Промени тема
Контакт

САД

media-libraryotp04iork40b92aI4vG

Побарувачката за „Патриот“ нагло порасна, американските залихи се речиси исцрпени

Побарувачката за американскиот противвоздушен систем „Патриот“ нагло се зголеми поради војната во Украина и конфликтите на Блискиот Исток, кои значително ги намалија залихите на ракети-пресретнувачи.Украина бара дополнителни системи за одбрана од секојдневните руски балистички напади, додека дел од европските и блискоисточните држави ги чуваат преостанатите ракети за сопствена заштита.„Патриот“ е мобилен противвоздушен систем произведен од американската компанија „Рејтеон“, способен да пресретну

Свет | пред 1 месец

media-libraryqabc0kkn8u6qfuzfpvz

САД и Кина влегуваат во нова трка за Месечината

Ривалството меѓу САД и Кина се префрла во вселената, каде што двете сили ја засилуваат трката за освојување на јужниот пол на Месечината и за воспоставување трајно човечко присуство надвор од Земјата.Кина во последните години забележа значителен напредок со изградбата на својата вселенска станица „Тјангонг“ и со успешното враќање примероци од темната страна на Месечината. Пекинг најавува дека до 2030 година планира да испрати свои астронаути на Месечината, а до 2040 година да изгради постојана б

Свет | пред 1 месец

ilon-mask

Илон Маск ја нападна француската претседателска кандидатка: „Замолчете ја“

Сопственикот на платформата X, Илон Маск, ја нападна француската претседателска кандидатка и лидерка на партијата Зелени, Марин Тонделје, откако таа изјави дека властите треба да имаат можност привремено да ги исклучат социјалните мрежи за време на избори доколку има странско мешање.„Барам да биде замолчена поради предавство на Франција“, напиша Маск на X.Тонделје остро му возврати, истакнувајќи дека на Франција не ѝ се потребни лекции за патриотизам од странски милијардер кој мисли дека може да

Свет | пред 1 месец

media-libraryp4td1q8uuucqamn57JJ

Трамп сака флота од 15 нуклеарни бојни бродови, цената би достигнала 275 милијарди долари

Планот на американскиот претседател Доналд Трамп за изградба на флота од 15 нуклеарни бојни бродови би можел да ја чини САД околу 275 милијарди долари во следните три децении, покажува анализата на Конгресниот буџетски уред (CBO).Според проценките, за реализација на проектот американските бродоградилишта ќе треба до 2035 година речиси двојно да го зголемат производството на големи воени бродови, паралелно со исполнувањето на веќе постојните нарачки за американската морнарица.Предвидено е првиот

Свет | пред 1 месец

kina-sad

Америка го стопира извозот на „црна маса“ за да ја намали зависноста од Кина

Соединетите Американски Држави од 27 август воведуваат едногодишна забрана за извоз на отпад што содржи волфрам, како и на таканаречената „црна маса“, односно преработени литиум-јонски батерии. Одлуката ја соопшти американското Министерство за трговија и претставува дел од пошироката стратегија на администрацијата на претседателот Доналд Трамп за зајакнување на домашната индустрија за рециклирање и производство на критични минерали.Мерката следува откако минатата недела Трамп потпиша извршна нар

Свет | пред 1 месец

media-libraryro0i4nsi48kvbpDeU7v

Трамп потпиша нови мерки за ограничување на државјанството по раѓање во САД

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша две нови извршни наредби со кои повторно се обидува да го ограничи автоматското стекнување американско државјанство по раѓање, по претходниот неуспешен обид што беше оценет како неуставен.Новите мерки се насочени кон заострување на постојните правила, особено против таканаречениот „туризам за породување“, односно практиката странски државјанки да патуваат во САД за да се породат, со што нивното дете автоматски би стекнало американско државјанство.Со

Свет | пред 1 месец

media-libraryranpur9mf4pd5r3gtxY

Ахмети по средбата со американската амбасадорка: Разговаравме за актуелните политички случувања

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, денеска во седиштето на партијата во Тетово се сретна со вршителката на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави во Скопје, Никол Варнс.За средбата информираше самиот Ахмети преку објава на социјалните мрежи, наведувајќи дека разговарале за актуелните политички состојби во земјата, за демократските институции и за стратешкото партнерство меѓу Македонија и САД.Ахмети ѝ се заблагодарил на Варнс за нејзиниот, како што наведе, посветен и конструктивен ангажма

Македонија | пред 1 месец

media-library06n17o41rd039MbAVnX

Нафтата се приближува до 81 долар по барел поради тензиите околу Ормускиот Теснец

Цените на нафтата денеска повторно забележаа раст на меѓународните пазари, при што барелот на лондонската берза се доближи до 81 долар. Причина за новото поскапување се неизвесноста околу преговорите меѓу Иран и Оман за Ормускиот Теснец, како и извештаите за напади врз саудиски танкери во Црвеното Море и Аденскиот Залив.На лондонскиот пазар барелот се тргуваше по цена од 80,90 долари, што е за 1,45 долари повеќе во однос на претходниот ден. На американскиот пазар цената достигна 76,26 долари за

Свет | пред 1 месец

media-libraryt4a022nboc6i9oBv1BJ

Венс: Договор со Иран нема да има наскоро, преговорите ќе бидат долги

Потпретседателот на Соединетите Американски Држави, Џеј Ди Венс, изјави дека преговорите со Иран ќе бидат сложени и дека не очекува брзо постигнување договор.Во интервју за „Фокс њуз“, Венс оцени дека политичкиот систем во Иран е поделен и дека постојат различни струи со спротивставени ставови.„Иранците се исклучително тешки соговорници и имаат фрагментиран систем. Постојат луѓе кои сакаат војната да заврши, но има и радикални кругови кои сакаат нејзино продолжување“, изјави Венс.Тој додаде дека

Свет | пред 1 месец

media-library8ekf8jkntg25a9IMKVn

Кина возврати на САД со нови санкции и ограничувања за извоз на дронови

Кина воведе нов пакет економски контрамерки против Соединетите Американски Држави, вклучувајќи построга контрола на извозот на дронови и забрана за деловно работење со шест американски компании. Со овој потег Пекинг одговара на неодамнешните трговски ограничувања што ги воведе Вашингтон.Кинеското Министерство за трговија соопшти дека мерките се реакција на американската забрана за увоз на кинески дронови, како и на одлуката на американските власти да стават 43 кинески компании на списокот на сан

Свет | пред 1 месец

media-libraryd9eo1lt3cbkf0VtbIgs

Иран и Оман постигнаа договор за Ормускиот Теснец, САД тврдат дека учествуваат во преговорите

Иран и Оман постигнаа договор за географскиот правец по кој бродовите би требало да пловат низ Ормускиот Теснец, соопшти иранското Министерство за надворешни работи.Портпаролот на Министерството, Есмаил Багаеи, изјави дека двете земји подготвуваат заедничко соопштение кое ќе ги опфати техничките, правните, безбедносните и еколошките аспекти на договорот.„Доколку одредени трети страни не го попречуваат процесот, се финализира заедничко соопштение во кое ќе бидат наведени главните договорени точки

Свет | пред 1 месец

media-librarylk9kgmbun1p98ygMpxX

Ништо од ветениот економски бум: Растот во САД далеку од најавите на Трамп

Американскиот портал „Аксиос“ објави анализа во која оценува дека актуелните економски показатели не ги потврдуваат големите ветувања на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп за ново „златно доба“ и економски раст од пет до шест проценти.Според анализата, американската економија и понатаму покажува отпорност благодарение на личната потрошувачка и инвестициите во вештачката интелигенција, но растот останува значително под најавите на Белата куќа.Во вториот квартал економијата

Свет | пред 1 месец

media-libraryhis9v78lcmn20dWdhLj

Си-Ен-Ен: Трамп е заглавен во војна што не може ниту да ја добие, ниту да ја изгуби

Американската телевизија Си-Ен-Ен во анализа оценува дека војната со Иран би можела да стане грешката што ќе го одбележи претседателскиот мандат на Доналд Трамп, предупредувајќи дека американскиот лидер е заглавен во конфликт што не може лесно ниту да го добие, ниту да се повлече од него.Во анализата се наведува дека Трамп досега избегнал масовна ескалација на судирот, но дека сѐ уште се наоѓа пред три тешки избори – да ја продолжи сегашната ограничена воена кампања, да ја засили офанзивата со н

Свет | пред 1 месец

media-libraryaommr7i8gg9ubxGSHRq

Американците бесни на Инфантино: Градови домаќини тврдат дека ФИФА им должи милиони

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, се соочува со нови критики откако неколку американски градови домаќини на Светското првенство тврдат дека не ја добиле ветената финансиска помош од по еден милион долари за организациските трошоци.Според американските медиуми, средствата биле усно ветени за време на подготовките за Мундијалот, но до денес не биле исплатени, поради што локалните организациски комитети бараат објаснување од ФИФА.Ова се случува во период кога Инфантино веќе е изложен на критик

Спорт | пред 1 месец

media-library66h95ii86ar5aDVpbdj

Дипломатскиот конфликт меѓу САД и Бразил ескалира. Трамп ѝ ја поништи визата на бразилската амбасадорка

Соединетите Американски Држави ѝ ја поништија визата на бразилската амбасадорка во Вашингтон, Марија Луиза Рибеиро Виоти, само неколку дена откако Бразил одби да издаде визи за американски функционери, потврди претставник на американскиот Стејт департмент.Според американската страна, одлуката не значи протерување на амбасадорката, туку претставува дипломатска мерка што може веднаш да биде повлечена доколку Бразил ја одобри акредитацијата на новиот американски амбасадор во Бразилија, Даниел Перез

Свет | пред 1 месец

media-libraryumbu21pcj1j54KMMoFP

Катар тврди дека договорот меѓу САД и Иран е сè поблиску

Напорите за решавање на конфликтот меѓу САД и Иран се во напредна фаза, а меѓу двете страни веќе се разменуваат нацрти на можен договор, изјави портпаролот на катарското Министерство за надворешни работи, Маџед ал-Ансари.Тој посочи дека Катар и Оман продолжуваат да посредуваат меѓу Вашингтон и Техеран, иако засега нема директни разговори меѓу двете земји.„Веќе е подготвен текст на можен договор и во моментов се доставува до двете страни“, изјави Ал-Ансари, додавајќи дека главната цел е САД и Ира

Свет | пред 1 месец

media-libraryro0i4nsi48kvbpDeU7v

Ројтерс: Судовите пресудија дека администрацијата на Трамп 75 пати го прекршила Првиот амандман

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го прекршила Првиот амандман од Уставот на САД, кој ги гарантира слободата на говор, вероисповед и печат, во најмалку 75 случаи, покажува анализата на агенцијата „Ројтерс“.Според анализата, федералните судии донеле 75 пресуди во кои оцениле дека администрацијата ги ограничувала правата загарантирани со Првиот амандман. Меѓу другото, судовите утврдиле дека бил ограничуван говорот на политички противници, биле преземани мерки против универ

Свет | пред 1 месец

media-libraryumbu21pcj1j54KMMoFP

Трамп постојано се заканува со напади врз Иран, а потоа ги одложува

Американскиот претседател Доналд Трамп најмалку седум пати се заканил со масовни напади врз иранска цивилна инфраструктура, а потоа ги одложил или целосно ги откажал во обид да го поттикне Техеран на преговори, објави ABC News.Според телевизијата, ваквиот модел се повторува од март наваму. Трамп во повеќе наврати најавувал напади врз електрани и енергетска инфраструктура во Иран, но непосредно пред нивното извршување објавувал дека ќе им даде шанса на дипломатските разговори.Во последниот случај

Свет | пред 1 месец

media-librarysqnk9n5l12v37JNvYrx

Цената на нафтата падна под 80 долари

Цените на нафтата денеска паднаа под 80 долари за барел на меѓународните пазари, поттикнати од најавите за интензивирање на дипломатските напори за постигнување решение што би овозможило нормализирање на пловидбата низ Ормускиот Теснец.На лондонскиот пазар цената на барелот се намали за 3,85 долари и изнесуваше 79,92 долари, додека на американскиот пазар барелот поевтини за 4,16 долари, на 76,18 долари.Пазарите позитивно реагираа и на одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да се отка

Свет | пред 1 месец

media-libraryotp04iork40b92aI4vG

САД преговараат со Украина за заедничко производство на ракети „Патриот“

Соединетите Американски Држави водат преговори со Украина и европските партнери за заедничко производство на ракети за системите „Патриот“, но договор најверојатно нема да биде постигнат пред почетокот на зимата.Ова го изјави американскиот амбасадор во НАТО, Метју Витакер, кој посочи дека Вашингтон разгледува можности за соработка со Украина и европските сојузници со цел да се зајакне одбранбената индустриска база.Според него, разговорите продолжиле по средбата меѓу американската и украинската д

Свет | пред 1 месец

media-library34jhrpvue0rl1pkUm1c

Демократските држави повторно ја тужат администрацијата на Трамп

Група американски сојузни држави предводени од демократите поднесоа тужба против администрацијата на претседателот Доналд Трамп, барајќи да се блокира одлуката со која имиграциските власти би добиле пристап до личните податоци на семејства што користат програми за парична помош.Тужбата е поднесена до федералниот суд во Вашингтон и се однесува на одлуката што во јуни ја донесе Управата за деца и семејства при Министерството за здравство на САД. Со неа се дозволува споделување на податоците за кор

Свет | пред 1 месец

media-library5nlhqoesld4gbw8PKLw

Покетино продолжува со САД: Нов договор до 2030 година

Маурисио Покетино ќе остане селектор на фудбалската репрезентација на САД и во наредните години, откако потпиша нов договор со Американската фудбалска федерација до 2030 година.Аргентинскиот стручњак, кој има 54 години, првично имаше договор до крајот на Светското првенство во 2026 година, но по настапот на американската репрезентација на Мундијалот доби продолжување на соработката.САД ја минаа групната фаза, потоа ја елиминираа Босна и Херцеговина, а настапот го завршија во осминафиналето, каде

Спорт | пред 1 месец

media-library66h95ii86ar5aDVpbdj

Трамп: Иранското раководство е дволично

Трамп повторно ја заостри реториката кон Иран, само еден ден откако изрази оптимизам дека е можно да се постигне договор за повторно отворање на Ормускиот Теснец и за решавање на нуклеарното прашање.Во објава на својата социјална мрежа Truth Social, американскиот претседател го обвини иранското раководство за „дволичност“, тврдејќи дека јавно негира преговори со САД, додека истовремено бара средби и разговори.„Ништо нема да помине кон Иран, освен ако ние не го дозволиме тоа, и ништо нема да поми

Свет | пред 1 месец

media-libraryrhfnvbj6ievfeNpGhYp

Иран го демантираше Трамп: Нема нови преговори со САД

Иран ги отфрли тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп дека во понеделник ќе започнат нови преговори меѓу Техеран и Вашингтон, јавува Би-би-си.Трамп, говорејќи во претседателскиот авион „Ер Форс 1“, изјави дека Иран бил запознаен со подготовките за, како што рече, „масовен напад“, кој подоцна бил откажан.„Разговараме со нив во форма на преговори. Тие започнуваат утре попладне“, изјави Трамп.Претходно, на својата платформа Truth Social, американскиот претседател тврдеше дека Иран и ам

Свет | пред 1 месец

media-library5rg9vktsdai8cWyZrsT

Трамп му даде поддршка на републиканецот што гласаше против неговата политика кон Иран

Републиканскиот конгресмен Том Барет, кој трипати гласаше за ограничување на воените овластувања на американскиот претседател Доналд Трамп во врска со војната против Иран, само неколку дена подоцна доби јавна поддршка од самиот претседател на предизборен митинг во Мичиген.„Го очекува тешка изборна трка. Мора да му помогнете“, им порача Трамп на присутните, повикувајќи го Барет на сцената.„Горд сум што денес стојам покрај вас“, му возврати Барет.Според анализата на CNN, ваквиот однос е редок во д

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања