Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

media-library9bsefrpo8l9ldrHfMCA

Спор околу адитивот во пијалаците и јогуртите: ЕУ тврди дека е безбеден, активистите не се согласуваат

Европската агенција за безбедност на храната (ЕФСА) оцени дека употребата на засладувачот аспартам-ацесулфам (Е 962) како прехранбен додаток не претставува ризик за здравјето, но заклучокот на европската агенција беше остро оспорен од неколку независни невладини организации.Засладувачот е одобрен за употреба во бројни намирници и пијалаци без шеќер или со намалена енергетска вредност, меѓу кои се газирани пијалаци и јогурти. По внесувањето во организмот, Е 962 се разложува на аспартам и ацесулфа

Свет | пред 1 месец

makron-3

Макрон: Европа за 10 години треба да има сопствени мисии со астронаути

Европа треба да развие сопствен капацитет за испраќање астронаути во вселената во следните десет години, порача францускиот претседател Емануел Макрон на меѓународниот самит за вселената што се одржува во Париз.Макрон истакна дека Европа мора да ја зајакне својата независност во вселенскиот сектор и да ги зголеми инвестициите во развојот на сопствени технологии и капацитети.„Сакаме Европа да ја потврди својата амбиција во областа на летовите со астронаути. Нашата европска вселенска програма и по

Свет | пред 1 месец

nafta-mazut

Нафтата скокна на 105 долари за барел, највисоко ниво од мај поради ескалацијата на Блискиот Исток

Цената на нафтата силно порасна во четвртокот, при што барелот „брент“ за првпат од мај достигна 105 долари. Новата ескалација на конфликтот на Блискиот Исток дополнително ги потресе глобалните финансиски пазари.Цените на нафтата оваа недела повторно се искачија над 100 долари за барел поради засилените борби во Ормускиот Теснец и Црвеното Море. САД и Иран разменуваат напади, додека јеменските Хути, кои имаат поддршка од Иран, извршија напади врз Саудиска Арабија, зголемувајќи ги и ризиците окол

Свет | пред 1 месец

media-libraryn5t4ue1ff0oa1fzyL6m

Двајца пациенти со западнонилска треска и натаму во тешка состојба

Двајца пациенти со потврдена западнонилска треска и натаму се во тешка здравствена состојба и се приклучени на апарати за дишење. Останатите четворица пациенти, кои се хоспитализирани на Одделот за невроинфекции, се стабилни.Инфектолозите предупредуваат дека кај пациентите кај кои вирусот предизвикал невролошки симптоми е потребно подолго следење, а опоравувањето во потешките случаи може да трае и со месеци.Министерството за здравство веќе ги известило надлежните здравствени институции за потреб

Македонија | пред 1 месец

media-libraryti14i9hp6t8tevGr9Yx

Колариќ обвинува: Навреди, провокации и закани од советник на Левица на седницата

Советот на Општина Кисела Вода денеска работел под притисок и, како што тврди претседателката на Советот, Светлана Колариќ, во услови на провокации и недолично однесување од страна на советникот Петар од Левица.Колариќ во објава на социјалните мрежи наведува дека на седницата имало навреди и недолични зборови, провокации кон градоначалничката и останатите советници, како и покажување со прст и закани.Таа тврди дека советникот упатувал закани поврзани со децата на градоначалничката, а во еден мом

Македонија | пред 1 месец

media-libraryfopac3jqr80l5ltDa9i

Стаменкоска Трајкоска: Заканите од советниците од политичката партија Левица не можат да ги запрат резултатите

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, обвини советници од политичката партија Левица за, како што наведе, провокации, закани и обиди за доведување на јавноста во заблуда, нагласувајќи дека тоа нема да ги запре проектите што се реализираат во општината.Во своето обраќање, Стаменкоска Трајкоска директно му се обрати на советникот Петар, кого го обвини дека преку објавување снимки и вадење асфалт создавал „театар“ пред граѓаните.„Нема да паднам на вашето ниво и на ва

Македонија | пред 1 месец

media-librarym9i43dohfc8lbfWQkxk

Уапсен заменик-директор во Царинската управа: Осомничен дека зел мито од над 15.000 евра, се дал во бегство

Џевер Имери, вработен во Царинската управа како заменик-директор на Секторот за администрација, е уапсен под сомнение дека побарал мито од над 15.000 евра во врска со тендер во Царинската управа, дознава „Скопје1“.Според информациите, Министерството за внатрешни работи, преку Бирото за јавна безбедност, претходно обезбедило обележани парични средства кои му биле предадени на осомничениот.Откако ги презел парите, Имери не застанал на наредбите на полициските службеници и се дал во бегство.Полициј

Македонија | пред 1 месец

media-librarycvbh21e0trsp9kRAdBG

Клековски: По повеќе од една деценија е ажурирана листата на есенцијални лекови, ги следиме современите достигнувања во фармакотерапијата

Министерот за здравство, Сашо Клековски, денеска одржа прес-конференција заедно со шефот на канцеларијата на СЗО во земјава, Аким Али, и деканот на Фармацевтскиот факултет, проф. д-р Зоран Стерјев, на која ги презентираа новините во ажурирањето на Листата на есенцијални лекови.По повеќе од една деценија, нашата држава има ажурирана и официјално објавена Листа на есенцијални лекови, базирана на современи стручни и јавно-здравствени принципи. Стручната ревизија беше спроведена во рамките на Национ

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryc4hvagmcfabj8ROJJAX

Андоновски од Белград: Инвестициите во ИКТ-индустријата и технологијата го движат економскиот раст

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, учествуваше на економскиот форум BELTALKS 2026, кој вчера и денес се одржува во Белград, Република Србија, во организација на GLOBSEC.Во рамки на форумот, министерот Андоновски беше говорник на панел-дискусијата „Градење економија заснована на вештачка интелигенција: податоци, инфраструктура и конкурентност“.„Разговараме за иднината на регионот од економски аспект, а јас ги претставувам можностите за инвестирање во Македонија во областа

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryct7od4bsql1uasvRec2

Шпанија ќе продолжи да ги поддржува реформите во правосудството, средба на Шасивари со Соријано Ортиз

Продлабочување на соработката со Шпанија во областа на правосудството и поддршка за реформите беа во фокусот на денешната средба меѓу министерот за правда, Јетон Шасивари, и амбасадорот на Кралството Шпанија, Рафаел Соријано Ортиз.Шасивари го информирал шпанскиот амбасадор за приоритетите на Министерството за правда и активностите што се спроведуваат во рамки на реформската агенда. Во наредниот период се очекуваат конкретни законски и институционални чекори, насочени кон подобрување на ефикаснос

Македонија | пред 2 месеци

media-library1etnej2j7ue94P4guyQ

Осло ги забрани паметните очила во училиштата: „Не сакаме децата да бидат статисти на Мета“

Властите во Осло воведоа забрана за употреба на паметни очила со вештачка интелигенција во училиштата, со образложение дека учениците и вработените треба да бидат сигурни дека нема да бидат снимани без нивно знаење. Забраната се однесува на целиот училишен ден и на сите нивоа на образование.Заменицата на градоначалникот на Осло задолжена за образованието, Џули Ремен Мидтгарден, оцени дека станува збор за прашање на приватност и заштита на личните податоци. Таа порача дека градските власти не сак

Свет | пред 2 месеци

evro

Брисел повторно предлага „Купувај европско“: Јавните пари да се трошат за европски производи

Европската комисија предлага нови правила за јавните набавки со кои училиштата, болниците, локалните власти и другите јавни институции во Европската Унија би имале појасна правна основа да им дадат предност на европските производители и услуги.Предлогот, кој се оценува како нов чекор кон политиката „Купувај европско“, сепак не предвидува општа обврска јавните институции да купуваат исклучиво производи произведени во Европа. Наместо тоа, Брисел сака да им овозможи на јавните нарачатели полесно да

Свет | пред 2 месеци

media-library91ao9meerju69DKSvnn

Нов пресврт во драмата на летот од Солун: „Рајанер“ го оспорува тврдењето дека патникот бил извлечен низ прозорецот на авионот

Компанијата „Рајанер“ ќе го оспори тврдењето на 61-годишниот српски бизнисмен Љубиша Каровиќ дека при јулскиот инцидент на летот од Солун кон Германија главата и десната рака му биле извлечени низ скршениот прозорец на авионот.Главниот извршен директор на авиокомпанијата, Мајкл О’Лири, изјави дека Каровиќ бил силно повлечен кон прозорецот по наглото губење на притисокот во кабината, но дека ниту еден дел од неговото тело не излегол надвор од авионот. Тој најави дека „Рајанер“ ќе го оспори тоа тв

Свет | пред 2 месеци

media-librarynr6qk94q89ka0uYLyME

Прифатена жалбата на синот на норвешката кралица: Случајот за силувањата повторно пред суд

Апелацискиот суд во Норвешка ја прифати жалбата на Мариус Борг Хејби, синот на кралицата Мете-Марит, со што случајот повторно ќе биде разгледуван пред суд. Засега не е одреден датумот на новото рочиште, а судот најави дека веднаш ќе започне со подготовките за постапката.Хејби во јуни беше осуден на четири години затвор поради две силувања, семејно насилство и низа други кривични дела. Тој се жалеше на пресудите за двете силувања и за насилството врз поранешната партнерка.Неговиот адвокат Петар С

Свет | пред 2 месеци

media-librarygpm98ma7qalu2NF0lV3

Универзална сала повторно ќе ги отвори вратите за уметниците и публиката

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оствари средба со министерот за култура и туризам, Седат Сулејмани, на која биле разгледани заедничките приоритети во културата и можностите за продлабочување на соработката меѓу Град Скопје и Министерството.Во фокусот на разговорот биле подготовките за 2028 година, кога Скопје ќе ја понесе титулата Европска престолнина на културата. Според Ѓорѓиевски, ова претставува голема можност, но и одговорност за градот, со цел придобивките од титулата да остана

Скопје | пред 2 месеци

media-libraryap2ioodl01eccM1emuH

(Видео) Хаос во Кисела Вода: викање, мавтање со прст, барање за обезбедување и исфрлање на советник, обвинување за закани

Драма со викање, станување од место, покажување со прст и меѓусебни обвинувања за закани и насилство се случи на седница на Советот на Општина Кисела Вода. Тензијата кулминираше кога претседателката на Советот, Светлана Колариќ, побара обезбедување и отстранување на советникот од Левица, Петар Здравевски.Кавгата започна додека Колариќ прашуваше дали некој друг бара збор, по што Здравевски ѝ возврати: „Вие не барате?“.Во расправијата потоа се вклучи и градоначалничката на Кисела Вода, Бети Стамен

Скопје | пред 2 месеци

media-librarykrj03ns8i37e65hhsCN

11-годишниот Андреј Цековски блесна во Њујорк: златен медал и пехар за македонскиот пијанист

Њујорк беше сцена на уште еден голем успех на младиот македонски пијанист Андреј Цековски. На само 11 години, тој го освои првото место на меѓународниот натпревар „International Youth Music Competitions“, а своето признание го прими на свечениот концерт на победниците.Цековски на 5 септември настапи во „The DiMenna Center for Classical Music“, каде што му беа врачени златниот медал и пехарот. На сцената настапија и други наградени млади музичари од повеќе држави, меѓу кои Австралија, Канада, Кин

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryoup7bj077b9s2G7sSPd

Земјотрес го погоди Сараево: Потресот бил краток, но силен

Земјотрес со магнитуда од 2,8 степени според Рихтеровата скала денеска околу 14:15 часот го погоди поширокото подрачје на Сараево, а потресот го почувствувале граѓани во повеќе места во околината.Според првичните податоци на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), епицентарот бил на околу 21 километар северозападно од Сараево.Потресот особено го почувствувале жителите на Високо, Бреза и Илијаш, но бил почувствуван и во Сараево, Хаџиќи, Кисељак и подрачјето на Илиџа.На платформата на E

Балкан | пред 2 месеци

media-libraryg6kv0sdr15otdy2DlCS

„Скопје 2028“ ќе откупи најмалку 200 скопски приказни – граѓаните можат да испраќаат текст, фотографии и видеа

Фондацијата „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“ ги повикува граѓаните да помогнат во откривањето на местата и зачувувањето на приказните што го создаваат идентитетот на Скопје. Денеска се отворени два јавни повика – за мапирање локации со потенцијал за културна и уметничка употреба и за собирање „Скопски приказни“.Преку повикот за „Мапирање“, секој што го познава градот може да предложи простор кој заслужува да добие културна или уметничка функција. Тоа може да биде недоволно искор

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryg368h3odta16079fbCM

Големо ажурирање на есенцијалните лекови: Нови терапии за онкологија, ХИВ, хепатити, кардиологија и неврологија

По повеќе од една деценија, Македонија доби ажурирана и официјално објавена Листа на есенцијални лекови. Во неа се додадени 193 лекови и активни супстанции, додека 12 од претходната листа се избришани, соопшти министерот за здравство Сашо Клековски.Новините денеска беа презентирани на прес-конференција на која, покрај Клековски, учествуваа и шефот на канцеларијата на Светската здравствена организација во земјава, Аким Али, и деканот на Фармацевтскиот факултет, проф. д-р Зоран Стерјев.„По повеќе

Македонија | пред 2 месеци

media-library65kcrpk7307beL2M7qf

Се повлекува директорот на затворот во Шутка – Владата ќе назначи в.д. директор

Бобан Утковски се повлекува од функцијата директор на затворот „Скопје“ во Шуто Оризари. Неговата оставка веќе е доставена до Владата, потврди Марија Митева.Оставката треба формално да биде констатирана на некоја од следните владини седници, по што ќе биде назначен вршител на должноста директор.„Стигната е оставката на директорот, на некоја наредна седница на Владата ќе се констатира и ќе се постави в.д. директор“, рече Митева.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryu7bjgl37oav65haRigU

Османи тврди дека се комуницира за предвремени избори со ВМРО-ДПМНЕ, Митева: „Шири невистини“

Марија Митева, претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, категорично ги демантира тврдењата на потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи, дека имало комуникација со претставници на ВМРО-ДПМНЕ во врска со можноста за предвремени парламентарни избори.„Апсолутно немаме никаква комуникација со ДУИ, најмалку со Бујар Османи. Очигледно е дека сака да биде активен, а ако не е етничка провокација, тогаш шири невистини“, рече Митева.Нејзината изјава следува откако Османи во гостување во емисијата „Клик

Македонија | пред 2 месеци

media-library24vh06rfr4qq3unzUSz

Лотарија ќе ги исплати 300 милиони денари на „Авалон“, немало време за јавниот повик да трае подолго, кажа директорот Климовски

Договорот со „Авалон“ предвидува исплата на 300 милиони денари, потврди директорот на Државна лотарија, Александар Климовски, кој одговараше и на прашањата зошто јавниот повик за доставување понуди траел само пет дена.Прашањето беше поставено и во контекст на тоа дека понудата на компанијата која настапува под брендот „Авалон“ содржела концепт од околу сто страници, за кој се поставува прашањето како можел да биде подготвен во рок од само четири до пет дена.„Да, 300 милиони денари се во договоро

Македонија | пред 2 месеци

media-library01o2pmjvga48aTl6i15

„Лотарија е на државата, но парите не се буџетски“ – Климовски објаснува зошто 300 милиони ги смета за компаниски

Иако Државна лотарија е компанија во државна сопственост, директорот Александар Климовски тврди дека нејзините средства не се автоматски и буџетски пари. Одговарајќи на прашањето зошто се инсистира дека 300-те милиони денари потрошени за прославата на независноста се компаниски, а не буџетски средства, Климовски рече дека правниот статус на компанијата е клучен за оваа разлика.„Лаички што кажувате е едно. Законски и формално-правно е друго. Зошто? Затоа што Лотарија има посебен правен субјективи

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryfkg0fo0jp1uq8LEg4mR

12 возачи завршија во полиција: 11 возеле без положен возачки испит

Дванаесет возачи биле лишени од слобода во изминатото деноноќие поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“, соопшти Министерството за внатрешни работи.Од нив, 11 управувале возила без положен возачки испит. Станува збор за С.И. (24), Ф.Б. (24), Б.М. (21), Д.С. (20) и С.Р. (36) од Скопје, С.Ф. (30) од Зелениково, Џ.У. (34) од село во општина Чашка, О.Ф. (41) од Крушевско, како и Ф.В. (24) и Д.М. (31) од Куманово и Кумановско.Одделно, С.А. (34) од Кичевско бил лишен од

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања