Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

apasiev

„Од ветувања за најниски цени на горивата во регионот, до 104,50 денари за дизел - Левица бара намалување на давачките за горивата, маржите и патарините“, вели Левица

Дизелот достигна цена од 104,50 денари за литар, откако Регулаторната комисија за енергетика повторно ја зголеми максималната малопродажна цена. Од Левица преку соопштение реагираат дека на 11 август дизелот чинел 91,50 денари, што значи дека за нешто повеќе од еден месец поскапел за 13 денари.Од партијата посочуваат дека дизелот е значаен трошок за транспортот, земјоделството, градежништвото, дистрибуцијата и производството, поради што повисоките цени на горивото може да влијаат и врз цените на

Македонија | пред 1 месец

271787595_328121882584149_6492718723763509819_n

Пристигна есента, ноќите стануваат подолги, а деновите пократки

Есента пристигна на северната полутопка, вклучително и во Македонија. Астрономски, новото годишно време настапи ноќеска во 2:05 часот, во моментот на есенската рамноденица. Во истиот момент на јужната полутопка започна пролетта.Денеска, 23 септември, е првиот есенски ден и 266-тиот ден во годината. Во Скопје Сонцето изгреа во 6:22 часот, а ќе зајде во 18:30 часот, па денот ќе трае 12 часа и 7 минути.За време на есенската рамноденица Сонцето се наоѓа над екваторот, поради што денот и ноќта се при

Македонија | пред 1 месец

media-libraryrhep47p69eqk3DdBtNU

(Видео) Ова е првиот гостин во четвртата сезона од „Претрес“

„Претрес со Ландов“ вечерва ја отвора четвртата сезона, а прв гостин ќе биде пратеникот и функционер на ДУИ, Блерим Беџети. Емисијата почнува во 21 часот и ќе се емитува во живо на landov.mk.Разговорот ќе биде посветен на повеќе од две децении политичко влијание на ДУИ, период во кој партијата учествуваше во формирањето влади и во изборот на министри и раководители на институции.Една од централните теми ќе биде тврдењето на ДУИ дека партијата и Албанците во Македонија се цел на политички удари,

Македонија | пред 1 месец

media-librarygthq9c7omc304jnbUrj

Пронајдена марихуана кај 40-годишник во струшко

Мобилниот тим „Task Force“ при Регионалниот центар за гранични работи Запад – Охрид на 22 септември презел мерки за сузбивање на недозволената трговија со дрога во струшкиот регион.Како што соопшти МВР, околу 15:45 часот во близина на селото Мали Влај, струшко, полициските службеници го лишиле од слобода Б. Т. (40), откако при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.За случајот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга. По целосното документирање на случајот

Македонија | пред 1 месец

media-libraryfr7h64ac7ci75JEPiMq

„Ходник дипломатија на Мицкоски со 50 луѓе на екскурзија и антимон со вредност помала од DЈ“, велат од СДСМ

СДСМ преку соопштение ја критикува посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави, оценувајќи дека таа не донела резултати какви што биле најавувани.Од партијата велат дека Мицкоски цела недела престојувал во САД со делегација од околу 50 лица, а како резултат од посетата го издвојува грантот од 5 милиони долари за развој на проектот за антимон.СДСМ тврди дека неформалниот разговор со американскиот државен секретар Марко Рубио во ходник бил претставен како средба на в

Македонија | пред 1 месец

media-libraryc9he9muim13d7M9jQLq

Поранешен припадник на ОВК вчера бил приведен на „Блаце“, по испрашувањето бил ослободен

Сопственикот на косовската новинска агенција „КосоваПост“, Фадиљ Пушколи, синоќа бил приведен на граничниот премин „Блаце“. Пушколи, кој е и поранешен припадник на Ослободителната војска на Косово (ОВК), според првичните информации објавени од дел од медиумите, бил приведен по налог и потерница издадена од Србија.Пушколи самиот на Фејсбук објавил дека е приведен и побарал помош од косовските власти. Подоцна соопштил дека по разговорот и испрашувањето со полицијата бил ослободен.Во објавата тој ѝ

Македонија | пред 1 месец

mmf-1

Годишен раст од 9,0% на вкупните депозити и од 13,6% на вкупната кредитна поддршка

Паричната маса во август продолжи да расте, при што монетарниот агрегат М3 на месечна основа е зголемен за 1,3 отсто, главно како резултат на растот на депозитните пари и краткорочните депозити.На годишно ниво, паричната маса е зголемена за 8,2 отсто, што претставува дополнително забавување на годишната динамика. Раст е забележан кај сите компоненти на паричната маса.Вкупните депозити во август се зголемиле за 1,6 отсто на месечна основа, при што растот главно произлегува од корпоративниот секто

Македонија | пред 1 месец

media-libraryeljg6k2fjjao9yIFdQe

Научници предупредуваат: „Супер Ел Нињо“ може да однесе повеќе од 450.000 животи

Екстремните горештини поврзани со актуелниот феномен „Ел Нињо“ би можеле да предизвикаат повеќе од 450.000 дополнителни смртни случаи во следните шест месеци, според проценките на климатски научници. Проекцијата се однесува на периодот од септември 2026 до февруари 2027 година и не ги вклучува предвремените смртни случаи што веќе се поврзуваат со зголемувањето на температурите поради климатските промени.Последиците од екстремните температури се очекува да се почувствуваат во различни делови од с

Свет | пред 1 месец

media-libraryq775ulkjtmv00OstXRz

Престигнувала автобус, изгубила контрола и удрила во камион – една жена загина во Србија

Едно лице загина, а две се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила денеска околу 6:40 часот на патот Суботица–Бајмок, во близина на Таванкут, Србија.Според информациите од Полициската управа во Суботица, жена која управувала патничко возило со суботички регистарски ознаки се обидела да го престигне автобусот, по што изгубила контрола над возилото.Автомобилот излетал од патот и удрил во камион, кој во тој момент се вклучувал во сообраќајот.На местото на несреќата веднаш пристигнале

Балкан | пред 1 месец

Sobranie-zgrada

Три собраниски комисии денеска на седници, на дневен ред и антикорупциската стратегија

Во Собранието денеска седници ќе одржат три комисии – Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Комисијата за надворешна политика и надворешна трговија и Законодавно-правната комисија.На седниците на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и на Законодавно-правната комисија како единствена преостаната точка на дневниот ред е Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2026–2030 година.Комисијата за надворешна политика и надворешна трг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynbc1g9t3m1n32itV8LJ

(Видео) Вандализам во Влае: Поминува покрај паркиран автомобил и го крши ретровизорот

Снимка од населбата Влае покажува момент во кој маж оштетува паркиран автомобил, при што го крши неговиот ретровизор.Снимката повторно го отвора прашањето за заштитата на имотот и безбедноста во скопските населби.

Скопје | пред 1 месец

media-library6nieum4ej154cVJksVP

Нема активни пожари на отворено, ЦУК регистрира 28 пожари во 24 часа

Во текот на изминатото деноноќие во Македонија биле регистрирани 28 пожари на отворен простор, од кои 27 се изгаснати, додека еден пожар останал под контрола. Активни пожари во моментот нема, информира Центарот за управување со кризи.Пожарот што е под контрола се наоѓа на подрачјето на општините Македонски Брод и Сопиште. Зафатена е нискостеблеста и мешана шума кај селото Белица, во местото викано Кајорец, на територијата на Македонски Брод, а пожарот се проширил кон Јасен, во општина Сопиште.Од

Македонија | пред 1 месец

bez-voda

Денес без вода повеќе улици во Карпош

Од ЈП „Водовод и канализација“ е добиено известување дека денес, 23 септември 2026 година, поради дефект на приклучна цевка на улицата „Мексичка“ број 10, ќе има прекин во водоснабдувањето во дел од Општина Карпош.Без вода ќе останат корисниците од улиците „Мексичка“, дел од „Варшавска“, дел од „Хелсински“, дел од „Ташкенска“, дел од „Хаванска“ и дел од „Париска“.Прекинот ќе започне во 09:00 часот и ќе трае до завршување на работните активности.

Скопје | пред 1 месец

media-librarykr8hik32amhla2RiMGa

Студено утро, сончев ден и температури до 24 степени

Утрото ќе биде ведро и постудено, а во текот на денот се очекува сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој на места долж Повардарието повремено ќе засилува.Минималната температура ќе се движи од 4 до 12 степени, додека максималната ќе достигне од 16 до 24 степени.Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 31 ст

Македонија | пред 1 месец

struja-1

Без струја денес делови од Бутел, Кисела Вода и Карпош

Од ЕВН Македонија АД е добиено известување дека денеска, 23 септември 2026 година, без електрична енергија ќе останат корисници на повеќе улици во Скопје.Во периодот од 07:55 до 09:55 часот, без струја ќе бидат дел од корисниците на улиците „Тале Христов“ и „Костурска“ во Општина Бутел.Од 09:00 до 14:00 часот, прекин е најавен за корисниците на улиците „Мишко Михајловски“ и „Емил Зола“ во Општина Кисела Вода.Во периодот од 10:05 до 12:05 часот, без електрична енергија ќе останат дел од корисници

Скопје | пред 1 месец

media-librarymde6bdqj4fco6MAD3du

Македонската просечна плата 789 евра: Каква е во споредба со регионот?

Новите податоци за просечните плати повторно ја отвораат споредбата на заработувачката во Македонија со останатите земји од регионот. Според најновиот податок на Државниот завод за статистика, просечната месечна нето-плата во Македонија достигнала 48.499 денари, односно околу 789 евра.Во однос на истиот период минатата година, просечната плата е повисока за околу 7,1 отсто.Според споредливите официјални податоци, највисока просечна нето-плата има Словенија. Во јули 2026 година, таа изнесувала 1.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryoj3oou49976t7rniGEq

17,3 отсто од новите автомобили во ЕУ во 2025 година биле електрични

Во 2025 година електричните автомобили достигнале рекордно учество во новите регистрации во Европската Унија. Целосно електричните патнички автомобили сочинувале 17,3 отсто од сите новорегистрирани возила, покажуваат податоците на Евростат.Тоа значи дека повеќе од секој шести новорегистриран патнички автомобил во ЕУ бил целосно електричен. За споредба, во 2015 година нивното учество изнесувало само 0,4 отсто.Хибридните возила имале најголем удел со 42,4 отсто, додека бензинските автомобили учест

Свет | пред 1 месец

media-librarymil2ak49qddreH0XIq9

Познат бразилски пејач загина во хеликоптерска несреќа

Познатиот бразилски пејач Рик Соло, член на популарното дуо „Рик и Ренер“, и бизнисменот Бруно Авелар, познат како близок пријател и соработник на фудбалерот Нејмар, загинаа во хеликоптерска несреќа во бразилската сојузна држава Санта Катарина.Спасувачките екипи и Противпожарната служба го пронајдоа хеликоптерот во планинскиот предел кај Урубичи, откако леталото исчезна за време на силно невреме. Властите потврдија дека во несреќата нема преживеани.Хеликоптерот изгубил контакт со контролата на л

Свет | пред 1 месец

media-libraryrov3e5g348259cQVVDu

Ердоган: ОН повеќе не можат да ја исполнуваат својата мисија, потребна е реформа на Советот за безбедност

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во обраќањето пред Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк повика на темелна реформа на Советот за безбедност, оценувајќи дека сегашниот систем не овозможува ОН ефикасно да ја исполнуваат својата мисија за зачувување на мирот.Ердоган посочи дека не е праведно волјата на повеќе од 190 држави да зависи од одлуките на пет држави, алудирајќи на постојаните членки на Советот за безбедност.– Да сфатиме дека систем во кој волјата на повеќе од 190 држа

Свет | пред 1 месец

media-librarymnnfa8l573bvauqXfEn

Нафтата повторно тргнува кон Црвеното Море: Саудиска Арабија го обновува клучниот нафтовод

Саудиска Арабија повторно започна со работа на нафтоводот Исток-Запад, со што извозот на сурова нафта од пристаништето Јанбу на Црвеното Море би можел да продолжи уште денес, објави „Ројтерс“, повикувајќи се на извори запознаени со ситуацијата.Според изворите, еден танкер подоцна денеска треба да биде натоварен во Јанбу, а според еден од нив, пратката ќе биде наменета за Кина.Саудиска Арабија го користи овој нафтовод за пренасочување на околу четири милиони барели нафта дневно кон Јанбу поради н

Свет | пред 1 месец

media-libraryrak8j5k24jdi5YsFe9Q

Познат инфлуенсер обвинет за силување и кривични дела поврзани со дрога во САД

Американскиот инфлуенсер познат како Клавикулар, чие вистинско име е Брејден Ерик Питерс, е обвинет во сојузната држава Масачусетс за силување и кривични дела поврзани со дрога, пренесува „Гардијан“.Според судските документи, 20-годишниот Питерс треба да се појави пред суд на 14 октомври во Кејп Код. За најтешките обвиненија, кои вклучуваат силување и омамување лице со цел сексуален однос, може да добие и доживотна затворска казна. Против него има и пријава за давање алкохол на малолетно лице.Сп

Свет | пред 1 месец

media-library5p69iekkr9u05zSKcSu

Цената на златото повторно паѓа, инвеститорите очекуваат повисоки камати во САД

Цената на златото повторно се намали на светските пазари, под влијание на очекувањата дека американската Федерална резерва ќе ја задржи рестриктивната монетарна политика.Спот-цената на златото во вторникот падна за околу 0,4 отсто, на 4.325 долари за унца, додека американските фјучерси се намалија за околу 0,5 отсто, на 4.362 долари.Еден од главните фактори што вршат притисок врз цената се очекувањата за нови зголемувања на каматните стапки во САД. Повисоките камати ја намалуваат привлечноста на

Свет | пред 1 месец

media-library5odsev01qor28PWHJZq

Мбапе: Бев многу блиску до трансфер во Ливерпул

Францускиот напаѓач Килијан Мбапе откри дека во еден период од кариерата бил многу блиску до трансфер во Ливерпул, но на крајот решил да остане во Франција и да ја продолжи кариерата во Париз.Во интервју за „Атлетик“, Мбапе раскажа дека неговата мајка била голем обожавател на Јирген Клоп и силно посакувала тој да заигра за англискиот клуб.„Бев многу блиску до тоа да станам играч на Ливерпул. Мајка ми беше голем обожавател на Јирген Клоп и тоа беше нејзината посакувана дестинација. Таа сакаше да

Спорт | пред 1 месец

media-library1i77ko6sdf9l4iKUt6s

Шефот на ОН повика на решение со две држави – Израел и Палестина

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, во своето последно обраќање пред Генералното собрание ги повика светските лидери да преземат чекори за регулирање на вештачката интелигенција, ставање крај на војните, справување со климатските промени и реформирање на институциите на ОН.Гутереш, чиј втор петгодишен мандат завршува на 31 декември, побара воспоставување глобален надзор над ризиците поврзани со вештачката интелигенција. Тој оцени дека земјите што ја предводат технолошката

Свет | пред 1 месец

media-libraryo24q9n56siat4ojI1Zu

Маж во Србија ѝ дал пиштол на малолетната ќерка и ѝ рекол да пука во него

Основното јавно обвинителство во Панчево, Србија, поднесе обвинителен акт против 51-годишен маж од Старчево, осомничен за четири кривични дела семејно насилство.Според обвинителството, М.П. на 26 јули 2026 година, во семејниот дом, под дејство на алкохол и во присуство на своите три ќерки, од кои две се малолетни, ѝ се заканувал на сопругата дека ќе ја убие и ќе ја повреди.Во текот на инцидентот, според обвинението, тој извадил пиштол и пукал со него пред членовите на семејството. Потоа оружјето

Балкан | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања