаш беа за работниците, а сега се против нив? Одговорот на секој од вас му е јасен – тогаш им беше политички згодно, а сега веќе не сте им потребни.Ова е битка на ВМРО-ДПМНЕ со која конечно ќе стави крај на сите барања, ќе ве замолчи и ќе ве фрли во апатија. Тоа е целта на овие напади и ништо друго.СДСМ е доследна по ова прашање. И како власт и како опозиција силно се боревме за правата на граѓаните и за достоинствен живот. И ниедна негативна кампања на лаги на ВМРО-ДПМНЕ нема да ја поништи вистината.СДСМ ќе продолжи да ги поддржува граѓаните кои бараат достоинствен приход, ќе продолжи да поднесува закони во Собранието и да стои цврсто во заштитата на граѓаните. Попусто ВМРО-ДПМНЕ се обидува да не замолчи. А не смее да ве замолчи ни вас, работниците.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-02-10-at-08.55.43

Маск тврди: Нападот врз Х потекнува од Украина

Илон Маск во понеделникот попладне изјави дека Х бил цел на „масовен сајбер напад“ што довел до периодични прекини на неговата социјална мрежа во текот на денот. Тој подоцна посочи дека нападот потекнува од Украина.Платформата, порано позната како Твитер, беше недостапна за многу корисници, бидејќи објавите не можеа да се вчитаат.„Секојдневно сме напаѓани, но овој пат беа искористени многу ресурси. Или станува збор за голема, координирана група и/или е вклучена држава“, напиша извршниот директор на платформата.Downdetector, страница која ги следи прекините на платформите, покажа илјадници извештаи за проблеми, при што првиот голем скок е забележан околу 5:45 часот наутро, пред работите да се нормализираат неколку часа. Вториот бран на пријавени прекини продолжи и во текот на попладневните часови, а најголем дел од проблемите се забележани на мобилната апликација на компанијата.Објавите кои не успеаја да се вчитаат прикажуваа порака „нешто тргна наопаку“ и ги советуваа корисниците да се обидат повторно.Најбогатиот човек на светот не дал докази за своите тврдења. Неговата објава беше одговор на коментар од влијателен човек на криптовалути, кој сугерираше дека прекинот е поврзан со други форми на противење на деловните потфати на Маск. Минатата недела беа одржани протести против иницијативата предводена од Маск, позната како „оддел за ефикасност на владата“, а салоните на Тесла беа цел на вандализам.Маск го повтори своето тврдење за сајбер нападот за време на интервјуто за Fox Business подоцна истиот ден, сугерирајќи дека напаѓачите би можеле да бидат од Украина.„Не сме сосема сигурни што точно се случило, но имаше масовен сајбер напад со IP адреси кои потекнуваат од украинската област“, ​​рече Маск.Маск постојано ја критикуваше украинската влада, особено по влошувањето на односите меѓу таа земја и администрацијата на Доналд Трамп. Во текот на викендот, Маск рече дека „целата линија на фронтот“ на Украина ќе пропадне ако ја затвори Starlink, неговата сателитска комуникациска мрежа, и го нарече демократскиот сенатор Марк Кели „предавник“ откако последниот објави за неговата посета на Украина.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2025-03-11-at-10.19.18

(Видео) Надреална снимка од РТС: Вработените успеаја да влезат во зградата преку подрум

Утринава Радио телевизија на Србија ја емитува својата Утринска програма од студијата на Таковска 10, иако беше најавено дека програмата ќе се емитува од Кошутњак, јави репортерот на Н1. Група вработени успеале да влезат во зградата на РТС, а како што изјави за Н1, Алекса, студент на Математичкиот факултет од Нови Сад, вработените влегле од блискиот магацин низ подрумските простории.Како што објасни студент од Нови Сад за N1, учениците добиле дојава дека има уште еден влез во зградата на РТС, веднаш до зградата на општина Палилула. Имено, кога влегувате во тој влез од улица, влегувате во ходник од кој можете да влезете во подрумските простории на РТС.Студентот покажа фотографија од прозорец од подрумот од кој беа исечени железни решетки и поставени капаци и скали, за да можат вработените да се спуштат во подрумот и потоа да стигнат до своите работни места.Студентите во понеделникот вечерта почнаа со блокада на зградата на РТС, која се очекува да трае 22 часа. При интервенцијата на Жандармеријата синоќа пред РТС, повреден е полицаец во цивилна облека, а надлежните тврдат дека бил повреден од студенти, иако снимката го покажува спротивното.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2025-03-11-at-10.00.38

Денес ќе чуете како криминалците на Филипче поради провизии и бизниси со неговиот бизнис ас Јахоски го труеле народот со канцероген мазут, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Врвот на лицемерието кога СДС и Филипче ронат солзи за аерозагадувањето, а поради бизнис и пари нивниот пратеник и бизнис ас Јахоски го труе народот со мазут“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:Денес нема да чуете од СДС загриженост поради загадениот воздух, но ќе видите како криминалците на Венко Филипче поради провизии и бизниси го труеле народот со канцероген мазут. Тоа се истите тие кои правеа милионски договори со министерствата на СДС, вклучително и министерството за здравство додека Венко Филипче беше министер за здравство.Колку училишта и министерства набавиле од канцерогениот мазут на другарите на Филипче?Колку објекти користеле од истиот мазут кој бил канцероген и додека Филипче и дружината правеле милиони, народот бил убиван од канцероген мазут.Вистината ќе излезе на виделина. Се расплеткува клопчето на криминалци во политиката.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-41-6540PM

Приведено лице во штипско, управувал возило со 151 км/h на место каде е дозволено 80 km/h

На 10.03.2025 во 15.30 часот на експресен пат Штип – Кочани, кај село Крупиште, општина Карбинци, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Штип го лишиле од слобода А.М.(26) од Скопје, со живеалиште во Кочани. При контрола во патниот сообраќај со уред за мерење брзина – радар надвор од населено место, било измерено дека тој управува патничко возило „фолксваген пасат“ со кочански регистарски ознаки со брзина од 151 километри на час на место каде што брзината е ограничена на 80 километри на час.По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297 - а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-03-03-at-12.19.51

Трендафилов призна дека е пиун на СДС, ДУИ и Левица, за политичките барања на ССМ, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Трендафилов со неговите лоши потези, за жал, го направи ССМ да биде партиски комисија на СДС, а тој самиот гласноговорник на истата“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:Очајни се обидите на Трендафилов да глуми независен, кога самиот тој истакна дека се обединил со опозицијата за да нуди политички барања од нивно име преку ССМ.Прес-конференцијата која што ја одржа Трендафилов вчера е класичен пример на нервозен човек кој е откриен за заткулисните игри што ги прави, за коишто возвраќа на СДС кој го стави да биде прв човек на ССМ. Ова се има случувано и во минатото, односно, на СДС им стана практика да ставаат свои луѓе на позицијата претседател на ССМ.Барањата на ССМ и СДС се идентични, скоро и да немаат разлика, а проблемот е во тоа што тие предлози се нереални и политички, ќе создадат голема вештачка инфлација и парата нема да ја има истата вредност.Впрочем, видовме изминатите години како СДС на еден антидржавен начин ја урниса економијата.Трендафилов упати навреди и уцени кон власта и видно вознемирен од тоа што не му проаѓаат наметнатите политички предлози, истакна дека покачувањето на платите во образованието биле на штета на работниците.Нема друг синдикалец во светот кој е против повисоки плати, освен политички инструираниот на СДС, Левица и ДУИ.Владата предводена од ВРМО ДПМНЕ работи на подигнување на економскиот раст на државата, зголемување на платите во државата и отворање на нови работни места.

Македонија | пред 1 година

moskva

(Видео) Најмасовниот украински напад врз Москва од почетокот на војната: облакодери и автомобили во пламен, објавени првите снимки

Руските единици за противвоздушна одбрана уништија најмалку 11 украински беспилотни летала на пат кон Москва, изјави рано во средата градоначалникот на руската престолнина, додека воздухопловните власти соопштија дека ги прекинале летовите на двата аеродроми кои го опслужуваат градот.Московскиот градоначалник Сергеј Собјанин изјави дека беспилотните летала биле соборени над областите Раменское и Домодедово во московскиот регион. И двете области се наоѓаат на околу 40 до 50 километри јужно и југоисточно од Кремљ.„Според прелиминарните информации, нема штета или повредени“, рече Собјанин на апликацијата за пораки Телеграм.Руската авијациска организација соопшти дека летовите на аеродромите Жуково и Домодедово се прекинати поради загриженост за безбедноста на воздухот по извештаите за напади.Немаше коментари од Украина.Киев честопати вели дека неговите напади во Русија се насочени кон уништување на инфраструктурата која е од клучно значење за севкупните воени напори на Москва и се одговор на континуираното руско бомбардирање на Украина од почетокот на војната пред три години.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2024-12-17-at-08.50.54

СДСМ бара оставка од Андоновски за скандалот „со тендерските мрежи во министерството“

„СДСМ бара оставка од министерот Стефан Андоновски за сакданлот со тендерските мрежи во неговото Министерство“, велат од СДСМ и додаваат:Државната комисија за спречување на коруција и Јавното обвинителство треба веднаш да постапат за целосно расчистување на случајот.Министерот Стефан Андоновски отворено призна дека два тендери од неговото Министерство завршиле кај сопругот на неговата Државна секретарка, Клинчарова.И наместо да поднесе оставка тој дрско ги брани договорите доделени на сопругот на државната секретарка дека биле “заштеда на пари“!Ова е очаен обид за манипулација, но фактите се јасни: Државната секретарка Клинчарова, како највисок административен функционер, раководи со целата администрација во Министерството и е директно надредена на сите кои работат на тендерските постапки.Секој обид да се минимизира нејзината улога е груба лага и навреда за интелигенцијата на граѓаните!Овој случај е најеклатантен пример за конфликт на интереси, непотизам и корупција – заштитен знак на ДПМНЕ!Министерот Андоновски не може да се извлече со изговори, бидејќи не станува збор за еден, туку за два договори склучени со истата компанија на сопругот на Клинчарова.Зарем мисли дека граѓаните ќе го премолчат ова?Тендерските мрежи на ДПМНЕ продолжуваат да се шират, но институциите мора итно да реагираат!

Македонија | пред 1 година

IMG_6527

Андоновски: Ниту еден чекор на оваа Влада нема да биде во насока да се влоши состојбата во медиумскиот сектор

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, учествуваше во вчерашната дебата на емисијата „360 степени“ на МРТ1, каде што главна тема беа Нацрт-измените на Законот за медиуми. Тој потсети дека нацртот бил објавен на системот ЕНЕР, дека имало различни коментари и дека актуелната верзија е некаква средна вредност што произлегла од нив.„Овој закон како идеја потекна од два аспекти. Едниот е патоказот за владеење на правото и поглавјето 23 кое утврдува дека мора да имаме поголема јасност и транспарентност во уредувањето на медиумите и препознавање заради гарантирање на конкурентност и гарантирање на квалитетот и професионализмот на медиумите, признавање и препознавање на онлајн медиумите. Вториот аспект е дека во разговори со Здружението на онлајн медиуми и останатите онлајн медиуми, тие истакнаа подготвеност да предложат и иницираат ваков тип измени што ќе значат нивно препознавање како медиум, работа што ја вршат долги години, а никогаш не беше препознаен нивниот ангажман како медиум“, рече министерот Андоновски.Министерот потенцираше дека како подносители и предлагачи на измени во медиумските закони, тие не сакаат да скратат права на новинарите.„Една забелешка околу Европскиот акт на медиумски слободи – идејата наша нема никогаш да биде да ја влошиме состојбата во медиумскиот сектор. Сме стасале до некое ниво. Не велам дека некој е задоволен или не е задоволен од тоа, но сме на определено ниво. Не е најдоброто, не е најлошото. Ниту еден чекор на оваа влада нема да биде во насока да се влошат состојбите. Ако можеме да помогнеме со нов Закон за медиуми, со нов Закон за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, за состојбата да биде подобра, тогаш ќе се впуштиме во таа трка. Но, никако нема да влеземе во ситуација по секоја цена да го менуваме законот или по секоја цена да носиме нов закон за медиуми со којшто ќе ја влошиме состојбата“, рече Андоновски.Тој смета дека ќе биде потребна инклузивна дебата во којашто ќе учествуваат националните телевизии и ќе се земат ставовите на здруженијата на новинари, на онлајн медиумите, печатените медиуми, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски, како и на јавниот сервис за да се види кој е ставот, но доколку ставовите се разликуваат многу, Владата нема да влезе во процес на менување на законите.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Пендаровски и СДС се против националните интереси на Македонија, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Поранешниот претседател, Стево Пендаровски едвај дочека уште на првото појавување на интервју да ги поткопува позициите на Македонија во однос на надворешната политика“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:Пендаровски уште еднаш докажа дека СДС нема конзистентност во политиките.Пендаровски уште еднаш покажа дека „виткањето на кичма“ е единствената политика која ја познава СДС.Пендаровски и аналитичарите од СДС ги поткопуваат позициите на државата на меѓународен план. СДС си го покажа вистинското лице и ставот дека се контра политиките на стратешкиот партнер на Македонија, САД.Сервилноста и аматеризмот во надворешната политика која ја водеше Пендаровски и СДС ја доведе државата во незавидна позиција.Кому му служат изјавите на Пендаровски?Пендаровски со неговите изјави и пазарџиски политики, како и откривањето на разговори од средби со дипломати, само ги руши националните интереси и ги открива државните позиции, со што и прави штета на Македонија.Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, постојано ги унапредува и зајакнува односите со стратешките партнери на државата.

Македонија | пред 1 година

IMG_2595

Започна официјалната посета на претседателката Сиљановска-Давкова на Република Азербејџан

На церемонија со највисоки државни и воени почести претседателката Гордана Сиљановска-Давкова утрово во Баку беше примена од претседателот Илхам Алијев, со што започна нејзината официјална посета на Република Азербејџан.Двајцата претседатели имаа тет-а-тет средба, по што ќе следи пленарен состанок на двете делегации.Ова е прва официјална посета на македонски претседател на Азербејџан.

Свет | пред 1 година

thumbnail_levica3

Ако Мицкоски ги отфрли барањата на ССМ - Левица ќе го достави предлогот до Собранието и ќе се мобилизира за протестите, велат од партијата

“Поради живеењето во раскош и луксуз, Владата на Мицкоски не може да се поистовети со тоа како обичниот работник крпи крај со крај. Власт која троши милиони за храна и алкохол, министри кои со приватни летови одат на партиски прошетки и пратеници кои наплаќаат патни трошоци поголеми од нивната плата - не можат да разберат како работникот преживува во услови на енормно високи сметки и екстремна инфлација секој ден”, вели Левица и додава:Расипничкото водење на државата од ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ, донесе втора највисока инфлација во регионот од 4,9%, што е помеѓу највисока во Европа, каде просекот е 2.5%. Според ДЗС вкупниот раст на трошоците на живот споредено со 2020 е за неверојатни 44,2%. Минималната потрошувачка кошничка е недостижна за семејства со две минимални плати, што доведува до тоа сѐ повеќе луѓе да живеат во екстремна сиромаштија.Левица уште еднаш ја повикува Владата да излезе од стегите на своите спонзори и да се соочи со фактот во каква беда живее македонскиот работник! Наместо конфронтации и политички обвинувања, Мицкоски да се поистовети со работниците и да го прифати предлогот на ССМ за 500 евра минимална плата. Во спротивно, Левица најавува спремност да го достави предлогот на ССМ до Собранието, но и да ги поддржи најавените работнички протести на кои единствено барање е достоинствен живот.Воедно, го повикуваме владејачкото мнозинство да ги поддржи предлог-законите на пратеничката група на Левица за воведување на патни трошоци за работниците, исплаќање на плата најдоцна до петти наредниот месец, зголемување на породилното отсуство, како и намалување на цените на патарините за 50%, кои директно влијаат врз подобрувањето на квалитетот на животот на работниците.Владата да престане да глуми медијатор помеѓу работниците и поседниците на капитал, затоа што нејзина должност е да обезбеди гарант за егзистенција и достоинствен живот за работниците.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-11-24-at-12.48.50

Николоски од Прага: Преговарме за нови инвестиции од Чешка

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска ја продолжува работната посета на Чешката Република, каде во Прага покрај учеството на Комитетот за економска соработка меѓу Македонија и Чешката Република, ќе оствари билатерални средби со високи претстваници на чешката влада.Покрај средбата со директорот на аеродромот во Прага на која се разговарaше за воспоставување на нова линија Скопје –Прага,  како и можноста за нова линија Охрид- Карлови Вари, вицепремиерот ќе оствари и работни средби со министерот за транспорт и министерот за енергетика.Во продолжение Ви ја пренесуваме интегралната изјава на вицепремиерот Николоски:“Она што ми е особено задоволство е тоа што ќе се остварат бројни билатерални средби меѓу различни ресори. Покрај мојот ресор, тука е и ресорот земјоделие, култура и туризам, економија и финансии, надворешни работи и енергетика. Значи бројни сектори ќе бидат опфатени како можност за сорабокта меѓу двете држави. Веќе се прават посети на различни стопански концепти, исто така имаше и презентација на туристичките потенцијали на Македонија и множноста за привлекување на туристи, а само што завршивме состанок со директорот на аеродормот на Прага. Разговаравме за отворање на директна линија меѓу Скопје и Прага и можам да кажам дека сме многу блиску за отворање на директна линија, а можам да кажам дека разговаравме и за отварање на втора линија од Карлови Вари до Охрид како втора дестинација која би одела од Чешката Република. Денот  го продолжуваме со средба со претставниците на фабриката Шкода, мислам дека не треба многу да се кажува за Шкода, ќе се обидеме да ги привлечеме да инвестираат во Македонија. За утрешниот ден имаме средби со министерот за транспорт и министерот за енергетика, тука е и зедничкиот Комитет меѓу двете делегации и на тој начин очекувам да се зголеми трговската соработка а и туристичката размена меѓу двете земји и на овој начин покажуваме дека се обидуваме да го развиеме туристичкиот потенцијал и да ја подобриме економијата во Македонија.На средбата со директорот на аеродромот на Прага беа разменети идеи дали да се оди со авиопревозник кој што би го имал Скопје како единствена дестинација или тоа би се користело за конектинг летови кои би поврзувале други дестинации. Јас сум повеќе за втората варијатна затоа што тоа отвора друг тип на патници, отвора повеќе патници, а во однос на летната сезона таа е веќе почната така што зборуваме за зимска сезона и другата летна сезона, тоа е најрано кога што можеме да очекуваме други дестинации” -изјави вицепремиерот Александар Николоски.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања