Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

rfgferge-184092

Се реновира одделот за породени мајки во Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство

На Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје во тек е реновирање на одделот за пуерпериум, каде што престојуваат мајките по породувањето. Од клиниката информираат дека градежните активности не влијаат врз редовното одвивање на работата и дека сите здравствени услуги се обезбедуваат навремено.Од ГАК ги информираат идните пациентки кои во наредниот период треба да се породат дека поради реновирањето дел од породените мајки се сместени на одделението, а дел на друго одделение

Скопје | пред 2 месеци

media-libraryc4mkpcsuh8pr0ErJgZD

Три лица во Хрватска заразени со западнонилска треска

Три лица во Хрватска се заразиле со западнонилска треска во текот на јули и август, потврди Хрватскиот институт за јавно здравје (HZJZ) за RTL Danas. Пациентите се од источниот, централниот и северозападниот дел на земјата.Од HZJZ појаснуваат дека западнонилската треска не се пренесува преку директен контакт меѓу луѓето, туку најчесто преку каснување од заразен комарец.Станува збор за заразно заболување предизвикано од вирусот на западнонилската треска, кој во природата се одржува преку циклусот

Балкан | пред 2 месеци

media-library8jr1drgi67v78KmQxVE

Левица: ДПМНЕ ја распродава енергетската иднина на Македонија со дата-центар во Пехчево

Левица реагира на најавеното гласање во Советот на Општина Пехчево за иницијатива за изградба на дата-центар на пет парцели во Панчарево, оценувајќи дека за проект со потенцијално значително влијание врз потрошувачката на електрична енергија, водата и инфраструктурата, јавноста досега не добила доволно информации.Од партијата велат дека не се објавени податоци за инвеститорот, очекуваната потрошувачка на електрична енергија и вода, потребната инфраструктура, економската корист за општината, ниту

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryl26uegu4mlod1EX7wLW

ЕУ одобри 6,1 милијарда евра помош за Украина

Киев денеска е во центарот на европското внимание, откако повеќе европски лидери пристигнаа во украинската престолнина на одбележувањето на 35-годишнината од независноста на земјата. Во исто време, Европската Унија и Велика Британија најавија нова воена поддршка за Украина во нејзината одбрана од руската инвазија.Меѓу гостите во Киев е и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, откако Европската Унија одобри нова транша од 6,1 милијарда евра за Украина. Средствата ќе бидат наменети за п

Свет | пред 2 месеци

media-librarye748rg39tmkcbBPvYGY

Иран: Немаме проблем со Бугарите, но имаме право да го нападнеме изворот на агресијата против нас

Иран повторно ја предупреди Бугарија да не дозволува користење на својата територија за американски или израелски воени операции против Техеран, при што порача дека го задржува правото да го нападне местото од кое би потекнувал евентуален напад.Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаеи, нагласи дека Техеран „нема проблем со бугарскиот народ“, но дека евентуалното овозможување воени операции против Иран би се сметало за учество во агресија.Според него, Иран има пра

Свет | пред 2 месеци

turcija-zemjotres-2

Во 3:36 часот замолкна Италија: Аматриче ги одбележа десетте години од катастрофалниот земјотрес

Со минута молк и звуците на камбаните, денеска во италијанскиот град Аматриче беа одбележани десет години од разорниот земјотрес во кој загинаа 239 жители.Минутата молк започна во 3:36 часот наутро, во моментот кога на 24 август 2016 година земјотрес со јачина од 6,2 степени го погоди градот и за само неколку секунди речиси целосно го уништи неговото историско јадро.Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска ќе го посети Аматриче, каде што ќе присуствува на комеморацијата и ќе положи венци во

Свет | пред 2 месеци

media-librarycv839nfk4kdic1g5mx1

Средните училишта во Скопје добиваат современи лаборатории, паметен пластеник и метеоролошка станица

Средните училишта во Скопје се опремуваат со современи кабинети и лаборатории, со цел наставата по природните и математичките науки да се насочи кон практична работа, експерименти и интерактивно учење.Во тек е уредување на кабинети по математика и физика, како и лаборатории по хемија и биологија, кои ќе добијат нова наставна опрема, дидактички помагала, интерактивна технологија и училиштен мебел приспособен на современите потреби.Со интерактивните панели учениците ќе можат сложените научни конце

Скопје | пред 2 месеци

dijabetes

Дијабетес тип 2 кај младите во САД се зголемил десетпати за две децении

Дијабетес тип 2 кај децата и адолесцентите во САД бележи драматичен пораст, покажува ново истражување на Европското здружение за проучување на дијабетесот (EASD). Според анализата, учестеноста на ова заболување кај лицата помлади од 20 години се зголемила речиси десетпати од 2002 година.Истражувањето се темели на податоци собрани во Колорадо во периодот од 2002 до 2023 година. Во тој период биле регистрирани повеќе од 8.000 случаи на дијабетес тип 1 и околу 1.500 случаи на дијабетес тип 2 кај де

Свет | пред 2 месеци

nema-voda

Дел од Скопје утре без вода и струја: Проверете дали сте на списокот

Дел од корисниците во општините Карпош и Центар во вторник, 25 август, ќе имаат прекин во водоснабдувањето, а без електрична енергија ќе останат и делови од Карпош, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ и ЕВН Македонија.Поради изведување водоводен приклучок на улица 2 бр. 2 во Козле, без вода од 09:00 часот до завршување на работите ќе останат корисниците од улица 2 и дел од улица „Козле“ – висока зона.Во општина Центар, поради дефект на приклучна цевка на улица „Мирче Ацев“ бб, прекин во в

Скопје | пред 2 месеци

kanjonmatka

Расправија за чамец во Долна Матка прерасна во физички напад: Семејство нападнато од три лица

Инцидент во Долна Матка при расправија околу прошетка со чамец завршил со физички напад врз тричлено семејство од гостиварското село Неготино.Според информациите од МВР, 47-годишна жена пријавила дека вчера околу 10:30 часот, по претходна расправија со вработен во комплексот околу прошетка со чамец, таа, нејзиниот сопруг и нивната ќерка биле физички нападнати од три лица.Случајот бил пријавен во СВР Скопје во 11:30 часот.Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување н

Македонија | пред 2 месеци

media-library06h8uc47jn39eC796BM

ЈП „Охридски Комуналец“ подигна 22 кубни метри кабаст и зелен отпад од Даљан и 8. Урбана Заедница

ЈП „Охридски Комуналец“ реализираше вонредна и широкоопфатна акција за подигнување кабаст и зелен отпад во населбата Даљан и во 8. Урбана Заедница.Во рамки на акцијата беа опфатени и комплексите со згради на улиците „Галичица“ и „Никола Карев“, од каде што се подигнати вкупно 22 кубни метри отпад.Од претпријатието посочуваат дека неправилното оставање на кабаст отпад и непотребна покуќнина на јавни површини е честа појава во урбаните заедници, со што се нарушува изгледот и се деградира јавниот п

ОО | пред 2 месеци

media-libraryrcmboegiu70d0j20wJE

Центар се соочува со зголемена појава на глодари: Почна вонредна дератизација

Зголемена појава на глодари е регистрирана на повеќе локации во Општина Центар, поради што денес и утре ќе се спроведува вонредна дератизација.Акцијата ги опфаќа Капиштец, Дебар Маало, Буњаковец и Кале, каде што граѓаните пријавиле присуство на глодари. Градоначалникот Горан Герасимовски посочи дека општинските служби реагираат по пријавите и ќе продолжат да ја следат состојбата.„По пријавите од граѓаните, веднаш преземаме мерки и спроведуваме вонредна дератизација на локациите каде што е забеле

Скопје | пред 2 месеци

media-library5ff8j5a90a7n2jxivyn

(Видео) Уште еден пожар проголта куќа, овој пат во Пробиштип

Сериозен пожар попладнево избувна во селото Гујновце, во Општина Пробиштип, при што огнената стихија веќе зафати и куќа.Пожарот се шири во близина на населеното место.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarytr6n5r302mjpeQ3TLDZ

(Видео) Голем пожар на Жеден се движи кон Скопје: Ангелов отиде со хеликоптер да види, пожарникарите истоштени

Мирисот на чад кој попладнево се чувствува во Скопје доаѓа од големиот пожар на планината Жеден, во атарот на селото Бојане, информира директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.„Пожарот од тетовска страна се движи кон скопската страна на планината. Станува збор за тежок и тешко пристапен терен, поради што гаснењето е отежнато“, изјави Ангелов.Тој очекува во текот на попладневните часови пожарот да биде ставен под контрола. Во гаснењето се ангажирани пожарникари, кои, како ш

Скопје | пред 2 месеци

media-libraryid76jfjnr67r9fGrWbm

Директорот на ЦУК објави „спасено теле“ од Палиград, a фотографијата е од Калифорнија стара шест години

Директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али, објави фотографија од теле за кое тврди дека било спасено од пожарникарите при вчерашниот голем пожар над селото Палиград на планината Китка. Но, фотографијата што ја употребил во објавата не е од пожарот во Македонија – таа е направена во Калифорнија пред шест години.Фотографијата е дел од сторија на американскиот медиум „Successful Farming“, објавена на 9 септември 2020 година, со наслов „Чудесното теле го преживеа пожарот во Калифорн

Македонија | пред 2 месеци

media-library1frlu49nrj2maoDc3NJ

(Видео) Чадот направи обвивка над Скопје

Густ чад направи обвивка над Скопје, а причината, според информациите од Центарот за управување со кризи, е активниот пожар во реонот на планината Китка, меѓу општините Студеничани и Зелениково.Поради ветерот, чадот од пожарот се движи во правец на главниот град и е забележлив во повеќе скопски населби.Во гаснењето на пожарот кај Китка досега е вклучен и хеликоптер на Министерството за внатрешни работи, додека надлежните служби ја следат состојбата на терен.Од ЦУК информираат дека во моментов не

Скопје | пред 2 месеци

media-librarylk6kmpj780a7741ItyH

„Дизелот надмина 100 денари – граѓаните скапо ги чинат промашувањата на Мицкоски“, вели СДСМ

СДСМ преку соопштение реагира на новото поскапување на горивата, откако дизелот од 25 август достигна цена од 101,50 денари за литар.Од партијата велат дека станува збор за четврто поскапување во период од еден месец и обвинуваат дека зголемувањето на цената на дизелот ќе се одрази и врз транспортот, производството и дистрибуцијата, а со тоа и врз цените на храната и останатите производи.„Секоја најавена мерка на Мицкоски за намалување на цените завршува со ново поскапување. Дизелот надмина 100

Македонија | пред 2 месеци

media-librarydkd5ep51gvm88upuczT

Пожар во Кисела Вода: Се запалило комбе кај „Автомакедонија“

Запалено комбе било пријавено денеска на улицата „Ѓорѓи Сугаре“, во близина на „Автомакедонија“ во скопската населба Кисела Вода.Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат дека за настанот е известена Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, чии екипи треба да интервенираат на терен.Засега нема информации за причините поради кои избувнал пожарот, ниту за евентуално повредени лица.

Скопје | пред 2 месеци

kremlj-moskva

Москва предупредува на нови одмазднички напади: „Киев ја отвори Пандорината кутија“

Кремљ предупреди дека Украина ќе се соочува со руски одговори поради нападите врз руската цивилна инфраструктура. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Киев со ваквите дејствија „ја отворил Пандорината кутија“.Одговарајќи на прашање за нападите со беспилотни летала врз логистичките центри на рускиот интернет-трговец Озон, Песков се повика на неодамнешната изјава на рускиот претседател Владимир Путин, според која Украина се обидува да ја напаѓа инфраструктурата поврзана со трговијата

Свет | пред 2 месеци

media-libraryg6j929frg711bJBW7y4

Илјадници мигранти три недели заглавени во Сеута: Нема место во прифатните центри

Илјадници мигранти кои пред три недели нерегуларно влегле од Мароко во шпанската северноафриканска енклава Сеута и натаму се наоѓаат во градот, додека локалните власти се обидуваат да обезбедат дополнителни простори за нивно сместување.За време на викендот, повеќе од 300 мигранти се собрале во близина на прифатната зона Лома Колменар, каде што се наоѓа еден од привремените центри за нивно згрижување. Објектот е исполнет, а оние кои останале надвор чекаат да се ослободи место и да започне постапк

Свет | пред 2 месеци

media-library6oeuql55gipjeGUV0OU

Матичната служба ќе проверува зошто од родители било побарано да именуваат бебе кое починало еден месец претходно, но и кој најавувал казна

Управата за водење на матичните книги ќе ја проверува целата постапка во случајот со семејството од Пробиштип, кое било контактирано за определување име на новороденчето иако бебето починало непосредно по раѓањето.Од Управата, во одговор за „Скопје1“, велат дека ќе се проверува правилноста на преземените дејствија, времето на доставување на податоците, примената на прописите и начинот на кој институциите комуницирале со родителите.„Во конкретниот случај, имајќи ја предвид околноста дека новороде

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryjf9oobt3vaq7apf88ak

(Видео) Чад над Скопје: Ветерот го носи од пожарот на планината Киткa

Цело Скопје попладнево е под чад, а од Центарот за управување со кризи информираат дека зачаденоста доаѓа од активниот пожар во реонот на Китка, на подрачјето на општините Студеничани и Зелениково.Според ЦУК, ветерот го носи чадот кон главниот град, поради што во повеќе делови од Скопје се чувствува и се забележува значително присуство на чад.На пожарот кај Китка досега дејствувал и хеликоптер на Министерството за внатрешни работи.Од ЦУК нагласуваат дека до овој момент немаат добиено пријава за

Скопје | пред 2 месеци

media-library0r6i399ijv7jfxkwNhH

Десет возачи лишени од слобода за безобѕирно возење, девет биле без дозвола

Десет возачи биле лишени од слобода во текот на изминатото деноноќие поради безобѕирно управување со возило, информира Министерството за внатрешни работи.Од нив, девет возачи управувале без возачка дозвола, а двајца од нив биле малолетници. Еден од возачите предизвикал сообраќајна незгода со материјална штета, додека друг управувал возило под дејство на алкохол.Од МВР информираат дека по целосното документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.Полицијата повторно апелира

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryuf4jo7cuqn3a7GWtFww

Поранешниот командант на ОВК се закани: „Косово, Албанија и Македонија ќе горат во пламен“ ако лидерите на ОВК бидат осудени

Поранешниот командант на ОВК, Насим Харадинај, упати остри предупредувања за можни последици во регионот доколку Специјализираните совети во Хаг донесат осудителни пресуди за поранешните лидери на ОВК, пренесува косовскиот медиуми „Зери“.Во гостување на телевизијата Т7, Харадинај изјавил дека евентуална затворска казна за Хашим Тачи, Кадри Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи би предизвикала жестока реакција, не само на Косово, туку и меѓу албанското население во регионот. Според него, пресудат

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryo58qobn6u2gd1RMYX7h

(Фото) Исплашено и заробено во пожарот: Пожарникари спасиле мало теле на Китка

Во борбата со големиот пожар што беснее над селото Палиград на планината Китка, пожарникарите од Противпожарната бригада на Град Скопје спасиле и едно мало теле оставено на опожарениот терен.Како што информира ЦУК, животното било пронајдено во метежот и огнот, исплашено и беспомошно, но пожарникарите успеале да го извлечат од опасната зона.„Мало, исплашено, но живо – една мала победа во тешкиот ден“, се наведува во информацијата.Од ЦУК посочуваат дека пожарите не ја загрозуваат само природата, и

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања