Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

media-librarylt1a799aolv585K55iG

Македонците ќе плаќаат петпати повисок данок за стан во Грција

Македонските граѓани кои планираат да купат стан во Грција во иднина ќе треба да издвојат значително повеќе средства за данок. Од 1 јули 2027 година се најавува зголемување на данокот на пренос на сопственоста за станбените недвижности за физички лица од земји надвор од Европската Унија кои немаат статус на долгорочни жители во Грција.Наместо досегашните 3 проценти, даночната стапка би изнесувала 15 проценти. Промената нема да стапи во сила веднаш, туку од средината на 2027 година, што остава пе

Македонија | пред 1 месец

media-library8qs70ohqjp7g6O1R4SL

ДЗР: Системот за заштита и спасување не е доволно подготвен за навремено и ефикасно справување со катастрофи

Системот за заштита и спасување во Македонија не располага целосно со потребната подготвеност за навремено и ефикасно справување со катастрофи, покажува ревизијата на Државниот завод за ревизија. Во услови на сè поголема изложеност на шумски пожари, поплави и екстремни временски услови, утврдени се слабости во стратешкото планирање, институционалната координација, човечките и материјалните ресурси, финансирањето и модернизацијата на системот.Ревизијата била спроведена на тема „Градење на систем

Македонија | пред 1 месец

fon-der-lajen

Фон дер Лајен: Договоривме слободна трговија меѓу ЕУ и Филипините

Европската Унија и Филипините постигнаа политички договор за трговскиот договор, објави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, по телефонскиот разговор со филипинскиот претседател Фердинанд Маркос Помладиот.Објавата доаѓа три години по посетата на Филипините на фон дер Лајен, која требаше да создаде услови за продолжување на преговорите за трговски договор меѓу Брисел и Манила. Договорот претставува и чекор на Европската Унија кон проширување и диверзификација на економски

Свет | пред 1 месец

media-library9361j74v29b76UxTKKr

(Видео) Киев продолжува со удари врз руската енергетика, погодена рафинеријата во Самара

Украинските сили синоќа извршија напад со беспилотни летала врз нафтената рафинерија „Кујбишев“ во рускиот град Самара, на околу 765 километри од украинската граница.Рафинеријата се наоѓа покрај реката Волга и има капацитет за преработка на до 10.000 тони, односно околу 73.000 барели сурова нафта дневно. Годишно преработува околу 3,7 милиони тони нафта и, според достапните податоци, со гориво го снабдува рускиот воено-индустриски сектор и вооружените сили.На снимки објавени од канали што ги след

Свет | пред 1 месец

media-libraryd143n0lh9tmfa5C1yiL

Левица: „Во сезона кога западнонилската треска урива негативни рекорди, Град Скопје упорно крие дали навремено и колку ефикасно прскал - Левица поднесе жалба поради молкот на градот“

Левица преку соопштение обвинува дека Град Скопје не доставува информации и документација за спроведените третмани против комарци, во период кога, според партијата, Македонија се соочува со значително зголемен број случаи на западнонилска треска.Од партијата се повикуваат на податоци од Европскиот центар за превенција и контрола на болести и Институтот за јавно здравје, според кои бројот на регистрирани случаи годинава е значително поголем во споредба со претходните години. Според последните под

Македонија | пред 1 месец

media-library7kafgtnue3t2a3bRHDL

СДСМ: Мицкоски ја распродава Македонија - народот не се прашува

СДСМ преку соопштение изнесе остри критики кон премиерот Христијан Мицкоски и Владата, обвинувајќи ги дека носат одлуки за големи економски проекти без доволно информации за јавноста, додека граѓаните, според партијата, се соочуваат со проблеми со водоснабдувањето, енергетските трошоци и загадувањето.Од СДСМ тврдат дека Владата веќе има договори поврзани со приватни центри за податоци, увоз на електрична енергија и експлоатација на антимон, но дека јавноста не е запознаена со деталите за тие про

Македонија | пред 1 месец

media-libraryh2aohabuoto18k0oXtb

Тројца загинати во руските напади врз Дњепар, речиси 100.000 потрошувачи останаа без струја

Русија во текот на ноќта изврши серија напади врз индустриски и енергетски објекти во повеќе делови на Украина, при што, според украинските власти, загинале три лица, а речиси 100.000 потрошувачи во северниот дел од земјата останале без електрична енергија.Најтешко е погодена Дњепропетровската област, каде што руските сили со ракети, беспилотни летала и артилерија нападнале цели во Дњепар, Криви Рих и Павлохрад. Регионалниот гувернер Олександр Ханжа соопшти дека во нападите во четири окрузи заги

Свет | пред 1 месец

media-library423da062v4poeeSeL01

Хутите го проширија влијанието до клучниот морски премин Баб ел-Мандеб

Хутите со најновото освојување на јеменскиот брег на Црвеното Море и напредувањето кон стратешкиот премин Баб ел-Мандеб го продлабочија конфликтот со Саудиска Арабија, Израел и силите кои се вклучени во регионалниот судир. Со овој потег, тие ѝ нанесоа сериозен удар на јеменската влада поддржана од Ријад, а аналитичарите го оценуваат како значаен развој во регионалниот конфликт.Корените на судирот меѓу хутите и Саудиска Арабија се поврзуваат со 2004 година, кога движењето Ансар Алах, познато како

Свет | пред 1 месец

11-izrael

Израелскиот претседател го помилува поранешниот војник осуден за пукање во ранет Палестинец

Израелскиот претседател Исак Херцог го помилува поранешниот војник Елор Азарија, кој во 2017 година беше осуден поради тоа што во Хеброн застрелал тешко ранет Палестинец. Со одлуката, на Азарија веднаш му е избришана казнената евиденција, шест години пред рокот во кој тоа би се случило автоматски според законот.Канцеларијата на Херцог нагласи дека помилувањето не ја поништува пресудата и не претставува повторно разгледување на случајот. При донесувањето на одлуката биле земени предвид времето шт

Свет | пред 1 месец

media-library57ftvusr5klod8UwjQl

„Македонија останува на европскиот пат, ги браниме идентитетот и државните интереси“: Мицкоски на самитот „Конкордија“ во Њујорк:

Премиерот Христијан Мицкоски од Њујорк порача дека Македонија останува посветена на европскиот пат, но истовремено ќе продолжи да ги штити своите национални и државни интереси. На самитот „Конкордија“, кој се одржува паралелно со Генералното собрание на Обединетите нации, Мицкоски говореше за евроинтеграциите, односите со САД, стратешките инфраструктурни проекти и економските резултати.На панелот со грузиската заменик-премиерка Мака Ботчоришвили, Мицкоски се осврна на долгогодишниот процес на пр

Македонија | пред 1 месец

media-libraryjk1m664mlie8f00LOT6

Македонија блесна на Европското првенство по модерни танци во Скопје: Маша Станкович освои петто место

Маша Станкович освои петто место во категоријата „Ballet Repertoire Solo“ на Европското првенство по модерни танци, кое се одржува во Скопје.Станкович е дел од македонската репрезентација, која настапува на Европското првенство и ги брани боите на Македонија во силната европска конкуренција.На престижното европско натпреварување учествуваат танчери од 26 европски држави, а во текот на првенството својот талент ќе го претстават повеќе од 2.900 танчери.Европското првенство ќе трае до 29 септември,

Македонија | пред 1 месец

francuska-policija-pariz-gazenje-vojnika-5-620x350

Седумгодишно момче со нож ја усмртило својата тетка во семејна расправија во Франција

Седумгодишно момче со нож ја усмртило својата 49-годишна тетка за време на семејна расправија во Сен-Мор-де-Фосе, во близина на Париз. Според првичните информации од истрагата, детето се вмешало во конфликтот обидувајќи се да ја заштити својата мајка, пренесува BFMTV.Инцидентот се случил во ноќта меѓу 17 и 18 септември. Полицијата била повикана околу 4:30 часот, откако жена била пронајдена на улица со убодна рана во пределот на вратот. И покрај интервенцијата на итната медицинска помош, 49-годиш

Свет | пред 1 месец

media-libraryvf6i6m4djo252DC3f6p

Нема активни пожари во државата

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во периодот од 21 до 22 септември, до 07:30 часот, на територијата на државата биле регистрирани вкупно 31 пожар на отворен простор.Од нив, во утринските часови нема активни пожари, еден пожар е ставен под контрола, додека останатите 30 се изгаснати.Пожарот што е под контрола е регистриран во атарот на село Белица, на местото викано Кајорец, во општина Македонски Брод, од каде што се проширил кон Јасен во општина Сопиште. Зафатена е нискостебл

Македонија | пред 1 месец

bez-voda

Без вода дел од Автокоманда

Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека денеска, 22 септември, ќе има прекин во водоснабдувањето на дел од корисниците во населбата Автокоманда, општина Гази Баба.Поради промена на вентили од 2,5 цола во шахта на улицата „Јани Лукровски“ број 14/1, без вода ќе останат корисниците од високата и ниската зона на улицата „Јани Лукровски“.Прекинот во водоснабдувањето ќе започне во 08:30 часот и ќе трае до завршување на работите и санирање на дефектот.

Скопје | пред 1 месец

57198750_1221860291320745_1441311623477198848_o

Без струја делови од Бутел, Гази Баба и Кисела Вода

Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска, 22 септември, поради планирани активности на електродистрибутивната мрежа, делови од три скопски општини ќе останат без електрична енергија.Во општина Бутел, прекинот е предвиден од 07:55 до 09:55 часот и ќе ги опфати дел од потрошувачите на улиците „Ѓорѓи Стојчевски“ и „Лазо Москов“.Во општина Гази Баба, од 08:00 до 15:00 часот без електрична енергија ќе бидат дел од потрошувачите на улицата „Вила Анастасија“, меѓу кои бензинската пумпа „Лукоил – К

Скопје | пред 1 месец

258795493_465931921694283_9183676635682098414_n

Променливо облачно со сончеви периоди, температурите до 25 степени

Во Македонија денеска ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе биде свежо и ветровито, а во западните планински предели ќе има услови за појава на слаб локален дожд.Ќе дува умерен до засилен ветер, а долж Повардарието повремено ќе биде силен од северен правец, со брзина до 60 километри на час.Утринските температури ќе се движат од 8 до 17 степени, додека дневните ќе достигнат од 16 до 25 степени.Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, свежо и ветровито. Ќе

Македонија | пред 1 месец

media-library67u1l8gcbbcvdhCdzPx

Зеленски ги отфрли критиките на Трамп за нападите врз руската нафтена индустрија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги отфрли критиките на американскиот претседател Доналд Трамп за украинските напади врз руската нафтена индустрија, во пресрет на најавената средба на двајцата лидери во Њујорк.„Украинскиот енергетски сектор, критичната инфраструктура и нашиот извоз на храна мора да престанат да бидат цели на Русија, што од наша страна ќе доведе до соодветни чекори за деескалација“, напиша Зеленски на платформата „Икс“, одговарајќи на објава на Трамп на неговата платфор

Свет | пред 1 месец

media-libraryumbu21pcj1j54KMMoFP

Анкета: Поддршката за Трамп падна на 32 отсто, најниско ниво во неговата политичка кариера

Поддршката за американскиот претседател Доналд Трамп падна на 32 отсто, што е најниско ниво во неговата политичка кариера, покажува новото истражување на „Ројтерс/Ипсос“.Во четиридневната анкета, спроведена до вчера, 73 отсто од републиканците изјавиле дека го одобруваат работењето на Трамп. Тоа е пад во споредба со 82 отсто, колку што изнесувала поддршката меѓу републиканците во истражувањето на „Ројтерс/Ипсос“, спроведено една недела претходно. Вкупниот рејтинг на Трамп во таа анкета изнесувал

Свет | пред 1 месец

media-library45vicbt77qoq0tf9ti2

Италија ќе им дава по 500 евра годишно на 1,18 милиони домаќинства за храна

Италија воведува нова мерка за помош на домаќинствата со ниски приходи, со која на 1,18 милиони семејства ќе им бидат обезбедени по 500 евра годишно за набавка на прехранбени производи.Мерката е дел од продолжувањето на програмата „Картичка посветена на тебе“ (Carta Dedicata a Te), за која италијанскиот буџет предвидува по 500 милиони евра во 2026 и 2027 година, пренесува „Sole 24 Ore“.Корисниците нема да треба да поднесуваат барање. Корисниците ќе бидат утврдени врз основа на достапните податоц

Свет | пред 1 месец

media-library4d9mnchrbhsg39KmeKU

Мбапе за Зидан: „Ме однесе во Реал Мадрид кога имав 13 години, а сега ми е селектор“

Килијан Мбапе со големи очекувања го пречека Зинедин Зидан како нов селектор на француската репрезентација, потсетувајќи дека легендарниот Французин имал важна улога во неговите први чекори кон Реал Мадрид.Мбапе и Зидан за време на оваа репрезентативна пауза првпат ќе соработуваат во националниот тим. Зидан по пет години се враќа на тренерската работа, откако во 2021 година го напушти Реал Мадрид.Капитенот на Франција неодамна зборуваше за значењето што Зидан го има за францускиот фудбал, нареку

Спорт | пред 1 месец

media-libraryin2udn8pb9nfcsgKEDl

Три победи за Македонија на првиот ден од Светското првенство во кик-бокс

Македонската кик-бокс репрезентација со три победи и три порази го заврши првиот натпреварувачки ден на Светското првенство во Лидо ди Језоло, Италија.Милан Нешевски имаше одличен настап и до победата стигна уште во првата рунда, откако борбата беше прекината.Успешен настап имаше и Глигор Николов, кој прикажа сигурна борба и славеше со убедливи 3:0. Победа за македонскиот тим забележа и Марко Баснарков, кој со сигурен настап го совлада својот противник и го продолжи настапот на шампионатот.Од др

Македонија | пред 1 месец

media-library0hlote02eapc3Keyqzt

„Авто Атом“ престана со работа: Кочани остана без единствениот меѓуградски превозник

По 24 години работа, „Авто Атом“ од Кочани престана со работа, со што градот остана без единствениот превозник што обезбедуваше редовни локални и меѓуградски автобуски линии.20 септември беше последниот работен ден за компанијата и за нејзините вработени. Според информациите, дел од вработените продолжиле кај други превозници, додека останатите биле прогласени за технолошки вишок.Последниот автобус на „Авто Атом“ попладнево сообраќаше на линијата Скопје–Кочани, со поаѓање во 18:30 часот од Скопс

Македонија | пред 1 месец

51982135_761934034192496_3837100924430450688_n-696x462-1

Семејствата на загинатите од Ласкарци: По седум години и 150 рочишта, одлуката на Врховниот суд повторно ги отвори раните – некои родители починаа без правда

Членови на семејствата на загинатите и повредените во автобуската несреќа кај Ласкарци, со соопштение потпишано од 35 лица, остро реагираа на одлуката на Врховниот суд да ја укине пресудата за обвинетите и предметот да го врати на повторно одлучување пред Апелациониот суд.Тие велат дека веста ја примиле со неверување и чувство на неправда, оценувајќи дека одлуката дополнително ја поткопува веќе нарушената доверба на граѓаните во правосудниот систем.„Сметаме дека ваквата одлука дополнително ја по

Македонија | пред 1 месец

media-libraryjmaflrkgo06g6igJyou

Гинеколог физички нападнат во ординација додека прегледувал пациенти

Гинекологот Дејан Огненовиќ бил физички нападнат во својата ординација во поликлиниката „Букурешт“ во скопски Карпош, при што се здобил со скршеница на вториот вратен пршлен. За случајот докторот сведочеше за Сител, посочувајќи дека нападот следел по низа закани што, како што вели, ги добивал во изминатиот период.Според сведоштвото на Огненовиќ за Сител, напаѓачот влегол во ординацијата додека тој прегледувал пациентки. Најпрво му упатил вербални закани, а потоа физички го нападнал.Докторот за С

Скопје | пред 1 месец

igor-jug

Сопругата на починатиот Игор Југ: Нема да престанеме да бараме правда

Седум години по апсењето на Игор Југ за настаните од 27 април 2017 година, неговата сопруга Ивана порача дека семејството и понатаму ќе бара одговори и правда за случајот.Во објава на социјалните мрежи, таа се потсети на 21 септември 2017 година, кога во раните утрински часови Југ бил уапсен, посочувајќи дека токму тогаш започнал тежок период за нивното семејство.„Поминаа години исполнети со неизвесност, болка и борба. Веќе година и пол Игор не е со нас, а случајот сè уште не е решен. Одговори н

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања