Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

media-libraryief9kqn5744o2qY0VQy

Пожар избувна во куќа во Волково

Пожар избувнал во куќа во скопското село Волково, при што нема повредени лица, информира Министерството за внатрешни работи.Случајот бил пријавен на 5 септември во 21:30 часот во СВР Скопје. Пожарот избувнал во куќа сопственост на Т. П., а бил изгаснат од екипи на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.На местото бил извршен увид, а надлежните преземаат активности за утврдување на причините и околностите под кои избувнал пожарот.

Македонија | пред 2 месеци

media-library7hkmceqshsu507HQJ3p

Маж ја нападнал сопругата со тврд предмет, ѝ го оштетил телефонот и ѝ се заканувал

Четириесет и осумгодишна скопјанка пријавила дека била физички нападната и упатувани ѝ биле закани од страна на нејзиниот сопруг во семејниот дом, информира Министерството за внатрешни работи.Случајот бил пријавен на 6 септември во 01:00 часот во СВР Скопје. Според пријавата, жената била нападната со тврд предмет, а сопругот ѝ го оштетил и мобилниот телефон.Дополнително, според пријавеното, тој ѝ се заканувал со остар предмет.Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување и целосно д

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryt3em8iremk9a7hu5swm

Му побарал пари за лекување на дете и за долг за вода: 70-годишник измамен за 720.000 денари

Седумдесетгодишен скопјанец пријавил дека бил измамен за 720.000 денари откако лице му побарало пари под изговор дека му се потребни за лекување на неговиот син во странство, информира Министерството за внатрешни работи.Случајот бил пријавен на 5 септември во 18 часот во СВР Скопје. Според пријавеното, во периодот од 18 јануари до крајот на февруари 2026 година, лицето А. „Н“ во повеќе наврати побарало пари од 70-годишникот.Како што е наведено во пријавата, парите најпрво биле побарани со образл

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryuui5mm42cv9qao0aJTk

Залутано зрно од огнено оружје рани 71-годишник пред трговски центар во Сарај

Седумдесет и едногодишен жител на Кондово бил повреден од залутано зрно од огнено оружје додека се движел кон своето возило во близина на трговски центар во Општина Сарај, информира Министерството за внатрешни работи.Случајот бил пријавен на 5 септември во 13:43 часот во СВР Скопје, откако од Градската општа болница „8 Септември“ било известено дека кај нив е донесен Х. Р. (71) со повреда од огнено оружје.Според пријавеното, мажот се движел кон својот паркиран автомобил пред трговски центар кога

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryq5u4hu2k7ibf5WxP36M

20-годишник ја нападнал поранешната партнерка, ѝ се заканувал и ѝ зел пари

Дваесетгодишен скопјанец бил повикан на службен разговор во Полициската станица Ѓорче Петров по пријава од неговата поранешна партнерка дека физички ја нападнал, ѝ се заканувал и ѝ одзел пари, информира Министерството за внатрешни работи.На 5 септември во 17:30 часот бил извршен службен разговор со М. А. С. (20) од Скопје. Според пријавата, околу 04:00 часот истиот ден тој влегол во домот на неговата 19-годишна поранешна партнерка во Ѓорче Петров, каде што физички ја нападнал, ѝ упатил закани и

Македонија | пред 2 месеци

media-librarydg5sslf42ormbF8tUC3

Малолетник ги нападнал родителите и искршил дел од покуќнината во Гази Баба

Жена од Скопје пријавила дека таа и нејзиниот поранешен сопруг биле физички нападнати од нивниот малолетен син во семејниот дом во општина Гази Баба, информира Министерството за внатрешни работи.Случајот бил пријавен на 5 септември во 09:00 часот во СВР Скопје. Според пријавата, малолетникот, кој има здравствени проблеми, физички ги нападнал двајцата родители, а притоа искршил и дел од покуќнината.Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryorktp04mm5pfaSABHoY

Залутано зрно оштетило „голф“ во двор на куќа во Арачиново

Ветробранското стакло на паркиран автомобил „голф“ било оштетено од залутано зрно од огнено оружје во дворот на куќа во Арачиново, информира Министерството за внатрешни работи.Случајот бил пријавен на 5 септември во 11:45 часот во СВР Скопје од 49-годишен жител на Арачиново. Според пријавата, возилото било паркирано во дворот на неговата куќа кога било оштетено ветробранското стакло.На местото бил извршен увид од увидна екипа на СВР Скопје, а полицијата презема мерки за расчистување на случајот

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryd9mdaq1ot08b2VrEAPc

Фински државјанин пријавил дека му било оштетено возилото, пронајдени две зрна од огнено оружје

Фински државјанин пријавил дека му било оштетено возилото додека било паркирано на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, при што биле пронајдени и две зрна од огнено оружје, информира Министерството за внатрешни работи.На 5 септември во 19:33 часот во СВР Скопје, 30-годишниот А. М. од Финска пријавил дека околу 19:10 часот му било оштетено ветробранското стакло на неговиот автомобил „мерцедес“ со фински национални ознаки.Според пријавата, тој во внатрешноста на возилото пронашол едно зрно од огнено

Македонија | пред 2 месеци

media-librarysg8c8o6i5fqmciQu9mr

Маж ја нападнал сопругата со стаклен предмет

Четириесет и седумгодишен жител на гостиварско село е лишен од слобода по пријава дека физички ја нападнал својата сопруга, информира Министерството за внатрешни работи.На 6 септември полициски службеници од Полициското одделение Галате го привеле Х. А. (47), постапувајќи по пријава поднесена од неговата 49-годишна сопруга.Според пријавата, нападот се случил на 5 септември околу 22:30 часот во семејниот дом. Жената пријавила дека сопругот физички ја нападнал и ја удрил со стаклен предмет.Од МВР

Македонија | пред 2 месеци

media-library3i20nhhgf8a46Z9a23V

Скопјанец приведен во Галичник: Кај него пронајдени марихуана, бела прашкаста материја и халуциногени печурки

Четириесет и седумгодишен скопјанец е лишен од слобода во Галичник откако при полициски преглед кај него биле пронајдени повеќе видови материи, информира Министерството за внатрешни работи.На 5 септември во 19 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го привеле Д. Е. (47) од Скопје на паркинг-простор во село Галичник.При прегледот кај него биле пронајдени и одземени марихуана, шест пакувања со бела прашкаста материја и едно пакување со халуциногени печурки.Лицето било задржано во полициска ст

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryaghfv2svf1fi7Ja0A1g

Уапсен 55-годишниот маж која ја силувал вонбрачната партнерка

Педесет и петгодишен жител на Гостивар е лишен од слобода по пријава за физички и сексуален напад врз неговата вонбрачна партнерка, информира Министерството за внатрешни работи.На 5 септември во 07:30 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го привеле А. С. (55) од Гостивар, постапувајќи по пријава поднесена претходниот ден од 40-годишна жена.Според пријавата, нападот се случил во нејзиниот стан во ноќта меѓу 1 и 2 септември. Жената пријавила дека нејзиниот вонбрачен сопруг физички ја нападн

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryp3bghas3id1m27JjmVF

Тешко повреден 69-годишен пешак откако бил удрен од автомобил во Струмица

Шеесет и деветгодишен пешак е тешко повреден откако бил удрен од патничко возило на улицата „Браќа Миладинови“ во Струмица, информира Министерството за внатрешни работи.Несреќата била пријавена на 5 септември во Полициската станица Струмица. Според информациите од МВР, автомобил „шкода“ со струмички регистарски ознаки, управуван од 74-годишен жител на Струмица, удрил во пешакот Т. К. (69), исто така од Струмица.Пешакот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Медицинскиот цен

Македонија | пред 2 месеци

media-librarync6uhlmt48k6b0ulE5B

Семејно насилство во Штип: 24-годишна жена повредена, приведен нејзиниот сопруг

Дваесет и тригодишен штипјанец е лишен од слобода по пријава за семејно насилство врз неговата сопруга, при што таа се здобила со повреди, информира Министерството за внатрешни работи.На 6 септември во 07:40 часот, полициски службеници од СВР Штип го привеле О. Р. (23) од Штип, по претходно пријавен случај на семејно насилство врз неговата 24-годишна сопруга.Според пријавата, жената се здобила со повреди, кои биле констатирани во Клиничката болница во Штип.За случајот бил известен јавен обвините

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryet16s6jn6mqrdKXXpd4

Жена била нападната од синот и снаата

Четириесет и осумгодишна жена од Куманово пријавила дека била физички нападната во својот дом од синот и снаата, информира Министерството за внатрешни работи.Случајот бил пријавен на 5 септември во 14:20 часот во СВР Куманово. Според пријавата, нападот се случил околу 12 часот во семејната куќа во Куманово, каде што жената, како што навела, била физички нападната од нејзиниот 26-годишен син М. Џ. и неговата сопруга Б. Р., двајцата од Куманово.Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryc05j9ok1bkh9c2brs1N

Ја нападнал сопругата и ѝ се заканувал со остар предмет: Приведен кавадарчанец

Четириесетгодишен кавадарчанец е лишен од слобода по пријава дека физички ја нападнал својата сопруга и ѝ се заканувал со остар предмет, информира Министерството за внатрешни работи.На 5 септември во 14 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го привеле Ј. Ф. (40), постапувајќи по претходно пријавен случај на семејно насилство. Според пријавата, тој физички ја нападнал својата 33-годишна сопруга, со која биле во бракоразводна постапка, а потоа ѝ се заканувал со остар предмет.Осомничениот би

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygthq9c7omc304jnbUrj

Пронајдена марихуана кај две лица во угостителски објект во Охрид

Две лица се приведени во Охрид откако кај нив била пронајдена марихуана, информира Министерството за внатрешни работи.На 6 септември во 02:35 часот, во СВР Охрид биле приведени 31-годишниот А. Ф. од струшкото село Велешта и 30-годишниот германски државјанин Ј. Н.Лицата биле контролирани во угостителски објект на улицата „Партизанска“ во Охрид, при што кај нив била пронајдена марихуана.Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот против двајцата ќе биде поднесена соодветна прија

Македонија | пред 2 месеци

media-library1lvdvc5b1dijdKUHYRS

Тешко повреден 65-годишен мотоциклист во сообраќајка во Кичево

Шеесет и петгодишен мотоциклист од Кичево е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила вчера на улицата „Маршал Тито“ во Кичево.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена во 11:40 часот, а во неа учествувале патничко возило „голф“, управувано од 34-годишна жена од Кичево, и мотоцикл „томос“, кој го управувал 65-годишниот мотоциклист, исто така од Кичево.Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во болни

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryj722lahbhm831KAEh2p

18 пожари на отворено до 13 часот, осум и натаму активни

Во Македонија до 13 часот денеска се регистрирани вкупно 18 пожари на отворен простор, од кои осум се активни, пет се под контрола, а пет се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).Активни пожари има во осум општини. Во Општина Ѓорче Петров гори во реонот на Грачани и Никитане, а пожарот е активен и на територијата на Косово, каде што зафатил шума.Пожар има и кај Рамно, во Општина Чучер-Сандево, каде што гори мешана шума. Во Петровец е активен пожар на улица „1“, каде

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryr88sks3c24s69TTcxIA

(Фото) Тапанарот на „ДНК“ Ѓорѓи Ѓоргиев – Џоко, кој загина во пожарот во „Пулс“, ќе живее во спомените: На неговиот роденден поставена биста во Струмица

Со марш на сеќавањето и откривање спомен-обележје, Струмица вечерва му оддаде почит на младиот музичар Ѓорѓи Ѓоргиев – Џоко, кој на 25-годишна возраст го загуби животот во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.На неговиот роденден, во големиот градски парк беше откриено спомен-обележјето посветено на Џоко, но и на сите 64 жртви од трагедијата. Настанот започна со марш на сеќавањето по булеварот „Гоце Делчев“, од каде што присутните продолжија до градскиот парк.Пред семејството на Џоко

Македонија | пред 2 месеци

media-library8ud7rds13skn3MIu41z

Тајна американска операција во Ормускиот Теснец: Нуркачи и подводни дронови ги уништувале мините

САД во изминатите четири месеци во тајност спроведувале операција за отстранување морски мини од Ормускиот Теснец, во обид да се овозможи продолжување на поморскиот сообраќај низ оваа стратешки важна морска рута, објави „Фајненшел тајмс“.Операцијата, која главно се изведувала во текот на ноќта, вклучувала нуркачи на американската морнарица, роботизирани пловила и специјализирана подводна опрема. Според извори запознаени со операцијата, таа започнала по нападите на САД и Израел врз Иран во февруа

Свет | пред 2 месеци

media-libraryduam10o707f3dErKpwH

(Видео) Хеликоптерот кој гасеше пожар го „избања“ Ангелов додека даваше изјава: „Во моментов активни се шест пожари“

Опасноста од пожари на отворен простор и натаму е висока, а во текот на вчерашниот ден биле регистрирани повеќе од 30 пожари, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов.Тој посочи дека најголем дел од пожарите биле ставени под контрола и изгаснати благодарение на брзата реакција на локалните пожарникари и останатите служби кои учествуваат во гаснењето.Во моментов активни се шест пожари, од кои неколку се посложени за гаснење. Меѓу нив е пожарот кај Рамно,

Македонија | пред 2 месеци

media-library47o2qshiqcsnbx9ocpk

ДУИ: Поскапува меѓуградскиот транспорт, директно се погодени студентите и граѓаните

Демократската унија за интеграција (ДУИ) преку соопштение реагира на зголемувањето на цените на меѓуградскиот превоз, оценувајќи дека со тоа најмногу се погодени студентите и вработените кои секојдневно патуваат меѓу градовите.Од ДУИ посочуваат дека билетот од Тетово до Скопје, кој досега чинел 200 денари, сега е 250 денари, што според партијата претставува зголемување од 25 проценти по патување.Според нивните податоци, месечните трошоци за превоз на лицата кои секојдневно патуваат се зголемиле

Македонија | пред 2 месеци

media-library752h05roicf34cJytLV

„Законите важат за сите, без оглед на работната позиција“, велат од Владата за случајот со возачот на Јанушев кој барал 1.500 евра за да „среди“ вработување како пожарникар

Владата на Република Македонија преку соопштение се огласи по случајот со Димитар Цингаровски, вработен во Службата за општи и заеднички работи на Владата (СОЗР), кој бил ангажиран како возач за потребите на Генералниот секретаријат на Владата. Цингаровски е осомничен дека побарал 1.500 евра од граѓанин за да посредува за негово вработување во Противпожарната бригада на Град Скопје.Од Владата информираат дека на 4 септември Цингаровски бил затекнат при примопредавање на 500 евра, како дел од поб

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryl8m0jm6ovr1s5cSMWRJ

(Видео) „Еве што се случува од несобрани дрва и гранки и пикавец“, пожар снимен во Аеродром

Видео и фотографија од пожар во Општина Аеродром беа објавени во групата „Општина Аеродром – Пријави проблем“. На снимките се гледа како горат сува трева и гранки.Граѓанинот кој ја објавил снимката укажува дека несобраните гранки и сувата трева може да претставуваат дополнителен ризик од ширење на пожар, особено во период со високи температури.„Еве што се случува од несобрани дрва и гранки и пикавец“, напишал тој во објавата.

Скопје | пред 2 месеци

media-libraryq8n9i3s37q0qenjM5E6

(Видео) Се расчистува Градски парк, вработени во „Паркови и зеленило“ и натаму интервенираат поради паднатите дрвја

Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ и натаму се на терен во Градскиот парк, каде се расчистуваат паднатите дрвја и се отстрануваат последиците од невремето.

Скопје | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања