Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

dodik

Додик се прости од Младиќ: „Лесна ти земја, генерале“

Претседателот на СНСД, Милорад Додик, со порака по повод смртта на генералот Ратко Младиќ, наведувајќи дека неговото заминување повторно ги потсетува многумина во Република Српска на тешкиот период од војната.Додик истакна дека станува збор за време во кое, како што наведе, се решавале прашања поврзани со историјата, слободата и опстанокот на српскиот народ.„Затоа емоцијата што ја чувствува нашиот народ останува посилна од сите обиди да се избрише она што луѓето го носат во своето сеќавање“, нап

Балкан | пред 2 месеци

media-librarytcl128b3302sdDJ6CYs

Тошковски: Сејф Сити од вчера почна да казнува и мотори

Сејф Сити од вчера автоматски ги детектира и мотоциклите кои прават сообраќајни прекршоци, соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Тој најави дека системот веќе започнал со регистрирање на прекршоци кај мотоциклистите на териториите каде што е имплементиран.Тошковски посочи дека надлежните успеале да најдат техничко решение со кое и мотоциклите можат да бидат идентификувани во рамките на автоматското следење на сообраќајните прекршоци, особено при возење со недозволена брзина.„Ек

Македонија | пред 2 месеци

media-librarypmcm6mhedpo9aULCyw2

Бил Гејтс предупредува: Вештачката интелигенција може да биде многу опасна

Коосновачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, предупреди дека развојот на вештачката интелигенција мора да биде проследен со строги ограничувања, оценувајќи дека ризиците би можеле да ги надминат потенцијалните придобивки.Во текст објавен на неговата страница „Gates Notes“, Гејтс истакна дека одлуките што се носат во овој период ќе бидат од клучно значење за иднината на технологијата и за тоа дали таа ќе придонесе за поголема еднаквост или ќе создаде нови облици на неправда.Тој предупреди дека забрзан

Свет | пред 2 месеци

media-librarylitg2bj5l9315uDQSCp

„Се дават во ѓубре, дишат загаден воздух, правосудството е корумпирано“: Најчевска прашува до кога

Професорката Мирјана Најчевска со остра објава на социјалните мрежи прашува што уште треба да се случи во државата за граѓаните да се побунат и да побараат одговорност.Во објавата таа набројува низа проблеми и трагедии што, според неа, со години остануваат без вистинска одговорност – од корупцијата и состојбата во правосудството, до загадувањето, отпадот, состојбата во здравството и образованието.„Добро, што треба да се случи за овој народ да се побуни? Го крадат 35 години. Го лажат 35 години“,

Коментари | пред 2 месеци

media-libraryl980ocllcbiqaNCVygE

Трамп подготвува нови царини: На удар чиповите, компјутерите и серверите

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп разгледува нов пакет сеопфатни царини за полупроводници, објави „Политико“, повикувајќи се на повеќе извори запознаени со преговорите.Според предлогот што се разгледува, царините не би се однесувале само на микрочиповите, туку и на производите во кои тие се вградуваат, како лаптопи, конзоли за видеоигри и сервери за центрите за податоци.Американскиот министер за трговија Хауард Латник се залага за модел според кој странските компании би

Свет | пред 2 месеци

media-libraryoup7bj077b9s2G7sSPd

Земјотрес со јачина од 5 степени регистриран во Кина

Земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди северниот дел на Тибет, соопшти Германскиот истражувачки центар за геонауки (GFZ). Земјотресот бил на длабочина од околу 10 километри.Епицентарот се наоѓал стотици километри северно од подрачјата на Непал и Тибет, кои во средата беа погодени од разорни поплави со голем број жртви и исчезнати лица.Кинескиот центар за следење на земјотресите, пак, пријавил потрес со јачина од 4,7 степени во областа Нагчу во Тибет.Новиот зе

Свет | пред 2 месеци

uchilishte-deca-uchilnica

Секое првоодделенче во Зрновци ќе добие ваучер од 5.000 денари

Секое првоодделенче што годинава ќе се запише во ООУ „Синиша Стоилов“ во Зрновци ќе добие ваучер во вредност од 5.000 денари. Одлуката денес ја донесе Советот на Општина Зрновци, по предлог на градоначалникот Ванчо Митев.Ваучерите се наменети за учениците што ќе бидат запишани во прво одделение во учебната 2026/2027 година, со цел да им се олесни на семејствата почетокот на новата училишна година.„Со оваа иницијатива сакаме да им посакаме среќен и успешен почеток на најмладите ученици и да им да

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryns6bvf54ri3s5Dnmckx

Убил две агентки за недвижности во САД: На 16 септември ќе му биде извршена смртната казна

Во американската сојузна држава Џорџија е закажано погубувањето на 53-годишниот Стејси Хамфрис, осуден за убиство на две агентки за недвижности пред повеќе од две децении. Смртната казна треба да биде извршена на 16 септември со смртоносна инјекција во државен затвор.Хамфрис е осуден за убиствата на 33-годишната Синди Вилијамс и 21-годишната Лори Браун, кои биле убиени на 3 ноември 2003 година во Паудер Спрингс, предградие на Атланта.Според доказите презентирани на судењето, Хамфрис влегол во ка

Свет | пред 2 месеци

media-libraryqlrpd0b966978v1Kf15

Водата во четири тетовски села не е безбедна за пиење

Водата за пиење во селата Порој, Џепчиште, Голема Речица и дел од Мала Речица кај Тетово не ги исполнува условите за безбедна употреба, соопшти тетовското јавно комунално претпријатие „Шар“.Од претпријатието информираат дека по извршените анализи е утврдено отстапување во квалитетот на водата, поради што до жителите е упатена забрана за нејзино користење за пиење.„Се информираат сите жители на селата Порој, Џепчиште, Голема Речица и Мала Речица, од гробиштата во Мала Речица до Голема Речица, дек

Македонија | пред 2 месеци

media-librarypr3si8acjq1fajufVNT

Непал и Кина предупредуваат на нови поплави, речиси 1.000 лица се водат како исчезнати

Непал и Кина предупредија на можност од нови поплави на Хималаите, откако две езера формирани од двете страни на границата се зголемуваат и се закануваат да се излеат. Предупредувањето доаѓа додека регионот сè уште се справува со последиците од катастрофалните поплави во кои загинаа најмалку 362 лица.Потрагата по исчезнатите и спасувачките операции продолжуваат во долините и на падините покриени со урнатини. Речиси 1.000 лица и натаму се водат како исчезнати по поплавите што ги погодија погранич

Свет | пред 2 месеци

media-library4npddjapi8h6aq6SM4N

До 18 часот регистрирани 22 пожари на отворен простор, 9 сè уште активни

Во текот на денешниот ден, до 18 часот, во земјава се регистрирани вкупно 22 пожари на отворен простор, од кои девет се активни, два се под контрола, а 11 се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).Активни пожари има во повеќе општини. Во реонот на Студеничани и Зелениково, огнот зафаќа мешана шума на потегот од селата Моране, Вртекица и Рамни Габер кон кракот за Палиград, како и над селата Вражале и Тисовица.Пожар е активен и во селото Копаница, во Општина Сарај, каде што гор

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryjsed16rgpq2b6KkhoX5

Пожарот над Тетово ставен под контрола, во гаснењето интервенирал и хеликоптер

Пожар што претпладнево избувнал над православните гробишта во Тетово претставувал сериозна опасност по околните куќи и населението, но бил ставен под целосна контрола благодарение на брзата интервенција на пожарникарите и полицискиот хеликоптер.Пожарот избувнал околу 11 часот меѓу неколку куќи, по што огнот се проширил кон блиската шума во насока на тетовското кале. Во гаснењето интервенирале тетовските пожарникари, а полицискиот хеликоптер во девет наврати фрлал вода врз огнените јазици.Директо

Македонија | пред 2 месеци

media-librarycm4g24sh2mde4G5XRl3

Србинка тешко повредена во Грција: Паднала од џет-ски и се здобила со повреда на главата

Туристка од Србија е потешко повредена откако паднала од скутер на вода во морската област Гларокавос, на Касандра, во Грција.Несреќата се случила вчера попладне, кога 36-годишната жена паднала од џет-ски во морето. При падот се здобила со повреда на главата и ја изгубила свеста.Прва помош ѝ пружиле сопругот и менаџерот на компанијата за изнајмување чамци, по што на местото пристигнала екипа на итната медицинска помош. Повредената првично била пренесена во Здравствениот центар Касандра, а поради

Балкан | пред 2 месеци

media-libraryqtd8d6pqhbcl3B2Tcnh

Две лица убиени во напад со нож во приватно училиште во Германија

Две лица се убиени во напад со нож што денеска се случил во приватно училиште во Госен-Ноја Зитау, во близина на Берлин, соопшти германската полиција. Осомничениот напаѓач е уапсен.Во нападот животот го загубила 18-годишна ученичка, како и 30-годишен маж кој се обидел да ѝ помогне. Засега нема информации дали во нападот има и други повредени лица.Според германските медиуми, уапсениот има 19 години и наводно бил поранешен партнер на убиената девојка. Неговата националност засега не е позната, а н

Свет | пред 2 месеци

uciliste

Четири подрачни училишта во Делчево привремено престануваат со работа

Четири подрачни училишта во Делчево привремено ќе престанат со работа поради значителното намалување на бројот на ученици и високите трошоци за нивно одржување. Одлуката се однесува на училиштата во селата Габрово, Ѕвегор, Стамер и Вирче, а беше донесена на 15. седница на Советот на Општина Делчево, по спроведената постапка за оптимизација на училишната мрежа.Општинскиот советник за образование, Ванчо Новоселски, посочи дека одлуката била донесена по анализа на бројот на ученици, финансиските тр

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryifj7namj2f1n0svrrZY

СДСМ бара транспарентност од Мицкоски за најавените центри за податоци

СДСМ остро реагира на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски во врска со најавените центри за податоци и неговите коментари за опозицијата, барајќи од Владата целосна транспарентност за проектите.Од опозициската партија велат дека Мицкоски, зборувајќи за „Фројд“ и однесувањето на опозицијата, се обидува да го сврти вниманието од прашањата што, според нив, остануваат без одговор во врска со инвестициите во центри за податоци.СДСМ прашува која е мултинационалната компанија со која, како што изја

Македонија | пред 2 месеци

media-library4qk1s4mpve60eZClkmk

Четири вечери, различни музички изрази: Охрид џез фестивал од 27 до 30 август

Охрид од 27 до 30 август ќе биде домаќин на Охрид џез фестивал 2026, кој носи четири вечери со различни музички изрази, обединети преку џезот.Фестивалската програма започнува на 27 август со Вечер на млади музичари, на која, под наслов „Ехо од Македонија“, ќе настапат ученици и професори од ОМУ „Методи Патче“ од Охрид.На 28 август следува Етно џез вечер, со настап на дуото Сашко Костов и Орхидеја Дукова.Третата фестивалска вечер, на 29 август, е посветена на класичниот џез. На сцената ќе настапа

ОО | пред 2 месеци

crna-gora

Црна Гора бележи туристички раст: Во јули над 1 милион ноќевања, најмногу гости од Србија

Туристичкиот промет во Црна Гора продолжува да расте, покажуваат најновите податоци на Управата за статистика – Монстат. Во јули, во колективното сместување биле регистрирани 244.754 туристички пристигнувања, што е раст од 4,4 отсто во споредба со истиот месец минатата година.Туристите во текот на јули оствариле вкупно 1.081.249 ноќевања. Странските гости учествувале со 91,6 отсто од вкупниот број ноќевања, додека домашните туристи од Црна Гора оствариле 8,4 отсто.Најбројни биле туристите од Срб

Балкан | пред 2 месеци

evra

Платите во Германија пораснаа за 4,1 отсто, а најниско платените работници добија раст од 6,7 отсто

Растот на платите во Германија во вториот квартал од 2026 година ја надминал инфлацијата, што довело до зголемување на куповната моќ на вработените. Според податоците на германската статистичка служба „Дестатис“, реалните плати пораснале за 1,5 отсто во споредба со истиот период лани.Номиналните плати, односно бруто-месечните примања со вклучени дополнителни исплати, биле повисоки за 4,1 отсто, додека потрошувачките цени во истиот период пораснале за 2,5 отсто.Најголем номинален раст на примањат

Свет | пред 2 месеци

britanski-brod-crno-more

Бугарија ќе добие 7 брода од Белгија и Холандија за заштита на Црното Море

Бугарија одобри набавка на седум брода за откривање и отстранување морски мини од Белгија и Холандија, со цел зајакнување на капацитетите за безбедност на пловидбата и заштита на поморските патишта во Црното Море.Бугарскиот парламент во средата го одобрил договорот со Холандија, според кој Бугарија ќе добие три брода опремени за откривање и уништување мини и други слични подводни објекти. Со посебен договор меѓу Белгија, Холандија и Бугарија се предвидува пренос на уште четири брода.Холандија се

Балкан | пред 2 месеци

media-library53b3df214ta5dMFvp79

Ја ставил внуката на раменици за да скокне во морето, но таа паднала врз неговиот врат - 45-годишен маж завршил со тешка повреда на ’рбетниот мозок на Крит

Тешка несреќа се случила на плажа во Ханија на Крит, откако 45-годишен маж при игра со својата мала внука се здобил со сериозна повреда на вратот.Според грчките медиуми, мажот го ставил девојчето на рамениците и сакал да ѝ помогне да скокне во морето. Во еден момент, девојчето ја загубило рамнотежата и паднало со голема сила директно врз неговиот врат.Од ударот 45-годишникот паднал во водата, при што се здобил со скршеница на вратен пршлен, со зафатеност и на ’рбетниот мозок. Тој веднаш бил прен

Балкан | пред 2 месеци

media-libraryc2181cn5tifo2MkVzla

Крадци за само четири минути однеле златно богатство старо 3.000 години во Шпанија

Во само четири минути крадци успеале да ограбат археолошки музеј во шпанскиот град Вилена и да однесат повеќе од 50 предмети од прочуената колекција „Богатството од Вилена“, која се смета за едно од најзначајните европски богатства од бронзеното време.Алармот во музејот се активирал околу 5:20 часот наутро, а крадците, според градските власти, ја напуштиле зградата само четири минути подоцна. Се верува дека пристигнале со неколку возила и најверојатно влегле во музејот преку прозорец.Градските в

Свет | пред 2 месеци

media-library9g7kmr1cetu3eRXzKB2

Расте бројот на заболени од западнонилска треска во Италија: 432 заразени, 17 лица починаа

Бројот на случаи на западнонилска треска во Италија продолжува да расте, а само во последната недела се регистрирани уште 80 заразени. Од почетокот на годината до 26 август се потврдени вкупно 432 случаи, при што 17 лица починале, соопшти Италијанскиот институт за јавно здравје.Од регистрираните случаи, кај 223 лица вирусот предизвикал невроинвазивна форма на заболувањето, при која е зафатен централниот нервен систем. Кај овие пациенти може да се појават сериозни состојби, меѓу кои менингитис и

Свет | пред 2 месеци

media-librarya355pbm5mqska1QEYOF

Расте бројот на жртви во Непал: 353 загинати, се трага по исчезнатите

Бројот на загинати во катастрофалните поплави што го погодија Непал се искачи на најмалку 353 лица, соопшти непалската полиција.Станува збор за нов значителен пораст на бројот на жртви, откако претходно денеска беше потврдено дека во разорните поплави животот го загубиле 270 лица.Спасувачките екипи и натаму трагаат по исчезнатите, додека надлежните служби продолжуваат со расчистување и проценка на последиците од природната катастрофа.

Свет | пред 2 месеци

media-library7b9tholgrg3vbqQoWsC

Објавена конечната ранг-листа за Средното полициско училиште „7-ми Мај“

МВР ја објави конечната ранг-листа на примените ученици во Средното полициско училиште „7-ми Мај“ и ги информира кандидатите за понатамошните чекори пред почетокот на школувањето.Примените ученици на 1 септември 2026 година во 10 часот треба да бидат присутни во Полициската академија на МВР во Идризово, заедно со еден родител, старател или законски застапник, кој треба да понесе документ за идентификација. Таму ќе биде потпишан договорот за школување.Учениците во Полициската академија ќе престој

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања