Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

media-librarylocpq1134thk8E9Xjv8

ЈП „Охридски Комуналец“ ги мие пешачките зони во центарот на Охрид

Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ од раните утрински часови реализираа акција за машинско и рачно миење на пешачките зони во централното градско подрачје, со цел одржување на јавната хигиена на високо ниво во текот на туристичката сезона.Во рамките на активностите беше извршено темелно чистење на најфреквентните пешачки површини, а плочникот во охридската чаршија и другите пешачки зони беа третирани со специјално средство за отстранување на тврдокорни наслаги.Од претпријатието информираат дека

ОО | пред 3 месеци

apasiev

„Груевски ослободен од „Талир 2“ благодарение на Кривичниот законик што заедно го скроија СДСМ и ДПМНЕ“, велат од Левица

Левица преку соопштение оцени дека ослободителната пресуда за поранешниот премиер Никола Груевски во предметот „Талир 2“ е директна последица на измените на Кривичниот законик, кои во 2023 година беа изгласани со поддршка од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.Од партијата посочуваат дека со измените бил изменет членот 353 од Кривичниот законик, кој се однесува на злоупотреба на службената положба и овластување – кривично дело врз кое се темелело обвинението во случајот „Талир 2“. Според нив, примената на поблаги

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykopjcjcgebgucjqCzrD

Кривична за таткото на Меланија од Куманово за семејно насилство, по последниот инцидент заврши во Психијатриската болница во Демир Хисар

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против 56-годишниот П.Ц. од Куманово поради сомнение дека го сторил кривичното дело „загрозување на сигурноста“, откако претходно неговата ќерка, физиотерапевтката Меланија Цветковска, јавно побара помош од институциите, тврдејќи дека со години семејството живее во страв поради неговото насилно однесување.Според МВР, пријавениот подолг временски период, под дејство на алкохол, вршел психичко и физичко насилство врз членовите на своето с

Македонија | пред 3 месеци

media-librarycak8udcnlp4o9DsKbLB

Нетанјаху заминува во Вашингтон, средбата со Трамп сè уште не е потврдена

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху в сабота ќе отпатува во Соединетите Американски Држави, објави „Џерусалем пост“. Според најавите, тој ќе престојува во Вашингтон до вторник.За време на посетата, Нетанјаху планира да присуствува на комеморативна церемонија во чест на американскиот сенатор Линдзи Греам.Израелски извори наведуваат дека премиерот сака да се сретне и со американскиот претседател Доналд Трамп, но средбата засега не е официјално потврдена.Ова ќе биде прва посета на Нетанјаху на С

Свет | пред 3 месеци

media-library7thikieu6j2a3vq7YAJ

„Левица има јавен договор со Мицкоски“, велат од СДСМ

СДСМ преку соопштение ја обвини Левица дека делува во интерес на власта и дека наместо да биде дел од опозицијата, му помага на премиерот Христијан Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ.Во партиското соопштение, СДСМ оценува дека Левица повторно ја има улогата на „сателитска партија“ на власта, обвинувајќи ја дека ги напаѓа опозициските партии и ги попречува обидите за опозициско обединување.Од СДСМ тврдат дека Левица не е вистинска опозиција, посочувајќи дека се спротивставува на членството во НАТО и на евр

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygi3bpf48gh6k8dCAVV1

По 23 години завршува американското воено присуство во Ирак

Соединетите Американски Држави ќе ја повлечат својата војска од Ирак до крајот на септември, со што ќе заврши 23-годишното американско воено присуство во земјата, започнато со инвазијата врз режимот на Садам Хусеин во 2003 година.Одлуката ја потврдија американски и ирачки претставници, а американскиот претседател Доналд Трамп, по средбата во Белата куќа со ирачкиот премиер Али ал-Заиди, изјави дека Вашингтон повеќе не смета дека има потреба од воено присуство во Ирак.„Повеќе не мислиме дека ни е

Свет | пред 3 месеци

media-libraryb0c4t56so4s8eEKWZMR

„Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос“, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција изјави дека Изборниот законик е дел од реформите поврзани со европската интеграција на државата, посочувајќи дека тоа јавно го потврдила и еврокомесарката за проширување Марта Кос.Одговарајќи на новинарско прашање за обвинувањата од СДСМ дека Владата ја доведува јавноста во заблуда кога тврди дека Изборниот законик е европски услов, Мицкоски рече дека изјавата на еврокомесарката е доволен доказ.„Сите можеа да ја слушнат комесарката Март

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryq8u6p62g14m57v5a5gU

Мицкоски за ослободителната пресуда за случаите „Талир 1“ и „Талир 2“: Конечно правдата е задоволена за ВМРО-ДПМНЕ

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција ја поздрави ослободителната пресуда во предметите „Талир 1“ и „Талир 2“, оценувајќи дека со неа конечно била задоволена правдата во однос на ВМРО-ДПМНЕ.Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека партијата во минатото била изложена на политички прогон и, како што рече, агресија од страна на тогашната власт преку, според него, конструирани судски предмети.„Мојот став е многу јасен. ВМРО-ДПМНЕ во тој период беше предмет на пол

Македонија | пред 3 месеци

media-library4mo1k8t35spn4SVkG1Z

„Контролирано судство - Мицкоски го спаси Груевски за „Талир 2“ и го врати криминалниот имот“, вели Кузеска

На прес-конференција, портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, обвини дека пресудата во предметот „Талир 2“ е доказ за, како што велат, политичко влијание врз судството и обвинителството, оценувајќи дека поранешниот премиер Никола Груевски е спасен од одговорност, а партискиот имот на ВМРО-ДПМНЕ е повторно достапен.Кузеска изјави дека по осум години „Белата палата“, која според партијата вреди 14 милиони евра, како и останатиот партиски имот во вредност од околу два милиони евра, повторно се во

Македонија | пред 3 месеци

media-library0hvuga9osnq8bU2Jsct

Иран погуби маж осуден за палење владина зграда за време на протестите

Иранските власти погубија маж осуден за палење на владина зграда за време на антивладините протести во јануари годинава, што претставува најнов случај во серијата егзекуции поврзани со немирите кои ја потресоа земјата.Според иранската правосудна агенција „Мизан“, смртната казна над Мохамад Амини Дехагани била извршена со бесење, откако Врховниот суд ја потврдил пресудата. Од правосудството соопштија дека сите законски постапки биле завршени и дека судењето се одвивало во присуство на негов адвок

Свет | пред 3 месеци

merc

Закана до германскиот канцелар: Ирански весник го стави Мерц на „листа за одмазда“

Германските власти со сериозност ги разгледуваат заканите упатени кон канцеларот Фридрих Мерц, откако иранскиот ултраконзервативен весник „Хамшахри“ објави плакат со фотографии на 13 западни лидери, проследен со порака дека тие ќе платат за смртта на поранешниот врховен лидер на Иран, Али Хамнеи.Покрај Мерц, на плакатот се најдоа и американскиот претседател Доналд Трамп, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, францускиот претседател Емануел Макрон и италијанската премиерка Џорџа Мелони. Сите бе

Свет | пред 3 месеци

zmija-1

Неверојатен случај во белгиска зоолошка: Змија роди 12 младенчиња без да се пари со мажјак

Во зоолошката градина „Пакави парк“ во белгискиот град Олмен е забележан исклучително редок природен феномен – женка белоусна бамбусова змија родила 12 младенчиња, иако со години не била во контакт со мажјак.Ветеринарот Тим Баутс изјави дека веднаш се посомневал дека станува збор за необичен случај кога чуварите го известиле дека змијата, која подоцна го добила името Марија, донела на свет младенчиња.Стручњаците утврдиле дека станува збор за партеногенеза – редок облик на бесполово размножување,

Свет | пред 3 месеци

putin-rusija-542

Литванија предупредува: Русија може да изврши провокации врз членки на НАТО

Литванскиот претседател Гитанас Науседа изјави дека разузнавачките служби располагаат со информации за можни руски провокации насочени кон Полска или балтичките земји, кои би можеле да бидат искористени за тестирање на единството на НАТО.Во интервју за агенцијата БНС, Науседа рече дека станува збор за можни ограничени напади врз објекти од критичната инфраструктура, како што се енергетските и транспортните системи.„Не можам да негирам дека имаме такви информации и дека станува збор за насочени о

Свет | пред 3 месеци

media-library9fm15rp16ldr5VDJsGw

Летал приватно со владиниот авион и трошел службени пари: Обвинение за поранешен директор на СОЗР

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог против поранешен директор на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), кој се товари за продолжено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување, како и за фалсификување службена исправа.Според обвинението, во периодот од јули 2021 до март 2024 година, обвинетиот без законски основ за себе и за повеќе вработени потпишувал решенија и патни налози за службени патувања во странство, а за приватни потреби го користел

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryph5hjllhgcu72xwpGRe

Онколози предупредуваат: Овој додаток во исхраната може да го зголеми ризикот од рак

Здравата исхрана и начинот на живот можат да го намалат ризикот од рак за 30 до 40 проценти, но експертите предупредуваат дека одредени производи не треба да станат дел од секојдневната исхрана.Онкологот д-р Авишек Кумар вели дека посебно ги избегнува преработените додатоци од сланина, како што се парчињата сланина за салати, намазите од сланина и сличните индустриски производи. Според него, проблемот не е повремената употреба, туку нивното често и долготрајно консумирање.Тој потсетува дека Меѓу

Магазин | пред 3 месеци

media-libraryplvr6vq47agj9taG7x5

Зајкова: Електронското гласање мора да важи за сите, не само за дијаспората

„Мене малку сѐ ова ми наликува на политичка шизофренија. Лош збор е и можеби не треба да се соопшти, но да го појаснам: тоа е кога вие кажувате две контрадикторни работи, а тврдите дека сте конзистентни во политиките“, изјави претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова, во денешното гостување на Радио Лидер.„Ајде да се вратиме неколку месеци наназад. Дали владејачкото мнозинство поднесе закон со кој бара, нели, да се забранат двојни државја

Македонија | пред 3 месеци

media-library8jr1drgi67v78KmQxVE

Левица: СДСМ ќе останат запаметени дека поради таен договор со Мицкоски не дозволија опозициско обединување за една изборна единица

Левица ја обвини СДСМ дека одбила да се приклучи на иницијативата за опозициско обединување околу воведувањето една изборна единица, оценувајќи дека со тоа свесно ја саботирала идејата.Од партијата тврдат дека СДСМ останала на, како што велат, таен договор со ВМРО-ДПМНЕ Изборниот законик да не се менува, со цел да се зачува актуелниот изборен модел.Во соопштението Левица наведува дека и покрај јавните политички судири меѓу двете најголеми партии, тие, според нив, имаат заеднички интерес кога ста

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryp6rnalf07tt3fzZNl1d

(Видео) Се преврте чамец со туристи кај Алкатраз: Еден загинат, двајца исчезнати

Еден човек загина, а две лица се водат како исчезнати откако туристички чамец со 19 патници се преврте во близина на островот Алкатраз во заливот на Сан Франциско.Според американските власти, 13 патници безбедно стигнале до брегот, додека тројца биле пренесени во болница. Еден од повредените починал и покрај обидите за реанимација.Во потрагата по исчезнатите учествуваат 11 пловила, како и Американската крајбрежна стража и други спасувачки служби.Началникот на противпожарната служба во Сан Франци

Свет | пред 3 месеци

media-libraryjqohdp9bsumjckdoiza

Трамп: Нападите врз Иран ќе продолжат сè додека не кажам дека е доволно

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека САД следната недела ќе ги прошират нападите врз Иран и ќе ја таргетираат критичната инфраструктура доколку Техеран не се согласи на преговори.Во интервју за „Фокс њуз“, Трамп изјави дека на удар ќе бидат електраните и мостовите.„Следната недела работите навистина ќе станат лоши за нив. Следната недела доаѓаат електраните. Следната недела доаѓаат мостовите. Ќе ги уништиме сите нивни електрани и мостови, освен ако не седнат на маса и не прегова

Свет | пред 3 месеци

media-libraryaugbe4jpek1l1oC305a

Европската централна банка ги избра учесниците за тестирањето на дигиталното евро

Европската централна банка (ЕЦБ) направи нов чекор кон воведувањето на дигиталното евро, избирајќи 36 даватели на услуги за плаќање кои ќе учествуваат во едногодишен пилот-проект што ќе започне во втората половина на 2027 година.Во тестирањето ќе учествуваат традиционални банки, дигитални банки и компании за плаќања, кои заедно со ЕЦБ и 19 национални централни банки ќе ја проверуваат техничката инфраструктура, оперативните процеси и корисничкото искуство со новата дигитална валута.Пилот-проектот

Свет | пред 3 месеци

gis-centar-696x463

ГИС порталот на Општина Центар нуди увид во ДУП-ови, инфраструктура и општински услуги

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги повика граѓаните да се регистрираат и да го користат ГИС порталот – дигитална платформа преку која на едно место се достапни општинските услуги, информации и просторни податоци.Според Герасимовски, порталот овозможува брз, едноставен и транспарентен пристап до актуелните информации, тековните и планираните инфраструктурни проекти, јавните повици, како и останатите активности на Општината.„Со едноставна регистрација, секој граѓанин добива

Скопје | пред 3 месеци

media-librarymc1ksp3enni63wwGx7x

Герасимовски: Пријавете се на ГИС порталот, брзи дигитални услуги и информации за Општина Центар

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги повика граѓаните активно да го користат ГИС порталот – дигитална платформа што овозможува брз и транспарентен пристап до општинските услуги, информации и тековни проекти.Порталот е достапен на: https://gis.centar.gov.mk/NexusPublicPortal/PublicPortal/MapКако што информираат од Општината, преку едноставна регистрација граѓаните можат на едно место да ги следат сите новости, јавни повици, инфраструктурни проекти, културни настани и други ак

Скопје | пред 3 месеци

media-library07vabp3t62h00muycbd

(Видео) Градот Скопје ќе го помогне оркестарот на „Орце Николов“ за настапите во Њујорк

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави дека Градот Скопје ќе му даде поддршка на оркестарот при СУГС Гимназија „Орце Николов“, кој во септември ќе настапи во Њујорк по освоеното прво место на меѓународен музички натпревар.Ѓорѓиевски денеска се сретнал со младите музичари, за кои рече дека за краток период постигнале значајни домашни и меѓународни успеси.„Тие се огромна гордост за сите скопјани, но и вистински амбасадори на Македонија, на македонската музика, култура и традиција“, нап

Скопје | пред 3 месеци

meta

26 вработени ја тужат „Мета“: Вештачката интелигенција ги избирала за отказ

Група од 26 вработени поднесе тужба против компанијата „Мета“, тврдејќи дека при изборот на работници за масовните отпуштања биле користени системи потпомогнати од вештачка интелигенција, кои непропорционално ги погодиле лицата што користеле боледување, породилно, родителско или медицинско отсуство.Тужбата е поднесена пред федерален суд во Калифорнија, непосредно пред планираното отпуштање на околу 8.000 вработени, што претставува околу десет проценти од работната сила на компанијата.Според наво

Свет | пред 3 месеци

media-library46glujoeofi20IZluJh

Сите криминалци во Македонија се на слобода, освен тие кои украле ќебапи или не платиле еден месец струја, вели Најчевска за пресудата за Груевски

Професорката Мирјана Најчевска реагираше по ослободителната пресуда за поранешниот премиер Никола Груевски во предметот „Талир 2“, оценувајќи дека во Македонија на слобода се сите криминалци, освен оние кои сториле ситни прекршоци.„Сите криминалци во Македонија се на слобода. Освен оние најголемите кои закасниле со плаќање на струја еден месец, кои украле 30 ќебапчиња и оние најстрашните кои продаваат китки магдонос и лозов лист пред пазарите. За нив нема милост. Законот е еднаков за сите. Посеб

Коментари | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања