Промени тема
Контакт
🔴ВО ЖИВО од Охрид: Боки 13, Иван и Либеро, Везилка, смеа, забава, контроверзии, прашања
🔴ВО ЖИВО од Охрид: Боки 13, Иван и Либеро, Везилка, смеа, забава, контроверзии, прашања

Скопје1.мк

media-libraryqg00rskfn12g9epGnMl

Apple најавува поскапувања: Растот на цените на чиповите ќе ги погоди корисниците

Корисниците на Apple би можеле наскоро да се соочат со повисоки цени на производите на компанијата, откако раководството предупреди дека наглиот раст на цените на мемориските чипови создава сериозен притисок врз производствените трошоци.Според информациите објавени од Wall Street Journal (WSJ), извршниот директор на Apple, Тим Кук, изјавил дека компанијата тешко може да ги апсорбира дополнителните трошоци предизвикани од поскапувањето на клучните компоненти што се користат во паметните телефони,

Свет | пред 1 месец

media-libraryujl7e9fm6t796Vk3NQy

11 возачи приведени за едно деноноќие: Деветмина без дозвола, двајца пијани зад волан

Полициските службеници во текот на изминатото деноноќие лишиле од слобода 11 возачи на повеќе локации низ државата поради безобѕирно управување со моторни возила, информира Министерството за внатрешни работи.Според информациите, деветмина од приведените управувале возила без да поседуваат возачка дозвола, додека двајца биле затекнати како возат под дејство на алкохол.Најмногу случаи се регистрирани во Куманово, каде биле приведени тројца возачи без возачка дозвола. По двајца вакви возачи биле ли

Македонија | пред 1 месец

traktor-1

Маж пронајден мртов покрај превртен трактор во ресенско

Шеесет и седумгодишен жител на ресенското село Грнчари бил пронајден починат покрај превртен трактор на земјен пат во атарот на селото, информираа од СВР Битола.Според информациите од полицијата, случајот бил пријавен на 16 јуни околу 21:25 часот во ОВР Ресен. На местото бил пронајден Ф.К. (67) од село Грнчари, кој лежел покрај превртениот трактор.Лекар констатирал смрт на лицето, а по наредба на јавен обвинител телото било предадено на обдукција во Судска медицина, со цел да се утврдат точните

Македонија | пред 1 месец

media-library52ut6bais8dgdX4Quku

Двајца малолетници затекнати зад волан без возачка дозвола во Прилепско

Двајца малолетници биле лишени од слобода во одвоени случаи во Прилепско и Битолско, откако полициски службеници утврдиле дека управувале мотоцикли без да поседуваат возачка дозвола.Првиот случај бил регистриран на улицата „5 Прилепска Бригада“ во Прилеп, каде полициски службеници од ОВР Прилеп при сообраќајна контрола запреле мопед „Хамачи“ управуван од 17-годишник од селото Галичани. При проверката било утврдено дека малолетникот не поседува возачка дозвола, по што бил лишен од слобода.Во втор

Македонија | пред 1 месец

media-library7hkmceqshsu507HQJ3p

Пет лица приведени поради семејно насилство во повеќе градови низ државата

Пет лица биле лишени од слобода, а полицијата постапувала по вкупно шест пријави за семејно насилство во различни градови низ државата во текот на изминатото деноноќие, информираат од Министерството за внатрешни работи.Во Скопје, 39-годишна жена пријавила дека ден претходно на подрачјето на Шуто Оризари била физички нападната од нејзиниот партнер. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.Во Тетово, полициски службеници го лишиле од слобода Ш.Е. (59), откако неговата 50-годишна сопруг

Македонија | пред 1 месец

media-libraryjm9rhal838fo95BVSDz

(Видео) Филмски грабеж во Британија: Крадци со виљушкар украдоа банкомат од банка

Група добро организирани крадци извршила филмски грабеж во англискиот округ Кембриџшир, користејќи виљушкар за да откорне банкомат од филијала на банка и да исчезне пред пристигнувањето на полицијата.Инцидентот се случил во вторникот околу 3 часот наутро во местото Ремзи; целиот напад бил снимен од безбедносните камери. На снимките се гледа како сторителите со украден виљушкар насилно го извлекуваат банкоматот од предниот дел на филијалата на „Nationwide Building Society“.По откорнувањето, банко

Свет | пред 1 месец

media-libraryhm1dakef6tl47bGH9pC

ЈП „Охридски Комуналец“ го разубавува Охрид со ново сезонско цвеќе

ЈП „Охридски Комуналец“, преку работната единица „Паркови и зеленило“, изминатата седмица реализираше повеќе активности за уредување и одржување на јавните зелени површини во градот и приградските населби.Во рамките на сезонското разубавување започна садење цветен расад од видовите џунџуле, салвија и импатиенс. Со оваа активност постепено ќе бидат украсени парковите и другите хортикултурно уредени површини, а во текот на изминатата седмица нов изглед добија Градскиот парк, паркот кај Градскиот п

ОО | пред 1 месец

media-libraryrgji68prph4ac9IZZES

По една година во притвор, доктор Нино Васев ќе се брани од слобода

По една година помината во притвор, поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, ќе се брани од слобода, дознава „Скопје1“.Според нашите информации, Васев во наредниот период ќе го напушти затворот во Шутка, откако судот прифатил гаранција обезбедена со хипотека на имот.Тој е обвинет во првиот предмет што се однесува на економското работење на Клиниката за онкологија, заедно со поранешниот економски директор Артан Нухи.Според обвинението, двајцата се товарат за продолжени кривичн

Македонија | пред 1 месец

media-library1t41dhskauv96tipxic

Полициска акција низ државата: 11 лица приведени поради дрога

Полициски службеници во текот на изминатото деноноќие спроведоа повеќе акции на подрачјето на Скопје, Тетово, Кичево и Струга, при што од слобода биле лишени вкупно 11 лица кај кои била пронајдена дрога.Во Скопје, на повеќе локации, полициски службеници од СВР Скопје ги привеле Г.А. (30), В.С. (26) и Љ.С. (25), сите од Скопје, кај кои биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја и ризли.Во истиот ден, од Казнено-поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека при контрол

Македонија | пред 1 месец

media-libraryvuf9fktthbrd1dINnR3

Ѓорѓиевски: Дивата депонија во Сарај ќе стане модерен парк покрај Вардар

Простор кој со години бил користен како дива депонија во општина Сарај наскоро ќе биде претворен во модерен парк со зелени површини и рекреативни содржини за граѓаните, соопшти градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, заедно со градоначалникот на Сарај, Мухамед Елмази, и министерот за животна средина Мухамед Хоџа, денеска го посетија просторот покрај реката Вардар, на патот кон селото Рашче, каде што веќе се спроведуваат активности за расчи

Скопје | пред 1 месец

media-library1reeqs0g6crr3GP6mMN

Мециновиќ: Пристапот до дом е врзан со долг – наместо дом за секого, Владата создава профит за малкумина

Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, на денешната седница за пратенички прашања упати остри критики кон Владата и кон вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, оценувајќи дека државата нема стратегија за решавање на станбената криза.Мециновиќ посочи дека, и покрај најавите за инфраструктурен развој и економски напредок, голем број млади луѓе не можат да обезбедат сопствен дом и се принудени да живеат под кирија, да се задолжуваат со долгорочни кредити или да ја напуштат држава

Македонија | пред 1 месец

media-libraryg5q95gijm74v0f0Kfly

Тошковски најави построги казни за возачите на електрични тротинети

Министерството за внатрешни работи подготвува законски измени со кои ќе се заострат правилата за користење електрични тротинети, а се разгледува и можноста за зголемување на старосната граница за нивно управување.Ова го најави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски за време на презентацијата на националниот проект „Прекинување на циклусот на насилство – системска превенција на семејно и врсничко насилство преку образовниот систем“, што се одржа во Владата.Тошковски информираше дека прате

Македонија | пред 1 месец

media-libraryuil7ottbau4kcF7EB1s

Македонскиот рубин официјално прогласен за национален минерален симбол

Македонија за првпат доби официјално заштитен национален минерален симбол, откако македонскиот рубин беше прогласен за заштитено национално минерално наследство.Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска соопшти дека успешно е завршен процесот на институционална заштита на македонскиот рубин – минерал кој претставува значаен дел од природното, геолошкото и културното наследство на земјата.„Го заштитивме македонскиот рубин. Денес државата добива нешто автентично ма

Македонија | пред 1 месец

media-libraryl5dr5ib1eo1b0WN7Y1S

Бегал од полицијата, удрил во дрво и избегал – во возилото затекнати 12 мигранти

Полицијата трага по возач кој со возило со несоодветни регистарски таблички превезувал мигранти, откако избегал по полициска потера и сообраќајна незгода во близина на селото Блаце, општина Петровец.Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, на 17 јуни околу 19:47 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот од Градско кон Скопје се движи патничко возило „мерцедес“ со регистарски таблички кои припаѓале на друго возило.Возачот не застанал на даден знак за запирање, по што на клу

Македонија | пред 1 месец

media-libraryief9kqn5744o2qY0VQy

Пожар избувна во куќа во Бутел, сопственикот бил во Италија

Пожар избувнал во куќа на подрачјето на скопската населба Бутел, информира Министерството за внатрешни работи.Според информациите, на 18 јуни 2026 година во 04:55 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во куќа сопственост на В.А., кој во моментот на избувнувањето на пожарот се наоѓал во Италија.На местото интервенирала Бригадата за противпожарна заштита Скопје, која успеала да го изгасне пожарот.Од МВР соопштија дека во настанот нема повредени лица, а увид е извршен за утврдување

Македонија | пред 1 месец

media-library53vipbsbvjguaM3KcrB

Уапсен скопјанец во Аеродром, се обидел насилно да влезе во два стана

Триесетгодишен скопјанец е лишен од слобода откако се обидел да влезе во два стана во скопската општина Аеродром.Како што информира Министерството за внатрешни работи, на 17 јуни 2026 година околу 15:20 часот, полициски службеници од СВР Скопје го привеле А.А. (30) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава.Според пријавеното, околу 14:00 часот тој се обидел да влезе во стан на 33-годишна жена, а потоа направил обид да влезе и во станот на нејзината 34-годишна сосетка. Жената успеала да го отт

Македонија | пред 1 месец

media-libraryc8de35nm46466F8a66x

Кривична за 74-годишник од Врапчиште, нападнал малолетник во комбе за време на превоз

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против У.З. (74) од селото Ѓурѓевиште, општина Врапчиште, поради сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 1 јуни 2026 година во селото Неготино, гостиварско, во комбе кое вршело превоз на патници.Пријавениот, според наводите, физички нападнал 16-годишно дете кое се наоѓало во возилото.По преземените мерки и целосното

Македонија | пред 1 месец

media-library8qfqilso0lmiaeqULbz

Жена тешко повредена по пад од електричен тротинет во Радовиш

Педесет и петгодишна жена од Радовиш се здобила со тешки телесни повреди откако паднала од електричен тротинет на улицата „Ленинова“ во Радовиш.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот бил пријавен на 17 јуни во 11:10 часот во ОВР Радовиш.Според пријавата, С.М. (55) од Радовиш, управувајќи електричен тротинет, изгубила контрола над возилото и паднала на коловозот.Во несреќата таа се здобила со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Клиничката болница во Штип.Увид

Македонија | пред 1 месец

media-libraryb8iktpo2ama2a01TsHG

„Филипче застана против националните интереси, Македонија ќе оди кон ЕУ со достоинство и заштитен идентитет“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение реагираа на денешната прес-конференција на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, оценувајќи дека неговите ставови се спротивни на националните интереси и на напорите за зачувување на македонскиот идентитет во процесот на евроинтеграција.Во партиското соопштение се наведува дека Филипче повторно ја пропуштил можноста да се приклучи кон, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, заедничката борба за заштита на државните и националните интереси во односите со Европската Унија.Од владеј

Македонија | пред 1 месец

media-librarybv9cskfmgkn11uCvVNA

Филипче за две години Влада: Паричниците и фрижидерите на граѓаните се празни, растат само долговите

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција оцени дека по речиси две години од формирањето на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните се соочуваат со влошен животен стандард, растечки трошоци и зголемени државни долгови.На денешната прес-конференција, Филипче изјави дека ветувањата дадени пред изборите останале во голема мера неисполнети, а последиците од тоа, според него, секојдневно ги чувствуваат граѓаните.„Од ветеното пред граѓаните пред речиси две години не е ре

Македонија | пред 1 месец

media-libraryujd54c325i5447Pt9Vc

„Извештајот на ЕП говори и за странско мешање, медиуми под унгарско влијание и антиевропски наративи“, вели Филипче

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција оцени дека најновиот извештај на Европскиот парламент ги потврдува предупредувањата на неговата партија за присуство на странско влијание и ширење антиевропски наративи во македонскиот јавен простор.На прес-конференција, Филипче посочи дека во извештајот се изразува загриженост поради странско мешање, вклучително и преку медиуми под унгарско влијание, кои, според него, придонесуваат за ширење пораки насочени против европската и

Македонија | пред 1 месец

media-library4bv9a2or3lmu2yZin4r

Нов притисок врз Рама од Брисел поради проектот поврзан со зетот на Трамп

Албанија се соочува со засилен притисок од европските институции поради градежни активности во заштитени природни подрачја, откако Европскиот парламент побара итен прекин на ваквите проекти и воведување мораториум за нови дозволи.Повикот доаѓа во период кога во Албанија се одржаа повеќедневни протести под мотото „Фламинго револуција“, насочени против проектот за изградба на луксузно одморалиште, кое медиумите го поврзуваат со Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп. Протести

Балкан | пред 1 месец

media-libraryug1ultacipvsayKcNB5

(Видео) „Мицкоски нема резултати, затоа тера кампања на конфликти и поделби“, вели Филипче

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција оцени дека по речиси две години владеење на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните се соочуваат со понизок животен стандард, повисоки долгови и застој во европските интеграции, додека власта, според него, вниманието го пренасочува кон политички конфликти и поделби.На денешната прес-конференција, Филипче изјави дека Владата не ги исполнила ветувањата дадени пред граѓаните и дека резултатите од нејзиното работење се дале

Македонија | пред 1 месец

media-libraryv6ei2si0hg9n1VlSshW

Две лица приведени по претреси во Велес и Капиново, запленето нелегално оружје

Две лица се лишени од слобода во полициска акција спроведена во Велес и велешкото село Капиново, при која биле пронајдени и одземени повеќе парчиња оружје, муниција и поголема сума пари.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 17 јуни во 03:20 часот полициски службеници од СВР Велес го привеле Г.А. (49) од Велес. При претрес во неговиот дом и помошните простории, извршен со судска наредба, бил пронајден и одземен пиштол „Застава“ со рамка во која имало 13 куршуми, за кој не посе

Македонија | пред 1 месец

plaza-grcija

Грција прогласи вонредна состојба на два острова поради недостиг на вода

Сериозна водена криза ги погоди делови од Грција во екот на туристичката сезона, откако островите Лерос и Сифнос останаа со критично намалени резерви на вода за пиење, што ги принуди властите да прогласат вонредна состојба.Одлуката ја донел Генералниот секретаријат за цивилна заштита, откако локалните власти предупредиле дека резервите на вода се на критично ниско ниво, а дел од водоснабдителните системи веќе не можат да ги задоволат потребите на населението и туристите.На островот Лерос е вовед

Балкан | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања