Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Скопје1.мк

Screenshot-2025-01-19-at-08.12.40

Се бара притвор за Штекли и уште девет лица: три се во бегство

Од вчера, под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, на подрачјето на Градот Скопје се спроведува координирана акција во соработка со МВР. Одделот за специјални полициски операции изврши претреси на 20 локации во Скопје и на една локација во Гевгелија. При претресите пронајдени и одземени се бројни предмети поврзани со нелегална продажба на дрога и наркотични супстанци.Од слобода се лишени 10 лица за кои постои основано сомневање дека се членови на криминална група која подолг временски период извршува кривични дела од областа на недозволена трговија со дрога и наркотични средства. Осомничените – членови на криминалната група, дистрибуирале и организирале улична продажба на наркотични супстанци директно до корисниците.Постапувајќи по кривичната пријава, поднесена од МВР, надлежниот обвинител издаде наредба за спроведување на истражна постапка против 14 лица за кои постои основано сомневање дека сториле кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.Ценејќи ги околностите, поврзаноста на осомничените, како и кривичните дела што им се ставаат на товар, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основен кривичен суд Скопје достави Предлог за определување на мерка притвор за 10 лица, еден од осомничените е веќе во притвор, а останатите тројца не се достапни на органите на прогонот.Со оглед на тоа дека активностите во врска со оваа акција сѐ уште траат, јавноста навремено ќе биде информирана во текот на наредните денови.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-01-19-133607

Почина 17-годишното момче кое се здоби со изгореници од струен удар

Според информации од комплексот клиники „Мајка Тереза“ и покрај максималните напори на медицинските тимови, животот го загуби 17-годишниот пациент, донесен со изгореници, тешки телесни повреди, објави Сител.Пациентот беше примен преку Ургентниот центар, во четвртокот попладне, а третиран мултидисциплинарно од специјалисти од пластична и торакална хирургија во единицата на интензивна нега, а во комуникација со реномирани странски центри од соодветната област, земајќи ги во предвид резултатите од сите испитувања, параметрите и неговата исклучително тешка здравствена состојба.

Скопје | пред 1 година

ohrid-vodici

(Видео) Светиот крст од Охридското Езеро годинава во рацете на Мартин Гоџо од Варош

Мартин Гоџоски од Варош го фати светиот крстот што на празникот Богојавление Водици, денеска, беше положен во осветените води на Охридското Езеро.Тој беше најсреќен помеѓу неколкуте стотини капачи.Мартин светиот крст го фати и во 2022 година.

Македонија | пред 1 година

vodici-kiselavoda-4

(Фото) Илија Мелоски го фати Светиот крст во Кисела Вода

Илија Мелоски беше најсреќниот меѓу 50-те верници кои денес се обидоа да го фатат Светиот Крст во водите на базенот “Расадник”, кои претходно беа осветени. Од градоначалникот Орце Ѓорѓиевски тој доби икона и парична награда, а од повеќе општествено одговорни компании и повеќе други награди. Возобновената манифестација по повод празникот Богојавление- Водици од страна на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, која од година во година станува се попосетена, и годинава започна со литија од храмот Св. Ѓорѓи, предводена од свештенството од храмовите во општина Кисела Вода, збогатена со песните од КУД “Китка”. Најсреќниот учесник што го извади Богојавленскиот Крст од водите, Илија Мелоски за себе и за најблиските посака здравје и среќа, а наградите одлучи да ги донира.-Бог се јави браќа и сестри! За мене и за сите православни верници ова е многу значаен и величествен ден, кога го славиме крштевањето како една од Светите тајни на Христијанството, го чествуваме зачетокот на човековото живеење во верата и прочистување на неговата душа. За мене посебен, бидејќи денес е мојот именден.Масовноста и сплотеноста на мојот народ која денес ја гледаме е само потврда за исправноста на одлуката што ја донесовме – да ја возобновиме традицијата во Кисела Вода за положување на Крстот во осветената вода.Ги поздравувам и им се заблагодарувам на сите кои денес најпрво беа дел од литијата што започна од храмот Св. Ѓорѓи, се заблагодарувам на свештенството кое го предводеше овој убав настан во духот на нашата вера и традиција и на КУД “Китка” кои со својата песна овозможија настанот да има уште потрадиционална и посвечена нота, им честитам на сите кои имаа храброст и се обидоа да го извадат Светиот Крст од водите. Посебна честитка до најсреќниот Илија Мелоски кој го фати Светиот Крст, му посакувам добро здравје, среќа и радост и од Бога благословена година за него и за неговото семејство, а ние заедно со неколку општествено одговорни компании се потрудивме да го запамети овој ден и по повеќе награди.Му благодарам и за големиот гест на овој исто така голем ден, наградите да ги донира на оние кои имаат вистинска потреба. Да сте ми здрави и живи, а следната година повесели и помасовни-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 1 година

474092367_616537197593466_1581666234605094733_n

(Фото) Матеј и Далибор се најсреќните верници кои први стигнаа до светите крстови во осветените води во Аеродром

Матеј и Далибор годинава се најсреќните верници кои први стигнаа до светите крстови во осветените води во Аеродром.Матеј од Горно Лисиче го фати крстот положен во Маркова Река, а Далибор во езерото во комплексот „Јасика".В. д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, им посака многу здравје и среќа на сите храбри учесници и им го честита големиот христијански празник на сите православни верници.

Скопје | пред 1 година

Нема фотографија

(Видео) Мизрахи: Новиот кадар во образованието е неопходен за подобри ефекти во создавањето на нови образовани и компетентни професионалци

На денешната трибина „Подобрување на образованието“, пратеничката Рашела Мизрахи од редовите на ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека реформите во образованието мора да вклучуваат сите аспекти како плати, кадровски решенија, инфраструктура и наставни материјали, бидејќи само целосен пристап ќе доведе до вистинска промена. Таа додаде дека дисциплината и квалификациите на наставниот кадар се клучни за создавање на високо образовани и компетентни професионалци.„Кога ќе се започне фронтална битка против десистематизацијата во образованието, руинирање на целокупниот образовен систем, кој сепак за крајна цел има создавање на нови лица кои ќе бидат на пазарот на трудот високо елоквентни, образовани и полни со дисциплина. Првиот удар да биде на реформата во високото образование со вадење нов кадар или поелоквентен кадар кој што би бил една до две генерации имплементиран во образовниот систем, ќе доведе до подобри ефекти во образованието“, изјави Мизрахи.Мизрахи нагласи дека авторитетот и честа на наставниците треба да бидат почитувани, бидејќи нивната улога е клучна за создавање на високо квалификувани професионалци. Таа додаде дека дисциплината и континуираното истражување ќе ги поттикнат наставниците да го подобруваат своето знаење и да придонесуваат во своето поле.„Децата ги даваме во образовниот систем, а системот наставниците, професорите и учителите треба да направат луѓе. Честа и авторитетот треба да се вратат во рацете на наставниот кадар, висок наставен кадар заради тоа што воспитната компонента е битна, затоа што таа компонента повлекува дисциплина, а дисциплината овозможува агрегирање на базични основни информации, од коишто понатаму може да се гради лице кое што ќе добие интерес во цивилизациските придобивки дадени со она што сме го образложиле и научно го разбираме“, истакна Мизрахи.Мизрахи нагласи дека Меѓународниот универзитет, зад кој стои струшкиот градоначалник, го отвори прашањето за лажни акредитации и создавање на невалиден образовен кадар.„Вие образовниот циклус не го завршувате во моментот кога ќе добиете сертификат или диплома. Едно е дека вие добивате високо образование за да се квалификувате и на пазарот на трудот да влезете со висока квалификација, што значи висок бод или висока плата и понатаму висока пензија, меѓутоа од втората гранка што ја занемаруваме да ја разгледаме е идентитетската гранка. Високото образование води кон дисциплина, прибирање на информации, критично размислување и создавање на вокабулар на високо образована личност“, додаде Мизрахи.Мизрахи ја изрази својата контрапозиција на ставот на поранешната министерка Мила Царовска, која тврдеше дека учениците не треба да бидат „бомбардирани“ со информации. Според Мизрахи, децата треба да бидат изложени на голем број информации, бидејќи тие се основа за критичко размислување и создавање на идентитет на образовани личности.„Децата мора да бидат бомбардирани со информации бидејќи без информации не стигнувате до критична мисла, информациите ви даваат методологија, алатка и тактика за решавање на одреден проблем, со што во високото образование вие добивате и нов идентитет, идентитет студент. Откако компонентата идентитет-студент ќе заврши, вие добивате сертификат, како доказ дека имате нов идентитет, доктор, инженер, правник, економист. Доколку високообразовните институции не се темелат на дисциплина, прибирање на информации и создавање методи, алатки и тактики за решавање на проблеми, вие имате лажни високообразовни институции, тие се еден вид на трговски друштва во кои за одредена сума на пари добивате лажен идентитет со кој што ќе се имплементирате на пазарот на трудот. Во фелата на министерката за образование, во лекарската фела, кој сега ќе направи дистинкција меѓу вистинските бели мантили и оние кои што се само маскирани во бели мантили? Страшно е универзитетите, високообразовните институции да создаваат кадар со лажни идентитети, не создавајќи кадар имплементиран низ целиот систем и понатаму можете да кажете системот е руиниран заради тоа што една институција не е зградата и насловот на институцијата“, рече Мизрахи.Мизрахи ги критикуваше и седумте години на безредие од страна на претходната влада и нагласи дека потребата за ред е клучна за напредокот, вклучувајќи го образованието. Таа додаде дека за успешни политики, особено во образованието, без аналитика нема ефективна политика.„Имавме траорни 7 години на безредие, зачинето со страшно безобразие. Имаше огромна излезност на народот на претходните парламентарни избори и огромна поддршка за програма и идеја за нова иднина, ново утре. Но, што е клучот на сите прашања кои што се одговараат на сите теми, вклучувајќи и образование? Потребата од ред. Министерката за образование, министрите во моментов се обидуваат да направат ред. Велите да имаме политички тези, ама без аналитика нема политика, а за да имате аналитика мора да има ред“, истакна Мизрахи.Мизрахи истакна и дека министерката за образование, Весна Јаневска, се соочува со огромен број вработени кои се изгубени во папирологија и документи, без анализа и решенија за проблемите.„Имаме пред нас министер за образование кој многу често доаѓа во Собрание, повикува на јавна дискусија, на јавна расправа, комуницира со сите сегменти, сите чинители во образованието за да образложиме до каде сме и каде ќе одиме, кои наредни чекори ќе ги преземеме. Во безредието ни тонат и учениците и студентите и наставниците кои што не знаат дали ќе примат плата, колкава плата, ќе има ли материјали, кој ќе им биде програмот, зошто да биде овој, ќе се смени ли власт, ќе се смени ли овој програм“, додаде Мизрахи.Мизрахи истакна дека студентите се повеќе загрижени за практични проблеми како оброк, сместување и материјали, наместо за воспоставување ред во образовниот систем. Според неа, проблемот со кадарот во високото образование се однесува на недостигот на нови кадри, но искуството на постоечкиот кадар не треба да се занемари.„Студенти кои повеќе мислат на тоа дали ќе има студентски оброк, автобуски карти или дали ќе има материјали, книги каде ќе ги набават, дали ќе имаат сместување, на што ќе личи тоалетот каде ќе престојуваат, наместо да мислат на редот кој што треба да се воспостави, а тоа е образованиот циклус. Зачинуваме со тешки прашања, од типот на дали стар кадар или нов кадар во високообразовните институции“, истакна Мизрахи.Мизрахи нагласи дека министерката и другите министри во моментот прават анализа на состојбата и вложуваат големи напори за воспоставување ред. Тие ја информираат јавноста за актуелната ситуација и бараат помош од сите чинители за да го подобрат системот за доброто на сите.,,Сето ова што го прави министерката во моментов и сите министри е аналитика на состојбата која што е најдена во моментот за да се направи ред. Да бидеме благодарни што во овој момент имаме луѓе во извршната власт кои што надчовечки даваат напор за да направат анализа, да излезат во јавноста, да ја презентираат моменталната состојба, да ја информираат јавноста, да побараат помош од сите чинители за да направат ред за сите нас“, заклучи Мизрахи.

Македонија | пред 1 година

stekli-sud-1

(Видео) Раде Штекли и дел од „неговата” група донесени во Кривичен суд, Обвинителството бара притвори

Познато е што е запленето по вчерашното апсење на Раде Штекли и групата - дел донесени во суд.Запленети се 325.000 денари и 3.995 евра, четири ПМВ, 12 мобилни телефони, еден пиштол марка Зораки 9 мм и 22 куршуми, семки од НН растение, НН растителна материја со зелена боја, пет дигитални ваги, неутврдена количина на бела прашкаста материја, пластична мешалка, метална лажичка за дозирање, фолија за пакување, две дробилки, еден видео рекордер, едно УСБ и др., од кои дел ќе бидат предмет на вештачење.Раде Штекли и дел од „неговата“ се група донесени во Кривичен суд. Обвинителството бара притвори по повеќе основи.За некои осомничени ќе се бараат други мерки за обезбедување присисуство.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-01-19-130518

(Видео) Климент Танески од Ростуше го извади осветениот крст од водите на Радика

Климент Танески од Ростуше го извади осветениот крст од водите на Радика, што беше положен од епископ Антаниски, г. Партениј, по повод денешниот голем христијански празник Богојавление – Водици.„Бог се јави. Навистина се јави. Пресреќен сум. Посакувам многу здравје, среќа и радост на сите и благосостојба во државава“, посака Танески.„Вадењето на светот крст од водите на Радика од страна на ростушанец нека биде за благослов на сите луѓе што живеат во овој крај, благослов за растење и развој на регионот. За многу години. Нека бог ја излее својата благодат за да има на земјата многу мир, многу љубов и меѓу луѓето добра волја“, порача владиката Партениј.Овој пат имаше рекордна бројка од околу 300 верници, кои учествуваа во извлекувањето на крстот од бистрите води на реката Радика, кои најпрвин присуствуваа на Божествена Литургија во храмот посветен на Пресвета Богородица во село Ростуше, со која чиноначалствуваше владиката Партениј.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

(Видео) Јаневска: Реформите во образованието ќе значат поставување темел на успех и просперитет на државата

„Тоа е една многу сериозна ситуација кога низ целата држава се зборува дека на одредени универзитети или факултети, без оглед дали се јавни или приватни се купуваат дипломи, односно студентите не го стекнуваат квалитетот на знаење кое треба да го стекнат. Кога ќе се појават неколкупати или воопшто нема да се појават се стекнуваат со диплома. Меѓутоа, кога се обидувате да добиете релевантни информации, се разбира дека ниту тој што продал, ниту тој што купил ќе застане тоа јавно да го каже. Но, докази за неквалитетот на одредени дипломи гледаме секојдневно на луѓето кои се вклучени во различни работни процеси. Во администрацијата, зошто нив ги нема во приватниот сектор секако, или на некој други работни позиции“, изјави министерката за образование и наука, Весна Јаневска, во своето обраќање на денешната панел дискусија, каде се дебатираше на тема „Подобрување на образованието“.Јаневска во својот говор објасни дека Министерството за образование и наука врши сериозен мониторинг на работата на факултетите, се со цел да запре процесот на издавање на дипломи несразмерно на реалната вредност и создавање на лажен идентитет. Оттука, Јаневска истакна дека преку алатките кои ги имаат на располагање постапуваат секаде каде имаат пријава за нерегуларност во работа.„Оттука, докажувањето на ова е малку тешко и прилично сериозна и макотрпна работа. Меѓутоа, има и други можности преку кои ние прво би се обиделе, а потоа во следен чекор и со сигурност би го запреле овој процес. Тоа значи сериозно мониторирање на работата на факултетите или универзитетите, преку алатките кои во моментот ни се достапни тоа да го правиме. Тоа значи дека во моментот го користиме Државниот просветен инспекторат и законските можности кои се дадени во Законот за државен просветен инспекторат, Законот за високо образование и Агенцијата за квалитет во високото образование. Правиме силни напори секаде каде имаме пријава дека се случува нешто нерегуларно да постапиме и постапуваме. Државниот просветен инспекторат во изминативе шест месеци постапил во 1400 предмети што е огромна бројка“ , објасни Јаневска.Јаневска дополнително образложи дека е потребен одреден временски период за целосно да се извршат реформи во образованието. Имено, нагласи дека во иднина ќе се настапува уште поригорозно, со крајна цел да не се дозволува во иднина оние кои реално вложуваат енергија во образование и се градат интелектуално да ја напуштаат државата.„Потребно е уште малку време, јас постојано кажувам дека во образование ништо не може да се направи од денес за утре. Треба уште малку време да го заокружиме целиот овој процес, за да можеме после тоа и поригорозно да постапуваме, а ќе постапуваме затоа што доколку дозволиме вакво нешто да се продолжи во иднина, ние ќе имаме се помалку образовани кадри во државата, а оние коишто ќе бидат подобро образовани ќе ја напуштаат државата. Проблем со кој во моментов се соочуваме“ , децидна е Јаневска.Јаневска го произнесе својот став по однос на законските измени во образованието, односно колку се очекува подобрување на образованието во целост. Објасни дека законот е променлива материја, додавајќи дека доколку нешто е добро може да се регулира, ако е спротивно може да се промени. Дополнително испрати јасна порака дека се потребни суштински промени за подобрување на образованието.„Законската регулатива е многу важна и добро е да имаме добри закони, но она што е подобро е да ги имплементираме. Затоа во овој период министерството за образование и наука се фокусираше на законски решенија кои се можни за имплементација. Затоа што познато е дека имаме и многу стратегии и закони кои се добри кога ќе ги погледнеме, но кои за жал во нашата земја не се имплементираат или не може воопшто да се импплементираат. Оттука, водевме многу грижа, да она што го правиме можеме и да го спроведеме“, објасни Јаневска.Јаневска даде одговор на прашањето дали е можно УКИМ да се врати во првите 1000 универзитети на Шангајска листа. Јаневска е децидна дека не постои причина зошто да не е можно истото. Објасни дека со трпение и труд на наставен кадар како и поставување на заеднички цели во високото образование може да се постигнат резултати.„Јас сум непоправлив оптимист и по природа амбициозен човек. Со заеднички цели секако ќе можеме, нема причина зошто не би можеле. Има причина во начинот на кој тоа го правиме. Интелектуалци, истражувачи, научници во цел свет се исти луѓе. Тие не се разликуваат по нешто, освен по условите во коишто работат и можностите коишто државата им ги нуди, вклучувајќи ги и законските решенија за да се постигнат тие цели“, заклучи Јаневска.

Македонија | пред 1 година

vodici-centar-2

Герасимовски: Имаме обврска да се грижиме едни за други, Водици нека донесе мир, љубов и духовна сила на сите

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски упатува честитки до сите граѓани кои го празнуваат големиот христијански празник Водици.„Нека овој ден ни донесе мир, љубов и духовна сила на сите. Денеска, повеќе од било кога, имаме обврска да се грижиме едни за други, да вложуваме во нашите општини и да работиме за заедничка добробит. 2025-та да ни донесе повеќе меѓусебно разбирање, повеќе солидарност и помош, бидејќи само така ќе изградиме држава во која ќе сакаме да живееме.На младиот Станислав Пашоски му честитам за храброста да го фати светиот крст во црквата Свети Јован Крстител во Капиштец и му посакувам многу здравје, среќа и мир на него и на целото семејство.Нека ни е честит и вековит празникот Богојавление - Водици! Бог се јави!”, вели Герасимовски.

Скопје | пред 1 година

Vodici-Ohrid_Venko

(Видео) Честитка на Филипче за Водици: Во духот на солидарноста да го унапредуваме општеството

Во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и во мое лично име на сите православни верници им го честитам денешниот христијански празник Богојавление – Водици, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.„Му честитам на момчето Мартин Гоџовски, од населбата Варош, којшто денеска го фати крстот.Посакувам здравје, среќа, успех оваа година. Исто така и на сите коишто денеска скокнаа во ладните води на Охридското езеро по крстот. Тоа е знак дека имаат многу голема ментална и физичка сила.Овие празници секогаш треба да не потсетуваат да во име на солидарноста, работиме заедно, го унапредуваме општеството и создаваме подобри, еднакви можности за сите без дискриминација на ниту еден човек“, додаде Филипче.

Македонија | пред 1 година

zaglaveno-vozilo-vodno

(Фото) Патот меѓу Пантелејмон и Средно Водно не е безбеден за движење поради голомразица, утрово повеќе возила заглавија во снегот

Општина Карпош извести дека патот меѓу Пантелејмон и Средно Водно во моментот не е безбеден за движење со моторно возило и апелира истиот да не се користи поради голомразица. Утрово на овој потег беа регистрирани повеќе возила заглавени во снегот.„Надлежен за одржување на овој пат е ЈП „Македонија пат“, но за жал до сега по трасата ниту е фрлено сол, ниту е поминато со било какво возило за расчистување на снегот.Патот во моментот е безбеден само за пешачење и секое тргнување по истиот со возило е на ризик на возачот на возилото“, соопшти општина Карпош.

Скопје | пред 1 година

zaloznici

Името на девојката со македонско потекло на списокот на заложници кои ќе ги ослободи Хамас

Израел објави список од 33 заложници што Хамас етапно треба да ги ослободи во следните недели, во согласност со Договорот за прекин на огнот. Списокот не е по редослед на ослободување и не укажува на состојбата на заложниците. Израел верува дека повеќето од 33 се живи.1. Лири Албаиг2. Ицик Елгарат3.Карина Ареева4. Охад Бен Ами5. Ариел Бибас6. Јарден Бибас7. Кефир Бибас8. Шири Силберман Бибас9. Агам Бергер10. Роми Гонен11. Даниеле Гилбоа12. Емили Дамари13. Сагуи Декел-Чен14. Јаир Хорн15. Омер Венкерт16.Александар Труфанов17. Арбел Јехуд18. Охад Јахаломи19. Елија Коен20. Ор-Леви21. Наама Леви22. Одед Лифшиц23. Гади Моше Мојсеј24. Авера Менгисту25. Шломо Мансур26. Кит Сигел27. Цахи Идан28. Офер Калдерон29. Тал Шохам30. Дорон Штајнбрехер31. Омер Шем Тов32. Хишам Ал-Сајед33. Ели ШарабиМеѓу имињата на списокот на заложници е Наама Леви, девојка со потекло од Македонија, која беше киднапирана на 7 октомври 2023 година при упадот на припадниците на Хамас во Израел.Секој ден, откако заложниците ќе бидат примени од војниците на ИДФ и ќе бидат известени семејствата, кабинетот на премиерот ќе издава соопштение со имињата кои се ослободени.Израел ќе добие целосен извештај за статусот на сите оние кои се на списокот седум дена по прекинот на огнот.Заложниците кои треба да бидат ослободени денес се Роми Гонен, Емили Дамари и Дорон Штајнбрехер.Покрај 33-те на списокот, Хамас држи уште 65 луѓе, а многу од нив веќе не се живи. Тие треба да бидат вратени како дел од втората фаза од договорот, доколку дојде до тоа, што исто така ќе доведе до траен прекин на огнот во Газа.

Свет | пред 1 година

47894cdf-740b-4613-8d76-dab84786766c

Познато името на началникот од МВР кој е осомничен сосе Штекли: фотографија од негов наводен видео-чет со Шеваљ кружеше на интернет

Горан Ангелов, началник на Секторот за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи е осомничениот дека работел во корист на нарко-картел од Скопје, дознава „Скопје1” од извори во истрагата.Станува збор за лице кое изминатите години беше високо раководно лице во МВР. Тој не е успсен, но неофицијално, останал без телефонски уред кој му е одземен на вештачење - информација која засега е непотврдена.Името на Ангелов-Бапчо не е првпат да се споменува во јавност и да се носи во корелација со заштитување на криминогени структури кои треба да ги гони. Изминатата година на социјалните мрежи беше споделуванс фотографија чија автентичност не се потврди - а на неа беше Ангелов-Бапчо и шефот на нарко-клан, Шеваљ Муареми. За ова досега немаше никаква постапка.Детали за постапката против началникот се очекува од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Македонија | пред 1 година

pesacki

22-годишник од Битолско се пријавил во полиција дека прегазил малолетник

Во врска со настанот – сообраќајна несреќа во Битола - од 18.01.2025 година, во која што на улицата „Илинденска“ во Битола непознато патничко возило удрило во 17-годишен малолетник причинувајќи му тешки телесни повреди, вчера (18.01.) во 07.20 часот во СВР Битола, се самопријавило лицето Б.Л. (22) од село Бистрица, битолско, кое што го управувало патничкото возило „Фолксваген голф“ со германски национални ознаки.Со него од страна на полициски службеници извршен е службен разговор. За настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Вучиќ инсистира: Референдум или избори, власта се менува со пенкало

Александар Вучиќ, претседателот на Србија, синоќа изјави дека Србија ќе ги издржи сите надворешни удари, а нејзините граѓани наскоро повторно ќе излезат на гласачките кутии.Тој најави скоро одржување на референдум за импичмент на претседателот или предвремени избори, каде власта, како што рече, се менува со пенкало.„Сакам да се произнесе целиот народ во Србија, а не само дел од белградската, новосадската и урбаната елита, туку сите граѓани ширум Србија“, изјави Вучиќ.Тој за време на неколкучасовно интервју на ТВ Хепи, побара од студентите во блокадите да се вратат на факултетите, да почнат да студираат и да се насочат кон иднината, а особено им се заблагодари на дел од студентите кои не подлегнале на влијанието на политичките партии.Тој им се заблагодари и на сите луѓе кои страдаат од блокадите во сообраќајот, со очекување, како што рече, еден ден да престанат.

Свет | пред 1 година

07012025-Mickoski

Мицкоски: Да покажеме нескршлива волја во реформите и чекорите кои ќе обезбедат сигурност, стабилност и просперитет за граѓаните

„Во името на Владата и во мое лично име, на сите православни христијани им го честитам големиот празник Богојавление – Водици, денот кога го славиме Крштевањето на Господ Исус Христос во реката Јордан“, рече премиерот Христијан Мицкоски.„Како што се отворија небесата над Јордан, потврдувајќи ја светоста на овој чин, така и денес нека ни се отворат патиштата кон мир, разбирање и благослов. Овој свет ден нè потсетува на вредноста на верата, духовното единство и љубовта кон ближните. Затоа, да го негуваме духот на заедништвото, почитта и поддршката еден кон друг, ставајќи ги мирот и добрината во прв план.Нашето општество мора да се темели на меѓусебната почит и стремежот кон соживот. Нека оваа празнична свеченост нè потсети на нашата обврска да го чуваме и унапредуваме заедничкото живеење, прифаќајќи ја различноста како вредност која нè збогатува сите нас.Воедно треба да бидеме свесни дека промените за кои работиме и за кои сакаме да се случат зависат од сите нас. Иднината мора да биде заедничка и секој ден мора да покажеме нескршлива волја во реформите и чекорите кои ќе обезбедат сигурност, стабилност и просперитет.Посакувам срдечна прослава, семејна топлина и радост во овој убав празничен ден, а благодатта на денешното осветување да биде наша водилка низ животот“, порача Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

ucenici

МОН: Утре почнува второто полугодие од учебната 2024/2025

Министерството за образование и наука информира дека второто полугодие за основците и средношколците почнува утре, 20 јануари. Според календарите за работа, наставната година во основните и во средните училишта завршува на 10 јуни, освен за матурантите, за кои редовната настава завршува на 16 мај 2025 година.По повод почетокот на вториот дел од учебната година, министерката за образование и наука Весна Јаневска на учениците, наставниците и родителите им посака успешно совладување на новите предизвици, нагласувајќи дека секој треба да придонесе во градењето пријателски и безбедни училишта, во кои владее култура на разбирање и соработка. Тоа се важни предуслови за стекнување квалитетни знаења, вештини и компетенции, кои младите ги оформуваат како одговорни граѓани и идни лидери на инклузивно, праведно и просперитетно општество.

Македонија | пред 1 година

siljanovska-davkova1

Сиљановска-Давкова: На овој светол и благословен ден, кога небото се отвора и Божјата светлина се спушта на Земјата, ви го честитам големиот христијански празник Богојавление ̶ Водици

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Архиепископ охридски и македонски, г.г. Стефан, членовите на Светиот архијерејски синод, на преподобното монаштво и свештенство и до православните верници.„На овој светол и благословен ден, кога небото се отвора и Божјата светлина се спушта на Земјата, ви го честитам големиот христијански празник Богојавление ̶ Водици.Овој празник има длабоко духовно значење и особена симболика во нашата вера. Исусовото крштевање во реката Јордан не претставува само осветување на водата, туку чистење, духовна обнова и нов почеток. Богојавление е ден кога ја чувствуваме Божјата присутност во нашите животи, ден кога со отворено срце ја примаме љубовта и светлината којашто Бог ни ја дарува, потврдувајќи ја нашата верба во него.Денес кога го славиме Божјото откровение на Земјата, ние сме повикани да го покажеме најдоброто и најсветлото на овој свет. Оваа година нека биде година на обнова, љубов и заедништво, со Божји благослов, а овој празник нека биде поттик за сите нас со верба да продолжиме по патот на љубовта и правдата, да бидеме светлина за другите и да градиме поубав свет исполнет со милост и со сплотеност.Нека ни е честит и вековит големиот христијански празник Богојавление ‒ Водици. Бог се јави!“, се вели во честитката на претседателката.

Македонија | пред 1 година

krazba-na-kola-701x466

Ограбен автомобил на бугарски државјанин во Скопје, осомничени двајца соизвршители

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против две лица на возраст од 22 и 30 години кои се осомничени дека заедно извршиле – Тешка кражба, кривично дело казниво според член 236 став 1 точка 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.Двајцата на 10 јануари, на паркинг на булеварот “Илинденска”, со тврд предмет го скршиле задното стакло на паркиран автомобил со бугарски регистарски ознаки. Додека едниот преку отворот влегол во возилото, другиот внимавал да не наиде некој.Од автомобилот БМВ во сопственост на бугарска фирма, кој го управувал бугарски државјанин, двајцата осомничени украле ташна со лаптоп, 12.000 евра и други предмети, по што избегале со сопствено возило.Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог со кој побара двајцата осомничени во текот на постапката да бидат обезбедени со мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиштето/престојувалиштето, привремено одземање на патната исправа и обврска да се јавуваат на определено службено лице во Судот.

Македонија | пред 1 година

oruzje-aracinovo

Истрага за недозволено држење оружје во Скопје, предложен притвор

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 47-годишен скопјанец за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи според член 396 став 3 од Кривичниот законик.На 18 јануари полициски службеници извршиле претрес во дом и други простории на лицето, на улица „Македонско-косовска ударна бригада” во Скопје, при што пронашле една пушка марка “Црвена застава”, една ловна пушка, муниција – куршуми и патрони, како и делови и компоненти од огнено оружје.Ценејќи дека лицето нема да може да биде обезбедено во текот на постапката со друга поблага мерка, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-01-19-at-08.12.40

Штекли со над десетина лица од неговата банда се уапсени, ќе се бараат притвори

Над десетина лица се уапсени, а Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција ќе бара притвор за петнаесетина лица од групата на Раде Трајковски-Штекли кои се уапсени во голема акција, дознава „Скопје1“. Веќе изутрина, треба предлозите за мерки за обезбедување присуство да се достават до Кривичен суд односно судија на претходна постапка.Обвинителот дал наредби за претреси на над 30 локации во Скопје и само една во Гевгелија, каде беше уапсен Штекли.Во претресите, засега е познато дека се одземени пари, ресивери за снимање на видео надзори со снимки, телефони, лаптопи, уреди за меморирање податоци.Сомневањата се дека групата дејствувала со картелот „Беланоца“. Долг временски период се водела предистрага од страна на обвинителот, во која се собрани информации за начинот на делување на групата. Се испитувале и сомневањата дека Трајковски-Штекли и останатите од групата, имале дојави од службени лица во МВР, кои ги штителе за да не паднат во рацете на полицијата.Штекли беше скоро непознат за јавноста се до 2023 година, кога во него, двапати беше пукано во трговскиот центар „Ист гејт мол“. Тогаш протекоа информации дека пукањето кон него е поврзано со дрога и борбата на нарко клановите за скопскиот пазар, за што сега има акција.Последно, кон домот на Раде Трајковски-Штекли беше фрлена бомба, по која, тој почна да го шета светот и да објавува фотографии од различни локации. Од бомбата, остана неповреден, а заврши во полициска станица од каде објави и фотографија

Македонија | пред 1 година

IMG_0440

(Видео) Голем пожар во Карпош 4: До темел изгоре дуќан, зафатени стан и автомобили

Дуќан на приземје во Карпош 4 гореше околу три часот по полноќ. Неофицијално, станува збор за бутик, а зафатени биле и два автомобили, како и стан над просторот кој гореше. Овие информации се непотврдени.Според очевидци, пожарот брзо се раширил, иако имало експресна реакција од Противпожарната бригада. Била повикана и Брза помош, но не е познато дали има повредени.Карпошани ноќеска испратија снимки и јавија дека ги разбудиле сирени, од што биле вознемирени.Детали се чекаат од МВР.

Скопје | пред 1 година

najcevska

Наместо извештаи на инспекторатот кој очигледно ги штити лекарите со сите случаи на смрт на дете да се позанимава јавното обвинителство, вели Најчевска

Професорката по право, Мирјана Најчевска смета дека Обвинителството треба да ја испита смртта на Алекс од Свети Николе. Таа не верува на извештајот од ДСЗИ, според кој, вина кај лекарскиот персонал немало.„Наместо извештаи на инспекторатот кој очигледно ги штити лекарите со сите случаи на смрт на дете да се позанимава јавното обвинителство. Длабинска истрага за секој од случаите, наместо површни извештаи кои мирисаат на корупција. И доколку се утврди грешка во извештајот на инспекторатот секој од потпишаните инспектори и непосредно надредените да одговараат кривично за прикривање на убиство“, вели Најчевска.Според извештајот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), по извршениот вонреден инспекциски надзор во ПЗУ Д-р Оливер, Свети Николе, потоа во Клиничка болница-Штип и во Клиниката за детски болести во Скопје, не биле констатирани недостатоци во трите институции. Во штипската Клиничка болница му била поставена дијагноза сомноленција. Сомноленцијата претставува состојба на квантитативно растроена свест (состојба на длабок сон) која се одликува со изразена поспаност.Сепак таткото излезе со друго тврдење:

Коментари | пред 1 година

Screenshot-2025-01-19-at-15.04.52

Македонија казнета по скандалот на натпреварот со Холандија

Победата на Холандија над Македонија (37:32) во Вараждин остана во сенка на голем навивачки бунт.Испровоцирани од двата црвени картони, кои данските судии ги доделија на нашата репрезентација, македонските навивачи почнаа да фрлаат тврди предмети на теренот, па Холанѓаните мораа да истрчаат во соблекувалната.Mеѓународната ракометна федерација реагираше и им испорача казни и на Македонската федерација и на организаторите.Исто така, Хрватите беа предупредени дека Арената во Вараждин ќе биде затворена доколку се повторат слични инциденти, додека затворањето на трибината е задолжително.Дополнително, мора да се зголемат безбедносните мерки и бројот на обезбедувачи и полицајци.

Спорт | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања