Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО ОД ОХРИД: Антонија Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков, музика,смеа,подароци
ВО ЖИВО ОД ОХРИД: Антонија Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков, музика,смеа,подароци

Скопје1.мк

media-libraryrb1r6tmf8u1pfCKmk1S

СДСМ со критики до Владата: „Роаминг наместо реформи“

СДСМ преку соопштение ја обвини Владата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, дека наместо да спроведува суштински реформи за приближување кон Европската Унија, се обидува да прикаже како сопствен успех процеси кои, според опозициската партија, одамна се започнати и претставуваат европски обврски.Од СДСМ реагираа на најавите поврзани со иницијативата „Роаминг како дома“, оценувајќи дека станува збор за европска политика што ја спроведуваат сите земји кандидати за членство во ЕУ.„Ова не е проект покренат и

Македонија | пред 1 месец

media-libraryo7hjpao4v33d0gYeWSM

Токсичниот инсектицид ланате е отровот што деца го пронајдоа во близина на детско игралиште во Кисела Вода, утврди Институтот за судска медицина

Институтот за судска медицина потврдил присуство на високо токсичниот инсектицид метомил, во јавноста познат како ланате, во парчињата салама пронајдени во близина на детско игралиште во населбата Расадник во Кисела Вода, информираат од ЈП Лајка.Станува збор за инсектицид кој е одамна забранет за употреба и увоз во Македонија и во земјите од Европската Унија поради неговата екстремна токсичност и честата злоупотреба за труење животни.Од ЈП Лајка потсетуваат дека токму во Расадник на 15 мај беше

Македонија | пред 1 месец

iran

Воен аналитичар: Иран не е поразен, Техеран сè уште има силен адут

Најновите ирански напади врз американски воени цели на Блискиот Исток покажуваат дека Техеран не е поразен и покрај очекувањата во Вашингтон, оценува воениот аналитичар на Sky News, Шон Бел.Според Бел, американскиот претседател Доналд Трамп верувал дека заедничката воена кампања на САД и Израел ќе доведе до целосно слабеење на иранските воени капацитети и ќе го принуди Техеран на отстапки.Сепак, по најновите одмазднички напади врз американски цели во Бахреин, Јордан и Кувајт, ваквата проценка по

Свет | пред 1 месец

media-library7djgeiaegpmg21sm8O4

Несреќата во Илинден доби судска разврска: Возач на БМВ ќе одговара по смртта на мопедист

СВР Скопје поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против 23-годишниот А.С. од Скопје, поради основано сомнение дека сторил кривично дело против безбедноста во сообраќајот.Како што информираат од МВР, кривичната пријава се однесува на сообраќајната несреќа што се случила на 28 мај годинава, околу 23 часот, на улицата „34“ во населбата Илинден.Во несреќата учествувале патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управувано од пријавениот А.С., и мопед управуван од

Македонија | пред 1 месец

media-libraryrhfnvbj6ievfeNpGhYp

Трамп: „Ништо не поминува без наша дозвола, тоа е челичен ѕид“

Американскиот претседател Доналд Трамп продолжи со серијата драматични објави на социјалната мрежа Truth Social, прогласувајќи ја американската поморска блокада на Иран за „најуспешна во историјата на поморското војување“.Во најновата порака, објавена само неколку часа по масовните ирански одмазднички напади врз американски цели на Блискиот Исток, Трамп порача дека ниту еден брод не може да помине без одобрение од САД.„Лажните медиуми одбиваат да известуваат колку е ефикасна поморската БЛОКАДА н

Свет | пред 1 месец

media-libraryihvqr12njd77a3NSwOW

Трамп со остра порака до Техеран: „Иран предолго чекаше, сега ќе ја плати цената“

Американскиот претседател Доналд Трамп упати нови остри критики кон Иран, оценувајќи дека Техеран предолго го одложувал постигнувањето договор со Соединетите Американски Држави и предупредувајќи дека поради тоа „сега ќе ја плати цената“.Во објава на социјалната мрежа Truth Social, Трамп повторно изнесе тврдења дека иранските вооружени сили се во целосен хаос и дека нивните поморски и воздушни капацитети речиси веќе не постојат.„Тие се целосно поразени. Иран е само приказна без дела. Насилникот н

Свет | пред 1 месец

media-libraryg1djl382hiu32OaAcgH

29 мостови и 15 тунели: Интензивно напредува изградбата на пругата Скопје – Софија

Изградбата на втората делница од железничката пруга кон Бугарија, на потегот Бељаковце – Крива Паланка, се одвива со засилена динамика, а според вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, станува збор за еден од најголемите и најсложени инфраструктурни проекти што се реализираат во Македонија.„Интензивно се гради пругата Скопје – Софија. Втората делница претставува вистински градежен и инженерски подвиг“, истакна Николоски.Проектот опфаќа изградба на три нови железнички станици

Македонија | пред 1 месец

media-librarygu1q6rem0lg10V902Bb

„Доста ни е од бучавата“: Жителите на Капиштец утре излегуваат на протест против прекумерната бучава

Револтирани од долгогодишната бучава и, како што велат, недоволната реакција на институциите, жителите на скопската населба Капиштец утре, 11 јуни, ќе одржат мирен протест.Собирот е закажан за 19 часот кај кошаркарското игралиште, а го организира граѓанската иницијатива „За пристоен Капиштец“, која преку социјалните мрежи ги повика жителите масовно да се приклучат и јавно да го искажат своето незадоволство.„Доста ни е од бучавата, сега ние ќе бидеме гласни. Додека нас не држат будни, институциит

Скопје | пред 1 месец

media-libraryaghfv2svf1fi7Ja0A1g

Уапсен 33-годишник од Карбинци: Со месеци сексуално злоупотребувал дете и му пренел заразна болест

Триесет и тригодишен жител на село во општина Карбинци е приведен и кривично гонет поради сомнение дека извршил сексуална злоупотреба врз дете помладо од 15 години, при што, според истрагата, му пренел и заразна болест.Од Министерството за внатрешни работи информираа дека на 8 јуни во 13:50 часот полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Б.Т. (33).Според сомневањата, во периодот од јануари до март годинава, додека престојувал во домот на едно семејство во светиниколско село, тој врше

Македонија | пред 1 месец

media-library11cuib2ffes0e5oZ3sg

Петто издание на „Ohrid Wine Festival“

Од 25-ти до 27-ми јуни Охрид ќе биде домаќин на петтото издание на Ohrid Wine Festival, кој и годинава ќе понуди богата музичка програма, врвни вина и добра забава.Фестивалот ќе започне на 25-ти јуни со настапите на Група Сарај, Дани Димитровска и Меморија.Во рамки на вториот фестивалски ден, на 26-ти јуни, пред посетителите ќе настапат Брос и Марама, Ѓоко Ѓорчев и Кате Танева, Куку Леле и Пауза за ракија.Завршната вечер, на 27-ми јуни е резервирана за Солзи и Смеа, DJ Fic, Битолскиот камерен ор

ОО | пред 1 месец

media-library7cssjs6p6h671Q4zACe

(Видео) „Силните идентитети не напаѓаат други идентитети“ – порака на Муцунски од Софија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, порача дека во Европа на 21. век идентитетите не треба да се градат преку негирање и напади врз другите, туку преку меѓусебна почит и прифаќање на различностите.Говорејќи за односите меѓу Македонија и Бугарија, Муцунски истакна дека силните идентитети немаат потреба да се потврдуваат на сметка на туѓите.„Јас сум цврсто убеден, како човек, дека силните идентитети немаат потреба да се градат преку напади на туѓите идентитети. Н

Настани | пред 1 месец

media-libraryce7udbib0esm7QeJQLs

Од депонија до мега парк: Бутел добива нова зелена оаза на 8.000 квадратни метри

Простор кој со децении бил запуштен и претворен во депонија, наскоро ќе добие сосема нов лик. Во скопската општина Бутел е во тек изградбата на нов мега парк, кој ќе се простира на површина од 8.000 квадратни метри и ќе понуди содржини за граѓани од сите возрасти.Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, заедно со градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, изврши увид во градежните активности на локацијата долж булеварот „Христијан Тодоровски-Карпош“.„Кога гледав како овој простор со д

Скопје | пред 1 месец

media-libraryua37fg63rne7dUA7ukv

Буџетот за универзитетите скокна на 8 милијарди денари, најавени нови реформи во високото образование

Македонското високо образование со години не ги дава посакуваните резултати, а токму затоа се започнати суштински и системски реформи насочени кон подобрување на квалитетот на наставата, науката и условите за работа на академскиот кадар, порача министерката за образование и наука Весна Јаневска.Говорејќи на промоцијата на АРБУ – платформата за академско рангирање на балканските истражувачи и универзитети врз основа на цитираност на Google Scholar, иницијатива на проф. д-р Марјан Бојаџиев, Јаневс

Македонија | пред 1 месец

media-library9uenjpmqfc6nbGee8Jd

Иран и САД мораат да излезат од состојбата „ниту војна ни мир“, изјави иранскиот претседател

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан порача дека Техеран и Вашингтон мора да најдат излез од сегашната состојба на долготрајни тензии, оценувајќи дека односите „ниту војна, ниту мир“ повеќе не се одржливи.Како што пренесе полуофицијалната иранска новинска агенција „Мехр“, Пезешкијан истакнал дека е неопходно да се дојде до политичко решение и дека преговорите се единствениот пат напред.„Ако сакаме да излеземе од состојбата ниту војна, ниту мир, што треба да направиме? Ако не разговараме, која

Свет | пред 1 месец

media-library4d95ee1u0sp9cPBwrYS

Mozzart и годинава ја продолжува мисијата „Фудбалот е повеќе од игра“ – Битола добива нов мини-пич терен!

По успешните проекти во Охрид, Велес и Свети Николе, иницијативата на Mozzart „Фудбалот е повеќе од игра“ пристигнува во Битола – град со богата спортска традиција и срце кое чука за фудбалот.Новиот терен ќе го носи името на легендарниот Петар Упалевски – Упале, човек кој со својата страст и посветеност остави трага што инспирира генерации.Свеченото отворање ќе се одржи во петок, 12 јуни 2026 со почеток во 18:00 часот.Локација: Улица Крушевска Република бб – спортски комплекс „Петар Милошевски“О

Магазин | пред 1 месец

media-libraryjvlbknic8t290bcx3Jx

Арбен Фетаи повеќе не е вицепремиер, Собранието ја констатираше оставката

Без присуство на Арбен Фетаи и без објаснување од собраниската говорница, пратениците денеска ја констатираа оставката на досегашниот вицепремиер задолжен за добро владеење.Фетаи претходно преку јавна порака му се заблагодари на премиерот Христијан Мицкоски за можноста да биде дел од владиниот состав.Неговото заминување од функцијата отвори дополнителни прашања во јавноста, откако министерот за здравство Азир Алиу изјави дека Фетаи повеќе од два месеци не доаѓал на работа во Владата.Премиерот Ми

Македонија | пред 1 месец

media-library5et2oii0sg17ej1T3N1

Од мастер-дипломи до свидетелства: Разоткриена криминална група што фалсификувала образовни документи во Србија

Српската полиција разби организирана криминална група осомничена за изработка и продажба на лажни дипломи и други образовни документи, при што се уапсени четири лица, а откриена е и илегална печатница во Белград.Како што соопшти Министерството за внатрешни работи на Србија, припадници на Управата за криминалистичка полиција (УКП) и СБПОК, по налог на Јавното обвинителство за организиран криминал, ги уапсиле Б.Д. (52), кој се смета за организатор на групата и е одговорно лице во средно училиште в

Балкан | пред 1 месец

media-librarye7p0khsuiuig776toSZ

Рашфорд сака да остане, но Барселона ја затвора касата

Маркус Рашфорд, според актуелната ситуација, ќе се врати во Манчестер Јунајтед, откако Барселона одлучи да не ја активира откупната клаузула од 30 милиони евра. Како што пренесува познатиот трансфер-инсајдер Фабрицио Романо, рокот за активирање на клаузулата истекува за пет дена.Сепак, тоа не значи дека англискиот репрезентативец дефинитивно ќе ја заврши својата епизода на „Камп Ноу“. Барселона и натаму е заинтересирана за неговите услуги и е подготвена да бара алтернативно решение со Манчестер

Спорт | пред 1 месец

gmail

Скриен Gmail трик што малкумина го знаат: Добијте „бесконечен“ број е-пошти без нови профили

Голем број корисници и натаму отвораат нови Gmail сметки за онлајн купување, претплати и регистрации, иако популарниот сервис со години нуди функција што го прави тоа непотребно.Една од помалку познатите карактеристики на Gmail е тоа што системот ги игнорира точките во адресата на е-пошта. Така, адресите „ime.prezime@gmail.com“, „imeprezime@gmail.com“ или „ime.pre.zime@gmail.com“ за Google претставуваат една и иста адреса, а сите пораки пристигнуваат во истото сандаче.Уште покорисна е можноста з

Магазин | пред 1 месец

media-library1reeqs0g6crr3GP6mMN

„Да се стопираат законите за дата-центри, огромна потрошувачка на струја, а мала корист за граѓаните“, вели Мециновиќ

Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, побара од Собранието да ги повлече од дневен ред предложените измени на Законот за градење и Законот за урбанистичко планирање, кои, според него, отвораат простор за изградба на големи дата-центри без доволна транспарентност и јавна дебата.Мециновиќ оцени дека јавноста нема доволно информации за проектите, инвеститорите, нивните енергетски потреби и економските ефекти, поради што не треба да се носат законски решенија без претходна анализа и вклучување на гр

Македонија | пред 1 месец

media-libraryvnehc157sqcfcbwwtGL

Велешанец фатен при обид за кражба во црква

Четириесет и тригодишен жител на велешкото село Бузалково, со живеалиште во Скопје, е лишен од слобода откако бил затекнат при обид да изврши кражба во црква кај местото викано „Ветерско“, информираат од Министерството за внатрешни работи.Инцидентот се случил ноќеска околу 2:30 часот, кога полициски службеници од СВР Велес, во близина на наплатната станица Сопот на автопатот Скопје – Велес, го забележале Д.М. (43) како излегува од патничко возило „Фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки

Македонија | пред 1 месец

media-library5cebgbhuv8sm8OY6uWB

Пожар на танкер кај брегот на Оман: Двајца членови на екипажот исчезнаа

Двајца членови на екипажот се водат како исчезнати откако избувнал пожар на танкер што пловел во близина на брегот на Оман, соопшти британската организација за следење на поморскиот сообраќај „United Kingdom Maritime Trade Operations“ (UKMTO).Според информациите, пожарот избувнал во машинскиот оддел на танкерот, кој во моментот на инцидентот се наоѓал на околу 37 километри североисточно од оманскиот град Сохар.Од UKMTO потврдија дека во несреќата има најмалку една жртва, но засега не се објавени

Свет | пред 1 месец

media-library94hdlk6ggfl55g778Jx

Инфлацијата е под контрола, резервите се повисоки: Славески со порака од Кина

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, од Шангај порача дека зачувувањето на ценовната стабилност останува најважниот предуслов за одржлив економски раст, особено во време на засилена глобална неизвесност и геополитички турбуленции.Славески учествуваше на панел-дискусијата „Трасирање на идниот развој“, во рамките на меѓународниот симпозиум „Навигација низ светската финансиска неизвесност – развој на финансиските пазари, инвестициските стратегии и меѓународниот монетарен систем“, организ

Македонија | пред 1 месец

media-librarylbl1e1uu2fr72e5ztJJ

Во ек на бракоразводна постапка: 48-годишник осомничен за закани и прогонување на сопругата

Триесет и осумгодишна жена од Република Албанија, со привремен престој во Тетово, пријавила во полиција дека со месеци била изложена на закани и вознемирување од нејзиниот сопруг, со кого е во бракоразводна постапка.Како што информира СВР Тетово, на 9 јуни во 17 часот жената пријавила дека нејзиниот сопруг Ј.М. (48) од гостиварско не го почитувал решението на Центарот за социјални работи Тетово во врска со средбите со нивните деца.Според пријавата, тој постојано доаѓал пред нејзиниот стан, ѝ упа

Македонија | пред 1 месец

media-libraryiigjr7it9hgdeh8nska

Мислел дека резервира стан, останал без пари: Тетовец пријавил интернет-измама

Четириесет и седумгодишен жител на Тетово пријавил во полиција дека бил измамен за 20.000 денари, откако наседнал на лажна порака поврзана со наводна резервација на стан во Скопје.Како што информира СВР Тетово, на 9 јуни во 13:30 часот, тетовецот пријавил дека на 6 јуни преку онлајн платформа добил порака во врска со наводна уплата за резервација на стан.Тој го отворил испратениот линк и ги внел податоците од својата платежна картичка, по што од неговата сметка биле повлечени 20.000 денари.Сомне

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања