Промени тема
Контакт

ИРАН

media-library3u6620i3vspoauMEofG

Трамп со закана до Иран: Ќе платите за секој загинат американски војник

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран „ќе плати“ за смртта на секој американски војник, откако во текот на викендот во ирански напади загинаа неколку припадници на американските вооружени сили.Според американските власти, во изминатата недела е забележан најголем број загинати американски војници во последните неколку месеци.Американската војска во саботата соопшти дека двајца нејзини припадници загинале во ирански напади. Ден подоцна, Централната команда на вооружените сили на

Свет | пред 3 месеци

media-libraryj371grr08a3h3JuYkUR

Пад на цените на нафтата по сигналите од Иран за можни преговори со САД

Цените на нафтата во понеделникот забележаа пад, откако Иран сигнализираше дека е подготвен да ги продолжи разговорите со Соединетите Американски Држави доколку тие бидат засновани врз националните интереси на земјата. Инвеститорите ова го протолкуваа како можност за обновување на дипломатските напори и намалување на тензиите.Фјучерсите на суровата нафта од типот „брент“ се намалија за 0,18 проценти и се тргуваа по цена од 87,94 долари за барел, откако претходно достигнаа 91,42 долари, највисоко

Свет | пред 3 месеци

media-libraryd0a3npq5no6h5dyoeAJ

(Видео) САД деветта ноќ по ред извршија напади врз Иран, Техеран возврати кон Јордан, Бахреин и Кувајт

Соединетите Американски Држави во текот на ноќта извршија нов бран воздушни напади врз воени цели во Иран, додека Техеран возврати со ракетни напади и напади со беспилотни летала кон Јордан, Бахреин и Кувајт, што дополнително ги засили стравувањата од проширување на конфликтот на Блискиот Исток.Според соопштението на Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ), ова е деветта последователна ноќ на американски операции. Наведено е дека биле погодени воени командни центри, системи за воздушна одбрана и кр

Свет | пред 3 месеци

media-library8fddptpg94iufRvEZa8

(Видео) Земјотреси со јачина од 5,2 и 5,7 степени го погодија Иран

Три лица се повредени во два силни земјотреса што утринава го погодија подрачјето во близина на Козран, во иранската покраина Керманшах, соопшти портпаролот на државната Организација за управување со кризи, Омид Мохтарми.Според неговите информации, првиот земјотрес бил регистриран во 7:13 часот по локално време со магнитуда од 5,2 степени и на длабочина од осум километри, додека вториот следувал само пет минути подоцна, во 7:18 часот, со магнитуда од 5,7 степени и на длабочина од 13 километри.По

Свет | пред 3 месеци

media-libraryokkusqvqc6d06m5CjEH

Ескалира конфликтот: Кувајт собори ирански ракети и дронови

Кувајт соопшти дека неговите вооружени сили пресретнале „непријателски ракети и беспилотни летала“ истрелани од правец на Иран, додека продолжува ескалацијата на конфликтот меѓу Техеран и Вашингтон.Министерството за енергетика информира дека во последните два дена биле погодени постројки за производство на електрична енергија и за десалинизација на морска вода. Во нападите избувнал пожар што го нарушил производството на електрична енергија, а пожарникарските екипи работат на неговото локализирањ

Свет | пред 3 месеци

SeKXr-

Иран извезe 70 милиони барели нафта за време на ублажувањето на санкциите

Иран успеал да извезе околу 70 милиони барели нафта во вредност од пет до шест милијарди долари за време на периодот кога американските санкции биле привремено ублажени.Ова го објави американскиот весник „Волстрит журнал“, повикувајќи се на податоци од невладината организација „Обединети против нуклеарен Иран“.Според организацијата, меѓу средината на јуни и средината на јули околу 20 ирански танкери испловиле кон Азија.Канцеларијата за контрола на странски средства (OFAC) при американското Минис

Свет | пред 3 месеци

media-library932j0oal50np1cz5Fgd

(Видео) Ескалација во Јордан: Загинаа двајца американски војници во ирански напад

Американската централна команда (CENTCOM) потврди дека двајца американски војници го загубија животот, а еден се води како исчезнат по иранскиот напад врз американските сили во Јордан. Овој трагичен настан означува први жртви на американската војска во директен судир со Иран од март годинава, што дополнително ги интензивира тензиите меѓу двете држави.Американските сили и нивните партнери биле мета на масовен напад со балистички проектили и беспилотни летала.Имињата на жртвите ќе останат доверлив

Свет | пред 3 месеци

media-librarylacsaq24tqi36JiUMlR

Иран повлече црвена линија: „Договорот со Америка повеќе не постои“

Иран нема да ги исполнува обврските ниту ќе го спроведува меморандумот за разбирање со Соединетите Американски Држави, бидејќи, според Техеран, Вашингтон ги прекршил своите обврски од договорот.Заменик-министерот за надворешни работи на Иран, Казем Гарибабади, изјави дека САД ги прекршиле и ги суспендирале сите свои обврски од Меморандумот за разбирање потпишан во Исламабад.„САД ги прекршија и ги суспендираа сите свои обврски во рамките на Меморандумот за разбирање од Исламабад“, изјави Гарибаба

Свет | пред 3 месеци

65717207620215fa45d0e545827251_v4_big

Погодена електрана во Кувајт во ирански напад, дел од капацитетите се надвор од функција

Електрана и постројка за десалинизација на вода во Кувајт биле погодени во ирански напад, при што биле оштетени делови од објектите, избувнал пожар, а голем број производствени единици биле ставени надвор од функција.Кувајтските власти соопштија дека пожарникарите брзо го локализирале пожарот, додека техничките екипи започнале со процена на штетите, обезбедување на електраната и активности за што побрзо повторно пуштање во работа на погодените производствени капацитети.Министерството за електрич

Свет | пред 3 месеци

sirija

(Видео) Иран со нови напади врз американски цели на Блискиот Исток, првпат гаѓаше и во Сирија

Конфликтот меѓу САД и Иран продолжува да ескалира, откако Техеран соопшти дека извршил нови напади врз американски воени цели на Блискиот Исток, меѓу кои, како што тврди, за првпат била нападната и американска база во Сирија.Ова следува по шестата последователна ноќ американски воздушни напади врз ирански воени објекти. Американската Централна команда соопшти дека нападите биле насочени кон дополнително слабеење на воените капацитети на Иран, при што биле погодени цели на островот Кешм, во близи

Свет | пред 3 месеци

media-libraryj371grr08a3h3JuYkUR

Иран: Ормускиот Теснец е „црвена линија“, ќе возвратиме ако САД нападнат

Иран го прогласи Ормускиот теснец за неповредлива „црвена линија“ и предупреди дека ќе одговори со напади врз инфраструктурата во регионот на Персискиот залив доколку САД извршат нови напади врз ирански цели.Портпаролот на иранската војска, бригадниот генерал Мохамед Акрамини, изјави дека Техеран има целосна контрола врз Ормускиот теснец и дека таа не зависи од крајбрежните позиции.„Американците мислеа дека со нападите врз нашите бази ќе можат да ја преземат контролата врз овој стратешки теснец.

Свет | пред 3 месеци

SeKXr-

Цената на нафтата останува стабилна и покрај тензиите меѓу САД и Иран

Цените на нафтата денеска останаа речиси непроменети на меѓународните пазари, задржувајќи се близу 85 долари за барел, додека инвеститорите внимателно ги следат случувањата поврзани со тензиите меѓу САД и Иран.На лондонскиот пазар барелот на нафта се тргуваше по цена од 85,05 долари, додека на американскиот пазар изнесуваше 79,66 долари.Во фокусот на пазарите останува Ормускиот теснец, поради стравувањата дека ескалацијата на конфликтот би можела да го наруши транспортот на енергенси.Според дого

Свет | пред 3 месеци

media-libraryfk2kgr3l702hdYyUMrV

САД нападна танкер во Ормускиот теснец, судирите со Иран дополнително се заоструваат

Со напад врз нафтен танкер во Ормускиот теснец, Соединетите Американски Држави дополнително ја заострија кризата со Иран, додека во исто време пристигнуваат информации за нови воздушни напади врз Техеран. Според британскиот весник „Гардијан“, американската војска потврдила дека со проектили „Хелфаер“ онеспособила празен танкер, откако екипажот не реагирал на повеќекратните предупредувања.Нападот се случил на петтиот последователен ден од воените операции. Во текот на средата, американските сили

Свет | пред 3 месеци

media-libraryn9121ekm564o1aMfj0J

САД започнаа нов бран напади врз Иран

Американската војска денеска започна нов бран напади врз цели во Иран, соопшти Централната команда на САД (CENTCOM).„Во 6:00 часот по источно американско време, силите на Централната команда на САД започнаа бран напади врз Иран“, се наведува во објавата на CENTCOM на платформата X.Според американската војска, целта на операцијата е дополнително да се ослабат воените капацитети што Иран ги користи за напади врз комерцијални бродови во Ормутскиот Теснец.Ирански функционер изјавил дека американскит

Свет | пред 3 месеци

media-library06n17o41rd039MbAVnX

Цените на нафтата паднаа под 84 долари за барел

Цените на нафтата денеска паднаа на меѓународните пазари, при што цената на барел на лондонскиот пазар се спушти под 84 долари. Инвеститорите проценуваат дека, и покрај тензиите меѓу САД и Иран, сè уште постои простор за продолжување на транзитот на енергенси низ Ормускиот теснец.На лондонскиот пазар барелот се продаваше за 83,60 долари, што е за 1,13 долари помалку од претходниот ден. На американскиот пазар цената изнесуваше 78,66 долари за барел, односно за 68 центи помалку.Во изминатите денов

Свет | пред 3 месеци

media-library0hvuga9osnq8bU2Jsct

Иран погуби маж осуден за палење владина зграда за време на протестите

Иранските власти погубија маж осуден за палење на владина зграда за време на антивладините протести во јануари годинава, што претставува најнов случај во серијата егзекуции поврзани со немирите кои ја потресоа земјата.Според иранската правосудна агенција „Мизан“, смртната казна над Мохамад Амини Дехагани била извршена со бесење, откако Врховниот суд ја потврдил пресудата. Од правосудството соопштија дека сите законски постапки биле завршени и дека судењето се одвивало во присуство на негов адвок

Свет | пред 3 месеци

merc

Закана до германскиот канцелар: Ирански весник го стави Мерц на „листа за одмазда“

Германските власти со сериозност ги разгледуваат заканите упатени кон канцеларот Фридрих Мерц, откако иранскиот ултраконзервативен весник „Хамшахри“ објави плакат со фотографии на 13 западни лидери, проследен со порака дека тие ќе платат за смртта на поранешниот врховен лидер на Иран, Али Хамнеи.Покрај Мерц, на плакатот се најдоа и американскиот претседател Доналд Трамп, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, францускиот претседател Емануел Макрон и италијанската премиерка Џорџа Мелони. Сите бе

Свет | пред 3 месеци

media-libraryjqohdp9bsumjckdoiza

Трамп: Нападите врз Иран ќе продолжат сè додека не кажам дека е доволно

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека САД следната недела ќе ги прошират нападите врз Иран и ќе ја таргетираат критичната инфраструктура доколку Техеран не се согласи на преговори.Во интервју за „Фокс њуз“, Трамп изјави дека на удар ќе бидат електраните и мостовите.„Следната недела работите навистина ќе станат лоши за нив. Следната недела доаѓаат електраните. Следната недела доаѓаат мостовите. Ќе ги уништиме сите нивни електрани и мостови, освен ако не седнат на маса и не прегова

Свет | пред 3 месеци

tramp-iran

Трамп му се закани на Иран: Следната недела ќе ви ги уништиме мостовите и електраните

Американскиот претседател Доналд Трамп упати нови закани кон Иран, предупредувајќи дека САД следната недела ќе ги нападнат мостовите и електраните доколку Техеран не се врати на преговарачката маса. Изјавата доаѓа во момент кога четврти ден по ред продолжуваат меѓусебните напади меѓу двете земји.„Следната недела за нив ќе биде многу лоша. Ќе ги уништиме сите нивни електрани. Ќе ги уништиме сите нивни мостови ако не седнат на преговарачка маса и не почнат да преговараат“, изјави Трамп во интервју

Свет | пред 3 месеци

media-libraryd9eo1lt3cbkf0VtbIgs

Ирански проектили погодија два нафтени танкера во Ормускиот Теснец, загина член на екипажот

Еден член на екипажот, индиски државјанин, загина, а осум лица се повредени откако ирански крстосувачки проектили погодија два нафтени танкера на Обединетите Арапски Емирати додека пловеле низ Ормускиот Теснец.Компанијата ADNOC L&S потврди дека танкерите „Момбаса Б“ и „Ал Бахјах“ претрпеле значителни оштетувања во нападот.Според Министерството за одбрана на Обединетите Арапски Емирати, четворица од повредените се здобиле со тешки повреди. Шестмина се индиски, а двајца украински државјани.Ома

Свет | пред 3 месеци

media-libraryr7roa88vb2n92eO0WQU

Трамп ја повлече идејата за наплата на преминот низ Ормускиот Теснец

Американскиот претседател Доналд Трамп се откажа од предлогот за воведување 20-процентна такса за бродовите што пловат низ Ормускиот теснец и наместо тоа најави склучување трговски и инвестициски договори со земјите од Персискиот Залив.Во објава на социјалната мрежа „Трут соушал“, Трамп соопшти дека САД повторно ќе воведат блокада на иранските пристаништа, но нема да ја спроведат претходно најавената такса за поморскиот сообраќај.Само еден ден претходно, Трамп тврдеше дека Соединетите Американск

Свет | пред 3 месеци

media-library06n17o41rd039MbAVnX

Нафтата поскапе по блокадата на иранските бродови во Ормускиот Теснец

Цената на нафтата денеска значително порасна, откако американскиот претседател Доналд Трамп повторно воведе блокада за иранските бродови што минуваат низ Ормускиот Теснец.Глобалниот репер Брент надмина 85 долари за барел, што претставува раст од повеќе од 10 проценти во текот на оваа седмица. Во исто време, американската сурова нафта WTI се тргуваше меѓу 79 и 80 долари за барел.Блокадата, која Трамп ја најави во понеделникот, требаше да стапи во сила истиот ден во 16 часот по источноамериканско

Свет | пред 3 месеци

media-library5hl4ftmc8f7e9FjszZw

(Фото) Нов билборд во Техеран: Белата куќа во пламен со порака „Крв за крв, око за око“

На плоштадот „Палестина“ во Техеран е поставен нов голем билборд со порака упатена до Соединетите Американски Држави и Израел. На него е прикажана Белата куќа во пламен, американско знаме на покривот и повеќе ковчези покриени со американски знамиња.На ковчезите се прикажани ликовите на американскиот претседател Доналд Трамп, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, Џаред Кушнер, како и децата на Трамп.Над илустрацијата, на персиски и хебрејски јазик, стои пораката: „Крв за крв, око за око“.Плошта

Свет | пред 3 месеци

media-library7a6p6ihqqfokfxQdE20

Трамп: Истражуваме дали Иран складира дронови и ракети на Куба

Соединетите Американски Држави истражуваат дали Иран складира беспилотни летала на Куба, а можно е и ракети, потврди американскиот претседател Доналд Трамп.Одговарајќи на новинарско прашање во Овалната соба, Трамп изјави дека неговата администрација ги проверува информациите и порача дека Вашингтон ќе реагира доколку тие се покажат како точни.„Ако ги имаат, а сосема е можно да ги имаат, ќе се погрижиме за тоа“, рече Трамп.Тој не презентираше фотографии, разузнавачки документи или други докази шт

Свет | пред 3 месеци

media-libraryif1oq0r658kfdHOMwCP

Танкер погоден со ракета во близина на Ормускиот теснец

Танкерот што вчера беше нападнат во близина на Ормускиот теснец бил погоден со ракета додека излегувал од теснецот покрај брегот на Оман, соопшти Британскиот центар за поморски трговски операции (УКМТО).Според соопштението, нападот се случил вчера, а информациите се базираат на податоци од воените власти. Надлежните служби во моментов го истражуваат инцидентот.Вчера беше објавено дека ирански ракети погодиле два брода во Ормускиот теснец, во близина на Оман. Засега не е познато дали најновото со

Свет | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања