Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

media-libraryj2dhamtgveaifLZBkUY

ЕУ воведува дополнителна такса за малите пакети од земји надвор од Унијата

Нова дополнителна такса за малите пратки што пристигнуваат од земји надвор од Европската Унија ќе биде воведена во рамките на реформата на царинскиот систем на ЕУ. Советот на ЕУ го усвои предлогот за новиот царински законик, а таксата треба да почне да се применува од 1 ноември.Конечниот износ сè уште не е утврден од Европската комисија. Хрватската занаетчиска комора предупредува дека новата такса ќе се плаќа покрај привремената царинска давачка од три евра за пратки во вредност до 150 евра, кој

Свет | пред 1 месец

media-libraryon4oo2j3m7s353UnYsz

(Видео) Започна операцијата за извлекување на траектот што потона во Јаванското Море, 129 лица сè уште се водат како исчезнати

Тимовите за спасување во Индонезија започнаа операција за извлекување на траектот „Virgo Transport 8“, кој минатиот викенд се преврте и потона во Јаванското Море. По несреќата сè уште се трага по 129 лица.Траектот во неделата рано наутро пловел од Сурабаја кон Бањармасин кога бил зафатен од силно невреме, по што се превртел. Во несреќата досега се потврдени шест жртви, додека 108 лица биле спасени.На петтиот ден од потрагата не се пронајдени нови преживеани ниту тела. Силните морски струи и висо

Свет | пред 1 месец

media-library97rfv1lc4dki4OyPmw7

Продолжува судењето за „Државна лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа

Судењето за случајот „Државна лотарија“ денеска треба да продолжи во Основниот кривичен суд Скопје, откако минатата недела на властите им се предаде првообвинетиот Перпарим Бајрами, поранешен директор на Државна лотарија.Бајрами, по кого беше распишана меѓународна потерница откако ја напушти земјата, на 9 септември сам се предаде на граничниот премин „Блаце“. Потоа беше спроведен во затворот во Скопје, каде што ја издржува претходно определената мерка притвор.Во предметот, покрај Бајрами, обвине

Македонија | пред 1 месец

Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Јаневска молчи пред аргументите на Левица, со тоа потврдува дека бодување за студентските домови повторно немало, спротивно на законот и правилникот

Левица преку соопштение обвинуваат дека Министерството за образование и наука повторно не објавило бодовни ранг-листи за приемот во државните студентски домови, иако тоа е предвидено со Правилникот за начинот на прием на студентите.Од партијата велат дека министерката Весна Јаневска не одговорила на нивните прашања и не ги презентирала ранг-листите со освоените бодови, ниту, како што тврдат, студентите биле лично известени за бодовите што ги добиле.Според Левица, член 13 од Правилникот, донесен

Македонија | пред 1 месец

media-library3s29ef813megbZRs6Gf

„Следниот што ќе го фатиме како фрла ѓубре во река – да го фрлиме и него во реката“: Димитров побара казна од 1.000 евра за фрлање отпад во река

Поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров реагираше на случајот со жената која беше снимена како фрла отпад во реката Лепенец, предлагајќи построги казни за ваквото однесување.Димитров преку објава на „Фејсбук“ посочи дека казната за намерно фрлање отпад во река е прениска и предложи законски измени со кои би се вовела минимална глоба од 1.000 евра, заедно со задолжителна општокорисна работа.„Првиот инстинкт кога ја видов снимкава ми беше да предложам еден нов граѓански договор:

Македонија | пред 1 месец

media-libraryc2181cn5tifo2MkVzla

Сериски убиец уапсен во Бразил, на полицијата ѝ рекол дека убил околу 80 луѓе

Полицијата во бразилската сојузна држава Параиба проверува дали 33-годишниот Жорлан Лопез да Силва може да биде поврзан со поголем број нерешени убиства, откако тој за време на испрашувањето тврдел дека во својот живот убил околу 80 луѓе.Неговото тврдење засега не е официјално потврдено. Според досегашните сознанија, истражителите го поврзуваат со 16 убиства извршени во период од околу три месеци во долината Мамангуапа, објави бразилскиот медиум „Глобо“.Полицијата сега повторно ќе ги разгледува

Свет | пред 1 месец

media-libraryfqak0nlofmne1XbCJ8g

Пожарот кај Белица и понатаму под контрола

До 7:30 часот утрово во Македонија се регистрирани 13 пожари на отворен простор, од кои 12 се целосно изгаснати, а еден е ставен под контрола, информира Центарот за управување со кризи.Активни пожари во моментов нема.Пожарот што е под контрола е во подрачјето на селото Белица, на местото викано Кајорец, во Општина Македонски Брод, со ширење кон Јасен, во Општина Сопиште. Зафатени се нискостеблеста и мешана шума.Во текот на изминатото деноноќие се интервенирало и на пожари во Босилово, Богданци,

Македонија | пред 1 месец

57198750_1221860291320745_1441311623477198848_o

Дел од Долно Соње денеска без струја до 12 часот

Без електрична енергија денеска, 18 септември, ќе остане дел од Долно Соње во Општина Сопиште.Од ЕВН Македонија АД известуваат дека прекинот во снабдувањето со електрична енергија ќе трае од 09:00 до 12:00 часот.Жителите од овој дел на Долно Соње се известуваат навреме да ги приспособат своите активности поради најавениот прекин.

Скопје | пред 1 месец

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-36-4590PM

Сончево време и температури до 32 степени, во Скопје до 31

Денес ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.Минималната температура ќе се движи од 8 до 16 степени, а максималната ќе достигне 26 до 32 степени.Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност и слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13 степени, а максималната ќе достигне 31 степен.

Македонија | пред 1 месец

Screenshot-2023-09-28-at-23.48.32

Вучиќ со порака до противниците: „Ќе ги победиме“

Српскиот претседател Александар Вучиќ, зборувајќи за своите политички противници, рече дека не е тешко да се предвидат нивните потези, иако, како што наведе, понекогаш е тешко да им се спротивстави.Вучиќ рече дека сака да игра шах, а потоа ја поврза играта со политиката.„Сакам да играм шах. Што се однесува до политиката, не е тешко да ги прочитате. Понекогаш е тешко да им се спротивставите, кога талогот и калта ќе испливаат на површина и кога ве притискаат ветрови од сите страни. Но, сите заедно

Балкан | пред 1 месец

media-librarysvffc27oj6didpTXe7P

САД наскоро ќе отворат воена база во Полска, најави Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека САД наскоро ќе отворат воена база во Полска, при што ја пофали соработката со полскиот претседател Карол Навроцки.„Одлични вести! Благодарение на храброто лидерство на мојот пријател, полскиот претседател Карол Навроцки, постигнат е голем напредок кон воспоставување база на американската војска во Полска“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.Објавата набрзо ја сподели и Белата куќа на својот официјален профил на мрежата X.Најава

Свет | пред 1 месец

media-librarym0fvp661vdi36FPIubi

Хуманитарна катастрофа во Украина: Илјадници луѓе заробени без струја, вода и храна

Во окупираниот украински град Олешки и натаму живеат меѓу 1.500 и 4.000 жители, кои со месеци се отсечени од светот и се соочуваат со недостиг од струја, вода, лекови и редовно снабдување со храна, објавуваат „Билд“ и „Дојче веле“.Пред почетокот на војната во градот живееле околу 24.000 луѓе, а денес преостанатото население, според украински извори, се наоѓа во исклучително тешки услови. Приближувањето на зимата дополнително ја влошува хуманитарната состојба.Олешки се наоѓа јужно од реката Днепа

Свет | пред 1 месец

media-libraryujd54c325i5447Pt9Vc

Филипче: Делегацијата на Мицкоски во САД е составена од четворицата јавачи на апокалипсата за Македонија

Делегацијата на Мицкоски која престојува во САД е составена од четворицата јавачи на апокалипсата за Македонија, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во гостувањето во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.„Тие четворица луѓе кои се во делегацијата се јавачите на апокалипсата за Македонија. Да не се чудат ако таму добијат црвен картон. Тие носат само лошо – поради нив нема развој, поради нив цвета корупцијата и поради нив Македонија е слепо црево на Европа“, рече Филипче.Тој ис

Македонија | пред 1 месец

media-libraryc30rbhp93cghdx2og3q

Филипче: Целиот проблем со откупот на грозјето ќе беше решен со 5,5 милиони евра

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во емисијата „Само интервју“, на телевизија Канал 5, нагласи дека власта потроши 5,5 милиони евра за Дејвид Гета, во услови кога лозарите се соочуваат со сериозни проблеми со откупот на грозјето. Филипче посочи дека целиот проблем со откупот на грозјето ќе беше решен со само 5,5 милиони евра, но Владата не презема мерки за да им помогне на лозарите додека грозјето скапува по лозјата.„Зошто не се потрошија 5,5 милиони евра за земјоделците? Целиот проблем

Македонија | пред 1 месец

media-library2hls6ku0e4p302eiScx

Филипче: Од нула денари до 5 милиони евра, Мицкоски ги лаже граѓаните во очи

Мицкоски ги лаже граѓаните во очи, дојде на власт со лаги и продолжува да владее со лаги, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во вечерашното гостување во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.„Мицкоски кажа дека граѓаните за прославата не потрошиле ниту денар. Веќе следниот ден, кога ги извадивме документите, стана јасно дека била донесена одлука да се потрошат 5,5 милиони евра народни пари, на нетранспарентен начин и со прекршување на Законот за јавни набавки“, рече Филипче.Тој

Македонија | пред 1 месец

media-libraryp9eoph49phn89e0khXm

Националниот парк „Маврово“ со засилени контроли против бесправниот риболов

Незаконски поставени риболовни мрежи се пронајдени и отстранети од Мавровското Езеро при редовна контрола спроведена од овластени лица на Националниот парк „Маврово“.За случајот е известена Полициската станица во Маврови Анови, а во координација со надлежните институции се преземаат мерки за утврдување на околностите и одговорноста.Од Националниот парк најавуваат дека контролите на езерото ќе продолжат со цел заштита на рибниот фонд и спречување на незаконското користење на природните ресурси.Гр

Македонија | пред 1 месец

media-libraryfks7h4n1qdgr9OUIsE5

Дуа Липа јавно застана зад Хашим Тачи по пресудата од Хаг

Дуа Липа јавно реагираше по првостепената пресуда против поранешните водачи на ОВК во Хаг, споделувајќи на социјалните мрежи амблем на ОВК со пораката „Liria ka emër“, односно „Слободата има име“. Нејзината објава следува по пресудата со која Хашим Тачи и уште тројца поранешни припадници на ОВК беа прогласени за виновни за воени злосторства.Пејачката потоа споделила и објава од својот татко, Дукаѓин Липа, во која се зборува за ОВК и борбата за слобода и независност на Косово. Во пораката се наве

Свет | пред 1 месец

media-libraryrm286518aq0h6iGDt9d

Мицкоски: Македонија има сериозни слабости во сајбер-безбедноста, ќе градиме нов центар за податоци

Македонија планира изградба на нов примарен центар за податоци со кој треба значително да се зајакне сајбер-безбедноста и отпорноста на јавните институции. Премиерот Христијан Мицкоски признава дека сегашната дигитална инфраструктура има сериозни слабости поради наследениот систем.„Нашата архитектура не е многу погодна. Тоа е товар и наследство од минатото“, изјави Мицкоски.Тој посочи дека државата има секундарен, односно резервен центар за податоци, но нема примарен центар што би ги опфатил сит

Македонија | пред 1 месец

media-library4d6nt33u1es1aBs3ZJ2

Трамп: „Извлекуваме милиони и милиони барели нафта од Венецуела“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД од Венецуела преземаат милиони барели нафта, опишувајќи ги односите меѓу Вашингтон и Каракас како „извонредни“.„Извлекуваме милиони и милиони барели нафта. Кога велат: „На победникот му припаѓа пленот“, ова е еден од најголемите такви примери што некој некогаш ги видел во историјата“, изјави Трамп за време на посетата на Северна Каролина.Тој нагласи дека американски нафтени компании работат во Венецуела и дека Вашингтон тесно соработува со т

Свет | пред 1 месец

media-library34jhrpvue0rl1pkUm1c

Трамп се закани со високи царини по предлогот Канада да стане придружена членка на ЕУ

Предлогот Канада да добие статус на прва „придружена членка“ на Европската Унија предизвика остра реакција од американскиот претседател Доналд Трамп, додека Европската комисија се обидува да ги смири тензиите и уверува дека продлабочувањето на соработката со Отава не е насочено против никого.Трамп предупреди дека САД би можеле да воведат „многу високи царини“ доколку предлогот биде реализиран, а идејата ја опиша како „смешна“. Тој рече дека, доколку процени дека станува збор за непријателски пот

Свет | пред 1 месец

media-libraryc4mkpcsuh8pr0ErJgZD

Трета жртва на маларија во Франкфурт, првите две жртви работеле на аеродромот

Маларијата однесе уште една жртва во Франкфурт, со што бројот на починати во исклучително реткото појавување на оваа тропска болест се искачи на три. Последниот починат бил жител на населбата Шванхајм, која се наоѓа во близина на аеродромот во Франкфурт, потврдија германските власти, објави „Ројтерс“.Градските власти на 27 август соопштија дека двајца вработени на аеродромот починале од маларија, додека четворица други заразени се опоравиле. Најновата жртва е еден од двајцата жители на Шванхајм

Свет | пред 1 месец

media-libraryde05e4lns0qh932u1Ph

Пронајдено телото на последниот исчезнат планинар по смртоносните поплави во Гранд Кањон

Телото на последниот исчезнат планинар по смртоносните поплави во Националниот парк Гранд Кањон е пронајдено, со што бројот на загинати во несреќата се искачи на три. Остатоците на 53-годишниот Тимоти Ален Смит биле пронајдени во понеделникот во близина на брзаците Кристал на реката Колорадо, објави АП.Смит, пилот од Стар Вели во Вајоминг, бил на повеќедневна планинарска тура со двајца пријатели кога поплавата го погодила подрачјето Фантом Ранч, во внатрешноста на кањонот. Претходно биле пронајд

Свет | пред 1 месец

media-librarybveecf2m249f6r9ApXP

Русија го затвори германскиот конзулат во Санкт Петербург, дипломатите мора да ја напуштат земјата

Германија остана без својот Генерален конзулат во Санкт Петербург, откако руското Министерство за надворешни работи донесе одлука за негово затворање. Потегот, според руските информации, е одговор на, како што се наведува, непријателските дејствија на Берлин.Од зградата на конзулатот се отстранети германското знаме и знамето на Европската Унија, како и плочата со натписот на дипломатското претставништво.Германските дипломати добиле рок до 18 септември да ја напуштат Русија, објави „Спутник“.

Свет | пред 1 месец

media-library06n17o41rd039MbAVnX

Светската економија под нов притисок: Нафтата повторно се приближува до 110 долари

Светската економија досега успева да ги издржи последиците од најголемото нарушување на глобалните енергетски текови, но просторот за нови удари сè повеќе се намалува. Цените на нафтата повторно се приближуваат до 110 долари за барел, додека растот на цените на енергијата веќе предизвикува ограничувања на потрошувачката, прекини на електричната енергија и протести во повеќе делови од светот.Според „Њујорк тајмс“, во последните денови дополнителен притисок врз енергетскиот пазар создадоа затворањ

Свет | пред 1 месец

Screenshot-2025-07-01-at-15.56.09

Кос до Македонија: Исполнете го ветувањето и внесете ги Бугарите во Уставот

Уставните измени остануваат услов за продолжување на евроинтегративниот процес на Македонија, порача еврокомесарката за проширување Марта Кос во изјава за Бугарската национална телевизија.Кос истовремено упати порака до бугарската влада дека, откако Македонија ќе ги спроведе уставните измени, очекува Софија да даде поддршка за продолжување на европскиот пат на земјата.„Владата на Македонија мора да го исполни своето ветување. Таа треба да го измени својот Устав, што беше договорено меѓу Македони

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања