Промени тема
Контакт

РУСИЈА

media-library4o999ihochdp6ck2Y4o

(Видео) Експлозијата во московски ресторан однесе уште една жртва, загинал зетот на руски генерал

Зетот на командантот на руските Воздушно-космички сили, Александар Чајка, загинал во експлозијата што се случи на 1 август во ресторанот „Балзи Роси“ во центарот на Москва, објави рускиот портал „Агентство“.Според порталот, смртта на Данил Передриј е потврдена откако еден од неговите лични документи бил прогласен за неважечки истиот ден, а информацијата е евидентирана и во рускиот регистар на правни лица.Експлозијата се случила за време на приватен настан во ресторанот, а според проруски блогери

Свет | пред 3 месеци

media-libraryh2aohabuoto18k0oXtb

(Видео) Залужни по жестокиот руски напад каде што загинаа 17 лица, а 44 се повредени: Ова е отворен терор врз цивилното население

Украинскиот амбасадор во Обединетото Кралство, Валериј Залужни, остро го осуди ноќниот руски напад врз Киев и околниот регион, оценувајќи дека станува збор за „отворен терор врз цивилното население“ и повика на посилна реакција од западните сојузници.Во објава на социјалните мрежи, Залужни истакна дека руските сили продолжуваат да ги напаѓаат Киев и другите украински градови затоа што, како што наведе, се чувствуваат неказнето.„Ова не е прашање на воена логика – ова е отворен терор врз цивилното

Свет | пред 3 месеци

putin-kim

Украина: Севернокорејска ракетна единица се распоредува во Русија за напади врз Украина

Украинското воено разузнавање тврди дека Северна Кореја започнала со распоредување на ракетна единица во западниот дел на Русија, која, според нивните информации, би можела да биде опремена со 120 балистички ракети и шест лансери наменети за напади врз Украина.Според Андриј Черњак од Главната дирекција за разузнавање на Украина, единицата ќе биде стационирана во регионот Воронеж како дел од 112. ракетна бригада и ќе брои околу 90 севернокорејски војници.Тој наведува дека Пјонгјанг веќе испратил

Свет | пред 3 месеци

media-libraryevn73ab5u0tf0vBNe9k

Москва со критики до ЕУ: Давате милијарди за уништување, наместо за обнова

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, оцени дека средствата што Европската Унија ѝ ги доделила на Украина можеле да бидат искористени за нејзина обнова, наместо за воени цели.Според Захарова, доколку европската финансиска помош не била насочена кон воените активности, Украина можела да се развие во „модерен европски Дубаи“, со инвестиции во инфраструктура, технологија и дигитализација.„Парите што Западна Европа ги испрати за поддршка на киевскиот режим може

Свет | пред 3 месеци

media-libraryeqpi3p374lp0e3TtA7y

Путин потпиша закон: Криптовалутите стануваат легални во Русија

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон со кој се легализира користењето на криптовалутите во Русија и се воспоставува правна рамка за нивно купување, продавање и чување.Законот, кој ќе стапи во сила на 1 септември, ги признава дигиталните валути како имот и им овозможува на граѓаните легално да инвестираат во криптовалути преку домашни берзи и финансиски посредници. Воедно, се гарантира и судска заштита на сопствениците на дигитални средства, без оглед на тоа дали тие претходно биле пр

Свет | пред 3 месеци

media-librarys6pk1lh7ajdf9ePFWsU

Најмалку 15 лица, над 50 се ранети во руски ракетен напад врз Киев и околината

Најмалку 15 лица загинаа, а повеќе од 50 се повредени во руски напад со балистички проектили врз Киевскиот регион, соопштија украинските власти.Нападот започнал по полноќ, а тревогата за воздушна опасност траела повеќе од еден час. Во тој период, повеќе балистички проектили го погодиле Киев и неговата околина.Според шефот на Киевската воена администрација, Тимур Ткаченко, девет лица загинале во округот Бориспил, додека четири жртви се регистрирани во Буча.Од руското Министерство за одбрана соопш

Свет | пред 3 месеци

media-librarya1be4hmuknmef73E93U

Русија тврди дека нападнала четири украински брода и пристаништето Чорноморск

Руското Министерство за одбрана соопшти дека неговите сили извршиле напади врз четири украински брода и врз пристаништето Чорноморск.Според тврдењата на Москва, погодени биле три брода во пристаништето Миколаив и еден брод во Црното Море, во близина на Одеса. Од Министерството наведуваат дека пловилата биле користени „во интерес на украинската војска“.Русија соопшти и дека бил извршен напад врз пристаништето Чорноморск, при што, според нејзините информации, биле погодени контејнерски терминал и

Свет | пред 3 месеци

media-libraryqr45frrtd3gq0HYayZ4

(Видео) Руски дрон следел и нападнал продавач на зеленчук во Херсон, Киев зборува за воено злосторство

Украинската национална полиција објави снимка на која, според неа, се гледа како руски дрон следи и напаѓа цивил на пазар во Херсон.Според полицискиот извештај, жртвата е 52-годишен маж од Миколаивската област, кој продавал зеленчук на пазарот. Украинските власти наведуваат дека ништо не укажувало оти станува збор за воено лице. Мажот го преживеал нападот, но се здобил со повреди од експлозијата, рани од шрапнели и потрес на мозокот, по што му била укажана лекарска помош.Украинската полиција слу

Свет | пред 3 месеци

ruski-vojnik-rusija-

Руски војник отвори оган врз колеги и цивили, четворица загинати

Четири лица, меѓу кои тројца цивили, загинаа во вооружен напад што го извршил руски војник во Севастопол на анектираниот полуостров Крим.Гувернерот на Севастопол, Михаил Развожаев, соопшти дека војникот најпрво отворил оган врз свои соборци, при што убил еден војник, а потоа нападнал цивили, при што животот го загубиле уште три лица. Напаѓачот е уапсен.Според властите, меѓу цивилните жртви се двајца мажи на возраст од 71 и 59 години и 64-годишна жена.Мотивот за нападот засега не е познат. На мес

Свет | пред 3 месеци

media-libraryqg00rskfn12g9epGnMl

Русија го гони Apple: Не ги почитувал правилата за домашните апликации

Руската Федерална антимонополска служба (ФАС) покрена постапка против компанијата Apple, обвинувајќи ја дека на уредите со оперативен систем iOS не ги прединсталирала задолжителните руски апликации.Од ФАС соопштија дека Apple не го испочитувал ниту претходното предупредување да ги отстрани, како што наведуваат, дискриминаторските услови што се однесуваат на руските интернет-прелистувачи и софтверски производи.Постапката е поведена согласно со рускиот Закон за заштита на конкуренцијата, а од служ

Свет | пред 3 месеци

media-libraryq8kd7cf4684mfd6mYkY

Зеленски: Ќе го зголемиме притисокот врз Русија за војната да заврши пред зимата

Украина ќе го засили дипломатскиот, економскиот и воениот притисок врз Русија со цел војната да заврши пред почетокот на зимата, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.Говорејќи на средба со украинските амбасадори во Киев, Зеленски рече дека целта е мировен договор да биде постигнат до есен, но нагласи дека не може да гарантира кога тоа ќе се случи.„Ќе направиме сè што можеме тоа да се случи пред зимата, во текот на есента. Но, знаеме со кого имаме работа и дека Путин се надева на про

Свет | пред 3 месеци

media-libraryf5or6hnqc4pb4mDv6Vn

Русија и Северна Кореја градат нов мост, Киев стравува од префрлање војници

Русија и Северна Кореја привршуваат со изградбата на нов патен мост што ќе ги поврзува двете земји, а проектот предизвикува загриженост во Украина поради стравувањата дека би можел да се користи за транспорт на севернокорејски војници и воена опрема.Мостот се гради во близина на руското населено место Хасан, каде што веќе постои железничка врска меѓу двете држави. Иако Москва официјално наведува дека проектот има за цел да ги зајакне трговијата, логистиката и економската соработка, украински и з

Свет | пред 3 месеци

media-library5ooslbfdot699LRK6sW

Најмалку 13 загинати во новите руски и украински напади

Најмалку 13 лица загинаа во новите руски и украински напади, соопштија властите на двете земји. Во украинските напади врз Крим и руската Краснодарска област животот го загубиле 10 лица, додека во руски напад во централна Украина загинале уште три лица.Најтежок бил нападот во Архипо-Осиповка, туристичко место на брегот на Црното Море во Краснодарската област, каде што украински дрон паднал на плажа. Според гувернерот Венијамин Кондратјев, загинале шест лица, меѓу кои три деца, а околу 40 луѓе се

Свет | пред 3 месеци

media-libraryi34oc8elk3pu4rFsd4c

(Видео) Три лица загинаа при напад со дрон во руско летувалиште на Црното Море

Три лица загинаа, а 13 се повредени, меѓу кои и деца, откако остатоци од беспилотно летало паднале во туристичкото место Архипо-Осиповка на рускиот брег на Црното Море, соопштија руските власти.Местото административно припаѓа на Геленџик, едно од најпознатите летувалишта во Краснодарскиот Крај. Гувернерот на регионот, Венијамин Кондратјев, изјави дека украински дронови нападнале цивилна инфраструктура и дека службите за итни интервенции работат на локациите каде што се пронајдени остатоците од л

Свет | пред 3 месеци

media-libraryr8u66i5buqv49pwvRPD

Русија ја засилува заштитата на бродовите во Црното Море по ескалацијата на нападите

Русија соопшти дека ја засилува безбедноста на бродовите во Азовско-црноморскиот басен и паралелно работи на воспоставување алтернативни транспортни рути, по неодамнешната ескалација на нападите на море во војната со Украина.Руското Министерство за транспорт информира дека е формирана посебна работна група, која ќе бара нови логистички решенија и ќе го пренасочува товарниот сообраќај кон други видови транспорт. Како причина за ваквиот потег се наведуваат зачестените напади со беспилотни летала в

Свет | пред 3 месеци

media-librarympjn67lf08ip00Msduj

(Видео) Пожар во логистички центар на рускиот „Амазон“: руските канали тврдат дека бил погоден со украински дронови

Пожар утринава избувна во логистичкиот центар на компанијата Wildberries во местото Хрјастово, во руската Владимирска област, а руски канали на Телеграм тврдат дека причината е напад со украински беспилотни летала.На фотографии и видеоснимки објавени од локални жители се гледа густ црн чад што се издига над објектот, додека непосредно пред избувнувањето на пожарот, според нивните тврдења, во областа биле забележани дронови.Од компанијата Wildberries потврдија дека избувнал пожар, додавајќи дека

Свет | пред 3 месеци

media-libraryo3htmafqn2hn954efQt

(Видео) Нов бран украински напади: Густ чад се издига над руски градови

Украински беспилотни летала во текот на ноќта извршија напади врз повеќе цели во Русија, при што беше погодена нафтена рафинерија во Саратов, а мета беше и воениот аеродром „Енгелс-2“, пренесуваат руските и украинските медиуми.Жителите на Саратов и Енгелс пријавиле силни експлозии, а според првичните информации, во кругот на рафинеријата избувнал пожар на две локации. На снимките објавени на социјалните мрежи се гледа густ чад над индустриската зона.Гувернерот на Саратовската област потврди дека

Свет | пред 3 месеци

media-libraryt9rn71kbcs732xUGMML

Русија тврди дека уништила инфраструктура што ја користи украинската војска

Руското Министерство за одбрана соопшти дека руските сили извршиле воздушни напади врз објекти на транспортната инфраструктура во пристаништата Одеса и Николаев, за кои тврди дека ги користат украинските вооружени сили.Според соопштението, во пристаништето Одеса биле оштетени резервоари со гориво и мазива наменети за снабдување на украинската армија, додека во Николаев бил погоден морски влекач кој, според Москва, бил пренаменет за употреба на беспилотни пловила.Руското Министерство за одбрана н

Свет | пред 3 месеци

media-librarycc0gi9u8j4ue5U9p2ON

Зеленски барал од Трамп да го убеди Маск да дозволи „Старлинк“ за напади во Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски побарал од американскиот претседател Доналд Трамп да посредува кај Илон Маск за да ѝ биде дозволено на Украина да го користи сателитскиот систем „Старлинк“ за наведување напади врз цели на територијата на Русија, но барањето било одбиено.Според информациите, Зеленски ова барање лично му го пренел на Трамп за време на нивната средба во Овалната соба, а подоцна истото го повторил и пред членови на американскиот Конгрес. Трамп, сепак, не се согласил со пре

Свет | пред 3 месеци

media-libraryeqpi3p374lp0e3TtA7y

Русија распиша потерница по ќерката на убиениот критичар на Путин, Борис Немцов

Суд во Москва донесе одлука во отсуство да одреди истражен притвор за Жана Немцова, ќерката на убиениот руски опозициски политичар Борис Немцов, поради нејзината поврзаност со организација што руските власти ја прогласиле за „непожелна“.Жана Немцова ја напушти Русија во 2015 година, веднаш по убиството на нејзиниот татко. Таа е коосновач на Фондацијата „Борис Немцов за слобода“, со седиште во Германија, која руските власти во 2024 година ја прогласија за „непожелна организација“ и го забранија н

Свет | пред 3 месеци

media-libraryh8u6gmrijb5f80h6cDe

Полска остро ѝ одговори на Русија по падот на ракетата

Полското Министерство за надворешни работи го повика рускиот амбасадор и му предаде протестна нота, откако руска крстосувачка ракета Х-101 паднала на територијата на Полска.Портпаролот на Министерството, Мачеј Вевјур, изјави дека Варшава најостро ги осудува постапките што ја загрозуваат безбедноста на државата и нејзините граѓани.„Бараме прекин на активностите што ги загрозуваат животите и безбедноста на граѓаните и истовремено претставуваат ризик од воздухопловна катастрофа“, изјави Вевјур, пре

Свет | пред 3 месеци

media-library3bb772v82b848tVWG2Y

Русија предупредува: Украинските напади би можеле да го запрат извозот на жито преку Црното Море

Рускиот синдикат на извозници на жито предупреди дека украинските напади со беспилотни летала врз руски бродови и пристаништа би можеле да доведат до прекин на извозот на жито преку Црното Море.Според соопштението на синдикатот, систематските напади, кои започнале во јули, наскоро би можеле целосно да ги блокираат извозните коридори во црноморскиот регион.Оттаму тврдат дека испораките на руска пченица кон голем број земји оваа сезона би можеле да се намалат за 30 до 35 милиони тони, што претстав

Свет | пред 3 месеци

media-libraryhb97pf41t48vdAkHg4a

Москва под портокалов аларм поради екстремни горештини

Рускиот хидрометеоролошки центар издаде портокалов метеоаларм за Москва поради најавениот топлотен бран што се очекува за време на викендот.Според прогнозите, во сабота и недела, на 1 и 2 август, максималната дневна температура ќе достигне до 30 степени Целзиусови, а во недела се очекува да порасне до 31 степен, пренесува ТАСС.Портокаловото предупредување е претпоследно ниво во системот за метеоаларми и означува опасни временски услови што можат да предизвикаат штети и други неповолни последици.

Свет | пред 3 месеци

media-librarynb44ogip0afq1g7dFWl

Одмор со неизвесност: Војната силно го погоди туризмот во Русија

И покрај тоа што плажите во Анапа на брегот на Црното Море се исполнети со туристи, летната сезона во Русија е далеку од вообичаена. Во петтата година од војната во Украина, безбедносната состојба, нападите со дронови и недостигот од гориво значително влијаат врз туризмот и угостителството, а само на анектираниот Крим до крајот на јуни биле откажани околу еден милион резервации.Туристите велат дека при изборот на дестинација сè почесто ја земаат предвид безбедноста. Пред да отпатуваат, проверува

Свет | пред 3 месеци

media-libraryi04a8l1t1qu24CMgGSp

Русија погоди фабрика за дронови во американска сопственост во Киев

Руски балистички проектил на 24 јули погодил фабрика за производство на дронови во Киев, која е во сопственост на американската компанија „Терминал Аутономи“ (Terminal Autonomy), регистрирана во американската сојузна држава Делавер, објави британскиот весник „Гардијан“.Според медиумот, ова би можел да биде првиот случај од почетокот на војната Русија директно да нападне објект што е во сопственост на американска компанија.Компанијата произведува прецизни дронови со долг дострел, опремени со нави

Свет | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања