Промени тема
Контакт

Најнови вести

3 нед.
media-libraryau9q6v1ock729m0FByE

Детали за пожарот во Шуто Оризари: Над 20 дуќани изгореле, сите биле во сопственост на еден човек

Над 20 дуќани биле опожарени во пожар што избувнал рано утринава во трговски центар во населбата Шуто Оризари. Според информациите од МВР, сите опожарени дуќани се сопственост на едно лице и биле дадени под закуп.Пожарот избувнал околу 03:20 часот, кога случајот бил пријавен во СВР Скопје. Во дуќаните имало текстилна и друга стока.Пожарот бил изгаснат од екипи на Бригадата за противпожарна заштита – Скопје. Во пожарот нема повредени лица.Од МВР информираат дека ќе биде извршен увид на местото, п

Скопје | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryngq2nnf8rjgk4UVUFhE

185 прекршоци кај возачи на мотоцикли, велосипеди и електрични возила

Дури 185 прекршоци се констатирани при засилените сообраќајни контроли спроведени низ целата држава за возачите на лесни електрични возила, велосипеди, мопеди, мотоцикли и други лесни превозни средства.Контролите биле спроведени вчера, 10 септември, од 17 до 21 часот од страна на Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи, со цел санкционирање на прекршоците и зголемување на безбедноста во сообраќајот.Кај возачите на велосипеди, велосипеди со помошен мотор, мопеди, мот

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryqo6egqoto1fs9sDjGAL

(Видео) Кога добрината и љубовта немаат граници: Златен ретривер ги чува своите мали пријатели

Понекогаш најубавите пријателства се раѓаат таму каде што најмалку ги очекуваме. Златниот ретривер со посебно внимание и нежност ги чува своите мали пријатели, а глетката едноставно го топи срцето.

Вирално | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryous637tr24fl2NvzuEe

Превозниците го одложуваат протестот на 14 септември, очекуваат решение за престојот во Шенген-зоната

Најавениот протест на превозниците од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора на 14 септември нема да се одржи, соопшти Асоцијацијата „Макам-транс“.Одлуката следува по средба со претставници на дел од државите членки на Шенген-зоната, одржана преку Мисијата на Европската Унија со седиште во Белград. Превозниците, како што наведуваат, одлучиле да не ги затвораат граничните премини кон државите членки на ЕУ.Од „Макам-транс“ велат дека со ваквата одлука покажале добра волја и разбирање

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-librarypeu1u1rdt5f5cn71SaP

„Мицкоски призна дека тој гони и апси“, велат од СДСМ

СДСМ преку соопштение го обвини премиерот Христијан Мицкоски дека со своја изјава за одлуките на Врховниот суд во предметите „Ласкарци“ и „Јакимовски“ потврдил дека извршната власт има влијание врз институциите на правосудството.Од СДСМ ја издвојуваат изјавата на Мицкоски: „Вие бркате, затворате, тие ги пуштаат на слобода“, со која тој ги коментирал одлуките на Врховниот суд.Од опозициската партија прашуваат како премиер може да „брка и затвора“ и велат дека таквата изјава, според нив, претставу

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-librarysg8c8o6i5fqmciQu9mr

Маж бил нападнат од сопругата, а претходно телефонски му се заканувал сопругот на неговата љубовница

Полицијата во Велес лишила од слобода две лица по пријави за физички напад и телефонски закани.На 10 септември, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода 54-годишната К.Т. и 51-годишниот Д.С., двајцата од Велес.Претходно, 56-годишен велешанец пријавил дека во својот дом бил физички нападнат од сопругата К.Т. Воедно, тој пријавил и дека на 2 септември сопругот на неговата вонбрачна партнерка, Д.С., телефонски му се заканувал.За случаите биле известени јавен обвинител и Центарот за со

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

(Видео) Филипче: СДСМ поднесе закон, Минималната плата да се зголеми на 600 евра – работниците заслужуваат достоинствен живот

СДСМ повторно отвора прашање за зголемување на минималната плата, овојпат со предлог таа да достигне 600 евра, односно 36.960 денари. Пратеничката група на партијата и коалицијата денеска во Собранието го поднела предлог-законот, а претседателот на СДСМ Венко Филипче оцени дека со ова би им се овозможило на работниците полесно да ги покриваат основните трошоци и да имаат достоинствен живот.Филипче смета дека сегашната минимална плата од 26.000 денари не е доволна во услови на зголемени трошоци з

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryc2181cn5tifo2MkVzla

Обвинителството: Претреси на 32 локации во Скопје, се влегува и во службени простории на МВР

Основното јавно обвинителство Скопје ја потврди денешната акција и соопшти дека се вршат претреси на 32 локации во Скопје, меѓу кои и службени простории во Министерството за внатрешни работи.Претресите се вршат врз основа на наредби од судија на претходна постапка, обезбедени по барање на јавен обвинител од ОЈО Скопје.„Врз основа на наредби од судија на претходна постапка, обезбедени по барање на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, денеска се вршат претреси на 32 локации во

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
krazba

Насилно влегол во дом на 50-годишен маж и се обидел да краде: Приведен 28-годишник

Полицијата во Неготино лишила од слобода 28-годишен жител на градот, кој се сомничи дека со сила провалил во дом на 50-годишен неготинец и се обидел да одземе предмети.И.Д. (28) бил лишен од слобода на 10 септември во 17:30 часот од полициски службеници од ОВР Неготино.Според сомненијата, тој со употреба на сила ја отворил влезната врата од домот на 50-годишниот маж, по што се обидел да одземе различни предмети.И.Д. бил приведен во полициска станица, а за случајот бил известен јавен обвинител. П

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-library3pkgnj9dhmu91UTHyX2

Жена го нападнала сопругот во семејниот дом

Во СВР Скопје е пријавен случај на физички напад во семеен дом на подрачјето на Општина Центар.Четириесет и четиригодишен маж пријавил дека на 6 септември, во својот дом, бил физички нападнат од неговата 37-годишна сопруга А.Б.Случајот бил пријавен на 10 септември во 11:30 часот во СВР Скопје. Од полицијата преземаат мерки за расчистување на настанот.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
pretepa

Татко го нападнал синот и му нанел повреди

Полицијата во Прилеп лишила од слобода 39-годишен маж, откако било пријавено дека физички го нападнал својот син и му нанел повреди.Од МВР информираат дека А.Т. (39) од Прилеп бил лишен од слобода на 11 септември во 01:30 часот од страна на полициски службеници од ОВР Прилеп.По целосното расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-librarybutgja7oe8mt3GfmGE9

Жена ги нападнала сопругот и синот

Во ОВР Берово е пријавен случај на семејно насилство, откако 45-годишен маж од беровско пријавил дека тој и неговиот малолетен син биле физички нападнати во семејниот дом.Според пријавеното, на 6 септември околу 19 часот, по претходна расправија, мажот и неговиот малолетен син биле физички нападнати од неговата 34-годишна сопруга, исто така од беровско.Случајот бил пријавен на 10 септември во 08:30 часот во ОВР Берово. Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот ќе следува соо

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-library5oep8ieapb7s0iMliQB

Мајка го нападнала своето четригодишно дете

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 38-годишна жена од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“.Според пријавеното, на 9 јуни 2026 година во Тетово, К.О. физички го нападнала своето четиригодишно дете.За случајот СВР Тетово поднело кривична пријава против жената до надлежното обвинителство.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-library1bm0jdblcp44fiPxk3i

Почина 47-годишен кумановец откако со автомобил излетал од патот Велес-Штип

Тешка сообраќајна несреќа се случила на магистралниот пат Велес–Штип, во близина на клучката за село Дорфулија во Општина Лозово, при што животот го загубил 47-годишен жител на Куманово.Несреќата била пријавена на 10 септември во 14:05 часот во ОВР Свети Николе. Според пријавеното, патничко возило „шкода“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.С. (47) од Куманово, излетало од патот.Од здобиените повреди возачот починал на местото на несреќата. Лекар од Итната медицинска помош констати

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-library58ablcn6v9k66048R1E

За неколку дена завршува проширувањето на „Киро Глигоров“, учениците преминуваат во една смена, најави Јаневска

Учениците во ООУ „Киро Глигоров“ во Центар наскоро ќе имаат услови за настава во една смена, откако ќе завршат градежните активности за проширување на училишниот капацитет. Министерката за образование и наука Весна Јаневска очекува работите да бидат завршени за неколку дена, со што сите ученици ќе можат да следат поквалитетна настава во една смена.Одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието, Јаневска објасни дека Министерството за образование и наука навреме поднело барање за реализација на

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-librarygvjkn3rgmo1q7gRNdgY

Савески за „Ласкарци“, „Пулс“ и Стевчо Јакимовски: „Пресудите се носат во името на граѓаните, врз основа на законите и доказите“

Јавниот обвинител Ненад Савески не се согласува со оценките дека судовите носат одлуки под притисок или под влијание на Јавното обвинителство. Во контекст на реакциите за предметите „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски, Савески порача дека судските одлуки се темелат на законите и доказите во конкретните постапки.Според него, погрешен е впечатокот дека првостепените судови донесуваат одлуки без соодветно да ги разгледаат доказите, а потоа повисоките судови ги укинуваат. Савески посочи дека Врховниот су

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryml8o7diat41g5EMuESm

Кривична за две лица за пукањето на Пластичарска, во кое загина 26-годишник

МВР поднесе кривична пријава против две лица во врска со убиството на 26-годишниот А.М. од Скопје, кој беше застрелан во близина на раскрсницата на улиците „Прохор Пчински“ и „Војдан Чернодрински“.Единицата за насилен криминал – Одделението за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје, по преземените мерки и активности, до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Р.К. и И.С. поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „убиство“.Случајот се однесува на на

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-librarydth6h2eudh185pHDXff

(Видео) Нов случај на вандализам: дете крши улично осветлување во 2 часот по полноќ во Стар Аеродром

Нов случај на вандализам е забележан во Стар Аеродром, каде што дете во 2 часот по полноќ намерно крши улично осветлување.На видеоснимката се гледа како детето фрла предмет директно кон сијалицата, со цел да ја скрши.Случајот отвора прашање за несовесното однесување на младите и оштетувањето на јавната инфраструктура.

Скопје | пред 3 седмици

3 нед.
media-librarycfrkgrhqpnon0Z3UghD

Дајмонд Мол со две европски награди за најдобар проект од областа на општествената одговорност

Дајмонд Мол освои две европски награди на Unicorn Awards 2026, едно од водечките европски натпреварувања во индустријата за настани и маркетинг, кое на 7 и 8 септември се одржа во Љубљана, Словенија. Проектот на Дајмонд Мол „Две години сјај - на хуманоста и нема крај“ ја освои првата награда од жирито за најдобар проект во категоријата „Проекти од општествена одговорност“, како и специјалната награда од жирито и публиката.Ова се првите европски признанија за проектот, кој претходно ја освои и BE

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-library4npddjapi8h6aq6SM4N

Четири активни пожари во Македонија, најкритично кај Македонски Брод, Чучер-Сандево, Неготино и Новаци

Центарот за управување со кризи информира дека до 13 часот денеска се регистрирани вкупно 13 пожари на отворен простор, од кои четири се активни, седум се под контрола, а два се целосно изгаснати.Активни се пожарите во општина Македонски Брод, кај селото Белица, на месноста Кајорец, од каде што пожарот се проширил кон месноста Дабова Дупка – Јасен и зафатил нискостеблеста и мешана шума; во општина Чучер-Сандево, кај селото Брест, на месноста Рамно, каде што гори мешана шума; во општина Неготино,

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-librarykrmsu71nhq1e1uyp2zW

Мицкоски повика химната да се интонира во училиштата во сите општини, независно од етничката структура на населението

Премиерот Христијан Мицкоски повика државната химна да се почитува и да се интонира во училиштата во сите општини, независно од етничката структура на населението.Мицкоски посочи дека начинот на интонирање на химната е јасно уреден со Уставот и законите и дека не постои дилема околу нејзиниот статус.„Јас повикувам сите, апсолутно сите општини, без разлика на етничката димензија, државната химна да се почитува и да се интонира во училиштата“, рече премиерот.Тој објасни дека, согласно законските о

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryh6657etpgbs67I2pDZY

Марихуана и грендери пронајдени при претрес во стан во Охрид, уапсен 28-годишник

Полициски службеници во Охрид лишиле од слобода 28-годишен прилепчанец, откако при претрес во станот во кој престојувал била пронајдена марихуана и предмети со остатоци од дрога.Од МВР информираат дека на 10 септември во 23:25 часот, на улицата „Бекир Али Риза“ во Охрид, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид го лишиле од слобода П.П. (28) од Прилеп.При претресот, извршен со судска наредба во станот во кој престојувал, биле пронајдени и одземени повеќе пакувања со марих

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryv8ic818bt3o4elkmT4n

(Видео) Лукаревска до Клековски: За едно лето 8 починати од западно-нилска треска – има ли протокол за заштита на учениците?

Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница за пратенички прашања побара од министерот за здравство Сашо Клековски одговор за мерките што се преземаат за заштита на граѓаните, особено на учениците, од западно-нилска треска.Лукаревска посочи дека само ова лето во Македонија се потврдени 58 случаи на заболување, од кои осум со смртен исход. За споредба, во периодот од 2011 до 2025 година биле регистрирани вкупно 54 потврдени случаи и пет смртни случаи.„Значи за 14 години пет смртни

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-librarytvi4ung5gasg9a0uJIc

Мицкоски уверува на стабилна зима со стабилно снабдување на енергенси и без осцилации во цените

Премиерот Христијан Мицкоски уверува дека Македонија ја очекува стабилна зима со сигурно снабдување со електрична енергија, гас и нафтени деривати, без значителни осцилации во количините и цените.Одговарајќи на новинарски прашања по пуштањето во употреба на реновираната зграда на Клиниката за неврофизиологија, Мицкоски рече дека Владата работи на тоа од јануари цената на електричната енергија да биде пониска или да продолжи примената на евтината тарифа.„Сакам да ги уверам граѓаните дека ќе имаме

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryvlo84a616inubxEvqDm

(Видео) Лукаревска до Јаневска: Затворивте 26 училишта – дали сè уште планирате да станат старски домови?

Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница ја критикуваше министерката за образование и наука Весна Јаневска за, како што оцени, последиците од политиките што ги спроведува Министерството во областа на образованието.Лукаревска посочи дека учебната година започнала со повеќе од 3.000 првачиња помалку, 26 затворени училишта и 433 паралелки помалку. Според неа, околу 250 деца, од кои најголем дел се првачиња, останале без образовните асистенти што им се потребни.Таа ја отвори и тем

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања