Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

media-library00pasd9jk6oedCjlRCH

Започна „Пастрмалијада 2026“ во Штип со традиционално сечење на џиновската пастрамајлија

Со мирисот на традиционалниот штипски специјалитет и богата културно-забавна програма, во Штип започна „Пастрамајлијада 2026“. Манифестацијата беше отворена со традиционалното сечење на џиновската пастрамајлија на шеталиштето „Ванчо Прќе“.Годинашната џиновска пастрамајлија била долга 2,10 метри. За нејзината подготовка, пекарот Николче Малинов и неговиот тим употребиле 17 килограми свинско месо, четири литри масло за јадење и 20 килограми брашно.Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, ис

Македонија | пред 1 месец

media-libraryff52eul2gk3p6SgSIG4

Меџити: Продолжуваат работите на улиците „Емин Дураку“, „Дервиш Хима“ и „Парашкеви Ќириази“

Работите на реконструкција и уредување на улиците во Општина Чаир продолжуваат, информира градоначалникот Изет Меџити.Како што посочи Меџити, во тек се градежни активности на улицата „Емин Дураку“, додека на улиците „Дервиш Хима“ и „Парашкеви Ќириази“ се врши асфалтирање, уредување на тротоарите и на влезовите во станбените објекти.Во овие населби, според градоначалникот, се уредени и поставени и нови детски игралишта, со што се создаваат подобри услови за најмладите жители.Меџити побара разбира

Скопје | пред 1 месец

media-library17cmrulfmv80flLPSNQ

ССК очекува решение за проблемот со престојот на македонските превозници во Шенген

Проблемот со престојот на македонските превозници во земјите од Шенген-зоната и понатаму се следи од бизнис-секторот, од каде што очекуваат Владата да најде решение со кое ќе се избегнат последиците за транспортните компании.Сојузот на стопански комори смета дека во моментов нема сериозни штети за превозниците, но ситуацијата внимателно се следи. Претседателот на ССКМ, Горан Ѓорѓиевски, посочи дека Владата има најмногу информации за разговорите со претставниците на Европската Унија.„Ги следиме ч

Македонија | пред 1 месец

media-libraryqlia6kne459ddl398Sj

Срдановиќ за дуелот со Вучиќ: Ќе разговараме со луѓе кои имаат што да кажат и знаат што зборуваат

Студентите во блокада во Србија од денеска до 20 септември продолжуваат со средбите и разговорите со граѓаните во повеќе места низ земјата, како дел од акцијата „Од врата до врата“. Паралелно, продолжува и нивната велосипедска тура „Чувари на Уставот“.Во Сечањ, на велосипедистите им се приклучил и Илија Срдановиќ, прв на Студентската листа. Студентите утрово тргнале од Вршац, а во текот на денот планираат да стигнат до Зрењанин.Срдановиќ бил пречекан со овации и аплауз, а по тој повод изјавил де

Балкан | пред 1 месец

makron

Макрон: Европа е под удар на руски хибридни напади

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Франција и Европа во последните недели се соочуваат со засилени руски хибридни закани.По состанокот со лидерите на парламентарните партии, Макрон оцени дека се зголемила заканата со која се соочуваат Франција и Европа, особено кога станува збор за активности што ги поврзува со Русија.„Во последните недели се засили заканата со која се соочуваат Европа и Франција, а тоа особено се однесува на руските хибридни закани“, изјави Макрон.Францускиот пр

Свет | пред 1 месец

media-library0osbf44rgo4m3CJeyaO

Почина Томче Филиповски, легендарниот фудбалер на Работнички

На 84-годишна возраст почина Томче Филиповски, едно од најзначајните имиња во историјата на македонскиот фудбал и легенда на скопски Работнички.Филиповски цели 18 години го носеше дресот на Работнички, со кој остави длабока трага во историјата на клубот од Дебар Маало. За скопскиот тим одигра 633 натпревари и постигна 225 голови, а во сезоната 1971/72 беше најдобар стрелец во Втората југословенска лига.И покрај бројните понуди да ја продолжи кариерата во друг клуб, меѓу кои и од Вардар, Филиповс

Македонија | пред 1 месец

media-libraryotp04iork40b92aI4vG

ЕУ не може да ги плати ракетите „Патриот“ за Украина, Киев сè уште не ги доставил договорите

Европската Унија засега не може да ја финансира набавката на ракети пресретнувачи за системите „Патриот“ наменети за Украина, бидејќи Киев сè уште не ги доставил потпишаните договори потребни за спроведување на исплатата.Портпаролот на Европската комисија, Балаш Ујвари, на прес-конференција изјави дека набавката на системите „Патриот“ била одобрена минатата недела, но дека исплатата е условена со завршување на формалната постапка.„Системите „Патриот“ беа одобрени дури минатата недела, затоа мора

Свет | пред 1 месец

media-librarym2d89fbrn64bcTaNj30

(Видео) Магнетниот штит на Земјата речиси исчезнал пред 41.000 години – научниците го реконструираа звукот

Пред околу 41.000 години, Земјиното магнетно поле претрпело драматична промена, а научниците сега успеале податоците за овој древен настан да ги претворат во звук.Користејќи податоци од сателитската мисија Swarm на Европската вселенска агенција (ESA), заедно со геолошки записи од древни карпи и седименти, истражувачите ја реконструирале промената на магнетното поле и создале звучна претстава на настанот. За да ја доловат неговата силина, во звучната слика додале и звуци на крцкање дрво и судирањ

Свет | пред 1 месец

media-library3q60lle3ri7hcea4HuW

Горивото поскапува низ Европа, се бара данок на екстрапрофит за нафтените компании

Германија бара од Европската комисија да подготви можни модели за оданочување на прекумерната добивка на нафтените компании, во услови на нов раст на цените на нафтата и горивата низ Европа.Германскиот министер за финансии Ларс Клингбајл на состанокот на министрите за финансии на ЕУ во Даблин побара предлозите да бидат доставени до следниот месец.„Неколку земји членки веќе долго време бараат конкретни модели“, изјави Клингбајл, додавајќи дека граѓаните гледаат оти нафтените компании ја користат

Свет | пред 1 месец

media-librarydb42hvlkop2v8zRIytV

(Фото) Манасиевски: Жерновски повторно виден како го вози „мерцедесот“ за кој тврдеше дека никогаш не го возел

Според објава на Валентин Манасиевски, Андреј Жерновски повторно бил забележан како го управува автомобилот „Мерцедес“ за кој, како што наведува, претходно тврдел дека не е во негова сопственост и дека никогаш не го возел.Манасиевски во објавата посочува дека Жерновски пред неколку месеци, при гостување во поткаст, изјавил дека нема автомобил „Мерцедес“ со регистарски таблички со иста бројка, ниту дека некогаш управувал „Мерцедес“ во сопственост на негов братучед.„Откако јасно кажа пред некој ме

Македонија | пред 1 месец

media-librarypinaq9vv1e5u3Ce2AG3

Семејна расправија прерасна во тепачка во банка во центарот на Скопје

22-годишна девојка од Скопје пријавила во полицијата дека била физички нападната и вербално навредувана од нејзината 53-годишна мајка во експозитура на банка во скопската општина Центар.Според пријавата, инцидентот се случил вчера околу 15 часот, кога мајката М.Р. агресивно се однесувала кон ќерката, ја влечела и туркала, а ѝ упатувала и закани.„Вчера во 21:00 часот во СВР Скопје, 22-годишна девојка од Скопје пријави дека околу 15:00 часот во експозитура на банка на подрачјето на Центар, нејзина

Скопје | пред 1 месец

mkd-429029

Фон дер Лајен од 30 септември до 2 октомври на турнеја низ Западен Балкан, ќе дојде и во Скопје

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, од 30 септември до 2 октомври ќе престојува во земјите од Западен Балкан, при што меѓу четирите станици на нејзината регионална турнеја ќе биде и Скопје.Покрај Скопје, Фон дер Лајен ќе ги посети Тирана, Приштина и Подгорица, каде што ќе разговара со шефовите на државите и владите, а ќе посети и проекти финансирани од Европската Унија.Во фокусот на разговорите со лидерите од регионот ќе бидат европскиот пат, постепената интеграција и с

Балкан | пред 1 месец

media-library47o2qshiqcsnbx9ocpk

ДУИ: Влијанието на Белград и „српскиот свет“ во Македонија е поголемо од кога било

Од Демократската унија за интеграција (ДУИ) реагираат на изјавите на српскиот претседател Александар Вучиќ во врска со првостепената пресуда на Специјализираните совети на Косово во Хаг против поранешните водачи на ОВК. Од партијата оценуваат дека влијанието на Белград и на концептот на таканаречениот „српски свет“ во Македонија денес е поголемо од кога било досега.Од ДУИ тврдат дека, според нив, не станува збор само за политичка перцепција, туку за прашање кое е нотирано и во извештаи и проценк

Македонија | пред 1 месец

media-libraryol8q0tsgfme3abZ5bWF

Хоџа: Зелената агенда треба да се претвори во платформа за конкретни регионални решенија

На конкретни активности, инвестиции и регионална соработка треба да се насочи следната фаза од спроведувањето на Зелената агенда за Западен Балкан, порача министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа од Жабљак, Црна Гора.Хоџа учествува на Третиот министерски состанок за Зелената агенда за Западен Балкан, кој се одржува на 18 и 19 септември во рамките на црногорското претседавање со Берлинскиот процес за 2026 година.На главната сесија „Зелена агенда за Западен Балкан – од залож

Македонија | пред 1 месец

media-librarynvfro9qg5c0hefY38TX

Студентите реагираат на поскапувањето на превозот: Од Тетово до Скопје со автобус 6.500 денари месечно

Студентската организација „Студентарија“ реагира на зголемувањето на цените на меѓуградскиот автобуски превоз кон Скопје, посочувајќи дека повисоките трошоци претставуваат дополнителен товар за студентите кои секојдневно патуваат од други градови до местото на студирање.Од „Студентарија“ наведуваат дека од 1 септември билетот во еден правец на релацијата Тетово – Скопје е зголемен од 200 на 250 денари, додека повратниот билет чини 500 денари. На релацијата Куманово – Скопје билетот во еден праве

Македонија | пред 1 месец

media-librarys488u65k2f1c4Q4mVPM

Во Сплит расте бројот на сифилис и гонореја

Во Сплит расте бројот на случаи на сифилис и гонореја, а лекарите предупредуваат дека станува збор за полово преносливи инфекции кои во последните години повторно се почесто се регистрираат.Зголемената зачестеност за „Далматински портал“ ја потврди доцентката Дубравка Вуковиќ, раководителка на Клиниката за кожни и полови болести при КБЦ Сплит. Како една од можните причини таа ги посочува промените во сексуалното однесување, на кои, според неа, влијаеле и превентивните терапии за спречување на ХИ

Балкан | пред 1 месец

ronaldo-960x638-1

Роналдо повторно во репрезентацијата на Португалија

Кристијано Роналдо повторно е на списокот на португалската фудбалска репрезентација, откако новиот селектор Жорж Жезус го објави првиот состав по преземањето на функцијата.Во составот нема големи промени во однос на тимот што претходниот селектор Роберто Мартинез го водеше на Светското првенство. Единствените нови имиња се Рафаел Леао, кој доби повик, додека Нелсон Семедо не се најде на списокот.Португалија во следниот период ја очекуваат четири натпревари. На 24 септември ќе го пречека Велс, а

Спорт | пред 1 месец

51982135_761934034192496_3837100924430450688_n-696x462-1

Врховен суд ја образложи одлуката за укинување на пресудата за Ласкарци: Апелација не објаснила како секој од осудените придонел за несреќата

Врховниот суд го објави образложението на одлуката со која ги уважи барањата на осудените за автобуската несреќа кај Ласкарци, во која загинаа 16 патници, и ја укина пресудата на Апелациониот суд. Според највисокиот суд, Апелација не дала доволно конкретни одговори на клучните жалбени наводи и не образложила на кој начин дејствијата на осудените се поврзани со несреќата и врз основа на кои докази е утврдена нивната кривична одговорност.Во одлуката се посочува дека вештачењата и супервештачењето

Македонија | пред 1 месец

nbrm-narodna-banka

Народната банка ја задржа стапката на противцикличниот капитал на 2 отсто

Народната банка одлучи стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот за изложеноста на банките во земјава да остане 2 проценти. Стапката ќе се применува од четвртото тримесечје на 2027 година, а одлуката е донесена по редовната квартална оцена на системските ризици, врз основа на податоците заклучно со вториот квартал од 2026 година.Од Народната банка оценуваат дека сегашното ниво е соодветно на макрофинансиските услови и состојбите во банкарскиот систем. Според оцената, банкарскиот се

Македонија | пред 1 месец

media-libraryl69l28rdkaop08ebhsX

Падна мал авион кај Винковци, пилотот почина

Мал авион денеска претпладне се урна во близина на местото Роковци кај Винковци, Хрватска. Несреќата се случила околу 10:05 часот, потврди полицијата за хрватскиот портал „Индекс“.Од полицијата информираат дека пилотот бил пронајден во тешка состојба и, и покрај обидите за реанимација, починал.На местото на несреќата биле упатени сите надлежни итни служби, а кон местото на падот бил испратен и хеликоптер на итната медицинска помош.Засега нема дополнителни информации за причините за падот. Надлеж

Балкан | пред 1 месец

media-library9tbupk95mcqt6Xqk74b

Европол идентификуваше 18 деца жртви на сексуална злоупотреба во меѓународна операција

Во најновата меѓународна операција на Европол, идентификувани се 18 деца жртви на сексуална злоупотреба ширум светот.Во двонеделната акција, одржана во седиштето на Европол во Хаг, учествувале истражители и експерти од 28 земји. Тие анализирале материјали со цел да го утврдат идентитетот на децата прикажани на нив и да откријат каде се наоѓаат.Станува збор за Работната група на Европол за идентификација на жртви (VIDTF), која обединува специјализирани истражители што работат на нерешени случаи п

Свет | пред 1 месец

f6a64cca-dacf-4f97-9278-26c69418ee3c

Макрон: Европа и Франција се соочуваат со засилени руски хибридни закани

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Франција и Европа во последните недели се соочуваат со засилени руски хибридни закани. Тој ова го истакна по состанокот со лидерите на парламентарните партии во Франција.Макрон оцени дека се менува и природата на руската агресија, при што како примери ги посочи нападот врз воз што сообраќа меѓу Полска и Украина, навлегувањето на беспилотни летала во воздушниот простор на соседни земји, како и спречениот напад врз аеродромот во Лајпциг.„Во послед

Свет | пред 1 месец

media-library2o86lvae3r1g2Jxg4al

„На Филипче му смета секој успех на државата, а не трепна кога заедно со Заев го продаваа името“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение реагира на денешната прес-конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, оценувајќи дека нему му пречи секој успех на државата.Од партијата велат дека Филипче зборува за распродавање на националните интереси, но го обвинуваат дека не реагирал кога, како што наведуваат, заедно со поранешниот премиер Зоран Заев биле донесени одлуки поврзани со името, јазикот и Уставот.„Филипче денес се најде да зборува за распродавање, а не трепна кога Заев го распродаваше името,

Македонија | пред 1 месец

media-libraryacm9sv0hbfms9MaClLE

(Видео) Победничкото ѕвонче повторно силно одекна на Клиниката за детски болести

Победничкото ѕвонче повторно силно одекна на Клиниката за детски болести за да ја означи големата победа на нашиот мал херој Ефнан, кој храбро ја помина и ја извојува тешката битка.Неговата сила и храброст се причина за голема радост и гордост. На Ефнан му посакуваме многу здравје, безгрижно детство, многу насмевки и среќни денови исполнети со игра и радост!Браво, Ефнан! Твоето победничко ѕвонче нека ѕвони уште долго!

Македонија | пред 1 месец

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

(Видео) Филипче: Дата-центрите ќе ја трошат водата и струјата, а нема да создадат работни места

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција повторно реагираше на најавите за изградба на центри за податоци, оценувајќи дека ваквите проекти може да значат голема потрошувачка на вода и електрична енергија, без да донесат значаен број работни места.Филипче посочи дека СДСМ не е против технолошкиот развој, туку, како што рече, против реализација на проекти за кои смета дека се поврзани со приватни бизнис-интереси на власта и на премиерот Христијан Мицкоски.Тој повторно г

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања