Промени тема
Контакт

Најнови вести

1 нед.
369514-vo-sreda-kje-se-prska-protiv-komarci-129781

Авионска дезинсекција против комарци во Скопје викендов

Градот Скопје најави авионска дезинсекција против комарци на подрачјето на градот во текот на викендот.Дезинсекцијата против возрасни форми на комарци ќе се спроведе во раните утрински часови на 19 септември (сабота) и 20 септември (недела).Од Градот Скопје информираат дека доколку временските услови не дозволат реализација на прскањето, тоа ќе биде извршено првиот нареден ден кога условите ќе бидат поволни, во истиот термин.Од Градот упатуваат апел до пчеларите навреме да ги преземат потребните

Скопје | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryi592fc405gc67APWaag

(Видео) Манасиевски: СДС и ДУИ ги бираа судиите и обвинителите во Мала Речица и на Бихаќка, тие се соработници на криминалот и корупцијата

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција обвини дека СДС и ДУИ со години влијаеле врз правосудниот систем преку поставување свои кадри на високи позиции и порача дека, според него, за тоа мора да има одговорност.Манасиевски тврди дека дел од судиите и обвинителите блиски до двете партии носат одлуки спротивни на правдата, но во согласност со нивните политички интереси.Како примери ги наведе обвинителката Катерина Коларевиќ, за која тврдеше дека го затворила

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryc786rdle4qqe1q56X3L

(Видео) Пукање во училиште на Филипините: Три ученици загинаа, осуммина се повредени

Три ученици загинаа, а осуммина се повредени во пукање во средно училиште во местото Банга, на југот на Филипините. Меѓу загинатите е и 16-годишниот ученик, кој е осомничен за нападот.Градоначалникот на Банга, Алберт Палеснија, изјави дека сите жртви биле ученици на возраст од 14 до 17 години, а четворица од повредените се во критична состојба.Инцидентот се случил во Националното средно училиште во Банга, во провинцијата Јужен Котабато. Локалните власти соопштија дека полицијата ги проверува око

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-library7t5p8jhrc2l37GWY2KW

САД одобрија можна продажба на 48 авиони Ф-35 на Саудиска Арабија за 24,3 милијарди долари

САД одобрија можна продажба на 48 борбени авиони Ф-35 на Саудиска Арабија, во договор чија проценета вредност достигнува 24,3 милијарди долари.Според американскиот Стејт департмент, Саудиска Арабија побарала набавка на 48 авиони Ф-35 „Лајтнинг II“ со конвенционално полетување и слетување, како и 49 мотори „Прат и Витни F135-PW-100“. Од нив, 48 би биле вградени во авионите, а еден би служел како резервен.Планираната продажба опфаќа и комуникациска, навигациска и опрема за електронско војување, му

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryp3d0u4fehc2raPK0ffr

Возел товарно возило за време на активна забрана

69-годишен жител на охридското село Долно Коњско е лишен од слобода во Ресен откако полицијата го затекнала како управува товарно возило, иако имал активна забрана за управување возила од Ц категорија.Од МВР информираат дека на 17 септември во 23:45 часот, на улицата „Корчуланска“ во Ресен, полициски службеници од ОВР Ресен, при сообраќајна контрола, запреле товарно возило „форд“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Б.Л. (69).При проверката било утврдено дека тој управувал за време на а

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
napad

Битолчанец ја нападнал сопругата и нејзиниот татко

33-годишен битолчанец е лишен од слобода поради сомнение дека физички ги нападнал својата сопруга и нејзиниот татко.Од МВР информираат дека на 17 септември во 23:30 часот полициски службеници од СВР Битола го привеле И.Ш. (33) од Битола по пријава за физички напад врз неговата 36-годишна сопруга и нејзиниот татко.Полицијата презема мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
policija-policajci-kontrola-vozaci-avtopat

Тројца возачи уапсени во Гостивар и Тетово, сите возеле без дозволи

Тројца возачи се лишени од слобода во Гостивар и Тетово откако полициските проверки покажале дека управувале возила без возачки дозволи.На 17 септември во 17:45 часот, во населбата Циглана во Гостивар, полицајци го лишиле од слобода Б.А. (26) од Гостивар. При сообраќајна контрола бил запрен мопед со скопски регистарски ознаки, при што било утврдено дека го управувал без возачка дозвола. Мопедот бил одземен.Истиот ден околу 19:55 часот, на улицата „Илинденска“ во Гостивар, полицијата извршила уви

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
oblozuvanje

Маж со нож одзел пари од обложувалница во Тетово

Во спортска обложувалница во Тетово се случило разбојништво, при што маскирано? лице со закана со нож од вработена одзело пари и побегнало.Од МВР информираат дека случајот бил пријавен на 18 септември во 00:30 часот во СВР Тетово. Според пријавеното, претходната вечер околу 22:50 часот, во спортска обложувалница на улицата „Илинденска“, едно машко лице со закана со нож од вработената одзело пари, по што го напуштило објектот.На местото бил извршен увид, а полицијата презема мерки за пронаоѓање н

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-library4l3ts3o5mpgv5peBkQR

Жена паднала од два метри ѕид кај угостителски објект на патот Маврово–Дебар

27-годишна жена од Дебар се повредила откако паднала од ѕид висок околу два метра во близина на угостителски објект на регионалниот пат Маврово–Дебар.Од МВР информираат дека случајот бил пријавен на 17 септември во 23:10 часот во Полициското одделение Ростуше. Вработената А.К. паднала кај помошниот влез на угостителскиот објект, на местото познато како Манастирска крстосница.По падот, таа била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде ѝ била укажана лекарска помош.Увид на ме

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-library1usmvgt51qbi8d01cek

Запленети над 1.000 парчиња различна стока без документација, приведен кумановец

Полицијата приведе 36-годишен жител на кумановското село Гошинце поради сомнение за криумчарење, откако во товарно возило со кое управувал биле пронајдени повеќе од 1.000 парчиња различна стока без потребната документација.Како што соопшти МВР, С.С. бил лишен од слобода на 17 септември околу 19:50 часот од полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Белановце“ при Регионалниот центар за гранични работи „Север“.Полицајците во реонот на селото Липково му дале

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryhsd4j422rdm05gRemPR

Пентагон повторно воведува задолжителна проверка на тестостеронот кај војниците над 30 години

Американскиот Пентагон повторно ја активира програмата за задолжителен скрининг на тестостерон за воениот персонал постар од 30 години, само неколку недели откако нејзиното спроведување беше привремено прекинато.Новите упатства стапуваат во сила веднаш и имаат цел да воспостават единствен пристап при откривањето и третманот на состојбите поврзани со недостаток на тестостерон кај мажите. Ова го потврди портпаролот на Пентагон, Шон Парнел.Програмата првично беше најавена во јули од министерот за о

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-library3q60lle3ri7hcea4HuW

Нов рекорд во Германија: Дизелот достигна 2,47 евра за литар

Цената на дизелот во Германија повторно постави рекорд, откако просечната цена за еден литар достигна 2,471 евро. Само еден ден претходно, цената изнесувала 2,453 евра, што значи дека за резервоар од 50 литри сега се потребни 123,55 евра.За разлика од дизелот, бензинот бележи мало поевтинување. Просечната цена на литар паднала од 2,314 на 2,308 евра.Како главна причина за поскапувањето се наведува воената ескалација на Блискиот Исток и во Персискиот Залив, која доведе до раст на цената на сурова

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-librarynplreecll7il0TSOJws

Јордан Митев по 3 години повторно на голема турнеја во Австралија

Сиднеј, Мелбурн, Камбера, Перт, Волонгонг... практично цела Австралија ќе ужива овој октомври во осумте спектакуларни концерти на нашата музичка ѕвезда, Јордан Митев. Сите што добро го познаваат темпераментот на македонскиот автор и музичар не се сомневаа во одличните концерти, но она што малкумина го претпоставуваа беше дека буквално преку ноќ ќе снема билети... За експресно брзо време беа распродадени речиси сите концерти, пред почетокот на турнејата се очекува да биде комплетно распродадена ц

Сцена | пред 1 седмица

1 нед.
media-library3vpfth01mcl61IhxLif

(Видео) Новороденче со папочна врвца и плацента оставено во канта за отпад во тоалет на аеродром во Малезија

Новороденче било пронајдено живо во канта за хигиенски отпад во тоалет за лица со попреченост на меѓународниот аеродром во Пенанг, Малезија. Детето го открила чистачка откако слушнала плачење што доаѓало од кантата.Момчето било пронајдено на 31 август, со сè уште прикачени папочна врвца и плацента, поради што полицијата се сомнева дека било родено непосредно пред да биде оставено во тоалетот.На снимките од спасувањето што се проширија на социјалните мрежи се гледа како вработени на аеродромот вн

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryafk5ljb1f65hfBlgNbR

Мицкоски од Вашингтон: Европската интеграција мора да се темели на реформи и заслуги, Македонија нема да чека- економијата мора да оди напред

Премиерот Христијан Мицкоски од Вашингтон порача дека Македонија останува посветена на членството во Европската Унија, но дека европската интеграција треба да се темели на реформи, заслуги и предвидлив процес. Во меѓувреме, како што истакна, земјата нема да чека, туку ќе продолжи со економскиот развој, инфраструктурните инвестиции и реформите.Мицкоски ова го истакна во обраќањето пред Атлантскиот совет, каде ги претстави стратешките приоритети на Владата, односите со Соединетите Американски Држа

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-library61qpmgfaacd59tUJd1h

Расчистени две кражби во Тетово, уапсени двајца осомничени

Полицијата расчисти два одделни случаи на кражби во Тетово, при што се лишени од слобода две лица осомничени за сторени кривични дела.На 17 септември, во 12:00 и во 14:50 часот, во селото Порој и во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода С.К. (27) од Порој и А.Ц. (19) од Тетово, поради сомнение дека сториле кривични дела „тешка кражба“ според член 236 од Кривичниот законик.С.К. се сомничи дека во текот на ноќта меѓу 15 и 16 септември, со употреба на сила влегол во продаж

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
izbori-glasanje-51993-92549

Во Русија започнаа тридневните парламентарни избори

Во Русија денеска започна тридневното гласање на парламентарните избори, први од почетокот на војната во Украина. Изборите се одржуваат во услови на речиси целосно отсуство на организирана опозиција, додека се очекува владејачката „Единствена Русија“ да ја задржи контролата врз Државната дума, објави АП.Гласањето ќе трае до недела, а на околу 111 милиони избирачи им е овозможено да гласаат и по електронски пат. Руските власти тридневното гласање го образложуваат со настојувањето да се зголеми из

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
15005740496322c2ddaddb4719616545_wide

Google предупредува: Веднаш ажурирајте ги Pixel телефоните поради опасна безбедносна грешка

Google потврди дека безбедносна слабост во модемот на одредени Pixel телефони била искористена во ограничени и целно насочени сајбернапади. Компанијата веќе објавила безбедносна закрпа за пропустот, означен како CVE-2026-58704.Ранливоста се наоѓа во модемот, делот од телефонот што овозможува поврзување на интернет. Нејзиното искористување можело да му овозможи на напаѓачот да излезе од безбедносната изолација на модемот и да пристапи до поширок опсег податоци на уредот.Особено загрижувачко е тоа

Технологија | пред 1 седмица

1 нед.
Screenshot-2022-08-31-113034

250 илјади евра грант од Шпанија за изградба на новите објекти на ФИНКИ и Факултетот за физичко образование

Министерството за образование и наука доби грант од 250 илјади евра од Шпанија, средства што ќе бидат вклучени во финансиската конструкција за изградба на новите објекти на ФИНКИ и Факултетот за физичко образование, спорт и здравје во Скопје.Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, информираше дека добиената финансиска поддршка ќе придонесе за побрзо започнување и завршување на проектот.Договорот за грантот денеска е потпишан со шпанскиот амбасадор Рафаел Сориано Ортиз и со вицегувер

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryresjc760pck67ro2HIE

Природните катастрофи во Кина предизвикаа штета од 4,7 милијарди евра: 595 лица загинати или исчезнати

Природните катастрофи што ја погодија Кина во текот на август предизвикале директна економска штета од 36,03 милијарди јуани, односно околу 4,7 милијарди евра, соопшти кинеското Министерство за управување со вонредни состојби.Во катастрофите во текот на месецот загинале или се водат како исчезнати 595 лица, додека биле погодени вкупно 12,62 милиони луѓе. Штетите опфатиле и 857.400 хектари земјоделски површини.Најголем дел од материјалната штета ја предизвикал тајфунот „Долфин“, кој според кинеск

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryd2s8jpmr55prdeOSNW0

„Овој правосуден систем со 2% доверба го партизираа СДС и ДУИ, за денес да штитат поединци и моќници блиски до нив“, вели ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение обвини дека недовербата во правосудниот систем е последица на, како што тврдат од партијата, долгогодишна партизација на институциите од страна на СДС и ДУИ.Од партијата велат дека во правосудството биле поставувани кадри блиски до овие политички структури, кои денес, според нив, ги штитат интересите на поединци и политички моќници поврзани со СДС и ДУИ.Како примери ги посочуваат Весна Дамева, за која тврдат дека била член на партиска комисија на СДС, Добрила Кацарска

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
plata-evra

Плати до 1.400 евра и пензии над 600 евра во Црна Гора

Платите во Црна Гора од јануари следната година треба да се движат од 1.000 до 1.400 евра, додека пензионерите до крајот на годинава ќе добијат и дополнителен зимски додаток од 100 евра, најави црногорскиот премиер Милојко Спајиќ.Во видеообраќање објавено на веб-страницата на Владата, Спајиќ рече дека новиот „Евро-модел“ ќе опфати околу 250.000 граѓани, со посебен акцент на најранливите категории.Според најавата, минималната нето-плата за работниците со основно или пониско образование ќе изнесув

Балкан | пред 1 седмица

1 нед.
media-librarykogagmjmme840vIPtRz

(Фото) Голем број стаорци и глувци се појавиле во близина на основното училиште „Песталоци“, граѓаните бараат реакција

Граѓани реагираат на појавата на стаорци и глувци на општинскиот паркинг кој се наоѓа меѓу ТЦ „Буњаковец“ и ООУ „Ј. Х. Песталоци“ во Скопје.Фотографии од состојбата, направени на 17 септември 2026 година, беа објавени на Фејсбук-страницата „Во одбрана на Буњаковец“, од каде што посочуваат на присуство на глодари на просторот.Граѓаните бараат надлежните институции да реагираат и да преземат мерки за расчистување и дератизација на просторот, со цел да се спречи понатамошното појавување на глодари.

Скопје | пред 1 седмица

1 нед.
netanjahu

Нетанјаху најави закони за одземање државјанство на оние што ги клеветат израелските војници

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху најави законски измени со кои би можело да се предвидат одземање на државјанството и значително повисоки казни за лица кои, според неговата оценка, ги клеветат израелските војници. Најавата доаѓа по реакциите во Израел на документарниот филм „NAZA“, кој неодамна ја освои Специјалната награда на жирито на Филмскиот фестивал во Венеција, пренесува „Ројтерс“.Нетанјаху соопшти дека ќе предложи два законски предлога, со кои, меѓу другото, би се овозможило одзема

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryv3bd0s0ercrreW0eT0p

Тврдел дека е од Јупитер и дека е син на Супермен: државјанин на БиХ осуден на затвор по 32. пат во Франција

Државјанин на Босна и Херцеговина (41) е осуден на 10 месеци затвор во Франција поради серија кражби од продавници во центарот на Нант. Ова е дури 32. пат тој да се најде пред француски суд поради слични кривични дела, пишува „Нова.рс“.На судењето внимание привлекол со необични тврдења дека доаѓа од планетата Јупитер и дека е син на Супермен. Според медиумите, кај него повремено се појавуваат шизофрени епизоди, на што се повикувала и неговата одбрана.Сепак, судот оценил дека неговата состојба во

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања