Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

media-libraryp2nbdih4nsi5eRhGMQl

Маја Оџаклиевска се приклучува на македонскиот дрим тим со Хозе Карерас на 1 септември

Македонската музичка легенда Маја Оџаклиевска ќе биде дел од големиот музички спектакл со светскиот оперски великан Хозе Карерас, кој ќе се одржи на 1 септември на Плоштад Македонија во Скопје.Од „Авалон продукција“ соопштија дека Оџаклиевска се приклучува на македонскиот „дрим тим“, кој го сочинуваат и Миле Кузмановски, Сузана Спасовска, Наум Петрески, Каролина Гочева, Калиопи, Влатко Стефановски, како и Ана и Игор Дурловски.Големиот концерт е најавен како еден од најзначајните музички настани

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykrmsu71nhq1e1uyp2zW

Мицкоски за најавите за протест на земјоделците: Нивните барања се легитимни и како влада преку механизмите кои ни стојат на располагање ќе направиме сè за да помогнеме

Премиерот Христијан Мицкоски денеска порача дека Владата ги поддржува земјоделците и нивните барања, откако земјоделци од Струмичко најавија протести. Според него, нивните барања се легитимни, а Владата ќе ги искористи механизмите што ѝ стојат на располагање за да им помогне.„Апсолутно сакам да кажам дека како Влада ги поддржуваме земјоделците и нивните барања и тука нема никаква дилема. Затоа што тие се луѓето коишто нè хранат“, изјави Мицкоски, оценувајќи дека годинава е исклучително предизвик

Македонија | пред 2 месеци

ratko-mladic

Почина Ратко Младиќ на 84 години во Хаг, кој беше осуден на доживотна казна затвор за геноцид извршен за време на војната во БиХ

Ратко Младиќ, осуден за воени злосторства, почина на 84-годишна возраст во притворската единица на Меѓународниот резидуален механизам за кривични трибунали во Шевенинген, Хаг. Веста за неговата смрт ја потврди неговото семејство, пренесуваат „Еуроњуз Србија“ и медиуми блиски до српските власти.Здравствената состојба на Младиќ во изминатиот период значително се влошила, откако претрпел неколку мозочни удари. Неговото семејство и лекарите повеќепати предупредувале дека неговата состојба е тешка и

Балкан | пред 2 месеци

media-librarypjp4cjkfhk0e8IlUaB6

Мртвиот гавран со западнонилска треска во Ресен е аларм за локална циркулација

Присуството на вирусот на западнонилска треска е потврдено и кај мртов гавран пронајден во Ресен, со што ова е втор регистриран случај кај угината птица во земјава. Претходно вирусот беше потврден кај мртов гавран пронајден во централното подрачје на Скопје, во близина на Вардар.Министерот за здравство Сашо Клековски оцени дека наодот во Ресен е показател за локална циркулација на вирусот, имајќи предвид дека гавраните главно се стационарни птици и не спаѓаат во преселните видови.„Агенцијата за

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryr9sfffa1j9n7fBmI9Dh

(Видео) Неверојатна сцена на автопат во Египет: Крадци крадат од камион додека вози

Несекојдневна кражба на прометен автопат во Египет привлече големо внимание на социјалните мрежи, откако беше објавена снимка на која се гледа како крадци земаат предмети од возило додека тоа се движи.Инцидентот, според достапните информации, се случил на автопатот Каиро–Исмаилија. На снимката се гледа опасната акција, при која лицата крадат од возилото во движење.Египетските безбедносни служби ја разгледуваат снимката и работат на утврдување на точната локација и времето на настанот, како и на

Свет | пред 2 месеци

Screenshot-2025-05-28-at-21.19.48

Се менува условот што Пандов не го исполнува, двете години како в.д. може да му донесат петгодишен мандат во Управата за санкции

Законот за извршување на санкциите се менува, а со измените се брише условот што може да биде главна пречка Александар Пандов да стане директор на Управата со полн мандат, наместо да биде вршител на должноста директор како до сега.Според важечкиот закон, кандидатот за директор мора да има најмалку десет години работно искуство, од кои пет години во извршувањето на санкциите или во сродни работи. Со предложените измени, овие услови целосно се бришат, а изборот ќе се врши според Законот за високи

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryfa3dbt298mj8dDUs5cH

„Донесовме одлука за намалување на цените на училишниот прибор за да го олесниме товарот врз семејниот буџет“, вели Мицкоски

Владата донесе одлука за намалување на цените на училишниот прибор пред почетокот на новата учебна година, со цел да се намалат трошоците за семејствата, информира премиерот Христијан Мицкоски.Според одлуката, цените во трговијата на големо ќе бидат намалени за 10 отсто, додека во трговијата на мало намалувањето ќе изнесува до 15 отсто. Мерката го опфаќа целокупниот училишен прибор, вклучително и тетратки, моливи, пенкала, гуми, блокови и ранци.Мицкоски посочи дека намалените цени треба јасно да

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryda4vmgc1bqtd8h7b7Nk

Од 1 септември ЈСП Скопје воведува зимски возен ред

ЈСП Скопје информира дека од 1 септември 2026 година започнува примената на зимскиот возен ред на јавниот градски превоз.Од претпријатието ги повикуваат корисниците навреме да се информираат за возните редови на линиите што ги користат, со оглед на промената на режимот на сообраќање.Актуелните возни редови може да се проверат на официјалната интернет-страница на ЈСП Скопје.Од ЈСП Скопје им се заблагодаруваат на граѓаните за разбирањето и соработката.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarye75h4p09er0453a8Mi4

„Со изградбата на интерконекторите со Грција и Србија, државата добива целосна вертикална енергетска поврзаност“, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека изградбата на гасните интерконектори со Грција и Србија ќе ја зајакне енергетската и геостратешката позиција на Македонија, овозможувајќи целосна вертикална поврзаност долж Коридорот 10.Според Мицкоски, интерконекторот со Грција се очекува да биде завршен во првата половина од следната година, додека поврзувањето со Србија е планирано да биде комплетирано до крајот на 2028 година. Тој посочи дека со реализацијата на двата проекта земјава ќе добие дополните

Македонија | пред 2 месеци

tabanovce

На Табановце приложил фалсификувана италијанска возачка дозвола, кривична пријава за 44-годишен кочанчанец

Регионалниот центар за гранични работи Север поднел кривична пријава против 44-годишниот М.К. од Кочани, поради сомнение дека употребил фалсификувана исправа.Според МВР, на 24 јули 2026 година, при гранична контрола на Граничниот премин Табановце, на влез во државата, пријавениот на увид приложил фалсификувана италијанска возачка дозвола.Против него е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryb10uhua2a5mle7hNCKg

Заталкан куршум завршил во семејна куќа во Глумово

Четириесетгодишен жител на скопското село Глумово вчера пријавил во СВР Скопје дека фасадата на неговата семејна куќа била оштетена од заталкано зрно испукано од огнено оружје.Случајот бил пријавен на 26 август во 12:30 часот, а полицијата презема мерки за расчистување на околностите и утврдување од каде потекнува зрното.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarybutgja7oe8mt3GfmGE9

Син пријавил дека мајка му им се заканувала на него, сопругата и децата

Триесет и седумгодишен маж од скопско вчера пријавил во СВР Скопје дека во семејниот дом тој, неговата сопруга и нивните деца биле изложени на закани од неговата мајка.Случајот бил пријавен на 26 август во 11 часот. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот и утврдување на сите околности.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryq5u4hu2k7ibf5WxP36M

28-годишник ја нападнал 16-годишната партнерка

Полицијата во Струмица лишила од слобода 28-годишен жител на градот, по пријава дека физички ја нападнал својата 16-годишна вонбрачна партнерка.Според МВР, нападот се случил на 26 август околу 21 часот во стан во Струмица. Д.Р. бил приведен по полноќ, во 00:20 часот на 27 август, а потоа бил задржан во Полициската станица Струмица.За случајот е известен јавен обвинител. По целосното документирање на настанот, против 28-годишникот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 2 месеци

media-library35gkg77b4skt1N61Rtx

Тешко повреден мотоциклист од Словачка во сообраќајка на патот Велес–Штип

Шеесетгодишен мотоциклист од Словачка е тешко повреден во сообраќајна несреќа што вчера се случила на магистралниот пат А-3, на делницата од Велес кон Штип.Според МВР, несреќата била пријавена во 10:40 часот во ОВР Свети Николе. Во неа учествувале патничко возило „опел“ со штипски регистарски ознаки, управувано од 68-годишниот П.Н. од селото Соколарци, Кочанско, и мотоцикл со словачки национални ознаки, управуван од 60-годишниот Ј.Д. од Словачка.Во судирот мотоциклистот се здобил со тешки телесн

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryv404gi8bnm8t5CoGjfk

Тешко повреден 71-годишен велосипедист во сообраќајка на „Франклин Рузвелт“

Седумдесет и едногодишен велосипедист е тешко повреден во сообраќајна несреќа што вчера се случила на улицата „Франклин Рузвелт“ во Скопје.Според МВР, несреќата била пријавена околу 14:50 часот, а во неа учествувале мотоцикл „веспа“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 33-годишниот С.Н. од Скопје, и велосипед управуван од 71-годишниот Д.Ч., исто така од Скопје.Во несреќата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Ургентниот центар при комплексот клиники

Македонија | пред 2 месеци

media-library9t124ribuaq1aXEZKVO

Четворица повредени во судир на „шаран“ и возило на МВР на патот Гостивар–Кичево

Четири лица се здобиле со телесни повреди во сообраќајна несреќа што вчера се случила на магистралниот пат Гостивар–Кичево.Според МВР, несреќата била пријавена во 18:20 часот во ОВР Кичево, а во неа учествувале патничко возило „шаран“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 26-годишниот Д.Р. од Скопје, и патничко возило „рекстон“, сопственост на Министерството за внатрешни работи.Во несреќата биле повредени сопатниците во „шаран“ – 67-годишниот У.Ж., 70-годишниот У.Ж. и 44-годишната Л.Т., с

Македонија | пред 2 месеци

media-librarysasrcqetedop2jWM3rs

Ја нападнал сопругата, па го нападнал и малолетниот син – приведен кумановец

Полицијата во Куманово лишила од слобода 48-годишен маж, по пријава дека во семејниот дом се обидел физички да ја нападне сопругата, а потоа физички го нападнал и нивниот малолетен син.Од МВР информираат дека З.Н. бил приведен на 27 август околу 00:15 часот од страна на полициски службеници од СВР Куманово.По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 2 месеци

media-library53vipbsbvjguaM3KcrB

Жена пронајдена почината во стан во Скопје, телото предадено на обдукција

На 26 август во 09:35 часот во СВР Скопје било пријавено дека во стан на булеварот „АСНОМ“ во Скопје била пронајдена почината 65-годишната Д.В. од Скопје.Лекар констатирал смрт, при што не биле забележани видливи траги на насилство. По наредба на јавен обвинител, телото на починатата е предадено на обдукција за утврдување на причините за смртта.

Македонија | пред 2 месеци

bebe

Почина шестмесечно бебе од скопско, не се забележани траги на насилство

Шестмесечно бебе од скопско било донесено во Поликлиника Драчево, каде лекар констатирал смрт, соопшти МВР.Случајот бил пријавен во СВР Скопје на 26 август околу 21:15 часот. При прегледот не биле забележани видливи траги на насилство.По наредба на јавен обвинител, телото на бебето било предадено на обдукција за утврдување на причините за смртта.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryn5t4ue1ff0oa1fzyL6m

Уште еден смртен случај од западнонилска треска

Бројот на починати од западнонилска треска во земјава се искачи на шест, откако денеска е потврден нов смртен случај, соопштија здравствените власти.Починатиот е 72-годишен маж од скопската општина Аеродром, кој пред 15 дена бил хоспитализиран со тешка клиничка слика.Во меѓувреме, бројот на заболени продолжува да расте. Досега се регистрирани 53 случаи, од кои 50 се лабораториски потврдени, додека за три случаи се очекуваат резултати од дополнителни тестирања. Само во последната седмица се евиде

Македонија | пред 2 месеци

bus

Линијата 37 од 1 септември со нов возен ред: Еве кога ќе сообраќаат автобусите

ЈСП Скопје ги информира патниците дека автобуската линија 37, која сообраќа на релација Карпош 3 – Радишани, од 1 септември 2026 година ќе сообраќа според зимски возен ред.Новата линија започна да сообраќа на 17 август, а до крајот на август е активна само во работни денови, според летниот возен ред.Во периодот до 31 август, автобусите од Карпош 3 поаѓаат во 06:40, 08:10, 14:10 и 15:40 часот, додека од Радишани поаѓањата се во 07:25, 08:55, 14:55 и 16:25 часот.Линијата ги поврзува Карпош 3 и Рад

Скопје | пред 2 месеци

media-library80ut1svb25vc0HZ0iWD

Пет пожари и натаму активни: Огнената опасност не стивнува низ Македонија

Центарот за управување со кризи (ЦУК) денеска до 13 часот регистрирал вкупно 13 пожари на отворен простор, од кои пет се активни, три се под контрола, а пет се целосно изгаснати.Активни пожари има во општините Студеничани и Зелениково, каде огнот зафаќа мешана шума на потегот од Моране, преку Вртекица и Рамни Габер, до кракот кон Палиград, како и над Вражале и Тисовица.Пожар е активен и во селото Копаница, Општина Сарај, каде гори мешана шума. Во Општина Струга пожарот кај селото Ливада зафаќа н

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryln15t5tbfh5k3QO8KjQ

„Летале“ на автопат со повеќе од двојно над дозволената брзина: На „Безбеден град“ фатени возачи од Србија и Холандија

Двајца странски државјани се лишени од слобода на Граничниот премин „Табановце“, откако преку системот „Безбеден град“ било утврдено дека на автопатот А1 возеле со повеќе од двојно поголема брзина од дозволената.Првиот случај бил регистриран на 26 август во 22:15 часот, кога полицијата при контрола на излез од државата го проверила автомобилот „мерцедес-бенц“ со српски регистарски ознаки, управуван од 51-годишната И.М. од Србија.Проверка преку системот „Безбеден град“ покажала дека таа на автопа

Македонија | пред 2 месеци

media-librarypn0dp0mvkn6a5K1coll

ММА и МРТ бараат истрага за емитувањето на Арена Премиум М каналите

Македонската медиумска асоцијација (ММА) и Македонската радио-телевизија (МРТ) соопштија дека бараат надлежните институции да го испитаат работењето на телевизиските сервиси Arena M1, M2 и M3 Premium, за кои тврдат дека подолг период функционираат без домашна дозвола, додека Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) ги третира како странски програмски сервиси.Во заедничкото соопштение ММА и МРТ наведуваат дека имаат материјални докази оти овие канали се произведуваат во Скопје.

Македонија | пред 2 месеци

media-library20e7ril6brgu7acDh8J

Паркот „Авионче“ станува центар на забавата: AERO Street Food Festival од 4 до 8 септември

Од 4 до 8 септември, паркот „Авионче“ ќе пулсира во ритамот на македонската музиката во живо, диџеј-сетовите, гастрономските натпревари и специјалните трибјути посветени на Владо Јаневски и ДНК.Од 4 до 8 септември 2026 година, паркот „Авионче“ повторно ќе стане највкусната и најразиграната точка во Скопје. Второто издание на AERO Street Food Festival носи пет фестивалски вечери исполнети со улична гастрономија, концерти, диџеј-сетови и интерактивна забава за публиката.Под мотото „Поголем, позвуч

Скопје | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања